КАФЕ ПАУЗА

Tag: астрономија

  • Колку брзо се движи Земјата?

    Колку брзо се движи Земјата?

    Земјата се врти околу себе (на екваторот) со брзина од околу 1.700 километри на час. Секако оваа брзина е релативна. На пример, ротирањето на Земјата околу себе е најбрзо на екваторот и како што се движите кон половите така постепено и се намалува нејзината брзина.Колку брзо се движи Земјата?Исто така, како патници на Земјата сите ние се движиме околу Сонцето со брзина од околу 107.200 километри на час. Причината поради која ние не ги чувствуваме овие движења е иста како и причината поради која не го чувствуваме движењето на авионот додека летаме со константна брзина. Брзината на еден објект може да се измери само ако се споредува со друг кој има друга брзина, и ние не можеме да почувствуваме какво било движење кога е со константна брзина. Но, тоа не е сè…rnrnМожеби не сте знаеле до сега, но целиот наш сончев систем се движи околу центарот на нашата галаксија со неверојатни 901.300 километри на час. Млечниот пат исто така се движи со големи брзини во однос на другите галаксии околу него. Што се однесува до нас, можеби и целиот универзум се движи, но тоа е веќе навлегување во равенка со премногу непознати.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменот ореол околу месечината

    Феноменот ореол околу месечината

    Постојат многу интересни феномени поврзани со боите на месечината од кои најмногу се издвојува феноменот сина месечина. Но, дали некогаш сте забележале огромен прстен од светлина околу неа? Всушност ако го погледнете подобро, може дури и да ви наликува на виножито кое кружи околу месечината. Што е тоа што се случува во атмосферата кое го предизвикува овој несекојдневен ореол на ноќното небо?Феноменот ореол околу месечинатаПрстенот околу месечината настанува од прекршувањето на месечевата светлина (која всушност е сончева светлина) низ ледените кристали кои се наоѓаат во горната атмосфера. Овие ледени кристали имаат шестаголна форма, па затоа секогаш ја прекршуваат светлината под ист агол. Секако, атмосферата е преполна со кристали и прекршувањето на месечевата светлина се одбива во сите насоки. Но, во еден момент може да се случи голем дел од неа да биде директно насочена кон вашите очи. И бидејќи не сте во можност да ја видите целата светлина, пред вас се формира прстен околу месечината.Феноменот ореол околу месечинатаАко ореолот ви наликува на виножито, вие всушност гледате различни бои кои се прекршуваат при незначително поразличен агол. Месечевиот ореол секогаш ќе биде со иста големина, околу 22 степени на небото. Полната месечина опфаќа простор од околу пола степен, па според тоа ореолот би се протегал на простор кој е 44 пати поголем од неа. Ова се случува бидејќи кристалите го искривуваат оригиналниот пат на светлината под агол од 22 степени.Феноменот ореол околу месечинатаФеноменот ореол околу месечинатаФеноменот ореол околу месечинатаФеноменот ореол околу месечината
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни факти за Сонцето

    Неверојатни факти за Сонцето

    Сонцето е во центарот на нашиот сончев систем од каде што овозможува доволно топлина и светлина за да може да постои живот на Земјата. Тоа се формирало пред околу 4,6 милијарди години, но сепак е едно од најмладите во нашата галаксија. Научниците веруваат дека сè започнало со огромен облак од гасови и прашина кои формирале топка. Густите гасови кое се наоѓале во центарот, започнале да создаваат масивни количества на енергија преку процесот нуклеарна фузија и на тој начин започнал бурниот живот на младото Сонце.rnrnНеверојатни факти за СонцетоrnrnВо јадрото, огромниот гравитационен притисок предизвикува температурата да достигне повеќе од 15 милиони степени. Плазмата се движи кон површината на Сонцето и зрачи топлина од надворешната обвивка, наречена фотосфера каде што температурата е околу 5.500 степени.rnrnНо, дали знаевте дека…rn

      rn011

    • Околу 72% од гасовите во Сонцето ги сочинува водородот. Од останатите гасови поголем дел зазема хелиумот заедно со кислородот, јаглеродот, неонот, магнезиумот, железото и силициумот. Научниците досега успеале да забележат вкупно 67 елементи во составот на Сонцето.
    • rn

    rn

      rn011

    • Во близина на атмосферата, енергија од јадрото на Сонцето патува накај фотосферата, од каде што се испушта како сончева светлина.
    • rn

    rn

      rn011

    • Црвеникавиот сјај од наредниот слој (хромосферата) може да се забележи само за време на целосно затемнување на Сонцето. Короната е третиот слој од Сонцето која изгледа како заслепувачка бела светлина од јонизиран гас исфрлен накај вселената.
    • rn

    rn

      rn011

    • На сончевата светлина ѝ се потребни само 8 минути за да стигне до Земјата, која е оддалечена 149.597.871 километри. Бидејќи орбитата на Земјата околу Сонцето има овална форма, разликата во оддалеченоста од Сонцето варира од 146 милиони до 152 километри во текот на годината.
    • rn

    rn

      rn011

    • Потребни биле милијарди години за еволуцијата на Сонцето, но научниците велат дека тоа ќе живее уште толку. Астрономите веруваат дека како што на нашето Сонце ќе почне да му снемува водород, така тоа ќе почне полека да се шири, станувајќи црвен џин кој можеби и ќе ја проголта Земјата.
    • rn

    rnНеверојатни факти за СонцетоНеверојатни факти за СонцетоrnrnПогледнете го и ова интересно видео од НАСА на кое одлично се гледа огромна соларна експлозија која се случила во август 2012 година:rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години

    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години

    Ова интересно видео преку неколку фотографии направени од телескопот Хабл, ни покажува како ќе се променува нашето ноќно небо во текот на наредните 7 милијарди години. Веќе е добро познато дека Млечниот Пат ќе се „судри“ со галаксијата Андромеда за околу 4 милијарди години од сега и тоа целосно ќе го промени нашиот поглед кон ѕвездите. Но, дали Земјата ќе преживее толку долго за да биде сведок на овој фасцинантен настан?Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди годиниirn

    rnЗемјата, како планета има големи шанси да преживее до тогаш, но животот на неа – најверојатно не. Астрономите велат дека осветлувањето од нашето Сонце постојано, но полека се зголемува и со тоа се зголемува и соларната радијација. За околу 4 милијарди години од сега драстично ќе се зголемат температурите на Земјата и има голема можност да се создаде ефектот на стаклена градина (би имало слични услови како оние кај нашиот сосед Венера). Температурите би биле толку високи, што дури и металот би се топел. Во секој случај, кој и да биде во можност да го следи овој настан – ќе има спектакуларен поглед на ноќното небо.rnrn

    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
    Денешното ноќно небо
    rnrn
    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
    2,12 милијарди години
    rnrn
    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
    3,75 милијарди години
    rnrn
    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
    3,84 милијарди години
    rnrn
    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
    3,91 милијарди години
    rnrn
    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
    4,15 милијарди години
    rnrn
    Промените на ноќното небо во наредните 7 милијарди години
    7 милијарди години

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови

    Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови

    Помина и последната можност за овој век за набљудување на еден прекрасен астрономски настан. На 5-6 јуни, 2012 (во зависност од вашата локација), Венера на само еден ден беше видлива со голо око од Земјата. Набљудувачите можеа да ја забележат како мала црна точка која поминува пред Сонцето.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиТранзитите на Венера се многу ретки, тие се појавуваат на неколку стотици години. Од 2000 година п.н.е, па сè до денес имало вкупно 53 од кои по појавата на првиот телескоп во 1608 година, само 6 биле набљудувани од страна на луѓето. Овие ретки фасцинантни настани се случуваат во парови, од кои овој пат првиот транзит беше на 8 јуни 2004. Следната можност ќе биде дури на 10-11 декември, 2117 година.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиЏеремаја Хорокс и Вилијам Крабтри, двајца млади астрономи од Англија ги евидентирале првите опсервации на транзитот во 1639 година. Во 1769 година, група на научници ги употребиле сите записи низ светот за овој настан за да ја искалкулираат оддалеченоста на Земјата од Сонцето и на тој начин ја утврдиле точната големина на сончевиот систем.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови rn
    rn

    „Низ историјата, астрономите на многу креативен начин ги употребувале овие случајности на природата како можности за учење на нешто ново за универзумот,“ вели научничката Натали Батала. Овој пат, научниците транзитот го употребиле за откривање на планети надвор од нашиот сончев систем.

    rnФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови„Solar Dynamics Observatory“ – летало наменето за истражување на Сонцето, стои позади оваа низа на фотографии кои се снимени на неколку бранови должини, од екстремна ултравиолетова светлина до мал дел од видливиот спектар.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиДоколку не успеавте да го проследите овој настан, погледнете го и ова видео кое ќе ви долови мал дел од специфичноста и уникатноста на кратката „прошетка“ на Венера по нашето небо…rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрономски доживувања во 2012

    Астрономски доживувања во 2012

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОваа година ќе имате причина често да гледате во небото и да се воодушевувате од небесната глетка. Доколку сте во можност, не заборавајте ги овие датуми и периоди од годината и уживајте во природните феномени на небесните тела во 2012.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јануари: метеорски дожд „Квадрантиди“

    rnВечерва метеорскиот дожд „Квадрантиди“ го достигнува својот врв во североисточна Америка. Тој е меѓу најсилните метеорски дождови. Зависно од каде набљудувате, за еден час можат да се видат до 100 метеори. Најдобрите шанси да се ужива во оваа глетка се во 3 часот наутро, кога небото ќе биде најтемно. Тогаш најубаво ќе можат да се видат сино обоените метеори. Квадрантиди е единствениот метеор кој носи име по непостоечко соѕвездие. Созѕвездието по кое бил именуван не постои од 1922 година.Астрономски доживувања во 2012rn

    Од 20 февруари до 12 март: појавата на Меркур

    rnВо февруари и март, најскриената планета Меркур ќе може да се види со голо око. Планетата во овие дваесетина дена ќе се движи далеку од сјајот на Сонцето, заради кој во останатиот период од годината, таа е практично невидлива. Најдобра за набљудување ќе биде 20 минути по зајдисонце или пред изгрејсонце. Појавата на оваа планета ќе биде надополнета со сјајните Венера и Јупитер, кои исто така, ќе бидат видливи на западната страна од небото, во истиот период. На 5 март планетата ќе биде најдалеку од Сонцето и највидлива. За да ја набљудувате, доволен ќе ви биде само еден обичен двоглед. Во останатиот период од годината, Меркур не може да се набљудува, бидејќи е преблиску до Сонцето во однос на нашата планета.Астрономски доживувања во 2012rn

    3 март: Марс во опозиција

    rnНа 3 март, таканаречената црвена планета ќе биде најблиску до Земјата, односно ќе биде оддалечена 100.744.934 километри и комплетно ќе биде осветлена од Сонцето. Ова е одличен ден за набљудување и фотографирање на Марс. Во ова астрономско доживување ќе можете да уживате преку целата ноќ. Во август 2003 година, Марс била уште поблиску до Земјата, односно на околу 50.000.000 километри оддалеченост.Астрономски доживувања во 2012rn

    13-14 март: заеднички настап на Венера и Јупитер

    rnВенера и Јупитер тогаш ќе бидат најблиску една до друга или на околу 3 степени оддалеченост. Двете најсветли планети, по залезот на Сонцето ќе направат преубава небесна глетка, во која ќе уживате со голо око. После овој датум тие ќе почнат полека да се разделуваат. На 25 и 26 март небесната сцена ќе ја надополни месечевата светлина, со што глетката ќе стане уште поубава.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 и 6 мај: метеорски дожд „Аквариди“ и полна месечина

    rnВо овие два дена ќе се случи метеорскиот рој „Аквариди“. Тоа е слаб метеорски дожд, со максимум 10 метеори на час. На 6 мај очекувајте ја и најголемата полна месечина во 2012 година. Таа уште толку ќе ја намали видливоста на метеорите, но оние најсјајните кои ќе дојдат од правец на соѕвездието Водолија, сепак, ќе можат да се видат. Веднаш по полноќ, свртете се кон исток и набљудувајте ја оваа несекојдневна појава.Астрономски доживувања во 2012rn

    20 мај: Ануларна соларна еклипса

    rnНа овој датум ќе може да се види затемнувањето на Сонцето. Патеката ќе започне од источна Кина, преку јужна и централна Јапонија, Тихиот Океан, Западна Америка. Делумно, затемнувањето ќе може да се види и во Источна Азија и Северна Америка. Дискот на Месечината ќе биде помал, со што околу неа ќе се појави огнен сончев прстен.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јуни: делумно затемнување на Месечината и полна Месечина

    rnВо 12:12 часот, ќе се појави полна Месечина, а ќе следи и нејзино делумно затемнување, кое ќе биде видливо во Азија, Америка, Австралија и на Тихиот океан.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 јуни: транзит на Венера преку Сонцето

    rnОва е еден од најретките астрономски настани, поретки дури и од враќањето на Халеевата комета, која се појавува на секои 76 години. Досега биле забележани само 6 транзити на Венера. Овој транзит ќе биде целосно видлив во голем дел од Источна Азија, Алјаска и Источна Австралија. Во текот на изгрејсонцето, тој ќе може да се види и во Источна Африка, Западна Азија и низ цела Европа, што значи и кај нас. Делумно ќе можат да го погледнат и во добар дел од САД, за време на зајдисонцето. Следниот транзит на планетата треба да се случи дури во 2117 година. Кога Венера е во транзит низ сончевиот диск, на неа се појавува мала црна дамка од Сонцето, но доволно голема да се види со голо око. Потенцијалните набљудувачи, за да ја видат силуетата на Венера, ќе треба да преземат посебни мерки на претпазливост, исто како и за затемнувањето на Сонцето.Астрономски доживувања во 2012rn

    12 и 13 август: метеорски рој „Персеиди“

    rnПерсеидите се меѓу поголемите метеорски дождови. Нивниот максимум е 90 метеори на час. Месечината во овој период ќе биде високо на небото, па на набљудувачите ќе им предизвика мала непријатност, со тоа што ќе им ја намали видливоста. Но, тоа сепак, ќе биде незначително. Затоа, свртете го погледот кон североисток, застанете на некоја темна локација, далеку од населените осветлени места и уживајте во метеорскиот дожд. Помали метеорски дождови од овој вид ќе може да се забележат и во периодот од 23 јули до 12 август.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 ноември: целосно затемнување на Сонцето

    rn

    Но, ова ќе биде видливо само на Јужниот Пацифик и во делови од Северна Австралија. Практично целата патека е над вода. Делумно ќе можат да го набљудуваат во источна Австралија и Нов зеланд. Првото комплетно затемнување на Сонцето е регистрирано во јули 2010 година. На овој датум во 23.08 часот ќе се појави и млада месечина.Астрономски доживувања во 2012

    rnrn

    3 декември: Јупитер во опозиција

    rnНа 3 декември најголемата планета Јупитер ќе биде во опозиција, односно најблиску до Земјата. Ќе биде во целост осветлена од страна на Сонцето и ќе може да се набљудува со голо око. Слободно изберете локација и со себе понесете фотоапарат.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 и 14 декември: метеорски дожд „Близнаци“

    rnТој ќе биде најинтересниот метеорски дожд годинава. Неговиот максимум е 120 метеори на час. Вечерта на 13 декември, ќе започне да доаѓа од над источниот хоризонт, од правецот на соѕвездието „Близнаци“ и ќе паѓа цела ноќ. Но, најдобро е да се набљудува по полноќ. Ќе има млада месечина, односно небото ќе биде темно, а метеорскиот дожд поволен за набљудување. Мал број метеори ќе бидат видливи и една недела пред 13-ти, како и пет дена после 14 декември.Астрономски доживувања во 2012rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавувајќи се со месечината

    Забавувајќи се со месечината

    Лорент Лавандер е професионален астро-фотограф и новинар кој се занимава со теми поврзани со астрономијата. Неговите прекрасни фотографии досега се имаат појавено на веб-сајтот на „НАСА“, како и во многу познати интернационални списанија за астрономија.rnrnЗабавувајќи се со месечинатаrnrnБлагодарение на неговата љубов кон астрономијата и дигиталната фотографија, Лорент ја создал оваа серија наречена „Игри со месечината“ (Moon Games). Фотографиите ги правел на плажа, која се наоѓала во близина на неговата куќа во Франција. Овие фотографии ги направил најмногу благодарение на неговата девојка Сабин, која е субјектот во повеќето фотографии.rnrnЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаЗабавувајќи се со месечинатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небо

    Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небо

    Што би правеле доколку сте мало девојче со огромна љубов кон астрономијата, но живеете во свет без ѕвезди? Веројатно би имале голема надеж и редовно би ја следеле ситуацијата во неуморно очекување на некаков знак на промена. Ова е тема на приказната во симпатичниот краток анимиран филм „Осветлување“ (Light Up).Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небоВо животот често треба да бидеме упорни, да не се откажуваме и да веруваме во она што сакаме да ни се случи, дури и кога постојат сосема бледи знаци за тоа да се оствари. Но, ако се оствари, може да ни го промени животот засекогаш.rnrnФилмот е креиран од двајца студенти од Белгија.rn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn