КАФЕ ПАУЗА

Tag: бричење

  • Сè што треба да знаете за редовното бричење на интимната зона

    Сè што треба да знаете за редовното бричење на интимната зона

    Најверојатно знаете дека за бричењето е најдобро да користите остар брич, дека долгите влакненца треба да се скратат прво со ножички и дека подобро е да се намачкате со пена за бричење одошто со сапун. Но, покрај овие правила, постојат уште неколку работи што треба да ги знаете доколку сакате безбедно да се бричите секојдневно.rnrnrn

    1. Не почнувајте со бричењето одма што влезете под туш

    rnВеднаш штом влезете под туш, вие посегнувате по бричот и пената? Подобро е да го оставите тоа за крај, бидејќи по туширањето кожата е хидрирана, а фоликулите меки, што го намалува ризикот од непријатните ранички и иритации.rn

    2. Направете пилинг пред бричењето

    rnПилингот е одлично решение за поткожните влакненца, без разлика на начинот на кој ги отстранувате и делот од телото од каде што ги вадите. Тој ќе ви помогне при следното бричење да ги отстраните сите влакна, но и ќе спречи да се појават нови поткожни. Пилингот исто така го отстранува и горниот слој мртва кожа и ја прави сјајна и мека. Па, пред бричењето, не заборавајте на пилингот.rn

    3. Не користете го лосионот за тело и за интимната зона

    rnАко вашата кожа е надразнета и сува по бричењето, најверојатно посегнувате по вообичаениот лосион за тело. Тоа не е добро бидејќи лосионот може да содржи состојки што ја иритираат свежо избричената кожа. Наместо тоа, ве советуваме да инвестирате во лесна крема за смирување на кожата или во крема за интимна нега.rn

    4. Не се бричете на суво

    rnКолку пати ви се случило да се одлучите за бричење во последен момент, па да се избричите на суво? Вашата кожа нема да биде воопшто среќна за ова. Токму затоа и кога следен пат спонтано ќе одлучите да се избричите, издвојте барем 5 минути повеќе и поставете топол пешкир на интимната зона за малку да ги омекнете фоликулите.rn

    5. Не облекувајте секси долна облека веднаш по бричењето

    rnДоколку сте се избричиле, избегнувајте ги чипканите гаќи. Тие би можеле дополнително да ја иритираат веќе нежната кожа па да ви предизвикаат непријатни ранички и внатрешни влакна. Првиот ден по бричењето одморете ја кожата во памучни гаќички.rnrnПрочитајте нешто повеќе и за оваа необична состојка од кујната за меки и нежни нозе по бричење.

  • Необична состојка од кујната за меки и нежни нозе по бричење

    Необична состојка од кујната за меки и нежни нозе по бричење

    Маслиновото масло, една од омилените состојки во кујната, можеби постојано е во битка со кокосовото масло, но според модните блогерките, неговата улога во тоалетот е сè подоминантна. Верувале или не, маслиновото масло може да биде ви помогне за нешто што никогаш претходно не сте помислиле дека би било добро.rnrnrnrnТочно е дека тоа со векови се користи во женските ритуали за убавина. Постои верување дека дури и Клеопатра редовно го употребувала. Па кога станува збор за нега на кожата и косата, поради количината на антиоксидансите, тоа е најдобриот избор за вас. Тоа исто така не ги блокира порите, не предизвикува акни и е сосема природен лек.rnrnНо, сега сè повеќе жени почнуваат да го користат и при бричењето на нозете. Многу блогерки на своите блогови, форуми и Јутјуб канали редовно ги набројуваат предностите на ова природно масло при бричењето. Тие ветуваат дека нозете никогаш порано не им биле помазни и понежни и дека истото ќе ви се случи и вам.rnrnПа, доколку се одлучите да проверите дали се во право, еве што треба да направите. Со една рака премачкајте ги нозете со маслото, и внимавајте онаа со којашто го држите бричот да ви е целосно сува за ваша безбедност. Потоа пројдете ги нозете со бричот како и секогаш претходно и исплакнете. Ако е сè во ред, нема да ви се појави никакво црвенило.rnrnВеќе сте го пробале овој метод? Споделете ги вашите искуства со нас во коментарите подолу.rnrnДознајте ги и 7-те придобивки од секојдневното пиење маслиново масло.

  • Евтин трик за најефикасно бричење на пазувите и нозете

    Евтин трик за најефикасно бричење на пазувите и нозете

    Бричењето со брич ќе заврши со мазна кожа само доколку пред самиот процес направите пилинг со оваа неверојатна состојка.rnrn1-evtin-trik-za-najdobro-brichenje-na-pazuvite-i-nozete-www.kafepauza.mk_rnrnПред бричењето на нозете, пазувите или кој било друг дел од телото, важно е соодветно да ја подготвите кожата. Испитувањата покажале дека најдобри резултати се постигаат доколку пред депилацијата направите длабински пилинг на кожата со морска сол.rnrnСигурно повеќето од вас веќе имаат морска сол во својот дом! Таа делува на тој начин што ги отстранува мртвите клетки, ги отвора порите и овозможува едноставни и рамномерни движења со бричот по телото. Со други зборови, овозможува квалитетно отстранување на влакната со долготрајни резултати.rnrnИ додека некои тврдат дека доволно е пилингот да се направи еден ден пред бричењето, други се колнат дека подобро е да го направите тоа десеттина минути пред самиот чин додека, сè уште сте под туш. Се препорачува пилингот да се прави со кружни движења од глуждовите кон нагоре.rnrnДоколку ги отстранувате влакненцата со помош на брич, погледнете кои производи се одлични за поубаво и понежно бричење.

  • Еве на кој начин треба да ги бричите вашите нозе во зимските денови

    Еве на кој начин треба да ги бричите вашите нозе во зимските денови

    Во зимските денови многу девојки имаат помала мотивација и поттик да ги бричат своите нозе. Честопати си велат дека кусите влакна може да ги прикријат со хулахопки и да излезат без проблем. Сепак, кога доаѓа време за извршување на оваа „обврска“, треба да бидете повнимателни со цел да ја намалите сувоста на вашата кожа и истата да ја заштитите. Погледнете ги овие четири едноставни, но корисни начини за да постигнете подобри резултати.rnrnЕве на кој начин треба да ги бричете вашите нозе во зимските деновиrnrn1. Најпрво ексфолирајте ја вашата кожа со луфа. Отстранете ја мртвата кожа од вашите нозе со нежни и кружни движења. На овој начин ќе му овозможите на бричот да се движи по целосно чиста површина.rnrn2. Бричете се само на крајот од туширањето. Така вашите влакна ќе бидат доволно навлажнети и омекнати, па со тоа ќе ја намалите чувствителноста на кожата при бричењето.rnrn3. Пред да започнете со бричење, ставете го бричот околу десетина секунди под вода. На овој начин жилетите ќе имаат доволно влага пред да се соочат со вашата сува кожа.rnrn4. Заменете го гелот за бричење со крем. Производите кои се на основа на крем повеќе ја омекнуваат кожата отколку геловите кои се на водена база. Запаметете, колку повеќе влажност, толку подобро, особено во зимските месеци.rnrnПокрај тоа, не заборавајте дека од особена важност е и редовно да го менувате вашиот брич. Доколку не го правите тоа, може да се соочите со непријатни последици.

  • Оваа девојка секое утро се бричи и отворено зборува зошто го прави тоа

    Оваа девојка секое утро се бричи и отворено зборува зошто го прави тоа

    Поголемиот дел од жените не го прават ова и не можат ни да замислат како одредени мажи секое утро се бричат. Но, кога станува збор за здравствен проблем, тогаш не ни постои избор. Токму затоа и Тина Безнек (26) направила нешто што многу жени со овој проблем се срамат. Таа објавила фотографија од себе додека се бричи.rnrn(0) Оваа девојка секое утро се бричи и отворено зборува зошто го прави тоаrnrnТина мора секое утро да ги отстранува влакненцата од своето лице, па затоа и решила на овој начин со сите да го сподели проблемот со кој секојдневно се соочува, како и да ја подигне свеста на луѓето дека не станува збор за нешто забавно. Имено, таа страда од синдромот полицистични јајници – состојба што води кон појава на погусти влакненца на лицето кај жените, како и избивање акни. Во нејзиниот случај тоа е многу изразено, но за среќа таа во себе содржи храброст што не ѝ дозволува да се крие од светот.rnrnСимптомите за овој синдром се нередовна менструација, зголемено присуство на машки хормони и цисти во јајниците.rn

    „Имам симптоми како што се прекумерно растење влакна, потење, нередовни менструации депресија. Тие започнаа да се појавуваат од мојата 16-та година. Сепак, го прифатив ова како нешто нормално бидејќи не знаев за подобро“, објаснува Тина. „Отсекогаш сум имала помала самодоверба поради оваа состојба, но морав да ја споделам фотографијата со цел да ја зголемам свеста за ова нарушување и за начинот на кој тоа влијае на нечиј живот – особено ако не се знае дека постои проблемот.“

    rnДоколку и вие се соочувате со овој проблем, не се кријте од него. Најубаво е отворено да разговарате. Нема потреба да се срамите од своето тело бидејќи вие сте прекрасни онакви какви што навистина сте. Бидете горди на себе и чекорете храбро низ животот!

  • 6 несвесни грешки кои ги правите при отстранување на влакната

    6 несвесни грешки кои ги правите при отстранување на влакната

    Сраснатите влакна може да бидат последица од депилацијата, но проблемот не мора да биде во начинот на кој сте ги отстраниле, туку во тоа дали сте ја припремиле кожата за овој процес. Избегнувајте ги следниве 6 најчести грешки за да добиете најдобри резултати од депилацијата, безболно и потполно мазно.rnrn1-prestanete-da-gi-pravite-6-nesvesni-greshki-koi-gi-pravite-pri-otstranuvanje-na-vlaknata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Не правите пилинг на кожата

    rnПилингот е најдобар начин за да ги спречите сраснатите влакна, без разлика на тоа која метода за отстранување на влакна ја користите. Доколку веќе имате сраснати влакна, направете лесен пилинг на областа каде тие се сраснати. За да го спречите сраснувањето на влакната после бричењето, секојдневно користете лосиони за кожа кој содржи хидроксид киселина, состојка која ќе ја опушти мртвата кожа и ќе спречи влакната да останат „заробени“ под неа.rn

    2. Ги бричите влакната наутро

    rnМногу жени ги бричат влакната во текот на утрешното туширање. На тој начин се штеди време, но не се обезбедува и најмазното бричење. Всушност, во текот на спиењето нозете малку натекуваат, поради што некои влакна може да останата скриени и недостапни за бричот. За најдобар резултат, нозете бричете ги навечер.rn

    3. Се бричите додека лежите во топла купка

    rnТоплината исто така влијае на натекување на нозете, поради што бричењето би требало да го прескокнете и додека лежите во топла купка. Ако баш мора да ги избричите нозете во топла купка, тогаш направете го тоа веднаш на почетокот: Доколку чекате повеќе од 10 минути за да ги избричите нозете, тие нема да ви бидат мазни.rnrnSide profile of a young woman shaving her legs in a bathtubrn

    4. Се бричите со тап жилет

    rnЕден ист жилет најдобро е да не го користите повеќе од месец дена, доколку го користите секојдневно. На тој начин ќе постигнете максимално мазно бричење, но и ќе ја спречите појавата на црвени точки. Исто така, после секое користење, потребно е добро да го исчистите жилетот под млаз топла вода.rn

    5. Не користите крема или пена за бричење

    rnПената за бричење е важна, бидејќи таа ги спречува можните иритации на кожата, но исто така овозможува жилетот да ги отстрани влакната скоро до коренот. Пената нанесете ја во правец спротивен на правецот на раст на влакната, за да ги исправите и на тој начин попрецизно да ги отстраните.rn

    6. Пречесто се депилирате со восок

    rnПомеѓу депилацијата со восок би требало да почекате 4 недели, односно депилирајте се еднаш месечно, за влакната да нараснат доволно и да има восокот за што да се залепи. Влакната на бикини зоната и нозете се спремни за депилација кога се долги половина центиметар, а грубите влакна би требало да бидат долги еден центиметар.rnrnClose up of woman shaving legs in bathroom

  • Лажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежи

    Лажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежи

    Светот на стилизирањето на косата од сезона во сезона ни нуди нови варијанти на обликување и освежување на фризурата, а оваа пролет главен тренд е панк рок фризурата! После скриените тетоважи во косата, во светот на познатите, но и кај „обичните смртници“ започна да владее трендот кој ќе ја разбуди бунтовничката во вас. Станува збор за лажен андеркат (faux undercut).rnrnЛажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежиrnrnНајнапред да дефинираме што е андеркат. Станува збор за бричење на косата, најчесто од едната страна, околу увото, кое беше актуелно пред неколку сезони. Се сеќавате на Ријана во спотот за песната „Stay“?rnrn2-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_rnrnНовиот тренд го оживеа овој начин на стилизирање на косата, но во помалку драстичен вид. Жените ширум светот ја обликуваат косата на тој начин што делува како да е избричена од страната, а всушност не е. Косата околу увото е вешто затегната наназад, па токму затоа и дава таква илузија. Неодамна и Клои Кардашијан ја покажа својата верзија на овој тренд.rnrn(2) Лажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежиrnrnКако што можете да забележите од фотографијата, таа ја затегнала косата зад десното уво и ја фиксирала со гел во боја, па од далеку делува како тој дел да е избричен. Патецот е наместен длабоко на страната, а остатокот од слободната коса е богат со волумен и брановиден слој кој прави контраст на лажниот андеркат.rnrnСекако, таа не е единствената која ја испроба оваа фризура. Можевме да ја видиме на повеќе познати дами во различни ситуации и различни варијанти.rnrn4-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_rnrnОва не е единствената варијанта да добиете ефект на лажно бричење, а познатите дами и тоа ни го докажаа. Друг подеднакво практичен и ефективен начин е косата над едното уво да се исплети во цврста, француска или холандска плетенка.rnrn5-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_rnrnВаквото стилизирање на косата дава панк рок нота, но исто така може да делува и доста елегантно, а тоа зависи од вашето умеење за вклопување и комбинирање. Ако ве интересира како да ја постигнете вистинската варијанта на овој изглед, ви даваме и корисно фото упатство.rnrn6-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_(6) Лажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежи

  • 5 производи за поубаво и понежно бричење

    5 производи за поубаво и понежно бричење

    Наместо да ги фрлате парите на скапи креми за бричење, употребете ги овие производи кои сигурно веќе ги имате во домот.rnrn5 производи за поубава и понежна депилацијаrn

    1. Сапун

    rnМногу сапуни се пенат кога ќе дојдат во контакт со кожата, па тие се одлична замена за кремите и пените за бричење. Лизгавата текстура на овој продукт го олеснува отстранувањето на влакната, а единственото нешто што треба да го избегнувате се мирисните и ароматизирани сапуни за да не ја иритирате кожата.rn

    2. Масло

    rnЗа бричењето можат да ви послужат и бадемовото или кокосовото масло, како и обичното бебешко масло. Кокосовото масло има антибактериски својства, бадемовото е совршено за масажи, а бебешкото маслото едноставно мириса толку добро, што е невозможно да му се одолее. Сите тие одлично би можеле да ви помогнат при отстранувањето на влакната.rn

    3. Крем за тело

    rnБаш како балсамот, така и лосионот или кремата за тело целосно ќе ја омекне вашата кожа и ќе ви го олесни бричењето.rn

    4. Мед

    rnМедот е прехранбен производ кој совршено ја хидратизира кожата, ја омекнува и има антибактериски својства. Неговиот леплив слој одлично ја штити кожата, а потоа лесно и едноставно може да се отстрани со топла вода. Со медот, нозете стануваат многу меки и нежни.rn

    5. Балсам или шампон за коса

    rnОсвен што ги омекнува сите влакна на вашето тело, шампонот или регенераторот за коса ја хидратизира кожата и е најдобрата алтернатива на кремите за бричење. Со него ќе можете да ги отстраните и најцврстите и најупорните влакна на кожата.

  • 7 нешта кои ќе ви се случат ако почнете да го бричите лицето

    7 нешта кои ќе ви се случат ако почнете да го бричите лицето

    Пред извесно време интернетот полуде кога жените почнаа да ги бричат своите лица. Ако и вие размислувате да почнете со оваа рутина, но не сте сигурни за последиците, ова се информациите кои треба да ги знаете. Можеби нема да ги искусите сите 7, но добро е да бидете подготвени.rnrn2-7-neshta-koi-kje-vi-se-sluchat-ako-pochnete-da-go-brichite-liceto-kafepauza.mkrnrnКонцептот на бричење на женското лице е релативно нов тренд, но јапонските жени тоа го прават многу долго време. Пред да навлеземе во последиците кои ќе ги чувствувате на вашето лице, прво мора да напоменеме дека е многу важно ако одлучите да го правите тоа, да го правите како што треба. Најпрво треба да го намокрите лицето, па да нанесете крема или гел за бричење и да се бричите во насока на растот на влакната. Многу важно е да завршите со антиоксидантна хидратантна крема. „Бричењето ќе овозможи подобра пенетрација на кремата, а тоа ќе влијае на минимизрање на воспаленијата и иритацијата“, нè советува д-р Деби Палмер, сертифициран дерматолог.rnrnАко планирате да преминете од депилација и чупање на овој метод, ова се нештата кои треба да ги знаете.rn

    1. Кожата ќе ви биде ексфолирана

    rnДа, бричењето е како еквивалент на пилинг за лице.rn

    2. Влакната нема да ви растат подебели

    rnНаспроти широкото верување во овој мит, дерматологот д-р Дејвид Бенкс вели дека „ниту депилирањето ниту бричењето не предизвикуваат влакната да растат побрзо или подебели. Имаме одреден број фоликули во кожата и ако не ги уништите со ласер, тие ќе продолжат да растат со истото темпо и со истата дебелина.“rn

    3. Ќе имате подникната брада

    rnРене Дејли, која редовно го бричи лицето вели: „Луѓето велат дека влакната ќе излегуваат погусти, но моите секогаш останауваат меки, освен кога подникнуваат, што може да се види после два дена.“ Таа користи силна шминка за да ги покрива подникнатите влакна кога тие почнуваат да се пробиваат.rnrn1-7-neshta-koi-kje-vi-se-sluchat-ako-pochnete-da-go-brichite-liceto-kafepauza.mkrn

    4. Полесно ќе нанесувате шминка

    rnДејли забележува дека шминката подобро се фиксира после бричење, што има логика бидејќи бричењето дава помазна површина за работа.rn

    5. Може да имате внатрешни влакна

    rnИсто како при стандардното бричење, поткожните влакна се појавуваат и на лицето ако не се бричите правилно и не користите крема за бричење.rn

    6. Може да искусите црвенило

    rnОние кои имаат чувствителна кожа треба да бидат многу внимателни за да не им се појави црвенило. Повторно потенцираме, не брзајте и користете крема за бричење ако вашиот брич е наменет за таква употреба.rn

    7. Ќе треба да се бричите редовно

    rnБез разлика дали користите влажен брич или сув, неопходно е одржување, освен ако не сакате да дозволите да имате подникнатна брада која ќе чекате да се „избланшира“ природно од сонцето.rnrnПа, што мислите? Би пробале?

  • Комплетен водич за средување на влакненцата во вашата интимна зона

    Комплетен водич за средување на влакненцата во вашата интимна зона

    Како што девојките растат, така тие сè повеќе се борат со мислите што да прават со влакненцата од интимната зона. Постојат многу начини на кои можете да ги одржувате во ред, но кој од нив е најдобриот за вас? Погледнете ги сите методи за средување на срамните влакненца, како и нивните позитивни и негативни страни кои можат да ви помогнат да го одберете оној кој вам најмногу ви одговара.rnrnКомплетен водич за средување на влакненцата во вашата интимна зонаrn

    ОСНОВНИ ВИДОВИ ОТСТРАНУВАЊЕ СРАМНИ ВЛАКНА

    rn

    1. Околу рабовите

    rnГи оставате влакненцата под гаќичките од костимот за капење недопрени, додека пак се отстрануваат само оние кои надзираат.rn

    2. Лента за слетување

    rnСтанува збор за отстранување на сите срамни влакненца, со исклучок на вертикалната линија веднаш врз усните, која завршува над клиторисот. Овој изглед може да варира во ширина и должина.rn

    3. Целосна депилација

    rnПоследната можност е целосно отстранување на влакненцата, започнувајќи од вагината, па сè до задникот. Најчесто оние кои носат бикини кои многу откриваат го одбираат овој стил без влакненца.rn

    МЕТОДИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ СРАМНИ ВЛАКНА

    rn

    1. Бричење

    rnОва е најпопуларниот и најевтин метод за средување на вашите влакненца. Според една студија, 23% од сите жени над 18 години го користат бричот за отстранување на нивните срамни влакна. Бричењето се состои од 5 едноставни чекори: потскратување на влакненцата со ножици, намокрување со вода, мачкање со лосион, бричење и потоа негување со крема. Не заборавајте да го избегнувате бричењето за време на месечниот циклус, бидејќи вашата кожа е многу чувствителна во тој период. За најдобри резултати, бричете во истата насока во која ви растат влакненцата и избегнувајте да повторувате повеќе пати на едно место. Доколку сте почетници, бричете се еднаш неделно, додека пак ветераните можат сами да ги одберат своите преференции.rn

    Видови бричови

    rnКога станува збор за бричењето, избегнувајте ги рамните бричови за една употреба или оние кои не се повеќе остри. Доколку сакате да ги намалите повредите на кожата, одбирајте брич со централна глава, повеќе видови сечила и ленти за навлажување на кожата.rn

    Што да правите, а што не за време на бричењето?

    rn

      rn011

    • Пред да почнете со бричењето, скратете ги влакненцата најкратко што можете.
    • rn011

    • Не користете силно парфимиран лосион по бричењето бидејќи хемикалиите во него можат да ги иритираат нежните делови од кожата. Наместо тоа, користете алое вера, бебешко масло или бебешка пудра.
    • rn011

    • Избањајте се пред бричењето со цел да ги омекнете влакненцата.
    • rn011

    • Не користете сапун, туку нанесете крем за бричење со цел да ви помогне полесно да ги отстраните влакненцата со минимална иритација на кожата.
    • rn

    rn

    2. Депилација

    rnБез разлика дали ќе се депилирате во домашни услови или ќе одите во салон, восокот е подолготраен метод со кој можете да ги контролирате влакненцата долу. Но, имајте на ум дека восокот е топол, па за да избегнете отекување и болка на вашата кожа, напијте се аспирин 30-тина минути пред депилацијата. Постапката е едноставна: топлиот восок се нанесува на посакуваната област и потоа се отстранува набрзина и со нанесување притисок. Лентите се отстрануваат во спротивна насока од растот на влакненцата.rn

    Домашна депилација

    rnНе е тешко да ја најдете соодветната опрема за депилирање, но потребно е детално да ги прочитате упатствата со цел да не правите грешки. Процесот вклучува топлење на восокот сè додека не добие течна форма, како медот. Исто така можете да купите и ленти за депилирање со цел да го избегнете нередот. Пред да започнете, погрижете се вашите раце да бидат чисти и дезинфицирани и не нанесувајте директно на бикини зоната сè додека не сте сигурни во себе. Вежбајте на вашите раце или нозе додека не научите како најдобро да ги отстранувате влакната. Исто така погрижете се температурата да не е премногу висока пред да го нанесете восокот врз вашите препони со цел да не се изгорите.rnrnПотопете го дрвеното стапче во восокот и нанесете го на соодветната област. Обидете се да се движите во една насока. Доколку сакате основна депилација и да ги отстраните само влакненцата кои ѕиркаат врз гаќичките, тогаш нема да ви биде многу тешко, но ако сакате целосна депилација, ќе мора да научите да се справувате со болката додека ги влечете лентите. Доколку останат по неколку влакненца, отстранете ги со пинцета, но што и да правите не нанесувајте втор слој на истата област. Ова видео може да ви помогне да започнете.rn

    Депилација во салон

    rnБидејќи станува збор за многу чувствителен регион, не нè изненадува фактот што повеќето жени се обраќаат кај професионалец. Но, пред да го одберете вашиот салон, погрижете се да откриете дали козметичарката има искуство и дали добро ја врши својата работа. Не се плашете дури и да поминете во салонот и лично да ги распрашате вработените.rnrnДоколку ви е непријатно да се соблечете пред непозната личност, имајте на ум дека таа гледа многу жени во текот на денот и нема што не видела. Исто така, секогаш можете да се обидете, па доколку не ви се допаѓа како таа работи, побарајте друг салон.rn

    Постојат 5 видови депилација кои можете да ги побарате во секој салон за убавина:

    rn

      rn011

    • Бикини депилација – се отстрануваат влакненцата кои се надвор од областа на гаќичките
    • rn011

    • Целосна бикини депилација – оваа депилација резултира со триаголник од преостанатите влакненца кој се наоѓа на врвот од вашата вагина.
    • rn011

    • Француска бикини депилација – потемелно отстранување на влакненцата, оставајќи една вертикална линија покрај усните, во форма на лента за слетување.
    • rn011

    • Бразилска бикини депилација – се отстрануваат сите влакна, вклучувајќи ги оние кои водат кон задникот. Најчесто останува само една линија, која може да се скрие зад танги.
    • rn011

    • Холивудска бикини депилација – се отстрануваат сите влакненца од почетокот на вашата вагина, па сè до задникот, вклучувајќи го и него. Овој метод бара тимска соработка помеѓу вас и козметичарката со цел да се постигне максимален успех.
    • rn

    rn

    Што да правите, а што не за време на депилацијата?

    rn

      rn011

    • Почекајте влакненцата да ви пораснат барем 5 милиметри пред да закажете за депилација или да ја загреете вашата опрема. На овој начин, восокот ќе може подобро да се закачи за влакното со цел брзо и лесно да го отстрани.
    • rn011

    • Не се сончајте веднаш пред или по депилацијата.
    • rn011

    • Откако ќе завршите со депилацијата, носете само памучни гаќички со цел вашата кожа да може полесно да дише и да се намали иритацијата.
    • rn

    rn

    3. Чупање

    rnДоколку имате трпение и доволно слободно време за да ги отстраните сите вишок влакненца од вашата бикини зона, тогаш слободно направете го тоа. Но, бидејќи станува збор за многу тешка и долготрајна работа, најчесто пинцетата се користи како последен метод за отстранување на оние влакна кои останале по депилацијата или бричењето. Исто така не заборавајте да ја дезинфицирате пред да ја користите.rn

    4. Ласерско отстранување

    rnИ покрај тоа што многумина веруваат дека станува збор за трајно решение, ласерското отстранување не ги отстранува веднаш и засекогаш вашите влакненца. Еве како тоа функционира. Најпрво светлината од ласерот се насочува кон посакуваното влакненце, уништувајќи го меланинот во фоликулите, па по околу недела и половина тоа почнува да се распаѓа. Станува збор за скап процес, кој има многу рестрикции. На пример, не смеете да се сончате 4 недели претходно, ниту пак да ги скубете вашите влакненца во тој период, како и да ги осветлувате со хидроген пред или потоа. Кога станува збор за регионот околу бикините, потребни се 4 до 5 третмани со цел да се елиминираат влакната. Но, дури и тогаш тие нема засекогаш да исчезнат и ќе мора да продолжите со понатамошни третмани.rn

    5. Електролиза

    rnЗа време на електролизата, тенка метална сонда се спушта во фоликулите на влакненцата, нанесувајќи електрична енергија во областа која ги генерира влакната. Бидејќи станува збор за ефективен и траен процес, вие треба да бидете сигурни дека сакате да ги отстраните вашите влакна. Исто така имајте на ум дека електролизата е многу скапа и нејзината цена варира од бројот на терапии кои ќе ви бидат потребни. Но, и покрај тоа што станува збор за траен процес, во некои случаи може да се случи враќање на влакната, доколку има промени во хормоните.rnrnСепак внимавајте. Пред да се одлучите за овој процес, потребно е да одберете квалификуван, лиценциран и верификуван електологист. Исто така едуцирајте се за ризиците и придобивките од отстранување на срамните влакненца.rn

    6. Кратење со ножици

    rnМожеби најлесниот и најевтиниот начин на справување со несаканите влакненца е нивното кратење со ножици. Но, бидете внимателни со нив и секогаш движете се бавно, дури и кога користите огледало. Исто така инвестирајте во помал пар ножици со цел да имате поголема контрола.rn

    СПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИТЕ ВЛАКНА

    rn

      rn011

    • Депилацијата резултира со помалку внатрешни влакна отколку бричењето.
    • rn011

    • Носете пантолони кои немаат тесни еластични делови околу нозете.
    • rn011

    • Редовно правете пилинг на кожата.
    • rn