Апчињата против главоболка се добри за да помогнат во повремените случаи кога ќе се појави главоболка, но доколку тоа e секоја недела или секој ден, тогаш ви е потребно поздраво и поквалитетно решение. Прочитајте ги овие научно докажани стратегии кои можат да ја олеснат, а дури и да ја елиминираат вашата хронична главоболка.rnrn
rn
Отворете го прозорецот
rnКога сите прозорци во вашиот дом се затворени, внатрешните нивоа на мувла, парфеми, чад и други надразнувачи почнуваат вртоглаво да се зголемуваат и го зголемуваат интензитетот на главоболката кај 1 од 4 лица кои страдаат, вели истражувањето на Универзитетот Џонс Хопкинс. Наједноставно решение на овој проблем е ширум да отворите неколку прозорци, за да излезат надвор тие загадувачи на воздухот. Нека бидат отворени доволно време за да влезе свеж воздух во домот. Доколку времето е ладно, затворете ги и за кусо време повторно отворете ги, за да циркулира свежиот воздух во вашиот дом, објаснува авторот на студијата.rn
Консумирајте малку ѓумбир
rnДодадете ½ кафено лажиче ѓумбир во прав во вашата дневна исхрана и можете да ги сотрете дури и хроничните главоболки за само една седмица, велат истражувачите од Меморијалната болница Манчестер, во Конектикат. Причината за тоа велат дека лежи во состојката гингерол. Данските истражувачи го посочуваат ѓумбирот како моќен антивопспалителен корен, кој хемиски слично реагира на блокирањето на главоболката како дејството на леукотриени во мозокот, состојка која е присутна во аспиринот.rnrnСовет: консумирајте го ѓумбирот, додавајќи го како зачин во помфрит, ориз, супа, сосови или едноставно сварете го како чај.rnrn
rn
Носете очила за сонце
rnЕдна од три главоболки е предизвикана или зголемена од нагло изложување на сончеви зраци, велат истражувачите од Универзитетот во Калифорнија. Причината за тоа лежи во тоа што кога светлосните зраци ќе удрат во деликатната ретина во вашите очи, тоа ги активира мозочните нерви за болка. За да не ве заболи глава, ставете очила за сонце пред да излезете надвор во сончевите денови, дури и доколку мислите дека не ви се потребни во моментот.rn
Мирисајте етерично масло од мандарина
rnПотрошете по една минута, три пати дневно, релаксирајќи се со вдишување на слаткиот мирис на мандариновото масло и со тоа можете да го намалите ризикот од тензична главоболка за само една седмица, велат истражувачите од Универзитетот Стенфорд. Ароматичните својства на мандарината го успокојуваат централниот нервен систем, ги опуштаат затегнатите вратни жили и мускулите околу скалпот, а воедно и ја поттикнуваат продукцијата на гама-аминобутерна киселина, која ја намалува болката, вели авторот на книгата „Осум недели до вибрантно здравје“. Одличен лек против главоболка е и чајот од лопен, кој ги стеснува крвните садови и го спречува мускулното воспаление.rnrn
rn
Загрејте ги мускулите пред спортување
rnСпоред истражувачите од Колумбискиот Универзитет, една од четири главоболки на кои се склони жените, се случува како резултат на влетувањето во енергични вежби на телото, без претходно загревање на мускулите. Причината за тоа лежи во рапидната промена во протокот на крв, која може да предизвика болно отекување на крвните садови во мозокот. За да го спречите овој проблем, поминувајте ги првите 10 минути од вашите вежби со полежерно темпо и постепено зголемувајте го интензитетот, велат истражувачите од Колумбија.rn
Почесто јадете вегетаријански оброци
rnКога жените во своите оброци консумираат големи количества овошје, зеленчук, зрнеста храна и житарки, појавата на главоболка се намалува за 70%, а доколку сепак се јават болки, тие се за 66% пократки и полесни, велат докторите од Универзитетот Лома Линда во Калифорнија. Оваа здрава храна, содржи стотици природно антивоспалителни состојки, кои брзо ја спречуваат главоболката.rnrn
rn
Станете кога првпат ќе заѕвони алармот
rnНаспијте се убаво, но не се оптегнувајте долго во креветот. Според истражувачите од Универзитетот во Тексас, 79% од оние кои боледуваат од главоболка се посклони на болка, доколку премногу долго се излежуваат во креветот, дури и ако спијат речиси ист број часови секоја вечер. Исто така, менувањето на часот на будење, има огромно влијание врз функциите на мозокот и грчењето на крвните садови.rnrnСовет: наместете го будилникот да ѕвони приближно во исто време секој ден, дури и за време на викендите.rn
Погрижете се за вашето ‘рчење
rnРечиси 30 милиони Американци се борат со апнеата – кратки паузи во дишењето во текот на спиењето, коешто предизвикува гласно ‘рчење, чувствување замор во текот на денот и непријатни утрински главоболки. Тие прекини во дишењето му овозможуваат на јаглеродниот диоксид да се задржи низ крвотокот, а самото тоа е моќен предизвикувач на главоболка, објаснуваат истражувачите од клиниката „Columbia-PresbyterianEastside“. Доколку ви имаат кажано дека гласно ‘рчите или прекинувате неколку секунди да дишете додека спиете, пријавете го тоа кај вашиот доктор. Ако се погрижите за ‘рчењето, утринските главоболки ќе исчезнат за 2 дена, тврдат колумбиските истражувања.rnrn
rn
Консумирајте мелатонин
rnДури и доколку немате проблеми со ‘рчењето, можеби е паметно да консумирате природен помошник на добриот сон. Во едно бразилско истражување е откриено дека кога пациентите кои се склони на мигрена пиеле по 3 мг мелатонин, 30 минути пред да си легнат, зачестеноста на нивните главоболки и нивото на болката се преполовило. Кај едно од четири лица, овој едноставен третман ги избришал мигрените од нивниот живот, за само три месеци. По сѐ изгледа овој хормон кој го потпомага спиењето, го спречува и еден од најголемите предизвикувачи на мигрената, а тоа е количеството на сон кое луѓето го имаат секоја вечер.rn
Потрошете 30 минути дневно на себе
rnПронајдете 30 минути секој ден за да се релаксирате и опуштите, и ударите во вашата глава може да се намалат за половина за само 2 седмици, велат истражувачите од универзитетот Јута. Наполнете си ја кадата со миризлива купка, длабоко дишете, вежбајте јога, дремнувајте и вметнете ја секоја активност која ве релаксира во вашиот секојдневен распоред.rnrn
rn
Кога е време да се посети доктор?
rnДоколку ниедно од овие решенија не го решава и вашиот проблем, вие веројатно имате мигрена и треба да посетите доктор, кој ќе ја земе под своја контрола. Обратете се на доктор доколку:rn
rn011
- Вашата главоболка трае 4-72 часа.
rn011
- Болката би ја опишале како пулсирање или чукање во главата.
rn011
- Вашата главоболка се влошува кога правите ненадејно движење (како на пример кога се наведнувате да земете нешто од подот).
rn011
- Чувствителни сте на светлина и/или звук, или чувствувате мачнина додека имате главоболки.
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.