КАФЕ ПАУЗА

Tag: бричење

  • Брада која жените ја сакаат

    Брада која жените ја сакаат

    Според најновото истражување кое го спровело списанието „Evolution and Human Behavior“, за жените најпривлечни се мажите кои имаат брада од 10 дена. Жените кои учествувале во истражувањето оценувале фотографии од мажи, кои имале брада во различни стадиуми. На делба на второто место се нашле тазе бричените мажи и целосно забрадените, додека оние со петдневна брада се нашле на третото место. Во продолжение прочитајте неколку совети за совршено одржување на вашата брада.Брада која жените ја сакаатrn

    Бидете уредни

    rnСамо затоа што пуштате брада не мора да значи дека можете да се опуштите. Според Алан Петеркин, авторот на книгата „Илјада бради: културна историја на влакната на лицето“, долната линијата на брадата треба да се наоѓа на средина помеѓу адамовото јаболко и врвот на брадата. Не заборавајте и на образите. Доколку влакната почнат да растат на јагодичните коски, задолжително отстранете ги.rn
    rn

    Бидете мазни

    rnНа секого му се случило да се разбуди наутро и да сфати дека ова ќе биде лош ден за правење фризура, бидејќи косата изгледа ужасно. Истото може да се случи и со брадата. Постои еден трик кој лесно може да ги прикрие сите неправилности и нерамнини на брадата, а тоа е крема за лице. Намачкајте го убаво лицето, но не претерувајте.rn
    rn

    Бидете меки

    rnТоа што не се гледа не мора да значи дека не постои. До кожата под брадата можеби тешко се стигнува, но и понатаму треба да ја чистите и хидрирате кожата. Ова особено е важно доколку во брзо време сакате целосно да се избричите, па затоа редовно нанесувајте хидратантна крема, со што ќе ви се омекнува и влакното на брадата.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чекори до совршено бричење

    Неколку чекори до совршено бричење

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnrnИако е секојдневна машка работа, бричењето на лицето за многу мажи може да претставува вистинска болка. Секојдневното бричење не секогаш значи подобар изглед, туку може да донесе црвенило и непријатно чешање. Но, тоа не мора да биде така ако се следат следните неколку совети.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Подготовка

    rnТуширање со топла вода е најдобар начин да се подготвите за бричење. Топлата вода и пареата ќе предизвикаат отворање на порите на лицето и во голема мера ќе го олеснат бричењето.rn
    rn

    Измијте го лицето

    rnМиењето на лицето додека се туширате е еден од најважните чекори. Сапунот ќе ја симне нечистотијата од кожата и од влакната на лицето, а тоа ќе го спречи црвенилото и чешањето по бричењето.rn
    rn

    Отстранете ги мртвите клетки

    rnПо миењето убаво истријте го лицето. На тој начин ќе ги исчистите мртвите клетки од кожата, па подоцна тие нема да се закачат на бричот и да го попречат бричењето. Повторувањето на оваа рутина на секои два до три дена многу ќе ви ја олесни работата на подолг рок.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Употребувајте квалитетен гел за бричење

    rnДоколку не сакате да трпите болка, нанесување сапун пред бричење или бричење на суво не доаѓаат предвид. Нанесете квалитетен гел за бричење, кој ќе помогне во отворањето на порите и ќе го спречи црвенилото. На пазарот можат да се најдат повеќе различни брендови, некои поскапи, некои поевтини, но ова не е момент кога треба да штедите пари. Со мала разлика во цената ќе добиете извонреден ефект на вашето лице.rn
    rn

    Употребете квалитетен брич

    rnБричењето ќе биде онолку добро колку што е добар бричот. Слично како и во случајот при изборот на гел за бричење, и при изборот на бричот, со малку поголема инвестиција ќе добиете значително подобар ефект. Оние со три или пет жилети се малку поскапи, но можат да се користат многу повеќе пати, а даваат и одличен резултат.rn
    rn

    Внимавајте на техниката на бричење

    rnБричењето не се состои од едноставно поминување со бричот по лицето. Вратот и долниот дел од брадата бараат бричење од надолу кон нагоре, а горниот дел од брадата обратно.rn
    rn

    Исплакнете го лицето

    rnВеднаш по последното поминување со жилетот исплакнете го лицето со топла вода. Ова е многу едноставен и брз чекор кој многу помага.rn
    rn

    Не употребувајте крпа

    rnНемојте да го бришете лицето со крпа откако ќе го исплакнете, затоа што малите влакненца и конци од крпата ќе се закачат на кожата и ќе ја иритираат. Иако не е многу пријатно да ја оставите водата да ви капе од лицето, со ова може да пропадне целиот претходен труд.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Нанесете балсам за после бричење

    rnСамо соодветен балсам или крем може да го омекне и освежи лицето по бричењето. Многу попопуларната колонска вода можеби мириса убаво, но ги нема состојките што му се потребни на лицето по „тортурата“ со жилетите.rn
    Дури и кога не се бричите може да направите некои работи кои ќе ви помогнат да го спречите црвенилото и чешањето во иднина. Секојдневното миење на лицето со антибактериски сапун му пружа дополнителна заштита, а доброто чување на „опремата“ за бричење гарантира дека таа ќе остане чиста и нема да ја упропасти работата и покрај големиот труд.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.