КАФЕ ПАУЗА

Tag: бактерии

  • Работи кои не треба да ги делите со никого

    Работи кои не треба да ги делите со никого

    Не е проблемот во другата личност, тука станува збор за вашето здравје и за вашата хигиена. Експертите и дерматолозите тврдат дека со причина постојат работи кои не треба да ги делите со другите. Ова се еден дел од нив кои редовно се користат.rnrnРаботи кои не треба да ги делите со никогоrn

    Сапун

    rnИако многумина мислат дека сапуните кои се наменети за миење на бактериите се безбедни за користење, сепак не е баш така, Бидејќи по користењето, сапунот не се суши целосно, може на него да останат бактерии. Па, токму поради тоа експертите советуваат дека не треба да го делите со другите.rn

    Капи, кациги, четки и чешли за коса

    rnОвие работи никако не смеете да ги делите со други. Можете да фатите вошки, а истото може да се случи и доколку користите туѓа перница.rn

    Грицкалка за нокти

    rnРетко кој правилно ја дезинфицира грицкалката за нокти, па така на неа остануваат многу бактерии и габи. Доколку случајно со грицкалката за нокти ја поткачите и кожата, отворате место преку кое тие можат да се пренесат.rn

    Шминка

    rnМаскарата, карминот и други средства за разубавување, чувајте си ги за себе. Преку шминката може да се пренесе некоја инфекција. Иако шминката во себе содржи одредени конзерванси, чија цел е да ги уништува бактериите, подобро е да не ја делите со други.rn

    Брич

    rnЗа ова и не треба некое преголемо објаснување. Доволно е да се каже дека на жилетите може да има крв, а сите работи на кои може да има нечија крв, треба да се одбегнуваат.rn

    Антиперспиранти

    rnНезгодниот мирис на одредена врста пот доаѓа од бактериите кои ја разградуваат потта на кожата. Дезодорансите, имаат одредени антибактериски својства кои го спречуваат тој мирис. Од друга страна, антиперспирантите имаат својство да го намалат потењето. Па така ако со некого го делите вашиот стик, бактериите можат да се пренесат. Со дезодорансите нема никаква опасност, но со стиковите и ролоните има.rnrnРаботи кои не треба да ги делите со никогоrn

    Пијачки

    rnДелењето на чаша или шише со пијалак или вода доведува до размена на плунка, а преку неа и голем број болести и бактерии. Овие бактерии можат да предизвикаат воспаление на грло, настинки, херпес, менингитис и други болести.rn

    Четка за заби

    rnЗа време на миењето на забите, кај некои луѓе доаѓа до крвавење на непцата, а покрај тоа во устата може да има и голем број бактерии, па затоа не се препорачува да се дели со друг.rn

    Обетки

    rnКога ќе ги пикнете обетките во дупчињата од ушите можете да ја оштетите кожата, а со тоа и да пренесете бактерии од претходниот корисник.rn

    Слушалки

    rnИстражувањата покажале дека честата употреба на слушалки го зголемува количеството на бактерии во ушите. Делењето на исти слушалки со некого, може да доведе и до воспаление на ушите. Затоа одбегнувајте да ги делите и редовно чистете ги.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Занимливи факти за папокот кои не сте ги знаеле

    Занимливи факти за папокот кои не сте ги знаеле

    Папокот е за секое човечко битие прва и најважна врска потребна за живот, но неговата важност не се губи со пресекувањето на папочната врвца, тврдат научниците. Тие откриле дека во светот не постојат два идентични папока и некои од нив се многу попријатни за око, во однос на други. Околу 90% од луѓето имаат вовлечен папок, а останатите 10% имаат испакнат.rnrnЗанимливи факти за папокот кои не сте ги знаеле rn

    Кој папок е поубав?

    rnНедамнешно истражување спроведено од страна на Универзитетот Хелсинки, покажало дека луѓето преферираат папок во облик на буквата „Т“ или овален облик. Воедно, на повеќето луѓе им е поубав вовлечениот папок. Научникот Аки Синконен тврди дека изгледот на папокот кај жените, може да биде симбол на нивната севкупна убавина, како и на нивната плодност, која зависи од симетричноста, обликот и положбата на папокот.rn

    Може да се живее и без папок

    rnИ покрај тоа што сите луѓе се раѓаат со папок, сепак без него може да се живее. Пример за тоа е моделката Каролина Куркова, која вели дека без папок останала на операција која ја правела во детството. Друга славна личност која наводно немала папок е Алфред Хичкок.rnrnЗанимливи факти за папокот кои не сте ги знаеле rn

    Нова облека – повидлив папок

    rnКога носиме тазе купена облека, папокот многу повеќе ни се исцртува и забележува, отколку на веќе износена облека, покажало едно истражување од 2009 година, објавено во магазинот „Medical Hypotheses“. Иако овој непознат факт не бил цел на истражувањето, сепак е интересно да се знае дека папокот полесно се сокрива во носената облека.rn

    Ја открива бременоста

    rnБременоста резултира со бројни промени на телото и иако вовлечениот папок и понатаму останува внатре, а испупчениот надвор, сепак во текот на бременоста папокот значително се менува, а после бременоста брзо се враќа на првобитниот изглед. Во ретки случаи, кај трудните жени со екстремен раст на стомакот, може да дојде до испакнување на вдлабнатиот папок, кој останува таков и после пораѓањето.rn

    Од папокот зависи и вашата брзина

    rnПоложбата на папокот во стомакот може да посведочи за тоа колку некој брзо плива или трча, покажало истражување на Универзитетот Дјук. Така, луѓето од црната раса кои во просек имаат папок поставен за околу 4 сантиметри повисоко на стомакот во однос на белците, генерално трчаат побрзо. Висината на папокот кај нив се прилагодила како резултат на нивната еволуција. Бидејќи луѓето од црната раса премногу се движеле, нивните нозе се издолжиле, а нивниот папок се поместил погоре на стомакот.rn

    Бактерии во папокот

    rnВо папокот има над 1.400 различни видови бактерии, а во некои случаи, може да има и повеќе од 2.500 видови, покажало истражување спроведено од Универзитетот Северна Каролина. За неговата цел, научниците ја анализирале содржината на папоците на 60 волонтери и притоа откриле бројни занимливости. Така, еден од волонтерите во својот папок имал бактерија која претходно била пронајдена само во Јапонија, иако тој никогаш во својот живот ја немал посетено таа земја.

  • Како да знаете дека храната дома не ви е расипана?

    Како да знаете дека храната дома не ви е расипана?

    На високи температури, бактериите во храната брзо се развиваат и многу е важно да обрнувате внимание колку вашите намирници дома се свежи. Овошјето и млечните производи во ладилникот можат многу лесно да скапат, а најголемата опасност доаѓа од труење со салмонела преку месото и јајцата.Како да знаете дека храната дома не ви е расипанаСекогаш купувајте сезонско овошје. Тоа е секогаш најсвежо, најздраво и највкусно. Никогаш не претерувајте во купувањето на поголема количина, секогаш купувајте помалку, а почесто, за постојано да консумирате свежи плодови. Пред да го сместите овошјето во ладилникот, убаво проверете да не има некој скапан или оштетен плод, па доколку има такви ослободете се од нив. Јаболката секогаш држете ги настрана од останатите намирници, бидејќи киселината која ја содржат предизвикува скапување.rnrnЗеленчукот е поиздржлив од овошјето, но и зеленчукот не ги поднесува топлите денови. Ова особено важи за зелените плодови, па така спанаќот, краставиците, брокулите, грашокот, марулата и билките кои се користат како зачин треба да ги консумирате многу брзо откако ќе ги купите.rnrnСвежата риба ќе ја препознаете по седефастата боја, влажната кожа, бистрите очи и тврдиот стомак. Најдобро е за време на летните месеци да ја купувате директно од риболовците или замрзната.rnrnВо летните месеци месото е чест предизвикувач на здравствени проблеми. Затоа одбегнувајте скара, а свежото месо купувајте го само од прометните месарници. Покрај бојата, обрнете внимание и на мирисот на месото.rnrnПреку тенката лушпа на јајцето, бактериите лесно продираат, затоа купувајте ги само од продавница и проверувајте го датумот кој се наоѓа на амбалажата. Кога ќе го скршите јајцето, помирисајте ја жолчката. Доколку има непријатна арома, фрлете го јајцето веднаш.rnrnМлечните производи исто така можат да бидат опасни доколку стојат надвор од фрижидерот, дури и кога не се отворени. Покрај тоа, отвореното млеко или павлаката остануваат свежи само неколку дена за време на летото, додека за време на зимскиот период можат да издржат повеќе. Киселиот вкус е сигурен доказ дека нешто не е добро со млечните производи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Колку бактерии има во салата за вежбање?

    Колку бактерии има во салата за вежбање?

    Салите за вежбање, справите, простирките и топките кои ги користат голем број луѓе, се совршено место за развој на бактерии и габички, како резултат на големата влага и покачената температура. Тие можат да предизвикаат мала неугодност, но и прилично сериозни здравствени проблеми. Поради тоа, треба да ги избришете сите предмети со крпа, пред и по користење.rnrn(1) Колку бактерии има во салата за вежбање?rn

    Торбата со вашите лични работи

    rnИстражувањата покажале дека највалкани работи во теретаната се всушност нашите лични работи како ранецот кој го оставаме секаде: на подот, на клупата, во багажникот од автомобилот – објаснува директорот на универзитетот за клиничка микробиологија на универзитетот Њујорк, д-р Филип М. Тјерно.rnrnСе разбира, не предизвикуваат сите бактерии болести, но сепак треба да обрнеме внимание каде ги оставаме торбата, облеката и пешкирите. Со спреј за дезинфекција, попрскајте го багажникот и шкафчето во соблекувалната и избегнувајте да ја оставате торбата на подовите.rn

    Шишенцето со вода

    rnИ покрај тоа што редовно го миете, сепак на него секогаш има бактерии кои доаѓаат преку рацете, кои претходно биле на шкафчето, на мокриот пешкир, на справите, а потоа и на капачето од шишенцето. Најпаметно е да го полните шишето со вода до врвот уште од дома, добро да го измиете грлото од внатрешната и надворешната страна, да не го оставате во шкафчето и никогаш да не го делите со други луѓе – истакнува микробиологот Михаел Шмит од универзитетот Јужна Каролина. Тој објаснува дека делењето шишенце со некој друг е најлесниот начин за добивање норовирус.rn

    Справи и опрема за вежбање

    rnКога одите во сала за вежбање, со вас носете си крпа или влажни марамчиња за чистење прашина, со кои ќе го исчистите шкафчето и справите за вежбање, пред и по употреба и предупредете ги тие пред вас кои не го сториле тоа. Доколку сте настинати, немојте тој ден да одите во салата за вежбање.rn

    Туширање во фитнес-центар

    rnДоколку се туширате во фитнес-центарот, во кадата влезете со папучи, кои ќе ве заштитат од габите кои демнат на плочките. Слични правила важат и во сауна. На тој начин ќе се заштитите од разни болести и инфекции.rn

    Дополнителни совети за спречување зарази:

    rn

      rn011

    • Мијте ги рацете пред и по вежбање
    • rn011

    • Избегнувајте да го допирате лицето со рацете
    • rn011

    • Доколку поред мијалникот нема хартија за раце, исчистете ги со гел за дезинфекција после вежбањето
    • rn011

    • Во салата влегувајте само со чисти патики, а доколку вежбате пилатес или јога, секогаш носете чорапи и хеланки, никако немојте да вежбате боси.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Женската чанта содржи повеќе бактерии од тоалет?

    Женската чанта содржи повеќе бактерии од тоалет?

    Женските чанти содржат повеќе бактерии од еден просечен тоалет, а највалкан предмет во неа е помадата за раце, на која има повеќе бактерии одошто има на веце школката, открива новото истражување на стручњаците од институтот „Initial Washroom Hygiene“. Истражувањето покажало дека рачката на секоја петта женска чанта, има доволно бактерии за да претставува закана по здравјето. За карминот и маскарата резултатите се малку подобри.Женската чанта содржи повеќе бактерии од тоалет?Најмногу бактерии има на кожните торби бидејќи сунѓерестата текстура на кожата е совршена за развој и размножување на бактериите. На жените им се препорачува редовно да ги мијат рацете со влажни марамчиња или дезинфекциски гел, за да се спречи некаква зараза од бактериите.rnrnПитер Барат, менаџер од Initial Hygiene, истакнува дека чантите доаѓаат во редовен контакт со нашите раце и низа други површини, па ризикот за пренесување разни причинители на болести е многу висок, особено со оглед на фактот дека чантите не се чистат редовно.(2) zhenskata chanta sodrzhi povekje bakterii od toaletИнаку, ова истражување е спроведено последователно по друго истражување, кое покажало дека работните површини во кујната се толку многу валкани, што можат да предизвикаат сериозни болести, како епидемии и гастро-цревни болести, како резултат на опасно високите количества од колиформната бактерија (присутна во фекалиите).rnrnИсто така, повеќе од четвртина од испитаните тацни за сушење садови, имале четири пати поголемо присуство на колиформни бактерии од безбедното. Истото истражување открило дека рачките од фрижидерите како и рачките и копчињата на микробрановата печка, се полни со бактерии над безбедносната граница.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 3 работи кои не треба да им ги позајмувате на пријателките

    3 работи кои не треба да им ги позајмувате на пријателките

    Секоја жена барем еднаш им има позајмено некое парче гардероба на своите најдобри пријателки или позајмувала работи од други. Но, без разлика дали вие не гледате ништо лошо во тоа, поради вашата лична хигиена, морате да разграничите што ќе делите со нив.rnrn3 работи кои не треба да им ги позајмувате на пријателкитеrnrnЧевли – Никогаш немојте да им позајмувате чевли на вашите пријателки, ниту да земате од нив, бидејќи тие се совршен дом за микробите и бактериите, поради потењето на стапалата. Плус, никогаш не знаете дали личноста на која сте ѝ ги позајмиле има габична инфекција на нозете или лоша миризба.rnrnДолна облека – Поради личното здравје, хигиена и за ваше добро никогаш немојте да делите долна облека со некоја друга. Гениталиите се најмногу склони на инфекции.rnrnКармин – Колку и да изгледа невино, употребувањето на вашиот кармин од страна на пријателките, не е препорачливо. Кожните болести и инфекциите многу лесно и брзо се пренесуваат по пат на балсам за усни или кармин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е добро да се пие јогурт?

    Зошто е добро да се пие јогурт?

    Покрај тоа што е многу вкусен, јогуртот е и многу корисен за нашето здравје. Препорачливо е да се консумира секојдневно поради неговите благотворни дејства. Ова се само пет од нив.rnrnЗошто е добро да се пие јогурт?rn

    Витка линија

    rnЈогуртот е нискокалоричен и богат со калциум. Калциумот го поттикнува лачењето на хормонот кортизол, кој го олеснува губењето на вишокот килограми, додека аминокиселините во него помагаат при топењето на масните наслаги.rn

    Бели заби

    rnИако содржи шеќер, јогуртот не предизвикува појава на кариес. Бидејќи е богат со калциум, јогуртот ја чува белината на забите, додека млечната киселина ги штити непцата.rn

    Целокупно здравје

    rnБлагодарение на корисните бактерии кои ги содржи, јогуртот нè штити од штетните микроорганизми. Доколку сакате да го регулирате варењето на храната и да го зајакнете имунитетот, во тоа ќе ви помогнат јогуртите кои содржат посебна врста пробиотици. Поточно, пробиотиците делуваат како природни антибиотици и се многу корисни за спречување на настинки и развој на бактерии во организмот.rn

    Витамини и минерали

    rnМлечните производи се богат извор на протеини, минерали и витамини. Само една чаша јогурт изобилува со калциум, магнезиум, цинк, фосфор, јод, витамини Б5 и Б12 и многу други корисни материи.rn

    Регулирање на притисокот

    rnДури 70% од луѓето во организмот внесуваат повеќе сол од препорачаната дневна доза. Прекумерната количина на внесена сол доведува до повишен крвен притисок, како и до болести на срцето и бубрезите. Калиумот и калциумот во јогуртот го исфрлаат вишокот од сол внесен во организмот, а преку тоа го намалуваат и притисокот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали е безбеден сексот во вода?

    Дали е безбеден сексот во вода?

    Сексот во вода звучи навистина возбудливо. Кога сте во базен или езеро, вие сте речиси голи, па зошто да не го направите тоа? Пред да се одлучите на ваков чекор, мора да бидете свесни за негативните страни на сексот во вода. Пред сè запрашајте се колку е тоа безбедно. Сексот во вода не е добра идеја, особено за жените.rnrnДали е безбеден сексот во вода?rn

    Кондомите и водата едноставно не одат заедно

    rnЗа сексот во вода важат истите правила – мора да биде заштитен. Најголем мит, а воедно и глупост е тоа дека во вода не можете да забремените. Доколку зборуваме за секс во када, треба да знаете дека жешката вода може сериозно да влијае врз издржливоста и квалитетот на кондомот. Исто така, без разлика дали станува збор за секс во када, езеро или базен, веројатноста за кондомот да се излизга и падне е голема, особено поради средствата кои се користат како лубриканти.rn

    Влажност

    rnЌе помислите дека сексот во вода допринесува за поголема влажност. Лага! Водата ги мие природните течности од вагината, па сексот во вода може да биде болен и непријатен како за жените, така и за мажите. Доколку сепак се одлучите на секс во вода, најдобро би било да користите силиконски лубриканти бидејќи се водоотпорни.rn

    Несакани појави, инфекции

    rnНа ова особено треба да внимаваат жените и девојките. Водата од езерата, реките, базените, морињата, содржи многу бактерии и најверојатно последиците од ваквиот секс ќе бидат несакани и непријатни инфекции. Водата од базените содржи многу штетни хемикалии како хлорот, додека пак солената вода од морето со сигурност ќе ви донесе непријатности. Исто така, погрешно е пробувањето да се користат купките или геловите за туширање како лубриканти, бидејќи тие се вистински непријатели на чувствителната слузокожа.rn

    Други алтернативи

    rnБи било најдобро водата да ја користите за предигра. Може да ја загреете атмосферата во вода, а потоа да излезете на суво. Во домашни услови, доколку сакате да пробате нешто ново, можеби би било подобро да имате секс под туш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лошата страна на клима уредите

    Лошата страна на клима уредите

    Спасот од летните горештини многумина го пронаоѓаат во клима уредите. Доколку климатизерот е квалитетен и редовно одржуван, тој покрај тоа што разладува, го прочистува воздухот, ја намалува неговата влажност и ги отстранува непријатните миризби. Сепак, треба да се знае дека климатизерите со себе носат и опасност, која најчесто произлегува од нерационално наместена температура и од неправилно одржување.rnrnЛошата страна на клима уредитеrnrnПо правило разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура треба да биде 6-7 Целзиусови степени, а уредот треба да се чисти и дезинфицира барем два пати годишно. Тоа е така бидејќи, покрај во филтрите, прашина, бактерии, мувла и габички  влегуваат во целиот уред, кои потоа можат да предизвикаат повеќе болести.rnrnНајчесто тоа се различни врсти инфекции на респираторниот систем, иритација на слузокожата на очите, носот и крлото, кашлање, силни главоболки, замор и намалена концентрација.rnrnНајопасната бактерија која може да се најде во климатизерот е легионела која може да предизвика Легионерска болест. Станува збор за воспаление на белите дробови, а истата се развива од два до десет дена откако ќе се вдиши бактеријата. Болеста започнува со слабост, поспаност, главоболка и покачена телесна температура, а може да се појави и дијареа и суво кашлање. На ризик од заболување од оваа бактерија најчесто се хронично болните, луѓето со намален имунитет, пушачите и алкохоличарите. За да ја избегнете опасноста од оваа бактерија, повикајте стручни лица да ви ја исчистат климата целосно, филтрите перете ги под млаз вода на секои 15 дена.rnrnВо неодржуваните климатизери можат да се наталожат голем број бактерии, прашина, животински влакна, мувла и габички, што после извесно време може да им наштети на луѓето кои патат од алергии и астма.rnrnПосебно е важно да се внимава на температурата на клима уредот во просториите во кои најчесто седат помали деца, бидејќи ладниот воздух може да предизвика воспаление на ушите.rnrnДоколку температурата во просторијата е прениска, телото ќе доживее шок кога ќе ја напуштите просторијата. Ова е особено опасно за деца, постари лица и хронично болни лица. Температурните разлики поголеми од 8 степени, ги оптоваруваат крвните садови и срцето.rnrnНајчестите реакции на неприродната ладна температура во климатизираните простории е течење на носот, кашлање, кивање, во некои случаи дури и крвавење од носот, поради тоа што слузокожата се исушила. Исто така, доколку се мачите со болки во коските и мускулите, долгото седење во климатизирана просторија може само да ви ги зголеми теговите. Заради сувиот воздух, кожата станува дехидрирана, а тоа ја загрозува ситуацијата на оние кои патат од егзема и други кожни заболувања.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Големиот призматичен извор – колоритно чудо на природата

    Големиот призматичен извор – колоритно чудо на природата

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnНајголемиот геотермален извор во Америка, Големиот призматичен извор, претставува вистинско колоритно чудо создадено од природата. Сместен во Националниот парк Јелоустон, по својата големина е трет во светот, веднаш после природните базени во Нов Зеланд. Пронајден е во 1871 година, а името го добил токму поради своите бои, кои гледани низ призма наликуваат на прекрасно виножито. Сина, зелена, жолта, портокалова, црвена и кафена се боите кои му даваат оригинална убавина на овој природен извор.Големиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаПричина за разнобојноста на Големиот извор се пигментираните бактерии кои се размножуваат околу рабовите на водата којашто е богата со минерали. Овие бактерии создаваат бои од зелена до црвена нијанса, а која боја ќе доминира зависи од односот на органските пигменти хлорофил и каретеноид, како и од температурата на водата. Во лето, доминираат портокаловата и црвената боја, а во зима обично преовладува темно зелената боја. Центарот на изворот е стерилен поради екстремната жештина, а неговата неверојатна сина боја доаѓа од бојата на самата вода, која е многу нагласена заради нејзината чистина и длабочина во овој дел.Големиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - коалоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаГолемиот призматичен извор - колоритно чудо на природатаrnrnПогледнете го изворот и одблиску, како да се наоѓате таму.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.