Секоја сезона се одликува со нови трендови кога станува збор за облека и чевли, така што и оваа сезона не е исклучок. Што се однесува до чизмите, оваа зима се враќаат некои од старите и подзаборавени трендови. Во продолжение проверете кои се тие.rnrn
rn
1. Чизми со тенка и ниска штикла
rnТрендот што беше особено популарен во 90-тите е повторно актуелен веќе неколку години. Оваа зима, во мода се ултра шик модели, кои можете да ги најдете изработени од материјали со различна текстура. Меѓу најпопуларните во оваа категорија се беж монохроматските чизми.rnrn
rn
2. Стилизирани војнички чизми
rnОвие чизми беа вистински тренд минатата есен, а актуелни се и оваа сезона. Но, оваа зима, стилистите препорачуваат да бидат исклучиво црни.rnrn
rn
3. Прилепени чизми
rnОваа зима се препорачуваат чизми од растеглив материјал што совршено ќе се прилепат за нозете. Доколку сте за секси, ретро, но истовремено и модерен изглед, тогаш овие чизми се вистинскиот избор за вас.rnrn
rn
4. Златни и сребрени чизми
rnОваа сезона, златните и сребрените чизми се меѓу најактуелните избори што можете да ги направите, било да се работи за дневно или за ноќно излегување.rnrn
rn
5. Чизми во боја
rnКрајот на летото не мора да значи дека треба да ги спакувате шарените чизми и алишта за повторно да ги носите наредната летна сезона. Чизмите во боја се дефинитивен хит овој период, особено чизмите со пастелни бои.rnrn
rnrnОткако прочитавте за модните трендови што се однесува до изборот на чизми оваа сезона, ви препорачуваме да прочитате и кои џемпери ќе бидат во мода оваа есен.


rnrnОсвен неа, еден руски модел исто така ги обожава овие две некомпатибилни парчиња. Џенифер Лопез исто така не се срамеше да ја комбинира својата елегантна чанта со спортски хеланки и да ја однесе во теретана. Сепак, сето ова не значи дека е добра комбинација (на кој било начин), но онаа што Ирина ја прошета по улиците навистина е!rnrnПрекрасен комплет во сив тон и чизми, торба со принтови од зебра и маска од ист дизајн го комплетираше смелиот стајлинг. Ако сакате да се обидете да го копирате овој изглед, важно е да ја имате во предвид нијансата на тоновите – оние кои се по неутрални (како во овој случај) секогаш изгледаат подобро и дефинитивно треба да ја имате предвид текстурата на ткаенината, што во овој случај го диктира изгледот.rnrn
rnrnПогледнете кои 




rnrnВисоките чизми ја издолжуваат фигурата и им одговараат на сите. Можат да се носат со лежерни дневни комбинации со џемпер и капут, но и со пософистицирани вечерни парчиња како и романтични миди фустани и здолништа.rnrn
rnrnТие доаѓаат во сите бои, а ќе постигнете најголем ефект доколку изберете некоја повпечатлива боја како црвената. Животинскиот принт исто така може да ве издвои, а ако се решите за него, нема да згрешите со овогодишниот хит – змискиот принт.rnrn
rnrnСекако нема да погрешите ни ако се одлучите за класичниот, едноставен кожен дизајн или пак, за набран материјал. Поиграјте си со принтовите и материјалите со цел да ѝ се спротивставите на зимата бидејќи кога станува збор за чизми над колена, нема лош избор!rnrn


