Иако повеќето од нас сакаат море, сепак и езерата можат да бидат добра опција доколку планирате одмор. Во продолжение ви ги претставуваме 5-те најголеми езера во светот.rnrn
rn
1. Касписко Езеро
rnОва езеро уште попознато како Касписко море, со своите 371 илјади квадратни километри е најголемото езеро по површина во цел свет. Се граничи со Казахстан, Русија, Туркменистан, Азербејџан и Иран и е еден вид „базен“ кој се наоѓа на 27 метри под морското ниво. Водата во езерото е малку солена, но не толку како во морињата или океаните.rnrn
rn
2. Горно Езеро
rnГорното езеро е најголемо од групата на северноамериканските Големи Езера, има површина од 82 илјади километри квадратни и се протега по должината на границата на Канада и САД. Се граничи со канадската држава Онтарио, но и со американските држави Минесота, Висконсин и Мичиген. Езерото содржи повеќе вода од сите други четири Големи Езера заедно. На него се наоѓаат и многубројни острови.rnrn
rn
3. Езеро Викторија
rnЕзерото Викторија е најголемото езеро во Африка кое граничи со Уганда, Кенија и Танзанија. Зафаќа површина од 68.870 километри квадратни, а езерото е познато и по дивите животни како и многуте видови риби.rnrn
rn
4. Езеро Хјурон
rnЕзерото Хјурон е уште едно езеро од групата Големи Езера, а се наоѓа помеѓу Мичиген и Онтарио. Со површина од 59.570 километри квадратни, тоа е третото по големина слатководно езеро во светот, сместено на речиси 180 метри надморска височина, а неговата просечна длабочина е 60 метри. Се протега во должина од 332 километри, а тука се наоѓа островот Манитулин, најголем остров на планетата опкружен со свежа вода.rnrn
rn
5. Езеро Мичиген
rnЕзерото Мичиген е третото по големина езеро во Северна Америка со површина од 57.757 километри квадратни и граничи со неколку американски држави вклучувајќи ги Илиноис, Индијана, Мичиген и Висконсин и е најголемото езеро во светот кое целосно ѝ припаѓа на само една држава (во овој случај САД). На неговите брегови се распослани неколку поголеми градови како Чикаго и Милвоки.rnrn
rnrnОткако прочитавте кои се најголемите езера во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за езерото со илјада острови кое нема лесно да го лоцирате на мапата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

rnrnОсвен возење велосипед, пешачење, планинарење и фотографирање, можете да пиете и кафе. Од паркингот, каде што ќе платите неколку евра за автомобилот, до првото езеро Инфериоре се потребни околу десет минути пешачење. Таму можете да пиете кафе, да изнајмите брод или да продолжите по патот кон езерото Супериоре, каде што има убаво место за пикник или одмор. Повеќето луѓе ги посетуваат езерата во текот на летото, а во зима има помалку туристи.rnrnПатеката околу двете езера е долга пет километри и ќе ви треба околу еден час за да ја прошетате.rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја 
rnrnПејзажот го одзема здивот: моќните глечери и планините се рефлектираат во водата, а таму се наоѓа и водопадот Рамнефејелсфосен, кој е еден од најголемите водопади во светот. Се состои од четири меѓусебно поврзани водопади, од кои највисокиот е 405 метри и заедно формираат еден голем водопад од дури 818 метри. Исто така, Стрин може да се пофали со најголемата шума со липа во Северна Европа и блискиот Национален парк „Јостедалсбрин“ го има еден од најголемите глечери во Европа, величествениот Јостедал. Само глечерите привлекуваат речиси половина милион туристи годишно. На патот кон него можете да видите неверојатни сцени, како вагони кои ги влечат коњите над стариот мост, додека под него дивата река внесува страв во коските.rnrn
rnrnСе разбира, оваа област е исклучително популарна меѓу љубителите на скијањето, особено во лето кога природата е посочувствителна и дозволува скијање на сонце и во вистински зимски услови. Летниот ски-центар Стрин се наоѓа на 1.065 метри надморска височина и е еден од најпопуларните скијачки центри во Северна Европа. Покрај тоа, ски-центарот е дел од патеката Гамле Стринефјелсвеген. Изграден е кон крајот на 19-тиот век и денес се смета за ремек-дело на инженерството и изградбата на патишта. Патниците го обожаваат затоа што минувајќи низ него, можете да ги фатите најубавите делови од норвешката природа.rnrnНемојте да мислите дека кога велат Стрин е село, тука нема многу работи. Ова е село со норвешки стандард, така што поминувајќи низ улиците на повеќе населени места лесно можете да помислите дека сте во градот. Постојат продавници, кафулиња, ресторани, музеи, хотели.rnrnНо, немојте да се изненадите кога ќе видите кози или овци како удобно дремат среде прометниот пат помеѓу моќните планини и широките реки. Тие се таму во нивната секојдневна прошетка, а вие сте само гостин.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за овој 
rnrnИ покрај својата привлечност, тој не бил особено добро познат до почетокот на 19 век, кога започнал масовно да се посетува од локални сликари. Наскоро започна локалниот фестивал „Unspunnenfest“ посветен на швајцарската култура и така се покрена туризмот. Првите посетители доаѓале претежно од здравствени причини. Спа-третманите и свежиот планински воздух сè уште се гордост на градската здравствена и туристичка понуда.rnrnПокрај тоа, ова е рај за планинарите. Околните врвови се повисоки од 4000 метри, а оние кои не го сакаат планинарењето можат да користат и планински возови за да уживаат во убавините на природата без премногу напор. Возот за Јунгфраујох е дел од највисоката железница во Европа. Тој ги превезува своите патници до 3450 метри надморска височина, а има и тунел од 7 километри. Бидејќи градот се наоѓа помеѓу две езера, можете да уживате во возење со брод и поглед кон тиркизната вода што ги вклучува моќните планини во позадина. Над едното езеро се наоѓаат пештери во кои, според приказните, живеел ирскиот монах Беатус. Во внатрешноста на пештерите е можно да ги видите подземните водопади, а има и пештерски музеј заедно со ресторан.rnrnСо сето погоре наведено, може да очекувате поголем град со поголемо население, но реалноста е дека овој град има помалку од 6.000 жители, а и тој број се намалува. Дури четвртина од населението се странци, а покрај доминантниот германски јазик, се користат и португалски, италијански и француски јазик.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овие 

rnrnМарино се откажал од неговото истражување во Јапонија и се вратил во Перу. Кога го здогледал езерото, 20 години после неговата последна посета, му изгледало како „езеро за оксидација“. Водата мирисала ужасно, а 150-те хектари водна површина на коишто се сеќавал, драстично се намалиле на 40 хектари. Тогаш сфатил дека мора да преземе нешто.rnrnМарино е доктор по биоиндустриска наука, па го искористил неговото знаење за контрола на квалитетот на водата со цел да смисли нова технологија што ќе му помогне да го исчисти езерото Ел Каскахо. Тој земал пари од неговата лична заштеда, позајмил од неколку банки и почнал да работи на технологија што прави чуда.rnrn
rnrnМарино смислил наносистем при кој се додава раствор во загадената вода и се користат биофилтри.rn
rnrnПокрај чистењето на езерото, научникот ја подигнал и свеста помеѓу луѓето во Перу и им покажал дека една личност може да направи многу за зачувување на околината. Со текот на времето, Марино собрал тим ентузијасти кои му помагаат во чистењето на локалните езера.rnrnМарино признава дека неговата технологија е навистина скапа, но вреди. Растворот што го става во водата е 100% органски, а може и да се јаде. Привлекува „лоши“ бактерии и паразити, а ги чува „добрите“ микроорганизми кои придонесуваат за микрофлората во езерата. Керамичките биофилтри што Марино ги користи со растворот ги направил сам, на локални часови за грнчарство.rnrn
rnrnЗаедно со неговиот тим, Марино има благородна цел да ги исчисти загадените езера со неговата патентирана технологија. Кога ќе земеме предвид колку е посветен овој талентиран научник, без сомнение ќе ги оствари неговите големи планови. Тој се надева дека сè повеќе и повеќе луѓе ќе сакаат да му се приклучат на неговиот тим.rnrnПогледнете 
rnrnОва езеро се наоѓа во пештерата Мелисани на островот Кефалонија. Опкружено е со шуми, планини и секако, со морето. Бојата на езерото е кристално сина. Самиот влез во пештерата е опкружен со прекрасни растителни видови. Откриено е во 1951 година и е една од омилените знаменитости на овој остров.rn
rnrnСе наоѓаат во Хрватска, во истоимениот национален парк. Се работи за 16 езера, поголеми и помали, кои се поврзани меѓу себе со водопади. Водата е бистра и тиркизна, а бојата ја добива поради концентрацијата на растворени минерали и рефлексијата на сончевата светлина.rn
rnrnОва мистериозно езеро се наоѓа на истоимениот полуостров во северниот дел на Мексико. Старо е околу 2 милиони години. Со историјата на ова езеро се поврзани и многу митови и легенди, а локалните жители често го избегнуваат, бидејќи сметаат дека припаѓа на боговите на Маите.rn
rnrnМатесон се наоѓа во Нов Зеланд и е глацијално езеро. Се наоѓа близу до глечерот Фокс во Јужен Вестленд. Опкружено е со планините Тасман и Кук. Природата го создала пред околу 14.000 години и оттогаш е дом на различни видови животни и растенија.rn
rnrnПреку лето, ова необично езеро добива прекрасна зелена боја и тоа го прави и примамливо за туристи, но и одлична локација за фотографирање. Името го добило по Бил Пејто, кој бил водач за туристи во националниот парк Банф, каде и се наоѓа ова глацијално езеро.rn
rnrnСе наоѓа во Словенија, на Јулијските Алпи и е една од најголемите туристички атракции во државата. На островот во езерото се наоѓа и Бледскиот замок, за кој се верува дека е најстар замок во Словенија. Зелените шуми наоколу го прават Бледското езеро уште попривлечно за туристи.rn
rnrnВо Пакистан, во ресортот Шангрила во Скарду е сместено истоименото езеро. Покрај езерото има ресторан отворен во авион, кој некогаш паднал на ова место. На преживеаните патници кои биле во авионот, тука им помогнале будистички монаси и биле згрижени на место каде што имало овошја и растенија, кои ги опишувале како рајски.rn
rnrnВо Индија ова езеро е познато како дијамант во круната од Кашмир. Опкружено е со прекрасни пејзажи, градови и паркови кои се огледуваат на езерската површина. Бродовите со кои се плови се наречени шикари. Исто, во езерото има мал остров на кој има три чинари. Островот се нарекува Чар Чинар.rn
rnrnОва е едно од најстарите езера во светот. Се верува дека постои уште од 7-от век пред нашата ера. Се наоѓа во Гилин, Кина и е често посетувана туристичка атракција. Со помош на разнобојна вештачка светлина, во оваа пештера се случува вистинско лајт-шоу. Околу пештерата расте еден вид трска од која се изработуваат флејти, па поради тоа и езерото го добило името што го носи (Reed Flute).rn
rnrnНајдлабокото и најстарото езеро во Европа се наоѓа во нашата држава и поради неговата историја, важност и ендемичните видови на растенија и животни, се наоѓа на листата на УНЕСКО за заштитени природни убавини.rnrnПрочитајте повеќе и за овие 
rnrnОвој природен бунар, длабок 9 метри со кристално чисти води е едно од најопасните места за нуркање во светот. На дното од бунарот има неколку влезови до широка мрежа на пештери од кои многумина не можат да излезат.rn
rnrnЕзерото Мичиген е речиси исто толку озлогласено како Бермудскиот триаголник, бидејќи токму над ова езеро се случила една од најужасните авионски несреќи во Северна Америка без никаква логична причина. Ако ги тргнеме мистериите настрана, езерото е навистина опасно поради неговите ненадејни струи кои според некои извори одземаат по 30-тина животи годишно.rn

rnrn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnОбалата на Норвешка е избраздена со тесни морски заливи кои се нарекуваат фјордови. Тие претставуваат природни пристаништа заштитени од невремиња. Иако се наоѓа на северниот дел од континентот, приморската Норвешка има прилично блага клима, благодарение на Голфската струја.rnrn
rnrnФјордовите ѝ даваат неверојатен и неповторлив колорит на оваа скандинавска земја. Патувањата по фјордовите со водопади и мали рибарски села, е најубавото нешто кое можете да го доживеете тука. Илјадниците чисти и природни езера даваат неверојатна можност за риболов во еден од најпрекрасните предели на континентот. Токму затоа, од 4,3 милиони жители во Норвешка, само 50% живеат во големите градови.rnrn
rnrnГлавен град на Норвешка е Осло, кој е модерна престолнина во која живеат околу 1 милион жители. Тој е културен и политички центар на земјата и еден од најубавите градови во северна Европа. Градот е основан од страна на викинзите во 9-тиот век, а својот најголем развој го доживува во 18-тот век. Тој се наоѓа на истоимениот фјорд, а со фреквентни ферибродски линии е одлично поврзан со Данска.rnrn

rnrnДоколку некогаш патувате во оваа земја не пропуштајте да ги посетите замокот на Акершус, Националниот музеј на Норвешка, Градската куќа во која се доделуваат „Нобеловите награди“, кралската палата во која живее норвешката кралска фамилија, паркот Вигеланд и музејот на викиншките бродови.rnrn
rnrn rnrn