Најексклузивните хотели во светот нудат и најдобра услуга. Тие може да ви резервираат маса во најбараните ресторани во градот, да ви подготват идеален план за обиколка низ градот, па дури и да запомнат какво кафе пиете.rnrnКако што може да претпоставите, вработените во ваквите хотели со текот на годините добиваат и голем број необични барања од нивните ВИП гости, а подолу се само некои од најинтересните.rnrn
rn
Виетнамско запросување
rnЕден од гостите планирал да ѝ предложи брак на својата девојка на необичен начин. Тој побарал од еден вработен во хотелот, во кој бил сместен, да отиде во Централ Парк со голем знак на кој пишувало: „Дали сакаш да се омажиш за мене?“ Гостинот резервирал прекрасен апартман со поглед на Централ Парк и договорил да се инсталира телескоп во просторијата. Хотелот организирал сè беспрекорно, па дури имало и девојче кое расфрлало ливчиња од рози низ целата патека, а телескопот покажувал точно на местото во паркот каде што хотелскиот работник застанал со пораката. Кога девојката погледнала низ телескопот и го видела знакот, се свртела, а нејзиното момче се појавило зад неа. Се разбира, дека прифатила да се омажи за него.rn
Џејмс Бонд смокинг
rnЕден од гостите во еден хотел се женел и побарал од вработените да му донесат смокинг. Сепак, тој не сакал каков било смокинг, туку оној истиот што го носел Даниел Крег во неговиот последен филм за Џејмс Бонд (смокингот во кој има и внатрешен џеб за пиштол). Бидејќи една италијанската модна куќа го креирала смокингот исклучиво за тој филм, требало да се направат бројни разговори со главниот италијански менаџер од модната куќа за да се стигне до него. За работите да бидат полоши, било месец август и целиот тим кој работел во компанијата бил на одмор. Сепак, барањето било навистина исполнето од модната куќа, која успеала да го собере целиот тим, да направи идентичен смокинг и да го достави до хотелот точно на време за свадбата.rnrn
rn
Лов на паричник
rnВо една прилика, некоја гостинка влетала панично во хотелот, платила за соба на рецепцијата и му се обратила директно на еден од вработените со надеж дека ќе може да ѝ помогне. Проблем? Таа го заборавила својот паричник во женски тоалет покрај автопатот кој водел до Њу Џерси, но воопшто не била сигурна во кој. За еден час, сите тоалети долж автопатот биле контактирани од хотелот и паричникот бил пронајден, но обезбедувањето се погрижило и за неговото преземање. Вработените од хотелот дури ѝ обезбедиле и превоз на гостинката до точната локација каде пресреќната дама си го земала паричникот, целосно недопрен.rn
Снешко Белчо – изненадување
rnЕдни гости од Калифорнија допатувале во Њујорк со своите деца кои никогаш не виделе снег. За време на нивниот престој, почнало да врне. Меѓутоа, бидејќи во тоа време биле на шопинг, побарале од вработен во хотелот, во кој биле сместени, да собере снег на терасата од хотелската соба за децата да си поиграат со него. Кога семејството се вратило во нивната соба, било пречекано од вистински, голем Снешко Белчо со капа за бејзбол.rnrn
rn
Купување кошула во зори
rnЕден ВИП гостин требало да пристигне во Њујорк со лет во зори, но имал многу малку време пред да замине директно од аеродромот на многу важен деловен состанок каде требало да го склучи најважниот договор во кариерата. Меѓутоа, како што авионот слетал, гостинот си истурил кафе и целосно ја уништил својата кошула. Немајќи време да застане никаде, неговиот помошник се јавил во хотелот, каде што требало да се сместат, за помош. Од хотелот, контактирале со директорот на блиската продавница, кој бил толку љубезен, па ја отворил продавницата еден час порано за хотелскиот персонал да може да купи нова кошула за гостинот. Вработен од хотелот потоа ја однел кошулата до местото на состанокот и чекал да пристигне гостинот за да му ја достави кошулата пред тој да започне.rnrnМожеби сакате са прочитате и за осумте најлуди нешта кои авионските патници ги направиле за да ја измамат контролата.

rnrn
rnrnАко сте уморни од постојаното ѕвонење на вашиот телефон и сите електронски направи што ви го одвлекуваат вниманието, упатете се во Подземните сребрени соби. Овој хотел е сместен 155 метри под земјата во историски рудник за сребро во Шведска. Па, овде не стигнува никаков телефонски сигнал. Додека минувате низ темните и тесни тунели за да стигнете до вашата соба, ќе почувствувате како било да се работи овде. Не заборавајте да понесете и топла облека. Иако собите се затоплени, во ходниците температурите се навистина ниски.rn
rnrn
rnrnДоколку сакате одлични фотографии за на Инстаграм или едноставно уживате да бидете во природа, ова е место што не треба да го испуштите. Базенот е навистина неверојатен, па не треба да ве чуди зошто е еден од најфотографираните. Густата дождовна шума и неверојатната тропска клима го прават ова место совршено за секој љубител на природата.rn
rnrn
rnrnКога ќе ги видите овие куќи ќе останете без зборови. Доколку навистина сакате да се релаксирате и да избегате од реалноста, упатете се овде. Сместен на брегот на реката Роуг, овој хотел е совршено место за опуштање. Реката и нејзиното живописно опкружување го прават местото како да излегло од разгледница.rn
rnrn
rnrnАко сакате да живеете во џунгла, ова одморалиште е само за вас. Со поглед кон познатите планини Питон, синото Карипско Море и опкружено со густа шума, ова место е помагично отколку што можете да замислите. Собите имаат само 3 ѕидови, а четвртиот е отворен и изложен на неверојатната природа. Па, можете да имате многу неочекувани гости од шумата за време на зајдисонцето.rn
rnrn
rnrnВодниот свет има магичен шарм, па секој хотел што ви овозможува да го гледате е посебен. Иако постојат неколку хотели кои ви нудат да ѕирнете во морскиот свет, Бамбу Ида е можеби најдобриот. Дел од собите се сместени над езеро и имаат стаклен под преку кој можете да гледате во водата. Немојте да се грижите, подот нема да се скрши.rnrnДали знаете кои се 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОвој мал хотел е дом на стадо загрозени жирафи кои редовно ја подаваат главата низ прозорците и бараат храна од посетителите.rn
rnrnСместено во национален парк, ова необично одморалиште ќе ви помогне да се исклучите од надворешниот свет и повторно да се поврзете со природата.rn
rnrnКако дел од огромна пловечка структура, една од најдобрите соби на хотелот е сместена под вода. Овде можете да гледате како рибите пливаат надвор од вашиот прозорец.rn
rnrnОвој иновативен хотел има соби во форма на пластични меури. Овде можете буквално да спиете под ѕвездите.rn
rnrnМасивната вила од два ката е лоцирана во природен резерват и им нуди на гостите да отседнат во најголемиот слон на светот. Покрај тоа овде можете да ја истражувате околината и да видите вистински слонови.rn
rnrnПозната и како „Луда куќа“, оваа неверојатна градба е вистинско уметничко дело. Овде ќе се чувствувате како во бајка.rnrnПродолжува на 
rnrnПроучувајќи го јазикот со кој се напишани лажните препораки, експертите откриле како хотелите ги мамат потенцијалните гости. Во лажните препораки најмногу се истакнува дека токму кај нив гостите ќе добијат многу за малку пари. Постојат и други работи на кои треба да внимавате.rnrnАко во препораката се спомнува местото каде што била сместена личноста, а ако притоа често се повторуваат зборови како „ние“ или „јас“, потребно е да бидете внимателни. Покрај тоа ако препораката или коментарот содржи многу зборови како „навистина“ и „многу“ покрај многу извичници, голема е веројатноста дека се работи за лажен коментар.rnrn
rnrnПотребно е да бидете внимателни и ако личноста која го пишувала коментарот јасно нагласува и за некој друг кој ја придружувал на престојот, како сопруг или член од семејството. Покрај тоа, експертите откриле дека во Велика Британија се случувало хотелот да ги поткупи гостите за да остават позитивни коментари на веб-сајтовите.rnrnНаучниците од еден познат американски универзитет, замолиле 400 луѓе да напишат лажни коментари и препораки на разни веб-сајтови за патување. На мета им биле хотелите во Чикаго. Потоа, со помош на алгоритам успеале да откријат кои коментари се вистински и точни, а кои лажни со точност од 90%.rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМногу хотели уште одамна ги заменија клучевите со картички, но некои луѓе сè уште се сомнителни за оваа „нова“ технологија. Една упорна урбана легенда тврди дека овие картички ве ставаат на ризик од крадење на идентитетот, но ова не е вистина. Додека на вашата картичка може да се наоѓаат бројот на кредитната картичка и други лични податоци, хотелите не ги користат на овој начин. Хотелите не го внесуваат ни името на гостинот, не пак други лични податоци.rn
rnrnКога се пријавувате во хотелска соба, очекувате чисти чаршави на креветот. Но што е со покривката? Митот е дека многу хотели не го чистат горниот слој на постелнината помеѓу посетите на собата. Некои хотели добиваат потсетници дека луѓето не сакаат да спијат на валкани кревети, па затоа почнале да оставаат пораки со кои ги известуваат гостите дека целата постелнина е испрана и чиста.rn
rnrnВо септември, 2015 година, едно семејство од Небраска тврдело дека се разболило после престојот во хотелот Омаха. Причината за ова била тоа што нивната машина за кафе била користена за правење метамфетамин. Полицијата била скептична бидејќи шансите некој да прави дрога во толку мал сад се речиси непостоечки. Иако понекогаш хотелските соби се користат со оваа намена, после правењето на дрогата остануваат многу штетни материи. Ако собата не е правилно исчистена, гостите најверојатно ќе имаат проблеми со дишењето или пак, халуцинации.rnrnИако митот за правење дрога е луд, сепак машината за кафе можеби и не е најчистиот сад. Постојат големи шанси дека била само исплакната, а не темелно исчистена од претходните гости во собата. Истото важи и за чашите ако не се ставени во пластични кеси.rn
rnrnИдејата дека хотелските тоалети се преплавени со бактерии е логична, но всушност не е точна. Истражувачи од Универзитетот во Хјустон го мереле нивото на бактерии во 27 хотелски соби и заклучиле дека вратата од тоалетот има најмалку бактерии. Највалканите делови од собата биле далечинскиот управувач за телевизорот и светилките до креветот.rnrnДруго истражување од Универзитетот во Аризона открило дека на далечинските управувачи се наоѓала и бактеријата ешерихија коли. Ова укажува дека на далечинскиот управувач имало фекални материи. Можеби некој бил во тоалетот и не си ги измил рацете.rn
rnrnПристигнувате во хотелот доцна попладне без резервација, и рецепционерот ви кажува дека нема слободни соби. Немојте да мислите дека сте паметни бидејќи ја барате собата која ја чуваат за претседателот или за некој друг важен гостин. Таа не постои (или ако постои, нема да ви ја дадат).rnrnАко имате историја со хотелот, рецепционерот можеби ќе направи напори да ве смести, но помислата дека просечен патник може да го убеди и да ја добие „собата за итни случаи“ е мит.rn
rnrnДали клекнувате на земјата и гледате што има под кревет штом ќе влезете во собата? Некои луѓе сметаат дека треба да го правите токму тоа, и тие не се само параноични. За жал, идејата дека може да има мртво тело под душекот не е плод на сценариото на некој филм. Иако е ретко, се случувало гостите во хотелите незнајно да ја делат собата со некој починат. Во 2010 година, телото на убиена жена било пронајдено под креветот во мотел во Мемфис. Убиството се случило 6 недели порано и собата била изнајмена неколку пати пред откритието. Сличен настан имало и во Северна Каролина во 2013 година.rnrnПогледнете ги и 
rnrnЦелиот остров припаѓа на сопственикот на познатата компанија Ред Бул и се состои од 25 вили. Најдобрите вили имаат панорамски поглед на островот, бесплатни масажи и јавање коњи на плажа. Престојот тука чини 40.000 долари од вечер.rn
rnrnОваа вила зафаќа површина од 840 метри квадратни и има затворен џакузи базен за 12 лица со поглед на познатите улици во Вегас. Престојот во оваа вила чини 35.000 евра од вечер и има приватни тераси, приватен стаклен лифт, соба за вежбање и фитнес, соба за масажа, како и сува сауна и 24-часовна батлерска служба.rn
rnrnПретседателскиот апартман во овој хотел се наоѓа на булеварот „de la Croisette“ и бил отворен во 1929-тата година. Чини 35.000 евра од вечер и се состои од 4 спални соби, 2 соби за одмор и трпезарии, 2 работни соби, 2 сауни и 4 тоалети, сите опремени со посебна када со хидротерапија и турска бања/туш.rn
rnrnОдморалиштето нема листа на цени, но се претпоставува дека една вечер би чинела околу 35.000 евра, што е и стандардната сума за луксузните апартмани во хотелите. Одморалиштето има една затворена вила на јужниот дел од полуостровот која гледа кон мирното Егејско море. Има приватен базен, погоден за сите годишни времиња, 2 големи спални соби со огниште и широка мермерна бања со дополнителна гостинска соба и приватна тераса за сончање, сала за вежбање како и за масажа.rn
rnrnХотелот се наоѓа на островот Сардинија и содржи сѐ што би очекувале од едно медитеранско одморалиште. Претседателскиот апартман има приватен базен, фитнес центар и солариум.rn
rnrnОвој пентхаус чини 35.000 евра од вечер и нуди 9 соби распространети на 400 метри квадратни кои имаат поглед на градот од 360 степени. Ова е највисоката соба во Њујорк и биле потребни 7 години и 46 милиони евра за да се изгради.rn
rnrnИнтересното за ова одморалиште е тоа што содржи повеќе бањи отколку спални соби и најдоброто што може да го понуди е Палатата од која можете да очекувате златни статуетки од лавови покрај базените, приватно пристаниште и сопствен амам. Чини 40.000 евра од вечер.rn
rnrnХотелот ги нуди своите апартмани по цена од 53.000 евра од вечер. Покрај 6-те спални соби, гостите можат да уживаат во библиотека, приватен театар, соба за астрологија и приватна кујнска послуга. Хотелот моментално се реновира и во план е да се вклучат тераси со градини кои ќе се протегаат на 2.200 метри квадратни и тростран бесконечен базен.rn
rnrnОва е најскапиот хотел во светот и својата најскапа соба, односно претседателскиот апартман го нуди по цена од 60.000 евра од вечер. Во него престојувале дел од најбогатите луѓе во светот како што се Бил Гејтс и Мајкл Даглас. Се протега на 1.800 метри квадратни и има 4 големи спални соби, 12 мермерни бањи, соба за вежбање, маса за билјард и еден голем клавир од познатата фирма „Steinway“.rn
rnrnНајскапата соба која чини 130.000 евра од вечер всушност не се наоѓа во хотел, туку во подморница. Понудата доаѓа со целосен бродски екипаж кој ќе ве води низ длабочините на океанот, а ќе можете да уживате и во мирниот сон.
rnrnОвој футуристички хотел, кој е и винарница, е изграден во Елсиего, врз основа на проектот на легендарниот Френк Гери. Зградата ја сочинуваат бројни призматични блокови, кои се чини пловат над земјата, благодарение на нивните лежишта. Комплексот се состои од самиот хотел, неколку ресторани, спа центар, но најважно од сè – нуди „винска терапија“.rn
rnrnОвој хотелски комплекс е изграден во форма на прстен и е сместен на брегот на прекрасното езеро Таиху. Комплексот ги привлекува посетителите со својата грандиозност и станал еден од главните симболи на модерната кинеска архитектура.rn
rnrnКомплексот за одмор и рекреација Какслаутанен е лоциран во Лапoнија, домот на Дедо Мраз, и на гостите им нуди шанса да престојуваат во едно од дваесетте стаклени иглу, секое со транспарентен покрив кој ќе ви овозможи да гледате во прекрасното, ѕвездено небо без да го напуштите комфорот од вашата соба.rn
rnrnЕдна од можностите за сместување во комплексот Ла Манта се пловечките куќи со подводни соби. Палубата на посетителите им овозможува преку ден да се сончаат, а навечер да уживаат во ѕвезденото небо, а огромните прозорци во спалната соба нудат магична панорама од подводниот живот. Ова е вистински рај за нуркачите и тие кои сакаат необични занимливости.rn
rnrnЕден од хотелите на највисоката надморска височина во светот (3.900 метри), Липрус се наоѓа на јужните падини на планината Елбрус. Неговите соби личат на капсули од вселенски брод. Хотелот има соби кои можат да примат 12-18 луѓе, а има и заедничка просторија. Уште една особеност на овој хотел е тоа што целосно функционира на сончева енергија. Тој е одлично место за вљубениците во зимските одмори.rn
rnrnОвој хотел е лоциран во јужниот дел од Ари Атоли и е опкружен со бујни тропски шуми, широки плажи со бела песок и кристално чисти води со корални гребени и богат подводен живот. Главната атракција во овој хотел е подводниот ресторан со стаклен покрив, кој на гостите им овозможува да ги гледаат рибите додека уживаат во својата храна.rn
rnrnХотелот од висечки градини се состои од одвоени традиционални вили од Бали, со приватни тераси и базени во кои можете да пливате и да уживате во прекрасните пејсажи кои ве опкружуваат. Местото е толку мирно и тивко, што никогаш нема да погодите дека се работи за хотел.rn
rnrnКатикиес е мал и шармантен хотел, изграден на карпите од островот Санторини во Егејското море. Посетителите имаат единствена можност да се восхитуваат во прекрасните погледи од терасите од вилите и приватните базени.rn
rnrnОвој хотел е неверојатна комбинација од луксуз и хармонија со природна средина. Секоја соба е полукружен шатор со сите луксузи на цивилизацијата, додека хотелот е изграден од еколошки материјали и користи обновливи извори на енергија.rn
rnrnКвинта Актуал бил изграден во реставрираната зграда околу арената за бикови од 19-от век во Мексико. Апартманите се сместени под дрвените и камени сводови од плоштадот Сан Педро.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn