Јајцата, јогуртот или медот ви изгледаат како состојки со кои може да си подготвите појадок, но да не забораваме дека имаат и друга, мошне корисна примена. Сите состојки во вашата кујна би можеле да ги искористите за најразлични видови домашни третмани, а нивната голема предност е тоа што се евтини, и пред сè природни.rnrn
rnrnОва се домашни третмани за различни видови коса, кои нема да ви одземат многу време, ниту ќе ве чинат многу пари, па затоа вреди да ги пробате.rn
За сите видови коса
rnЈајцата се вистински помагател на природната убавина. Жолчката, богата со протеини е природен хидратант, а белката содржи бактерии кои го уништуваат вишокот маснотии.rnrnНачин на подготовка – За нормална коса употребете го целото јајце, за мрсна коса само белките, додека за сува коса употребете ги само жолчките од јајцата. Нанесете половина чаша од состојките од јајцата кои се прикладни за вашиот тип коса, на чиста и водена коса. Оставете да постои 20 минути, потоа измијте ја косата со шампон и ладна вода. Третманот со цело јајце може да се прави еднаш месечно, додека третманот само со белки може да се прави на секои две недели.rn
За коса без сјај
rnЗагаденоста на воздухот е голем причинител на сувото и безживотно влакно, но исто така и купечките продукти можат многу негативно да влијаат на вашата коса, особено ако претерувате со нивна употреба. Она што ù треба на вашата коса е природен третман. Млечните производи, како киселата павлака или јогуртот, можат да помогнат за подобрување на состојбата на безживотната коса. Млечната киселина нежно ја отстранува нечистотијата, додека млечните масти ù даваат природна влажност на косата.rnrnНачин на подготовка – Вмасирајте половина чаша кисела павлака или јогурт на влажна коса и оставете да дејствува 20 минути. Потоа исплакнете прво со топла, а потоа со ладна вода и користете го шампонот кој обично го употребувате. Третманот може да се прави секоја втора недела.rnrn
rn
За иритиран скалп
rnКиселината од лимоновиот сок, помага вашиот скалп да се ослободи од сувите лушпи од кожата, а маслиновото масло го хидрира скалпот.rnrnНачин на подготовка – Измешајте две лажици свежо исцеден сок од лимон, две лажици маслиново масло и две лажици вода. Мешавината нанесете ја на влажен скалп и почекајте 20 минути. Иплакнете со шампон и повторувајте го третманот секоја втора недела.rn
За слаба и нормална коса
rnЗа да го постигнете посакуваниот ефект на вашата коса употребете го пивото, а благодетното дејство е предизвикано од пивскиот квасец.rnrnНачин на подготовка – Половина чаша пиво (истурете го во еден сад и почекајте неколку часа), се меша со една кафена лажичка сончогледово масло и сирови јајца (количината на смесата е според должината на вашата коса). Нанесете на чиста и влажна коса, почекајте 15 минути и исплакнете ја косата со ладна вода. Друг начин е да нанесете пиво на сува коса, бидејќи кога течноста испарува, протеините од пивото, како пченицата и хмељот, ја јакнат структурата на косата. Третманот може да се повторува на секои две недели.rn
За сува и оштетена коса
rnБез разлика дали дехидрацијата на вашата коса е предизвикана од загадена вода, прекумерна експонација на сонце или други фактори, бидете сигурни дека природата може да ви помогне. Медот по природен пат ја лекува сувата и оштетена коса.rnrnНачин на подготовка – Вмасирајте половина шолја мед на влажна и чиста коса и почекајте 20 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Исто така, може да додадете 1-2 лажички маслиново масло со цел медот полесно да дејствува. За коса оштетена од сонцето, направете го истиот третман, само што во медот ќе додадете состојка која содржи протеини, како авокадо или жолчка од јајце. Третманот пожелно е да го правите еднаш месечно.rnrn
rn
За мрсна коса
rnДоколку се користи правилно, пченкарното брашно е ефикасна состојка против мрсната коса.rnrnНачин на подготовка – Посипете една до две лажици пченкарно брашно по површината на сува коса, почекајте десет минути, па исчеткајте ја косата нанадвор. Третманот може да го повторувате на секои два дена.rn
За кадрава коса
rnНе само што има моќ да ја поправи оштетената коса, авокадото содржи комбинација на хранливи материи кои ја смируваат кадравата коса.rnrnНачин на подготовка – Изблендирајте половина авокадо и масирајте на влажна и чиста коса. Оставете да отстои 15 минути, а потоа оплакнете. За поголема хидратација, во смесата од авокадо може да додадете 1-2 лажици од некоја хидратантна состојка, како павлака, жолчка од јајце или мајонез. Третманот повторувајте го на секои две недели.rn
За остарена коса
rnУште една од многуте примени на сода бикарбона. Оваа состојка може да ја искористите за подмладување на косата.rnrnНачин на подготовка – Измешајте една до две лажички сода бикарбона со малку вода, така што ќе добиете паста. Вмасирајте врз влажна коса и оставете да стои 15 минути. Исплакнете со вода и шампон. Овој третман за вашата коса би можеле да го повторувате на секои две недели.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.