Сигурни сме дека сте забележале – чизмите до глуждови се вистински хит оваа сезона! Тие лесно се комбинираат со фармерки и со пантолони, но кога станува збор за здолништа, нештата се малку потешки. Која е најдобрата должина? Дали треба да носите хулахопки? Дали чизмите треба да се со високи потпетици? Дознајте во продолжение…rn
1. Изберете тема
rn
rnrnИмате прекрасен пар чизми до глуждови со превртена кожа? Нема проблем! Најдобриот начин да ги комбинирате е доколку се водите од нивниот изглед. На пример, лесно можете да комбинирате рустикален аутфит – облечете го вашето кратко скејтерско здолниште и додајте платнена кошула, па можеби дури и шешир ако сте така расположени.rn
2. Комбинирајте слични материјали и бои
rn
rnrnОва е слично на претходното правило за „темата“. На пример, ако одберете посјаен модел чизми до глуждови, тогаш инкорпорирајте ја таа сјајност во целиот ваш аутфит.rn
3. Заменете ги чевлите за во канцеларија со чизми до глуждови
rn
rnrnЗдодеано ви е постојано да ги носите истите салонки? Надградете го вашиот изглед така што ќе одберете софистицирани, ниски чизми во комбинација со молив-здолниште и погледнете како вашиот живот целосно ќе се трансформира.rn
4. Мини здолниште + чизми со ниска потпетица
rn
rnrnАко сакате да носите мини здолниште, тогаш комбинирајте го исклучиво со чизми до глуждови со низок ѓон. Тоа исто така е совршена можност конечно да ги поносите малку и „силните“ црни чизми што ви се криеле во задниот дел од шкафот.rn
5. За поактивните дами – чизми до глуждови со дебела штикла
rn
rnrnОвие чизми не се толку лесни за менување како салонките, ако нозете почнат да ве болат. Токму затоа и ако сте во движење во текот на денот, одберете чизми со дебела штикла. Така ќе ви биде најудобно.rnrnДознајте и како да носите чизми до глуждови ако сте ниска девојка.


rnrnОваа комбинација изгледа одлично затоа што визуелно ја издолжува вашата нога. Станува збор за трик кој ниските девојки постојано го применуваат за да ги издолжат своите нозе и да си додадат визуелно уште неколку сантиметри на нивната висина.rn
rnrnИ за ова важи истото правило. Кратките модели на пантолони ќе ја издолжат вашата фигура и ќе ве направат повисоки. Само внимавајте, просторот меѓу пантолоните и чизмите нека не надминува 1 сантиметар.rn
rnrnМожете да ги издолжите вашите нозе и ако одберете модели на пантолони и чизми до глуждови во иста боја. Само внимавајте нијансите да бидат што е можно поблиску и чизмите да не бидат потемни од горниот дел бидејќи тогаш ќе привлечат несакано внимание.rn
rnrnИ за крај, без разлика колку сте високи, никогаш нема да згрешите ако одберете чизми до глуждови на високи потпетици. Ако преферирате удобност, слободно одберете помала штикла, а ако не ви пречи висината, одете што повисоко можете!
rnrnЦрните чизми можат да изгледаат премногу нападно ако модната комбинација ви е со посветли бои, но белите чизми изгледаат одлично дури и ако носите целосно црна комбинација. Тие исто така добро стојат на различни видови модели и можат да се комбинираат за сите видови настани.rn
rnrnБаш затоа што луѓето не се навикнати да гледаат чизми во оваа боја, тие често мамат погледи и предизвикуваат да бидете во центарот на вниманието. Дури и ако облеката ви е сосема обична, чизмите ќе ве направат лесно забележливи во топлата.rn
rnrnБелите чизми ќе ви донесат вистинско освежување во есенската гардероба, токму поради својот елегантен и тренди изглед. Па, ако оваа сезона сакате да вложите во само еден тренд, нека биде токму овој, бидејќи со него едноставно не можете да згрешите.rn
rnrnМногу е тешко да се направи добра модна комбинација кога сезоните се менуваат, но ако имате бели чизми, тоа воопшто нема да ви биде тешко. Тие изгледаат обично и со есенски и со зимски парчиња облека, исто како што лесно ќе ви се вклопат и во пролетната и летната гардероба.rn
rnrnЗа поопуштените девојки, оваа комбинација е идеална. Само погрижете се да покажете малку кожа меѓу врвот на чизмите и крајот на фармерките и комбинирајте со модел инспириран од западот. Резултатот е релаксиран, но истовремено и впечатлив.rn
rnrnДа, овој модел сè уште е во мода! Па, доколку сакате да ги скриете чорапите во кусите чизми, тогаш најдобро е да одберете ѕвонарки што ќе откриваат само мал дел од ѓоновите. На овој начин визуелно ќе ги издолжите вашите нозе, но и ќе изгледате многу повисоко.rn
rnrnАко сакате да оставите впечаток и да се издвоите од толпата тогаш најдобриот начин да го направите тоа е да одберете храбар дизајн за вашите чизми и да ги комбинирате со фармерки што целосно ќе ги откриваат.rnrnПрочитајте и 


rnrnПреминете на 
rnrn
rnrn
rn
rn
rn

rn
rn
rn

rnrnИсто така, Кортни Кардашијан го понесе овој нов, моден тренд помеѓу првите, а ние уште тогаш започнавме да се заљубуваме во него.rnrn
rnrnМакси дуксер или кратко здолниште и бумбер јакна, навистина изгледаат модерно заедно со овој модел на чизми. Овој тренд може да се носи во пролет, со лесни фустани и чизми од велур над колена. А, со интересен елек ќе бидете кралица на бохо стилот.rnrn
rnrnЗаедно со интересна чанта, шешир, впечатливи прстени и друг аксесоар ќе бидете вистинска кралица на уличната мода. Се надеваме дека овој нов, моден тренд навистина ви се допадна. Побарајте во вашиот гардеробер комбинации со кои можете да го испробате уште денес. А ние ви предложуваме уште неколку идеи.rnrn









rn
rn
rn
rn


rnrnАко ви се допаѓаат чизмите над колена, еве неколку предлози како да ги носите.rn
rnrnТуниките одлично изгледаат во комбинација со чизмите над колена поради нивната совршена должина. Можете да додадете и пар хеланки или хулахопки со интересен дизајн и ќе имате подготвен финален изглед. На пример, можете да се облечете во црно, да ставите чизми над колена во друга боја и да дополните со долг капут или јакна. Ова е одлична идеја за професионален, а модерен изглед на работното место.rn
rnrnКожната јакна и чизмите над колена се едни од најдобрите комбинации. Во зависност од остатокот на облеката, можете да изгледате свечено и секси или модерно и опуштено.rn
rnrnЧизмите над колена добро стојат и со фармерките. Нозете изгледаат визуелно подолги, а целиот изглед никогаш не излегува од мода. Додадете во оваа безвременска комбинација и некоја едноставна кошула, шешир или интересна торба и ќе бидете вистинска дама.rn
rnrnЗа едноставна дневна варијанта одлучете се за вашиот омилен пар чизми над колена во комбинација со минималистички фустан. За да го направите вашиот изглед повпечатлив додадете и поексцентричен моден додаток.rn
rnrnАко не знаете што да облечете за прошетка или кафе со пријателите, секогаш е добра идеја да комбинирате чизми над колена и мини здолниште. Додадете еднобојна ролка, јакна и очила за сонце и ќе добиете изглед кој е во тренд и што е уште поважно, изглед во кој ќе се чувствувате удобно.