КАФЕ ПАУЗА

Tag: будење

  • 4 совети за успешно започнување на денот

    4 совети за успешно започнување на денот

    Доколку го читате ова сигурно сте од оние кои сакаат да бидат колку што е можно продуктивни, но едноставно тоа не им оди од рака. Клучот се состои во тоа да не го игнорирате алармот наутро и да не го одложувате моментот кога ќе решите да станете од кревет. На тој начин ќе имате доволно време ефективно да го поминете денот пред вас без да чувствувате стрес или да морате да брзате да ги завршите навреме своите обврски.rnrn4 совети за успешно започнување на денотrn

    1. Спијте најмалку 7 часа и разбудете се рано

    rnМожеби на почетокот ова ќе ви се чини тешко, но за кратко време ова ќе се претвори во навика и ќе се навикнете на оваа рутина за помалку од една недела. Запомнете, разбудете се со првиот аларм и надминете го искушението да го одложувате.rn

    2. Грижете се за вашето тело

    rnСега е време да појадувате. Појадокот им дава гориво на телото и мозокот по ноќниот пост. Истражувачите веруваат дека појадокот може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта, кое, пак, ги регулира апетитот и енергијата. Не заборавајте и да пиете вода на секој половина час. Водата го поттикнува вашиот метаболизам да работи, му помага на вашето тело да ги исфрли токсините и му дава гориво на вашиот мозок. Значи, имате доволно причини да пиете многу вода во текот на денот.rn

    3. Грижете се за вашиот ум

    rnВашиот ум е оној кој ќе ве води низ стоте одлуки во текот на денот, некои поважни, а некои помалку. Значи, подготовката на вашиот ум треба да биде клучен чекор во раните часови од денот.rn

    4. Планирајте го денот

    rnНапишете ги на лист хартија вашите приоритети. Ако се двоумите за некоја од задачите, размислете како и дали би можеле навремено да ја извршите. Доколку сметате дека е невозможно да ја завршите денес, исфрлете ја од списокот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те утрински тренинзи за поголема продуктивност.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?

    Зошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?

    Звукот на алармот ви сигнализира дека треба да станете, но тој не го буди вашето тело, па затоа се протегате и се проѕевате. Можеби не му обрнувате внимание на тоа затоа што го правите како неволен процес. Сепак, овие 2 активности прават многу повеќе за вашето тело отколку само да ве разбудат.rn

    1. Истегнување ќе ги активира мускулите

    rnЗошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?rnrnКога спиете, мускулите го губат тонусот, а гравитацијата ја влече течноста на едно место по грбот. Кога се истегнувате, ја масирате таа течноста и ѝ помагате да се врати во својата нормална положба. Но, како што вашите нервни импулси ја достигнуваат својата граница, така мускулите се штитат од прекумерно истегнување со нивно совладување.rnrnИстегнувањето ќе ги ослободи мускулите од нивното место за одмор за да можат да работат соодветно. Овој процес ќе ви помогне при пресметувањето на движењата што треба да ги направите за да станете и да започнете да се движите.rn

    2. Може да го намали стресот

    rnЗошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?rnrnКога истовремено се проѕевате и се истегнувате, се подобрува циркулацијата на крвта, што автоматски го намалува стресот.rn

    3. Може да помогне при вкочанетост

    rnЗошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?rnrnАко поминувате повеќе време во една позиција, тоа може да влијае на вашето тело и да предизвика вкочанетост. Кога се истегнувате по будењето, тоа влијае на зглобовите и на мускулите и помага во одржувањето поширок опсег на подвижност, дури и ако не правите сложени активности. Тоа му кажува на вашиот мозок дека е време да станете.rn

    4. Му помага на мозокот да испраќа посилни сигнали до мускулите

    rnЗошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?rnrnИстегнувањето помага при обновување на комуникацијата помеѓу мозокот и мускулите. Ова значи дека додека се истегнувате, вашиот мозок испраќа посилни сигнали до вашите мускули. Тогаш, добиените повратни информации му овозможуваат на мозокот да работи за тоа колку силни треба да бидат сигналите за да извршува различни задачи.rn

    5. Проѕевањето ве расонува

    rnЗошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?rnrnПроѕевањето го лади мозокот и ви помага да останете будни. Исто така, се проѕеваме кога ни е досадно за да останеме будни и да продолжиме со извршувањето на обврските.rnrnИстегнувањето можете да го сфатите како ресетирање софтвер. Тоа го стартува нервниот систем и ја зголемува брзината на процесите во позадина што ве одржуваат будни во текот на денот. Покрај тоа, го зголемува срцевиот ритам и ја турка крвта до вашите екстремитети.rnrnПрочитајте зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима.

  • 12 начини како да го разбудите вашето дете ако не сака да стане

    12 начини како да го разбудите вашето дете ако не сака да стане

    Научно е докажано дека здравиот сон им помага на децата да се сконцентрираат и да учат подобро, како и да имаат добро помнење и однесување. Но, за многу родители, долгиот сон на нивните деца претставува проблем. Ако сте во изолација, веројатно не можете да ги разбудите децата затоа што едноставно не сакаат да станат наутро, па овие 12 начини ќе ви помогнат да ги разбудите брзо и лесно.rnrn12 начини како да го разбудите вашето дете ако не сака да станеrnrn1. Тргнете ги завесите и подигнете ги ролетните.rnrn2. Ограничете ја употребата на мобилниот телефон пред спиење.rnrn3. Пуштете радио или музика што ќе го разбуди детето.rnrn4. Пуштете ги нивната омилена песна или нивниот омилен цртан филм, така што ќе можат да ги слушнат.rnrn5. На таблата за цртање, напишете или илустрирајте ja утринскaтa рутинa што треба да ja извршат: миење лице, облекување, појадок, подготвување книги итн.rnrn6. Смислете некоја игра што вклучува будење.rnrn7. Разбудете го детето со мирисот на неговиот омилен појадок.rnrn8. Дајте им малку време на децата да се расонат во креветот, но претходно понудете им чаша сок од портокал.rnrn9. Ако имате куче, испратете го да го разбуди детето.rnrn10. Оставете го детето да ги разбере последиците од доцнењето.rnrn11. Не создавајте драма ако нема потреба за тоа. На детето не му се допаѓа кога го лажете.rnrn12. Водете сметка дали вашето дете спие доволно. Тоа значи дека треба да легнува да спие навреме во вечерните часови за полесно да може да се разбуди наутро.rnrnПрочитајте колку часови треба да спие бебето за здрав сон.

  • Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

    Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

    Утринските часови се тешки кота треба рано да се пробудите, но со одлагање на алармот, нештата стануваат поприфатливи. Со притискање на копчето, си дозволувате да си поспиете уште 9 минути ( или 18 минути 27 минути, ако сме искрени).rnrnОва е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10rnrnНо, зошто ова копче ни го одлага будењето за 9 наместо 10 минути?rnrnАвтоматските поставки на вашиот телефон всушност започнале да се креираат  уште пред половина век. Алармните часовници со копчиња биле воведени во 1956 година преку „General Electric-Telechron’s Snooz-Alarm“според некои наоди. Одложувањето на алармот кај овој модел на часовници траело девет минути, но постоеле и неколку теории зошто е тоа така.rnrnКај часовници со аларм претходно не постоела функцијата за одлагање, така што веќе имало стандардна поставка со која требало да работат иноваторите. Не било можно надградбата да се постави на точно 10 минути, така што морале да избираат помеѓу 9 минути и неколку секунди или малку повеќе од 10 минути.rnrnЕве од каде потекнуваат различните теории. Некои луѓе велат дека извештаите во 1950-тите години сугерирале дека 10 минути биле доволно време за поспаниот човек да се врати во длабок сон. Тоа би значело дека тој повторно ќе се разбуди, но 9 минути, „сладок сон“ биле сосема доволни за опуштање.rnrnНекои експерти тврдат дека токму таа 1 минута им овозможува на луѓето да извлечат максимум од својот ден. Таа дополнителна минута нема да направи разлика кога го одлагате будењето, но може да направи разлика во тоа колку време ви е потребно да се подготвите.rnrnСепак, најчестата теорија се чини дека се сведува на едноставноста. Двоцифреното одложување на времето било потешко да се програмира отколку едноцифреното, така што дизајнерите сметале дека е подобро да се направи помалку комплициран дизајн.rnrnПодоцнежните часовници не биле задолжени да ги следат стандардите на „Snooz-Alarm“, но сепак и тие, вклучувајќи ги и апликациите за аларм на „iPhone“, ја почитувале оригиналната поставка на 9 минути.rnrnМожеби сакате да откриете и зошто будењето со аларм ве прави уште поуморни?

  • Будењето со аларм ве прави уште поуморни

    Будењето со аларм ве прави уште поуморни

    Будењето со звукот кој секојдневно го слушате наутро влијае на вас. Па, затоа дури и кога сте веќе будни сте како во состојба на полусон. Овој феномен во науката е познат како инерција на спиење. Покрај огромната желба да се вратите во кревет, инерцијата за сон ќе влијае и на вашето функционирање во текот на денот, а и на вашето расудување.rnrnБудењето со аларм ве прави уште поуморниrnrnОвој феномен за првпат бил забележан кај американските пилоти, припадници на воздушните сили во 50-тите години од минатиот век.rnrnДури и денес, оваа појава е особено опасна за луѓето кои имаат ризични работни места и може да се најдат во опасни ситуации веднаш по будењето – пожарникари, пилоти, мајстори итн.rnrnРезултатите од едно неодамнешно истражување објавени во научното списание PLOS one го поврзале алармот за будење со инерцијата за спиење.rnrnСпоред авторот на истражувањето, Стјуарт Мекфaрлен, ако не се разбудите како што треба, вашата способност за работа ќе опаѓа во наредните 4 часа по будењето, а тоа е причина за многу несреќи што се случуваат на работните места.rnrnНаучниците советуваат да го промените звучниот аларм со некој помелодичен звук и тие веќе работат на тоа да го пронајдат совршениот звук за будење. Имено, неприродното свирење го иритира и збунува мозокот во раните утрински часови и е потенцијална причина за утринското нерасположение. Една од нивните препораки за мелодија за будење е песната „Close to me“ („Блиску до мене“), од групата „The ​​Cure“. Па, проверете дали оваа песна би можела да биде вашиот аларм за будење.rnrnhttps://youtu.be/BjvfIJstWegrnrnИнерцијацијата на спиење е нешто на што се жалат и астронаутите од Меѓународната вселенска станица, тврдејќи дека таа влијае и на нивните лоши перформанси.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоa дали бинауралните тонови навистина помагаат со спиењето?rn

  • 10 работи кои треба да ги правите наутро за да имате одличен ден

    10 работи кои треба да ги правите наутро за да имате одличен ден

    На сите ни е позната изреката: „По утрото, денот се познава.“ Таа можеби звучи како клише, но е сепак вистинита. Како ќе го започнете утрото, таков ќе ви биде и денот, па затоа следете ги овие совети за да имате одличен ден од самиот почеток. Ќе ви бидат потребни само 10 минути, но верувајте ни ќе ви се исплати.rnrn10 работи кои треба да ги правите наутро за да имате одличен денrn

    1. Не го одбегнувајте алармот

    rnАко на почетокот на денот доцните, ќе имате стресен ден. Затоа, кога ќе заѕвони алармот, пробајте веднаш да станете.rn

    2. Запишете ги мислите

    rnДали сте имале некоја добра идеја или сон додека сте спиеле? Опуштениот, поспан мозок е отворен за нови идеи кои можеби нема да ви дојдат додека сте зафатени со секојдневните активности. Затоа, искористете го времето наутро и запишете ги идеите на кои сте се сетиле.rn

    3. Заборавете на вчера, посветете се на денес

    rnИ понатаму ставате фокус на работи кои се случиле вчера? Не мислете на нив бидејќи не можете да ги смените.rn

    4. Замислете нешто на што сте благодарни и поради што сте возбудени

    rnОва е одличен трик за да го залажете својот мозок и да бидете среќни. Секогаш можете да се радувате.rn

    5. Оставете го телефонот

    rnНаправете си услуга и почекајте најмалку 10 минути пред да го зграпчите телефонот.rn

    6. Испијте чаша вода

    rnХидратацијата е исклучително важна и затоа прво започнете го денот со голема чаша вода.rn

    7. Имајте природно светло во собата

    rnШтом ќе се разбудите, тргнете ги завесите. Ако чувствувате само малку сончеви зраци, мозокот ќе се разбуди и ќе сфати дека е време за функционирање. За време на зимските денови, будете се во мракот. Одете на утринска прошетка и разбудете го мозокот.rn

    8. Истегнување

    rnУтринското вежбање е добро за здравјето. Но, ако не сте расположени за вежбање, пробајте полека да се истегнете за да ви проциркулира крвта.rn

    9. Средете го креветот

    rnВерувале или не, средувањето на креветот ќе ви го разубави денот.rn

    10. Направете нешто што не сакате (и пречкртајте го од листата)

    rnЧесто одолговлекуваме работи кои не сакаме да ги направиме. Затоа таквите работи тргнете ги од умот веднаш, уште на почетокот на денот.rnrnПрочитајте и кога најуспешните луѓе одат на спиење.

  • 7 изненадувачки причини поради кои секогаш се будите уморни

    7 изненадувачки причини поради кои секогаш се будите уморни

    Се чувствувате уморни иако спиевте цела ноќ? За да се чувствуваме одморени и подготвени за нов работен ден потребен ни е минимален сон од 6-8 часа. Ако често ви се случува да се разбудите уморни и без енергија иако сте спиеле цела ноќ без прекин постојат одредени причини кои можат да го предизвикаат уморот. Во продолжение откриваме кои се тие.rnrnrn

    1. Анксиозност

    rnАко во последно време сте под стрес или постојано сте загрижени поради обврските и сè што ви се случува во животот можно е да сте анксиозни. Студиите покажале дека размислувањето на ваквите работи пред спиење може негативно да влијае врз сонот и да предизвика уште поголем стрес. Поради тоа настојувате да ја поминете вечерта колку што е можно помирно и порелаксирано.rn

    2. Стрес

    rnСтресот е една од најглавните причини поради која многу луѓе имаат проблем со здравјето и константниот умор. Иако стресот е неизбежен во животот, ако легнете во кревет со него тоа негативно ќе влијае на вашето ментално здравје и ќе предизвика анксиозност. Обидете се да се опуштите пред спиење и ви гарантираме дека ќе се разбудите поодморени и свежи.rn

    3. Страшни филмови

    rnПред одењето во кревет никако не се препорачува да го окупирате умот со негативни мисли, а страшните филмови би можеле да го предизвикаат токму тоа и да оневозможат мирен сон. Од таа причина, настојувајте во текот на вечерта мислите да ги насочите на нешто позитивно. Слушањето музика или читањето лесна книга е одличен начин за насочување на мислите.rn

    4. Доцна вечера

    rnИако многумина сакаат да јадат пред да заспијат, тоа е многу лоша навика. Лекарите советуваат да не се јаде барем 2 часа пред спиење, особено не се препорачуваат тешки оброци. Имено, нашето тело мора да ја свари таа храна, а ако желудникот биде оптоварен во текот на ноќта тогаш после будењето ќе се чувствуваме прилично изморено и без енергија.rn

    5. Синдром на немирни нозе

    rnСиндромот на немирни нозе е нарушување кое може да пречи во текот на спиењето, а да не знаете за тоа. Според процените, од овој синдром патат 5-10% од популацијата, а нешто почесто се јавува кај жените. Синдромот може да биде предизвикан од одредени лекови, дијабетес, па дури и од артритис. Ако мислите дека го имате овој синдром посоветувајте се со лекар.rn

    6. Ноќна апнеа

    rnАпнеата е уште едно нарушување кое може да се појави во текот на спиењето, а се манифестира како краткорочен прекин на дишењето од најмалку 10 секунди. Некои од најчестите симптоми на апнеа се грчење, често будење во текот на ноќта, суво и болно грло, умор, недостаток на енергија во текот на денот, проблеми со концентрацијата. Ова е сериозно нарушување и потребно е да се лекува бидејќи може да го зголеми ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.rn

    7. Чкрипење со забите во сон

    rnЧкрипењето со забите или бруксизам е нарушување кое се јавува во текот на спиењето, а во повеќето случаи е предизвикано од стрес, напнатост и анксиозност. Ако ова ви се случува често можно е поради тоа да се будите уморни бидејќи телото не може доволно да се одмори. Оваа појава кај повеќето луѓе е минлива, а поминува сама од себе кога ќе се ослободиме од напнатоста и стресот.rnrnДознајте на што може да биде последица вашата истоштеност.

  • Само вие можете да го промените својот живот

    Само вие можете да го промените својот живот

    Чувствителни сте и мислите дека ја губите контролата врз својот живот? Потребен ви беше подолг период за да сфатите одредени работи за себе? Добрата вест е дека конечно се разбудивте! Првиот знак за вашето будење е дека сте свесни дека кај вас почнало нешто да се менува, но и дека размислувате за својот живот и како можете да го промените. Прочитајте во продолжение како да ја преземете контролата во свои раце.rnrnrnrnНаивно е да се верува дека постои некој што ќе ви ги открие сите тајни и ќе ви го направи животот извонреден. Наивно е да се мисли дека во туѓите искуства навистина можеме да пронајдеме решение за сопствените проблеми односно да ги примениме на своите искуства со еднаква шанса за успех. Туѓите искуства можат единствено да ни бидат показател на еден добар можен исход, показател дека е можно да се промени ситуацијата во која се наоѓаме. Можат да ни бидат мотив за понатаму, прилика да го искористиме сето она што тие го знаат за да се унапредиме и да дојдеме до сознание како да ја решиме сопствената ситуација. Другите луѓе треба да ни бидат прилика за учење, за мотивација, шанса за да гледаме на животот со други очи односно да го откриеме она што сами не сме можеле бидејќи очите ни биле премногу замаглени од емоции. rnrnДали знаете дека сте единствени коишто го имате одговорот за тоа што ви се случува? Многу е веројатно дека до ова сознание сте дошле сами слушајќи ги своите емоции или его наместо непогрешливата интуиција. Првото нешто што мора да направите е да признаете дека сте чувствителни, но и дека самите сте одговорни за сè што сте пуштиле во својот живот. Кога на проблемите ќе им пристапите така што ќе тргнете од себе, ќе сфатите колкава моќ сте им дале на другите за да ги претворат во добро или лошо одредени ситуации. Ако го разберете ова ќе почувствувате голем наплив на енергија и страв бидејќи конечно пристигна тоа од коешто бегате односно дека вие сте единствена личност којашто знае како и каде по проблемите и падовите. И тоа е она што често ве спречува да заиграте повторно бидејќи премногу пати сте се сомневале во себе и своите способности ги прилагодувавте и проценувавте поволни шанси. Полесно ви беше да ги пуштите недоволно блиските луѓе со нивните совети и својот пример да ве водат низ животот.rnrnМора да научите да ги отпуштите кочниците, да прекинете на другите да им давате моќ и енергија и конечно да го изразите она од коешто се плашите за да се соочите со стравот и да се уверите дека нема од што да се плашите. Плашете се од оние верзии кои можат, но не мора да се случат. Нема да се случат ако се грижите за своите чекори и знаете на кој начин нешто ќе постигнете. Нема да ги предизвикате ако сте свесни дека го вложувате својот максимум, дека правите нешто искрено и со цело срце. Нема да се случи бидејќи ќе бидете премногу фокусирани на следните чекори наместо како повеќето да седите на каучот и да ги набројувате најстрашните опции.rnrnИ во тоа се согледува најголемата разлика помеѓу оние кои можат сè и оние кои го живеат она „не сум и не можам“. Овие првите секогаш ќе ризикуваат, ќе ги планираат нивните чекори што ги водат до целта. Ќе се обидуваат одново секогаш кога ќе паднат, ќе учат од своите падови, ќе се стремат следниот пат да направат подобри и посигурни чекори. Нема константно да си преговараат, да се сомневаат во себе и да тагуваат бидејќи знаат дека тоа е одземање на драгоценото време и енергија. Знаат дека е попаметно тоа време да се истроши на одмор, полнење на батериите и развивање нови идеи.rnrnЗатоа не ги барајте одговорите во другите, не им го препуштајте кормилото од вашиот брод. Вистинско време е да ги побарате одговорите длабоко во себе и да почнете да се чувствувате подобро. Кога ќе го направите првиот чекор, останатите ќе доаѓаат сосема природно и лесно. Кога тоа ќе се претвори во рутина, во нешто занемарливо и лесно, нема ни да почувствувате колку далеку сте заминале од несигурноста и плашливоста. Кога еднаш ќе дојдете на определеното место ќе сфатите дека вредело да издржите некои граници на „невозможно“. Ќе сфатите дека ништо од тоа не било невозможно туку дека требало да се тргне. Тргнете по патот по кој сакате да чекорите. Не чекајте утре, не чекајте да бидете подготвени бидејќи добро знаете дека никогаш не сме целосно подготвени. Во тоа е и магијата на убавината, да се соочите неподготвени со она што наишло на вашиот пат, за да излезете посилни и да станете тоа што сте сакале да бидете.rnrnДознајте кои се сигурните знаци што покажуваат дека ви е потребна итна промена.

  • Зошто е подобро да се будите порано?

    Зошто е подобро да се будите порано?

    Секое утро алармот ви ѕвони за на работа, а вие би дале сè да можевте да спиете барем уште 2-3 часа, како за викендите. Ако го мразите станувањето рано обидете се да го засакате бидејќи се покажало дека тоа има позитивно влијание врз целокупното функционирање. Дури и ако не сте утрински тип, тоа може да се смени. Ќе ви образложиме зошто никогаш повеќе не треба неколкупати да го исклучувате алармот наутро пред да станете. Утрата можат да бидат продуктивни и магични ако научите да уживате во нив!rnrnrnrnНеколку независни истражувања покажале дека луѓето што стануваат рано генерално се попродуктивни, имаат подобри работни места и плати, посреќни се и позадоволни се од животот од оние коишто сакаат подолго да спијат. Но, овде се мисли на луѓе кои стануваат навистина многу рано.rnrnВо друго истражување на истата тема учествувале 510 индивидуи што станувале рано (под тоа се подразбира помеѓу 4 и 7 наутро) и 506 доброволци коишто станувале касно (во овој контекст тоа биле луѓе што се буделе помеѓу 8 и 12 попладне). Истражувачите ги интересирало како се одразува времето на будење на одредени сфери од животот, расположението и платите. Се воспоставило дека меѓу оние што стануваат уште во зори, односно првата група, биле значајно попродуктивни, позадоволни од својот живот, со добра работа и следствено на тоа со подобра плата. Исто така, добиените резултати покажале дека од квалитетот на сопствениот живот многу се позадоволни оние што стануваат многу рано и имаат подобар социјален живот за разлика од испитаниците од втората група.rnrnПокрај тоа, настрана од овие истражувања, постојат уште причини за да се будите порано.rn

    Повеќе време за слободни активности пред да се започне денот

    rnНа пример, ако станете еден час пред вашиот аларм, тоа време можете да го исполните со каква било активност по ваш избор. Да претпоставиме дека досега сте станувале во 7 часот.rnВо тој случај, ако станете во 6 часот, ќе имате доволно време за расонување, за вежбање, за читање 30-тина страници од некоја книга, за подготовка на брз појадок, за уживање во утринското кафе, па можеби дури и за влегување под туш или сè друго што ќе ви падне на памет, по ваша волја.rn

    Можност да се ужива во утринската тишина додека сите спијат

    rnУтрата се тивки и свежи, а со тоа и ве исполнуваат со спокој доколку знаете како да уживате во нив. Тишината која подоцна веќе ќе ја нема искористете ја за да застанете за момент и да бидете сами со своите мисли. Можеби во текот на денот сте опкружени со многу луѓе, а ова ви е единствената прилика да бидете сами со себе. Можете да медитирате 15 минути, да ги запишувате мислите во дневник или да слушате музика што ќе ви даде енергија и ќе ве мотивира дополнително.rn

    Можност да се прават планови и списоци за обврските во текот на денот

    rnМожеби не функционирате преку редовно планирање обврски, правење списоци, листи и организирање на работите, или го правите тоа, но ако претходниот ден сте немале време да направите краток потсетник – тоа можете да го направите утрото ако станете еден час порано. За ова корисно е да имате бележник каде што ќе забележувате, но може да се најдат и корисни апликации за планирање коишто ќе ги инсталирате на вашиот мобилен и ќе ви бидат од голема помош.rnrnОва се навистина многу добри причини наутро при првото ѕвонење на алармот да скокнете од креветот и да го зграпчите денот!rnrnДознајте кои се тие работи што им се добро познати на сите ранобудници.

  • 10 закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди

    10 закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди

    Законите за заштита на животни станаа построги како што расте загриженоста кога се работи за суровоста насочена кон нив. Животните се ранливи иако некои видови се посилни од човекот. Грижата за милениците треба да биде развиена на едно високо ниво бидејќи светот не би можел да се замисли без нив. Не треба да се грижите само за вашите миленици туку подеднакво да ги почитувате сите останати припадници на животинскиот свет. Бидејќи тоа е одлика на свесни луѓе коишто се грижат за планетата Земја и сите нејзини жители.rnrnrnrnПрочитајте ги 10-те закони за заштита на животните кои покажуваат дека светот конечно почнал барем малку да се движи во правилна насока!rn

    1. Во Нов Зеланд се вели дека животните се чувствителни и насилството врз животните е казниво со закон

    rnОва земја е една од светските лидери кога се во прашање законите за заштита на животните. Тие ја препознаваат нивната чувствителност и дека треба да им се задоволуваат основните потреби на животните. Секаков вид насилство врз нив е забрането вклучувајќи и испитувања и експерименти кои се илегални.rn

    2. Во Полска постои закон којшто ги обврзува жителите да се јават кај надлежните доколку пронајдат напуштено куче или маче

    rnМора да се извести складиштето за животни, пожарникарите или полицијата.rn

    3. Во Вирџинија може да се лежи во затвор дури 10 години ако украдете куче

    rnБез оглед колку вреди миленичето, доколку некој го украде ќе одговара за стореното дело бидејќи тоа не го гледаат како киднапирање, туку во многу држави миленичињата се сметаат за имот.rn

    4. Во Алјаска доколку дојде до развод судот одлучува кој ќе ги задржи милениците

    rnВо 2017-та година, Алјаска стана првата држава којашто ја зела предвид заштитата на животните во случај на развод. Судијата одлучува кој ќе добие старателство над миленикот базирано на фактот кој ќе се грижи подобро за него.rn

    5. Русија забранува секакво насилство врз животни

    rnТаму е забрането и убивање на уличните мачки и кучиња.rn

    6. Во Холандија луѓето се задолжени да плаќаат годишна такса за кучиња

    rnОваа земја има голема цел: да стане првата земја без заскитани животни. Поголемиот број градови во земјата имаат годишна такса којашто се базира на бројот на кучиња во секое домаќинство. Сите кучиња мора да бидат регистрирани во локалната градска управа. Зошто се плаќа такса? Бидејќи тоа е еден начин луѓето да бидат поодговорни кон нивните миленици.rn

    7. Во Англија, насилството врз животните се казнува со најмногу 5 години лежење во затвор

    rnМаксималната казна за насилството кон животните ќе се зголеми за 5 години. Исто така ќе се зголеми и максималната парична казна.rn

    8. Во Германија можете да платите парична казна до 25.000 евра за убивање на заштитено животно

    rnОваа земја исто така се смета за една од светските лидери кога станува збор за правата за заштита на животните. Дали знаевте дека осите се заштитени во Германија? Заштитени се бидејќи помагаат за почиста околина и никому не му наштетуваат. Не се грижете ако убиете по некоја оса таму, законот важи само доколку убиете цело гнездо оси.rn

    9. Во Торино сопствениците на кучиња можат да бидат парично казнети ако ги шетаат кучињата помалку од 3 пати на ден

    rnВо Италија исто така постојат многу строги закони за заштита на животните. Во Торино сопствениците на кучињата можат да бидат парично казнети ако не ги изнесуваат на прошетка нивните миленици минимум 3 пати на ден. Тие не смеат ниту да го фарбаат нивното крзно ниту да им прават нешто друго што би ги оштетило.rn

    10. Во Оклахома, сопствениците на кучиња се одговорни ако нивните кучиња нападнат некого

    rnАко некој е каснат или повреден од куче, ќе може да покрене судска постапка дури до 2 години после инцидентот. Сопственикот на кучето мора да ја понесе одговорноста за каква било повреда којашто ја направило неговото куче, но доколку тоа било испровоцирано од луѓето, сопственикот може да го употреби ова како доказ во случај на самоодбрана.rnrnОвие закони покажуваат само дека луѓето почнале да се будат и дека животните ги заслужуваат истите права како и луѓето. И тие имаат основни потреби, а доколку чувате животно вие сте обврзани да му ги задоволите сите барања.rnrnПрочитајте ги и овие интересни факти за кучињата.