Мозокот ми се буди од зимски сон. Сакам да си ја спакувам росата од тревата и цветовите за да си ја имам преку целата година. И оној мирис на свежо косена трева, или на расцветаните гранки на дрвјата. Пролет да си спакувам во мало кутиче. А мирисот на пролетта делува на тебе како наркотично средство. Колку повеќе и подлабоко го вдишуваш, толку си послободен, помоќен, посреќен. Доза позитива ти струи низ вените и ти се чини дека во моментот можеш да полеташ. Дека сè што е труло ќе се опорави, ќе се исправи, ќе расцвета.rnrn
rnrnШтета што некои работи ги потценуваме.rnrnКако читањето добра книга на балкон. Жешкото кафе во рака со силен мирис кој ти го здрмува мозокот. Или чаша црвено вино додека читаш поезија навечер… Ама најголемата радост е сепак, можноста слободно да го отвориш прозорецот без страв од мрзнење. Го отвораш за да те погали сонцето.rnrnДа ја искористиме пролетта за да ни се разбуди инспирацијата како никогаш порано. Ги креваме чашите и наздравуваме за добрите а и за лошите времиња, за новата брилијантна идеја која се раѓа во овој момент, за возбудата што ја чувствуваме итајќи кон нашите соништа. Наздравуваме за она пријатно чувство на скокоткање во вените од возбуда. За саксиите со цвеќе кои ги извадивме по балконите на виделина сонцето да ги гали. Секое утро нов почеток, секоја пролет преродба. Наздравуваме за оние кои ги сакаме најмногу, за нашите најблиски, за нашите поддржувачи и „хејтери“, за нашите радости и предизвици. Наздравуваме за креативците, за оние кои си го живеат животот по свои правила. За чудните, несфатените, различните.rnrnОваа пролет одбирам да го вдишувам мирисот на расцветаните гранки наместо отровните медиумски информации, да апсорбирам од мирисот на свежо косена трева наместо од изборни кампањи, самата себе да си поставам предизвик и да видам што ќе биде. На крајот на краиштата сè во животот се менува, освен пролетта.rnrnТаа секогаш е најубава.rnrnЗатоа нозете во вис, пуштете си добра музика и скројте си по некој план, зацртајте си некаква цел.rnrnОти има една тајна.rnrnПролетниот воздух е магичен.rnrnДа се чудиш какви сè нешта ти стануваат достижни.rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.