Вистинската приказна за Моли Блум, поранешна олимписка скијачка што ќе започне „подземни“ покер игри
rnРежија: Арон СоркинrnrnУлоги:Џесика Честејн, Идрис Елба, Кевин КостнерrnrnВреметраење: 140 минутиrnrnПремиера: 5 јануари 2018rnrnЈазик:англискиrnrnЖанр:биографија, драмаrnrnНаша оценка:8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Vu4UPet8NycrnrnСтанува збор за филм инспириран од вистинска приказна што ни го раскажува животот на Моли Блум (Џесика Честејн), жената што ќе води нелегални покер игри со најголеми влогови во светот. Ако веќе сте запознаени со работата на Џесика Честејн, тогаш веќе знаете дека таа не може да разочара. Без разлика во каква улога ќе ја сместите, таа ќе владее со камерите и ќе го оживее карактерот со својот беспрекорен перформанс.rnrnrnrnПа, која е Моли Блум? Таа е млада скијачка која била уапсена од ФБИ по скоро цела декада водење ексклузивни покер игри со високи влогови во Лос Анџелес и Њујорк. Филмот започнува со нејзината застрашувачка несреќа на Олимписките игри, која засекогаш ќе ја оттргне од спортот. Сакајќи повторно да биде најдобра во нешто, таа наидува на „подземните“ покер игри и решава да стане дел од тој свет. Оваа одлука ќе ѝ ги донесе најлудите 10 години од нејзиниот живот.rnrnrnrnНа кратко, филмот е многу забавен, но за најдобар ефект, ви препорачувам да ја прочитате и книгата откако ќе го изгледате филмот. Откривањето кои се дел од актерите и спортските ѕвезди во вистинскиот живот што учествувале во овие игри се дополнителен бонус.
Откако ќе го предвидат економскиот колапс на пазарот, четворица финансиски менаџери го прават единствениот (не)логичен чекор: Се обложуваат против светската економија
rnРежија: Адам МекКејrnrnУлоги: Кристијан Бел, Стив Карел, Рајан Гослинг, Бред ПитrnrnВреметраење: 130 минутиrnrnПремиера: 11 декември 2015rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, драма, биографијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОтстапувајќи од препознатливиот комичен жанр кој го прослави неговото име и му овозможи да ја почувствува холивудската слава, режисерот Адам МекКеј овој пат го покажува неговиот политички, посериозен и подефиниран експериментален стил, црпејќи инспирација од истоимениот, вистински роман на новинарот Мајкл Луис. Како и многу режисери и артисти пред него, така и МекКеј се соочува со проблемот кој можеби е невозможно да се реши: Како да ја раскажете приказната на еден тим од средовечни индивидуи со не толку изразито социопатско однесување, паралелно откривајќи ја апстрактната логика на капитализмот и да ја направите таа приказна визуелно привлечна и интересна? Режисерот, кој на светот му ја донесе паметната сатира – „Водителот“ (The Anchorman), со еден своевиден документарен пристап и комична синтакса успева да пронајде барем дел од ова решение и да прикаже една симбиоза на бизнис трилер и стенд-ап комедија за алчноста.rnrnrnrnФантастичната четворка составена од искрениот и помалку неморален Мајкл Бури (Кристијан Бел), ранливиот верник во системот Марк Баум (Стив Карел), упорниот и одлучен Џаред Вернет (Рајан Гослинг) и генијалниот Бен Рикерт (Бред Пит) се протагонистите кои ја игнорираат конвенционалната мудрост и ризикуваат сѐ за да го остварат она во коешто веруваат. Природно, ние како публика која отсекогаш се идентификувала со бунтовниците кои се двојат од стадото, несвесно навиваме за нивниот успех, не разбирајќи дека вака всушност навиваме за сопственото финансиско пропаѓање. Токму овој парадокс е она што ја дефинира брилијатноста на филмот кој ни служи како прозорец кон пеколната капиталистичка машина на 21-от век.rnrnrnrnСценариото во адаптација и преработка на Чарлс Рандолф е дрско, саркастично и исполнето со цинизам, кое и покрај исцрпувачкото и каскадно бомбардирање со информации, со својот амбициозен и иновативен формат успева да ја долови сржта и драматичноста на оригиналната материја. Музиката, иако на моменти збунува, соодветствува со сите важни и помалку важни моменти и позадини. Кинематографијата не се истакнува толку многу како што се истакнува во преостанатите номинирани филмови за Оскар, но ова е сосема оправдано ако се земе предвид фактот дека станува збор за филм кој ја анализира „темната и досадна“ страна на Вол Стрит.rnrnrnrnЗаклучно, „Обложување на столетието“ е еден смешен, провокативен портрет на неодговорноста, измамата и ексцесот коj по основна дефиниција може да се смета за комедија. Но, комедија која во ниеден момент не заборава да нè потсети дека овој пат шегата е на наша сметка.
Ренди Тараборели, славниот биограф кој стои зад биографиите на многу славни личности, овој пат ја напиша „Becoming Beyonce“, во која го опиша животот на Бијонсе Жизел Ноулс-Картер. Откако беа објавени вестите пред една година, фановите и индустријата беа воодушевени, и иако во неа можеби не се објавени некои спектакуларни тајни, таа овозможува подобро да се разбере оваа светска ѕвезда. Тараборели вработил приватен детектив кој разговарал со многу луѓе кои се блиски со Бијонсе, а тие заедно имале приказни за скоро 500 страници текст. Бијонсе растела под окото на јавноста уште од раѓање. Еве 15 работи кои ги дознаваме од книгата.rnrnrnrn1.Бијонсе имала проблеми со синусите скоро цел живот. Кога ја снимала песната „XO“ имала инфекција на синусите, но сепак уживала во својот „сиров“ вокал.rnrn2. За малку ќе соработувала со Принс додека сè уште била во „Destiny’s Child“.rnrn3. Удрила некого во меѓуножјето барем еднаш.rnrn4.Бијонсе еднаш ги соблекла панталоните и му го покажала задникот на Ашер.rnrn5.Патот кон врвот воопшто не бил мазен. Пафи мислел дека Бијонсе не е доволно интересна за соработка, иако му се допаднало нејзиното име.rnrnrnrn6.За прв пат се бакнала со Линдал Лок, нејзината прва љубов, кога имала 13 години на концертот на Брајан Мекнајт.rnrn7.Крајот на групата „Destiny’s Child“ многу ја погодил.rnrn8. На почетокот не била воодушевена од Џеј Зи.rnrn9.Бијонсе сака да слика.rnrn10.Можеби има инпланти во градите.rnrnrnrn11. Саша Фирс е родена кога Бијонсе фрлила 250.000 долари во публиката. Прекарот ѝ го дала Анџела Бејинсе.rnrn12. Џеј и Би имале прекин на врската од една година – помеѓу 2005 и 2006 година, поради густите распореди.rnrn13. Претседателот Обама ѝ го дал својот број на телефон и контакт на Бијонсе, велејќи ѝ дека може да го побара кога сака.rnrn14. Блу Ајви има дневен распоред.rnrn15.И да, инцидентот во лифтот бил поради Ријана.rnrn
ТВ серија базирана според вистинската приказна за Пабло Ескобар
rnГлавни улоги:Вагнер Мура, Бојд Холбрук, Педро ПаскалrnrnЖанр:биографија, криминал, драмаrnrnКреатори: Карло Бернард, Крис Бранкато, Даг Миро, Пол ЕкстејнrnrnПремиера: 28 август 2015rnrnБрој на сезони:1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДрога, жени, богатство и масовно убиство – тоа е животот на колумбискиот лорд на дрога, Пабло Ескобар. Во комбинација со фактот дека станува збор за вистинска приказна, оваа ТВ серија веднаш има огромен и драматичен потенцијал. Станува збор за драма која го бара вашето целосно внимание, бидејќи ако се исклучите на само една секунда, вие ќе го пропуштите поголемиот дел од ширењето на империјата на Ескобар. Од друга страна пак, ако ги одржувате вашите очи насочени кон телевизорот, ќе добиете незаборавно искуство кое уште долго ќе го помните.rnrnrnrnВо срцето на оваа приказна се наоѓа неверојатна изведба на бразилскиот актер Вагнер Мура. Тој не само што морничаво наликува на вистинскиот Пабло Ескобар, туку и брутално ја доловува неговата суштина, целосно оживувајќи го неговиот дух на малите екрани. Оваа ТВ серија го добила своето име според локалниот термин за дилерите на дрога, наркоси, и вклучува вистински снимки од архивите, давајќи ни чувство како да станува збор за едукативен документарец. Но, имајте на ум дека некои настани, како и ликови се изменети со цел да се добие подраматична приказна. Сè на сè, ако сте расположени за лудо возење, сите епизоди од првата сезона на Нетфликс се достапни.rnrn
Филм базиран според вистинската приказна за гангстерите близнаци Реџи и Рони Креј
rnРежија: Брајан ХелџеландrnrnУлоги: Том Харди, Емили БраунингrnrnВреметраење: 131 минутаrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера:24 септември 2015rnrnЖанр: биографија, криминал, трилерrnrnНаша оценка:7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за вистинската приказна за идентичните близнаци, Реџи и Рони Креј, кои биле најозлогласените криминалци во историјата на Британија. Филмот ги следи настаните околу нивната криминална империја во 1960-тите години кога владееле со Лондон и биле едни од најмоќните луѓе кои некогаш оделе по планетата. Со неколку зборови, овој филм е третина темна комедија, третина љубовна приказна и третина трилер. Но, и покрај тоа што станува збор за гангстери, ние сепак немаме можност да ја доживееме во целост оваа страна на филмот. Наместо тоа, во центарот на настаните се односот помеѓу браќата, како и врската на Реџи со Френсис. Исто така, да ве предупредиме дека станува збор за бавен и долг филм, па доколку не ви се допаѓа овој жанр големи се шансите дека ќе ви биде здодевен.rnrnrnrnОна што навистина се издвојува во овој филм е неверојатниот двоен перформанс на Том Харди. Тој ги глуми и Реџи и Рони, давајќи ни неверојатна длабочина на нивните различни карактери. Токму тој е и една од најголемите причини зошто би требало да го гледате филмот. Од друга страна пак, Емили Браунинг, која ја глуми Френсис, девојката и подоцна сопруга на Реџи, исто така совршено ја одигрува својата улога, а со тоа и ја дополнува и разгорува динамиката помеѓу двајцата близнаци. Што се однесува до текот на приказната, можеме слободно да кажеме дека е без грешка, полека откривајќи ви едно застрашувачко и тешко време од кое без прекин ќе ви поминуваат морници низ телото. Па, доколку сте расположени за мала и застрашувачка екскурзија во минатото, тогаш без сомнение Легенда е одличен избор за вас.rnrn
rnРежија:Клинт ИствудrnrnУлоги:Бредли Купер, Сиена Милер, Кајл ГалнерrnrnВреметраење: 132 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јануари 2015rnrnЖанр: акција, биографија, драмаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnГледајќи го „Санјперист“ човек може да се запраша што сè може да биде оправдано во име на патриотизмот. Ова е биографски филм за еден патриот кој оди во друга држава да убива, за тоа добива статус на легенда и на крај е претставен како херој. Се работи за Крис Кајл, човек кој е познат како најдобриот снајперист во американската воена историја со преку 160 потврдени убиства. Тој подоцна напишал книга за своите искуства од војните на Блискиот исток и според неа Клинт Иствуд го создал овој филм.rnrnrnrnНа почетокот на филмот дознаваме дека Крис е растен во стереотипно американско конзервативно семејство. Секоја недела одат во црква, зборот на насилниот татко е закон дома и веруваат дека на светот има многу варвари кои ја мразат нивната обожавана Америка. Татко му ќе го научи дека постојат три вида луѓе: овци – луѓе кои се бранат, волци – луѓе кои напаѓаат, и овчарски кучиња – луѓе кои ги бранат овците од волците, а тој им вели дека во неговата куќа има место само за овчарски кучиња. Веќе погодувате, растејќи во таква средина во време кога Америка е под терористички напади и закани, човекот – овчарско куче Крис Кајл има само еден избор – да ја брани својата татковина од волците.rnrnrnrnСе пријавува во маринците, одлично ја поминува обуката и брзо по својата венчавка е повикан во Авганистан. Таму има задача со снајпер да го покрива својот тим за време на акција од можни напади. Толку добро си ја работи својата работа што за кратко време од другите војници го добива прекарот Легенда. Неколку пати добива одмор и се враќа во Америка кај сопругата и децата, но Легендата едвај чека пак да се врати и да им служи на својата татковина и на оние кои ја бранат во далечниот Авганистан. Сопругата му се жали дека таа практично нема маж, дека децата ретко го гледаат, но тој и понатаму татковинската должност ја става пред семејната.rnrnrnrnЦелиот филм се врти околу ликот на овој човек. Нема вистинско дејство, туку само ја следиме неговата приказна во Авганистан и поретко во Америка, притоа добивајќи информации за неговиот лик и дело. Мора да се спомне дека и таков каков што е содржи доволно акција во себе, ја одржува тензијата и непредвидлив е поради тоа што нема класичен тек. За пофалба е и глумата на Бредли Купер. Неговата изведба е исто толку добра како и многуте негови претходни улоги.rnrnrnrnТоа дали ќе ви се допадне филмот најмногу зависи од тоа како го сфаќате патриотизмот. Ова е филм за човек кој оди во војна за да убива, добива статус на легенда и ужива во тоа. Дури и кога ќе реши да смени нешто во животот, тоа нема да биде поради неговата совест. Ако не сакате возвишување и ставање на пиедестал на вакви ликови, најдобро е да го скокнете филмот. Ако тоа не ви пречи и сакате акции со многу пукање и крв од љубов кон татковината, „Снајперист“ е филм кој ќе го паметите долго време.rnrnrnrn rnrn
Биографија за една од најинтересните личности во историјата, Сер Ричард Бартон, со поголема доза фикција која ве носи во една друга магична димензија
rnrnНајголем дел од сите оние прекрасни книги за кои имам пишувано претходно, ми предизвикуваа возбуда и исчекување до последната страница, без разлика на жанрот, не само поради самата приказна туку и поради фактот дека допрва треба да ги склопам сите впечатоци во краток текст. Ретки се книгите меѓу нив кои додека читав, возбудата ја заменуваше нетрпеливост па дури и страв, повторно не поради приказната, туку од причина што за дело од такви размери треба да се изразам во кратка рецензија. Со сигурност, меѓу тие книги сега се смести и „Собирач на светови“, за која дури и Винка Саздова на промоцијата на истата има изјавено дека е една од тие книги кои откако ќе ги прочиташ остануваат уште долго да живеат во тебе.rnrnСпоред жанрот „Собирач на светови“ е биографска фикција, биографија затоа што го следи животот на Сер Ричард Бартон, историска личност со неверојатно возбудлив живот, а фикција затоа што Илија Тројанов успеал сѐ она што го направил Бартон да го пренесе во една друга, магична димензија. Пред да ја прочитам книгата за Бартон знаев дека бил Англичанец кој го пропатувал светот и знаел многу јазици, и се решив да останам на тоа за да не го уништам впечатокот. Сѐ додека, не стигнав до пола книга и едноставно морав да проверам колку од таа магична приказна е биографија, а колку фикција. Се испостави на крајот дека всушност и не е важно, бидејќи Бартон на Тројанов за мене веќе беше повеќе од реален и мислам дека никогаш нема да можам да го замислам поинаков.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnПриказната за Бартон ја раскажуваат различни ликови од различни места кои ги посетил, а најголем дел од критичарите се согласуваат дека токму тоа му ја дава потребната егзотичност на главниот лик. Неговиот животен стил и начинот на кој го гледале луѓето околу него поради тоа, го прави Бартон контроверзен лик каков што е, a книгата според многумина никогаш не би била толку добра кога би била пишувана во прво лице. Сѐ започнува во Индија, каде што Бартон е испратен како капетан на војската на Источноиндиска компанија, дел којшто го раскажува неговиот слуга Наукарам. Всушност, тој се труди да најде нова работа и оди кај лахија (писар) за да му помогне да напише писмо во кое ќе го долови работното искуство кај Бартон и ќе му помогне кај новите работодавачи. Од него дознаваме за пасијата на неговиот господар за непознати обичаи и култури, времето што го поминал со учителот кој му помогнал за година дена да го совлада јазикот како и за еротските вештини на кои го научила неговата Кундалини. Бартон имал неисцрпна желба за познавање на туѓите традиции и обичаи, многу повеќе од оние дома кои ги сметал за празни суеверија, а самиот Наукарам ќе заклучи:rnrn
„Туѓите обичаи го фасцинираа затоа што сѐ уште ги немаше проѕрено.“
rnrnrnНеговата способност да се прилагоди целосно на околината и на луѓето околу него само се наѕира во Индија, но целосно доаѓа до израз во Арабија, за време на неговото патување, преправен како аџија, до Мека и Медина. Со ново име, претставувајќи се себеси како дервиш и лекар, Бартон ја остварува една од најфасцинантните авантури на неговото време. Тука, деталите за тој период ги дознаваме од раскажувањата односно кореспонденцијата помеѓу различни везири кои се засегнати од тоа како успеал Бартон да го исполни аџилакот и се опседнати со тоа да ги дознаат неговите задни намери. Способноста да се прилагоди целосно на околината, како камелеон, го прави совршен шпион во очите на властите во странската земја, а потоа дури и во сопствената. Авантурата преминува во мачно патување во третиот дел од книгата, кога Бартон тргнува на експедиција да го открие изворот на реката Нил, тргнувајќи од Занзибар и завршувајќи на езерото Танганика. Доживувањата ги доловува Сиди Мубарак Бомбај, слуга и водич на Бартон и неговиот придружник Спеке за време на целата мисија. Сликовитоста на сите случувања во овој дел го прават патувањето незаборавно, но од истата причини верувам и дека остава траен белег кај секој читател, бидејќи незаборавни се и сите „непријатни“ доживувања со кои се соочуваат мисионерите.rnrnКако што споменав, најголем дел од критичарите сметаат дека тоа што во книгата Бартон не раскажува во прво лице го прави егзотичен лик и дава перспектива на тоа како останатите гледале на неговиот живот, но многумина го нагласуваат и главниот недостаток на овој пристап – можеби ваквото раскажување не дозволува целосно и длабоко да го разбереме главниот лик. Сепак, на места сите раскажувачи на неговата приказна како да се обидуваат да го оправдаат и самите да го разберат неговото однесување, често смислувајќи сопствени согледувања зошто некој би живеел таков живот. Токму везирите, додека се обидуваат да ги откријат вистинските причини за неговиот аџилак, почнуваат да веруваат дека Бартон верува во сѐ и во ништо истовремено и токму поради тоа може да се трансформира себеси на кој било начин. Тука донекаде е доловена полувистината за оваа комплексна личност која постојано се обидува да се пронајде себеси, да ја искуси целосната слобода на патувањето и да доживее колку може повеќе од сѐ она што го нуди животот.rnrnЗа сите трагачи по авантури, за сите кои горат со постојана желба за патување и откривање, за оние со неизмерна потреба од нешто ново, недопрено и невидено, животот на Ричард Франсис Бартон, без разлика дали во некоја негова книга, во некоја ваква биографија па и фикција, убедливо треба да биде на врвот на секоја листа.rnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 14 мај 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn
Погледнете ја нареднава филмска листа која се надеваме дека ќе ви помогне во изборот на филмови кои ќе ги гледате овој продолжен викенд со вашите најмили. Среќни празници.rn
1. Тајниот живот на Волтер Мити (The secret life of Walter Mitty)
rnrnГлавни улоги:Бен Стилер, Кристен Виг, Џон ДалиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: авантура, комедија, драмаrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnКратка содржина:Волтер Мити секојдневно бега од својот анонимен живот во светот на фантазијата кој е исполнет со хероизам, романса и акција. Кога неговата работа ќе почне да му виси на конец, тој ќе тргне на пат околу светот кој ќе се претвори во неверојатна авантура. Авантура која ни тој самиот не би можел толку добро да ја смисли.rnrnrnrn
rnРежија: Стив МекКвинrnrnУлоги:Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бред Пит, Бенедикт КамбербачrnrnВреметраење: 134 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 ноември 2013rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„12 години роб“ е еден од главните претенденти за Оскарот за најдобар филм оваа година, а и да го гледате без да го знаете тоа, ќе забележите дека се работи за исклучително добар филм кој може да добие многу награди. Згора на тоа, обработува комбинација од теми како борбата на еден човек за преживување заедно со најмрачната страна на американската историја на извонредно сликовит начин. Ако за време на гледањето на „12 години роб“ не почнете по малку да чувствувате како отприлика било да си роб, тоа веројатно нема да го стори ниту еден друг филм.rnrnrnrnНе само што фокусот е ставен на суровите доживувања на главниот лик, кој е црн роб, туку и Чиветел Еџиофор целосно ја користи привилегијата вниманието да биде свртено кон него и брилира во главната улога. Тој игра црнец кој е слободен човек, има работа и семејство со кое живее убав живот додека не биде киднапиран и врзан во синџири за да биде продаден како роб. Најтрагичното во неговата судбина е тоа што киднаперите го помешале со роб кој побегнал и сега по грешка тој плаќа за неговото бегство.rnrnrnrnОттука па натаму следуваат неговите 12 години поминати во ропство. Слики на крв, болка и мачење и желба за слобода преовладуваат во текот на целиот филм. Филмот содржи само ропство, ропство, ропство… Гледачот може да си поставува прашања за тоа до каде може да оди човечката издржливост и до каде може да оди суровоста во име на бесмислени предрасуди.rnrnrnrnФилмот навистина е добар, но е тежок за гледање. Сцените не се премногу брутални, како на пример во „Џанго разузданиот“, но филмот е бавен и, како што напоменав, исполнет е со болка. „12 години роб“ е извонреден филм кој нема да ви понуди забава. Ова е филм кој е снимен според вистинска приказна на американски роб според која е направено добро сценарио, а има и одлична глума, совршена кинематографија и многу емоции. Тоа се причини поради кои треба да се изгледа.rnrnrnrn
Филм инспириран од животот на брокерот Џордан Белфорт
rnРежија:Мартин СкорсезеrnrnГлавни улоги: Леонардо Дикаприо, Џонан Хил, Марго РобиrnrnВреметраење:180 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: биографија, комедија, криминалистикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnШто се случува со еден човек кога ќе почне да заработува повеќе отколку што може да потроши? Кој ќе живее и работи во џунгла каде што нема ни 5 минути слободно време за одмор? Што се случува кога работата едноставно ќе го проголта и ќе се препушти на живот без никакви правила и контрола? Дали тој човек ќе остане ист?rnrnrnrnПриказната го следи животот на еден брокер, Џордан Белфорд (Леонардо Дикаприо), кој на само 26 години успеал да заработи скоро 50 милиони долари. Тој сакајќи да се пробие, да заработи пари и да го привлече вниманието на големите брокерски фирми на Волстрит, отворил своја фирма која работела на малку поинаков начин од останатите. А под поинаков начин, сакаме да кажеме не баш легален начин. Користејќи ги дупките во законот и своите неверојатни способности за убедување, тој многу брзо успеал да ја прошири фирмата притоа здобивајќи се со прекарот „Волкот од Волстрит“.rnrnrnrnЗаработувајќи неизмерно многу пари и работејќи во фирма каде што единственото правило е „не прифаќај НЕ за одговор“, Белфорд заедно со целиот свој тим почнуваат да живеат живот без контрола, проследен со многу алкохол, дрога и проститутки. Одеднаш тој ќе стане легенда во брокерските кругови. Преку ноќ сите ќе сакаат да работат за него и да бидат како него. Слободно може да се каже дека во еден момент тој дури ќе биде и непобедлив.rnrnrnrnНо, секако работите не можат вечно така да траат. Некој би се запрашал кога е доста. Кога треба да се откажеш и едноставно да се повлечеш од тој брз и луд живот. За жал, за амбициозниот Белфорд тоа не беше опција. И токму тоа ќе го доведе до огромни проблеми.rnrnrnrnИ покрај тоа што на неколку моменти ќе почувствувате како приказната да не е доволно обработена, овие 180 минути ќе ви поминат побрзо отколку што можете да замислите. Леонардо Дикаприо едноставно се надмина себеси со својот перформанс, а истото можеме да го кажеме и за останатите ликови кои одлично го следат. Темата која се обработува во овој филм е многу тешка, но со начинот на кој ни е пренесена можеме да извлечеме премногу лекции. Накратко, доколку не ви пречат експлицитните сцени, голотијата и големиот број пцости, вие уште во првите 15 минути ќе бидете целосно навлечени, чувствувајќи се како да го преживувате сè она што ќе му се случува на Белфорд и испитувајќи се себеси што вие би направиле во слична ситуација.rnrn