КАФЕ ПАУЗА

Tag: биографија

  • Филм: Џобс (jOBS)

    Филм: Џобс (jOBS)

    Биографија за легендата во иновациите и бизнисот

    rnФилм: Џобс (jOBS)Режија: Џошуа Мајкл СтернrnrnУлоги: Ештон Кучер, Дермот Малруни, Џош ГадrnrnВреметраење: 128 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 август 2013rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrnrnrnСтив Џобс е иконата на корпоративна Америка. Тој е пример за човек кој сака да направи промени во светот, влегува во бизнисот поради тоа и успева. Згора на сѐ, после некое време некој неспособен го брка од неговата компанија, а тој по неколку години воскреснува враќајќи се на истото место, со истите идеи и страст да остави белег со своите иновации.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnНе е спорно дека Стив Џобс беше еден од оние големи иноватори, визионери и лидери во бизнисот. Како таков и е претставен во филмот. Секогаш визијата му е на прво место, одличен преговарач е, доста ја користи интуицијата, бројките не го интересираат премногу и вечно се бунтува против оние кои сакаат „да ја доведат компанијата во ред“. Стив Џобс во „Џобс“ е лик чиј жар во работата е инспиративен за неговата околина.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnТоа е доста нагласено, па можеби затоа на моменти филмот делува како да претерува со идеализирањето на неговиот лик и дело. Тој навистина беше харизматичен лидер, но за него е познато и тоа дека не бил секогаш фин со своите подредени. Во филмот има сцени кои се обидуваат да го доловат тоа, но се ретки и немаат некој особен интензитет кој би оставил впечаток. Авторите на филмот со неговиот лик и дело постапуваат како и со секој друг неодамна починат човек: ја сокриваат неговата темна страна и на публиката ѝ ги прикажуваат само убавите работи по кои тој ќе се памети.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn„Џобс“ е редица на хронолошки настани кои го опфаќаат животот на главниот лик од неговите студентски денови, па сѐ до моментите кога создава историја. Придружуван со музика од седумдесеттите, сиот акцент е ставен на неговиот лик, одигран од Ештон Кучер. Малку е необично да се види Кучер во улога на сериозен и зрел човек, а и не зрачи со харизмата на вистинскиот Стив Џобс, па што поради него, што поради самото сценарио ова не е една од оние врвни биографии од типот на „Линколн“ или „Социјална мрежа“. Но во секој случај вреди да се погледне… барем додека на излезе уште некој филм посветен на Стив Џобс.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новинарот кој наеднаш сите сакаат да го вработат

    Новинарот кој наеднаш сите сакаат да го вработат

    Младиот невработен новинар од Шпанија, Енцо Вичијано одлучил дека наместо да праќа биографии на различни огласи за работа, попаметно му е да го отпее своето работно сиви, а снимката да ја постави на Јутјуб.Новинарот кој наеднаш сите сакаат да го вработатТој дипломирал и завршил постдипломски студии по новинарство, но никако не можел да најде работа. Како и многу млади луѓе во Шпанија, каде стапката на невработеност порасна на 27,2%, тој залудно испраќал биографии, но немал среќа.rnrnТогаш ја смислил оваа идеја. Се качил во метро во Барселона заедно со еден пријател кој го снимал и го испеал своето сиви, паралелно свирејќи на укулеле.rnrnПомеѓу другото тој пее „Јас сум крал на Word, Excel и PowerPoint. Јас го контролирам Photoshop“. Откако ја објавил оваа снимка на Јутјуб не може да ги исчита сите понуди за работа кои пристигнуваат на неговата адреса.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Хичкок (Hitchcock)

    Филм: Хичкок (Hitchcock)

    Зад секој психо стои успешна женаrnrnФилм: Хичкок (Hitchcock)Режија: Саша ЏервазиrnrnУлоги: Ентони Хопкинс, Хелен Мирен, Скарлет Јохансон, Џесика БилrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 14 декември 2012rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnОфицијалниот слоган на биографскиот филм за Алфред Хичкок е „Зад секој психо стои успешна жена“, а тој е така смислен за да ги собере во себе двете приказни кои меѓусебно се испреплетуваат во овој филм. Едната, која навидум е централна, е спроведувањето на идеја за филм од почеток до крај со неопходната упорност и пребродувањето на бројни тешкотии. Втората, веројатно многу поважна, е значењето на љубовта и поддршката која сопругата на Хичкок му ја дава за тој да може да ги реализира своите цели.Филм: Хичкок (Hitchcock)Хелен Мирен одлично ја толкува Алма, сопруга, пријателка и најблизок соработник на Алфред Хичкок (Ентони Хопкинс). По неговиот голем успех со филмот „Север – северозапад“ (North by Northwest) таа го советува да ги прифати понудите за неколку големи блокбастери во најава, но за разлика од неа Хичкок сака нешто поинакво. Тој копнее по младешката полетност од неговите режисерски почетоци кога одбирал смели сценарија на кои не им се предвидувало голем успех и се решава за екранизација на книгата „Психо“. Алма не е воодушевена од неговиот избор, но тој не сака да чуе за ништо друго.Филм: Хичкок (Hitchcock)Таа полека ќе почне да прифаќа да соработува со својот сопруг откако ќе ѝ ги каже своите невообичаени и храбри замисли за снимањето, но филмските студија не сакаат ни да помислат на таков филм. Тие преферираат проверени варијанти, а тоа нив ќе ги остави без пари за снимање. Во потрагата по финансиски средства ќе се решат дури да ја заложат и сопствената куќа и некако ќе успеат да соберат доволно пари пред Хичкок да започне со снимање.rnrnТогаш кога веќе изгледа дека работите доаѓаат на свое место се случува уште еден заплет во филмот. Алфред и Алма ќе почнат да се сомневаат еден во друг, во нивната искреност и посветеност на бракот, што доведува до бројни недоразбирања кои многу очигледно ќе се одразат и на процесот на снимањето.Филм: Хичкок (Hitchcock)Филмот е базиран на книгата „Алфред Хичкок и создавањето на Психо“ од авторот Стивен Ребело која наводно многу прецизно ги опишува сите настани во врска со легендарниот режисер и околностите во кои го снимал овој филм. Без разлика на тоа колку режисерот Саша Џервази се водел според наводите на оваа книга или додал нешто за да драматизира повеќе, тој во секој случај успева да ни даде детална претстава за односот на Алфред Хичкок со Алма и нејзиното значење во неговиот живот.Филм: Хичкок (Hitchcock)Направил филм којшто е забавен и лесен за гледање без да прави компромис на сметка на одличната приказна и ликовите. Ентони Хопкинс лесно ќе ве освои со вообичаено брилијантната глума, ќе ве внесе во неговиот посебен однос со сопругата, а таа ќе ве внесе во нејзиниот однос со сопругот, така што поминување 98 минути со ваков филм е добро потрошено време.Филм: Хичкок (Hitchcock)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Филм: Линколн (Lincoln)

    Филм: Линколн (Lincoln)

    Филмски еп за најпопуларниот американски претседател во историјатаrnrnФилм: Линколн (Lincoln)Режија: Стивен СпилбергrnrnУлоги: Даниел Деј Луис, Сали Филд, Томи Ли Џонс, Дејвид СтратернrnrnВреметраење: 150 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 ноември 2012rnrnЖанр: историска драма, биографијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnАбрахам Линколн е една од најважните личности во историјата на Соединетите Американски Држави. Ја водел земјата во тешките времиња на Граѓанската војна, при тоа успевајќи да спречи нејзино распаѓање, а потоа и да ја зајакне економијата и да го укине ропството. Бил многу мудар политичар, роден пред своето време, па логично е што филмскиот еп за толку голема и важна личност го продуцира и режира Стивен Спилберг, а неговиот лик го игра актер од рангот на Даниел Деј Луис.Филм: Линколн (Lincoln)Двата и пол часа се целосно посветени на доследно портретирање на Линколн, а Деј Луис брилира во тоа. Нему треба да му се припишат заслугите што успева филмот да го дигне до височини кои можеби не би ги достигнал ако сè остане на приказната. Неговата изведба не е најдобра само во последната година, туку една од најдобрите во последните декади. Уверливиот израз на лицето и автентичниот начин на кој ги изговара репликите прават да помислите дека поранешниот американски претседател оживеал за да се претстави на филм така како што тој сака, без некој да го филува неговиот лик и дело.Филм: Линколн (Lincoln)А приказната се фокусира на најзначајното што Абрахам Линколн го оставил зад себе – укинувањето на ропството. Амандманот на Уставот кој го овозможува тоа е ставен на дневен ред во Конгресот во време кога Граѓанската војна се ближи кон својот крај. За да ја оствари својата цел, Линколн излегува со став дека укинувањето на ропството ќе ја заврши војната и ќе го донесе долго посакуваниот мир. Сепак, таа може да заврши во секој момент, а тоа ќе значи дека новиот уставен амандман не е потребен, но американскиот претседател е решен тој да се изгласа и ќе посегне по сите расположливи чесни и нечесни средства за да го постигне тоа.Филм: Линколн (Lincoln)Целата приказна се врти околу обезбедувањето на гласовите во Конгресот. Потрагата по нив се одвива главно надвор од него, но и на говорницата каде што се одржуваат извонредни дебати какви што ретко можеме да видиме денес. Впрочем, еден од највозбудливите делови на филмот се острите дискусии во кои ораторите жестоко се расфрлаат со својата елоквенција убедувајќи ја спротивната страна дека „Бог ги создал црнците нееднакви со другите“ и обратно.Филм: Линколн (Lincoln)Токму тоа и го сочинува овој филм. Со неколку мали исклучоци, тој нема некое возбудливо дејствие. Големата прашина која се дигна околу него најмногу се должи на важноста на Абрахам Линколн за американската историја, но тешко е да се очекува дека големината на поранешен претседател на САД многу ќе го интересира просечниот македонски гледач. Затоа на крајот може да делува и малку разочарувачки ако очекувате некоја голема драма. „Линколн“ е бавен филмски еп, но е идеален за ноќите во кои сакате да се опуштите со долг филм кој може цели 150 минути да го држи вашето внимание.Филм: Линколн (Lincoln)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Филм: Кон-Тики (Kon-Tiki)

    Филм: Кон-Тики (Kon-Tiki)

    Таму каде што сите гледаат бариери, некој гледа мост што ги поврзува световитеrnrnФилм: Кон-Тики (Kon-Tiki)Режија: Јоахим Ронинг, Еспен СандбергrnrnУлоги: Пол Свере Валхејм Хаген, Андерс Басмо Кристијансен, Густав СкарсгордrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnЈазик: норвешкиrnrnПремиера: 24 август 2012 (Европа)rnrnЖанр: авантура, акција, биографијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnСкандинавската филмска продукција секогаш знаела да протне силни универзални пораки низ добро смислени приказни, но онаа за Кон-Тики, колку и да звучи неверојатно, не е измислена. Таа навистина се случила во 1947 година кога Тор Хејердал, најголемиот норвешки етнограф и авантурист на дваесеттиот век со сплав го препливал Пацификот за да докаже дека народите на Полинезија таму се доселиле од Јужна Америка.Филм: Кон-Тики (Kon-Tiki)Во филмот Тор (Пол Свере Валхејм Хаген) е опишан како харизматичен, смел и смирен лидер и човек кој цврсто стои зад своите убедувања. Кога неговата теорија ќе ја стави на хартија и ќе ја понуди на издавачите, наидува на потсмев кај крутата научна јавност. Никој не може да поверува дека примитивните народи само со сплав ја поминале најголемата бариера на светот и се доселиле во нивниот денешен дом. Само Тор Хејердал во таа бариера гледа мост кој ги поврзува двата света и затоа ќе собере храбар екипаж со кој ќе се обиде да го повтори истиот подвиг и да докаже дека тоа што го зборува е вистина. Сплавот Кон-Тики ќе го изградат од истите материјали и технологија како оној од пред многу векови и набргу ќе тргнат на пат преку Пацификот долг 5.000 милји.Филм: Кон-Тики (Kon-Tiki)Авантурата на Тор и неговиот екипаж е пат кон непознатото кој содржи и подеми и падови. Големите очекувања ќе бидат разнишувани од сомнежот во сопствените шанси за успех, а потоа ќе бараат начин да ја вратат храброста кај себе. Во таквата ситуација храбриот водач и неговата неверојатно силна волја ќе бидат клучен фактор кој ќе решава за конечниот исход на подвигот. Тие моменти се реално прикажани, според настаните кои навистина се случиле и веројатно затоа ја немаат вообичаената интензивна драматичност каква што често гледаме во подобрите холивудски блокбастери. Подвигот на Тор и неговите луѓе е раскажан баш онака како што се случил, без додавање и одземање на настани кои би придонеле за напнатост во дејството. Тензијата во овој филм е затскриена под површината и се чувствува дури кога целосно ќе се внесете во филмот.Филм: Кон-Тики (Kon-Tiki)Затоа Кон-Тики може лесно да го задржи вашето внимание од почеток до крај. Не можете, а да не посакувате харизматичниот Тор Хејердал и неговите сопатници да докажат дека границата може да биде и мост. Тоа е извонредно дело, а доби и номинација за Оскар во категоријата филмови од неанглиско говорно подрачје. Кон-Тики е поим за филм од жанрот авантура. Ретко излегуваат вакви филмови и ако сте фан на овој жанр, тој за вас ќе биде големо уживање.Филм: Кон-Тики (Kon-Tiki)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Стивен Бубле (Michael Steven Bublé) е италијанско-канадски џез пејач и актер. Роден е на 9-ти септември, 1975 година, во Британска Колумбија, Канада. Пораснал со џез-плочите од колекцијата на дедо му. Токму тој го убедил да го направи првиот чекор во музичката индустрија. Го охрабрил да се пријави на телент-шоу во Ванкувер, каде го освоил првото место, но за жал бил дисквалификуван, бидејќи имал 18 години, а границата за учество била 19. Ова не го разочарало Бубле. Тој одлучил повторно да учествува на едно канадско шоу за млади таленти, на кое со неговиот „страшен“ вокал уште еднаш завршил на врвот.rnrnБезрезервната поддршка од дедо му продолжил да ја добива и понатаму. Тој бил водоводџија и поправал бесплатно по клубовите, само за да ги убеди нивните сопственици да му овозможат настап на неговиот внук, кој и во вакви околности успeал да издаде три независни албуми. Тие се: „First Dance“ (1996), „Babalu“ (2001) и „Dream“ (2002).Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк СинатраМладиот Бубле навистина тешко се снаоѓал во музичките лавиринти, сè до моментот кога за неговиот талент дознал поранешниот канадски премиер, Брајан Малруни. Тоа се случило кога уморен од 10-годишната борба на сцената, тој се подготвувал да се откаже од музичката кариера и среќата да ја побара на медиумскиот пазар.rnrnОваа грешка за влакно ја избегнал, бидејќи на еден од неговите настапи во 2000 година, го импресионирал Мајкл Мексвини, тогаш десната рака на премиерот. Бубле по настапот му подарил копија од неговиот прв независен албум, велејќи му дека ако не му се допаѓа музиката, може слободно да го искористи како подлога за вино. Мексвини одлучил цедето да му го даде на премиерот, кој пак, на инсистирање на својата сопруга го поканил талентираното момче да пее на свадбата на нивната ќерка.rnrnНа веселбата, Бубле се запознал со музичкиот продуцент Дејвид Фостер, кој веднаш го земал под негова закрила. Три години подоцна, во февруари, 2003-тата, се случува неговото големо деби. Тој го издава студискиот албум „Michael Bublé“, по кој следуваат бројните музички награди и неверојатниот светски успех во шоу-бизнисот.rn

    rnАлбумот долго време потоа се задржува на врвот на топ 10 листите во Канада и Велика Британија, а веќе наредната година, Бубле е прогласен за најдобар нов изведувач на канадските музички награди „Џуно“ (Juno). Во 2005-тата, пак, на „Светските музички награди“ (World Music Award), тој го збогатува професионалното CV и со признанието за најпродаван изведувач.rnrnБубле многу пати досега е прогласуван за најдобар машки вокал. Во 2007-та, тоа признание му беше оддадено на „NATIONAL JAZZ AWARDS“, а во 2008-та и на престижните „Canadian Smooth Jazz Awards“. Меѓу неговите најголеми успеси е и албумот „Crazy love“ (2009), кој во неколку наврати го вивна до врвот…rnrnДенеска, талентираниот музичар може да се пофали со над 30 милиони продадени копии од неговите 15 издадени албуми. Последниот, насловен како „Christmas“ го лансираше на 24 октомври, 2011 година.rn

    rnМултиплатинестиот издавач во преку 15 држави, покрај по моќниот глас, препознатлив е и по своjот „олд скул“ шарм и харизма. Најверојатно и за ова треба да му се заблагодари на сопствениот дедо. :)rnrnЗаради неговите несекојдневни вокални способности и елеганција, јавноста се осмели да го нарече Френк Синатра на новиот милениум. За ваквото поистоветување со музичката легенда, Бубле вели:rn
    rn

    „Никогаш нема да има друг Френк Синатра. Јас никогаш не сум посакал да бидам другиот Синатра. Јас само сакам да бидам Мајкл Бубле. Ме навредува тоа што луѓето мислат дека го слушам само Синатра. Роден сум во 1975 година. Како дете мојот најголем идол беше Мајкл Џексон, а како тинејџер сакав да станам дел од ‘Beastie Boys’.“

    rnrnrn

    rnКарактеристично за интернационална музичка сензација е и тоа што концертите ги завршува пеејќи без микрофон. Тоа започнал да го практикува, откако на настап во Лос Анџелес, додека ја пеел „My Funny Valentine“ му се исклучил микрофонот. Но, Ален Чанг, пијанистот на Бубле продолжил да свири, а тој ја испеал песната до крај. Направиле фантастична акустична верзија, со која ја излуделе публиката.rnrnЗа канадската мегаѕвезда карактеристични се и интерактивните настапи и концерти. Бубле низ годините изградил специјален однос со публиката. Еве едно од видеата кои најдобро го потврдуваат тоа.rn

    rnВокалистот кој години наназад го носи епитетот најдобар интерпретатор во светот, во 2011-тата доби нова шанса и на полето на љубовта. Долгогодишната врска со младата аргентинска актерка и модел, Лусијана Лопилато (позната по улогата на Миа Колучи во мегапопуларната тинејџерска серија „Млади бунтовници“) ја крунисаа со брак.rnrnВо чест на својата сопруга, Мајкл го издаде синглот „Haven’t Met You Yet“ (Crazy Love, 2009). Во 2010-та, тој беше прогласен за сингл на годината, на наградите „Џуно“. Лусијана се појавува и во спотот за песната.rnrnНеговите претходни врски кои долго време ја брануваа јавноста беа оние со актерката Емили Блант и со танчерката и пејачка, Деби Тимус. И тие добија соодветно место во музиката на Бубле. Хит синглот „Home“ од албумот „It’s Time“ е посветен на Деби, а Емили била неговата инспирација за песната „Everything“ (Call Me Irresponsible)…rn

    rn

    rn

    rnБубле не заостанува ниту со актерството. Глуми во филмовите „Totally Blonde“ (2001), „The Snow Walker“, „Duets“ (2000), „Death Game“ (1997), „A Russell Peters Christmas Special“ (2011) и во голем број ТВ серии. Во преку 150 наслови се глуми себеси, а се јавува и како специјален гостин. Заслужен е и за музиката во 70-тина од нив.rnrnВо 2000 година, Бубле добива и две номинации за наградите „Genie Award“, за песните кои ги напишал за филмот „Here’s To Life!“, во кој главна улога е  Ерик Меккормак.rnrnЗа Бубле има уште многу што да се зборува. Тој постојано е во фокусот на вниманието на јавноста, но она што сите ги остава без коментар се неговите неверојатни вокални способности. Во продолжение, уживајте уште малку во нив…rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?

    Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?

    Најверојатно нема ниту еден млад човек во државава кој не ја гледал аргентинската ТВ серија „Rebelde Way“ (Млади бунтовници) во тинејџерските години, а богами голем е бројот и на оние кои се заљубуваа до уши во прекрасната Миа Колучи т.е. Луисијана Лопилато.Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Таа е родена на 18 мај, 1987 година и е бик во хороскоп. Луисијана покрај тоа што е една од најпознатите актерки во својата земја Аргентина, таа е и одлична фотомоделка, а има снимено и голем број музички албуми како пејачка.Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Нејзината кариера почнала сосем случајно. Кога имала 6 години и шетала со својата мајка, нив им пристапил кастинг директор, кој посакал Луисијана да дојде на аудиција за реклама. Мајка ѝ не била воодушевена од идејата и одбила, меѓутоа кастинг директорот бил упорен и ја побарал Луисијана во нејзиниот дом. Тогаш, татко ѝ кренал телефон и бил многу возбуден за иднината на неговата ќерка. Така, таа ја добила својата прва работа и не поминало многу време додека младата Луисијана, која е ретка комбинација од убавина, сексапил и слатка девојка од соседството, го привлекла вниманието на филмските продуценти.Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Во 1995 г. станува позната во детската серија „Дечиња“ (Chiquititas) во улогата на Луисијана Маза. Во 2002 ја снима првата, а во 2003 втората сезона од добро познатата младинска серија „Млади бунтовници“ (Rebelde Way). Тие две години ја оформува групата „Erreway“ заедно со своите колеги Камила Бордонаба, Бенхамин Рохас и Фелипе Коломбо. Во 2004 го снимаат филмот „Еревеј 4 патишта“ (Erreway 4 caminos) и истата година Луисијана го напушта бендот. Тие прават кратка пауза и во декември 2006, Камила, Фелипе и Бенхамин повторно ја оформуваат групата, но без Луисијана. Тогаш таа започнува кариера како актерка и во 2005 ја снима серијата „Венчани, со деца“ (Casados con hijos) во улогата на Паола.Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Нејзин маж е канадскиот пејач Мајкл Бубле, со кој стапи во брак на 31 март, 2011 и оттогаш направија три свадбени прослави, првите две во родната Аргентина на 25-годишната актерка, а третата во Ванкувер, Канада, родниот град на Бубле.Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Погледнете ја нејзината овогодишна фотосесија на шкотскиот бренд за долна облека „Ultimo“, кадешто таа со своето совршено тело, позирајќи во секси градници и гаќички, покажува зошто жените од латинска Америка се познати по својата убавина. Момци, уживајте!Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?Се сеќавате на убавата Миа Колучи од „Млади бунтовници“?
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Челичната дама (The Iron Lady)

    Челичната дама (The Iron Lady)

    Автор: Симона РистоскаrnrnКоја е цената што треба да ја плати интелигентна и амбициозна жена во време во кое владеат мажите, уште повеќе, во светот на политиката?rnrnЧеличната дама (The Iron Lady)Режија: Филида ЛојдrnrnСценарио: Аби МорганrnrnУлоги: Мерил Стрип, Џим Броудбент, Александра Роуч, Ричард Е. Грант…rnrnВреметраење: 105 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, биографијаrnrnПремиера: 13 јануари 2012rnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnВаша оценка: [ratings]
    rnrn


    Оваа прекрасна, интимна приказна за животот на првата претседателка на Конзервативната партија и првата претседателка на Владата на Велика Британија, не може, а да не ве остави без зборови.  Приказна за неверојатната упорност и амбициозност на жената која не потклекна пред социјалните и полови бариери и остави свој траг во историјата. rnrnФилмот ја следи нејзината борба за успех, непоколебливата верба во себеси  и патот што треба да го изоди една ќерка на трговец, за да дојде на позиција на првата жена премиер во Велика Британија и таму да остане цели 11 години.


    rn

    rnЧеличната дама (The Iron Lady)Приказна: Според голем дел од критичарите, освен беспрекорната глума на Мерил Стрип, филмот ја губи својата насока и не ѝ оддава доволно почит на самата Маргарет Тачер. Наводно, целата приказна се врти околу Маргарет, која веќе е во поизминати години и за жал страда од деменција, па токму поради тоа нејзините сеќавања врз кои се гради филмот се измешани и му додаваат некоја доза на конфузија. Но, од друга страна, токму тие сеќавања и халуцинации со веќе починатиот маж, даваат чувство за тоа со каква грижа на совест Маргарет се соочувала целиот свој живот, како успешна жена која поголем дел од времето го поминувала во канцеларија поради своите обврски, а не со своето семејство.Челичната дама (The Iron Lady)Иако поголем дел од критиките се однесуваат на недоволното време посветено на сите настани што се случувале во Велика Британија за време на владеењето на Тачер, сепак токму тоа остава доволно време за оние моменти на цврстина и одлучност кога Маргарет ја открива пред светот Челичната дама. Тука се и моментите од младоста на Маргарет, кога со воодушевување го следи говорот на нејзиниот татко, кој толку силно се одразува на нејзиниот карактер и одлучност за припаѓање во Конзервативната партија, па сè до понудата за брак од Денис Тачер кога го предупредува дека не е создадена за да го помине животот во кујната.rn
    rn

    „Нема да умрам миејќи шолји“

    rnЧеличната дама (The Iron Lady)Особено интересни моменти се деловите на формирањето на имиџот на Тачер, сè она што морала да го промени кај себе за да стане подопадлива во очите на јавноста. Како се калеше Челичната дама е дефинитивно дел од филмот кој ја надополнува целата слика за посветеноста на Магарет на своите амбиции.rnrnГлума: Мерил Стрип толку добро си ја има завршено работата, што поголем дел од времето заборавате кој всушност се крие зад маската, а најверојатно и поради тоа филмот го доби целосно заслужениот Оскар за најдобра шминка. Самата актерка има изјавено дека со месеци ги следела говорите и јавните појавувања на Маргарет Тачер со цел што подобро да ги совлада нејзините гестови, движења и начин на зборување. На едната страна имаме цврста и непопустлива дама, а од другата, жена која сака своите последни години да ги помине во мир, но не може поради постојаните присеќавања на сите големи одлуки кои морала да ги донесе, а влијаеле врз илјадници луѓе. Оскарот за најдобра женска главна улога, дефинитивно заврши во вистински раце!Челичната дама (The Iron Lady)Не смее да биде незабележана и улогата на Џим Бродбент, кој се појавува како сопругот Денис Тачер и одлично го доловува ликот на човекот кој цел живот морал да биде зад толку упорна жена и покрај сите животни компликации, да остане со неа до крај.rnrnУште еден лик остава значаен траг низ целиот филм, а тоа е глумицата Александра Роуч која ја глуми Тачер во младоста и дефинитивно е најдобар можен избор за таа улога.Челичната дама (The Iron Lady)Кога да го гледате: Можеби не е толку важно кога да го гледате, туку со кого ќе го гледате овој прекрасно изграден филм. Бидејќи самата приказна се врти околу моќта и храброста на жената, најверојатно би бил одличен за да се проследи во женско друштво. Припадниците на машкиот пол, можеби нема толку да ги привлече филмот од самиот почеток, но топло ви препорачуваме да му дадете шанса.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Џим Парсонс како Шелдон во „Теоријата за Биг Бенг“

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnРоден во Хјустон, Тексас, Парсонс почнал да се интересира за глумата откако ја добил улогата на птицата Кока-кола во училишната изведба на „Детето на слонот“. Во 2001 година тој завршил театарски мастер студии на Универзитетот во Сан Диего и се преселил во Њујорк со надеж дека таму ќе ја започне својата кариера како глумец. Во 2007, Парсонс конечно ја добил својата шанса за пробивање со улогата на Шелдон Купер во ТВ-серијата „Теоријата за Биг Бенг“, улога која целосно ќе му го промени животот.Џим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг
    rn

    „Она што најмногу ми се допаѓа кај Шелдон е начинот на кој се обидува да реши големи научни проблеми. Ми се допаѓа и како неговото научно резонирање често не функционира во реалниот свет, на пример кога разговара со Пени или со некој надвор од неговиот мал круг на пријатели-гении, но сепак, не го менува својот начин. Шелдон е премногу сигурен во себе и мислам дека тоа е одлична карактеристика.“

    rnШелдон е физичар кој нема никакви социјални вештини. Уште од самиот почеток, Парсонс верувал дека може одлично да го долови карактерот на својот лик. И покрај тоа што не чувствувал никаква сличност со Шелдон, тој постојано бил фасциниран од дијалозите кои биле пишувани за него и од начинот на кој треба да се изразува.rn
    rn

    „За жал многу малку научив за физиката. Тоа е за срам, но сепак секогаш кога има нешто научно во сценариото барам на интернет за да знам за што говорам. Но, тоа е сè. Честопати се случува експертот за физика да напише некоја формула, шега на таблата и јас да не ја сфатам. И по долго објаснување кога конечно ќе сфатам, едноставно не ми е смешно. Не сум воопшто попаметен откако сум во серијата. Всушност, мислам дека сум малку поглупав бидејќи немам многу слободно време за учење нови работи.“

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг БенгВо 2009, Парсонс ја доби наградата „Television Critics Association“ за индивидуално достигнување во комедија, во 2010 доби Еми награда за неверојатен актер во комедија и во 2011 доби Златен Глобус за најдобар актер.rnrnНа прашањето како успеваш да направиш толку да го сакаат твојот лик кога како личност никој не би требало да го поднесува, тој вели:rn
    rn

    „Писателите многу внимателно ги омекнуваат „тешките“ зборови. Другиот начин е како другите ликови реагираат на него – со вознемиреност, но и со помирување. Тоа се префрлува и на публиката, а јас воопшто не се обидувам да го доомекнам. Искрено, многу често поентата е да биде премногу иритантен.“

    rnrnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенг„Теоријата за Биг Бенг“ достигна огромен успех и успеа да привлече публика од сите возрасти. Но, она што никој нема да го заборави се интересните и уникатни реплики на Шелдон. Еве еден мал дел од нив:rn
    rn

      rn011

    • Базинга!
    • rn011

    • Не сум луд, мајка ми ме тестираше.
    • rn011

    • Сакаш топол напиток? Ми дадоа до знаење дека кога некој е тажен треба да му се понуди топол напиток…
    • rn011

    • Според договорот на цимерите…
    • rn011

    • Пени не треба да плачеш зашто си глупава. Човек плаче кога е тажен. На пример, јас плачам зашто другите се глупави, а тоа ме прави тажен.
    • rn011

    • Јас ја сакам мајка ми, но чувствата за моето место на каучот се многу поголеми.
    • rn011

    • Тоа е погрешна равенка. Повеќе не е еднакво на повесело. Да имаше 2.000 луѓе во апартманов сега, дали ќе славевме? Не, ќе се гушевме.
    • rn

    rnЏим Парсонс како Шелдон во Теоријата за Биг Бенгrn

      rn011

    • Знаете дека сум многу паметен човек. Дали мисите дека ако не бев во право, немаше да знам?
    • rn011

    • Што точно значи „пријатели со бенефиции“? Дали тој ѝ овозможува на неа здравствено осигурување?
    • rn011

    • Мало недоразбирање? Галилео и Папата имале мало недоразбирање…
    • rn011

    • Ејми мора да ти признаам дека преправањето како да имам однос со тебе ми донесе многу големо задоволство.
    • rn011

    • Очигледно не можеш да го хакнеш супер компјутерот на владата и да се обидеш да купиш ураниум без Одделот за домашна безбедност да те издаде на мајка ти!
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ед Вествик – миленикот на женските срца

    Ед Вествик – миленикот на женските срца

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЕд е млад и згоден актер кој од ден на ден сѐ повеќе ја привлекува публиката ширум светот. Неговото најголемо досегашно филмско достигнување, е улогата на Чак Бес во ТВ серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) и лик по кој многумина го препознаваат. Неговиот нежен, но многу специфичен лик, сексапил и шармантност со интересна доза на дрскост, се причина токму тој да биде „сон“ на многу девојки. Неговата појава не остава никого рамнодушен.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНеговото вистинско име е Едвард Вествик. Овој млад убавец е роден на 27 јуни 1987 година во Стивенејџ, Хертфордшајр, Англија. Висок е 175 см и е рак во хороскоп. Наспроти улогата на дрскиот срцекршач Чак, кој секогаш ја држи чашката алкохол в рака, има екстремно богатство од својот татко и учеше во приватна гимназија, Ед потекнува од скромно семејство и учел во локалното училиште. Тој е најмладиот член во семејството Вествик, има двајца постари браќа и за себе вели дека е најфиниот во фамилијата.rnrnНеговиот татко држи универзитетски часови по бизнис, а мајка му е психолог. И покрај тоа што учел бизнис, право и комуникација, еден двонеделен летен курс по глума во Националниот младински театар во Лондон, му дал нова амбиција во животот. Инаку, негова работа од соништата е да биде дизајнер на градини. Поддржувач е на фудбалскиот клуб Челзи.Ед Вествик - миленикот на женските срцаВо врска со споредбата на неговиот карактер, со ликот на Чак, тој вели:rn
    rn

    „Постојат многу повеќе разлики, отколку сличности помеѓу мене и Чак. Кога имав 17 години, можеби имав одредени особини кои ги поседува и Чак, но во сосема поинаков контекст. Јас не потекнувам од Апер Ист Сајд и ги немам желбите кои ги има Чак. А да, исто така јас немам еден куп девојки. Јас сум добро момче. Девојките го сакаат Чак, а не мене, бидејќи тие ги сакаат „лошите“ момчиња. Она што најмногу ме нервира во врска со работата во „Озборувачка“ е тоа што морам да се бричам секој ден.“

    rnА како изгледа неговиот ноќен живот во Лондон?rn
    rn

    „Целото брмчење во градот ме возбудува. Јас сум „ноќна птица“ така што обожавам да излегувам. Секогаш можам да го почувствувам потенцијалот на вечерта, особено во текот на летниот период. Кога сонцето ќе излезе, девојките облекуваат убави фустанчиња. Таков е летниот Лондон: сета насобрана енергија која се криела и се крчкала под земјата 8 месеци од годината, конечно излегува на површина, заедно со изгревањето на сонцето.“

    rnЕд Вествик - миленикот на женските срцаrn

    „Доколку сакам да излезам надвор, да пијам и да ја фрлам чашата на улица, јас и ќе го сторам тоа. Тоа би го направил од причина што сакам да се забавувам, а не бидејќи сакам да создадам некаква тензија околу мене. Во тој случај би бил ку*наз, а не сум.“

    rnНеговата кариера започнала со појавувањето во филмот „Doctors“ како Холден, потоа следува ликот на Џони во „Casualty“ и ликот на Дарен во „Afterlife“. Треба да се споменат и неговите појавувања во филмовите „Breaking and Entering“, „Children of Men“ и  „Son of Rambow“.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНеговото појавување во „Gossip Girl“ како Чак Бес е клучната улога во неговата кариера. Од 2007 година, благодарение на успешното претставување на ликот на  Чак, Едвард бележи големи успеси во својата кариера. Во 2008 година е номиниран за најсекси маж во списанието „People“, а се појавува и на листата на 100 најубави луѓе заедно со екипата од „Gossip Girl”. Потоа следуваат наградите за најдобар „TV Villain“ (ТВ никаквец) на „Teen Choice Awards“ (Изборот на тинејџерите) и во 2010 година наградата за „Breakthrough Talent“ (Пробивен талент) од машкиот магазин „GQ“. Понови негови филмски остварувања се улогите во „Chalet Girl“и „J. Edgar“ во 2011 година, а во 2012 се очекува неговото појавување во филмот „Romeo and Juliet“ во улога на Тибалт. Тој е заштитно лице на модниот бренд Penshoppe.Ед Вествик - миленикот на женските срцаОсвен што е успешен актер, тој е одличен музичар. Ед е фронтмен на петчлениот британски инди рок бенд „The Filthy Youth“. Музиката за него е синоним за слобода, добар начин за да пренесеш порака.rn
    rn

    „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е само она што го гледаме, туку она што се случува во нашата глава. Музиката е она коешто произлегува од нашата потсвест. Музиката е моето ослободување.“

    rnВо фотографиите на Вествик, честопати може да се забележи дека тој сака да ги покажува своите гради низ раскопчаната маица. Во врска со тоа тој вели му се допаѓа покажувањето на дел од неговите влакнести гради и дека тоа е неговиот заштитен знак.Ед Вествик - миленикот на женските срцаВо врска со очигледната хемија помеѓу него и неговата колешка Лејтон Мистер во „Озборувачка“ тој објаснува:rn
    rn

    „Јас сум лудо заљубен во Лејтон. Тоа е она што помага за чувствување на таа енергија од моја страна. Ја сакам толку многу што таа не ни мора да биде вљубена во мене. Ја сакам доволно, таа е моја. Неизмерно сум близок со неа, Лејтон е прекрасна девојка.“

    rn Ед Вествик - миленикот на женските срцаВествик започна љубовна врска со неговата колешка од „Озборувачка“, Џесика Шор (Ванеса) при крајот на 2008 година. Тие се разделија во мај 2010 година, а Ед изјави дека девојките му предизвикуваат главоболка, но накратко тие се смирија во текот на снимањето на четвртата сезона од „Озборувачка“ во август, 2010. Во февруари 2012 година, Вествик и Шор официјално ја обновија нивната љубовна врска.Ед Вествик - миленикот на женските срцаНа Ед му се допаѓа гламурозниот инди рок изглед. Тој на моменти има детско однесување, страстен е и помалку луд. Горд е на тоа што е романтичар и смета дека можеби е и еден од последните.rn
    rn

    „Слаба точка ми е вратот – кога девојките се премногу блиску до мојот врат, луди работи почнуваат да се случуваат.“

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.