Дали не можете да го замислите вашиот ден без кафе? Дури 70% од Американците тврдат дека пијат кафе секоја недела, додека 62% велат дека пијат секојдневно.rnrn
rnrnСепак, иако кафето е избор број еден, има еден голем недостаток. Кафето понекогаш е лошо оценето како нездраво поради една причина – дехидрира.rnrnМногу забуни произлегуваат од неразбирањето на она што кофеинот го прави во вашето тело. „Кофеинот е благ диуретик, што значи дека ја зголемува вашата потреба за мокрење, така што во таа смисла губите повеќе вода отколку што би изгубиле доколку не сте пиеле кафе“, објаснува С. Адам Рамин, уролог од Лос Анџелес.rnrn„Меѓутоа, само затоа што нешто е диуретик не значи дека автоматски ќе ве дехидрира, а ефектот во овој случај е мал. Кафето е главно вода, па го заменува она што го губите“, објаснил д-р Адам.rn
Што вели науката?
rnЕдна од бројните анализи заклучила дека кафето, кога се консумира умерено, го хидратизира организмот на сличен начин како водата. На прашањето: „Дали кафето може да го дехидрира организмот?“ нутриционистите одговараат дека иако порано луѓето биле советувани да го избегнуваат кафето доколку сакаат да му ја обезбедат потребната хидратација на организмот, сепак доволно е само да го контролираат неговото консумирање.rn
Кафето не смее да ја замени водата
rnСепак, експертите препорачуваат и дека кафето не смее да ви биде единствен извор на хидратација. Така, ако пиете кафе наместо вода, можете да си наштетите на сопственото здравје, да станете нервозни, вознемирени и ненаспани.rnrn„Не препорачувам да го користите кафето како главен извор на хидратација, бидејќи премногу кафе може да им наштети на вашите бубрези. Тоа може да го зголеми ризикот од камења во бубрезите и да ги влоши симптомите на т.н. синдром на хиперактивен мочен меур“, вели д-р Рамин.rnrnОткако прочитавте за најновите истражувања, можеби ќе сакате да прочитате и дали кафето може да ја подобри меморијата.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs


rnrnИстражувањето спроведено од страна на шкотски универзитет дошло до заклучок дека обичната и минералната вода се добар избор, но според новите наоди млекото е уште подобар.rnrnСпоред Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрјус и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалак како и неговиот нутритивен состав.rnrnИстражувањето докажало дека млекото хидрира повеќе од обичната вода бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.rnrnИстото може да се каже и за растворите за орална хидратација што се користат за лекување дијареја. Тие содржат мали количини на шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во процесот на задржување на водата во телото.rnrnОткако прочитавте за резултатите од најновите истражувања, можеби ќе сакате да прочитате и која 
rnrnЕкспертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, после и за време на самиот тренинг. Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода, а без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира.rnrnОсвен тоа, несоодветната количина на вода која се внесува во телото може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидрација, камења во жолчката и дигестивни нарушувања. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на ‘рбетот и ткивата.rnrnЗа време на вежбањето водата помага и во одржување на нормалното ниво на гликоза во крвта. Затоа, спортистите и рекреативците треба да пијат доволно течности за време и по вежбањето, за да се балансира загубата на вода во организмот, истакнуваат експертите.rnrnНајдобар начин да проверите дали пиете доволно вода на дневна основа е да внимавате на бојата на урината. Ако бојата е светло жолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темно жолта или златна, тоа е показател дека треба веднаш да почнете да пиете повеќе вода.rnrnОткако прочитавте зошто е важно да пиете вода додека тренирате, можеби ќе сакате да прочитате и за 

rnrnВашата утринска шолја кафе или чај може да послужи како хидратантен пијалак. Иако овие пијалаци претежно содржат кофеин, тие сепак ја дополнуваат количината течности што ја внесувате секој ден. Според едно истражување, пиењето околу 3,5 шолји кафе дневно ќе ве хидрира исто како да пиете само вода.rn
rnrnИако исхраната со висока содржина на натриум може да го дехидрира телото, натриумот го одржува балансот на течности во организмот. Натриумот и другите елементи во трагови се губат природно преку потта и затоа треба да се заменат изгубените количини вода и натриум.rn
rnrnОвој популарен совет не е секогаш точен. Колку вода ви треба зависи од начинот на живот, како, на пример, колку сте физички активни, што јадете, каде живеете итн. За да ја пресметате количината вода во литри што му треба на вашето тело во текот на денот, помножете ја вашата тежина во килограми со 0,033.rn
rnrnЗа време на спиењето се губат телесни течности, па дури и ако пиете доволно пред спиење, ќе се чувствувате жедни до следното утро. Но, пиењето обична вода на празен стомак не е најефективниот начин за хидрирање. На вашето тело му е полесно да ја апсорбира и да ја задржи водата кога има други хранливи материи. Значи, ако се обидувате да ја одржувате рамнотежата на течностите, испијте ја водата со некоја ужина или испијте една чаша сок од портокал или млеко.rn
rnrnКога вежбате, вашето тело губи вода преку потта и дишењето. Да останете хидрирани за време на тренингот е важно за регулирање на температурата на телото и на крвниот притисок. Експертите за фитнес препорачуваат да пиете околу 200 мл вода на секои 10-20 минути за време на вежбањето.rn
rnrnМногу овошје и зеленчук го дополнуваат вкупниот внес на течности. Некои од нив, како што се доматите, лубеницата и краставиците се богати и со калиум кој му помага на вашето тело да остане хидрирано подолго.rnrnПрочитајте 
rnrnСите органи се состојат од вода: срцето и мозокот се 73% вода, а белите дробови се 83% вода. Мислењето дека треба да пиете 8 чаши вода дневно за да ги хидрирате овие органи и целото тело е доста популарно.rnrnСепак, овие 8 чаши, за кои толку често слушате, не се правило, туку предлог од среден опсег. Овој предлог најверојатно стана популарен бидејќи се смета како златна средина за секого. Всушност, на вашето тело може да му треба повеќе или помалку вода.rn
rnrn
rnrnИма формула што ќе ви помогне да ја пресметате количината вода што му треба на вашето тело:rnrnКоличината вода во литри што треба да ја пиете дневно е еднаква на вашата тежина во килограми помножена со 0,033.rnrnОткако ќе ја пресметате количината, можете да направите распоред што ќе ви помогне да запомните да пиете онолку вода колку што ви треба. На пример, подобро е да го започнете денот со 1 или 2 чаши вода на празен стомак. Водата што ја пиете наутро го зголемува нивото на енергија и го забрзува метаболизмот, па така, ќе ви помогне да бидете расположени во текот на целиот ден.rnrn

rnrnИмено, садот за вода се вклопува во неа, обезбедувајќи исто така простор за важни предмети за секојдневна употреба. Ако сте личност која постојано е во движење, тогаш овој модел е одличен избор за вас. Цевката, преку рачката на чантата, ја пренесува течноста директно до вашата уста. Никој дури нема ни да се сомнева дека вашата чанта е нешто друго, освен модерна.rnrn
rnrnОна што е особено добро во врска со неа е тоа што таа одговара на секоја облека, а истовремено е и функционална и модерна, а и лесно се полни. Ова е одлична алтернатива да ги замените шишињата вода кои заземаат поголем простор.rnrn
rnrnПромотивното видео покажува колку лесна и корисна може да биде оваа чанта, а садот за вода може да содржи половина литар течности. Погледнете во продолжение за што станува збор.rnrnrnrnНаредно што би посакувале би било чанта која може да ги задржи и топли храната и пијалаците!
