Ефектите од пушењето се сериозни и тие може да нанесат штета речиси на секој орган во телото. Покрај тоа што пушењето е штетно за самата личност, исто така тоа влијае и на луѓето околу неа. Меѓу другото, пушењето влијае на вашиот мозок, срцето, белите дробови, стомакот, кожата, коските, а исто така и на забите и на усната шуплина. Расипаните и жолти заби, лошиот здив како и други посериозни болести може да бидат предизвикани токму од пушењето. Денес сме сведоци на различни реклами и кампањи кои ги прикажуваат негативните ефекти, а оваа креативна амбалажа е нешто што без сомнение ќе ве замисли.rnrnrnrnИмено, со ова треба да се подигне свеста за штетните последици од пушењето, а истото е прикажано на многу креативен начин.rnrnrnrnКако што ги вадите цигарите, така недостига и по еден заб од фотографијата на жената. Па, која фотографија ви се допаѓа повеќе?rnrnrnrnМожеби токму ова ќе предизвика и вие да се откажете од оваа штетна навика!
Една нова студија неодамна утврдила дека последиците од пушењето цигари се многу поголеми отколку само надворешната штета што ја гледаме и зголемената шанса за заболување од рак. Порано се верувало дека штетата е ограничена само на некои аспекти, особено на кожата и телесните органи, но потоа се покажало дека пушењето го зголемува ризикот од рак за 15 до 30 пати, а исто така ја менува и вашата ДНК! Иако голем број пушачи ги знаат ризиците од оваа нездрава навика, тие сепак не размислуваат за никакви промени, затоа што сметаат дека нивната зависност е премногу силна.rnrnrnrnЗа жал, науката уште еднаш потврдува дека опасните последици од пушењето цигари се многу поголеми отколку што тоа е прикажано на нивната кутија, односно, тие имаат и генетско влијание. Поголемиот дел од штетата предизвикана од отровите во цигарите ќе исчезне по 5 години откако ќе се откажете, но нешто сепак ќе остане засекогаш, при што ќе се зголемат шансите за добивање бројни болести поврзани со пушењето, иако веќе сте ја исфрлиле оваа навика. Овие трајни оштетени делови се создадени од метилацијата, што е процес на менување на ДНК со деактивирање на гените или менување на начинот на кој тие функционираат во телото. Па, кога вашите гени се принудени на метилација, тоа остава трајни оштетувања. Ова значи дека кога пушите, вашата ДНК се менува како последица од токсините што ги содржат цигарите.rnrnСтудијата вклучувала примероци од крв на 16.000 луѓе родени по 1971 година. Идентификуваните пушачи во оваа група имале метилација базирана на тутунот која влијаела на 7.000 гени во нивното тело, што е една третина од сите познати човечки гени. И болестите на срцето и многу видови рак исто така може да бидат поврзани со гените на кои им влијае пушењето, што значи дека истражувачите биле во можност да ги поврзат овие ужасни болести со директниот виновник: цигарите.rnrnrnrnДодека овие вести се застрашувачки за пушачите или оние кои пушеле во минатото, добрата вест е дека откако ќе се откажете, поголем дел од штетата најверојатно ќе исчезне. Според експертите, откако ќе се откажете од пушењето, поголемиот дел од ДНК сигналите на ментилација по 5 години ќе се вратат на нивото на коешто биле кога не сте пушеле, што значи дека вашето тело ќе се обидува да се излечи од штетните влијанија на тутунот.rnrnНо, сепак, не потпирајте се премногу на добрите вести. Имено, постои еден мал дел од генетскиот состав кој останува оштетен подолг период откако ќе се откажете од пушењето, а тука спаѓаат и гените кои се директно поврзани со развивање лимфом. Тоа може да се задржи и до 30 години по откажувањето во вашите клетки, зголемувајќи го ризикот за рак.rnrnПа, треба да знаете дека пушењето не е само непријатна навика, туку и смртоносна. Значи, пред да ја запалите наредната цигара, размислете за она што го правите на вашето тело. Не само денес, туку и во иднина, па обезбедете си здрав и долг живот.
Според истражувањата, осаменоста го зголемува ризикот од предвремена смрт и за 26%. Студијата која била објавена во списанието „Perspectives on Psychological Science“ покажала и дека изолацијата од луѓе, како и малите социјални врски можат да го зголемат тој ризик. Токму затоа и експертите сметаат дека осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите.rnrnrnrnИстражувачите направиле разлика помеѓу луѓето кои се чувствуваат осамено и оние кои воопшто немаат контакт со надворешниот свет. Резултатите покажуваат дека во ризичните групи се наоѓаат оние кои се сами, дури и ако се чувствуваат среќно, како и оние кои имаат многу социјални контакти, но сепак се чувствуваат осамено.rn
„Ако им кажеме на луѓето да се дружат почесто, тогаш со тоа би се решила социјалната изолација, но не и чувството на осаменост. Токму затоа треба и двете категории да се прифатат како подеднакво важни“, велат научниците.
rnЕкспертите тврдат дека развојот на технологијата влијае на фактот што сè поголем број луѓе живеат во социјална, избегнувајќи контакт лице в лице. Од друга страна, истражувањата покажале и дека со остарувањето пријателски и романтични врски, се намалува стресот, се подобрува имунитетот и самиот живот со добива смисла.
Ако не сте пушач, а живеете со некој којшто не ги вади цигарите од уста, сигурно мака мачите со чадот којшто се вовлекува во сите пори на вашиот дом! Уште полошо е кога доаѓаат гости. Откако тие ќе си заминат, завесите, каучот, како и теписите ви мирисаат на цигари… Сепак, постојат мали трикови коишто може да ви бидат од голема помош во овие ситуации и благодарение на нив, нема потреба повеќе да ви биде непријатно да барате пушачите да излегуваат од вашиот дом за цигара.rnrnrnrn1. Не држете го отворен само горниот дел од прозорецот.На овој начин циркулацијата на воздухот е премала за да помогне во проветрувањето. Подобро е да го отворите прозорецот на секој час барем по пет минути.rnrn2. Редовно перете ги завесите и каучот, а денот после чистењето забранете пушење во тој простор, затоа што влажните предмети полесно го примаат мирисот.Теписите и каучот перете ги на тој начин што на нив ќе нанесете малку сода бикарбона.rnrn3. Набавете свеќник за етерични масла и во него поставете мала свеќа на дното, а на врвот ставете сад во којшто ќе сипете вода.Во водата капнете четири до пет капки етерично масло, а најдобро е тоа да биде овошно, затоа што е најефикасно во отстранувањето на мирисот.rnrn4. Во оваа намера помага и трикот со оцет.Во мала шолја ставете околу еден децилитар оцет по избор и оставете го да испарува преку ноќта. Наутро просторијата ќе биде свежа.rnrn5. Активниот јаглен којшто се користи за решавање на проблемите со желудникот и цревата, исто така служи и како отстранувач на мирисот од цигарите.Но, пазете да го оставите на повисоките полици, надвор од дофатот на вашите деца.rnrn6. Не ги фрлајте остатоците од цигарите и пепелта во кантата за отпадоци во куќата, туку подобро е да ги носите на балконот. Секако, пепеларките мијте ги редовно и во никој случај не ги оставајте празни, но неизмиени.rnrn7. На радијаторите поставете кора од цитрон заедно со кора од портокал, мандарина и лимон.Во овој случај куќата ќе ви мириса убаво!
Покрај добро познатиот факт дека цигарите се смртоносни и виновни за преку 480.000 смртни случаи годишно, според Центарот за контрола и превенција на болести, тие се сѐ уште популарна навика помеѓу луѓето. Доколку сте пушач кој сака да си направи услуга и да ги откаже цигарите, тогаш треба да ги знаете резултатите од последните научни истражувања.rnrnrnrnСпоред студиите, најдобриот начин за да ги откажете цигарите е и најлогичниот и најочигледниот начин: Наместо да ги откажувате постепено, треба да го направите тоа веднаш и целосно. Студијата објавена во „Аналите на внатрешната медицина“, била спроведена врз 700 тешки пушачи кои биле поделени во две групи.rnrnНа едната група им било кажано да изберат ден од неделата во кој ќе се откажат од пушењето. Од тој ден па натаму, не смееле да ги допираат цигарите. Им биле дадени никотински фластери две недели пред денот кој го избрале, за да го олеснат процесот на откажување. На другата група им било кажано постепено да го намалат бројот на цигари додека не ги откажат целосно. Им биле давани помошни гуми за џвакање и никотински фластери за и ним да им се олесни процесот.rnrnНа двете групи им биле дадени никотински фластери и после експериментот, бидејќи сепак станувало збор за тешки пушачи. Резултатите покажале дека првата група била значително поуспешна во откажувањето на цигарите, отколку втората. Еден месец по истражувањето, 49% од луѓето кои одеднаш престанеле да пушат цигари, останале непушачи. Другата група, пак, која постепено ги откажувала цигарите, по еден месец од истражувањето се покажало дека само 39.2% од луѓето останале непушачи.rnrnСе разбира инстантното престанување со пушењето не е единствениот начин да ги откажете цигарите. Иако идејата да изберете еден ден и веднаш да престанете звучи привлечно, сепак и градуалниот метод во кој постепено ги откажувате цигарите може да делува. Она што е најважно е да имате јасна цел, мотивација и поддршка од своите најблиски. Откажувањето од цигарите е многу тешко, но со добрата информираност и силната волја, може да биде и многу изводливо. Направете му на вашето идно себе услуга и откажете ја оваа опасна навика. Има многу други поинтересни и повозбудливи работи кои можете да ги правите за да го трошите времето.
Доколку сте решиле конечно да ги откажете цигарите и да се насочите кон поздрав начин на живеење, тогаш овие неколку совети без сомнение многу ќе ви помогнат. Целта е да го најдете вистинскиот начин за вас, како и онаа идеја која ќе ве мотивира да продолжите и која нема никогаш да ви дозволи да се вратите на старите навики. Да не должиме, погледнете ги следниве 3 начини на кои можете безболно да се откажете од цигарите…rnrnrn
1. Замислете поголема цел од откажувањето на цигарите
rnДури и ако не го гледате тоа на почетокот, откажувањето од оваа нездрава навика никогаш не е крајната цел. Најголемата цел би требало да биде вашето здравје, како и да станете онаа личност која може да ужива во својот живот без притоа да биде контролирана од зависност. Тоа на некој начин е како да ја враќате одново вашата независност. Доколку имате поголема цел, секогаш изразена на позитивен начин, вие ќе бидете многу повеќе фокусирани и издржливи во вашата идеја да ги откажете цигарите.rn
2. Испланирајте ги сите чекори однапред
rnДоколку немате распоред, големи се шансите дека пушењето повторно ќе ви избега од контрола. Токму затоа земете лист и хартија и напишете го бројот на месеци во кои планирате да престанете со пушење, како и колку цигари дневно ќе пушите во тој период со цел полека да намалувате. Можете дури и да го запишете финалниот датум кога веќе нема да имате потреба од нив. Откако ќе ги имате сите броеви црно на бело, вие ќе можете многу подобро да се фокусирате на вашата цел и со помош на овој распоред да не си дозволите пушењето да ви бега од контрола.rn
3. Искористете ја целата помош која можете да ја најдете
rnНе се плашете да посетите терапевт. Вие не само што ќе имате потреба од поддршка во целиот овој процес, туку и ќе мора да научите како да се справувате со стресот без притоа да посегнете по цигарите. Терапевтот исто така може да ви помогне и да допрете до внатрешна сила која не сте знаеле ни дека ја поседувате, а со тоа и полесно да го надминете овој период од вашиот живот. Од друга страна, не ги изоставувајте вашите најблиски од овој процес. Вам навистина ќе ви треба целата помош која можете да ја најдете.
Цигарите предизвикуваат зависност поради која многу тешко можете да се откажете од ниц, дури и ако долго време се обидувате. Навиката е силна, па понекогаш сите обиди за промена можат да завршат неуспешно. Но, во последно време на интернет се врти еден природен рецепт за откажување од цигари, чии автор не е познат, но многумина велат дека тој одлично делува.rnrnrnrnРецептот се состои од едноставни состојки кои би требало да ви помогнат засекогаш да се откажете од оваа навика. Па, доколку сте расположени да пробате нешто ново, тогаш дајте му шанса на овој рецепт. Нема што да изгубите.rn
Потребни состојки:
rn
rn011
½ грејпфрут
rn011
½ портокал
rn011
20 милилитри чај од камилица
rn011
30 грама масло од јојоба
rn011
30 грама маслиново масло
rn011
30 грама кокосово масло
rn011
5 грама оригано
rn
rn
Начин на подготовка и употреба:
rnИсцедете ги грејпфрутот и портокалот во голем сад и додајте ги врз нив сите останати состојки. Мешајте сè додека не добиете хомогена смеса, а потоа сипете ја во мали стаклени шишенца кои можете постојано да ги носите со себе.rnrnСекој пат кога ќе почувствувате желба за цигари ставете неколку капки на кожата под носот или пак сипете врз памук и потоа длабоко вдишете.rnrnСо среќа!rnrn rnrn
Јапонскиот артист Шинрашинг прави неверојатна уметност од пепелта на цигарите. Тој создава различни портрети, претворајќи го токсичниот пепел во нешто убаво. На овој 22-годишен артист потребни му се околу 2 часа да создаде портрет од цртаните ликови како Пикачу од Покемон и околу 2 дена да создаде портрет од личностите како Стив Џобс. Пушењето е екстремно штетна навика за вашето здравје, па токму затоа и овој артист рекол дека ќе се откаже од цигарите. Во меѓувреме, погледнете дел од неговата одлична и уникатна уметност.rnrnrnrn rnrn
Овие неверојатни снимки од фетус кој си го држи своето лице ни покажуваат како бебињата кои се изложени на цигари може да имаат забавен развој. Скенираните слики ни покажуваат дека бебињата на мајките кои пушат ги допираат нивните устиња и лица многу повеќе од бебињата на непушачите. Фетусите, како што се развиваат и се приближуваат до нивното раѓање, така сè поретко си го допираат своето лице, но оваа 4Д ултразвучна снимка ни покажува дека цигарите можат да доведат до застој при развојот на централниот нервен систем на бебето.rnrnКликнете на снимката за поголема верзијаrnrnИстражувачите велат дека оваа шокантна фотографија може да се употреби за да се охрабрат жените да се откажат од пушење, барем за време на бременоста. Овие неверојатни снимки јасно ни го откриваат начинот на кој цигарите можат да му наштетат на развојот на нероденото бебе. Докторите долго време се обидуваат да влијаат врз бремените мајки пушачи, бидејќи пушењето може да го зголеми ризикот од предвремено раѓање, да предизвика проблеми со дишењето, па дури и смрт на бебето во матката.rnrnНо, сега истражувачите конечно веруваат дека можат јасно да ги покажат ефектите од пушењето врз бебињата во матката и да ги искористат овие слики за да ги охрабрат мајките да не ги повредуваат своите сè уште неродени бебиња.rnrnНа овие 4Д ултразвучни снимки можете да видите два фетуса, кои се во својата 32 недела, каде што еден од нив (горе) е на мајка пушач, а еден (долу) на мајка која не пуши. Фетусот кој го носи жената пушач постојано го допира своето лице и уста, индицирајќи дека неговиот развој е забавен.rnrnКако дел од студијата, д-р Надја Реисланд од Универзитетот Дурам ги користела овие снимки со цел да ги следи илјадниците мали движења во матката. Таа следела 20 мајки од кои 4 пушеле околу 14 цигари на ден. По проучувањето на нивните снимки на 24, 28, 32 и 36 недели, таа забележала дека фетусите на оние мајки кои пушат имаат континуирано повеќе движења со устата и допири на лицето за разлика од мајките кои не пушат.rn
„Потребна е поголема студија за да се потврдат овие резултати, како и да се истражат специфичните ефекти кои ја вклучуваат и поврзаноста на стресот на мајката и пушењето“, вели таа.
rnНо, фактот што овие резултати треба допрва да се проверуваат не треба да ве мотивира да се надевате дека со цигарите можете и да не му наштетите на вашето неродено бебе. Токму затоа погледнете ги овие снимки многу добро и размислете дали навистина цигарите ви вредат повеќе од животот на вашето бебе.rnrn rnrn
Ако не пушите, сигурно е дека мирисот на цигари многу ви пречи и го чувствувате секогаш кога некој пријател – пушач ќе ви дојде на гости. Тогаш останува оној непријатен мирис на чад во домот од кој сакате да се ослободите најбргу што може. Тој мирис се лепи на завесите, теписите, мебелот и други места и може да се отстрани оттаму. Тоа можете да го направите на два начина: со длабинско чистење, во ситуациите кога многу е задушливо, или со друг побрз метод, кога количината на чад овозможува тој да излезе побргу.rnrnrn
Длабинско чистење
rn1. Започнете со бришење на мебелот и исчистете го каучот.rnrn2. Симнете ги завесите за да ги исперете и не заборавајте да употребите омекнувач.rnrn3.Дрвениот мебел и паркетот избришете го со малку оцет. По некое време неговиот мирис ќе исчезне, а во меѓувреме ефикасно ќе го впие мирисот на цигари.rnrn4.Кога станува збор за ѕидовите, размислете за тоа почесто да ги бојосувате и потоа да ги премачкате со нешто кое ќе го спречи впивањето на чадот.rnrn5. Прозорците нека ви бидат отворени додека чистите, затоа што така дело од чадот сам ќе излезе и ќе ве поштеди од малку работа.rn
Брзо чистење
rn1.Запомнете да проветрувате уште додека гостите кои пушат се кај вас. Така дел од чадот ќе излезе уште пред да се впие во домот.rnrn2. Оваа појава ќе ја превенирате и со плаење на миризливи свеќиrnrn3. Поставувајте садови со активен јаглен на неколку места низ куќата, особено таму каде што се пуши.rnrn4. Друг добар метод е во собата која е полна со чад да ставите сад со оцет на кој сте додале и малку етерично масло.rnrn5. Можете да ставите кора од лимон и портокал во вода на оган, да ја зовриете и додека уште испарува да ја ставите во задушливата соба.rnrn6.Користете некаков апарат за прочистување на воздухот. Тие прават голема разлика.rnrn7.Ставете малку сода бикарбона по мебелот и каучот. Тој вечерта ќе го впие мирисот, а утредента треба само да ги поминете со правосмукалката.