Уметниците постојано изнаоѓаат нови начини за да ја искажат својата креативност. Доколку ја погледнете првата слика, можеби ќе си помислите дека е направена со техниката масло на платно, но всушност се работи за вистински лист земен од природата и детално исецкан до перфекција.rnrn
rnrnЛоренцо Дуран ги собира најидеалните лисја, а потоа ги мие, суши, пресува и нежно ги сече додека не ги претвори во прекрасна уметност. Техниката се базира на правењето исечоци на хартија, која е карактеристична за Кина, Јапонија, Германија и Швајцарија.rnrn

rnrn rn
„Секогаш сечам со скалпел на суви лисја… Сета работа која се состои во сечење, сушење и врамување ја имам научено сам. Имам исечено многу лисја и повеќето од нив завршиле во ѓубре, но полека, полека, развивам метод благодарение на кој тие нема да се кршат.“
rn
rnrn rn
„Целиот процес се состои во: собирање на лисјата, миење, сушење, пресување и сечење. Додека се наоѓаат во пресата, правам цртеж кој го прикачувам за листот пред да почнам да го сечам. На крајот, го одлепувам и токму овој последен чекор е најделикатен бидејќи листот е толку кревок, па повеќедневната работа може да биде лесно уништена само за момент.“
rn

rnrn rn
„Овој процес секогаш резултира со оригинален цртеж и оригинален лист, кој ѝ дава на творбата свој уникатен карактер.“
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.






rn
rn
Еве уште едно големо бомбакс дрво пораснато врз камбоџиски храм (лево), едно во парк во Индија (десно) и во Мексико (долу).
rn
Кога веќе зборуваме за воздушни корења (нозе на дрвото) мора да го спомнеме движечкото дрво кое со своите корења во форма на ногарки изгледа како да оди. Можеби кога ќе зајде сонцето навистина се движи? 🙂
rn
rn
























Позиционирана на врв од рид, помеѓу многу дрвја и фантастична природа, оваа резиденција нуди неверојатен поглед низ прозорците. 
Куќата има специфична и елегантна надворешност. Сопствениците на домот можат навистина да ја почувствуваат природата во нивната куќа, бидејќи таа однадвор и однатре е обложена со ист дрвен материјал.

Исто така, до куќата има уште една градба, чиј кров функционира како место од кое можете најдобро да ја набљудувате природата и сите нејзини убавини, а во зимно време, се претвора во лизгалиште за деца.


rn
rnrnПриказната е едноставна, но тоа е и клучот за добра анимација. Љубов, природа, шаренило, весели бои и ведри сцени… Вистинско уживање во 5 минути. Гледајте го „Rooted“ (Вкоренети)!rnrnrnrnАко ви се допадна ова филмче, гледајте ги и „





Создавачите Метју и Ерика Хоган го создале ова место, не како нивно приватно место, туку како место кое ќе привлекува патувачи и луѓе кои имаат желба тука да живеат постојано. Парцелите се достапни за купување, каде што заинтересираните купувачи можат да се приклучат кон заедницата и да направат своја куќа на дрво. Гостите можат да направат избор, при изнајмување на едно од местата за краток или подолг престој во оваа заедница, која е одлична за повремено избегнување на модерниот начин на живеење.rn
Сепак, не може да се каже дека модерното нема допрено и на ова место. Ограничена електрична енергија, топла вода, па дури и безжична интернет конекција, се можности кои можете да ги добиете во овој центар. Засега поголемиот дел од куќите се поврзани со кабли, иако заедницата постојано гради воздушни мостови, кои моментално поврзуваат помал дел од куќите на дрвјата. Сите овие нешта се прават, благодарејќи на фактот што доаѓаат нови доселеници.rn
На ова место, природата е во фокусот на живеењето. Две реки со кристално чиста вода, врват низ заедницата, а има и големи водопади кои често ги привлекуваат посетителите да скокаат и да нуркаат. Океанот е во непосредна близина, а на само 2 километри има и мал рурален град. Но, најголемо искуство од живеењето во оваа природа, се самите дрвја од шумата. Диви птици, гуштери и мајмуни ги споделуваат живеалиштата со луѓето, давајќи едно поразлично искуство од живеењето со стандардните домашни миленичиња.rn






rn