КАФЕ ПАУЗА

Tag: црно-бело

  • 10 интересни сознанија поврзани со соновите

    10 интересни сознанија поврзани со соновите

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnСоновите се составени од слики, идеи и чувства кои се јавуваат неволно во мозокот за време на РЕМ фазата од спиењето. Тие знаат да нѐ збунуваат, да нѐ фасцинираат или да нѐ преокупираат. Некогаш дури и нѐ преплашуваат. Друг пат се толку забавни, што ни е криво што сме се разбудиле. Која е причината и смислата на сонувањето сѐ уште не е доволно јасно. Тоа е долгогодишна тема на дебата во психологијата, филозофијата и религијата. Но и покрај нивната мистериозност, има неколку проверени факти за сонувањето и за она што се случува со нашето тело додека спиеме, кои е интересно да се знаат.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    1. Додека спиеме сме парализирани

    rnВерувале или не, додека спиеме сме целосно парализирани. Се претпоставува дека ова се случува заради заштита на телото. Доколку не би биле парализирани, би можеле да почнеме да го правиме она што се случува во нашиот сон. Еден вид нарушување на оваа состојба е месечарењето. Оние кои месечарат за време на сонот стануваат, шетаат по домот, дури во некои ситуации можат да направат нормален разговор со некој кој ќе им се најде на патот, без тој да забележи дека разговара со личност која спие. Наредниот ден кога ќе се разбудат, тие не се сеќаваат воопшто на својата мини авантура во текот на вечерта.rn
    rn

    2. Надворешните дразби влијаат врз нашите соништа

    rnНа сите ни се случило да сонуваме како ни ѕвони мобилниот. И покрај тоа што се обидуваме да се јавиме, тој нѐ прекинува да ѕвони бидејќи звукот доаѓа од реалноста. Истото се случува и кога некој пробува да нѐ разбуди – ние ја сонуваме токму таа личност како нѐ повикува и во сонот. Или пак кога треба рано да станеме ѕвонењето на алармот го слушаме во сонот и го исклучуваме спонтано во реалноста, а подоцна не се сеќаваме на тоа. Но не се само звуците оние кои успеваат да се пробијат до нашите соништа. Се случува да сонуваме дека сме многу жедни или гладни и наеднаш успеваме да најдеме вода или многу вкусна храна, но и покрај сѐ, ние не успеваме да ги задоволиме тие потреби бидејќи се дел од нашата реалност.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    3. Оние кои пробуваат да се откажат од цигарите, имаат поживи соништа

    rnДолгогодишните пушачи кои одеднаш прекинуваат да пушат, имаат мала промена во нивните соништа. Тие почнуваат да сонуваат поживи соништа проследени со поинтензивни чувства. Исто така, тие барем еднаш во месецот сонуваат како палат цигара и откако ќе се разбудат чувствуваат огромна грижа на совест, исто како тоа да се случило во реалноста.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    4. Соновите прикажуваат поинаква слика за реалноста

    rnАко сонувате конкретно некој предмет, најчесто тој не е вистинската причината за вашиот сон. Несвесното пробува симболично да го спореди сонот со нешто слично и на тој начин ве приближува до вистинското значење. Тоа е исто како да пишувате текст за група мравки, во кој велите дека се машини кои никогаш не запираат. Соновите со своите содржини се таинствени и мистериозни и потребно е да имате големо познавање за себе, за да можете да го дешифрирате нивното значење и да ја откриете симболиката која ја затскриваат.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    5. Не сонуваат сите луѓе во боја

    rn12% од луѓето сонуваат само во црно-бела варијанта, а останатите скоро секогаш сонуваат во боја. Има неколку сонови кои се јавуваат многу често и кај голем број луѓе, како настан во училиште, бегање од некој/нешто, неуспешен обид за трчање кој изгледа како забавено движење, сексуални искуства, паѓање од големи височини, летање, доцнење, паѓање заб, неуспешност на испит или автомобилска несреќа. Оние кои сонуваат некој интензивен сон во црно-бела варијанта, најчесто по будењето имаат послаба реакција, од оние кои сонуваат во боја.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    6. Го сонуваме само тоа што го знаеме

    rnВо  соништата честопати се случува да ни се појават непознати луѓе. Меѓутоа тие воопшто не се непознати за нашиот мозок. Голем број од луѓето кои секојдневно ги сретнувате во продавница, на бензинска станица или пак во дискотека, остануваат запаметени и покрај тоа што вие не сте свесни за нив. Злобниот убиец кој ве бркал во претходниот сон, можеби е мажот од бензинската станица, кој му ставил бензин еднаш на татко ви, кога сте биле дете. Поради тоа што секојдневно се сретнуваме со голем број луѓе, нашиот мозок има неограничени лица за употреба во соновите.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    7. Соновите ја спречуваат психозата

    rnВо неодамнешно истражување за спиењето и сонувањето, студентите кои биле будени на почетокот на секоја РЕМ фаза (фаза во која започнува сонувањето), но биле оставени да спијат 8 часови во текот на вечерта, имале помала концентрација, раздразливост, халуцинации и знаци на психоза по само 3 дена. Кога конечно им се дозволило без прекин да спијат и да сонуваат, нивниот мозок го надоместил изгубеното време, со значително зголемување на должината на РЕМ фазата.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    8. Сите сонуваме

    rnСите луѓе сонуваат (освен оние кои имаат потешки психолошки нарушувања кои се манифестираат со неспособност за сонување). Но, постојат разлики помеѓу соновите на мажите и жените, како и помеѓу нивните физички реакции на самиот сон. Мажите почесто сонуваат други мажи, повеќе непознати, сцени со коли или насилство, секс со непознати партнерки… Од друга страна пак, жените сонуваат подеднакво и мажи и жени, повеќе личности од фамилијата отколку непознати, имаат појаки чувства, подолго траење на самиот сон…rn
    rn

    9. 90% од соништата се забораваат

    rnВо првите 5 минути по будењето, веќе сме заборавиле 50% од сонот. Во наредните 10 минути 90% од сонот е целосно заборавен. Интересен пример за заборавањето на соништата е случката на поетот Семјуел Тејлор Колриџ, кој кога се разбудил после прекрасен сон едно утро, веднаш земал лист хартија и почнал да пишува поема наречена „Визија во сонот“. На пола поема тој бил прекинат и подоцна кога се вратил не можел да се сети на остатокот, па поемата останала недовршена.10 интересни сознанија поврзани со соновитеrn

    10. И слепите сонуваат

    rnОние кои со текот на времето ослепуваат, сѐ уште продолжуваат да гледаат во своите соништа. Луѓето кои се родени слепи имаат малку поинаков начин на сонување. Нивните соништа не се воопшто помалку интензивни од оние кои гледаат, но наместо од слики тие се составени од звуци, миризби, допири и емоции. На мозокот му е тешко да создаде нешто што претходно не го искусил на некој начин, но тоа не го спречува да се адаптира на ситуацијата.10 интересни сознанија поврзани со соновите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога моливот ќе ја допре фотографијата…

    Кога моливот ќе ја допре фотографијата…

    Иако пред извесно време веќе бевме сведоци на оваа интересна техника, сепак решивме да направиме нова селекција од овие импресивни дела. Преку спојот на фотографијата и цртежот со молив во едно уметничко дело, белгискиот дизајнер Бен Хајне предизвика огромен интерес кај љубителите на уметноста. Тие никако да се заситат од оваа нова визуелна техника, која како правец  Хајне ја воведе минатата година. Овие фотографии се дел од неговиот проект „Молив VS фотоапарат“.rnrnКога моливот ќе ја допре фотографијата...rnrnПораката на авторот е јасна. Секојдневните проблеми да ги ставите во сенка на желбите и на имагинацијата за поинакво и поубаво утре. Недвосмислено ја потенцира разликата меѓу реалноста и сонот, со тоа што цртежите му се црно-бели, а фотографиите изразено колоритни.rnrnКога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...rnrnВо неговите „доцртани“ фотографии се испреплетуваат илузијата, реалното и надреализмот. Во фокусот се луѓето, природата, животните и  архитектурата, а главните теми се љубовта, слободата, пријателството и задгробниот живот.rnrnКога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...Кога моливот ќе ја допре фотографијата...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дивиот свет на Африка низ фотографии

    Дивиот свет на Африка низ фотографии

    Фотографот Ник Бренд, по потекло од Лондон, првпат имал прилика да се запознае со убавините и дивиот свет на Африка во далечната 1995 година, кога на овој континент снимал музички спот. Во 2000 година, тој ја сменил својата пасија и почнал да фотографира. Оттогаш до денеска тој има направено прекрасни фотографии поврзани со дивите животни на овој континент и нивното десеткување.rnrnДивиот свет на Африка низ фотографииrnrnНеговиот последен сет слики направени во црно-бела техника се навистина потресни, а на нив се прикажани ловокрадците на слонова коска, трупови и коски на убиени животни, како и дел од оние кои сè уште се движат по земјата. Повеќе од 60 фотографии од оваа колекција ќе бидат изложени во музејот „Fotografiska“ во Стокхолм, до 8 јануари 2012.rnrnДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографии
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Боите во сонот и нивното значење

    Боите во сонот и нивното значење

    Понекогаш сонуваме во боја, а понекогаш црно-бело. Секоја боја што ја сонуваме има свое значење. Обрнете внимание која боја доминира во вашите соништа и дознајте што таа симболизира.rnrnБоите во сонот и нивното значењеrn

    Црна

    rnЦрната боја во сонот симболизира нешто непознато, неизвесно, опасност, темнина, мистерија, тага, смрт, омраза или злоба. Бојата во сонот поттикнува човек несвесно да се преиспита себеси, што доведува до подобро разбирање на самиот себе. Понекогаш може да значи дека ви недостасува љубов, поддршка и разбирање, но  не секогаш црната боја означува нешто лошо. Таа може да претставува потенцијал и можности, а доколку во сонот сте среќни, тогаш црната боја означува духовност и божественост.rn

    Жолта

    rnАко сонувате убав сон, жолтата боја значи енергија, мудрост, склад и среќа, но ако сонувате кошмар тогаш таа означува предавство, срам, измама или болест.rn

    Сина

    rnСината боја во сонот претставува вистина, мудрост, рај, верност, вечност и спокојство. Присуството на оваа боја во сонот го симболизира духовниот водач и оптимизмот за иднината, но може да значи и желба да отпатувате некаде. Сината боја во сонот, исто така може да означува и тага. Доколку во сонот сте облечени во сина облека, тоа е одраз на вашата креативност.rn

    Златна

    rnЗлатната боја е одраз на духовност, богатство, усовршување, напредок. Таа исто така ја означува и вашата решителност и непопустливост.rn

    Сива

    rnСивата означува страв, депресија, болест и збунетост. Многу е веројатно да сонувате сивило бидејќи се чувствувате емоционално дистанцирани и изолирани. Во некои случаи, оваа боја може да симболизира изразена индивидуалност.rn

    Зелена

    rnЗелената боја означува позитивни промени, добро здравје, плодност, надеж, снага виталност, мир и спокој. Таа е симбол на вашата тенденција да постигнете сопствена независност. Оваа боја честопати се поврзува со пари, богатство и љубомора. Темно зелената симболизира материјализам и измама.rn

    Бела

    rnТокму како и во реалниот живот белата боја симболизира чистота, совршенство, невиност, достоинство, свест, нов почеток и мир.rn

    Светло виолетова

    rnАко ја сонувате оваа боја, тоа значи дека треба да го очистите својот ум од негативните мисли и да почнете да размислувате позитивно.rn

    Виолетова

    rnОваа боја значи духовност, прочистување, љубов, нежност и мир. Имате чувство на интуитивно разбирање и посебна блискост со луѓето во вашето опкружување.rn

    Портокалова

    rnПортокаловата боја означува надеж, љубезност, пријателство, дарежливост и дружељубивост. Кога ја сонувате оваа боја потсвесно сакате да ги проширите своите видици и да стекнете нови знаења.rn

    Розова

    rnОваа боја во сон симболизира љубов, радост, среќа и добрина. Другото значење на оваа боја е незрелост или слабост, особено ако е во прашање љубовта.rn

    Црвена

    rnЦрвената боја означува енергија, сила, интензивна страст, агресивност, храброст и импулсивност. Оваа боја има длабока емоционална и духовна конотација. Во негативен контекст, црвената боја укажува на недостаток на енергија, па веројатно се чувствувате уморно или летаргично. Во одредени ситуации може да значи и предупредување дека треба да престанете да се однесувате така како што се однесувате, или дека не можете да го имате тоа што го сакате.rn

    Црно-бел сон

    rnЦрно-белиот сон навестува дека ви е потребна поголема објективност во донесувањето одлуки. Веројатно сте тврдоглави и контрастот на црно и бело покажува дека треба да воспоставите баланс помеѓу спротивставените погледи и мислења кои ги имате за животните прашања. Црно-белите соништа понекогаш можат да бидат знак на депресија и тага, но може да укажуваат и на тоа, дека во животот ви недостасува малку возбуда.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интимни фотореалистични слики

    Интимни фотореалистични слики

    Понекогаш е многу тешко да се направи разлика помеѓу фотографија и слика. Марта Пентер е психолог кој се занимава и со сликање. Таа живее во Бразил, а нејзините неверојатни фотореалистични слики ќе ви ги поместат границите на реалното. Нејзината серија на портрети „Shared Intimacy“ вклучува слики за кои дефинитивно ќе помислите дека се земени од нечиј приватен фотоалбум.rnИнтимни фотореалистични сликиТаа црта со акрилни и мрсни бои на платно. Нејзините дела најчесто се во црно-бела техника, а понекогаш знае да вметне и некоја друга боја. На прашањето зошто ги прави сликите толку големи, таа одговорила:rn. rn

    „Кога пред себе имате голема слика, таа ве тера да станете дел од неа многу побрзо, отколку кога таа би била мала.“

    rnИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шампионскиот тим на Барселона одблиску

    Шампионскиот тим на Барселона одблиску

    За само три години од своето постоење, студиото за фотографија и адвертајзинг Diver & Aguilar Photography Ltd., успева да се здружи со агенцијата Caldas Naya, и заедно да ја почнат интернационалната маркентишка кампања за продажба на билети за натпреварите на најпрестижниот фудбалски клуб во Европа, ФК Барселона.rnrn(1) Шампионскиот тим на Барселона одблискуВи претставуваме дел од неверојатно креативните и артистички портрети на фудбалерите на Барселона, а кампањата, и повеќе од заслужено го носи името „Икони“.(2) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(3) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(4) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(5) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(6) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(7) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(8) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(9) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(10) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(11) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(12) Шампионскиот тим на Барселона одблиску(13) Шампионскиот тим на Барселона одблискуrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастични црно-бели графити

    Фантастични црно-бели графити

    Уличниот уметник, карикатурист и стрип креатор Phlegm е познат по неговите препознатливи илустрации во црно-бел стил.  Живее во Шефилд, Велика Британија, а неговите графити најчесто се распослани на огромни ѕидови, заземајќи ја целосно нивната површина. Тој го издава и неговиот авторски стрип „Phlegm Comic“.Фантастични црно-бели графитиОвој артист вели дека се чувствувал малку разочаран откако се вовлекол во уметничката машинерија, работејќи за други лица и учествувајќи на разни изложби низ галериите во Англија. Сега, откако се вратил на правиот пат, работејќи според полисата „сè од мојата сопствена рака“, тој е посветен на сликањето ѕидови, продавајќи ги неговите уметнички дела во мали компактни изданија достапни за секого.Фантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графити.rn

    Во последниве три години бев многу збунет за уметноста. Навлегов во сето ова со љубов кон само-издаваштвото и „DIY“ (Do It Yourself – направи сам) културата. Откако го напуштив универзитетот имав многу, многу прашања во врска со вредноста, статусот и сопственоста. Само-издаваштвото и сликањето по нељубените ѕидови и згради, ги заобиколија сите грижи и ме ослободија за да можам да уживам во работата.

    rnФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графити

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Празниците официјално завршија. Расчистете сè што остана нерасчистено од лани и направете си уредна околина за работа за оваа година. Оваа црно-бела позадина е одличен избор за поставување на десктопот на вашиот работен компјутер.rnrnИнспиративна и уметничка, на оваа позадина можете да ги поставувате иконите на креативен начин, притоа вашиот десктоп секогаш ќе делува уредно и стилски.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1152×864) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • „Ќе ја убијам“

    „Ќе ја убијам“

    На секоја девојка барем еднаш во животот и се има случено да почувствува завист кон друга припадничка на понежниот пол, бидејќи сметала дека таа и го украла мажот на нејзиниот живот. Љубомората е на толку висок степен, што посакувате да ја најдете и да и ја искубете косата или хиперболично кажано да ја „убиете“, нели ? 😀Ќе ја убијамЌе ја убијам„Ќе ја убијам, ќе ја убијам, таа ми ја украде иднината, ми го скрши сонот, кога те одзеде од мене“ е дел од текстот на песната насловенa „I’ll kill her“ (Ќе ја убијам) која ја изведува француската пејачка и актерка Соко.

    rn

    rn

    Ова не е официјален видео запис за нејзината песна, туку тоа е всушност завршен проект на студент чие име е Joerg Barton, со кој тој дипломирал на универзитетот за применети науки во Мајнц. Зборовите од песната се „ликвидно“ илустрирани во перфектен момент, со црно-бела техника. Сексапилната нежност и мекост на бојата на гласот на пејачката, фантастично се согласува со временски контролираната палета од „неуморни“ цртежи и портрети.Ќе ја убијамЌе ја убијамУникатната комбинација од несекојдневно интересен видео запис, инспиративниот, заводлив глас на пејачката и нејзиниот француски акцент, веселата мелодија и текст во кој многумина ќе се пронајдат, ќе ве одведат на едно возбудливо „емоционално патување“.

    rnЗа сите оние кои веќе се заљубија во оваа песна, ви овозможуваме и да ја научите на памет:rn
    rn

    Soko – I’ll Kill HerrnrnSo, of course, you were supposed to call me tonightrnyou were supposed to call me tonightrnrnwe would have gone to the cinemarnand, after, to the restaurant, the one you like in your streetrnrnwe would have slept together, have a nice breakfast togetherrnand then a walk in a park together, how beautiful, and thenrnyou would have said “i love you” in the cutest place on earthrnwhere some butterflies are dancing with the fairiesrnrni would have waited like a week or twornbut you never tried to reach mernno, you never called me backrnyou were dating that bleach-blonde girlrnif i find her, i swear, i swear…rnrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future, she broke my dreamrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future when she took you awayrnrni would have met your friends, we would have had a drink or twornthey would have liked me, ’cause sometimes i’m funnyrni would have met your dad, i would have met your mumrnshe would have said “please, can you make some beautiful babies?”rnrnso we would have had a boy called tom and a girl called susan, born in japanrnrni thought it was a love story, but you don’t want to get involvedrni thought it was a love story, but you’re not ready for that …rnrnme neither. i’ll kill herrnshe stole my future, she broke my dreamrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future when she took you awayrnrnshe’s a bitch you know, all she’s got is blondenessrnnot even tenderness, yeah, she’s cleverlessrnshe’ll dump your arse for a model called Brendanrnhe will pay for beautiful surgery ’cause he’s full of moneyrnrni would have waited like a week or twornbut you never tried to reach mernno, you never called me backrnyou were dating that bleach-blonde girlrnif i find her, you know, i swear, i swear, i swear …rnrni’ll kill her, i’ll kill herrnshe stole my future, she broke my dreamrni’ll kill her, i’ll kill herrnrnshe stole my future when she took you away (x2)rnrnman, i told you, you know, if i find her,rni really, i, i mean, i’ll kill her, for real!rnrnit’s like for sure, you have to know, uh,rni mean, you know, i can do it, man,rni’ll kill her.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Реалистички пејзажи направени само со молив

    Реалистички пејзажи направени само со молив

    Гурам Доленјашвили е сликар од Грузија, роден на 9 март 1943 година во градот Кутаиси и најчесто работи во техника со една боја. Тој е прогласен за почесен сликар во Грузија. Од 2004 година е почесен член во руската уметничка академија.rnrnРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливrnrnМногу од неговите дела  претставуваат пејзажи во црно-бела техника, направени со користење на молив или графит, притоа понекогаш внесувајќи надреалистички елементи. Сепак, тој важи за следбеник на традиционалните руски реалисти Иван Шишкин и Јули Клевер.rnrnРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.