КАФЕ ПАУЗА

Tag: црно-бело

  • Сурферите во Хаваи во црно-бело издание

    Сурферите во Хаваи во црно-бело издание

    Тоби Хариман е фотограф од Сан Франциско, кој неодамна бил на десетдневно патување во Оаху, Хаваи и решил за првпат да си ја испроба среќата во фотографирање сурфери. Потоа, од направени стотици фотографии, ги одбрал најдобрите и им дал фантастичен црно-бел ефект. Добиениот резултат тој го нарекува „Прво поглавје од неговата модерна сурферска фото-серија“.Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело изданиеИ покрај тоа што Тоби најчесто се занимава со фотографирање природа и градови, сепак бил премногу фасциниран од овој спорт и од фотографиите што гледал како ги прават другите фотографи. Со оглед на тоа што тој потекнува од Колорадо вели:rn
    rn

    Јас сум навикнат на скијање по снег. Океанот е сосема поинакво животно, без можност за никаква контрола врз неговата моќ и интензитет. Како што практикувам да го опишувам, океанот е како да се наоѓате во куса лавина со времетраење од 10 до 30 секунди. Брановите додека бев таму, беа навистина огромни“.

    rnСурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело изданиеrn
    rn

    Јас не се сметам себеси за професионален ‘сурферски’ фотограф, но со такви бранови и сурфери, е навистина тешко да не фотографирате. Фотографирањето луѓе не е моја област, но нивното вметнување во таква околина, дефинитивно е!“

    rnСурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело изданиеСурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело издание Сурферите во Хаваи во црно-бело изданиеПечатени верзии од неговата импресивна фотоколекција можат да се купат директно од неговата онлајн-продавница.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста

    Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста

    Илузионистичките дела кои ќе ги видите подолу се дело на холандскиот артист Рамон Бруин познат под уметничкото име JJK Airbrush. Неговите цртежи изгледаат толку реално што ќе помислите дека ќе оживеат гледајќи ги.Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалностаБриун користи 2Д платформи за цртање на високодетални тридимензионални цртежи кои ги украсува со прибор за цртање пред да ги фотографира. Моливите и острилките ни помагаат да сфатиме дека сепак се работи за цртежи, иако неговите дела толку реално си издигнуваат во 3Д просторот, што би се запрашале дали приборот за цртање е всушност дел од илустрациите или се работи за реални предмети вметнати во фотографиите.Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалностаТој работи со молив, водени, акрилни и мрсни бои, но барем засега, неговата тајна за техниките кои ги користи, останува неоткриена. Или како што самиот вели:rn
    rn

    „Можеби ќе ви откријам нешто подоцна. Сега сум фокусиран да ве хипнотизирам сите“.

    rnЦрно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста Црно-бели 3Д цртежи кои ја поместуваат границата на реалноста
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Симпатичен краток анимиран филм од Дизни: „Paperman“

    Симпатичен краток анимиран филм од Дизни: „Paperman“

    Одвреме-навреме ќе се појави краток анимиран филм, кој едноставно ќе ни го наполни срцето со својата шармантност и едноставност. „Paperman“ го има тој квалитет, а воедно и одличен ретро елемент, благодарение на црно-белата анимација.rnrnСимпатичен краток анимиран филм од Дизни: „Paperman“rnrn„Paperman“ е шестминутен анимиран филм на „Walt Disney Animation Studios“ кој е номиниран за Оскар во категоријата Најдобар анимиран краток филм. Режисер на филмот е Џон Карс. „Paperman“ ги спојува традиционалната анимација (цртање со рака) и компјутерската анимација.rnrnСодржина: Филмче за слаткиот сплет на судбината, љубовта на прв поглед и хартиените авиончиња кои служат како љубовни стрели. Целото дејство е фантастично проследено со спектакуларен поглед кон градот. Погледнете за што станува збор. :)rnrn rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жени и воени авиони – поинаков поглед кон историјата

    Жени и воени авиони – поинаков поглед кон историјата

    Навистина постојат голем број црно-бели воени фотографии кои ни дозволуваат за кратко да погледнеме назад во историјата, но секогаш го предизвикуваат тоа чувство на отсеченост од минатото. Сега можеме полесно да се поврземе со времето благодарение на овие фотографии од жени кои помагаат во изработката на воени авиони во 40-тите години. Тие се дел од каталогот на „Library of Congress“ и во оригиналната верзија се црно-бели, а се дело на фотографот Алфред Т. Палмер. Благодарение на програмите за уредување фотографии и умешните раце, овие парчиња историја оживуваат со свежи бои и ни нудат многу пореално чувство.rnrnЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаrnrnФотографиите биле направени во Канцеларијата за воени информации, агенција која се занимавала со обработка на воени вести, промовирање патриотизам и регрутација на жени. Настрана техничката обработка, со помош на нив добиваме нова идеја за традиционалните жени во Америка во тој период. Наместо очекуваната визија за ретро домаќинка, тука гледаме способни и одлучни жени кои имаат активна улога во одбраната на својата земја.rnrnЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјатаЖени и воени авиони - поинаков поглед кон историјата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

    Џоел Џинџелар е фотограф специјализиран во областа на црно-белата фотографија со долга експозиција. И покрај тоа што учел криминално право тој отсекогаш сакал да биде архитект, па барајќи соодветна замена за својот неостварен сон, се заљубил во фотографирањето на неверојатните градби низ светот.rnrn

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Empire State Building“ – Њујорк
    rnrnИнспириран од добро познатите архитекти Гери и Калатрава, Џоел има цел да ги фотографира сите чуда на архитектурата во светот. За тоа зошто преферира црно-бела фотографија, тој вели:rn
    rn

    „Ја обожавам црно-белата фотографија бидејќи со отстранувањето на бојата, суштината на објектите, ситуациите, пејсажите и луѓето станува многу повидлива. Од вас зависи што ќе правите со контрастот, светлината, формите и линиите за да ја истакнете суштината или она кое вие го гледате како суштинско. Без боите да ги заведуваат вашите очи, остануваат само емоции кои ќе ви го освојат срцето. Ако го направите тоа како што треба…“

    rn

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Erasmus Bridge“ – Ротердам, Холандија

    rn

    „Јас не верувам во необработени фотографии. Верувам во артистичкиот резултат и во визуелизацијата на погледот кон светот на артистот. Фотоапаратот е само хардвер кој нема ум, душа и креативност, туку само моментално снима одредена ситуација, непристрасно и без емоции. Јас не сум заинтересиран за визијата на парче хардвер, туку за визијата на умот и душата на артистот кој ќе ја измени фотографијата за да ја покаже својата реалност. Тоа е разликата помеѓу фотографијата и уметноста.“

    rn

    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Shell-Haus“ – Берлин, Германија
    rnrnЏоел стекнал голема популарност со својот профил на Фликр, но исто така има и свој веб-сајт каде што можете да прочитате нешто повеќе за неговата работа и да го видите останатиот дел од неговата уникатна колекција на фотографии.rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „Lloydkwartier“ – Ротердам, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    Ротердам, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    Амстердам, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    „The Hoftoren“ – Хаг, Холандија
    rnrn
    Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот
    Ротердам, Холандија

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црно-бело во боја

    Црно-бело во боја

    Еран Амир е човекот коj знае како да излезе од сивилото. Изработил интересно видео во кое сè во собата обоил во сиви нијанси, вклучително и себеси, притоа постепено враќајќи ги оригиналните бои…rn

    Црно-бело во боја

    rn
    rn

    „Видеото „Black & White (In Colour)“ е симено со камера во боја и нема никави дополнителни корекции, како би се променила бојата на снимките“, тврди Амир.

    rn
    rn

    rn

    rn

    Погледнете го и процесот на создавање на видеото:

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необична црно-бела убавина

    Необична црно-бела убавина

    Московскиот фотограф Александер Коклов го користи човечкото лице како негово платно, за да креира графички црно-бели илустрации. Почнувајќи од цртањето на иконата за WiFi, па сѐ до пресликувањето на срцевиот пулс низ очите на моделот, може да се воочи дека имагинацијата на Коклов е исклучителна и уникатна. Наместо да се потпира на платното, хартијата или кој било друг синтетички материјал како негова основа, Коклов се потпира на убавината и цртите на женското лице, за да го креира овој негов проект насловен „Чудна убавина“ (Weird Beauty).Необична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаУбаво дизајнираната фацијална уметност, во комбинација со едноставните и елегантни женски лица, им презентира на набљудувачите една комплексна оптичка илузија од позитивен и негативен простор. Нашето око природно го привлекува интензивната црно-бела графика, а потоа продолжуваме да ги анализираме совршено исцртаните линии на беспрекорната кожа, долгите трепки, продорниот поглед и безизразното лице кое се крие зад бојата.Необична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Илустрации од книжевни цитати

    Илустрации од книжевни цитати

    Еван Робертсон е графички дизајнер од Њујорк кој читајќи ги славните автори како Едгар Алан По, Ернест Хемингвеј и Оскар Вајлд ги подвлекувал, како што тој ги нарекува, скапоцените камчиња од реченици. Потоа ја ставил во погон својата креативност и од нив ги создал овие извонредни црно-бели илустрации.rnrn

    Илустрации од книжевни цитати
    „Станав луд со долги интервали на ужасна нормалност.“ – Едгар Алан По
    rnrnВо врска со процесот на создавање на неговите дела тој вели:rn
    rn

    „Ги подвлеков кратките извадоци од четивата од моите омилени автори и оставив на зборовите да ме однесат до илустрациите. Илустрациите се претопуваат со цитатите и се надевам дека придонесуваат за привлекувањето на окото и на умот кон нив“.

    rn

    Илустрации од книжевни цитати
    „Слушај… има извонредно добар универзум веднаш до нас. Ајде да одиме!“ – Е.Е. Камингс
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Нема бегање од дивиот коњ во нас.“ – Вирџинија Вулф
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Сите вистини чекаат секаде околу нас.“ – Волт Витман
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Пишувај пијан, коригирај трезен.“ – Ернест Хемингвеј
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Во 3 часот секогаш е или предоцна или прерано за што и да сакаш да правиш.“ – Жан-Пол Сартр
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Јас сум половина агонија, половина надеж.“ – Џејн Остин
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Идејата која не е опасна не вреди воопшто да се нарекува идеја.“ – Оскар Вајлд
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Цивилизацијата започнала со дестилација.“ – Вилијам Фокнер
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Се осмелувам ли да го вознемирам универзумот?“ – Т.С. Елиот
    rnrn
    Илустрации од книжевни цитати
    „Тоа место го нема на ниедна мапа. Вистинските места најчесто ги нема.“ – Херман Мелвил

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на „Guess“

    Прекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на „Guess“

    „Guess“ е презадоволен што има можност успешно да го прослави својот 30-ти роденден. Фотографката Елен Вон Анверт со својот препознатлив црно-бел стил и со прекрасната Клаудија Шифер повторно успева да направи одлични фотографии за новата кампања наречена „Guess what’s sexy?“Прекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessФотографиите, како и видеото биле снимени на локација во Соренто, Италија и покажуваат мал дел од ограничената роденденска колекција на „Guess.“ Оваа колекцијата била инспирирана од најпопуларните парчиња облека кои можат да се најдат во архивите на нивниот официјален веб-сајт.Прекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на Guessrn

    rn

    Клаудија Шифер веќе има работено како модел на „Guess“ во 1989 година, но овој пат таа се враќа со полн сјај. Погледнете ги и останатите фотографии од оваа „жешка“ фото сесија…Прекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на GuessПрекрасната Клаудија Шифер во роденденската кампања на Guess


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век

    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век

    Одделот за Записи од Њујорк објави онлајн-база на податоци со над 870.000 стари фотографии од градот Њујорк во периодот од 19 и 20 век. Овој проект го подготвувале околу 4 години – започнувајќи со избирањето, развивањето и скенирањето на фотографиите, па сè до нивното „закачување“ онлајн и додавање краток опис под секоја фотографија. Тие завршиле одлична работа со оваа интересна колекција од досега необјавени фотографии од Њујорк. Еве и еден мал дел од нив:rnrn

    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    5 јуни 1908 – Прва етапа од изградбата на мостот Менхетен
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    7 октомври 1914 – Молери на жиците на мостот Бруклин
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    29 јуни 1908 – Работници работат на улицата Диланси на Долната Источна Страна од Менхетен
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    22 декември 1936 – Човек застанува да го види погледот од мостот Џорџ Вашингтон
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    2 октомври 1930 – Работници поставуваат нов пат на 28-мата улица
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    18 мај 1940 – Човек чита весник на аголот од 40-та улица и 6-та Авенија. Веста на денот била „Нацистичката војска се наоѓа на 75 милји од Париз“.
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    30 септември 1936 – Бејзбол легендата Бејб Рут дели автограми на возбудените фанови за време на првата игра од светската серија во 1936 година
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    1940 – Њујорчани пливаат во јавниот базен Асториа, а во позадина се забележува мостот со шини Хел Гејт
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    Непозната дата – Возот од третата Авенија поминува покрај Градското Собрание
    rnrn
    Неверојатни фотографии од Њујорк од 19 и 20 век
    1937 – Главната Централна Станица како што се гледа од познатиот бар Кампбел Апартмент
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.