Ако жените не можат да се откажат од цигарите и покрај тоа што користат препарати или програми за одвикнување, не треба да се нервираат. Без оглед на тоа што постои изразена желба да се ослободите од овој порок, жените понекогаш се немоќни затоа што нивните потреби се запоставени.rnrn
rnrnИстражувачите од Универзитетот во Питсбург објаснуваат дека повеќето програми и препарати за одвикнување од пушењето се приспособени за мажи.rnrnКако пример се спомнуваат никотинските фластери и гумите за џвакање, кои немаат ист ефект врз жените и врз мажите. Покрај тоа, понежниот пол е почувствителен на факторите на животната средина поврзани со навиката за пушење, а најголемо влијание имаат пријателите пушачи, расположението или самото опкружување. Земајќи ги предвид сите фактори, експертите предлагаат да се создаде програма за прекин на пушењето заснована врз разликите во полот затоа што само на тој начин може да се постигнат посакуваните ефекти и кај жените и кај мажите.rnrnПогледнете ги овие 7 природни начини за откажување од пушењето цигари.
Tag: цигари
-

Кој се откажува од цигарите потешко – мажите или жените?
-

Дали знаете дека цигарата е штетна дури и откако ќе ја изгаснете во пепелникот?
Научниците од Националниот институт за технологија во САД открија дека отпушоците од цигарите се поопасни за здравјето на луѓето отколку што мислите поради високото ниво на никотин што се создава во воздухот уште долго време по гаснењето на цигарата.rnrn
rnrnСпоред научниците, секој отпушок испушта речиси 15% од вкупниот никотин што се содржи во целата цигара, но иако повеќето хемикалии се испуштаат од изгасната цигара во првите 24 часа, откриено е дека нивото на никотин е штетно во рок од една недела по гаснењето на цигарата.rnrnОвие откритија ги вознемирија и Австралијците, а Советот за рак на Квинсленд ги предупреди жителите за опасностите од веќе догорените цигари.rn„Во Квинсленд, ние се стремиме да го забраниме пушењето на колку што е можно повеќе јавни места, особено затоа што луѓето не се свесни какво штетно влијание има пасивното пушење врз здравјето на луѓето“, изјави Крис Мекмилан, извршниот директор на Советот за рак на Квинсленд.
rn
„Можеби мислите дека сте ги заштитиле вашите деца од чад ако не пушите во автомобилот кога тие се присутни, но доволно е штетно и само кога пепелникот во топол автомобил е полн со отпушоци од цигари кои испуштаат штетни хемикалии“, рече Мекмилан.
rnНаучниците откриле дека отпушоците се поштетни кога времето е потопло. Ова значи дека ако не го испразните пепелникот во текот на една недела, количината никотин на којашто се изложени непушачите може да биде двојно поштетна.rnrnПрочитајте како да го отстраните мирисот на цигари од дома.
-

Дали се паметните телефони – цигари на модерното време?
Живееме во ера во која мобилните телефони ги нарушија социјалните односи. Но, уште позастрашувачки е фактот дека тие влијаат и на здравјето. Од познатите личности до бебињата – сите се навистина навлечени…rnrn
rnrnВо последно време, на социјалните мрежи се појавија слики од разни кафулиња, кои им кажуваат на своите гости дека немаат „wi-fi“ и дека наместо на телефон, треба да поминуваат повеќе време со пријателите. Тоа е одлична кампања што може да нè привлече сите нас кон прифаќање на зависноста од мобилните телефони, која скоро незабележливо, нè втурна во имагинарниот свет на Интернетот, каде нема простор за топол човечки збор.rnrnПризнајте си колку пати ви се случило да излезете со пријателите и наместо да ги раскажувате настаните од претходната вечер, да гледате во вашиот телефон сè додека не сфатите дека не сте проговориле ниту збор цели 15 минути? Уште поглупава е ситуацијата во која додека водите сериозен разговор со вашето момче, тоа несвесно игнорирајќи ве, објавува статус на Твитер. Пристапноста до Интернет го забрза човековиот развој, но нè оддалечи нас како луѓе.rnНомофобија
rnСпоред некои истражувања, просечниот корисник на мобилен телефон го проверува екранот на секои 5 минути – до 200 пати на ден. За 24 часа добиваме до 22 повици и 25 пораки, додека часовникот го проверуваме 20 пати. Пристапот до Интернет е почест, така што корисниците ги користат социјалните медиуми во просек до четири часа на ден. Повеќето, веднаш штом ќе ги отворат очите, прво ги проверуваат нивните телефони, а мобилниот е и последното нешто што го гледаме пред спиење.rnrnВо 40% од случаите, сопружниците попрво би му посакале добра ноќ на овој „прекрасен“ мал апарат, отколку на партнерот. Со одредени истражувања во САД се дошло до сознание дека зависноста од мобилни телефони може да ги уништи блиските односи меѓу луѓето, па дури и кариерите. Страшно е, зарем не?rnrnСитуацијата е толку алармантна што научниците смислиле и болест наречена номофобија која ја опишува состојбата кога луѓето ќе се најдат во ситуација да бидат без својот мобилен телефон – слична на некое сериозно нарушување или загуба. Номофобијата е чувство на страв и загуба. Симптомите се паничност, вознемиреност, топлотен удар, нервоза и тага.rnrn
rnВнимавајте, опасно е!
rnИ не е само тоа во прашање… Ако сето горенаведено не ве натера повторно да размислите за времето што го поминувате со луѓето, подгответе се за последниот и најсилен „судир“ со вистината.rnrnСветската здравствена организација предупреди дека мобилните телефони најверојатно се канцерогени. Со други зборови – невидливите бранови со кои тие функционираат може да предизвикаат карцином. Американските епидемиолози ги споредиле паметните телефони со цигарите кои датираат од 1970-тите години кога се сметале за „здрава занимација“. Ако ги истражите состојбите од тоа време, ќе наидете на реклами кои препорачуваат цигари како одличен лек за бронхитис и респираторни проблеми, а производителите се тркале за да го докажат позитивниот ефект на никотинот. Сите овие теории „паднаа во вода“ оваа деценија, а денес, на секоја кутија цигари, нè информираат за сите несакани ефекти. Тогаш, дали мобилниот, во некоја идна ера на човештвото, ќе ја има истата судбина? И дали денес паметните телефони се тоа што некогаш биле цигарите? Одговорот е секако да.rnrnНашите дедовци во нивно време не ги испуштаа цигарите од рака, а ние денес не ги испуштаме телефоните.rn
Спасете се
rn
- rn 011
- Користете ги звучникот и „hands free“ уредите колку што можете повеќе.
- Чувајте го телефонот на 80 см оддалеченост од вашето тело.
- Ниту случајно не спијте со вашиот мобилен телефон во близина.
- Испраќајте СМС пораки наместо да остварувате телефонски повици.
- Кога сигналот е лош, исклучете го телефонот. Во тој момент, се испуштаат двојно повеќе лоши бранови.
- Обидете се да користите производи што го намалуваат зрачењето.
- Ако децата играат на вашиот телефон, вклучете ја опцијата за авионски режим и заштитете ги од штетно зрачење.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnМожеби сакате да прочитате и дека според едно ново истражување марихуаната ја менува структурата на срцето.
-

Како веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?
Ако не сте пушач и ви смета мирисот на тутун во вашиот дом имаме неколку корисни трикови како веднаш да се ослободите од непријатниот мирис на цигари.rnrn
rnrnНепријатниот мирис на чад од цигари кој го исполнува вашиот дом и ви предизвика лошо расположение може да го отстраните на целосно природен начин. Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да дишете со полни гради. Но, најпрво отворете ги прозорците за добро да проветрите.rnБел вински оцет
rnБелиот вински оцет е секако еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигари. Подгответе мешавина од бел вински оцет и топла вода, а потоа со крпа избришете ги сите површини. Избришете ги столовите, орманите, полиците и другите делови од мебелот. Исто така може да ги избришете вратите и прозорците. Ако мирисот е премногу силен може да ставите чаша со оцет да стои во собата во текот на ноќта. Доколку не го сакате мирисот на оцет, тогаш помогнете си со следните трикови.rn
Сода бикарбона
rnДури и сестраната сода бикарбона може да ве спаси од непријатните мириси. Ставете ја содата во сад и однесете ја во собата каде се пуши. Исто така може да ставите сода по подот од просторијата во која се пушело и да ја оставите да дејствува 24 часа. Потоа едноставно соберете ја со правосмукалка. На овој начин може да се ослободите и од мирисот на цигари на гарнитурата, тепихот или фотелјите.rn
Заводливиот мирис на цитрусните плодови
rnБрзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на тутун и со помош на лимон или портокал. Излупете ги, поделете ги на парчиња и распоредете ги во неколку чинии. Ставете ги во просторијата каде се пушело или низ целиот стан, додека не се исушат. Наскоро просторијата ќе се исполни со пријатен мирис.rnrnАко сакате да одите чекор понатаму, истражете ги и овие природни начини за откажување од пушењето цигари.
-

Колку е штетно за бебето ако живее во дом во кој се пуши?
Кога детето е пасивен пушач, се изложува на ризик од низа здравствени проблеми: астма, бронхитис, пневмонија, воспаление на ушите… Самиот дим содржи низа бројни токсични супстанци, скоро 4.000, вклучувајќи и 40 кои се потенцијално канцерогени. Постои и висока концентрација на штетните супстанци како катран и никотин, што преку димот ги вдишуваат и оние кои само се наоѓаат во иста просторија со пушачи.rnrn
rnrnДетските бели дробови, кои допрва се развиваат, се особено чувствителни на влијанието на вдишување дим и тоа од многу причини. Најпрво поради физичкиот развој, но и затоа децата имаат поголема фреквенција на дишење од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на нивната телесната тежина, што значи и вдишуваат повеќе дим.rnrnБебињата и малите деца кои се изложени на димот имаат зголемен ризик од појава на инфекции на системот за дишење, како што се воспаление на белите дробови и бронхитис. Исто така е зголемен и ризикот од инфекција на средното уво.rnrnДецата кои се изложени на дим од цигари побавно растат, а тој влијае и на промена на липидниот статус, па оние што дишеле дим како помало, во адолесцентската дома имаат проблеми со нивото на добриот и лошиот холестерол, што подоцна може да им го зголеми ризикот за развивање болести на срцето.rnrnАко мислите дека е доволно само да отворите прозор во просторијата во која се пуши со цел да го решите проблемот – грешите! Дури и по гасењето на цигарата, остануваат траги во косата, кожата, ѕидовите, материјалите, теписите, мебелот и играчките…rnrnПрочитајте и што точно се случува со бебето кое го носи мајка која пуши цигари. -

10 позитивни причини да престанете да пушите
Постојат многу одлични причини за да престанете да пушите цигари. Треба да разберете дека пушењето лошо влијае не само на вас, туку и на вашата околина. Доколку се одлучите да престанете да пушете цигари, треба постојано да се потсетувате на следниве причини кога ќе ви биде потребна дополнителна мотивација. rnrn
rn1. Ќе живеете подолго
rnСпоред сите направени истражувања, луѓето кои престануваат да пушат, живеат подолго. Дури и на 60 години ако престанете да пушете, сепак животот ќе ви се продолжи иако многумина мислат дека е касно и дека штетата веќе е направена. Доколку престанете да пушите во вашите 30-ти години, животниот век ќе ви се продолжи за дури 10 години. Долгиот живот значи повеќе време поминато со семејството и пријателите, како и повеќе време за занимавање со хобија и правење работи за кои отсекогаш сте сонувале. Покрај тоа, непушачите помалку заболуваат од разни болести, што значи и помалку време поминато кај доктори.rn
2. Ќе можете да дишете со полни гради
rnВо рок од 9 месеци, откако ќе престанете со пушење, капацитетот на белите дробови ќе ви се зголеми за 10%. Тоа нема ни да го забележите сè додека не почнете да трчате и да се занимавате со некој спорт. Во рок од 2 до 12 недели по откажувањето на цигарите, исто така ќе ви се подобри циркулацијата, а со тоа ќе ви се зголеми и енергијата.rn
3. Ќе имате подобра кожа, коса, нокти и заби
rnБели заби, нокти и кожа без жолти дамки. Не е потребно повеќе да се објаснува. Но, има уште многу други работи. Пушачите почесто имаат проблеми со непцата, па подолго време поминуваат на заболекар бидејќи отстранувањето наслаги од забите трае подолго. А сите ние сакаме да бидеме што е можно пократко кај заболекарот.rn
4. Ќе изгледате млади подолго време
rnСпоред некои податоци, кожата кај пушачите старее и се создаваат брчки дури до 3 пати побрзо отколку кај непушачите. Пушењето може да додаде 10 до 20 години на вашето лице. Овен добар изглед на кожа, за младолик изглед важна е и косата. Непушачите имаат од 3 до 6 пати помали шанси прерано да им побелее косата, а мажите непушачи имаат 2 пати помалку шанси да ја изгубат косата. Доколку престанете да пушите, не само што ќе живеете подолго, туку и подолго ќе изгледате млади.rn
5. Ќе заштедите пари
rnДоколку земеме предвид дека просечната цена на една кутија цигари чини 90 денари и доколку пушите една кутија на ден, со престанување на пушењето вие за една година ќе заштедите преку 30 илјади денари. Замислете што сè можете да направите со тие пари. Можете да ја обновите гардеробата, да одите на патување или едноставно да го намалите минусот на вашата сметка.rn
6. Ќе станете попривлечни
rnИ тоа не само поради убавата кожа и заби. Во некои анкети, непушачите биле оценети како 3 пати попривлечни од пушачите. Можеби овде има улога тоа што непушачите мирисале посвежо, а не на чад. Во анкета спроведена во Канада, дури 56% од испитаниците изјавиле дека не би сакале да бидат во врска со пушач, а 20% рекле дека познаваат некој кој ја прекинал врската со пушач, токму поради пушењето.rn
7. Помалку ќе ја загадувате околината
rnПомалку чад значи помалку јаглероден диоксид, а со тоа и намалено влијание на промената на климата на планетата. Но, тоа не е сè. За одгледување тутун, се уништуваат шуми, што значи се уништуваат живеалиштата на многу животни. Се троши вода за наводнување, а амбалажата во кои се спакувани цигарите и отпушоците ја загадуваат околината. Доколку престанете да пушите, нема да направите добро само за себе, туку и за планетата.rn
8. Во организмот ќе имате помалку пестициди
rnДали избегнувате прскан зеленчук и овошје, и купувате само од проверените продавачи на пазарот? Или пак одгледувате свое овошје за да се храните поздраво? Треба да знаете дека некои пестициди со кои се прска тутунот го преживуваат горењето и за време на пушењето ги внесувате во организмот.rn
9. Помалку напорни луѓе во секојдневниот живот
rnНема да морате константно да слушате за тоа како треба да престанете со пушење, туку ќе можете да се пофалите како сами сте се откажале од цигарите. Покрај тоа, повеќе нема да мрзнете од студ или да стоите на дожд пред работното место или факултет за да пушите цигара. Нема да имате ни нервози при подолгите предавања или состаноци затоа што долго време не сте запалиле цигара.rn
10. Ќе ви се подобри сексуалниот живот
rnЕве го шлагот за крај. Како што претходно спомнавме, со оставањето на цигарите ви се подобрува циркулацијата, па тоа доведува до зголемена осетливост на половите органи. Жените ќе имаат подобри оргазми, а мажите ќе имаат подобра ерекција. Исто така, непушачите имаат помалку шанси за еректилна дисфункција. Сето тоа може да доведе до значително подобрување на сексуалниот живот.rnrnПогледнете ги и овие 7 природни начини за откажување од пушењето цигари.
-

Развод и уште 6 други работи кои се заразни…
Кога е во прашање заразата, секогаш се помислува на грип, настинка или вирус. Но, постојат и некои други работи кои немаат никаква врска со болест, а сепак може да се „пренесат“. Дознајте за што станува збор!rnrn
rnНегативно размислување
rnГолемо влијание на вас имаат луѓето со кои се дружите. Тие влијаат на начинот на кој се справувате со предизвиците во животот. Потребни се само три месеци за да присвоите негативно размислување, претворајќи го во ваш животен став.rnrn
rnСреќа
rnОд друга страна пак, за среќа, и среќата е заразна. Доколку сте среќни, вашите пријатели се 25% посреќни, а вашите комшии за 34%. Според едно истражување, за споредба, наградата од 5.000 долари ја зголемува вашата среќа за само 2%, што значи дека треба да тргнете во потрга по среќни пријатели и да заборавите на парите.rn
Откажување од цигари
rnКога еден човек ќе престане да пуши, можноста за неговото семејство и пријателите да ги остават цигарите се зголемува за 36%.rnrn
rnСтрес
rnНашиот мозок има способност да детектира стрес кај други луѓе преку најчестите симптоми, како што е забрзаното дишење. Кога ќе се открие овој симптом, кај вас веднаш започнува да се лачи хормон на стрес. Личноста од која ќе се „заразите“ постои можност дури да не се наоѓа во иста просторија со вас.rn
Желба за нови работи
rnЧесто луѓето сметаат дека некои работи се повредни кога и друг ги посакува. Мажите и жените стануваат попривлечни кога се во врска. Ова може да биде голема замка, па затоа внимавајте што посакувате и бидете благодарни на она што веќе го имате.rn
Осаменост
rnЛогично е да мислите дека далечината спречува да се шири осаменоста, но грешите. Напротив, се случува обратното. Истражувањата покажале кога една личност се чувствува осамено, со текот на времето и нејзините блиски ќе почнат да се чувствуваат исто така осамено.rnrn
rnРазвод
rnДоколку вашите пријатели се разведени, шансите за развод во вашиот брак се зголемени за 75%, во однос со оние чии пријатели не се разведени. Доколку пријателите на вашите пријатели се разведат, шансите за ваш развод се 33%. Според истражувањата, она што може да ви помогне во вашата врска е всушност помагањето на вашите пријатели да ги надминат проблемите во нивните врски.rnrnДознајте и зошто смеењето и муртењето се заразни.
-

Доколку сте пушач, овие намирници ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови
Најдобриот начин да ги исчистите белите дробови е да се откажете од цигарите. Но, ова е многу потешко да се направи отколку да се каже. За среќа постојат неколку намирници со кои ќе ја намалите штетата направена од цигарите.rnrn
rnrnСите знаеме дека пушењето е штетно за здравјето и дека го зголемува ризикот од рак на белите дробови. Но, некои истражувања покажале дека одредени намирници можат да го подобрат здравјето на белите дробови, па доколку сте пушач би било добро да ги вметнете во вашата исхрана.rnrnВо истражувањето учествувале 680 луѓе кои ги откажале цигарите, луѓе кои сè уште пушат и луѓе кои никогаш не пушеле цигари. Тие имале задача да одговараат на прашања во врска со нивниот начин на исхрана.rnrnНа сите испитаници им бил измерен капацитетот на белите дробови, односно нивниот волумен и брзината на протокот на воздухот низ дишните патишта при вдишување и издишување. Истиот тест бил направен и 10 години подоцна.rnrnРезултатите покажале дека пушачите кои консумирале многу јаболка, банани и домати имале помало оштетување на белите дробови во текот на тој период. Научниците изјавиле дека причината е тоа што овие намирници се богати со антиоксиданси кои ги намалуваат воспаленијата на дишните органи, го подобруваат здравјето на белите дробови и помагаат во обновувањето на оштетеното ткиво од долгогодишното пушење.rnrnПогледнете ги и другите видови храна со коишто можете да ги прочистите вашите бели дробови. -

Тест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?
Денес секој знае за опасноста од пушењето цигари. Но, 50-тите биле различно време кога рекламирањето и културниот притисок да пушите биле силни. Пушењето било симбол за софистицираност и воглавно луѓето не биле свесни за негативните последици.rnrn
rnrnОвој текст е од списанието „Caper Magazine“ од 1959-та година и покажува неколку примери за она што го забележал психоаналитичарот доктор Вилијам Неутра. Според неговата анализа, начинот на којшто ја држите цигарата може да открие детали за вашиот карактер, расположение и несигурности. Па, доколку сте пушач, дали се препознавате?rn1. Жената е несигурна и страв ѝ е да не ја изгуби цигарата. Веројатно цврсто се држи за нејзиниот сопруг
rn
rn2. Типично држење на девојка на која ѝ е здодевно на состанокот. Мора да се концентрира на филтерот за да не се проѕева
rn
rn3. Доктор Неутра сметал дека овој маж е интелектуалец, интелигентен и замислен лик
rn
rn4. Не можете да се потпрете на оваа личност. Таа е слаба, тешко се живее со неа и склона е кон лажење
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

7 природни начини за откажување од пушењето цигари
Иако сите пушачи се свесни за штетата која доаѓа со пушењето цигари, откажувањето од нив е можеби најтешкото нешто што треба да го направат во нивниот живот. Дури и кога е споредувано со откажување од потешки дроги, како хероин или метамфетамин, откажувањето од цигарите може да биде уште покомплицирано само затоа што тие се достапни секаде. Добрите вести се што откажувањето од цигари е возможно, а овие совети можеби ќе ви помогнат во тоа.rn
1. Ментално подгответе се за претстојната битка
rn
rnrnОдлуката да се откажете од цигарите е првиот чекор, но и најлесниот. Станува многу потешко кога треба да си ја забраните вашата рутина. За да се подготвите можете да направите листа од нештата што ве мотивираат да престанете со пушење. Вклучете ги целите кои би ги постигнале само доколку се откажете од цигарите. Чувајте ја листата со вас и гледајте ја во моментите на слабост.rn2. Одберете датум
rn
rnrnОдберете конкретен датум за откажување. Забележете го денот на вашиот календар и како што наближува набљудувајте ги вашите навики за пушење и обидете се да ги намалите. Каде најчесто палите цигара? Дали пушите после одредена храна или пијалак? Бидете свесни што ја предизвикува желбата. Можеби секогаш пушите цигара со утринското кафе. Во тој случај заменете го пијалакот со чај или што било. На овој начин полесно ќе го тргнете пушењето од дневната рутина.rn3. Ослободете се од „алатките“
rn
rnrnШтом ќе дојде денот за откажување, сите пепелници и запалки ќе ви станат непотребни. Бидејќи ги оставивте цигарите засекогаш, слободно фрлете ги овие предмети. Ослободувањето од нештата што ве потсетуваат на цигари ќе ја зајакнат вашата одлука за откажување. Колку потешко ќе ви биде да најдете запалка, пепелник или цигара, толку помалку ќе сакате да запалите. На овој начин ќе ја добиете менталната битка.rn4. Следете ја заштедата
rn
rnrnТргајте ги настрана сите пари кои инаку би ги потрошиле за цигари. Ќе забележите дека купчето брзо ќе се зголеми. Секогаш кога ќе сакате да запалите цигара, погледнете ја заштедата и помислете на одморот од соништата, или што било што сакате да си го купите. Ќе ви биде полесно ако пред вас ја гледате наградата.rn5. Зачинете го животот
rn
rnrnНавистина потценето помагало во откажувањето од цигари е чили пиперот. Со тоа што ја забрзува циркулацијата и ги „размрдува“ желудочните сокови, ја започнува детоксикацијата од никотин. Исто така ќе ве заштити од вишокот килограми кои доаѓаат со откажувањето цигари со тоа што ќе го забрза вашиот метаболизам.rn6. Внесете ѓумбир во вашата исхрана
rn
rnrnКако чили пиперот, така и ѓумбирот е магичен лек. Всушност, медицинските својства на ова растение се познати најмалку 5.000 години. Иако ѓумбирот се применува за многу нешта, неговото најпознато својство е тоа што ја подобрува дигестијата. Ова ќе ви помогне да ја намалите желбата за никотин и симптомите кои доаѓаат со неа како гадење, главоболка, замор и променливо расположение.rn7. Употребувајте екстракт од овес
rn
rnrnЛуѓето често ги употребуваат цигарите за намалување на стресот. Но пушењето влијае на нервниот систем и може да предизвика уште повеќе анксиозност и стрес. Бидејќи вашиот ум е трениран да мисли дека цигарите ги намалуваат овие симптоми, откако ќе се откажете, нервниот систем може да излезе од контрола. За да го избегнете ова, употребувајте екстракт од овес. Оваа состојка го лекува нервниот систем на клеточно ниво и ги заменува изгубените хранливи материи и минерали. Тој ќе ги смири умот и телото, а со тоа ќе ја намали и желбата за пушење.rnrnДоколку овие совети не ви помогнаа, обидете се да се откажете од пушењето со помош на медитација.