Нема потреба вашите подочници да ве издаваат колку бурна ноќ сте имале. Со неколку козметички препарати и малку внимание, можете за една ноќ да ги сокриете и никој да не забележи дека воопшто ги имате. Еве што треба да направите.rnrn
rn
Совети за пред легнување, кои задолжително морате да ги направите:
rn1. Ставете си едно шише со вода покрај креветот, особено ако сте се напиле повеќе. Алкохолот го дехидрира организмот и кожата.rnrn2. Исчистете ја шминката. Влажните марамчиња за шминка се најпрактични, бидејќи вашето лице може да биде чисто за помалку од една минута.rnrn3. Околу очите нанесете хидратантна крема со антиоксиданси.rnrn
rn
Следното утро сокријте ги сите траги кои би ве издале:
rn1. Дајте ѝ кислород на кожата. Измијте го лицето со гел кој содржи кислород.rnrn2. Хидратација – поминете го лицето со памукче натопено со тоник кој би му ја вратила влажноста на лицето.rnrn3. На пределот околу очите нанесете светкава сенка.rnrn4. Внатрешниот агол на окото осенчајте го со бело моливче. Погледот ќе ви изгледа одморено како после нормален осумчасовен сон.rn
Во вашата чанта секогаш носете:
rn1. Балсам за пределот околу очите. Кога ќе забележите дека кожата ви е сува, нанесете од него, без разлика дали сте нашминкани.rnrn2. Коректор кој ќе одговара на вашиот тен.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
