КАФЕ ПАУЗА

Tag: хотели

  • Проколнати хотели: Не е препорачливо за оние со слабо срце

    Проколнати хотели: Не е препорачливо за оние со слабо срце

    Автор: Маја ЛинковаrnrnСамоубиство, убиство или ненадејна смрт, се основата на мрачните приказни за духовите кои скитаат низ проколнатите хотели ширум светот и ги „ловат“ гостите. Очигледно, духовите сакаат луксузни хотели. Како што велат некои луѓе, многу духови шетаат во древните замоци во Англија. Но, духовите не се присутни само на британските острови, туку понекогаш тие од замоците и старите куќи скршнуваат во удобноста на хотелите. Без разлика дали верувате во духови или сте љубители на мистериите, веројатно ќе сакате да знаете некои од најпознатите проколнати хотели во светот. Но, немојте да кажете дека не ве предупредивме!rnrn

    Хотелот „Дел Коронадо“, Сан Диего, Калифорнија
    Хотелот „Дел Коронадо“, Сан Диего, Калифорнија
    rn

    1. Хотелот „Дел Коронадо“, Сан Диего, Калифорнија

    rnТелото на Кејт Морган било пронајдено во соба број 302, 6 дена подоцна откако дошла во хотелот за да се сретне со својот сопруг за денот на благодарноста. Тоа се случило во 1892 година. Нејзиниот сопруг никогаш не се појавил, а ненадејната смрт на Кејт била прогласена за самоубиство. Хотелот го променил бројот на собата во 3312, но велат дека духот на Кејт сè уште шета низ целиот хотел.rn

    2. Замокот „Шилдхил“, Единбург, Шкотска

    rnПосетителите на хотелот ја раскажуваат приказната за „Сивата љубовница“ која го прогонува замокот во Единбург. Според легендата, сивата љубовница била дете на парот кој го поседувал замокот, сè до средината на 20 век. Велат дека таа се заљубила во некој слуга и сакала да се омажи со него. Нејзиниот татко го оспорувал тој брак, па поради тоа таа се самоубила.rn

    3. Хотелот „Холивуд Рузвелт“, Лос Анџелес, Калифорнија

    rnНајголемиот дел од славните личности, одбирале да престојуваат во овој хотел кој се наоѓа во срцето на холивудската филмска индустрија. Во гламурозните години на овој хотел, дури биле одржани и „Оскарите“. Легендата кажува дека духот на Мерлин Монро, која начесто престојувала во соба број 1200, сè уште талка наоколу, а понекогаш нејзиниот лик се прикажува на огледалото во ходникот.rnrn

    Хотелот „Сагамор“, Болтон лендинг, Њујорк
    Хотелот „Сагамор“, Болтон лендинг, Њујорк
    rn

    4. Хотелот „Сагамор“, Болтон лендинг, Њујорк

    rnЛуѓето велат дека во овој хотел шета духот на мало дете од 50-те години, кое собирало голф топчиња од терените за голф во хотелот. Собраните топчиња ги продавал во спортските продавници за да заработи пари. Еден ден, додека трчал по топче, бил прегазен од кола. Гостите на хотелот велат дека духот на детето талка околу терените за голф.rn

    5. Хотелот „Провинцијал“, Њу Орлеанс, Луизијана

    rnЊу Орлеанс е познат по приказните за духови. За време на војната во САД, дел од хотелот се користел како болница за Конфедерациската армија. Чуварите на хотелот изјавиле за мистериозните појавувања и исчезнувања на дамки крв. Еднаш подоцна, кога гостите се возеле со лифтот, вратата се отворила на вториот кат и ја открила целата болничка соба. Гостите биле воодушевени од тоа што им се случило.rnrn

    Хотелот „Дрискил“, Остин, Тексас
    Хотелот „Дрискил“, Остин, Тексас
    rn

    6. Хотел „Дрискил“, Остин, Тексас

    rnМирисот на цигари виорел во воздухот, кога духот на полковникот Дрискил се шетал наоколу низ луксузниот хотел. Тој бил офицер на Конфедерациската армија за време на војната во САД. Но, ова не бил единствениот дух во хотелот. Во 1877 година, ќерката на сенаторот од Тексас, починала на скалите во хотелот. Луѓето велат дека сѐ се слуша како таа си игра со топката во ходникот и на средишните катови.rn

    7. Куќата на маршалот, Савана, Џорџија

    rnКуќата исто така се користела како болница за време на граѓанската војна во 19 век, во периодот кога се ширела треската. Се сметало дека ова е најпознатиот проколнат хотел во градот. Ако би сакале да сретнете повеќе духови, би можеле да го посетите познатиот ресторан „Пиратска куќа“. Таму има бразда која ја ископале пиратите и води од ресторанот до реката.rn

    8. Хотелот „Хитман“, Портланд, Орего

    rnПосетителите на овој хотел пријавиле дека мистериозно им исчезнуваат предмети од собата или се преместуваат додека нема никој. Ова се случувало постојано, особено во собите со број 03 во нив.rnrnА вие, дали верувате во приказните за духови? Или пак можеби имате да споделите некое искуство. 🙂

  • Најубавите хотели во светот

    Најубавите хотели во светот

    Фотографиите од најубавите хотели во светот ве носат низ ледените пејзажи на Финска, улиците на Париз, па сѐ до Грција. Иако различни, сепак сите имаат нешто заедничко, сите ги спојува  авантурата, одморот и уживањето.rnrn

    Шангри Ла, Париз
    rnrnДенес, хотелската индустрија се залага за што покреативна градба, внатрешен ентериер, необични локации, со што ќе ги направи хотелите уште попривлечни за туристите. Па, затоа на фотографиите ќе можете да видите хотели изградени на карпи, такви изградени во морска пештера и уште многу други неверојатно уникатни и иновативни решенија кои ќе ве остават без текст. Уживајте!rnrn rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите опседнати хотели во светот

    Најпознатите опседнати хотели во светот

    Страшни приказни или незамисливи вистини? Изгледа како верувањето во духови да го следи развојот на човештвото од самиот негов почеток. И штом сте го отвориле овој текст, сигурно и вие барем малку верувате во паранормалното. Што мислите, дали тие навистина постојат и ако да, дали некогаш би можеле да го докажеме нивното присуство? Погледнете ги 10-те најстрашни опседнати хотели во светот.rn

    Хотел Челси – Њујорк, Америка

    rnХотелот Челси, кој денес се смета за боемска знаменитост, бил изграден помеѓу 1883 и 1885 година. И покрај тоа што бил дом на безброј артисти, автори, поети и музичари, сепак најпознат е како местото каде што басистот Сид Вишос од Секс Пистолс ја избодел до смрт својата девојка Ненси Спанџен. Тој исто така починал од предозирање пред случајот да дојде на ред за судење.rnrnВо хотелот поетот Дилан Томас паднал во фатална кома и брзо потоа починал во болница. Но, некои луѓе веруваат дека Сид Вишос и Дилан Томас воопшто не го напуштиле хотелот Челси. Заедно со писателот на драми Јуџин О`Нил и новелистот Томас Волс, тие биле забележувани како талкаат низ ходниците на хотелот. Гостите пријавувале и други видови паранормални феномени, од студен воздух и фантомски чекори, па сè до светла кои по своја волја се вклучувале и исклучувале. Во моментот Хотелот Челси е затворен поради реновирање.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел Талбот – Ондл, Англија

    rnЗамокот Фотерингеј бил изграден околу 1100-тата година. Тој имал разнобојна историја. Замокот бил родното место на Ричард III, како и местото каде што се одвивало судењето и обезглавувањето на Кралицата на Шкотите Мери. До 1600-тата година замокот веќе бил срушен, но голем број делови од него биле спасени. Најпознати од нив се дабовите скали кои го пронашле своето место во Хотелот Талбот.rnrnЛегендата вели дека Мери се симнувала по нив додека се движела кон местото на нејзиното погубување, оставајќи трага на дрвото во форма на круна која ја направила со својот прстен. Нејзиниот дух бил забележан како се движи надолу по скалите, мебелот сам се разместувал и многу очевидци тврдат дека виделе како портретот на Мери отскокнувал од ѕидот.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел Кастиљо дела Кастелуција – Рим, Италија

    rnХотелот Кастиљо дела Кастелуција е реновиран замок од 11-ти век кој гостите го опишуваат како место од бајките. Тој имал голема историја позади себе и бил дом на многу аристократски фамилии. Но, неговото наследство западнало во сенка бидејќи денес е познат како место кое е опседнато со 3 духа и се верува дека еден од нив е лудиот Император Неро кој бил забележуван како шета низ градините. Гостите исто така пријавувале и коњи кои поминувале покрај хотелот длабоко во ноќта.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел Кралицата Мери – Калифорнија, Америка

    rnКралицата Мери била луксузен превозник преку океанот за славни и познати личности. За време на Втората светска војна, тој бил обоен сиво и бил употребуван како превозно средство за војската. Кога завршила војната, бродот се вратил во својата оригинална намена.rnrnВо 1967 година, Кралицата Мери се „пензионирала“ и денес работи како хотел на пристаништето во Лонг Бич, Калифорнија. Гостите тврдат дека виделе како жена облечена во костим за капење од 30-тите години се шета околу базенот. Исто така тие велеле дека се слушал плач на деца во ноќта и дека телефоните ѕвонеле без никој да има на другата страна од слушалката.rnrnЗа разлика од менаџерите на другите хотели кои негираат дека постојат духови помеѓу нивните ѕидови, Кралицата Мери ги прифаќа своите „постојани гости“ и им нуди на оние кои престојуваат дневни тури во најопседнатите делови на бродот.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Неделна резиденција Акасака – Токио, Јапонија

    rnЈапонците отсекогаш сериозно ги сфаќале своите духови и токму Токио е домот на приказните за Нопера-Бо, застрашувачки дух кој изгледал нормално сè додека не му се приближи некоја личност. Кога ќе ве забележи, тој го открива своето бело лице без никакви црти.rnrnЕдно од најопседнатите места во Токио се верува дека е Неделната резиденција Акасака, каде што гостите тврдат дека виделе призраци, магливи духови и понекогаш чувствувале како раце без тело ги допирале додека спиеле.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел Фермонт Банф Спрингс – Банф, Канада

    rnОвој хотел кој се наоѓа високо во планините на Канада е прекрасен средновековен замок во дивината. И покрај тоа што вработените во хотелот го негираат постоењето на какви било духови, сепак постојат приказни од гостите кои укажуваат на спротивното. Најчесто забележуваниот дух е невеста која се верува дека загинала во трагична несреќа веднаш пред нејзината свадба.rnrnДругата приказна која е многу поексцентрична вклучува постар портир кој се викал Сем Мекаули. Тој толку многу го сакал хотелот, што откако починал продолжил да ја работи својата работа во него. Гостите тврделе дека постар портир им помагал со багажот и исчезнувал пред тие да имаат шанса да му остават бакшиш.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел Расел – Сиднеј, Австралија

    rnАвстралија имала тешка историја, со оглед на тоа дека започнала како Британска казнена колонија. Хотелот Расел исто така е дел од тие темни почетоци. Хотелот бил употребуван како болница во страшниот период на епидемијата на сипаници и Бубонската чума, а потоа станал дом и хостел за морнари. Денес се верува дека барем еден од тие морнари одлучил никогаш да не замине. Гостите кои престојувале во собата број 8 тврделе дека темно присуство демнело над нивниот кревет, зјапајќи надолу во нив. Некои луѓе велат дека неодамнешното реновирање на градбата ги „разбудило“ старите духови и токму поради тоа нивната активност била зголемена.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел Гранд Хајат – Тајпеј, Тајван

    rnГласините велат дека овој хотел бил изграден врз земјиште кое служело за погубување, како и за затворски камп за време на Втората светска војна. Земјата била толку многу „отруена“ со смрт и очај и токму поради тоа се верува дека паранормалната активност била пренесена и може да се забележи во модерниот хотел, кој локалните жители го избегнуваат како чума.rnrnДури и познатиот актер Џеки Чен пријавил морничаво доживување, истрчувајќи од својата соба среде ноќ откако забележал дух. Очајните менаџери во хотелот се обратиле кај експертите за фенг шуи со надеж дека ќе им помогнат, и тие поставиле неколку објекти и амајлии низ хотелот со цел да ги плашат духовите.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел-замок Белигејли – Ларн, Северна Ирска

    rnЗамокот Белигејли бил изграден во 1625 година и во него живеела фамилијата Шо. Во текот на годините, неколку сопственици се смениле и на крај тој станал хотел. Еден од неговите први сопственици бил Џејмс Шо, сопруг на Лејди Изобел. Се верува дека кутрата Изобел на некој начин го измамила својот сопруг.rnrnНекои веруваат дека имала љубовник, додека пак другите велат дека нејзината единствена грешка била тоа што едноставно не можела да му роди машко дете. Шо ја затворил својата жена во куполата и ја оставил таму да умре од глад, а таа сакајќи да ја избегне својата долга и мачна смрт решила да скокне од прозорот на кулата. Гостите кои престојувале во овој хотел тврделе дека таа многу често се појавува низ ходниците, како и дека има навика да им чука на врата во ниедно време.rnrnГласините велат дека можно е и Џејмс да е присутен, бидејќи се верува дека бил отруен во замокот. Друг дух кој „престојува“ во хотелот е и Мадам Никсон, која била забележувана во прекрасен и елегантен фустан. Меѓу другото, низ ходниците може да се слушне и злобна смеа на деца.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrn

    Хотел Ле Павилон – Њу Орлеанс, Америка

    rnОвој хотел е изграден во 1907 година. На неговиот веб-сајт можете да прочитате дека станува збор за „место каде што гостите инстантно можат да се впуштат во денови исполнети со луксуз, романтични вечери и забавни ноќи“. Но, она што не го пишува е дека гостите би можеле да се сретнат и со мртвите. Се верува дека овој хотел е опседнат од најмалку 5 различни духови. Најпознатиот од нив е Ада, насолзена тинејџерка која била убиена од кочија. Гостите тврдат дека таа се удира во луѓе во лобито, велејќи им дека е изгубена и веднаш потоа исчезнува. Ада можеби е постара и од самиот хотелот, бидејќи гостите велат дека нејзината облека наликува на онаа од средните 1800-тини години.rnrnИсто така била забележана и постара жена со бела коса во црн фустан, како и љубовен пар кои се држат за рака. Некои велат дека можат да го намирисаат чадот од цигарата на човекот, како и парфемот на девојката. Најинтересниот од сите духови во хотелот е хипикот – млад човек со разнобојна наметка и панталони-ѕвонарки кој не носи чевли. Тој многу често бил забележуван како трча наоколу и како исчезнува во ѕидовите. Овој дух исто така сака да прави шеги со гостите, така што крие нивни објекти и им ги краде ќебињата.rnrnНајпознатите опседнати хотели во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малдиви – стотици острови отцепени од рајот

    Малдиви – стотици острови отцепени од рајот

    Малдивските острови се далеку од градскиот живот, а блиску до природата. Тие се тропски рај, во кој имате чувство како да сонувате убав сон. Малдивите се познати по своите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Освен богатството кое го овозможила природата, на Малдивите има толку луксузни хотели, што ако еднаш ги посетите, нема да сакате никогаш да си заминете оттаму.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnПриродните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnЕден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnОстровите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи. Секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, како и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrnХотелите нудат разни екскурзии и активности: возење со подморница и со хидроавион, риболов, лов на птиците сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.rnrnМалдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот OLYMPUS DIGITAL CAMERA Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајот Малдиви - стотици острови отцепени од рајотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето

    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето

    Се мислите каде сакате да патувате? Летниот период е секогаш најдобар за патување на поегзотични и далечни дестинации. Можеби за нив треба да имате и малку подлабок џеб, но доколку некогаш сте во можност, секоја од овие дестинации вреди да се посети. Следи листа со интересни дестинации и хотели кои ќе ви понудат несекојдневно искуство и уживање.rnrn

    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    „Ayana Resort and Spa“ во Бали
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    Портофино, Италија
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    Хотелот „Kasbah Tamadot“ во Мароко
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    „W Retreat & Spa“ на Малдиви
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    „Las Ventanas al Paraiso Resort“ во Мексико
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    Заливот Коперфилд во Бали
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    „Club Med Kani“ на Малдиви
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    Велигденски Остров, Чиле
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    „Baia Taormina Grand Palace Hotel“ во Италија
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    „Elounda Peninsula All Suite Hotel“ во Грција
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    Жоужуанг, Кина
    rnrn
    Егзотични дестинации и хотели за авантуристичко лето
    Азорски Острови, Португалија
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемата зграда во светот

    Најголемата зграда во светот

    Пред кусо време во Кина се отвори најголемата зграда во светот. Центарот „New Century Global“ се наоѓа во градот Ченгду и е распослан на 1,7 милиони метри квадратни. Зградата е долга 500, широка 400 и висока 100 метри. Верувале или не, но таа била целосно изградена за само три години.Најголемата зграда во светотВо неа има два хотели, голем број канцеларии, кино, аква парк со вистинска плажа, музеј, изложбени сали, театар и нормално – многу продавници.Најголемата зграда во светотНајголемата зграда во светотЦентарот е изграден според последните достигнувања во полето на високата технологија. Во него има вградено вештачко сонце кое ја загрева и осветлува внатрешноста на зградата, а плажата во аква паркот е долга 400 метри и оние кои ја посетуваат можат да уживаат во вистински морски ветер.   Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот Најголемата зграда во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите хотели за оваа година

    Најубавите хотели за оваа година

    Магазинот „Conde Nast Traveler“ ги прогласи најубавите хотели во светот. Тие секоја година прават детална анализа на стотици хотели ширум светот и ги претставуваат најуспешните. Погледнете дел од оние кои се најдоа на листата оваа година.rnrn

    Најубавите хотели за оваа година
    „Mulia Resort“, Бали
    rnrn
    Најубавите хотели за оваа година
    „Monastero Santa Rosa Hotel & Spa“, Италија
    rnrn
    Најубавите хотели за оваа година
    „Palais Namaskar“, Мароко
    rnrn
    Најубавите хотели за оваа година
    „Hyatt Capital Gate“, Абу Даби
    rnrn
    Најубавите хотели за оваа година
    „Ritz-Carlton“, Виена
    rnrn
    Најубавите хотели за оваа година
    „Dorado Beach“, Порто Рико
    rnrn
    Најубавите хотели за оваа година
    „Uma Punakha“, Бутан
    rnrn
    Најубавите хотели за оваа година
    „Bulgari Hotel“, Лондон

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хотели направени од невообичаени материјали

    Хотели направени од невообичаени материјали

    Во светот постојат безброј хотели кои отскокнуваат од стандардните. Ова е еден мал дел од многуте оригинални идеи кои функционираат или порано функционирале одлично.rn
    rn

    Хотели направени од сол

    rnПовеќе хотели во близина на градот Ујуни во Боливија се изградени од блокови од сол.Хотели направени од невообичаени материјалиrn

    Хотели направени од мраз

    rnХотели направени од мраз се појавуваат редовно во Канада, Норвешка, Романија, Финска и Шведска. Најпознат е оној во шведскиот град Јукасјарви кој постои од декември до април секоја година.Хотели направени од невообичаени материјалиrn

    Хотел направен од песок

    rnВо 2008 година беше изграден првиот хотел од песок во Велмонт, Англија. Се состоеше од две соби, а гостите можеа да преспијат за цена од околу 10 фунти. Потоа хотелот беше „измиен“ од морето.Хотели направени од невообичаени материјалиrn

    Хотел направен од цевки за отпадни води

    rnХотелот „Das Park“ се наоѓа во Линц, Австрија, а секоја цевка претставува модерна соба.Хотели направени од невообичаени материјалиrn

    Хотели направени од вагони од воз

    rnИзненадувачки, но постојат повеќе хотели направени од вагони од воз. Овој на сликата се наоѓа во Шиптон, Англија.Хотели направени од невообичаени материјалиrn

    Хотел направен од пластични хотелски клучеви

    rnВо 2009 година „Holiday Inn“ отвори привремен хотел направен од 200.000 пластични хотелски клучеви за врата.Хотели направени од невообичаени материјалиrn

    Хотели направени од транспортни контејнери

    rnОвие преносни хотели се направени од транспортни бродски контејнери. Тие се флексибилни и монтажни, а соодветни се за спортски настани, концерти, за снимање филмови и слично. Компанијата која стои зад оваа идеја е „Snoozebox“.Хотели направени од невообичаени материјалиrn

    Хотел направен од буриња за вино

    rnХотелот „De Vrouwe van Stavoren“ во Холандија им нуди на своите гости сместување во големо буре за вино.Хотели направени од невообичаени материјали
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хотелски тераси со неверојатен поглед

    Хотелски тераси со неверојатен поглед

    Дали би сакале да се одмарате на тераса во некој луксузен хотел додека пред вас се простира неверојатна глетка? Ако е ова ваша омилена активност, тогаш следниве хотелски тераси се совршени за тоа.rnrn

    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    Хотелот „Le Meurice“ во Париз, Франција
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Palazzo Sasso“ во Равело, Италија
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Pueblo Bonito Pacifica“ во Кабо Сан Лукас, Мексико
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Curtain Bluff“ во Антигва
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Londra Palace“ во Венеција, Италија
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Ladera“ на островот Света Луција
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Capella Pedregal“ во Лос Кабос, Мексико
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Kanantik Resort“ во Дангрига, Белизе
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Mombo and little Mombo camps“ во Мореми, Боцвана
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Rancho La Puerta“ во Текате, Мексико
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Taj Lake Palace“ во Удајпур, Индија
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „The Peninsula Beverly Hills“ во Беверли Хилс, Калифорнија
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Wequassett Resort“ во Кејп Код, Масачусетс
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Inn at the Market“ во Сиетл, Вашингтон
    rnrn
    Хотелски тераси со неверојатен поглед
    „Four Seasons Resort“ во Ланаи, Хаваи

  • Како живее високата класа во Азија?

    Како живее високата класа во Азија?

    Дали сонувате да возите Мерцедес обложен со кристали од Сваровски? Или повеќе би сакале да го освежите лицето со 24 – каратна златна маска за лице? Ова се само дел од предностите во кои ужива високата класа во Азија. Како живее високата класа во Азија?Луксузниот автомобил Мерцедес Бенц SL600, обложен со 300.000 кристали од Сваровски, е еден од автомобилите изработени по нарачка. Мерцедесот за прв пат беше претставен во салонот за автомобили на компанијата „Гарсон“ во Токио, која се занимава со производство на додатоци за автомобили направени по нарачка. Оние пак, кои ги претпочитаат јахтите пред автомобилите, може да се зачленат во клубот „One Degree 15“ кој се наоѓа на марината во Сингапур, каде што членовите на високата класа може да ги паркираат своите јахти. Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Изборот на хотели е од големо значење за високата класа. Кога се работи за првокласни хотели, не може да не се спомене хотелот Риц – Карлтон кој е сместен во Меѓународниот трговски центар во Хонг Конг. Со самото тоа што овој хотел се наоѓа во четвртата највисока зграда во светот, Риц – Карлтон нуди неверојатен поглед кон трговската област Цим Ша Цуи. Како живее високата класа во Азија?А дали знаевте кое е најскапото суши? Познатиот готвач Анџелито Аранета Џуниор го обновува Гинисовиот рекорд во Манила за најскапо суши некогаш направено, така што става африкански дијаманти врз бисерите на сушито. Рекордот на Аранета беше запишан во Гинисовата книга на рекорди во јуни 2010 година. Најскапото суши ги чини припадниците на високата класа 91.800 пезоси, односно 1.978 долари. Како живее високата класа во Азија?Врвната храна секогаш е во комбинација со квалитетно вино. Во Хонг Конг најквалитетните сорти вина може да се купат на аукција. Една таква аукција на ретки и квалитетни вина беше одржана за време на прес-конференцијата во Хонг Конг. Директорот на аукцијата, Џон Капон, имаше чест да ја претстави најскапата колекција составена од 70 шишиња вино произведени помеѓу 1799 и 2003 година. Колекцијата беше проценета помеѓу 125.000 и 175.000 долари. Како живее високата класа во Азија?Аукциите, изложбите и салоните за убавина сè она во кое ужива високата класа. Во Азија има многу места наменети за богатите. Во Индија може да купите минијатурна репродукција на Таџ Махал изработена од 22 – каратно злато. На аукција во Кина може да се најде автентичен златен накит, како и репродукции на будистичката божица Јиујанг изработени, исто така, од злато. За врв на задоволството се смета третманот со маска за лице од 24 – каратно злато, кој го има само во ексклузивните салони за убавина. Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?Како живее високата класа во Азија?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.