КАФЕ ПАУЗА

Tag: дрвја

  • Најстрашните шуми во светот

    Најстрашните шуми во светот

    Да не беа страшните и морничави шуми, Ивица и Марица никогаш немаше да си имаат проблеми со лошата вештерка, но ни Снежана никогаш немаше да ја спасат седумтте џуџиња. Навистина не можеме да ги обвиниме браќата Грим и сите други кои наоѓале инспирација низ густите дрвја, необичните суштества и страшните звуци зашто на крајот на краиштата, шумите знаат да бидат едно навистина морничаво место. Само погледнете ги овие подолу и ќе биде доволно да ја изгубите желбата за кампување некое време!rn

    Аокигахара (Aokigahara), Јапонија

    rn(1) Најстрашните шуми во светот Позната како „Шума на самоубиствата“ ова морничаво место се наоѓа во северозападниот дел од планината Фуџи и дефинитивно претставува едно од најзлокобните места во светот. Се верува дека под тлото постојат огромни количества на железо кои им сметаат на компасите и на тој начин огромен број луѓе се губат низ густата шума. За жал, името кое што го добила не е случајно, во оваа шума се забележани преку 500 самоубиства од 1950 година.rn

    Црна шума (Schwarzwald), Германија

    rnТокму од ова место браќата Грим ја црпеле својата инспирација, а лесно може да се забележи и зошто. Се наоѓа по течението на реката Рајна во југозападна Германија и изгледа токму онака како што сме ја замислувале од приказните – огромни, густи дрвја од кои едвај се пробива некој зрак. Оваа шума е идеално игралиште за митолошки суштества како вештерки, волшебници, врколаци и секако добрите џуџиња. Позната е по прекрасните, бајковити дворци, водопадите, езерцата, зимските пејсажи и секако легендите за изгубени кампери, духови и злобни суштества. Всушност постои и книга – „The Necromancer“ (1974) во која се собрани сите морничави приказни, случаеви и митови поврзани со ова место.rn

    Островот на куклите (Isla de las Munecas), Мексико

    rnНајстрашните шуми во светотЗамислете си убав сончев ден, спремни сте за излет, се шетате низ убавата природа и случајно се губите во некоја шума. А во шумата – нормално дрвја, а на дрвјата – кукли. Без очи, без раце и без нозе, распарталени и извалкани. И не, не е сцена од хорор филм, ова место е доста познато и популарно привлекувајќи голем број посетители желни за малку мистерија, адреналин и страв во коски.rnrnСе вели дека оваа бизарност започнала кога Дон Хулијан Сантана, единствениот жител на овој чуден остров, пронашол удавено девојче во реката кое во рацете држело кукла. Во чест на малото девојче Дон Хулијан ја закачил куклата на дрво близу реката, но краток период откако го направил тој чуден гест и самиот бил пронајден мртов во истата река. Оттогаш, илјадници кукли се пронајдени како висат од гранките на дрвјата распределени низ целиот остров.rn

    Хоја Бачиу (Hoia Baciu), Романија

    rnНајстрашните шуми во светотРоманија е позната по богатиот фолклор, а со тоа и бројните легенди, сказни и митови, но случувањата во оваа шума дефинитивно не се само плод на фантазијата на локалните жители. Иако Трансилванија отсекогаш била асоцијација за морбидни дворци и аристократи желни за крв, сепак оваа шума има сосема поинаква приказна. Во самото срце на оваа шума се наоѓа необично, кружно поле за кое многумина веруваат дека е некаков вид порта до некој друг свет, место на кое слетуваат НЛО, па дури и дом на сите изгубени души кои никогаш не го пронашле патот надвор.rnrnПостојат голем број документирани фотографии и видеа токму од оваа област од чудни, неидентификувани објекти, па шумата Бачиу со години наназад е омилена дестинација на сите вљубеници во надреалното. Самиот изглед на областа е навистина необичен, дрвјата имаат чудна, искривена форма, светлината и звуците ги плашат посетителите и згора на сè, оние кои подолго престојуваат често завршуваат со вртоглавици и халуцинации. Геолозите голем дел од овие феномени ги припишуваат на огромното количество на бакар кое го има во овој предел.rn

    Вичвуд (Wychwood Forest), Англија

    rnНајстрашните шуми во светотПриказните за овој предел се поврзани со огромен број различни паранормални активности и случаеви. Посетителите кои имале можност да ја истражат оваа шума тврдат дека имале чувство дека некој ги набљудува и следи, а голем дел од нив, иако биле сами почувствувале дека некој ги допира. Чудни звуци и игра на светлина, ехо на кочија и коњ што трча, и секако легенда за дамата Ејми Робсарт – девојката која го изгубила својот живот во шумата, го прогонувала својот маж после смртта и ја предвидела неговата. Забавно нели? А да, евидентирани се сведоштва од љубители на мистеријата како покрај нив поминувала кочија која ја возел маж, а на неа стоеле две деца кои плачеле. Што повеќе може да побара човек од една опседната шума?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разнобојните дрвја во Колорадо

    Разнобојните дрвја во Колорадо

    Со изразито бели стебла и листови кои магично ја менуваат бојата, јасиките претставуваат прекрасна глетка за секој, а неверојатна инспирација за фотографите. Тие ја менуваат бојата од летно зелена, светло златна, па сè до јако црвена. Ова е причина што многу туристи го посетуваат Колорадо наесен со цел да ги фотографираат овие дрвја додека се случува промената.rnrnРазнобојните дрвја во КолорадоrnrnНајдобриот период за ова е од средината на септември до средината на октомври кога всушност лисјата паѓаат. Во овој кус период, кој може да трае и само една недела, листовите се менуваат, а благодарение на фотографите имаме можност да ја забележиме таа промена и да се воодушевуваме на боите со кои нè зашеметува природата.rnrnРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоrnrnФотографот Џои Моран изгледа бил најсреќен од сите. Тој успеал да ги фати сите бои одеднаш. Тој за неговата слика (најгоре) вели:rn
    rn

    „Виножито од бои на група јасики близу Аспен, Колорадо. Есента во Аспен е нешто што е многу тешко да се објасни. Толку е убаво, каде и да погледнеш има јасики кои се златни, црвени, портокалови и во многу други бои. Земјата е поплавена со злато од лисјата кои паднале.rnrnЈа забележав оваа група дрвја покрај патот. Тоа беше најдобрата комбинација од дрвја која ја видов на целото патување. Застанав, си ги ставив слушалките и почнав да пешачам. Изгледаше како да е близу, но одев половина час за да стигнам до нив. Бев сосема сам, беше мртва тишина и го застанав за момент. Човеку… ова е убаво! Почнав да сликам, тоа траеше неколку часа и ова е тоа што произлезе.“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

    Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

    Длабоко всадено во Малешевските Планини, на околу 1.000 метри надморска височина, Беровското Езеро е магично во секој период од годината, па и во зима. Имавме прилика да прошетаме во текот на едно убаво сончево зимско попладне, па ќе се обидеме да ви пренесеме дел од она што го доживеавме. Земете длабоко (планински) воздух и подготвени сте за прошетка.rnrn

    Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро
    Панорамска фотографија – кликнете за поголема верзија
    rnrnПатеката покрај езерото нуди одлична можност за рекреативна или за романтична прошетка. Доколку патем сакате да одморите, искористете некоја од клупите на кои ќе наидете.Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езероrnrn
    Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро
    Панорамска фотографија – кликнете за поголема верзија
    rnrnДишите чист воздух, чекорите по подзакашавениот земјен пат, а од вашата лева страна (ако тргнете од горе) блескаат водите на Беровското Езеро одблеснувајќи ги дрвјата на кои и во овој период од годината не им недостига шареноликост. Планинскиот предел е сочинет од комбинација на листопадни и зимзелени дрвја, па есенските бои се комплетно пренесени и во зимската идила, барем додека не ги прекрие снег. Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско Езероrnrn
    Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро
    Панорамска фотографија – кликнете за поголема верзија
    rnrnКога ќе се спуштите до браната, пред вас веќе има широка глетка. Застанете и одморете ги очите, изгубете се во блескавата вода или во високите дрвја кои гордо ја чуваат речиси од сите страни.Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско Езероrnrn
    Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро
    Панорамска фотографија – кликнете за поголема верзија
    rnrn
    Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро
    Панорамска фотографија – кликнете за поголема верзија
    rnrnЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероВо целиот предел има толку многу потенцијал, пред сè заради убавиот воздух и природа, но за жал малку од тоа е искористено. Шетајќи помеѓу дрвјата, ќе стигнете до дел со запуштени вили и куќарки, кои иако прекрасно се вклопуваат во природниот дизајн на пределот, сепак е жалосно да се видат ненаселени, макар од привремени гости за време на празниците.rnrn
    Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро
    Панорамска фотографија – кликнете за поголема верзија
    rnrnЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероОд неодамна, постојат добри услови за сместување на врвот на едно од ритчињата во комплексот Аурора, каде што празничната магија не само што е доловена, туку и природно вклопена во уникатниот амбиент.Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероНека ни е на здравје прошетката!rnrnФотографиите се направени со Canon EOS 450D и iPhone 5. Не е дозволено нивно користење без дозвола.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Герила уметност од дрво

    Герила уметност од дрво

    Томи Крегс е извонреден англиски скулптор кој има моќ на старите дрвја да им вдахне нов живот. Користејќи моторна пила, тој од дрвјата кои веќе паднале од старост или треба наскоро да се исечат создава вчудовидувачки скулптури кои внесуваат необичен амбиент онаму каде што се поставени.Герила уметност од дрвоrn
    rn

    „Додека учев како да користам моторна пила и да сечам дрва, научив многу за дрвјата, за видовите, итн. Почнав да резбам користејќи ги моите вештини со моторна пила и интересот за уметноста од моите школски денови.“ – вели Томи.

    rnГерила уметност од дрвоТој своите дела првпат ги покажал пред жителите на својот роден град Нерсбороу, и тоа на многу мистериозен начин. Едноставно, ги изработил скулптурите со сета своја убавина и ги оставил така да стојат во природата, па кога на нив наишле неговите изненадени сограѓани, предизвикал голема вчудовиденост и љубопитност. За негова среќа, неговите дела многу им се допаднале и побарале да направи уште такви.Герила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрвоГерила уметност од дрво
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Супердрвјата во Сингапур

    Супердрвјата во Сингапур

    Како дел од новиот центар кај заливот Марина во Сингапур се наоѓа прекрасен парк во кој има градини, мостови, патишта високо над земјата и различни видови растенија. Зелениот дел е прогласен како „хортикултурен рај“, но тоа што привлекува најмногу внимание се огромните биоми наречени „Облачна шума“ и „Цветна купола“ каде што се наоѓаат и масивните дрвја кои се вештачки направени.Супердрвјата во СингапурБиомите се со големина колку 4 фудбалски игралишта и полека стануваат дом на 220.000 растенија од сите континенти на нашата планета. Интересен факт за Цветната купола е дека хортикултурниот отпадок се употребува како „гориво“ за генерирање енергија која е потребна за одржување на климата во овој биом.Супердрвјата во СингапурШто се однесува до супердрвјата, тие се со висина од 25 до 30 метри и највисоките од нив се меѓусебно поврзани со мостови каде што има одличен поглед кон целиот парк. Официјалното отварање на паркот било на 29 јуни 2012 година. Погледнете ги и наредниве неколку фотографии од овие фасцинантни структури:Супердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во Сингапур
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Романтичното цветно кралство во Јапонија

    Романтичното цветно кралство во Јапонија

    Цветните дрвја Вистерија, познати како фуџи во Јапонија, се многу популарни во оваа земја.  Се смета дека тие се најстарите цветни дрвја што постојат. Едно од најубавите места на кои можете да ги видите овие дрвја е Цветниот Парк Ашикага, кој се наоѓа во јапонскиот град Ашикага. Во овој цветен парк најмногу преовладуваат сини, бели и розови фуџи дрвја, како и жолтите дрвја laburnum, попознати како златен дожд (јапонски: кингусари), кои личат на жолто обоени фуџи.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnМасивните цветни крошни се протегаат на површина од 1000 метри квадратни. Едно вакво големо дрво во паркот, е старо 100 години и неговите гранки се потпрени на начин, кој формира фантастичен огромен син чадор од фуџи цветови. Воедно, има и цветен тунел од бели фуџи цвеќиња, долг 80 метри, а на тунелот од жолтите кингусари пак, му треба уште неколку години за да прерасне во фактички цветен тунел.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnПокрај фуџите, во овој парк ќе најдете и многу други видови цвеќиња, ресторани, цвеќарници и локални продукти. На ова место доаѓаат многу малку странски посетители, а нема ни описи на таблите на англиски јазик. Цената на влезницата во паркот зависи од годишното време, а чини околу 1000 јени (околу 12 долари) во сезоната кога фуџите цветаат.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnФуџите во Цветниот Парк во Ашикага, најчесто се сосема расцутени на почетокот на месец мај, за разлика од фуџите во Токио, кои цветаат една до две недели пред тоа. Бидејќи овој парк се смета за најдоброто место на кое може да се видат овие цветни дрвја, во сезоната на фуџите има голема гужва од посетители, дури и во текот на работните денови.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во Јапонија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјата

    Како ви звучи идејата да ручате високо во крошната на некое дрво? Оваа интересна идеја може многу брзо да стане вистински хит за организирање романтични ручеци и вечери, а ваква услуга во вакви услови, сега може да ви овозможи само летувалиштето „Six Senses’ Soneva Kiri“ кое се наоѓа на тајландскиот остров Кокс Куд.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаОдморалиштето со 6 ѕвезди, нуди триесетина фантастични вили, но ресторанот сместен 5 метри над земјата помеѓу листовите од бујните дрва со романтичен поглед кон прекрасните песочни плажи, дефинитивно ќе биде голем хит во светот. Додека вие седите и уживате во погледот, вашата храна „долетува“, а нејзе ја носи келнер прикачен на метална сајла.Романтичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаРомантичен ручек помеѓу листовите од дрвјатаrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вертикална шума

    Вертикална шума

    Автор: Горана КоневскаrnrnrnАрхитектот Стефано Боери планира да ја „изгради“ првата и најневеројатна вертикална урбана шума во Милано. Одлична и дефинитивно инспирирачка идеја! Иако често среќаваме одлични идеи кои остануваат нереализирани, сепак, тоа не е случајот и со овој проект. Нацрт планот и буџетирањето се веќе завршени и се поставени првите рамки на проектот.rnrnБоско вертикале ќе чини 6 милиони евра, а тука се планирани не само растенија и дрвја, туку и луксузни апартмани. Секој од апартманите има балкон дизајниран да издржи отприлика 900 мали дрвја и растенија, со тоа што фасадата на зградата ќе биде налик на шума.Вертикална шумаКреаторите на проектот тврдат дека на оваа кула ќе бидат достапни отприлика 10.000 квадратни метри на кои ќе бидат засадени разни видови дрвја, растенија, трева и сл., и ќе придонесат за филтрација на воздухот, задржување на прашината, подобрување на микроклимата, заштедување на енергија, апсорпција на CO2 и сл.Вертикална шумаВертикална шумаСè уште не е утврдено дали шумата ќе биде достапна за прошетки на сите граѓани или само на тие кои ќе живеат во нејзе.rnrnОва е навистина интересно. Да се живее во шума, а сепак истовремено да се живее и во град. Тоа сега ќе стане можност за некои од граѓаните на Милано. Исто така, овој концепт може да придонесе за воведување на повеќе зеленило во градовите при изградба на нови зданија – еден сосема нов правец на екстериерната уметност.Вертикална шумаВертикална шума
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шумска вила со прекрасен поглед кон езеро

    Шумска вила со прекрасен поглед кон езеро

    Оваа компактна, но прекрасно дизајнирана шумска куќа е идеално место за повлекување од бучното секојдневие. Со волшебен поглед кон езерото, едноставно ќе ве остави без здив. Изградена е од дрвен материјал кој совршено се вклопува во природната околина. Сместена е на Олимпискиот Полуостров во Вашингтон и располага со околу 178 квадратни метри. Вилата е проект на „BjarkoSerra Architects“, а за неговата реализација се искористени модерни елементи во комбинација со природно кедрово дрво.rnrnШумска вила со прекрасен поглед кон езероrnrnЕдноставната занесеност на амбиентот и фините простории со огромни прозорци придонесуваат за мирната и топла атмосфера. Шумот на елките, грубите штици, стеатитот и бетонот даваат свој придонес за волшебноста на оваа викенд вила. Но сепак, најуникатна идеја е галеријата за набљудување, која нуди незаборавен поглед кон мирното езеро. За да се изгради куќата, на нејзината локација не биле сечени дрвја ниту пак било уништено земјиштето со цел да се зачувува животната средина. Едноставно, неодоливо!rnrnШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езероШумска вила со прекрасен поглед кон езеро
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни дрвја со несекојдневен облик

    Интересни дрвја со несекојдневен облик

    Автор: Боро МирческиrnrnПриродата дефинитивно може да направи неверојатни чуда. Таков е и случајот со овие дрвја кои природно, сами по себе или со умешноста и со мала помош од човековиот фактор, израснале во неверојатни светски атракции чии фотографии ги преплавуваат страниците од весниците и интернет порталите.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликЗамислете дека сте тргнале на прошетка низ најблиската шума. Шетате неколку часови, уморот ве совладува и наеднаш пред вас се појавува вистинска фотелја направена од дрво. Сигурен сум дека никој нема да ја одмине, а да не седне на оваа природна фотелја и неколку минути да поужива во прекрасната глетка, земајќи здив од долгата прошетка.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликУште поинтересна е ситуацијата кога додека се шетате низ шумата здогледувате некој чуден секси задник. Веднаш ќе помислите дека од долгата прошетка премногу сте се измориле и видот почнал да ви се мати! Не, тоа не е девојка, тоа е сепак само едно дрво, каде природата замешала прсти. А не заборавајте дека дрвото во дворот од вашиот дом може да послужи и за неколку намени, било да е тоа летна кујна или пак надворешен тоалет.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликrnrnДрвјата можат да бидат уште почудни, дури и волшебни, а погледнете ги и најчудните растенија во светот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.