КАФЕ ПАУЗА

Tag: астрономија

  • Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Оваа година ветете си дека повеќе време ќе излегувате надвор и ќе погледнувате кон ноќното небо. Без разлика дали сте астроном или пак, само љубител на небесните настани, оваа година навистина ќе има што да се види. Сите овие настани можат да се гледаат со голо око, но секако подобро би можеле да ги доживеете со телескоп или добар двоглед. Погледнете што нè очекува оваа година на ноќното небо на Северната хемисфера…rnrnВодич за набљудување на ноќното небо во 2015 годинаrn

    Јануари

    rnДожд од метеори „Quadrantids“ – Овој настан трае од 1-ви до 5-ти (со најголем интензитет од 3-ти до 4-ти) и е првиот видлив метеорски дожд за годината. Тој ќе биде видлив ширум целото небо, со по околу 40 метеори во еден час, но поради полната Месечина ќе можете да ги видите само оние кои се најсјајни.rn

    Февруари

    rnЈупитер во опозиција – 6-ти февруари е најдобриот ден за набљудување на Јупитер, бидејќи тогаш тој е најблиску до Земјата и целосно ќе ја одбива светлината од Сонцето. Со помош на двоглед или телескоп, лесно ќе можете да ги видите неговите најголеми месечини: Ио, Европа, Ганимед и Калисто.rnrnСпојување на Венера и Марс – Веднаш по зајдисонцето, на 22-ри февруари, Венера и Марс ќе изгледаат многу блиску еден до друг на западното небо.rn

    Март

    rnЗатемнување на Сонцето – На 20-ти март ќе има тотална соларна еклипса каде што короната на Сонцето ќе биде видлива околу Месечината. Најдобриот начин да се следи овој настан е од Атлантскиот океан во близина на Гренланд, како и од северните делови на Сибир, но и оние кои живеат во Европа, Северна Африка и Западна Азија ќе можат да проследат делумна еклипса.rn

    Април

    rnДожд од метеори „Lyrids“ – Овој метеорски дожд ќе биде видлив помеѓу 16-ти и 25-ти (во најголем интензитет помеѓу 22-ри и 23-ти), со по 20-тина метеори на час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, откако ќе зајде Месечината.rn

    Мај

    rnДожд од метеори „Eta Aquarids“ – Овој дожд е составен од остатоците од познатата Халеева комета. Долготрајниот дожд ќе биде видлив од 19-ти април до 28-ми мај, но најмногу ќе се забележува на 5-ти мај, со по 30-тина метеори на час. За жал, полната Месечина ќе ги прикрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни.rnrnСатурн во опозиција – 23-ти мај е најдобрата ноќ за набљудување на Сатурн кој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Со среден телескоп (13-20 сантиметри) ќе можете да уживате во Сатурновите прстени како и во дел од неговите најсветли месечини.rn

    Јули

    rnДожд од метеори „Delta Aquarids“ – И покрај тоа што овој настан трае од 12-ти јули до 23-ти август, сепак најдобро време за набљудување е од 28-ми до 29-ти јули. Обично се забележуваат околу 20-тина метеори на час, но повторно ќе се вмеша полната Месечина која ќе ги „избрише“ сите метеори кои не се доволно сјајни.rn

    Август

    rnДожд од метеори „Perseids“ – Персеидите се едни од најомилените настани за љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 17-ти јули до 24-ти август, но во својот врв, на 12-ти август се забележуваат и до 60 метеори на час. Оваа година се очекува да ни приредат прекрасно шоу бидејќи Месечината нема да го осветлува небото.rn

    Септември

    rnНептун во опозиција – 1-ви септември е најдобриот ден за набљудување на Нептун бидејќи тогаш тој ќе се наоѓа најблизу до Земјата. Искусните астрономи со моќни телескопи ќе имаат можност детално да ја набљудуваат 8-тата планета, додека пак аматерите ќе можат да ја забележат само како сина точка на ноќното небото.rnrnЗатемнување на Сонцето – На 28-ми септември ќе заврши тетрадата од тотални лунарни еклипси во 2014/2015 година. Ова затемнување на Сонцето ќе трае повеќе од половина час и ќе биде видливо за оние кои живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Африка и дел од Азија. Еклипсата нема да биде видлива од Австралија.rn

    Октомври

    rnДожд од метеори „Draconids“ – Со траење од 6-ти до 10-ти октомври, со најголем интензитет на 8-ми, Драконидите ни нудат само 10-тина метеори во текот на еден час. Нивната видливост дополнително се намалува и со влијанието на Месечината, па оваа година нема да бидат многу забележливи.rnrnУран во опозиција – 11-ти октомври е најдобрата ноќ за набљудување на Уран бидејќи тој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Само оние со моќна опрема ќе можат да ги набљудуваат неговите детали, додека пак останатите ќе го гледаат само како мала тиркизна точка.rnrnДожд од метеори „Orionids“ – И овој дожд е составен од остатоците на Халеевата комета. Тој на ноќното небо ќе се протега од 2-ри октомври до 7-ти ноември, но најмногу ќе се забележува на 22-ри со по 20 метеори на час. Месечината ќе зајде пред полноќ, па небото ќе биде одлично за набљудување дури и на најситните метеори.rnrnСпојување на Венера и Јуптер – Овие две планети се најсјајните планети на нашето небо. Тие на 26-ти октомври ќе се најдат многу блиску еднА до друга, а тоа најдобро можете да го проследите пред изгрејсонцето, гледајќи го источното небо.rnrnСпојување на Венера, Марс и Јупитер – Како дополнување на претходниот настан, на 28-ми на овие две планети ќе им се придружи и Марс, притоа создавајќи планетарен триаголник. Најдоброто време за набљудување е исто така пред изгрејсонцето, гледајќи во источното небо.rn

    Ноември

    rnДожд од метеори „Taurids“ – Овој настан трае екстремно долго, започнувајќи од 7-ми септември, па сè до 10-ти декември. Тој не е многу забележлив, па токму затоа за време на својот најголем интензитет на 5-ти ноември, ќе се одликува со само 5-10 метеори на час. Неговата сјајност дополнително ќе биде отежната од Месечината.rnrnДожд од метеори „Leonids“– Леонидите траат од 6-ти до 30-ти ноември, со најголем интензитет на 17-ти кога во утринските часови ќе бидат видливи околу 15-тина метеори во текот на еден час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, по заоѓањето на Месечината. Во 2001 година Леонидите направија спектакуларно шоу на небото, со илјадници метеори на час, но следниот ваков интензивен настан би требало да се случи повторно во 2034 година.rn

    Декември

    rnСпојување на Месечината и Венера – Нашата Месечина и Венера ќе изгледаат скоро како да се допрени вечерта на 7-ми декември. Набљудувајте го источното небо, пред изгрејсонце…rnrnДожд од метеори „Geminids“ – Геминидите се едни од најомилените дождови од метеори на љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 7-ми до 17-ти декември, но нивниот највисок интензитет ќе биде вечерта на 13-ти и раните утрински часови на 14-ти со околу 120 метеори на час. Метеорите ќе изгледаат во различни бои, па токму тоа ќе биде дополнителен бонус за овој прекрасен небесен спектакл. Најдоброто време за набљудување е по полноќ, веднаш по заоѓањето на Месечината.rnrnДожд од метеори „Ursids“ – Последниот дожд од метеори за оваа година трае од 17-ти до 25-ти декември, со најголем интензитет на 22-ри (10-тина метеори на час). За жал, Месечината ќе ги скрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

    Фотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

    Сте се запрашале ли некогаш колку е навистина голем универзумот? Погледнете ги овие фотографии кои ќе ве остават без зборови и кои ќе ве натераат да се замислите за вашето место во овој бескраен простор…rn

    1. Ова е планетата Земја. Вие живеете тука.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    2. Ова е вашето место во соседството, во Сончевиот систем.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    3. Ова е оддалеченоста помеѓу Земјата и Месечината. Не изгледа премногу далеку нели?

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    4. Размислете повторно! Помеѓу Земјата и Месечината може удобно да ги собере сите планети од нашиот Сончев систем.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    5. Но, ајде да зборуваме малку за планетите. Таа малата зелена дамка е Северна Америка на Јупитер.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    6. А ова е големината на Земјата (поточно, на 6 Земји) во споредба со Сатурн.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    7. И само за споредба, еве како би изгледале Сатурновите прстени доколку беа околу Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    8. Ова што го гледате на оваа фотографија е комета. Неодамна научниците успеаја да слетаат сонда на една од овие лоши девојки. Погледнете како една комета изгледа во споредба со Лос Анџелес.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    9. Но, тоа не е ништо во споредба со нашето сонце. Погледнете!

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    10. Еве сте вие од Месечината:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    11. Еве сте вие од Марс:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    12. Еве сте вие позади Сатурновите прстени:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    13. Eве сте и позади Нептун, на околу 6 милијарди километри оддалеченост:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    14. Да направиме еден чекор наназад. Погледнете ја големината на Земјата во споредба со нашето Сонце. Изгледа застрашувачки, се согласувате?

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    15. И еве ја истата таа фотографија од површината на Марс:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    16. Но, тоа не е ништо. Како што Карл Саган еднаш кажал, постојат повеќе ѕвезди во вселената отколку што има зрна песок на сите плажи на Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    17. Тоа значи дека постојат ѕвезди кои се многу, многу поголеми од нашето мало Сонце. Погледнете колку мало и незначајно изгледа тоа во споредба со оваа ѕвезда:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    18. Еве уште еден поглед. Најголемата ѕвезда, „VY Canis Majoris“, е околу 1.000.000.000 пати поголема од нашето Сонце.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    19. Но, ниту една од овие ѕвезди не може ни да се спореди со големината на една галаксија. Всушност доколку го смалите Сонцето со големина на бело крвно зрнце и ако го смалите Млечниот пат според истите пропорции, тој ќе биде голем колку Америка.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    20. Галаксијата Млечен пат е огромна! Вие живеете тука:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    21. Но, на ноќното небо можете да ги видите само овој мал број ѕвезди:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    22. Дури и нашата галаксија е мала во споредба со некои други. Погледнете го Млечниот пат во споредба со „IC 1011“, која се наоѓа на оддалеченост од 350 милиони светлосни години од Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    23. Но, ајде да размислуваме малку пошироко. На оваа фотографија направена од страна на телескопот Хабл, постојат илјадници и илјадници галаксии, а во секоја од нив милиони ѕвезди со свои сопствени планети.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    24. Еве една од галаксиите кои можат да се видат на таа фотографија. „UDF 4230“ е околу 10 милијарди светлосни години оддалечена. Кога ја гледате оваа фотографија, вие всушност гледате милијарди години во минатото.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    25. Имајте на ум дека фотографијата од Хабл е направена од многу, многу мал дел од универзумот. Таа опфаќа еден незначаен дел од ноќното небо.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    26. Токму затоа слободно можеме да претпоставиме дека има и црни дупки таму некаде. Погледнете ја застрашувачката големина на една црна дупка во споредба со орбитата на Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Ако некогаш се чувствувате лошо поради тоа што ја откажале вашата омилена ТВ серија или поради фактот дека некој почнал да пушта новогодишна музика прерано, само потсетете се на ова…

    rn

    Ова е вашиот дом.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И ова се случува кога ќе почнете да се оддалечувате од вашиот дом.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Ова се случува доколку продолжите да се оддалечувате…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И уште подалеку…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Продолжете…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Уште малку подалеку….

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Уште малку и пристигнавме…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И еве, ова е тоа што сè наоѓа во универзумот кој може да биде набљудуван. Тука е вашето место. Вие сте како една мала мравка во огромна тегла.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

  • Најголемите ѕвездени мистерии

    Најголемите ѕвездени мистерии

    За многу љубители на астрономијата, ноќното небо претставува неверојатен океан од мистерии. Но, она што можеме да го видиме со нашите сопствени очи не ни покажува ниту еден процент од извонредните чудесии кои се случуваат ширум универзумот. Започнувајќи од стеларен огномет, па сè до супернова експлозии и невидливи црни дупки, астрономите секојдневно се обидуваат да откријат како функционираат прекрасните ѕвезди и што е тоа што прави секоја од нивниот вид да биде толку уникатна.rnrnНајголемите ѕвездени мистерииrn

    1. Сончеви зраци

    rnАтмосферата на Сонцето или короната, може да достигне топлина и до 2 милиони степени и без предупредување да исфрли високоенергетски честички со брзина приближна на брзината на светлината. Наречени соларни експлозии, овие честички удираат во магнетното поле на Земјата од каде што можат да влијаат врз комуникациската и сателитската технологија, електронските направи, па дури и мобилните телефони. Најголемата соларна експлозија може да исфрли енергија колку милиони хидрогенски бомби. И покрај тоа што астрономите се на самиот почеток во разбирањето на Сонцето и начинот на кој тоа функционира, секојдневно го истражуваат со цел да можат да ги предвидат овие соларни експлозии.rn

    2. Осамени ѕвезди

    rnПорано се сметало дека ѕвездите се самотници, но денес астрономите предвидуваат дека повеќе од 85% од ѕвездите во Млечниот пат се наоѓаат во системи со повеќе ѕвезди. Половина од нив се бинарни системи составени од две ѕвезди кои се поврзани со нивната заедничка гравитација. Во 2005 година, астрономите докажале дека и овие системи имаат планети.rn

    3. Ѕвездени кластери

    rnЅвездените кластери се составени од многу ѕвезди кои се развиле во исто време. Некои од нив содржат помалку од 100 ѕвезди, додека пак други бројат и над милион ѕвезди. Оние кои се во наша близина, како познатите Плејади во соѕвездието Бик, можат да бидат набљудувани и со голо око. Научниците сè уште не можат да разберат на кој начин ѕвездите кои се формираат во ист регион остануваат заедно и толку блиску едни покрај други.rn

    4. Дијаманти на небото

    rnКога една ѕвезда со големина на Сонцето ќе го потроши своето нуклеарно гориво, таа го исфрла поголемиот дел од својата надворешност и останува само со своето жешко јадро. Во оваа фаза ѕвездата го добива името бело џуџе. Научниците веруваат дека во центарот од 50-километарската цврста обвивка на оваа ѕвезда се наоѓаат кристализирани јаглерод и кислород, слични на дијамантите кои можат да се најдат на Земјата. Во 2004 година, група научници го потврдиле ова верување кога пронашле бело џуџе во близина на соѕвездието Кентаур, BPM 37093, кое било целосно направено од кристализирн јаглерод, со тежина од 3 милиони трилиони трилиони килограми. Од гледна точка на дијамантите, тоа е 10 милијарди трилиони трилиони карати.rn

    5. Спектакуларни експлозии

    rnЗастрашувачката експлозија на ѕвездата испраќа бранови енергија со брзина од 35 километри на час. Крајот на животот на некои ѕвезди знае да биде навистина спектакуларен настан. Кога ѕвезда која е 8 пати поголема од Сонцето ќе го потроши своето гориво, гравитацијата се насочува кон внатре и целосно ја растргнува ѕвездата. Ова се нарекува супернова. Експлозијата исфрла огромна енергија и честички во вселената.rn

    6. Неутронски ѕвезди

    rnНеутронската ѕвезда настанува од супернова експлозија, која е компресирана во јадрото на ѕвезда која умира и има маса многу поголема од онаа на Сонцето, и покрај тоа што нејзиниот дијаметар е со големина на мал град. На чекор пред настанување црна дупка, неутронските ѕвезди се најгустите објекти во универзумот. Само една лажичка од нејзината маса би тежела милијарди тони на Земјата. Во 2005 година, научници од НАСА го откриле изворот на експлозиите од гама зраци кои зрачеле со светлина како 100.000 трилиони сонца и ја решиле 35-годишната мистерија. Кога 2 неутронски ѕвезди ќе се судрат со брзина од десетици илјадници километри во секунда, тие емитуваа огномет од гама зраци.rn

    7. Магнетари

    rnМагнетарите се густи неутронски ѕвезди, еден вид стеларни трупови, со магнетни полиња кои се милијарди пати посилни од магнетното поле на Земјата. Тие испуштаат рендгенски зраци на секои 10 секунди со повремени изливи на гама зраци. Интересно е што овие ѕвезди не биле класификувани како посебен вид сè до 1998 години, дури 2 декади по нивното откривање во март, 1979 година, кога 9 вселенски летала набљудувале излив на радијација од остатоците од суперновата наречена N49, која била со енергија која на нашето Сонце би му требало 1.000 години да ја создаде.rn

    8. Стеларни земјотреси

    rnСтеларниот земјотрес настанува кога се растргнува површината на неутронската ѕвезда, на истиот начин како земјотресите кои настануваат на Земјата. Во 1999 година, астрономите ги идентификувале овие земјотреси со помош на изливите предизвикани од гама и рендген зраци кои доаѓаат од неутронските ѕвезди. Но, предвидувањето на овие моќни удари сè уште е мистерија. Неодамна, Џон Мидлдич од Националната лабораторија Лос Аламос со своите колеги откриле дека кај специфичните видови неутронски ѕвезди, кои се нарекуваат пулсари, времето на следниот земјотрес е пропорционално со големината на последниот.rn

    9. Ѕвездени радио сигнали

    rnНова класа на ѕвезди кои се нарекуваат „ротирачки радио променливи“ се масивно компресирани неутронски ѕвезди кои одвреме-навреме испраќаат радио бранови кои траат и по само неколку милисекунди, a потоа се проследени со темни дупки кои траат и до 3 часа. Не само што овие сигнали се многу краткотрајни, туку се мешаат и со радио сигналите од Земјата и токму затоа е многу тешко да се издвојат.rn

    10. Црни дупки

    rnЦрните дупки се толку густи што едноставно ништо не може да избега од нивната гравитациска „мрежа“. Откако ќе се надмине хоризонтот на настани или границата позади која дури ни светлината не може да избега, нема враќање назад. Денес, астрономите имаат цврсти докази дека црните дупки навистина постојат и дека тие се настанати од смртта на масивните ѕвезди. Но, она што е најневеројатно е постоењето на супермасивните црни дупки кои се наоѓаат во центарот на скоро сите галаксии и кои тежат колку милиони сонца.

  • Спектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на Универзумот

    Спектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на Универзумот

    Мистериозната убавина на Универзумот над нас може да се види само во одредени услови и на одредени места до кои ретко кој од нас има пристап. Но, астрофотографот Николас Буер имал среќа да го најде вистинското место од каде што Универзумот се открива себеси во целиот свој сјај.rnrnСпектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на УниверзумотrnrnПреку своите леќи, Буер го приближува своето искуство до гледачите. Тој прави слики од фасцинантен свет на неизмерна бескрајност која исчезнува кога сонцето ќе се појави. Неговата огромна колекција на фотографии е преполна со живи бои и брилијантни светла кои се расфрлани насекаде ширум небото. Со многу трпеливост и долга експозиција, Буер успеал да ја долови суштината на секое од овие места. Неговите фотографии се во хармонија со околината и гледачите можат дури и да го почувствуваат мирот и тишината во нив.rn
    rn

    „Набљудувањето на ноќното небо отсекогаш ме исполнувало со чувство на чудење. По напредокот на DSLR технологијата имав можност да го сликам ноќното небо на начини на кои претходно мислев дека се невозможни и откако ја направив мојата прва успешна фотографија од Млечниот пат, едноставно се заразив,“ вели Буер.

    rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Midnight Planétarium“ е неверојатен изум кој прецизно следи 6 планети од нашиот Сончев систем во нивниот пат околу Сонцето. Овој часовник е дизајниран од страна на Ван Клиф & Арпелс во соработка со Кристијан ван дер Клаув. По 3-годишна макотрпна работа, часовникот за првпат бил претставен во јавноста на годишниот настан „Salon International de la Haute Horlogerie“ кој се одржува во Женева. Самиот часовник се состои од 396 делови и ги вклучува 6-те најблиски планети од нашиот Сончев систем кружејќи околу Сонцето.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrnНо, зошто не се вклучени и Уран и Нептун? Бидејќи вие ретко кога би го гледале нивното движење. На Уран му се потребни 84 години за да ја заврши својата орбита, а на Нептун неверојатни 164 години. Што се однесува до планетите кои го пронашле своето место во овој часовник, тие целосна ротација прават за:rn

      rn011

    • Меркур: 88 денови
    • rn011

    • Венера: 224 денови
    • rn011

    • Земја: 365 денови
    • rn011

    • Марс: 687 денови
    • rn011

    • Јупитер: 12 години
    • rn011

    • Сатурн: 29 години
    • rn

    rnСекоја од планетите е претставена од драгоцени и полудрагоцени камења, движејќи се од црвен јаспис, па сѐ до тиркиз. Овој часовник исто така содржи и „среќен ден“, можност сопственикот да одбере еден ден во годината како негов среќен ден во кој Земјата ќе падне под нацртаната ѕвезда на кристалот од часовникот. Цената на овој иновативен часовник изнесува неверојатни 245.000 долари.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година

    Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година

    На 23 јуни 2013 година, во точно 3 часот и 32 минути по полноќ, полната Месечината беше најблиску до Земјата во текот на оваа година и на ноќното небо изгледаше многу поголема од вообичаено. Астрономите овој вид полна Месечина ја нарекуваат перигеј полна Месечина. Зборот перигеј ја означува најблиската точка на Месечината до Земјата во текот на еден месец. Нејзиниот нареден близок помин ќе биде на 10 август 2014 година. Погледнете дел од најубавите и најинтересните фотографии направени од овогодишната Супермесечина.Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Што ако планетите беа на местото на Месечината?

    Што ако планетите беа на местото на Месечината?

    Вселенскиот ентузијаст, артист и писател Рон Милер се запрашал како би изгледало ноќното небо доколку Месечината се земени со некоја од планетите во Сончевиот систем.rnrn

    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Реален поглед кон месечината
    rnrnНеговата колекција од манипулирани фотографии ги опфаќа релативно малиот Меркур, па сè до огромниот Јупитер, поставени во оригинална големина на местото на Месечината. Тој ја земал предвид и оддалеченоста од Месечината до Земјата (која изнесува отприлика 390.000 километри).rnrn
    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Меркур
    rnrnСеријата фотографии на Милер содржи нормален поглед кон месечината на ноќното небо и 7 дополнителни фотографии, по една за секоја планета. Во својата креативна потрага целосно да ја долови својата спектакуларна визија, Милер го занемарува своето знаење за составот на атмосферата и им дозволува на сите планети да ги задржат своите карактеристики и бои.rnrn
    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Марс
    rn
    rn

    Артистот вели: „Да ја земеме за пример топлата планета Венера. Ние се преправаме, секако, дека таа би ги задржала истите атмосферски карактеристики доколку би се наоѓала во истата орбита како и Земјата“.

    rnПоради својот креативен избор да се фокусира целосно на визуелните карактеристики при заменувањето на Месечината со планета, фотографиите претставуваат надреален поглед на ноќното небо. Но, доколку тие навистина би се наоѓале на таа оддалеченост од Земјата, нивниот состав, изглед и бои би биле сосема различни…rnrn

    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Венера
    rnrn
    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Нептун
    rnrn
    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Уран
    rnrn
    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Сатурн
    rnrn
    Што ако планетите беа на местото на Месечината?
    Јупитер

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Фотографии од Сонцето кои ќе ве заслепат

    Фотографии од Сонцето кои ќе ве заслепат

    Фотографот Алан Фридман открил начин како да го фотографира Сонцето така што да можеме да го набљудуваме директно во неговата заслепувачка светлина без да си ги повредиме очите. Преку ден работи како дизајнер на честитки, но овој фотограф ги поминува своите ноќи истражувајќи ја својата страст за астрономијата и набљудувајќи ги ѕвездите преку телескоп во неговиот двор.rnrnФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатrnrnТој ги прави овие фотографии од Сонцето така што употребува специјален филтер на предниот дел од мал телескоп во комбинација со веб-камера која ја поставува одзади. Така телескопот служи како моќна леќа со која камерата снима од 15 до 120 кадри во секунда.rn
    rn

    Фридман вели, „Повеќето кадри се неупотребливи, изобличени од топлината која доаѓа од крововите и асфалтот. Но, мал дел од нив секогаш се добри. Јас го проверувам видеото кадар по кадар за да ги пронајдам овие моменти на ‘добар поглед’. Потоа овие кадри со висок квалитет се претвораат во сиров материјал за моите фотографии.“

    rn Фотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатrnrnТој комбинира илјадници кадри во една финална фотографија, каде што е елиминиран поголемиот дел од матниот ефект кој се појавува поради големата оддалеченост. Резултатите се овие незамисливо детални фотографии. Фридман го смета своето портфолио како „соларен дневник, портрети на моменти од животот на нашата локална ѕвезда“. Тој има посветено голем дел од неговото време за да ја документира оваа постојано променлива соларна атмосфера и да ја доведува светлината од Месечината, Сонцето, планетите и ѕвездите поблиску до Земјата за да можеме да ги истражуваме и ние со нашите очи.rnrnФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепат
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спектакуларни ѕвездени експлозии

    Спектакуларни ѕвездени експлозии

    Суперновата е една од најмоќните ѕвездени експлозии. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од радијација која најчесто ја засенува целата галаксија. Потоа, во наредните неколку недели или месеци, нејзината светлина постепено се намалува.rnrnЗа време на овој краток интервал, суперновата може да создаде онолку енергија колку што емитува сонцето во текот на целиот негов животен век. Со експлозијата се исфрлаат голем дел од ѕвездените материи со брзини и до 30.000 км/ч (околу 10% од брзината на светлината) и на тој начин се создава ударен бран кој формира обвивка од гасови и прашина околу ѕвездата. Погледнете ги наредниве неколку фотографии од најспектакуларните остатоци од супернова досега забележани.rnrnСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииСпектакуларни ѕвездени експлозииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое е најстуденото место во универзумот?

    Кое е најстуденото место во универзумот?

    Дефинитивно не е Северниот Пол, ако помисливте на тоа. 🙂 Најстуденото место кое досега е познато се наоѓа во маглината Бумеранг. Таа се наоѓа во соѕвездието Кентаур на 5.000 светлосни години од Земјата. Станува збор за планетарна маглина која се формирала околу сјајна, централна ѕвезда која исфрла гасови во последните фази од својот живот.Кое е најстуденото место во Универзумот?Маглината Бумеранг е едно од најчудните места во универзумот. Во 1995 година астрономите Сахаи и Њајман откриле дека тоа е најстуденото место досега познато. Со температури од -272 степени Целзиусови, тоа е за само еден степен потопло од апсолутната нула (најниската долна граница на температурата). Дури и жарот од Биг Бенг е потопол од оваа маглина, тој изнесува -270 степени Целзиусови.rnrnИзгледот на машна на оваа маглина настанал поради силните ветрови кои достигнуваат и до неверојатни 500.000 км/ч, дувајќи ултрастудени гасови од ѕвездата во умирање. Астрономите велат дека ѕвездата губи по 1/1000 соларна маса годишно во период од 1.500 години. Бидејќи целиот процес се одвива околу 10-100 пати побрзо одошто кај другите слични објекти, тие сметаат дека огромните брзини со кои се шири оваа маглина е причината поради која таа е најстудениот регион во универзумот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.