КАФЕ ПАУЗА

Tag: црно-бело

  • Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

    Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

    Натпреварот за црно-бели фотографии со деца се одржува веќе 4 години по ред. Бидејќи е еден од најголемите интернационални натпревари за фотографија, во него учествуваат фотографи од целиот свет со нивен приказ за детството. Победничките фотографии се одбрани од 4 различни категории – Портрет, Живот, Фина уметност и Документарци. Изборот се одвива 2 пати годишно и има победници од „Првата половина“, победници од „Втората половина“, како и „Голем победник“ кој се избира од двете половини.rnrnТитулата „Голем победник“ за 2017-та година ѝ припаѓа на фотографката Паулина Дуцман која добила бројни награди, како и признанија во сите категории. Нејзините портрети од млади девојчиња се навистина неверојатни и ја доловуваат убавината и чистотата на моделите. Еден член од жирито, Марко Наџ, ја објавил победата на Паулина изјавувајќи:rn

    „Очигледно е дека Паулина го совладала секој аспект од фотографијата.“

    rnДругите победници се Кинга Дразек која добила прво место во категоријата Портрет за нејзината фотографија насловена „Страв“. Руската фотографка Елена Русинова го освоила првото место во категоријата Живот со фотографијата „Работни денови“.rnrnАко сметате дека сте добри фотографи, можете уште сега да ги испратите вашите фотографии за 5-тиот натпревар. Крајниот рок за Првата половина е 1-ви јули, 2018-та. Пред да се пријавите, погледнете некои од прекрасните фотографии кои добија награда.rn

    „Единство“, Паулина Дуцман, 1-во место во категоријата Фина уметност

    rnПогледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со децаrn

    „Свиткување“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Портрет

    rnПогледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со децаrn

    „Јас и јас“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Портрет

    rnПогледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со децаrn

    „Изи“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Портрет

    rnПогледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со децаrn

    „Последниот здив на летото“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Фина уметност

    rnПогледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со децаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Украдени бакнежи: Мали љубовни моменти во секојдневниот живот

    Украдени бакнежи: Мали љубовни моменти во секојдневниот живот

    Љубовта е нешто прекрасно. Токму оние украдени бакнежи, во јавноста или во приватноста на нашиот дом, се наједноставните моменти кои имаат моќ да ни го стоплат срцето. Тоа била и инспирацијата зад оваа серија фотографии од Микаел Тејмер, каде што тој се обидел да ги „фати на дело“ заљубените птички во надворешниот свет. Овие спонтани љубовни секунди кои се овековечени од улиците на Париз и Монтреал и се дел од неговиот проект наречен „Street Love“ дури и најголемите скептици ќе ги претворат во непоправливи романтичари. Погледнете…rnrn(1) Украдени бакнежи: Мали љубовни моменти во секојдневниот животrnrn

  • Црно-бел свет: 18 изгледи со кои ќе маѓепсувате само со поглед

    Црно-бел свет: 18 изгледи со кои ќе маѓепсувате само со поглед

    Комбинациите со силни бои некогаш можат и да станат здодевни, затоа убаво е одвреме-навреме да направиме неколку минималистички комбинации. Иако звучи малку банално, голем дел од модата оваа сезона се концентрира на црно-белите комбинации.rnrnrnrn0-crno-bel-svet-18-izgledi-so-koi-kje-magjepsuvate-samo-so-pogled-kafepauza.mkrnrnБелата маица со црно здолниште со А крој е одлична идеја, или црн фустан со бело палто, црни високи потпетици и чанта – ова се едноставни, софистицирани, безвременски изгледи и добитна комбинација во играта со трендовите.rnrn19-crno-bel-svet-18-izgledi-so-koi-kje-magjepsuvate-samo-so-pogled-kafepauza.mkrnrnУште една моќна комбинација е белата кошула и блејзерот со црни пантолони. Ако точно знаете како да ја носите, нема никаква шанса ваквиот изглед да биде здодевен.rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Енергична фотосесија од луѓе кои ги покажуваат своите емоции во скок

    Енергична фотосесија од луѓе кои ги покажуваат своите емоции во скок

    За својот финален проект на Универзитетот во источен Лондон, фотографот Томас Јанушка поминал 7 месеци истражувајќи како би било да се живее во бестежински свет. Неговата нова црно-белa серија фотографии, наречена „Гравитација“, вклучува личности кои уживаат во слободата на скоковите. Томас фотографирал и танчари и обични луѓе кои за едно снимање скокале од 150 до 600 пати пред неговиот фотоапарат. Тој успеал совршено да ја долови енергијата и експресивните движења кај неговите субјекти за време на секој скок. Погледнете…rnrnЕнергетска фотосесија од луѓе кои ги покажуваат своите емоции во скокrnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни фотографии од Централ Парк во ноќта

    Прекрасни фотографии од Централ Парк во ноќта

    Навечер, Централ Парк е исполнет со тивка мистерија. Огромните дрвја со испреплетените гранки добиваат застрашувачки изглед, темните сенки го обвиткуваат целиот простор и самиот парк го освојува ретка мирност. Фотографот Мајкл Масаја се обидел да ги долови токму овие моменти во својата нова серија фотографии која е наречена „Длабоко во сонот – Централ Парк“.rnrnЗастрашувачко прекрасни фотографии од Централ Парк навечерrnrnОваа моќна и магична серија вклучува црно-бели фотографии кои создаваат застрашувачка сензација од место кое вообичаено е исполнето со бои и живост. Прекрасна светлина ги издвојува природните објекти и оние направени од страна на човекот ширум целиот парк, додека пак во водата може да се види одразот помеѓу стварноста и фикцијата.rn
    rn

    „Фотографирањето на паркот помеѓу 2 и 6 часот по полноќ беше мојот обид да го снимам градот во своите најзастрашувачки, најпусти и најосамени моменти“, објаснува Масаја.

    rn

    rnrn rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусни црно-бели колачиња

    Вкусни црно-бели колачиња

    Одлично слатко изненадување за целото семејство

    rnrnВкусни црно-бели колачињаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 340 г шеќер
    • rn011

    • 230 г несолен путер (на собна температура)
    • rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • 360 мл млеко
    • rn011

    • ½ кафена лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • ¼ кафена лажичка екстракт од лимонов сок
    • rn011

    • 230 г брашно за печење
    • rn011

    • 260 г обично брашно
    • rn011

    • ½ кафена лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • ½ кафена лажичка сол
    • rn011

    • 530 г шеќер во прав
    • rn011

    • 120 мл вода
    • rn011

    • 85 г чоколада за готвење
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сируп од пченка (како замена може да искористите мешавина од кафеав шеќер и вода; внимавајте да биде доволно густа налик на сируп)
    • rn011

    • 1–2 супени лажици какао во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 200 ˚C. Тавата каде ќе ги печете колачите, испрскајте ја со спреј за печење или обложете ја со хартија за печење. Во голем сад додајте ги шеќерот и путерот. Измешајте со миксер или со рака, потоа додајте ги јајцата (едно по едно, не сите одеднаш), млекото, како и екстрактите од ванила и лимонов сок. Добро измешајте додека смесата не згусне.rnrnВкусни црно-бели колачињаrnrnВо друг сад додајте ги двете видови брашно, прашокот за печиво и солта. Добро промешајте. Сувата смеса која ја добивте додавајте ја во другата мешавина во серии. Со секое додавање добро промешувајте.rnrnСо супена лажица земајте од смесата. При секое црпење полнете ја лажицата и внимателно оставајте ја смесата врз хартијата за печење формирајќи кругови. Внимавајте круговите да бидат оддалечени околу 5 сантиметри еден до друг. Печете околу 20-тина минути, додека не потемнат краевите на колачињата. Потем оставете добро да се оладат.rnrnВкусни црно-бели колачињаrnrnЗовријте малку вода. Во огноотпорен сад ставете го шеќерот во прав. Внимателно додавајте по малку од зовриената вода додека не добиете густа смеса. Внимателно додајте од смесата што ја добивте врз половина од секое од колачињата.rnrnВкусни црно-бели колачињаrnrnСадот со преостанатата бела смеса ставете го врз садот со водата и повторно оставете ја водата да зоврие. Додајте ја чоколадата и промешајте за да се растопи, а потоа додајте го и сирупот од пченка. Доколку бојата на смесата не е доволно темна, додајте го и какаото во прав.rnrnПреостанатите половинки од колачињата, прелијте ги со темната смеса.rnrnКолачињата пожелно е да се чуваат неколку дена во затворен простор. Доколку забележете дека преливот се суши, може одвреме-навреме да ги попрскате со малку зовриена вода.rnrnВкусни црно-бели колачиња
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни фотоманипулации во надреалистичен стил

    Прекрасни фотоманипулации во надреалистичен стил

    Серијата фотоманипулации на полскиот фотограф Дариуш Климчак со сигурност ќе ве потсети на делата на најпознатиот надреалистчен сликар, Салвадор Дали. Во своите фотографии, Климчак пустите, напуштени пејзажи ги пополнува со бизарни и надреални ликови и предмети и успева да ја долови атмосферата, толку својствена за делата на Дали.rnrnПрекрасни фотографии во надреалистичен стилrnrnЦелта на неговите фотоманипулации е преку користењето на универзални симболи, да се раскаже приказна, која ќе допре до луѓето, ќе ги поттикне на размислување или барем ќе успее да ги насмее. Инаку, Климчак за себе вели дека повеќе ја преферира црно-белата фотографија и дека ретко практикува да работи во боја. Тој е познат фотограф, со повеќе од 30 години искуство, кој зад себе има многу успешни изложби.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Драматични снежни пејзажи со медитативна моќ

    Драматични снежни пејзажи со медитативна моќ

    „Бела тишина“ е занесна серија црно-бели фотографии направена од страна на фотографот Василис Тангоулис. Во секоја од овие неверојатни фотографии може да се пронајде момент на мир и тишина. rnrnГрчкиот фотограф користел филтри за неутрална густина за да може да ја долови драматичната длабочина на овие визуелно впечатливи пејзажи. Елегантноста која извира од недопрениот снег им дозволува на гледачите да влетаат во тивките сцени и да се изгубат во белата околината. Преку одлично изработените фотографии со медитативни моменти, Тангоулис им овозможува на гледачите инстантно да стапат во хармонија со природата. rn
    rn

    Според неговото био, „неговата фотографска визија најдобро може да се опише како фотографирање на времето во свет каде што ‘сегашноста’ е само бесконечно мал дел од времето, краткотрајна илузија која ги раздвојува скоро бесконечните минато и иднина. “

    rnrnМедитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледаше САД пред еден век?

    Како изгледаше САД пред еден век?

    Овие црно-бели фотографии од САД се направени на почетокот на дваесеттиот век. Направени се низ повеќе земји и навистина ќе ве воодушеват. На нив ќе видите стари автомобили, импресивна архитектура и облакодери, возови, шинобуси, бродови, улици, железнички станици, а знаејќи го фактот дека некои од нив се направени пред 100 години навистина ќе останете со подзинати усти. Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Црно-бела танцувачка илузија

    Црно-бела танцувачка илузија

    Забавна оптичка илузија со девојки кои танцуваат во црно-бели костими, во ритамот на популарната мелодија на германскиот фолк-рок полка бенд „Hiss“. Нивната несекојдневна изведба ќе си поигра со вашиот мозок, ќе ве насмее и расположи. Особено интересна е втората половина од танцот. 😉(1) Црно-бела танцувачка илузијаrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn