Љубителите на астрономијата со нетрпение го очекуваат натпреварот за астрономски фотограф на годината, организиран од страна на Кралската Опсерваторија Гринич.rnrnrnrnНатпреварот за прв пат бил организиран во 2009 година во знак на Меѓународната година на астрономијата, а неговата популарност расте секоја година. Победникот на натпреварот добива награда од 10.000 фунти.rnrnПобедниците на овогодинешното издание ќе бидат објавени во септември 2022 година, а во меѓувреме погледнете во продолжение дел од финалистите.rnrn„NGC 6888 Небула“, Bray Fallsrnrn„Месечина над Лос Анџелес“, Sean Goebelrnrn„Комета C/2021 A1 (Леонард)“, Lionel Majzikrnrn„Arp 271 Космички судир“, Mark Hansonrnrn„Облаци од хидрогенски гас“, Simon Tangrnrn„Радиотелескоп“, Liu Xuemeirnrn„Ѕвездено небо над највисокиот автопат во светот“, Yang Sutiernrn„Чидија Тапу“, Vikas Chanderrnrn„Скала кон ѕвездите“, Mihail Minkovrnrn„Спектрум“, Stefan LiebermannrnrnОткако ги погледнавте овие фотографии, можеби ќе сакате да погледнете и 10 неверојатни фотографии од океанскиот живот што учествуваа на натпреварот за „Најдобар подводен фотограф на годината“.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Вселената секојдневно зачудува, интригира и воодушевува, а астрофотографијата е тука за да нѐ приближи до неа низ еден кадар. Кралската опсерваторија во Гринич, Лондон секоја година организира натпревар во астрономска фотографија, а оваа година, биле пријавени 4.602 фотографии од 90 земји ширум светот. Ова се некои од најдобрите.rn
Категорија Аурори: Аурората е птица – Александар Степаненко
rnrn
Категорија Sвезди и небули: Длабоко во срцето на Мордор – Ендру Кембел
Хоризонтот на настани е точка од која нема враќање, сферен регион кој ја опкружува црната дупка од која ништо, дури ни светлината не може да избега. Не знаеме што се наоѓа внатре, но знаеме дека нашиот универзум завршува нагло после оваа граница со непознатото.rnrnrnrnСега, после две децении интернационална соработка, некои од најмоќните радиотелескопи во светот успеаја да направат фотографија од хоризонтот на настани на супермасивна црна дупка. Со ова се докажа дека претпоставките од Ајнштајновата теорија за релативност се точни, дури и во најекстремното космичко опкружување.rnrnЦрната дупка на фотографијата се наоѓа во центарот на масивната елиптична галаксија Messier 87 (М87) во соѕвездието Девица, на растојание од околу 55 милиони светлосни години. Фотографијата ја очекуваше целиот свет и беше објавена во неколку научни трудови.rnrnСупермасивните црни дупки ја диктираат еволуцијата на галаксиите во кои се наоѓаат, па директниот поглед кон хоризонтот на настани отвора нови можности за проучување на овие небесни тела. Масата на фотографирана црна дупка е колку 6,5 милијарди сонца, а хоризонтот на настани е со дијаметар од речиси половина светлосен ден.rn
Во хоризонтот на настани на М87
rnИ покрај големината и масата на црната дупка, ниту еден телескоп на планетата не може да направи нејзин портрет, бидејќи е премногу далеку. За да се справат со ова, астрономите употребија метод во кој ја комбинираа моќта на набљудување на 8 од најмоќните радиотелескопи во светот. Event Horizon Telescope (EHT) е виртуелен телескоп, кој е широк колку нашата планета и доволно моќен да фати барем дел од најмасивната црна дупка за којашто знаеме.rn
„Ја направивме првата фотографија од црна дупка. Ова е извонреден научен подвиг, направен од тим од над 200 истражувачи“, изјавил Шепард С. Долеман, директор на проектот ЕНТ.
rnИако црните дупки се црни, доколку има материја во близина на хоризонтот на настани, екстремното триење во релативистичката околина ќе ги отстрани електроните од атомите, создавајќи неверојатни огномети. Поради ова, првата фотографија од ЕНТ прикажува темен круг опкружен со прстен од светлина. Овие емисии на светлина се веднаш до хоризонтот на настани, каде што се наоѓаат екстремно жешки гасови со температура од неколку милијарди Келвини. Самиот хоризонт на настани се појавува како силуета на темен диск пред светла позадина – нешто што ги докажува предвидувањата на теоретските физичари. Интересно е што со оваа фотографија се покажа колку всушност биле точни предвидувањата од релативноста.rn
Нова ера во астрономијата за црните дупки
rnПроектот ЕНТ ќе продолжи да ја набљудува М87, но има и втора мета – супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија, со маса од 4 милиони сонца. Иако оваа црна дупка е поблиску од М87, сепак постојат низа предизвици. Еден од проблемите е што таа е помала, па емисијата е многу пократка, со тоа отежнувајќи го набљудувањето. Покрај тоа, во галаксијата има многу меѓуѕвездена прашина што го отежнува фотографирањето. Поголемиот дел од просторот помеѓу нас и М87 е празен, па отстранувањето на другите објекти од фотографијата е полесно.rnrnСè уште не знаеме кога ќе имаме можност да ја видиме и „нашата“ црна дупка, но со технологијата зад ЕНТ, нашето знаење за овие мистериозни објекти ќе се зголеми.rnrnДознајте нешто повеќе за најголемите неодговорени прашања од физиката.
Долго време, многу научници грешеле во врска со составот на Сонцето, сè додека една 25-годишна студентка не напишала неверојатна докторска теза. Овде таа докажала дека Сонцето и другите ѕвезди, воглавно се направено од хелиум и водород.rnrnrnrnСтудентката била Сесилија Пејн-Гапошкин. Но, малкумина ѝ го припишуваат ова откритие неа, бидејќи Сесилија ја изгубила заслугата за едно од најголемите астрономски откритија.rnrnrnrnВо 2002-ра година, деканот на Факултетот за уметност и наука при Универзитетот на Харвард изјавил:rn
„Од нејзината смрт во 1979-та година, жената која откри од што е направен универзумот не доби многу внимание. Во весниците не се спомнуваше нејзиното најголемо откритие. Секој средношколец знае дека Њутн ја открил гравитацијата, Дарвин jа открил еволуцијата, дури и дека Ајнштајн ја открил релативноста. Но кога станува збор за составот на нашиот универзум, учебниците едноставно кажуваат дека најприсутен елемент во универзумот е водородот. И никој никогаш не се прашува како го знаеме ова. По нејзиниот докторат таа предавала во одделот за астрономија, но нејзините лекции не биле наведени во каталогот со насоки. Не ѝ било дозволено отсуство поради истражување, а нејзината мала плата била обележана како опрема. И сепак, таа преживеала и цутела.“
rnrnrnСесилија била родена во 1900-та година во Вендовер, Англија. Уште од рана возраст сонувала да стане научник и сакала да ја исполни нејзината цел. Во 1919-та година добила стипендија на Универзитетот Кембриџ на Колеџот за природни науки. Иако Сесилија успешно го завршила студирањето, не добила диплома бидејќи Кембриџ не им давал дипломи на жените сè до 1948-ма година.rnrnrnrnСесилија сфатила дека со толку малку можности за жените во научната заедница на Велика Британија, единствената опција ѝ била да стане професорка. Сепак, откако се запознала со директорот на Опсерваторијата на Харвард, Харлоу Шејпли, решила да гради кариера во областа на науката и се преселила во САД.rnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Во споредба со целиот универзум, ние луѓето, како и планетата што ја населуваме, сме навистина мали. Токму поради ова сме воодушевени од пространоста на универзумот и сè во него што чека да биде истражено.rnrnrnrnОние кои се восхитени од оваа реалност, ќе бидат навистина задоволни од илустрираниот приказ на видливиот универзум во чиј центар е сместен Сончевиот систем.rnrnОд Science Alert изјавиле:rn
„Околу Сончевиот систем се наоѓаат внатрешните и надворешните планети, Кајперовиот појас, Ортовиот облак, ѕвездата Алфа Кентаур, галаксијата Млечен Пат, галаксијата Андромеда, други галаксии кои се наоѓаат во близина, космичката мрежа, космичката микробранова радијација и невидливата плазма произведена од Големиот прскот на самиот раб.“
rnОваа неверојатна илустрација е создадена од музичарот и уметникот, Пабло Карлос Будаси. Сликата е направена според логаритамски мапи од познатиот универзум кои се споени од истражувачи од Универзитетот Принстон, како и од некои материјали обезбедени од НАСА.rnrnМапата на истражувачите од Принстон е заснована на податоци од телескопот Sloan Digital Sky Survey. Во изминатите 15 години се користел оптичкиот телескоп во опсерваторијата во Ново Мексико со цел да се мапира универзумот. Вклучен е спектарот на повеќе од 3 милиони астрономски објекти.rnrnИако научниците немаат проблем со логаритамските мапи, на јавноста ѝ е тешко да ги сфати. Токму поради ова Пабло решил да ја направи илустрацијата. Тој бил инспириран да ја направи во форма на круг додека правел хексафлексагони за роденденот на неговиот син. Хексафлексагоните се полигони од хартија со голем број лица.rn
„Кога ги правев хексафлексагоните за роденденот на син ми, почнав да го цртам централниот дел од универзумот и Сончевиот систем. Тој ден ја добив и идејата за логаритамската мапа, па во следните неколку денови ја направив илустрацијата користејќи Фотошоп, фотографии од НАСА и текстури кои ги направив јас.“
Космичкиот вртлог си продолжува додека нашиот дом, ситна сина точка во темнината, се движи низ просторот. Иако можеби сме заглавени овде на безбедно, тоа не значи дека не ги креваме погледите нагоре. Луѓето отсекогаш им се восхитувале на неверојатните астрономски настани секоја година. Па извадете ги календарите и обележете ги најважните моменти во 2018-та година.rnrnrn
31 јануари: Целосна лунарна еклипса и сина супермесечина
rnПрвиот месец од годинава завршува со двоен лунарен настан. Ќе има целосна лунарна еклипса, прва на Земјата по повеќе од 2 години. Сенката на Земјата врз целото лице на месечината ќе ѝ даде посебна црвенкасто-кафеава боја. Токму поради оваа нијанса целосната лунарна еклипса го добила името „Сина месечина“. Овој настан највидлив ќе биде над Тихи Океан, пред зора ќе се гледа во западниот дел на САД и Јапонија, а за време на изгрејсонцето ќе се гледа од Јапонија, Кореја, Австралија и Филипините. Оваа месечина ќе биде и супермесечина, односно ќе биде поблиску до Земјата.rn
15 февруари: Делумна соларна еклипса
rnОваа година нема да има целосна соларна еклипса, но ќе има 3 делумни. Оние кои ќе се наоѓаат во Северна Америка ќе може да сведочат на овој настан. Сонцето ќе биде покриено околу 10% до 20%. Над Антарктикот сонцето ќе бие покриено речиси половина.rn
20 март: Лансирање на леталото TESS
rnВселенскиот телескоп на НАСА, Transiting Exoplanet Survey Satellite или TESS, ќе ја започне двегодишната мисија и ќе истражува над 200.000 светли ѕвезди во потрага по други егзопланети. Лансирањето ќе биде од Флорида на ракетата Falcon 9 на SpaceX.rn
22 април: Метеорски дожд Лириди
rnОвој метеорски дожд почнува на 14-ти и трае до 30-ти април. Највидлив ќе биде на 22-ри. Месечината ќе биде само четвртина полна, па нема да пречи во прегледноста. Најдобро време за набљудување на метеорскиот дожд ќе биде од полноќ до 5 часот наутро.rn
6 мај: Метеорски дожд Ета Аквариди
rnХалеевата комета е најпознатата комета на планетава. А трагата која ја остава резултира со овој годишен настан. Дождот не е драматичен како останатите, но ќе биде видлив неколку денови. Најдобро ќе се гледа околу 6-ти мај, и тоа на екваторот и на Јужната хемисфера.rn
13 јули: Делумна соларна еклипса
rnИ оваа еклипса ќе покрие околу 10% од сонцето. Ќе биде видлива во Мелбурн и Тасманија.rn
27 јули: Целосна лунарна еклипса
rnВтората целосна лунарна еклипса ќе биде на средината на годината и ќе биде видлива за поголемиот дел од светот. Само Северна и Централна Америка нема да може да сведочат на настанот.rn
11 август: Делумна соларна еклипса
rnТретата и последна соларна еклипса за годинава ќе нуди и најголемо покривање на сонцето. Делови од Канада, Гренланд, Исланд, Кина, Русија, Скандинавските земји и Кореја ќе видат покривање и до 30%.rn
12 август: Метеорски дожд Персеиди
rnОвој метеорски дожд е омилен помеѓу љубителите на астрономијата. Кога е највидлив може да се забележат и до 60 метеори на час. Бидејќи месечината ќе биде млада, Персеидите ќе бидат лесни за забележување.rn
21 октомври: Метеорски дожд Ориониди
rnОвој метеорски дожд го добил своето име од соѕвездието Орион бидејќи изгледа како метеорите да доаѓаат од овде. Обично се забележуваат околу 10 до 20 метеори на час, но бидејќи месечината ќе биде полна, набљудувањето ќе биде потешко.rn
Ноември: Комета 38Р/Стефан-Отерма
rnПоследен пат оваа комета поминала покрај Земјата во 1980-та година. Кометата ќе достигне перихел, односно ќе биде најблизу до сонцето на 26-ти август и би требало да биде видлива уште тогаш. Од Земјата ќе може да се набљудува до 2019-та година, но најзабележлива ќе биде во текот на ноември.rn
Ноември: Враќање на астероидот „Ноќта на вештерките“
rnОколу Ноќта на вештерките во 2015-та година, астрономите проучуваа астероид кој помина покрај Земјата на растојание поголемо само 1,3 пати од она помеѓу Земјата и месечината. Најинтересното нешто за овој астероид е тоа што наликуваше на човечки череп. Тој повторно се враќа покрај Земјата во ноември, а астероид со оваа големина нема да ни се доближи дури до 2027-ма година.rn
14 декември: Метеорски дожд Геминиди
rnОва е можеби најневеројатното шоу на годината. Метеорите се појавуваат секоја година кога орбитата на Земјата ги „сече“ остатоците од астероидот 3200 Phaeton. Месечината ќе биде само една четвртина полна, па најдобро ќе биде да се набљудува во раните утрински часови. Очекувајте и до 100 метеори на час.
Децата обично не се интересираат многу за наука. На наставниците и родителите им е многу тешко да ги натераат учениците да учат работи поврзани со биологија, физика, хемија, па дури и астрономија. Токму затоа, астрономите создале нови соѕвездија кои се попривлечни од Големата Мечка.rnrnrnrnНаучниците и инженерите кои биле дел од британскиот научен саем Биг Бенг направиле анкета наменета за деца на возраст од 7 до 19 години и дознале дека 72% од нив никогаш не се ни обиделе да најдат соѕвездие, а 29% од испитаниците признале дека не би можеле да препознаат ниту едно соѕвездие од слика.rnrnПовеќе од половина од 88-те соѕвездија што се идентификувани од страна на Меѓународната Астрономска Унија датираат уште од античка Грција, па затоа тие ознаки на ѕвездите можеби им делуваат малку застарено на децата. Со цел да ја поттикнат детската љубопитност за вселената, научниците од саемот Биг Бенг се здружиле со астрономите од Универзитетот во Бирмингем. Тие се обиделе да најдат современи начини на поврзување на ѕвездите на вечерното небо. И самите ќе се уверите дека тие откриле навистина возбудливи соѕвездија!rnrnНајверојатно ќе се согласите дека најинтересното соѕвездие е тоа на Хари Потер! Ова соѕвездие е највидливо во март и се наоѓа на североисток. Но, најпознатиот лик на Џ. К. Роулинг не е единствениот што успеал да стигне до ѕвездите. Чизмите на мечето Падингтон исто така може да се видат на небото заедно со Серена Вилијамс и нејзиниот тениски рекет.rn
Потер
rnrnrnРектасцензија: 13 ч.rnrnДеклинација: 55 степениrnrnПериод од годината кога е највидливо: ДекемвриrnrnПравец: СевероистокrnrnСамрак: Астрономска темнинаrnrnЅвезди што го сочинуваат: Изар (привидна величина: 2.70) – спомената во „Ѕвездени патеки“rn
Падингтон
rnrnrnРектасцензија: 15 ч. и 55 мин.rnrnДеклинација: 7 степениrnrnПравец: Исток/Исток-ЈугоистокrnrnПериод од годината кога е највидливо: ДекемвриrnrnСамрак: Дневна светлинаrnrnЅвезди што го сочинуваат: Алхена (привидна величина: 1.09) – субџиновска ѕвезда во развој, Бетелгез (привидна величина: 1.60) – црвен суперџин, Белатрикс (привидна величина: 1.60) – се користи за навигација на небото, Минтака (привидна величина: 2.20) – троен системrn
Серена
rnrnrnРектасцензија: 12 ч. и 30 мин.rnrnДеклинација: 70 степениrnrnПериод од годината кога е највидливо: СептемвриrnrnПравец: СеверозападrnrnСамрак: Наутички самракrnrnЅвезди што го сочинуваат: Феркад (привидна величина: 3.00) – порано била дел од бинарна северна ѕвезда, Кохаб (привидна величина: 2.10) – има планета што е 6 пати потешка од Јупитер, Тубан (привидна величина: 3.65) – порано била северна ѕвездаrnrnМалала Јусафзаи, Дејвид Атенбороу, Тим Пик и Усаин Болт се исто така овековечени во новите соѕвездија. Што мислите вие за ова? Кој човек би сакале вие да го видите на небото помеѓу ѕвездите?rnrnДоколку сте љубители на астрономијата, сигурно ќе ви се допадне овој астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем.
„Сите оние мали бегства, јас ја имам честа да ги насликам. Знаете, оние места на кои сакате да одите, наместо да останете на оние каде што сте.“
rnВака стои на официјалната страна на Кара Ледоне, на познатата Интернет продавница „Etsy“. Кара е американска дизајнерка и креаторка која работи и живее во Њујорк и ги изработува овие рустични, рачно насликани астрономски ѓердани кои во себе ги кријат сите космички тајни на универзумот и што е најважно, можат да се носат за секоја пригода.rnrnrnrnТаа ги оксидира ѓерданите за да направи да изгледаат постаро и постаромодно и потоа на сите поединечно им додава по една слика изработена со маслени бои. Ниеден ѓердан не е ист со претходниот и нејзините дизајни варираат од земјени до астрономски теми. Во секој случај, кога станува збор за изработката на овие уникатни ѓердани, нејзините креативност и оригиналност не знаат за граници.rnrnrnrn
Не можеме, а да не се запрепастиме од тајните кои ги крие нашиот универзум. Фотографиите од ѕвездите и планетите посебно го потенцираат непознатото, но оние кои денес ги издвоивме се исклучително импресивни и го прикажуваат раскошот на вселената која нѐ опкружува и која сакаме подробно да ја запознаеме.rnrnМлечниот пат над ЧилеrnrnТемната страна на месечинатаrnrn
Нашата планета Земја ја знаеме како една огромна елипсоидна топка која ротира заедно со сите други небесни тела и со која се чувствуваме доста малечки во споредба. Но ретко, скоро и никогаш, не запираме да размислиме за големата космичка ширина и непознатото во неа. А, и не треба да го направиме тоа.rnrnЗемјата гледана од 1.450.000.000 километри далечинаrnrnПоранешниот астроном, Карл Сејган, во својата книга „Бледа сина точка: Визија на човековата иднина во вселената“ пишува:rn
„Можеби не постои подобра демонстрација на лудоста на човековите вообразувања од далечната слика на нашиот ситен свет. За мене, таа ја потенцира нашата одговорност да бидеме пољубезни едни кон други и да ја чуваме и негуваме оваа бледа сина точка, единствениот дом за кој некогаш сме знаеле. Ние сме, всушност, како пеперутки кои летаат само еден ден, а мислат дека тој лет ќе трае вечно.“
rnСеверна Америка во споредба со црвените дамки на Јупитер. Бурите на Јупитер би го проголтале целиот континент.rnrnПрстените на Сатурн околу ЗемјатаrnrnПрстените на Сатурн можат да соберат по 6 планети со големина на Земјата меѓу нивrnrnМарс може да стане вториот дом на човештвото, но црвената планета е само малку поголема од едната половина на Земјата. Северна Америка едвај може да ја собере на една од хемисферите на Марс.rnrnНајвисоката вулканска планина во целиот Сончев систем се наоѓа на Марс. Ако беше на Земјата, целосно ќе ја покриеше Аризона.rnrnМесечината на Јупитер, Ио, е геолошки најактивниот објект во Сончевиот систем со преку 400 активни вулкани. Северна Америка има само 100.rnrnМесечината на Јупитер, Европа, е 4 пати помала од Земјата, но има повеќе вода од сите океани на Земјата заедно.rnrnСонцето го има најголемиот процент на маса во целиот Сончев систем, околу 99,86%, и може да собере 1,3 милиони Земји во него.rnrnВо малата заокружена точка до која што пишува „Sun“ се наоѓа нашиот Сончев систем. Околу него лебдат преостанатите 100 билиони познати ѕвезди од нашата галаксија Млечен пат.rnrnЦрвената точка ја претставува нашата галаксија која живее во суперсоѕвездието Ланиакеа, што во превод значи непроценлив рај.