КАФЕ ПАУЗА

Tag: душа

  • Поучна приказна: Што се случува кога ќе го вклучиме нашето внатрешно светло?

    Поучна приказна: Што се случува кога ќе го вклучиме нашето внатрешно светло?

    Еден човек патувал кон Рим. Тоа е едно од неговите четири свети патувања, на кои тој оди по магична традиција. По 20 дена самотија, почувствувал дека се наоѓа во многу полоша состојба отколку кога тргнал. И покрај тоа што бил изолиран, почнале да го обземаат негативни и злобни мисли.rnrnПоучна приказна: Што се случува кога ќе го вклучиме нашето внатрешно светло?rnrnТокму затоа решил да го побара својот водич и да му раскаже што се случило. Тој ѝ објаснил дека отишол на патување за чистење на душата со цел да биде поблизу до Бог, но по 3 недели се почувствувал многу полошо отколку на почетокот.rn
    rn

    „Сè е во ред со тебе, не се грижи“, му одговорила таа. „Кога ќе го запалиме нашето внатрешно светло, прво ја здогледуваме прашината и пајажината, односно своите слаби точки. Тие отсекогаш биле тука, но досега не сме можеле да ги видиме поради темнината. Но, сега кога можеш да ги видиш ќе ти биде многу полесно да ја исчистиш својата душа.“

  • Будистички изреки за добрата душа

    Будистички изреки за добрата душа

    „Може да добиете илјада победи, ама најголема победа е онаа да се победите самите себеси.“ – Буда

    rnПа да се послужиме со неколку изреки од будизмот и да научиме кои се најголемите доблести на човекот. Ви издвојуваме неколку будистички изреки за добрата душа. Уживајте!rnrnbudistichki-izreki-za-dobrata-dusha-kafepauza.mkrn

      rn011

    1. Најголем успех е несебичноста.
    2. rn011

    3. Најголема вредност е самоконтролата.
    4. rn011

    5. Најголем квалитет е да знаете да им помагате на другите.
    6. rn011

    7. Најголема мудрост е да не дозволите светот да управува со вас.
    8. rn011

    9. Најмагично е да создадете страст.
    10. rn011

    11. Највеликодушно е да не се врзувате.
    12. rn011

    13. Најголемо добро е мирниот ум.
    14. rn011

    15. Најголемо трпение е скромноста.
    16. rn011

    17. Најголем напор е да не ве интересира резултатот.
    18. rn011

    19. Најголема мудрост е да гледате подалеку и подлабоко од надворешниот изглед.
    20. rn

  • 9 работи кои се случуваат по смртта

    9 работи кои се случуваат по смртта

    Автор: Маја ЛинковаrnrnДали постои задгробен живот? Ова е прашање со кое многу луѓе се борат, но одговорот нема да го дознаеме сè додека не исчезнеме од овој живот.rnrn9-raboti-koi-se-sluchuvaat-po-smrtta-kafepauza.mkrnrnИли дали воопшто ќе исчезнеме? Има многу случаи во коишто луѓето тврдат дека починале и го виделе задгробниот живот, а потоа биле вратени во живот. Нивните приказни навистина се фасцинантни, дури и утешителни, а и помалку застрашувачки. Најинтересниот дел е исто така најморничавиот – многу од овие непознати луѓе делат слични искуства додека биле „мртви“.rnrnОва се работите кои тие ги виделе, чуле и почувствувале:rn

    1. Светлината

    rnПоголемиот дел од луѓето кои починале, изјавиле дека ја виделе познатата „светлина на крајот од тунелот“. Тоа е најчестата појава која ја имаат луѓето кога се технички мртви.rn

    2. Можеле да го видат своето тело

    rnМногу луѓе го имаат ова „искуство надвор од телото“ и го гледале своето безживотно тело над нив кога тие биле технички мртви. Тоа значи дека тие биле во бестелесен дух кој лебдел над нивното тело. Тие можеле да видат сè што се случува во собата и кој има во неа. Секој обид да се обнови врската помеѓу свеста и физичкото тело нема да успее, оставајќи ја личноста надвор од себе на неколку моменти.rn

    3. Ангели чувари

    rnМногу луѓе тврдат дека виделе најмалку еден ангел или дух кој ги гледа и се грижи за нив за време на краткото застанување во „смртната бездна“. Некои велат дека духот им помогнал низ задгробниот живот, пред да бидат вратени назад во нивното тело.rn

    4. Посета од мајка си

    rnМногу луѓе кажуваат дека ги посетила нивната мајка преку визија, додека тие биле на нивната смртна постела.rn

    5. Гледале починати роднини

    rnАко имате големо семејство, подгответе се да ги видите во задгробниот живот. Многумина кои починале и се вратиле повторно назад во живот, велат дека ги виделе своите починати роднини додека застанувале во задгробниот живот.rn

    6. Животот им поминувал пред очи

    rnПодгответе се одново да ги преживеете вашите најдобри и најлоши моменти. Многу луѓе си го гледаат животот пред очи во моментот пред да настапи смртта или дури и откако ќе преминат на другата страна. Ќе ги видат нивните достигнувања и нивните спомени им се појавуваат пред очите, како слајдшоу од својот живот.rn

    7. Можеле да ги видат и чујат сите

    rnМногу луѓе раскажуваат дека можеле да ги видат луѓето кои биле со нив во собата и се труделе да контактираат со нив, но не можеле да им одговорат бидејќи нивното тело било безживотно, а нивниот дух/свест останувал буден. Секој обид да се стапи во контакт со луѓето околу нив бил залуден.rn

    8. Мир

    rnМнозинството починати кои повторно оживеале, рекле дека почувствувале чувство на мир и спокој. Тоа било толку моќно и убаво чувство што душата/свеста не знаела како да го разбере тоа смирувачко искуство.rn

    9. Не сакале да се вратат

    rnСпоред бројни извештаи, смртното искуство е толку смирувачко и спокојно, така што многу луѓе кои го искусиле не сакале да се вратат во будниот живот. Замислете како чувствувате нешто толку добро, така што не сакате да се вратите назад во животот со кој сте се бореле многу напорно за да го одржите.rnrnВо текот на овој живот, може никогаш нема да дознаеме што се случува кога умираме. Можеби ќе има светлина и многу луѓе кои ги сакаме… или можеби само ќе се чувствуваме среќни, сакани и топли. Но, една работа е сигурна. Ако една личност почине и почувствува како да била во рајот, за потоа да биде истерана и вратена назад, по тоа сигурно ќе се чувствува како во пекол.

  • Како да знаете дали имате стара душа?

    Како да знаете дали имате стара душа?

    Некои луѓе не се осамени или антисоцијални, туку едноставно имаат стара душа. Стари во срцето, стари во умот и душата. Луѓе кои многу поразлично и позрело гледаат на светот од останатите уште од рана возраст. Живеат мирно, ја следат интуицијата и се полни со емпатија спрема другите. Покрај овие, прочитајте ги и другите карактеристики кои ќе ви потврдат дека имате стара душа.rnrnКако да знаете дали имате стара душа?rnrn1. Размислувате премногу за сѐ. Секогаш се трудите да најдете подлабоко значење во сите персонални врски, среќавања со непознати луѓе и она што ве опкружува воопшто.rnrn2. Уживате во самотијата и тоа време го користите за размислување за животот и сѐ што ви се случува. Постојано барате повисоко духовно разбирање на нештата и сте неверојатно интроспективни.rnrn3. Отсекогаш сте биле презрели за годините. Во детските години сите ви кажувале колку сте пред својата генерација и веројатно повеќе сте уживале во разговорите со возрасните отколку во оние со врсниците. Тоа не значи дека не сте знаеле како да се забавувате како дете, туку дека сепак повеќе сте се пронаоѓале во размислувањата на поголемите од вас.rnrn4. Наоѓате задоволство во малите нешта како пиење шолја убаво кафе, читање весник, појадок со пријателите, готвење или читање книга.rnrn5. Имате филозофски поглед на животот и многу подлабоко го разбирате светот од останатите. Кога сте соочени со одреден проблем на него гледате како искуство од кое можете нешто да научите и сметате дека секоја борба е само неизбежен дел од целото патување наречено живот.rnrn6. Не обрнувате многу внимание на материјалните вредности. За вас личните врски и искуства се многу поважни од нив.rnrn7. Се трудите во целост да ги искористите вашите таленти и уживате да се изразувате себеси преку пишување, сликање, музика и слично.rnrn8. Чувствителни сте и духовни по природа. Секогаш се трудите да ја следите интуицијата бидејќи ретко кога ве изневерила. Едноставно ги „чувствувате“ работите и можете лесно да ги прочитате другите луѓе.rnrn9. Чувствувате како повеќе да припаѓате на некоја друга мината ера на живеење и многу се интересирате за уметноста, историјата и културата токму од тој период.rnrn10. Дури и ако имате широк круг на пријатели и познаници, отсекогаш сте се чувствувале малку поразлично од другите. Тоа не значи дека сте самотник, туку дека во поголем дел од времето навистина уживате да сте сами со себе, а со тоа и совршено ја разбирате разликата меѓу осаменоста и самотијата.rnrn11. Каде и да одите, другите едноставно сакаат да зборуваат со вас. Има нешто во вас што ги прави сигурни да ви се доверат по само неколку минути од запознавањето.rnrn12. Понекогаш чувствувате како да сте одделени од „вистинскиот свет“. Забележувате разлика во начинот на кој вие размислувате за парите, добрата, врските итн. во однос на општоприфатениот став кој повеќето луѓе го имаат. Со тоа не сметате дека сте подобри, туку само поразлични.rnrn13. Имате висок степен на емпатија, лесно ги прифаќате другите и ја разбирате важноста на простувањето. Поради ова пријателите неретко ве прашуваат за совет или ви доверуваат тајни, кои никој друг не ги знае. Тие знаат дека ќе ги сослушате без да ги осудувате.rnrn14. Уживате во навидум незначајните моменти од животот кои на другите можеби им се чинат старомодни. Како на пример, одење во природа за време на викендите, комуницирање преку писма со пријателите кои живеат во подалечни места и слично.

  • Соба без книги…

    Соба без книги…

    „Соба без книги е како тело без душа.“

    rnСоба без книги...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ренесанса на душата

    Ренесанса на душата

    Знаете што не е фер? Цела недела куќата да ти мириса на највкусни велигденски специјалитети, а ти да не смееш да пробаш ништо од тоа. Се работи за јак карактер или фактот што ќе добиеш по рака со дрвената лажица ако посегнеш по нешто предвреме? Па доаѓа Велигден и се давиш во руска салата… или што и да е тоа што ти е омилено. Јас сакам да предложам еден договор. Ќе бидам умна, послушна, а за возврат сакам да можам да јадам сè и сешто без да накачам некое килце плус, нека биде како договор со Дедо Мраз за Нова година. Само не знам каде да се обратам и да го предложам договоров, ама во секој случај мислам дека е добра идеја…Ренесанса на душатаКога станува збор за празниците, не мора да излегувам од дома за да најдам инспирација или да соберам податоци. Тука е мајка ми. Експерт за сè живо и неживо, за сè што лета, оди, се јаде… Детален познавач на секоја област, секогаш подготвена да даде подробни информации, и најважно од сè – секогаш е во право, а спротивното е невозможно да се докаже. Не, сериозно, за нејзините познавања од областа на верата и духовноста ѝ симнувам капа.

    rnПо разговорот со жената која мора да ме сака каква што сум бидејќи таква ме родила, се прашувам колку сите ние вистински се концентрираме на светоста на празникот? Во целата збрка да се исчисти домот, секоја да се покаже колкава домаќинка е, да се вапсаат јајцата, да се оди по гости и во црква бидејќи таков е адетот, кој колку обрнува внимание на сржта на овој ден?rnrnСтанува збор за ден кој е симбол на вечниот живот, на надежта и бесмртноста. Јас лично го доживувам како ренесанса на душата. Нова шанса, нов почеток, повторно раѓање. Ден кога те обзема сета светост и кога се ежиш од биењето на камбаните или кога Џокси ја пее „На Велигден“. Кога кршењето со јајца е толку забавно и предизвикува во тебе да се разбуди натпреварувачкиот дух – твоето јајце да биде кршалче. И плус, секогаш е во пролет, уште една поврзаност со симболите за преродба. Колку е прекрасно тоа?rnrnСега се прашувам, дали вербата денес е потценета? Во денешно време, со таков напредок на технологијата и медицината, со такви достигнувања, дали да се бара од нас да веруваме во нешто што не го гледаме е премногу? Но да ве прашам нешто, ја гледате љубовта? Не, но сепак верувате во неа, бидејќи ја чувствувате кон семејството, пријателите, сопругот или сопругата. Нели тие нешта кои не се гледаат, не може да се допрат, но се чувствуваат, се најсвети и најмили?rnrnМожеби треба да престанеме да бидеме самобендисани, да се доживуваме себеси како да сме семоќни и како да никој не ни може ништо. Вистината е сепак, дека времето лета, дека вербата ѝ е потребна на душата, дека треба да постојат вакви денови кога ќе се сетиш на твоите пријатели и роднини, поблиски или подалечни. На некој на кого му треба помош, на некој на кого одамна или воопшто не сте му кажале што чувствувате. Нека овој ден биде поттик за сите нас да ја покажеме нашата љубов и верба.rnrnСрцата се кршат и луѓето се забораваат поради зборови кои остануваат некажани. Кога последно сте му се јавиле или сте го посетиле вашиот стар дедо и сте му кажале колку го сакате и почитувате? Кога последно сте ја прегрнале вашата мајка или вашата пријателка и сте ѝ кажале колку ви е мило што ја имате во својот живот? Мислам дека сите ние би требало да го сториме тоа што поскоро. Нам не ни текнува додека нештото не го изгубиме и не почне страшно да ни недостига. Тоа е проблемот со нас луѓето…rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Книгите како храна за душата

    Книгите како храна за душата

    Автор: Маја КузмановскаrnrnПочетокот секогаш е најтежок. Изборот на зборови во некои ситуации е потежок од кој било почеток. Додека се обидувам да си ги соберам растурените мисли, пред очите ми излегува нотесот со зелени корици, каде што сум запишала еден цитат од „Планетата на неискуството“, првата книга на младиот македонски автор Гоце Смилевски:rn

    „Ми се измолкнуваш како сон додека се будам, како расказ кој го носам во себе, а не можам да го уловам во мрежата на зборовите“.

    rnКнигите како храна за душатаrnrnВеќе почнувам да ја осознавам мојата интимна и длабока врска со книгите, неверојатната и магична поврзаност со испишаните страници и „живеењето“ во кожата на авторот. Сега јас сум таа која се обидува да пронајде зборови, да ги смести на хартија и да им даде живот.rnrnБи ја започнала приказната со спомени од училишните денови. Во седмо одделение, веднаш по завршувањето на зимскиот распуст, класната која предаваше македонски јазик, во обид да ја искаже својата лутина и гнев поради тоа што сме прочитале одвај две-три книги за време на празниците, со повишен тон почна да чита еден текст на Бранко Копиќ. Во текстот, авторот кажува дека книгата ја победува смртта, го победува просторот. Ни ги доловува неговите средби со Езоп и Марк Твен и „патувањата“ во далечните земји.rnrnНеколку години подоцна, чувствувам огромна благодарност кон Копиќ. Ме „натера“ да пијам чај со Фројд, да сонувам за љубовта читајќи ја „Дениција“ на Петре М. Андреевски, да согледам колку присутно може да биде нечие отсуство. Започнав да верувам во судбина и случајности, сочувствувајќи со Невена од „Тунел“ на Андреевски, волшебникот со перо. Тој ме соочи и со суровата реалност, македонското проклетство секоја жена да чека некого. Но, нему му се спротивстави Симон де Бовоар, која ми шепна дека ниту една жена не заслужува да биде скршена, таа мора да има посебно место во светот каде што владеат мажите.rnrnВо пркосот на младоста, се сретнав и со типичната американска психологија преку десетици книги кои алудираат на тоа дека ние, жените, сме од Венера, а мажите се од Марс. Но, „Скицата за првото писмо до Ема Гермова“ на Гане Тодоровски, „Љубовница“ на Блаже Конески, „Канционерот“ на Петрарка ме помирија со фактот дека сите, и мажите и жените, сме од Земјата и дека љубовта е највозвишеното нешто што може да му се случи на секој човек.rnrnТука би го сместила и Ерик Фром и неговата „Вештина на љубовта“, каде што се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат две индивидуи.rnrnПак ќе се навратам на моето детство. До денес, на полиците преполни со книги, почесно место имаат „Црвенкапа и Волкот“ и „Девојчето со кибритчињата“ на данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен. Можеби ако само прелистував, тогаш сказните со принцот на бел коњ ќе го имаа почесното место. Но, овие две навидум детски книги во себе носат силна метафора, идејна порака за возрасните. Првата за тоа дека постојат пресвртни моменти во која било приказна, а втората дека има приказни и со тажен крај, асоцира на некоја космичка поврзаност, но и на нехуманоста на луѓето.rnrnКога сум веќе кај метафорите, нефер би било да не го споменам Милан Кундера. Во „Неподносливата леснотија на постоењето“ ме става пред една важна претпоставка:rn

    „…метафорите се опасна работа, не е препорачливо да се игра со нив. Љубовта може да се роди и од една метафора“.

    rnСо таа книга Кундера во мојот свет внесува слика за метафорите, идеи за размислување. Кундера ми покажа колку различни биле живеењето и живуркањето.rnrnПонекогаш, јас и книгите не сме совршен пар. Имаме огромни проблеми кога патуваме. Во куферите нема место за сите, а не сакам кавги со новите, со оние корици меѓу кои суштествува некој или нешто, а кои треба да бидат донесени од далечните градови. Но, и во најголемиот, најосветлениот град се појавува босанскиот поет Јован Дучиќ, кој апсолутно тврди дека во еден мал роман има повеќе љубов отколку во еден голем град.rnrnИма една книга од која не би се одделила, која ја читам и препрочитувам. Неа ниту пламени не би ја уништиле. Да, зборувам за волшебната „Вештица“ на нашиот Венко Андоновски. Ако бев актерка, ќе сонував да ја оживеам Јована на театарските штици. Хранејќи си ја душата со зборовите на Андоновски ја откривав светлината и сенката, казната и наградата, љубовта и лудилото, животот и смртта, гордоста и стравот, страста и храброста, вербата и иронијата, времето и вечноста…rnrnСи ги наредив зборовите, внесов хармонија, но создадов неред на полиците каде што „живеат“ моите книги. Но, јас го обожавам тој неред: белешки на маргините, фотографии кои служат како обележувачи на страни, посвети од автори, убави пораки на подарените книги, подвлечени реченици и по некоја моја мисла или коментар. Ете, затоа никој не би ја уништил мојата поврзаност со пишаниот збор. Тој е единствениот кој може да ме истрпи во сите мои пројави: кога сум вљубена, насмеана, добро наспана, но и гневна, уморна или збунета.rnrnЈас и пишаниот збор сме одличен пар. Знаеме да направиме договор, да имаме разбирање. Некој некаде запишал:rn

    „Носи го стариот капут, но купи си нова книга“.

    rnНо, која девојка не би сакала нов капут секоја сезона!? Ете, тука е нашиот компромис и разбирање со пишаниот збор: капут на распродажба и книга на саем, затоа што корицата и цената на книгата не се показател за она внатре, она што живее меѓу страниците, во редовите и (не)мирот кој се пронаоѓа таму.

  • Африка низ прекрасни портрети на локалните жители

    Африка низ прекрасни портрети на локалните жители

    Велат дека очите се прозорец на душата и тоа дефинитивно го потврдуваат прекрасните портрети на холандскиот фотограф Марио Герт. Погледите и изразите на лицата на локалните жители во разни предели од Африка доловуваат цели животни приказни, а самиот фотограф успева да ги пренесе со многу емоции. Луѓето се сликани во нивната традиционална облека, меѓу нив има мажи и жени на различни возрасти, па сето тоа на некој начин ја прави секоја фотографија посебна. Марио во целост ја прикажува моќта на фотографијата кога станува збор за пренесување емоции.rnrnАфрика низ прекрасни портрети на локалните жители Африка низ прекрасни портрети на локалните жителиАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиrnrnОсвен талентиран фотограф, Марио е и голем авантурист, всушност оваа фотосесија настанала благодарение на неговата љубов кон патувањата. На 27 години тргнал на пат околу светот на неговиот велосипед, па возејќи од Кејптаун кон Каиро имал можност да се запознае со убавините на Африка. Освен фасцинантната природа, она што најмногу го воодушевило биле и луѓето од разни племиња и нивниот номадски живот. По неговата прва посета Марио се вратил назад во Африка уште осум пати за да направи нови фотографии како дел од неговиот проект „Африкански портрети“.rnrnАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиrnrnЗа својата фотосесија Герт вели дека има за цел да ја зачува, на некој начин, културата на луѓето коишто ги сретнал при неговите патувања. Според него, многу од племињата со кои се запознал нема да постојат за некои 25 години и затоа сакал да ги овековечи онака како што изгледаат денес. Тврди дека никогаш не ги подготвувал луѓето кои ги избирал за сликање и секогаш се фотографирани онака какви што биле кога ги сретнал.rn
    rn

    „Облечени во животинска кожа, школки, листови, овие луѓе беа украсени со природа, што е сосема спротивно од она што го правиме ние. Сакам луѓето да застанат пред овие фотографии и да погледнат длабоко во нивните очи, прозорците на Африка.“

    rnПод „ние“ секако мисли на западната цивилизација, а особено ова го нагласува за Европејците и смета дека воопшто не сме благодарни за она што го имаме, за разлика од Африканците.rnrnАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиАфрика низ прекрасни портрети на локалните жителиrnrnВизијата на овој амбициозен фотограф е да ја смени барем малку перцепцијата на светот за Африка – континентот на хаосот. Герт тврди дека реалноста е сосема спротивна од стереотипот и „модерните номади“ облечени во фармерки, со смартфони и секогаш во брзање треба да бидат свесни и да го ценат начинот на живот на овие луѓе.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува со душата после смртта?

    Што се случува со душата после смртта?

    И денешната генерација научници упорно се обидува да ја расчисти мистеријата која ја опкружува смртта. Ова се нивните засега најиздржани научни теории за тоа што се случува со човекот кога срцето ќе престане да чука и мозокот ќе престане со работа.rnrnШто се случува со душата после смртта?rn

    Ништо не се случува

    rnД-р Венди Рајт, невролог на Универзитетот Емори е во редот на научното мнозинство кое тврди дека после смртта не се случува ништо спектакуларно. Тоа што некои пациенти гледаат светло, ги среќаваат блиските и чувствуваат мир, е само трик на мозокот предизвикан од испуштањето на ендорфинот, хормонот на среќата и задоволството.rn

    Душата може да се одвои од телото

    rnСпоред д-р Брус Грејсон, психијатар на Универзитетот во Вирџинија, умот може да функционира независно од телото. Својата теорија ја темели на неговите истражувања над пациенти кои имале т.н. блиски средби со смртта, во кои искусувале патување кон светлина проследено со неверојатен мир, љубов и чувство на напуштање на физичкиот свет. Многу други психијатри и невролози ваквите искуства ги припишуваат на халуцинации кои се случуваат поради огромниот стрес во такви моменти. Но, според д-р Грејсон тоа не е издржано бидејќи таквите искуства пациентите ги имале во моменти кога мозокот воопшто не им работел.rnrnШто се случува со душата после смртта?rn

    Никогаш не умираме

    rnЕкспертот по биоцентризам Роберт Ланза тврди дека времето и просторот не постојат во објективниот свет, туку се само алатки во нашата глава кои ни служат за да го мериме и да го разбереме светот околу нас. Оттука, не може да се тврди дека постои парче од времето во кое сме постоеле. Всушност никогаш вистински не умираме, смртта е само рестартирање на животот со нови можности.rn

    Душата слободно патува во космосот

    rnСпоред научниците Стјуарт Хамероф и Роџер Пенроуз, одговорот на ова древно прашање лежи во одредени структури кои се наоѓаат во мозочните келии, а кои во себе носат информации кои даваат свест и не можат да бидат уништени. Според оваа теорија, кога телото умира, тие структури во мозочните келии ја губат квантната состојба, а информациите се ослободуваат и патуваат слободно низ универзумот. Ако лекарите успеат да го вратат телото во живот, тогаш и информациите се  враќаат во него, а човекот тоа го доживува како блиска средба со смртта.

  • Извадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Тео

    Извадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Тео

    Покрај бројните слики и скици, за животот на чудниот гениј Винсент Вилем ван Гог говорат и околу 900 писма, кои според историчарите на уметноста, ги напишал во периодот од 1872 до 1890 година. Најголемиот број, односно 600 од нив биле адресирани до неговиот брат Теодор, од кого ја добивал најголемата емоционална и финансиска поддршка. Му пишувал за очајот, бедата, сиромаштијата, лудилото, оптимизмот…rnrnПрочитајте еден мал дел од пораките на уметничката легенда, извадени од писмата до Тео.rnrnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Сликањето е како да имате лоша љубовница, која троши, троши и никогаш не ѝ е доволно…“

    rnrn

    „Совеста е човековиот компас. Иако, иглата понекогаш отстапува и често има неправилности во насочувањето на курсот, сепак мора да се обидеме да го следиме.“

    rn

    „Човек може да носи голем оган во душата, а никој да не може да се стопли од него. Минувачите не гледаат ништо, освен малку чад што излегува од оџакот и секој заминува по својот пат. Што да се прави тогаш? Да го одржуваш ли огнот во душата, да ја носиш ли солта на земјата со себе, трпеливо, но и со какво нетрпение!? Да чекаш, да го чекаш часот кога некој ќе дојде, ќе застане покрај тебе и ќе остане. Знам ли? Се надевам дека секој што верува, ќе го дочека тој час…“

    rn

    „Природата секогаш започнува со пружање отпор кон уметникот, но тој што сериозно ја сфаќа, нема да биде обесхрабрен.“

    rn

    „Знам и сигурен сум дека имам инстинкт за боја и дека тој сè повеќе и подлабоко ќе навлезе во сржта на моите коски.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Имам чувство дека историјата на луѓето е како историјата на житото. Ако не те посадат во земјата за да изртиш, ќе те сомелат за да станеш леб.“

    rn

    „Задоволен сум до некој степен, што не сум учел сликарство. Тогаш можеби ќе научев да ги одминувам ефектите, а сега си велам, токму тоа ми треба. Ако не може – значи не може, но сепак ќе се обидам, макар и да не знам како да го направам тоа. Како цртам, ни сам не знам. Седнувам со белата табла на некое место што ме освојува, го набљудувам тоа што е пред моите очи и си велам, од оваа бела табла треба да излезе нешто. Потоа се враќам незадоволен дома, ја фрлам таблата настрана и откако ќе одморам малку, пак ја земам и ја набљудувам со некаков страв. И повторно се јавува незадоволство, затоа што чудната природа е сè уште премногу жива во мојата меморија за да можам да бидам задоволен, но сепак, гледам во својата работа некаков одраз од тоа што ме освоило, гледам дека природата ми проговорила, ми кажала нешто и јас сум го стенографирал тоа.“

    rn

    „Човекот мора да научи да чита, исто како што мора да научи да гледа и да живее.“

    rn

    „Не можам да престанам за мислам дека најдобриот начин да го запознаеш Бога е да сакаш многу работи. Сакај го овој пријател, оваа личност, овој предмет… и ќе бидеш на правиот пат да го разбереш подобро.“

    rn

    „Луѓето се често неспособни да направат било што, заробени се во не знам каков вид на ужасен, ужасен, о колку ужасен кафез.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Да научиме да страдаме, без да се жалиме, да научиме да гледаме на болката без одбивност. Токму од тоа човек ризикува да му се сврти во главата. И, сепак, понекогаш не обзема смртно претчувство дека можеби на другата страна на животот ќе најдеме доволно оправдувања за постоењето на болката, која гледана оттука, понекогаш го пополнува хоризонтот и расте до размери на безнадежен потоп. За сето тоа знаеме многу малку и затоа подобро да гледаме некоја ливада со жито, дури и таа да е само на слика.“

    rnrn

    „За животот знаеме толку малку, што дури и не ни прилега да судиме што е добро, а што лошо, праведно или неправедно. Да зборуваме дека човек е несреќен,  бидејќи страда, е исто како да тврдиме нешто сè уште е недокажано. Така да прифатете ги работите такви, какви што се, чекајте со надеж и вооружете ја својата душа со долго трпение и добра волја, како што вели една многу стара поговорка. Оставете природата да го стори своето.“

    rn

    „Платното има идиотски поглед, ги хипнотизира уметниците толку многу што и тие самите се претвораат во идиоти.“

    rn

    „Самиот живот, исто така, е вечно кружење и бескрајна празнина, депримирачка празна страна на која ништо не се појавува, исто како и празното платно. Но, без разлика колку е празно и залудно, и колку „мртов“ може да биде животот, оној што има верба, енергија, топлина, оној кој знае нешто, нема да се откаже толку лесно.“

    rn

    „Сликарите ја разбираат природата, ја сакаат и нè учат како да го видиме тоа.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rn

    „Постојат два начини на размислување за сликарството, како да не се направи и како да се направи. Како да се направи со многу цртање и со малку боја и како да не се направи со многу боја и со малку цртање.“

    rn

    „Ако некој сака да биде активен, не смее да се плаши дека ќе згреши, не смее да се плаши да направи грешка понекогаш. Многу луѓе мислат дека ќе станат подобри единствено и само ако не направат никакво зло, но тоа е лага. На тој начин ќе бидат во стагнација, во медиокритизам.“

    rn

    „Причината зошто немам постојана работа и зошто со години сум немал постојана работа, е доста едноставна. Моите идеи се разликуваат од оние на господата. Тие ја даваат работата на поединци кои го делат нивното мислење. Нивниот прекор не се должи на мојот изглед. Причините се многу подлабоки, ве уверувам.“

    rn

    „Продолжи понатаму, продолжи што и да се случи. Но, запрашај се која е твојата крајна цел. Таа цел ќе стане појасна, ќе се оствари полека, но сигурно, како што цртежите се претвораат во скици, а скиците во цртежи, преку сериозна работа и разработка на оригиналната нејасна идеја и преку консолидација на првата краткотрајна и минлива мисла.“

    rn

    „Јас не сум му пријател на денешното христијанство, иако неговиот основач беше возвишен.“

    rnИзвадоци од писмата на Винсент ван Гог до неговиот брат Теоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.