Автор: Маја ВладимироваrnrnИсторијата на кафето е една долга интересна приказна која содржи многу повеќе од 15 факти. Но, не сакаме да бидеме досадни и да ве пренатрупаме со куп информации, па затоа уживајте во она што го издвоивме за денес.rnrn1. Сè започнува со легендата за разиграните кози… Етиописките овчари први го забележале ефектот од кофеинот, кога ги виделе своите кози како стануваат живи и разиграни после јадењето бобинки од кафените дрвја.
2. Оригинално, кафето се јадело. Африканските племиња ги мешале зрната кафе со масло и притоа добивале енергетски топчиња, кои можат да се јадат.rnrn3. Развојот на Исламот го потпомогнал ширењето на кафето. Религијата го забранувала пиењето алкохол, но кафето се сметало за прифатлив пијалак.rnrn4. Зарем пиењето кафе некогаш било забрането? Во 1675 г. англискиот крал ги забранил кафулињата, тврдејќи дека се места каде луѓето се собираат за да прават заговори против него.
5. 70% од светот го конзумира кафето Арабика, кое е благо и ароматично. Останатите 30% го консумираат кафето Робуста кое има погорчлив вкус и 50% повеќе кофеин од кафето Арабика.rnrn6. Целото кафе во светот се произведува во областа помеѓу северниот и јужниот повратник позната како „Појас на кафето“ (Bean Belt). Хаваи е единствената држава во САД во која се одгледува кафе.rnrn7. Кафето расте на дрвја. Дрвата со кафе можат да пораснат и до 9 метри , но тие се култивирани да бидат високи околу 3 метри, за полесно берење на зрната.
8. Зрното на кафето е всушност семе сместено во сјајна, црвена бобинка.
9. Кафето е втора по ред стока со која најмногу се тргува. На прво место е нафтата.rnrn10. Кафените бобинки се собираат, сушат и чистат сè додека не се дојде до зеленото зрно. После обработката, зрната се печат на 260°С. По неколку минути зрното ќе напукне и ќе се зголеми два пати. Неколку минути после тоа, зрното повторно ќе напукне. Второто напукнување на зрното, веќе значи дека е готово. После ова зрното е веќе подготвено за употреба.
11. Џорџ Вашингтон го измислил инстант кафето? Тој вели: Не е точно! Всушност, белгиец кој живее во Гватемала со име Џорџ Вашингтон го измислил инстант кафето во 1906 година.rnrn12. Еспресото не претставува некаков посебен вид зрно или поинаков процес на печење, туку станува збор за начинот на кој тоа се подготвува: се пушта топла вода под притисок, да протече низ фино одгледаното кафе. rnrn13. Терминот „Американо“ потекнува од Американските борци за време на Втората светска војна. Тие го пиеле еспресото разредено со вода, за да го намалат неговиот силен вкус.
14. Терминот „cup of joe“ исто така доаѓа од Американските војници во Втората светска војна, за кои се смета дека биле големи конзумирачи на кафе.rnrn15. Како кофеинот влијае врз вас? Во вашиот мозок има нешто што се нарекува аденозин и тој сака да комуницира само со одредени рецептори. Кога аденозинот и рецепторите ќе се спојат, тогаш вие станувате поспани. Кога ќе се појави кофеинот, тој го окупира рецепторот, така што аденозинот останува надвор од игра. Дополнително кофеинот го зголемува нивото на допамин. Резултат: вие станувате енергични бидејќи сте под дејство на кофеин.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Слични мрежи од пајажина биле пронајдени и во други делови од светот, но сè уште не е докажано на што се должи овој природен феномен. Освен дека најверојатно се работи за нагон за преживување, научната јавност досега не понудила друго објаснување. Како и да е, оваа ретка појава е најчесто поврзана со водата.rnrnСпоред некои мислења пак, се работи за посебен вид пајаци, кои се обединуваат за да заробат повеќе плен, кој потоа го делат меѓу себе, додека поплавата била само коинциденција.



rnrn



















rnrn
Маури започнал да ја гради конструкцијата во 2001 година, но за жал починал во 2009. Катедралата била завршена во 2010 за да сведочи за неговото визионерско дело. Катедралата е долга 27 метри, широка 24 метри, а висината ќе се движи од 5 до 21 метар.



rnrn
За тоа е виновен јапонскиот архитект
Уникатното чувство доаѓа и од фактот дека архитектот Кондо сакал природата и челичната патека да ги спои во едно, па затоа таа не е потпрена на ниту еден столб, туку на самите дрвја.
Лебдечката шумска патека била изградена како дел од фестивалот на урбани инсталации по повод статусот на Талин како град на европската култура за 2011 година, а е долга 95 метри.
rnrn
Годишниот циклус на развиток на растенијата започнува со ‘ртењето на семето и формирање на органите за вегетативно размножување и завршува со формирање на репродуктивните органи, цвет, плод и семе. Овие процеси се во согласност со смената на годишните времиња и завршуваат пред да настапи неповолната сезона за растење.rnrnЕдногодишните растенија во зимскиот период изумираат, но, во текот на периодот кој е поволен за нивниот развиток, формираат семе од кое ќе се развие следната генерација. Во периодот на мирување сите функции на растението се сведени на минимум, сè дур не се појават поволни надворешни услови за нивно повторно развивање.
Кај растенијата, органите кои треба да се отфрлат влегуваат во фаза на мирување или сенесценција. Тоа го претставува завршниот животен стадиум на лисјата и другите органи. Оваа појава е поврзана со паѓањето на листовите кај листопадните растенија или уште позната како абцисија. Абцисијата настанува во услови на суша, при повреда или кога растението е нападното од патогени организми. Овој термин ги опфаќа сите процеси кои предизвикуваат откинување на сите врски меѓу клетките со што доаѓа до опаѓање на одредени делови на растението.
Овој процес, всушност, се состои од ензимско разградување на деловите меѓу живите и оние делови кои треба да опаднат. Зоната на абцисија кај листот се наоѓа во основата на листната дршка. Оваа зона е изградена од неколку слоја на клетки кои се подложни на влијанието на растителните хормони ауксини и етилен. Впрочем, тие се двата фитохормони кои највеќе го стимулираат опаѓањето на листовите.rnrn
rn
rnrnИ покрај големината на овие инсталации, тие сепак можат да го измамат дури и најостроумното око. Тоа е така сè додека не им се доближите. Тогаш ќе забележите дека во корењата на дрвјата има дури и детски играчки. Дејнингер е мајстор за претворање на најобичното ѓубре во фантастична уметност.rnrn





rnrn rnrn
Пустината Дедвлеи привлекува огромен број фотографи кои поминуваат тежок пат со цел да ја фатат таа интензивна убавина. Совршено време за фотографирање е во раните утрински часови кога дрвјата прават силуети на песоците со златно-кајсиеста боја. Често ведрото, блескаво небо, придонесува за чиста дихотомија на боите.
Името на оваа пустина произлегува од два јазика. Првиот слог „дед“ е познат во англискиот јазик како мртов, а додека, вториот слог „влеи“ значи езеро или мочуриште на африкански. Панорамскиот поглед на оваа глинена пустина дава впечаток на пресушено езеро. Последен запис за живоста на дрвјата кои се наоѓаат тука е времето кога Вилијам Освојувачот ја нападнал Англија.
Овој пустински предел бил формиран со излевањето на реката Цаушаб. Ова придонело за формирање на убави услови за развој на багреми и камилски трн. 900 години подоцна, климата се сменила и Дедвлеи го добил денешното лице – сува пустина каде само овие мртви дрвја се симбол на животот што некогаш постоел.
Тоа што се случило подоцна било неверојатно. Органските материи на дрвјата биле постепено заменувани со минерали и на тој начин постанале исушени. Топлината од Сонцето ги исушила тие минерали давајќи им црна боја, па затоа денес тие се црни како јаглен. Всушност, дрвјата не можат да се распаѓаат бидејќи се многу суви.
Дедвлеи се наоѓа во близина на познатите солени долини на Сосусвлеи, што во превод би значело „место од кое нема враќање“. Исто така, Дедвлеи се случува да биде опкружена со едни од највисоките песочни дини во овој регион, како што е дината која се нарекува „Големиот тато“. Без сомнение, овие дини придонеле за зачувување на оваа природна убавина. Опкружувајќи ги, придонеле за заштита на дрвјата од песочни бури.
Но, природата секогаш наоѓа начин. Оваа долина не е толку мртва како што изгледа. Има голем број пустински бубачки, птици, ноеви и разни други видови. Животните и растенијата успеваат да се одржуваат со помош на утринската магла која од Атланскиот океан патува кон Дедвлеи. Па така, оваа гробница е извонредно место за посета што претставува изгорено сведоштво за сопственото уништување.
rn
rnrnКуќата е на два ката, а е безмалку целосно изградена од дрво и стакло, од подот до плафонот, правејќи ја природата главен елемент во нејзиниот дизајн. Од далеку таа личи како да е дел од нејзината околина. Нејзиниот ентериер е прекрасен и релаксирачки, создавајќи пријатна атмосфера, а приватните места во куќата се дискретно одделени. Сè на сè, одлично архитектонско решение за поголемо уживање и бескрајни топли мигови.rnrn







rnrn rnrn
Водопадите ќе имаат слив долг 9,2 метри и уште еден слив со истата должина во помала квадратна дупка на средината од фонтаните. Околу фонтаните на бронзени плочки ќе бидат испишани имињата на жртвите од нападите. Околу фонтаните ќе има поплочен плоштад, на кој ќе се наоѓаат 415 идентични дрвја, под кој ќе се гради меморијален музеј.rn