КАФЕ ПАУЗА

Tag: бричење

  • Ѝ ја избричила главата на ќерка ѝ, а интернетот полуде поради тоа

    Ѝ ја избричила главата на ќерка ѝ, а интернетот полуде поради тоа

    Пејџ мислела дека не е голема работа што ќе ѝ ја избричи главата на ќерка ѝ, па напишала за тоа на интернет. Не претпоставила дека реакциите ќе бидат толку осудувачки.rnrn1-i-ja-izbrichila-glavata-na-kjerka-i-a-internetot-polude-poradi-toa-kafepauza.mkrnrnНејзината ќерка побарала фризура како нејзините браќа и нејзиниот татко. Кога мајка ѝ ѝ објаснила дека некои луѓе мислат дека девојчињата мора да имаат долга коса, малата одговорила: „Нема шанси. Девојчињата можат да имаат каква фризура сакаат!“ Кога мајка ѝ ја предупредила дека некои ќе велат дека е грда или ќе мислат дека е момче, девојченцето понудило едноставно решение: „Во ред е мамо, само ќе им кажам дека сум девојче“.rnrn3-i-ja-izbrichila-glavata-na-kjerka-i-a-internetot-polude-poradi-toa-kafepauza.mkrnrnИ таа го направила тоа што го побарало нејзиното дете. А интернетот експлодираше.rnrnПочнале да ја критикуваат и напаѓаат сите кои ја виделе фотографијата, некои дури и ја обвинувале дека го претворила своето дете во социјален експеримент за да си ја задоволи својата суета.rnrnНо, нејзиниот одговор на тоа воодушевува:rn

    „Да, можев да ја премислам. Јас сум нејзина мајка и моето мислење има големо влијание врз неа. Можев да ѝ кажам дека има многу убава коса и дека би било штета ако ја избричи. Но со тоа би ѝ порачала дека нејзиниот изглед ми е важен и дека поентата е да им биде убава на другите, дека е побитно како другите ја гледаат одошто нејзините желби, нејзините чувства.“

    rnА на девојчето не само што не му пречи новата фризура, ниту вниманието што го добива, туку напротив, мисли дека е многу забавно да ја бричи главата секој месец, „баш како тато“.rnrn3-i-ja-izbrichila-glavata-na-kjerka-i-a-internetot-polude-poradi-toa-kafepauza.mkrnrn[poll id=”19″]

  • Отстранување на срамните влакненца: Сè што треба да знаете за депилацијата, бричењето и ласерот

    Отстранување на срамните влакненца: Сè што треба да знаете за депилацијата, бричењето и ласерот

    Отстранувањето на влакненцата во интимната област е дел од одржувањето лична хигиена, па токму затоа е потребно да го одберете оној метод кој вам најмногу ќе ви одговара. До сезоната на бикините има само уште неколку месеци, но тоа не значи дека треба да чекате да дојде лето за да се одржувате. Сигурно веќе знаете дека постојат 3 главни начини на кои можете да ги отстраните влакненцата во интимната област, а тоа се депилацијата, бричењето и ласерот. Но, како и со сите други нешта, така и овие не одговараат на секого. Токму затоа експертите ни откриваат што треба да имате на ум пред да пробате некој од овие методи за отстранување срамни влакненца…rnrnОтстранување на срамните влакненца: Сè што треба да знаете за депилацијата, бричењето и ласеротrn

    1. Депилација

    rnВо зависност од личноста, резултатите од депилацијата можат да траат од 5 до 6 недели, што е прилично добар избор за вашиот сексуален живот. Но, откако ќе се издепилирате, почекајте барем еден ден пред сексуален контакт. Истото важи за излегувањето на сонце и носењето бикини. Доколку имате секс веднаш по депилацијата, ризикувате да се здобиете со некоја бактериска инфекција. А што се однесува до сончањето, потта само дополнително ја иритира веќе иритираната кожа.rnrnЗа депилација, потребно е да имате влакненца кои се малку подолги од 1 сантиметар, а доколку сакате да ги спречите внатрешните влакненца, потребно е неколку дена претходно да направите пилинг на кожата. Немојте да користите масло ниту лосион дента кога планирате да се депилирате.rn

    2. Бричење

    rnБричењето е моментално решение кое ги отстранува влакната на само 2 дена, па токму затоа може да биде малку непријатно. Исто како и кај депилацијата, по бричењето треба да се воздржите од сексуален однос барем 1 еден. Би било добро доколку инвестирате во некоја добра крема или гел за бричење и секогаш користете нов брич кога ќе го правите тоа. Најпрепорачливо место за бричење е под тушот.rnrnБидете внимателни со бричот доколку имате чувствителна кожа, бидејќи тоа може да ја иритира, особено ако се бричете „на суво“. После секое бричење нанесете органско масло од јојоба со цел да ја смирите вашата кожа.rn

    3. Ласер

    rnОвој метод бара многу време и трпение. Мора да отидете на третмани барем 6-8 пати кои меѓусебно се одвоени 6-8 недели. Имајте го тоа на ум пред да се одлучите на оваа постапка. Исто така иако резултатите се најчесто трајни, вие ќе треба да одите од еднаш до два пати годишно за дополнителни третмани.rnrnПред третманот со ласер, мора да ги избричите сите влакненца. Идеалните кандидати за оваа постапка се оние кои имаат светла кожа и темни влакненца. Мачкањето со алое вера може да ја ублажи иритацијата по процедурата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

    Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

    Ако има нешто кое ве спречува да се бричите секој ден, тоа сигурно е печењето на кожата кое се јавува после тоа. Сепак, бричењето не ги засега само влакната на лицето и на вратот, туку и кожата под нив. За да ја спречите оваа непријатност и на мира да се бричите секој ден, следете ги овие неколку совети од дерматолозите.rnrnКако да го спречите печењето на кожата по бричењето?rn

    Бричете се после топол туш

    rnТоплата вода ја омекнува кожата како и влакната кои се на неа. Тоа ќе спречи бричот да отстранува и мали слоеви кожа.rn

    Убаво нанесете го гелот или пената за бричење

    rnГелот за бричење е подобар од пената, но ако го нанесете брзо и мрзливо тој нема да даде добар ефект. Нанесете го убаво и полека, со кружни движења, притоа малку масирајќи ја кожата. Тоа треба да трае една до две минути. Знаете како може да се чувствувате ако поминете со бричот на сува кожа.rn

    Сменете го жилетот

    rnНовиот и квалитетен жилет лесно ќе ги сече влакната. Ако почувствувате дека тоа не се случува, значи дека е време да се смени жилетот пред да ви ја уништи кожата на лицето.rn

    Внимавајте на редот

    rnПодебелите влакна бараат повеќе време за да омекнат откако ќе го нанесете гелот за бричење. Затоа прво нанесете го на подебелите влакна, како што се оние од страните на лицето и на вратот, па нагоре кон брадата, а завршете со мустаќите затоа што тоа се најтенките влакна на лицето.rn

    Техника на бричење

    rnБричењето во насоката во која растат влакната ќе ја заштити кожата од печење. Факт е дека бричењето во спротивна насока обезбедува помазна кожа затоа што така бричот полесно навлегува под кожата, но тоа е причина и за печење после тоа.rn

    Не притискајте премногу

    rnНема подобро да си избричите ако притиснете посилно, туку само ќе ја изиритирате кожата.rn

    Често мијте го бричот

    rnМијте го бричот на секои еден до два потези за да ги исчистите влакната кои остануваат на него. Ако не ги отстраните тие ќе го блокираат бричот и тој нема да ги сече туку ќе ги кубе влакната.rn

    Нанесете крем за после бричење

    rnНа крај, нанесете и крем за после бричење. Најдете го оној кој најмногу одговара на вашата кожа и кој го спречува печењето после бричење и користете го редовно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи кои треба да ги знаат девојките кои сакаат момче со брада

    7 работи кои треба да ги знаат девојките кои сакаат момче со брада

    Некои мажи носат брада затоа што се грижат за својот изглед и така сакаат да изгледаат, а не затоа што заборавиле да се избричат. Ако имате момче кое сака да носи брада, треба да ги запомните овие 7 работи.rnrn7 работи кои треба да ги знаат девојките кои имаат момче со брадаrn

    1. Не терајте го да ја избричи брадата

    rnВо таа брада е вложено време за да се порасне, од неколку недели до неколку месеци, а во меѓувреме е вложен и многу труд за да се одржува. Некои купуваат и средства за нејзино одржување. Не го терајте да се избричи само затоа што вие така сакате, затоа што и тој има своја претстава за тоа како може да изгледа поубаво.rn

    2. Ќе боцка кога ќе се бакнувате

    rnНа некои девојки тоа им се допаѓа, на други не. Но мора да го прифатите тоа имајќи ја предвид првата точка.rn

    3. Не носат сите брада затоа што така е модерно

    rnПостојат хипстери, ламберсексуалци или како сакате наречете ги оние кои носат брада затоа што и некој друг решил да носи, но не се сите како нив. Сите мажи не ја следат модата. Тоа што нечиј стил во моментот се поклопува со владејачката мода е само случајност, а не обид да се припаѓа на мнозинството.rn

    4. Брадата не значи дека имаат влакна по цело тело

    rnАко некој има брада затоа што не се грижи за својот изглед, тоа може да значи дека тој не се грижи за влакната на своето тело. Но, ако добро ја одржува брадата, тогаш тоа не значи дека целото тело му е покриено со влакна за кои не планира да се погрижи.rn

    5. Внимавајте како се однесувате со неговата брада

    rnМожете да ја галите, но не смеете да ја кубете. Не помислувајте ниту да си играте со неа така што ќе врзувате плетенки кога е подолга или нешто слично.rn

    6. Ќе им се заглавува храна во брадата

    rnИзгледа гадно, но ќе се случува понекогаш. Тоа сепак им се случува само на оние со долга брада.rn

    7. И брадата се митари

    rnАко живеете со маж кој носи брада, очекувајте да гледате остатоци од неа насекаде.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како најдобро да ги отстраните влакната со бричење?

    Како најдобро да ги отстраните влакната со бричење?

    Бричењето е наједноставниот начин да ги отстраните несаканите влакна, а за да ги избегнете исечениците и иритациите најдобро е да се држите до следниве правила.rnrnkako-najdobro-da-gi-otstranite-vlaknata-so-brichenje-kafepauza.mkrn

    1. Пилинг пред бричење

    rnСо помош на пилингот ќе ги отстраните мртвите клетки кои можат да го „затнат“ бричот и да го отежнат бричењето. А освен тоа вака помали се шансите дека ќе се исечете. Одберете благ пилинг или користете гел за туширање со пилинг на дневна база.rn

    2. Ништо без крема или пена за бричење

    rnНемојте да мислите дека со сапунот или пак со гелот за туширање ќе ги замените кремот и пената за бричење. Сапунот само ќе ја исуши кожата, додека производот наменет за бричење ќе ја хидрира и ќе го олесни бричењето. Ако немате крем или пена за бричење при рака, слободно посегнете по регенераторот за коса.rn

    3. Бидете нежни спрема кожата

    rnПосле бричењето најдобро е да ги одбегнувате грубите ракавици или сунѓери за тело, бидејќи само ќе ја иритирате кожата што потоа може да доведе до појава на црвенило и мозолчиња.rn

    4. Не се сите креми за бричење исти

    rnКако и секој козметички производ, различни креми или пени за бричење се наменети за различни типови кожа. Ако вашата кожа е сува и осетлива, би требало да избегнувате производи кои содржат алкохол и парфеми.rn

    5. Најдобро е туширањето да го завршите со бричење

    rnТоплината и пареата од тушот ќе ги омекнат влакната и ќе ги отворат порите на кожата. Затоа најлесно е нозете да ги бричите после туширањето.rn

    6. И бутините се важни

    rnМногу жени го прескокнуваат тоа подрачје, што е голема грешка. Бутините се исто така важни како и другите делови од ногата, па и од нив треба да ги избричите непожелните влакна сè додека ногата не е мазна на допир.rn

    7. Долгите потези не се секогаш успешни

    rnТоа е една од почестите грешки кои ги правиме. Подобри резултати ќе добиеме ако правиме кратки потези и не го притискаме бричот. Ако повеќе пати поминувате на ист дел со цел да ги отстраните влакната, но без успех, тоа значи дека бричот е отапен и треба да го замените со нов.rn

    8. Изберете го вистинскиот брич

    rnПронаоѓањето на вистинскиот брич е првото важно нешто за удобноста при бричењето. Тој би требало да има повеќе острици за да не морате повеќе пати да поминувате преку едно исто место, а со тоа и да ги спречите иритациите.rn

    9. Мачкајте ги нозете

    rnКако што секој ден со крем го мачкате вашето лице, така ќе морате да правите и со вашите нозе. Кога ќе почувствувате дека кожата на нозете е сува, хидрирајте ја со лосион или млеко за тело и така ќе го спречите црвенилото.rn

    10. Не заборавајте на заштитата од сонцето

    rnПосле бричењето или пак депилацијата кожата е осетлива па при излегување на сонце во потоплите денови потребно е да ја заштитите со крема со заштитен фактор. Но одбирајте лосиони не само со заштита туку такви што истовремено ја хидрираат.

  • Правила за бричење на нозете кои секоја жена мора да ги знае

    Правила за бричење на нозете кои секоја жена мора да ги знае

    Влакната се едни од најголемите непријатели на женската убавина и жените во борбата со нив се подготвени на употреба на различни средства. Едно од нив е брзото и ефикасно бричење.rnrnИако бричењето на око изгледа едноставно, сепак, за да избегнете иритација, создавање на ранички, како и да ги отстраните влакната на најоптималниот начин, треба да ги почитувате следниве правила.rnrnPravila za brichenje na nozete koi sekoja zhena mora da gi znae-kafepauza.mkrn

    Бричењето на нозете оставете го за на крајот на туширањето

    rnТуширањето со топла вода во траење од неколку минути ги прави влакната меки, што го олеснува отстранувањето на влакната со бричот подлабоко по површината на кожата.rn

    Задолжително користете пена за бричење

    rnДоколку немате пена за бричење при рака, користете регенератор, шампон или гел за туширање. Со некое од овие средства намачкајте ги нозете и на тој начин на жилетот ќе му дадете подлога по која лесно ќе се лизга наместо директно да го оштетувате горниот слој од кожата.rn

    Не користете жилети за еднократна употреба

    rnТие се добри само за едно или две користења. Наместо такви, купете жилети со заменливи сечила. Во тој случај штом почувствувате дека сечилото веќе малку отупело и морате појако да притискате, време е да го промените.rn

    Исплакнете го жилетот после секој потег со раката

    rnМажите кога се бричат, после секој потег со раката го плакнат бричот. За разлика од нив, многу жени практикуваат во еден потег да ја избричат цела нога до колено. На тој начин на ефикасноста на бричот влијаат мртвите клетки од кожата и кремите кои се собираат на сечилото.rn

    Кога сте на море бричете се навечер

    rnЖилетот предизвикува микроскопски посекотини, па ако веднаш после бричењето појдете на плажа, ќе го имате ефектот „сол на рана“. Освен тоа, нозете во текот на ноќта малку отекуваат, па тоа ќе ја сокрие вистинската должина на влакната додека да станете следното утро.rn

    Заобиколете ги иритираните подрачја

    rnДоколку на некои места кожата ви е иритирана од убод од инсект или имате некоја раничка, заобиколете ја со бричот. Жилетот може да ја прошири иритацијата од едно место на друго.

  • Процесот на поткастрување и бричење прикажан обратно

    Процесот на поткастрување и бричење прикажан обратно

    Ова фантастично видео е направено од страна на Питер Сајмон, а главната ѕвезда во него е Том Офер Весторт. За создавање на ова видео биле направени 300 фотографии, а во него на Том со магично пенкало ќе му биде нацртана коса и брада. Процесот на поткастрување и бричење прикажан обратноrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 4 правила за чување брада… доколку сакате повторно да бакнете девојка

    4 правила за чување брада… доколку сакате повторно да бакнете девојка

    Повеќе од половина жени не сакаат да бакнуваат мажи со брада. Факт е дека останатите жени се сепак доволно бројни за да можат мажите со брада да си најдат партнерка која ќе го прифати нивниот имиџ. Но проблемот не лежи само во изгледот со или без брада.rnrn4 правила за чување брада... доколку сакате повторно да бакнете девојкаrnrnБрадата носи голема одговорност – и таа треба да се негува и да се одржува чиста, барем ако сакате повторно да ја бакнете девојката со која се запознавте викендов во град.rn

    1. Чиста, уредна, кратка и исчешлана

    rnНабавете си ги потребните алатки за одржување на вашата брада или пак спријателете се со локалниот бербер. Исто така, внимавајте да не ви се заплеткува нешто во неа, особено храна – тоа делува толку одбивно. Чувајте ја брадата кратка и добро средена за да изгледате модерно и младешки. Долгата неуредна брада дава сосема спротивен ефект и може да ви додаде 10 години. Долгите бради се за волшебниците. А вие не сте волшебник.rn

    2. Небричената брада не значи дека чувате брада

    rnКако што самото име кажува, брадата која ќе ја оставите да ви порасне 4-6 дена откако сте се избричиле не е брада која ја чувате. Таа ја иритира кожата на девојката која ја бакнувате и ѝ создава непријатно и болно чувство. Девојките може да го прифатат вашиот имиџ со брада, но и понатаму сакаат да си ја задржат кожата на лицето.rn

    3. Брадата се состои од влакна

    rn…а тоа значи дека треба да ја миете исто често колку и косата. Треба да користите препарати за одржување исто како што тоа девојките го прават за нивните долги коси. Иако постојат специјални шампони и кондиционери за бради, можете да ги користите и обичните, оние кои веќе ги имате дома. Можете да прескокнете да ставите кондиционер на косата, но на вашата брада сепак ќе ѝ треба. Девојките кои сакаат и прифаќаат брада, сакаат меки бради.rn

    4. Вашата брада и бакнувањето

    rnДоколку сте се запознале со вашата девојка додека сте чувале брада, во предност сте и можете да издејствувате да продолжите да ја имате. Но, ако ви текнало да пуштите брада подоцна, и таа навистина ја мрази, бидете добар и избричете ја. Среќата на вашата девојка е поважна од вашата брада.

  • Интересни примени на пената за бричење

    Интересни примени на пената за бричење

    Освен за козметички цели, пената за бричење можете да ја искористите и за чистење на некои предмети, а со неа можете дури и да решите некој домаќински проблем.rnИнтересни примени на пената за бричењеrnrn1. Отстранете ги дамките од тепихот. Нема потреба да купувате скапо средство за чистење на дамките од тепихот. Едноставно прснете малку пена за бричење врз извалканото место и со стара четкичка за заби протријте ја во тепихот. Оставете пената да постои малку врз дамката, а потоа исчистете со влажна крпа. Трикот важи и за дамките на вашата облека – тркнете до бањата и протријте врз нив малку пена за бричење.rnrn2. Запрете го чкрипењето на вратите. Доколку шарките на некоја врата од вашиот дом чкрипат, едноставно сипете малку пена за бричење на нив и протријте ја низ отворите, со четка за заби која никој не ја употребува.rnrn3. Исчистете го вашиот накит. Доколку вашиот накит почна да потемнува, грабнете ги четката за заби и пената за бричење и тријте ја површината. Оваа постапка ќе го врати сјајот на вашиот накит.rnrn4. Спречете го замаглувањето на огледалата во купатилото. Исчистете ги огледалата со пена за бричење и тие нема да се замаглуваат во текот на наредните неколку недели кога ќе се капете. Истиот трик функционира и на вратичките од туш-кабината. Нанесете малку пена за бричење на крпа и убаво пребришете ги огледалата, за да не останат дамки.rnrn5. Исчистете си ги валканите раце. Доколку не можете да ги исчистите вашите раце од боја, маснотија или некое масло со обичен сапун, тогаш исперете ги со пена за бричење. Нанесете пена на рацете, тријте неколку минути, а потоа измијте ги со топла вода.rnrn6. Исчистете ги четките и чешелите. Со пастата за бричење можете одлично да ги исчистите вашите четки и чешели за коса од насобраната прашина и нечистотија. Најпрвин убаво отстранете ги влакната од косата, а потоа нанесете пена на четките и размачкајте ја убаво по целата површина. Оставете ја пената да стои неколку минути, а потоа измијте ги четките со топла вода.rnrn7. Вратете им го сјајот на чешмите. Нема потреба да купувате абразивни средства за чистење на славината на чешмите во вашиот дом. Едноставно употребете ја пената за бричење. Сипете малку на сунѓер и со него протријте ги чешмите. Потоа исчистете ја пената со влажна крпа и чешмите ќе заблескаат како да се нови.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најслаткото маче во светот се претвори во лавче

    Најслаткото маче во светот се претвори во лавче

    Се сеќавате на Дејзи, најслаткото маче во светот? Пред околу година дена ве запознавме со ова малечко маченце, чиј сопственик Бен Тороде од Токио го фотографираше во разни симпатични сцени, како свири на пијано или ѕирка од сад за готвење, поради што Дејзи стана хит на интернет.Најслаткото маче во светот се претвори во лавчеДолговлакнестата персиска мачка сега е стара година и пол и доживеа драматична промена во својот изглед. И покрај тоа што е редовно чешлана, во крзното на Дејзи се создавале многу јазли кои биле премногу блиску до кожата за да можат убаво да се пресечат. По препорака на ветеринар, Бен одлучил дека на Дејзи ѝ е потребна нова фризура и тоа не каква било, тука таква која прави да личи на мало лавче.Најслаткото маче во светот се претвори во лавчеДејзи има и најдобра пријателка, мачката Хана и ни едната ни другата не знаеле што да мислат за нејзиниот нов изглед. Бен изјавил:rn
    rn

    „Таа беше прилично преплашена кога се врати дома од ветеринар, а Хана не ја препозна и почна да пишти и да ја напаѓа. Мачките меѓусебно не се препознаваат според нивното лице, туку според опашот, па бидејќи Дејзи сега има лавовски опаш, Хана помисли дека сме донеле нова мачка. После една недела, Дејзи го прифати нејзиниот нов изглед и најверојатно сега ужива во бриченото крзно, со оглед на тоа што ова лето во Јапонија е пеколно жешко“.

    rnКако и со минатите фотографии, така и со овие Дејзи се популаризираше на интернет и корисниците на социјалната мрежа Редит просто ја обожаваат, а еден искоментирал дека ѝ е потребен жесток алкохол за да го надмине првичниот шок од новиот изглед.Најслаткото маче во светот се претвори во лавче Најслаткото маче во светот се претвори во лавче Најслаткото маче во светот се претвори во лавче
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn