КАФЕ ПАУЗА

Tag: авторитет

  • 4 начини коишто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното место

    4 начини коишто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното место

    Авторитетот е нешто што се гради долги години, а потребен е само миг да биде срушен. Покрај другите карактеристики, добриот вработен се одликува и со добар авторитет. Па, секој од нас соочувајќи се со одредени потешкотии, во одреден период си го поставил прашањето: Како да ја привлечам почитта на нашите партнери, колеги или пак претпоставени?rnrnПогледнете ги неколкуте начини коишто ќе ви помогнат при освојување на почитта.rn

    1. Вашата облека го потврдува вашиот кредибилитет

    rnИако честопати сме ја среќавале изреката дека „не се суди по изгледот“, сепак, стилистите посочуваат дека стилот на облекување има доста големо влијание на првиот впечаток, особено кога станува збор за интервју за работа, бизнис-средби и сл. Всушност, кога облеката одговара со околината во којашто се дејствува, половина од почитта е добиена.rnrnЧетири начини коишто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното местоrn

    2. Позитивен став и однесување

    rnДоколку вашата облека ве изневери, тогаш вашиот став и однесување може да кажат многу за вас. Секако дека не одговара да бидете позитивни во секоја ситуација, но за да се добие посакуваната почит потребно е да останете љубезни во секое време, со што на клиентот ќе му ја покажете вашата стрпливост, а со тоа и вашата заинтересираност за соработка.rn

    3. Исполнете ги обврските коишто сте ги ветиле

    rn„Ќе видиме“, „Како сакаш…“ – Доколку сакате да бидете почитувани, потребно е да ги избегнувате овие одговори колку што е можно повеќе. Всушност, тие ве прикажуваат како несигурни, нестабилни и некомпетентни, што секако не ви е од корист. Во овој контекст, потребно е да ја запаметите следнава заповед: „Треба да го кажувате она што го правите и да го правите она што го кажувате“. Ова е од суштинско значење за да се добие довербата и почитта од другите.rnrnЧетири начини кошто ќе ви покажат како да ја добиете почитта на работното местоrn

    4. Бидете точни

    rnДруга заповед којашто треба да ја имате предвид е: придржувајте се кон вашите ветувања. Ненавременото пристигнување на состаноци, доцнењето на работа и постојаното одложување на обврските се едни од најголемите непријатели на вашиот авторитет. За да бидете почитувани, останете верни на своите обврски.

  • 16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

    16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

    Животот е непредвидлив, некогаш среќен, некогаш луд, некогаш тажен. Во 20-тите години од нашите животи учиме многу нешта, стануваме возрасни и го осознаваме животот гледајќи на нештата од друга перспектива. Еве на што нè учи животот пред да наполниме 30.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    1. Можете да правите сè што сакате

    rnСе сеќавате на сонот од вашето детство? Што сакавте да бидете кога ќе пораснете? Сега сте возрасни и можете да бидете сè што сакате. Вашиот сон можеби изгледа глупав или невозможен за некој друг, но тоа не значи дека не може да ви се оствари. Може да бидете сè што сакате.rn

    2. Не е правилно да се ограничувате себеси

    rnСекогаш бидете отворени на нови предизвици и можности. Не ограничувајте се себеси со изговор дека припаѓате во одредена група на луѓе или дека би работеле само една одредена работа. Доколку ви се отвори можност да добиете ново искуство, прифатете ја. Можеби сте завршиле факултет кој стручно ве подготвил за одредена работа, не значи дека таа работа е единственото поле на кое би можеле да градите кариера.rnrnАко пак, досега сте биле цврсто уверени во некое гледиште за животот, дозволете си себеси да бидете разубедени доколку е можно. Ниеден ваш став не е конечен, може да биде надградуван и изменет, затоа престанете да се ограничувате себеси во кој било поглед. Срушете ги бариерите кои сами сте ги поставиле. Би се изненадиле што сè има зад нив.rn

    3. Секогаш може да научите повеќе

    rnСтанете наутро со желба да научите повеќе и прифатете го денот како уште едно животно искуство. Без разлика што ќе ви се случи, добро или лошо, може да извлечете лекција од тоа. Бидете подготвени да научите нешто од секоја ситуација и од секоја личност која ќе ве сретне во животот, дури и од 5-годишно дете. Само игнорантните личности мислат дека знаат сè и дека се супериорни, но немаат поим колку многу грешат.rn

    4. Луѓето со кои го минуваме времето влијае многу на нас

    rnАко се дружите со успешни и упорни личности ќе ве мотивираат да бидете такви. Друштвото влијае наголемо на нашите ставови и гледишта во животот. Ако некогаш изгубите мотивација за успех, тие се тука да ви ја вратат желбата и силата. Доколку чувствувате негативно влијание од некоја личност, имате право да ја избришете од листата на пријатели. Во 20-тите учиме дека многу внимателно треба да ги селектираме луѓето кои би ги нарекле блиски пријатели.rn

    5. Во ред е да сте подготвени на пожртвуваност, но сè има граница

    rnКако млади личности насочени сме кон градење кариера. Имаме елан и желба за работа, способност да дадеме сè од себе и со цел да постигнеме нешто подготвени сме да се жртвуваме. Ќе го жртвуваме нашето слободно време, ноќите за одмор, моментите минати со семејството и пријателите. Иако е правилно да се биде пожртвуван, амбициозен и насочен кон успех, лесно може да ја поминеме границата. Што се случува ако сме жртвувале едноставно премногу? Не заборавајте дека некои нешта во животот не смееме да ги запоставиме, во спротивно порано или подоцна ќе ја платиме нивната цена. Тоа може да биде нашето нарушено здравје или пријателски односи, дури и семејните врски.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    6. Самите сте одговорни за секоја ситуација во која ќе се најдете

    rnСтарите рекле „Што си посеал тоа и ќе жнееш“, или „Како ќе си постелеш така ќе си легнеш“, но ова го рекле со причина. Може да го минете животот обвинувајќи ги сите околу вас но без да го насочите прстот кон самите себе, што е голема грешка. Како возрасни разбираме дека самите сме одговорни за нашите животи, и дека секоја наша постапка ќе донесе последици со кои ќе се носиме самите.rn

    7. Многу лекции ќе научите надвор од факултет

    rnСите сме го чекале моментот да завршиме со формалното образование, да излеземе и да му покажеме на светот што знаеме. Но, дури тогаш сфаќаме дека многу нешта не сме знаеле. Животот нè учи на многу лекции кои не се запишани во ниеден учебник.rn

    8. Не секој кој има авторитет е во право

    rnСите имаме личности кои ги сметаме на некој начин за наши идоли. Постојат и личности од кои добиваме наредби и личности кои ја проверуваат нашата работа. Но, не секој кој има авторитет е секогаш во право. Секогаш информациите кои ги добивате земајте ги со доза на резерва. Почитувајте ја личноста, но пред сè размислувајте со своја глава.rn

    9. Пороците се пат кон бездна

    rnАлкохолот и дрогата се нешто што некои го користат како средство за моментално опуштање и заборавање на проблемите. Но, секој кој им се поклонил на овие „брзи избавувачи“ не завршил добро. Уште поважно, секогаш, без исклучок, страдаат и семејствата и најблиските на оние кои се зависни од овие пороци.rn

    10. Ништо во животот не е точно дефинирано

    rnСè може да се промени и ништо не останува постојано исто. Се менуваат времињата, условите, начинот на размислување и тоа мора да го прифатиме. Ништо не е конечно и ништо не е дефинирано, мора да научиме да живееме со промените.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    11. Најголем ризик е непреземањето никаков ризик

    rnМожеме да останеме во стакленото ѕвоно, на безбедно, на сигурно и никогаш да не заминеме чекор подалеку. Но, може да излеземе од безбедната зона и да дозволиме да ни се случи вистинската магија во животот. Некогаш ризикот ќе се исплати, некогаш не, но затоа се вика ризик.rn

    12. Вербата, љубовта и надежта се најголеми двигатели во животот

    rnНикогаш не престанувајте да верувате, да љубите и да се надевате, што и да ви се случи и колку и да сте разочарани. Љубовта, верата и надежта се основни двигатели на сечиј живот и гарантираат среќа и исполнетост на секој човек.rn

    13. Лошите моменти се неизбежни

    rnВо животот секој се соочува со падови и неуспеси, со несреќни мигови и лоши денови. Тие се неизбежни, но имајте на ум дека секогаш може да се исправите и да продолжите понатаму. На крајот на краиштата, она што нема да ве убие, ве прави посилни.rn

    14. Бидете промената која сакате да ја видите во светот

    rnВашата желба да донесете промена можеби звучи како детски сон, но осврнете се кон луѓето кои го живеат овој детски сон, кои не престануваат да вложуваат и да се трудат да донесат промена. Тие се издвојуваат од толпата. Тие не веруваат дека сè тргнало по ѓаволите, тие веруваат во луѓето и во доброто во светот. Огледајте се на нив.rnrn16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30 rn

    15. Не барајте ничија дозвола ни одобрување

    rnЛуѓето секогаш ќе зборуваат, што и да направите. Затоа правете го она што го сакате. Оној пак кој ви зборува зад грб, со причина е позади вас.rn

    16. Во ред е, и вие сте одлични такви какви што сте

    rnНекогаш може да помислиме дека навистина не успеваме во нешто, дека сме можеле да направиме повеќе, дека сме можеле да бидеме подобри. Во ред е. Го давате најдоброто од себе и вие сте прекрасни личности. Тука сте за вашите најблиски, им давате поддршка и љубов и истото го добивате за возврат. Во време кога сите сме ставени под голем притисок да бидеме најдобри, да се истакнеме, да се докажеме, да добиеме титули и признанија на најрана возраст, потребно ни е да чуеме дека е во ред, дека не можеме да бидеме сè или да бидеме совршени, но сосема сме одлични такви какви што сме.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Немам што да облечам…

    Немам што да облечам…

    Облека.rnrnНекогаш се користела за да се прикријат срамните делови од телото, и за луѓето да се стоплат кога им било ладно.rn

    Денес, спротивно од некогаш, се користи за „софистицирано“ да се откријат срамните делови од телото, зашто модерните времиња ги оперираат луѓето од срам. Всушност облеката во денешно време има мошне пообемна употреба.Немам што да облечам...Како на пример за да се покаже стил, стандард, вкус.

    rnЗа да се истакне социјална положба, класна припадност, професија.rnrnЗа да си привлечен/на и да му се допаднеш некому.rnrnЗа да ја комбинираш со зимски аксесоари кога е ладно, и летни кога е топло.rnrnЗа да се озборува кој што и каде носи. Да покажеш дека следиш мода, или дека некој ја следи на погрешен начин.rnrnЗа ако си глуп да се претставиш како паметен, а и обратно.rnrnЗа ако немаш авторитет да стекнеш, или ако го имаш да го изгубиш.rnrnЗа да ги сокриеш недостатоците на твоето тело и да ги истакнеш предностите, и обратно.rnrnЗа да потрошиш вртоглави суми за партали, или да заработиш богатство креирајќи и продавајќи партали.rnrnОблеката чуда прави, ама тоа е така поради фактот што човештвото уште од многу одамна решило да ја оценува книгата по кориците.rnrnНа крајот на краиштата, тоа е само облека. Ама зависи како ја носиш…rnrnАх, на што само ќе те инспирираат пролетните „попусти“.rnrnПлачи џебу, ама мене ми е добро на душава.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)

    Нешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)

    Сите ние сме повеќе или помалку под влијание на општеството. Едноставно не можеме да се бориме против него. И покрај тоа што сакаме да веруваме дека сме слободни и автономни индивидуи, вистината е дека родителите, професорите, шефовите, политичарите и религиските фигури играат огромна улога во насоките кои ги одбираме како и во тоа како одлучуваме да го живееме нашиот живот.rnrnНешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)rnrnНа помлади години, имаме потреба од водење сè додека не научиме како сами да се снаоѓаме во животот. Но, за жал во овој период можеме да научиме многу работи кои не мора да значи дека за нас ќе бидат позитивни или вистинити. Многу е важно да го преиспитуваме она што сме го научиле од општеството и она што општеството го бара од нас. Луѓето на кои секојдневно сме изложени можеби навистина ни мислат најдобро, но тоа не значи дека тие знаат што е добро за секој од нас индивидуално.rn

    „Мора да одите на факултет“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnЗа некои кариери имате потреба од факултет и диплома, но за некои други таа едноставно не ви е потребна. Всушност, луѓето денес добиваат работа со помош од пријателите/роднините или пак според претходното искуство. Работодавците многу повеќе се грижат за вашите способности и за начинот на кој ја завршувате работата отколку за вашата диплома.rnrnТочно е дека факултетот може да биде одлично и вредно искуство, но митот дека сите треба да го завршат едноставно не е вистина. Некои од најпродуктивните членови на општествата, како Бил Гејтс, Марк Цукерберг или Стив Џобс никогаш не го завршиле својот факултет. Тој можеби едноставно не е за вас. Понекогаш е подобро веднаш да се фрлите на работа и да започнете со вистинско животно искуство, отколку да поминете уште 4 години затворени во училници од кои ќе излезете со големи долгови и без никакво работно искуство.rn

    „Мора да се венчате“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnУште едно очекување од општеството е дека со тек на време сите ние мораме да се венчаме. Бракот се смета за нормален и типичен начин на живот и индивидуите кои одбираат да не го почитуваат ова правило добиваат етикета дека нешто не е во ред со нив. Денес голем број од браковите завршуваат со развод. Луѓето чувствуваат притисок дека мора да се венчаат со партнерот, кој може да ги натера да направат непромислени одлуки поради кои подоцна ќе зажалат.rnrnБракот не е начин на живот кој одговара на сите карактери. Исто така за тој да биде успешен многу е важно да не се смета за уште една од оние работи кои „мора“ да ги направиме за да ги усреќиме луѓето околу нас.rn

    „Мора да имате деца“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnИсто како и бракот, од сите нас се очекува еден ден да започнеме свое семејство. За многу луѓе децата се една од најважните цели на животот, но тоа не значи дека тие се нешто кое сите подеднакво го посакуваме. Голем дел од возрасните го променуваат својот живот откако ќе имаат деца, така што тие стануваат нивниот центар околу кој сè се врти. Оваа состојба знае да биде голем извор на стрес. Понекогаш многу е тешко да се замисли како некој би го живеел својот живот доколку не е во брак и нема деца, но постојат и други опции – ако ние така одлучиме.rnrnАко сакате да имате деца – имајте ги. Ако не сакате, тогаш немојте. Но, бидете сигурни дека овие важни одлуки ги донесувате вие самите, и дека не сте под влијание на тоа што другите околу вас го сакаат или очекуваат.rn

    „Мора да се помирите со кариерата која сте ја одбрале“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnМногу луѓе сметаат дека ако изберат одредена кариера според факултетот, тогаш тоа треба да го работат до крајот на животот. Ова не мора да биде случајот и со вас. Во економијата која постојано се менува, многу е подобро да бидете отворени кон повеќе видови работа отколку да се ограничувате себеси на она нешто кое отсекогаш сте го знаеле.rnrnВистината е дека луѓето можат успешно да ја променат својата кариера ако знаат како да се прилагодат и ако се подготвени да учат нови работи. Па, ако не сте среќни со насоката во која тргнала вашата кариера, слободно обидете се со нешто ново.rn

    „Мора слепо да ги следите сите авторитети“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnБез разлика дали сме дома, на училиште или пак, на работа, општеството бара од нас слепо да ги следиме авторитетите во одредена средина. Постои една изрека која вели, „Размислувајте сами. Преиспитувајте ги авторитетите.“ Доколку почнете да ја применувате брзо ќе сфатите колку некои работи се неоправдани и нерационални.rnrnСекако, не ви велиме да ги кршите сите можни правила на кои ќе налетате, туку дека многу е важно да не ги следите слепо авторитетите. Многу пати луѓето следат наредби бидејќи веруваат дека „правилата си се правила“, но ако сите го делат ова мислење, нема да постои никаков напредок во општеството. Присетете се на најголемите моменти во историјата и ќе сфатите дека повеќето од нив не би биле можни доколку сите без никакво прашање ги следеле авторитетите.rn

    „Мора да припаѓате на стереотипите“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnНие премногу учиме за нашата култура преку филмовите, музиката, телевизијата, книгите, видеоигрите како и преку некои други форми на забава. На овој начин индиректно сме приморани да ги прифатиме стереотипите за луѓе од различни раси, полови, религии, професии и начини на живот. Тие толку длабоко се „всадуваат“ во нашиот ум што понекогаш целосно им подлегнуваме. Поради тоа погрешно веруваме дека ни е потребно да имаме одредено хоби, да носиме одредена облека или да работиме некоја работа која се поврзува со нашата раса или пол и поради тоа се заглавуваме во „кутија“ од која подоцна нема да можеме да излеземе.rnrnНо, вистината е дека ние сите сме индивидуи со свои уникатни разлики и затоа би требало да се обидеме колку што можеме повеќе да ги избегнуваме овие стереотипи и едноставно да бидеме онакви какви што сме.rn

    „Мора да поседувате многу работи за да бидете среќни“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnНашето општество знае да биде многу материјалистичко. Многу луѓе веруваат дека за да бидат среќни мора да поседуваат многу скапи работи како огромен телевизор, убава куќа, Ајфон или нова кола. Но, истражувања во областа на психологијата многу јасно покажале дека среќата не може да се купи со пари. Оние кои се екстремно богати можат да страдаат од депресија и анксиозност како и сите останати.rnrnПостојат и други вредности во светот освен материјалното богатство, како самодовербата и врските со другите луѓе. Поради тоа луѓето кои се фокусираат на работите кои ги поседуваат многу потешко ќе успеат да најдат вистинска среќа, без разлика на тоа што општеството ги учи.rn

    „Мора да бидете религиозни за да бидете добра личност“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnЕдно верување кое го делат голем број од луѓето во нашето општество е дека мора да бидете верници за да бидете добра личност. Со други зборови, ако не одите во црква, храм или синагога, или не сте дел од други големи религиски здруженија, тогаш сигурно немате вредности ни морал кои ги почитувате во вашиот живот. И покрај тоа што многу луѓе преку религијата учат како добро да се однесуваат, тоа не значи дека тие навистина се добри личности.rnrnМногу неверници ги поседуваат истите вредности како верниците: добрина, сочувствување и алтруизам. Тие само не чувствуваат потреба да следат одредена религија или пак да веруваат во Господ за да ги применуваат овие вредности.

  • Уметноста на критичкото размислување

    Уметноста на критичкото размислување

    Во 1985 година Стив Џобс бил отпуштен од Епл затоа што начинот на кој гледал на потребата од технологија и начинот на кој ја водел компанијата се сметале за несоодветни. Не верувал во тогаш владејачките ставови на бизнис круговите. Единаесет години подоцна се вратил во компанијата и со истите принципи ја направил една од најуспешните во светот.rnrnКлучен во успешната приказна на Џобс бил неговиот скептицизам. Скептицизмот е неопходен за да се развие критичко размислување кое ќе ги стави на тест веќе востановените тврдења и ќе ја провери нивната точност. Луѓето кои не размислуваат критички ризикуваат да ги прифатат тезите кои им се наметнати преку воспитувањето, образованието или рекламната индустрија.rnrnЗа разлика од нив, оние кои размислуваат критички, тезата ја прифаќаат со резерва и ја преиспитуваат нејзината точност. Дури и кога ќе се уверат дека таа е исправна, тие сè уште се спремни да го сменат својот став доколку излезе некој нов факт кој ќе ги натера на тоа. Поради ова тие се свои личности кои не трпат нерационално наметнување на авторитет и ставови. Тоа успеваат да го постигнат преку следните неколку чекори.rnrnУметноста на критичкото размислувањеrn

    Бараат докази

    rnКога на човек со изграден позитивен скептицизам ќе му се изнесе одредено тврдење, тој нема ништо да зема здраво за готово, туку ќе бара истото и да му се докаже. Ќе праша на што се темели тврдењето, со какви докази е поткрепено и дали доказите се веродостојни.rn

    Се сомневаат

    rnКога некој дозволува друг да мисли за него (сеедно дали тоа е родителот, професорот или телевизијата) станува лесно подложен на наметнување на мислења. За да се одбие овој „напад“ потребно е да се изрази сомнеж не само во ставот, туку и во аргументите на другиот и да се преиспитаат.rn

    Играат улога на „адвокат на ѓаволот“

    rnСкептиците понекогаш се конфронтираат со другите со цел подобро да ги разберат нивните тврдења. Дури и кога се согласуваат со тезата, тие заземаат спротивен став и влегуваат во дебата, со што ги проверуваат сите аспекти на тезата пред да донесат заклучок.rn

    Ги комбинираат логиката и интуицијата

    rnЛуѓето кои немаат развиено позитивен скептицизам размислуваат користејќи или премногу логика или премногу интуиција. Критичкото мислење бара да се комбинираат и двата начини. Мора да се верува во нешто, па тоа да биде преиспитано преку логиката, па повторно да се верува во тоа сè додека логиката повторно не ја предизвика точноста.rn

    Не трпат тенденциозност

    rnЛуѓето кои размислуваат критички не гледаат вести само на еден канал. Откако ќе добијат одредена информација ја бараат и другата страна на приказната, односно преиспитуваат дали се работи за личен став на новинарот или тоа е објективно пренесена информација.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираат

    12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираат

    Ако им дадете шанса на луѓето, тие ќе се обидат да ве изманипулираат на еден или на друг начин. Тоа е тажна реалност, но сепак е дел од нашите животи. Бидејќи знаењето е најдобрата одбрана, прочитајте ги овие 12 техники, кои луѓето ќе се обидат да ги употребат на вас, за да го добијат тоа што го сакаат. Ако ги знаете триковите, нивната цел ќе биде безуспешна, а вашите чувства неповредени.rnrn12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираатrn

    1. Некој ви наметнува тешка обврска без да забележите

    rnНекој намерно ве убедува да се обврзете на нешто во конкретно определено време, кога вие преферирате да кажете „не“. Ова најчесто се случува кога некаде брзате или кога сте многу уморни.rnrnПример: Во 17 часот во петок, додека излегувате од вашата канцеларија тргнати накај дома, ваш колега ве замолува да завршите неколку работни задачи место него, додека е тој на годишен одмор. Вие му одговарате: „ОК, нема проблем, испрати ми имејл со деталите“. Во понеделник наутро, сфаќате дека задачите кои колегата ви ги подметнал, биле всушност многу обилни и ќе ви одземат доста од вашето работно време.rn

    2. Погрешно тврдење дека нешто е факт, а всушност е популарно верување

    rnСтанува збор за оној тип ситуации кога некој ви тврди за нешто дека е неприкосновен факт, само бидејќи така се зборува низ чаршија.rnrnПример: Не ти го зборам ова само врз основа на мое мислење. Девет од десет доктори велат дека тие таблети за слабеење, не можат никако да му наштетат на здравјето.rn

    3. Употреба на сложени зборови, за да се објасни нешто многу просто

    rnНекои луѓе честопати користат некои зборови, чие значење ни самите не го знаат или го научиле од Вујаклија за да звучат попаметно. Ваквата манипулација особено се случува во бизнис-светот на високата технологија, преку употреба на некои комплексни жаргони и термини, кои се користат како тактики, со кои ќе ве натераат да се сложите на нешто, кое не го разбирате целосно.rnrnПример: AMD вадат нов Catalyst драјвер секој месец и доколку промовираат нов графички чип, во меѓувреме вадат и додатни бета драјвери кои интензивно ги промовираат преку медиумите. -Молам??rn

    4. Злоупотреба од некој кој има авторитет над вас

    rnНа некој ќе му биде многу полесно да ве убеди, доколку вам таа личност ви се допаѓа или доколку има авторитетна позиција над вас.rnrnПример: Полицаец ви доаѓа дома на врата и ви вели дека е легално за него, да влезе и да ви го претресе домот. Бидејќи тој е сепак полицаец на службена должност, вие верувате дека ви ја кажува вистината и покрај тоа што тој не ви покажал налог за претрес.rn

    5. Кога некој бара од вас нешто неразумно, а потоа глуми разочаран

    rnОва се оние ситуации кога некој од вас бара нешто прекумерно, кое вие (а и секој друг) најверојатно би го одбиле. Потоа тој делува разочарано и после 5 секунди повторно ви бара нешто помалку амбициозно, кое е поверојатно дека ќе се сложите да му го дадете.rnrnПример: „Ќе донирате ли 6.000 денари за нашата кауза? -Не можам да си го дозволам тоа. Ох. Во ред. А можете ли да донирате 300 денари, тогаш?“rn

    6. Донесување заклучоци базирани на нешто што е сосема неповрзано со темата на разговор

    rnОва се оној тип ситуации кога некој се обидува да ве убеди дека тоа што го зборува е вистина, на начин што ви изнесува некаков заклучок, кој никако не е поврзан со информацијата која се обидува да ви ја наметне.rnrnПример. „Оваа бебешка храна е збогатена со витамини и минерали. Екстремно е здрава. Ако и понатаму продолжиш да купуваш бебешка храна од други производители, го занемаруваш здравјето на твоето бебе.“rn

    7. Создавање илузија дека некој производ го има во ограничени количини

    rnАко некој производ го има во ограничени количини, најчесто има огромен интерес од страна на потрошувачите за негово купување. Тоа е маркетиншки трик, кој производителот ви го прави, бидејќи производите (и воопшто можностите) кои се ограничени, се попримамливи и е поверојатно дека ќе ги купите, па него добро ќе му „тргне“ бизнисот.rnrnПример: „Продажбата на овој производ трае само еден ден. Понудата е ограничена. Купете си го, пред да го распродадеме.“rn

    8. Благо искривување на реалноста

    rnОва е ситуација кога некој успева да ве натера да се сложите на нешто, кое според вас не е идеално, на начин што ви го претставува малку подобро одошто е.rnrnПример: „Масата ќе биде подготвена за 5 минути.“ 5 минути ќе звучат многу подобро во вашиот мозок, отколку 15, доколку сте многу гладни нели?rn

    9. Менување на темата, со цел да ве наговорат на нешто

    rnОва се случува кога некој намерно се обидува да го пренасочи вашето внимание од една на друга тотално неповрзана тема, со цел да ве убеди во некој свој став.rnrnПример: „Ти се допаѓа онаа песната од Ејми Вајнхаус „Валери“? Мене многу ми е интересна, а и пејачката убаво пее. -Вајнхаус е тежок алкохоличар. Виде што се случи на нејзиниот концерт во Белград? Толку беше пијана, што не можеше еден стих да отпее. Луѓено за џабе си фрлија толку пари за карта. Сакаш и тебе да ти се случеше тоа, како на кутрата српска публика??“rn

    10. Претпоставка за вина

    rnОва се ситуации, кога некој без да ве праша, претпоставува дека сте виновни и веднаш почнува да ве напаѓа.rnrnПример: „Ги видов модриците на грбот на твојата девојка. Па ме интересира, кога реши дека тепањето е најдоброто можно решение за надминување на вашите љубовни проблеми??“rn

    11. Создавање чувство на страв и нудење решение за него

    rnНекој си поигрува со вашите емоции, така што на суптилен начин создава во вас чувство на страв и во моментот кога ќе забележи дека вие се трудите да смислите решение за проблемот, самиот ви го нуди решението.rnrnПример: „Начинот на кој ти ги извршуваш твоите работни обврски, не се покажа како доволно успешен. Директорот ме советуваше, вработените кои не се снаоѓаат добро во оваа фирма, да ги ставам на пробен период. Но, јас сакам да ти дадам уште една шанса, да ми ги покажеш твоите способности. Ќе ти пречи да работиш оваа сабота, така што ќе си помогнеш во градењето добра репутација во оваа компанија?“rn

    12. Барање нешто ситно, а потоа добивање нешто поголемо

    rnОва се ситуации кога некој бара од вас некоја мала услуга и откако ќе се сложите, бара нешто поголемо, кое е наводно неопходно за остварување на првата услуга.rnrnПример:rnrnСинот: Мамо, може да излезам надвор на еден час, да се видам со другар ми Антонио?rnrnМајката: Може.rnrnСинот: Мамо, штотуку зборев со Антонио на телефон и тој ми рече дека ќе одел во кино. Може да одам и јас со него?rnrnМајката: Оди.rnrnСинот: Имам само 100 денари. Ќе ми дадеш уште 200, за да си платам карта за влез и превоз?rnrnВи се случило ли некогаш некој да ве изманипулира со вакви или слични трикови? Споделете го вашето искуство со нас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидеме влијателни во својата средина?

    Како да бидеме влијателни во својата средина?

    Сакате да бидете влијателни или пак да го измерите степенот на вашето или туѓото влијание? Еве 4 работи кои претходно треба да ги знаете во врска со влијанието.rn
    rn

    1. Влијанието е едноставно, но токму поради тоа е и сложено

    rnКако да бидеме влијателни во својата средина?Наједноставно кажано, влијанието е способност да направите работите да се случуваат. Но, кои работи, за кого и за колку време? Некои луѓе влијаат со своите идеи, други со конкретни акции и дела. Од нив, некои влијаат со крупни дела, други со помалку значајни. Некои траат само еден момент, а други во текот на еден цел човечки живот.rn
    rn

    2. Влијанието е контекстуално

    rn

    Еве еден пример за да се опише поврзувањето во даден контекст: некој ќе напише и објави пост на веб. Друг, ќе пушти порака преку Твитер за него. Трет ќе ја види пораката, ќе го прочита постот и ќе напише коментар. Независно од сето ова, некој друг ќе наиде на постот самостојно и ќе го послуша советот поставен во коментарот кој може да има позитивно влијание врз многу други луѓе.

    rn

    Како да бидеме влијателни во својата средина?Секоја личност преземала акција. Секоја акција имала ефект. Но, која акција е најважна и кој имал најголемо влијание?

    rnНе е едноставно, нели?rnrnВлијанието зависи од ситуацијата и она за што ви е грижа. Дали е тоа причината (идејата) или ефектот (акцијата, резултатот)? Или пак двете работи заедно? Без разлика дали сакаме да бидеме способни за влијаење или пак да го измериме туѓото влијание, треба да разбереме кој тип на влијание е важен и зошто?rn
    rn

    3. Влијанието е производ на досегање и авторитет

    rnКако да бидеме влијателни во својата средина?За да влијаете на делата на другите луѓе, треба да имате пристап до нив, а тие треба да ве разбираат за да можете да имате некое ниво на авторитет врз самите нив или врз некое стручно поле кое тие го сметаат за важно.rnrnПопуларноста помага во пристапувањето. Колку сте попопуларни, толку поголем досег ќе имате, а со тоа и поголема веројатност за влијаење. Но, популарноста не го гарантира влијанието, само отвора повеќе врати. Плус е краткотрајно.rnrnАвторитетот исто така не гарантира влијание, иако оваа зависност е доста посилна. Без оглед дали е доделен или заслужен со тек на време, авторитетот има моќ да го засилува влијанието. Авторитетот дава моќ.rnrnНо, и ова е краткотрајно. Заслужениот авторитет кој се постигнува преку повторувани интеракции, трае долго колку неговата целокупност и релевантност. Доделениот авторитет, како оној кој го добиваат менаџерите на пример, често трае колку што трае именуваната позиција.rnrnВлијанието бара и досег и авторитет до различен степен. Фокусирањето на едното или на другото ќе ви даде половични резултати. На двете нешта им е потребно внимание и постојано одржување.rn
    rn

    4. Влијанието е претежно невидливо

    rnКако да бидеме влијателни во својата средина?Гледате причина и гледате ефект. Но, она што не можете да го видите е всушност каде влијанието точно се случува. Не можете да погледнете во главата на секоја индивидуа за да сфатите дали и колку овие две работи се поврзани, бидејќи тоа се случува во некој заден канал: преку инстант пораки, директни пораки, имејл…  во живо, за време на состаноците, за време на оброците…rnrnЗатоа, она што можеме да го видиме добива толку многу внимание и затоа ни е важно тоа да можеме да го измериме. Но разберете, на секоја една личност која свесно го изложува своето влијание, постојат исто толку или повеќе кои го прикриваат. Но, тешко е да се одреди кои се вистинските луѓе кои влијаат.rnrnСепак, влијанието е нешто што можеме само да го претпоставиме врз основа на она што го гледаме. Но, тоа е како да фрлите чаршав врз невидлив човек обидувајќи се да го видите она што не може да биде видено.rnrnДали и вие го гледате истото? Дали сте влијателни или пак сте луѓе на кои им е лесно да се влијае? Од што зависи влијанието во вашиот случај? Би сакале ли да биде поинаку?rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn