КАФЕ ПАУЗА

Tag: етерични масла

  • 7 начини за спречување на главоболката

    7 начини за спречување на главоболката

    Многу секојдневни работи како што се расправиите, обврзувачките рокови, сообраќајниот метеж, недоволното спиење и слично, можат да ни создадат главоболки. Општо земено, главоболките се одговорот кој го добиваме од телото за нанесениот физички или емоционален стрес. Овие стресови можат да предизвикаат грчење на мускулите во главата и вратот и притоа да создадат тензични болки во овој предел. Тие исто така, можат да предизвикуваат стегање, а подоцна и опуштање на крвните садови, што може да создаде мигрена или васкуларна главоболка. Неретко се случува причина за главоболки да бидат и оптоварените или инфицирани синуси.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrnrnСепак покрај големата непријатност кои повеќето од нив ја предизвикуваат, најчесто тие се привремени и можат многу лесно да се излечат и без помош на медикаменти. Пред да пробате проблемот да го решите со апче, обидете се со некој од следниве природни начини.rn

    Чај од ѓумбиров корен

    rnЃумбирот може многу да помогне против мигрената преку спречување синтеза на простагландини (многу масни киселини што се создаваат во човечкото тело и имаат силно физиолошко дејство). Поважно е тоа што, ѓумбирот многу помага во намалување на мачнината која ја создава мигрената. Чајот подгответе го така што, во 250 милилитри вода ќе ставете ¾ ѓумбиров корен и ќе го оставете да се крчка околу 30 минути на пониска температура.rn

    Етерични масла од мајчина душица и рузмарин за масажа на главата

    rnЗа ублажување на главоболката, капнете неколку капки етерично масло од мајчина душица или рузмарин на вашето чело. Протријте нежно за да се впие во кожата, а потоа мирувајте неколку минути. Во една студија направена во 2010 година, истражувачите откриле дека овие масла содржат супстанца која делува  анти-воспалително.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrn

    Етерични масла од пеперминт или лаванда за капење на стапалата

    rnНекои природни исцелители веруваат дека капењето на стапалата може да ви ја намали главоболката. Жешката вода ја повлекува крвта во нозете, намалувајќи го притисокот на крвните садови во вашата глава. Со додавањето на неколку капки етерично масло од пеперминт или од лаванда, можете дополнително да си помогнете бидејќи аромата предизвикува олеснување.rn

    Чај од камилица

    rnПравењето пауза во вашиот презафатен распоред, ќе ви помогне да ја испуштите тензијата која подоцна може да ви предизвика главоболка. Чајот од камилица содржи состојки кои можат да ви ја намалат болката и да ве релаксираат. Сварете шолја чај, употребувајќи една филтер кесичка. Оставете го поклопен десетина минути и по желба заладете со мед. Пополека пијте го топлото чајче, додека се одморате на некое мирно место.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrn

    Магнезиум

    rnИстражувачите велат дека оние кои страдаат од мигрена секогаш треба да го поседуваат овој важен минерал во своето медицинско шкафче. Според истражувањата, овие луѓе имаат ниско ниво на магнезиум во нивниот мозок за време на „нападите“ или пак имаат општ дефицит од магнезиум во организмот. Но, мора да се напомене дека магнезиумот може да предизвика дијареа кај некои луѓе.rn

    Витамин Б2

    rnСпоред една студија, внесувањето 400 милиграми од овој витамин, познат и како рибофлавин може за 50 % да ги намали шансите за мигрена. Кај 60 % од волонтерите кои три месеци редовно внесувале толкава количина од овој витамин, резултатите биле позитивни.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrn

    Екстракт од лопушка (овчарка)

    rnЛековитата тревка наречена лопушка или овчарка претставува ефективно средство кое помага при намалување на главоболката. Се препорачува да се пие 75 милилитри екстракт од оваа тревка за време на првиот месец, а потоа да се пие два пати на ден по 50 милилитри.rnrnДоколку главоболката ви е предизвикана  од вчерашното лудување, тогаш ви треба нешто друго.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.