КАФЕ ПАУЗА

Tag: артисти

  • Овие луѓе сакале да ги скријат нивните лузни и белези, па побарале помош од тату артистите

    Овие луѓе сакале да ги скријат нивните лузни и белези, па побарале помош од тату артистите

    Голем број луѓе имаат лузни или вродени белези коишто влијаат директно на нивната самодоверба. Некои од нив едноставно не можат да поднесат постојано да ги гледаат токму на тоа место каде што се, додека пак други, ги потсетуваат на трауматичен настан којшто би сакале да го заборават. Оние што се родиле со белег, не го побарале тоа, па ако е на видливо место, може постојано да им предизвикува стрес. Имајќи го сè ова на ум, постојат уникатно специјализирани експерти за прикривање на овие несакани обележја – тату артистите! Погледнете во продолжение како нивната креативност и неверојатна способност за цртање им помогнале на голем број луѓе да ги скријат дефектите на кожата и да зачекорат напред со повисока самодоверба.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Артисти кои се во музичката индустрија подолго отколку што мислите

    Артисти кои се во музичката индустрија подолго отколку што мислите

    Многу од познатите музичари не почнале како успешни соло изведувачи. Наместо тоа тие ги почнале кариерите пишувајќи песни за други изведувачи или како членови на групи. Погледнете 10 од најпоуларните артисти кои се на музичката сцена подолго отколку што мислите.rn

    1. Сиа

    rn(1)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnИако Сиа правела музика уште кога имала 17 години, таа почнала да го привлекува вниманието на јавноста во 2005 година, кога нејзината балада „Breathe Me“ се појави во серија на НВО. Дури во 2014 Сиа стана вистинска ѕвезда со хитот „Chandelier“. Песната стана интернационален хит и беше номинирана за Греми награда.rn

    2. Бруно Марс

    rn(2)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnПред да стане познат артист, Бруно работел како музички продуцент и пишувал песни за Адам Левин, Бренди, Фло Рида, Шон Кингстон… Тој почнал да се пробива откако ја извел песната „Billionaire“ што ја напишал за Тревис Мекој. Својот прв албум го објави во 2010 година.rn

    3. Лана Дел Реј

    rn(3)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnЛана почнала со пишување песни кога имала 18 години и првиот договор го потпишала во 2007 година. Албумот бил издаден во 2008 година, но сето завршило со неуспех. Работите се смениле кога таа прикачила неколку од нејзините песни на Јутјуб и сето останато е историја.rn

    4. Ни-Јо

    rn(4)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnНа почетокот тој бил дел од квартет кој се распаднал во 2000 година. Неговата кариера тргнала во нагорна линија дури во 2005 година со хитот „Let Me Love You“. Во 2006 година е издаден неговиот прв албум.rn

    5. Меган Трејнор

    rn(5)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnИако нам ни е позната по хитот „All About That Bass“, 20-годишната пејачка почнала со правење песни уште кога имала 13 години. На 18 години таа прв пат се потпишала како текстописец. Во 2011 го напишала и сама го објавила нејзиниот прв албум, „I’ll Sing With You“.rn

    6. Џеси Џеј

    rn(6)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnПејачката била дел од музичката индустрија долго пред објавувањето на нејзиниот прв албум во 2011. Таа била текстописец за ѕвездите како Крис Браун и Мајли Сајрус. Таа исто така била и членка на женски бенд кој го напуштила за да ја изгради соло кариерата.rn

    7. Рајан Тедер

    rn(7)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnФронтменот на One Republic има долга независна кариера како текстописец и продуцент, и тоа на ѕвезди како Џенфиер Лопез, Адел и Бијонсе. Тој учествувал во натпревар за текстописци и победил. Една година подоцна тој се здружува со Тимбаленд, и оттогаш е главниот вокал на бендот.rn

    8. Кеша

    rn(8)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnОваа ѕвезда била вклучена во музичката индустрија уште кога имала 18 години. Покрај тоа што пишувала текстови и песни за други артисти, почнала да се појавува како придружен вокал. Конечно, во 2009 година ѝ го привлекува вниманието на јавноста откако се појавува во хитот „Right Round“. Првиот албум го издава во 2010 година.rn

    9. Канје Вест

    rnTimes Square Goes (Red) with a Surprise World AIDS Day ConcertrnrnКанје ја почнал својата кариера кога имал 19 години, и тоа како продуцент. Неговиот успех го доживува дури во 2000 година кога добил големо признание за работењето на албумот на Џеј Зи, „The Blue-Print“. Првиот албум го издава во 2004 година.rn

    10. Лејди Гага

    rn(10)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mkrnrnОткако се откажала од факултетот, пејачката формирала рок бенд со некои пријатели. Кога успеала да потпише договор, таа пишувала песни за Бритни Спирс, Ферги и Pussycat Dolls. Во меѓувреме работела на својот прв албум кој беше издаден во 2008 и доста добро прифатен во целиот свет.rnrnСлушнете ги и овие популарни песни кои ќе ве вратат во 90-тите.

  • Артисти им даваат нов живот на детските цртежи со чудовишта со цел да ја поттикнат креативноста

    Артисти им даваат нов живот на детските цртежи со чудовишта со цел да ја поттикнат креативноста

    Проектот „Чудовиште“ цели кон помагање на малите деца да го сфатат потенцијалот на имагинацијата. Без никакви правила и ограничувања, од учениците во основно училиште се барало да нацртаат чудовиште. Како што тие ѝ дозволувале на својата имагинација да цвета, така и се поттикнувале да нацртаат сè што ќе им падне напамет. Откако ќе завршат со своите цртежи, тие се испраќаат до артисти ширум целиот свет за да ги претворат во 3Д илустрации, анимации и цртежи. По оваа трансформација, чудовиштата им се враќаат на децата со цел да можат да ја видат својата креативност оживеана, без да се плашат за оценки и осуди.rnrn(1) Артисти им даваат нов живот на детските цртежи со чудовишта со цел да ја поттикнат креативностаrn

    „Нашата визија е да им помогнеме на децата да ја препознаат моќта на нивната имагинација и да ги поттикнеме да го следат својот креативен потенцијал“, вели основачот на овој проект, Кејти Џонсон.

    rn

  • 13 поинакви начини на кои артистите ја покажуваат својата љубов

    13 поинакви начини на кои артистите ја покажуваат својата љубов

    Доколку сте во врска со артист, тогаш без сомнение веќе знаете дека тој или таа е многу поразлична личност од сите кои досега ги познавате. Артистите се уникатни, чувствителни и имаат неверојатна способност да ја прочитаат секоја ваша потреба. Но, како тие ја покажуваат својата љубов кон вас?rnrn13 поинакви начини на кои артистите ја покажуваат својата љубовrnrn1. Тие споделуваат сè што чувствуваат. Сè! Не постои човек кој има повеќе љубов во себе од креативна личност која ви дозволила влез во својот емоционален живот. Верувале или не, вие ќе ги чуете сите нивни чувства, вклучувајќи ги оние за утринското кафе.rnrn2. Тие прашуваат навидум непромислени, но реално многу лични прашања. Тие сакаат да се поврзат со вас на начин на кој никој претходно не успеал, па токму затоа и преку овие прашања ја тргаат вашата „маска“ и ги откриваат дури и најдлабоките делови од вас.rnrn3. Тие раскажуваат приказни. Тие го процесираат светот преку нарација. Раскажувањето приказни е начинот на кои тие комуницираат, особено со луѓето кои ги љубат. Она што многумина го сфаќаат како шега или метафора во нивното пишување, вие откривате дека е мината траума, голема битка или луди соништа. Вие ја добивате целата слика, не само дел од неа.rnrn4. Тие стануваат многу заштитнички настроени. Токму затоа и сакаат да ве одржуваат безбедни и настрана од сите очи кои судат. За артистите, менталната и емоционалната безбедност е сигурност, а тоа ќе ви го покажат преку убедувањето дека сте сакани.rnrn5. Тие набљудуваат сè. Не само што забележуваат ситници, како бојата на вашиот пешкир и потоа ги помнат, туку исто така и ги користат овие мали нешта со цел подобро да ве научат.rnrn6. Тие се обидуваат да ви помогнат да ги средите вашите проблеми. Артистите се природни исцелители. Нивната љубов за изразување скоро секогаш доаѓа со намерата да се чувствувате подобро или да ви помогнат. Тие нема да можат да спијат сè додека не знаат дека сте во ред.rnrn7. Тие почнуваат да читаат невидлив телесен говор и соодветно реагираат на него. Артистите се најдобрите љубовници бидејќи се исклучително свесни за вашите потреби, како и за оние нешта кои ве прават среќни.rnrn8. Тие почнуваат да разбираат како размислувате. Во умот на артистите, начинот на кој размислувате и го процесирате светот е клучно за откривање на личноста која навистина сте.rnrn9. Тие го прават вашиот заеднички живот романтичен. Тие сакаат да ви направат појадок во кревет, да ви постават свеќи додека читате и да прават неверојатни фотографии од вашите посебни моменти. На кратко, целата ваша врска станува еден голем уметнички проект за нив.rnrn10. Тие доживуваат несигурност. Кога станува збор за почетокот на врската, тие воопшто не се сигурни во себе и токму затоа се движат напред назад со цел да се обидат да откријат дали се на вистинскиот пат. Артистите се многу свесни за своите емоции и кога ќе идентификуваат точно што сакаат, тие ја губат несигурноста и целосно се впуштаат во љубовната врска.rnrn11. Тие ја споредуваат вашата врска со оние на филмските ликови. Животот е огледало на уметноста, нели?rnrn12. Тие ги споделуваат со вас оние нешта кои ги сакаат во својот живот. Првите нешта кои ќе ги дознаете за нив, настрана од очигледните, се оние кои ги сакаат. На овој начин тие почнуваат да откриваат колку сте вие компатибилни.rnrn13. Тие често глумат дека веќе живеете заедно во иднината со цел да откријат дали навистина ќе успеете. Артистите имаат навика да скокаат напред кога станува збор за љубовта и често се однесуваат како веќе да сте во иднината, со цел да откријат дали и вие сакате да бидете таму покрај нив.

  • Улиците како уметничко платно на Фестивалот за уметност со креда

    Улиците како уметничко платно на Фестивалот за уметност со креда

    Ако сте мислеле дека кредата не може да биде алатка за креирање на големи уметнички дела, вашето мислење потполно ќе се смени откако ќе ги погледнете овие фотографии од овогодишниот Фестивал за уметност со креда во Денвер.rnrn12.ulicite-kako-platno-za-festivalot-za-umetnost-so-kreda-kafepauza.mkrnrnФестивалот се одржал на 6-ти јуни и на него учествувале повеќе од 200 почетници, студенти и професионални артисти од целата држава. Со нивните прекрасни дизајни тие заедно ги претвориле улиците на Лаример Сквер во навистина убава глетка.rnrnИако овие цртежи нема да „преживеат“ долго на улиците, сепак добиваат можност да бидат забележани насекаде и да останат долгорочно архивирани благодарение на овие фотографии.rnrn

  • Скали заради кои ќе ви биде мило што нема лифт

    Скали заради кои ќе ви биде мило што нема лифт

    Уличната уметност сѐ повеќе добива третман на прекрасна и легитимна форма на уметност ширум светот. Но, артистите не остануваат само на ѕидните површини, улиците и тротоарите. Тие истражуваат нови места врз кои можат да ја изразат уметноста и притоа да придонесат за поубава околина за живеење.rnrn1.2-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrnrnВо селекцијата фотографии од најубавите колоритни скали во светот ќе видите паметни креации кои можеби не би можеле да ги забележите качувајќи се скала по скала, но ако ги видите од вистинската перспектива, ќе откриете огромни воодушевувачки уметнички дела. Качувајќи се по скалите, пешакот има можност да ја гледа сликата како постепено се шири и растегнува, како полека се открива и извртува.rnrnНекои од овие маестрални улични дела се производ на заедничкиот труд на заедницата, што зборува за сѐ поголемото прифаќање на уличната уметност. Скалите обоени со виножито во Турција се насликани од локалните власти, што било поттик за слични вакви слики во околните населби. Мозаикот пак во Сан Франциско е креиран од над 300 луѓе под внимателно раководство на неколку артисти.rn

    1. 16-та Авенија, Сан Франциско

    rn1-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    2. Валпараисо, Чиле

    rn2-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    3. Сеул, Јужна Кореја

    rn3-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    4. Валпараисо, Чиле

    rn4-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    5. Анже, Франција

    rn5-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    6. Сицилија, Италија

    rn6-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    7. Музејот за уметност во Филаделфија

    rn7-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    8. Рио де Жанеиро, Бразил

    rn8-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    9. Вупертал, Германија

    rn9-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    10. Бејрут, Либан

    rn10-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    11. Бејрут, Либан

    rn11-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    12. Музичкиот театар во Сеул, Јужна Кореја

    rn12-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    13. Истанбул, Турција

    rn13-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    14. Скалите на мирот во Сирија

    rn14-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    15. Рио де Жанеиро, Бразил

    rn15-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    16. Морле, Франција

    rn16-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrn

    17. Техеран, Иран

    rn17-skali-zaradi-koi-kje-vi-bide-milo-shto-nema-lift-kafepauza.mkrnrnПа зарем покрај вакви скали, некој би сакал повеќе да се вози со лифт?!

  • Како да го изградите музичкиот вкус?

    Како да го изградите музичкиот вкус?

    Музиката е насекаде околу нас. Слушаме музика додека пешачиме, работиме, одмораме. Но, ако одговорот на прашањето каква музика слушате е „од сè по малку“, тогаш време е да почнете внимателно да го градите музичкиот вкус.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?rn

    Слушајте различни радио станици

    rnАко постојано го слушате истото радио, можеби е време нешто да смените. Повеќето радија се држат до сопствените музички листи и ретко се отворени за нови музички артисти и стилови. Можете да слушате некои од многуте светските онлајн радија и постојано да истражувате.rn

    Откривајте нови жанрови на музика

    rnАко слушате комерцијални радио станици, тогаш сте запознаени со само мал дел од музичкиот спектар. Наместо тоа, одете на Википедија и информирајте се за некој жанр. Читајте за неговите главни карактеристики и претставници. На пример, почнете со блуз. Со текот на времето, ќе го најдете жанрот што вам најмногу ви се допаѓа и полека ќе градите вкус и став за таквиот вид музика.rn

    Слушајте цели албуми

    rnЗа многу артисти албумот е уметничко дело. Ако знаете само една песна од некој бенд, навистина не е доволно за да кажете дека го слушате тој бенд. Почнете со преслушување на омилените песни од одреден артист, а потоа преслушајте ги и албумите.rn

    Слушајте ги албумите според хронолошки редослед

    rnДоколку имате слободно време, одете малку подлабоко во разбирање на музиката и слушајте ги албумите на омилениот артист според хронолошки редослед. Кај некои бендови последната песна од претходниот албум е поврзана со првата од наредниот. Познавањето на таквите моменти навистина ќе ви го продлабочи и развие разбирањето на нивната музика.rn

    Читајте рецензии

    rnКога слушате музички албум за првпат, слушајте го многу внимателно. Обрнете внимание на стилот, влијанието земено од други музичари, емоциите и слично. Откога ќе го преслушате, прочитајте рецензии и видете дали се согласувате со размислувањата. Доколку не, можете да искоментирате и аргументирано да си го кажете своето мислење.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?rn

    Забележете како реагирате на омилената музика

    rnАко веќе сте откриле кои бендови и музички стилови најмногу ви се допаѓаат, обидете се прецизно да си објасните зошто е тоа така. Вашиот музички вкус е гласот на потсвеста, и ако обрнете внимание на вашите емотивни и физички реакции кон омилената музика, можете да научите повеќе за себе.rn

    Знајте ги музичките инструменти

    rnМногу важен елемент во подлабокото разбирање на музиката е слушањето на различните инструменти кои заедно го произведуваат неверојатниот звук. На интернет, можете накратко да се запознаете со сите инструменти вклучени во еден оркестар и да стекнете основно знаење.rn

    Слушајте или гледајте музички документарци

    rnСлушањето или гледањето музички документарци ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста меѓу вашата омилена музика и социјално-економските услови за време на нејзиното создавање, што ќе ви даде поширока слика и сфаќање.rn

    Споредувајте различни верзии

    rnКога слушате песна од омилениот бенд, слушајте ја во сите варијанти во кои се појавува. Ова ќе ви го развие слухот за темпо, ритам, боја, емоција и сите ситни детали на едно музичко дело.rn

    Одете на концерти

    rnОдете на концерти, свирки и музички фестивали кои одговараат на вашиот музички вкус. Тоа е најголемата награда за еден артист и знак дека навистина ги цените нивната музика, настап и енергија.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познати уметнички слики како фотографии

    Познати уметнички слики како фотографии

    Денеска ви претставуваме еден интересен фотографски проект, наречен „Преработки“, во кој различни веб-артисти ги преработуваат култните уметнички слики во фотографии. Некои од артистите фотографиите ги направиле во модерен стил, други се одлучиле за поиронично претставување, а има и такви кои се обиделе да ја доловат оригиналната атмосфера од уметничкото дело.rnrnНие издвоивме некои од повпечатливите преработки, но доколку сакате да видите повеќе, посетете го веб-сајтот каде што е објавен проектот.rnrn

    „Автопортрет 1889“, Винсент ван Гог - преработено од Сет Џонсон
    „Автопортрет 1889“, Винсент ван Гог – преработено од Сет Џонсон
    rnrn
    „Девојка која чита писмо крај прозорец“, Вермеер - преработенo од Ванда Мартин
    „Девојка која чита писмо крај прозорец“, Вермеер – преработено од Ванда Мартин
    rnrn
    „Двете Фриди“, Фрида Кало - преработено од Клер Бел
    „Двете Фриди“, Фрида Кало – преработено од Клер Бел
    rnrn
    „Автопортрет“, Фрида Кало - преработено од Јесенија Калока
    „Автопортрет“, Фрида Кало – преработено од Јесенија Калока
    rnrn
    „Девојката со сладоледот“, Вејн Тибу - преработено од Стефани Гоно
    „Девојката со сладоледот“, Вејн Тибу – преработено од Стефани Гоно
    rnrn
    „Момче со кошница овошје“, Караваџо - преработено од Гвидо Ричи
    „Момче со кошница овошје“, Караваџо – преработено од Гвидо Ричи
    rnrn
    „La Bonne Foi“, Магрит - преработено од Ноеми Мацукели
    „La Bonne Foi“, Магрит – преработено од Ноеми Мацукели
    rnrn
    „Портрет на Силвија вон Харден“, Вилхелм Хајнрих Ото Дикс - преработено од Штефан Хофман и Сојон Ким
    „Портрет на Силвија вон Харден“, Вилхелм Хајнрих Ото Дикс – преработено од Штефан Хофман и Сојон Ким
    rnrn
    „Давид и Голијат“, Караваџо - преработено од Мигел Итурб
    „Давид и Голијат“, Караваџо – преработено од Мигел Итурб
    rnrn
    „Автопортрет“, Фрида Кало - преработено од Кевин Том
    „Автопортрет“, Фрида Кало – преработено од Кевин Том
    rnrn
    „Дамата со хермалин“, Леонардо да Винчи - преработено од Сара Херцман
    „Дамата со хермалин“, Леонардо да Винчи – преработено од Сара Херцман
    rnrn
    „Св. Роза од Лима“, Карло Долчи - преработено од Жиневјева Блаш
    „Св. Роза од Лима“, Карло Долчи – преработено од Жиневјева Блаш
    rnrn
    „Американско готски“, Грент Вуд - преработено од Џеси џон Ханифорд
    „Американско готски“, Грент Вуд – преработено од Џеси џон Ханифорд
    rnrn
    „Нарцис“, Караваџо - преработено од Макс Церан
    „Нарцис“, Караваџо – преработено од Макс Церан
    rnrn
    „Ноќни јастреби“, Едвард Хопер - преработено од Бастијан Вајс
    „Ноќни јастреби“, Едвард Хопер – преработено од Бастијан Вајс
    rnrn
    „Автомат“, Едвард Хопер - преработено од Ор Ејтан
    „Автомат“, Едвард Хопер – преработено од Ор Ејтан
    rnrn
    „Арахна“, Веласкес - преработено од Евгенија Бланк
    „Арахна“, Веласкес – преработено од Евгенија Бланк
    rnrn
    „Собата во Арл“, Винсент ван Гог - преработено од Џошуа луис Сајмон
    „Собата во Арл“, Винсент ван Гог – преработено од Џошуа Луис Сајмон
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

    Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци

    Сместена во планините на Западна Вирџинија, САД, оваа интересна колиба е изградена од страна на фотографот Ник Олсон и дизајнерката Лајла Хорвиц, од стари, употребени прозорци. Издигнатата куќа, далеку од нивниот дом во Милвоки, Висконсин, има креативна фасада со прозорци во различни големини, која му дава артистички стил, кој е истовремено модерен и рурален. Куќата пред сè ја презентира трудољубивоста и штедливоста на овој пар.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrnrnСобирајќи ги повеќето од потребните материјали од околната напуштена плевна, креативното дуо успеало да ја конструира оваа неверојатна стаклена колиба, за само 500 американски долари и неколкумесечна напорна работа.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrnrnОлсон и Хорвиц не престојуваат постојано во колибата, бидејќи примарно живеат во нивниот дом во Милвоки, но уживаат одвреме-навреме да побегнат во фантастичната природа. И покрај тоа што во колибата нема струја и водоводна инсталација, сепак таа нуди освежувачка уникатност, која совршено се вклопува со природното окружување.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорци Шармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrnrnХорвиц вели дека кога заоѓа сонцето, во колибата се создава спектакуларно лајтшоу низ прозорците. „Тогаш изгледа како да гори оган низ целата куќа“ – вели таа.rnrnШармантна колиба изградена за 500 долари со стари прозорциrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемиот леден хотел во светот

    Најголемиот леден хотел во светот

    Секоја зима, артисти од целиот свет се собираат во Јукасјарви, северна Шведска за да учествуваат во уметнички проект кој станал познат како ЛЕДЕНХОТЕЛ. Станува збор за првиот и најголем хотел изграден од снег и лед. Јукасјарви е мало село во северна Шведска со популација од околу 900 жители и 1.000 кучиња. rnrnНајголемиот леден хотел во светотrnrnСекоја зима, околу 50.000 посетители од целиот свет доаѓаат да го видат овој леден хотел и да ги искусат смиреноста, аурорите и различни активности во дивината, на околу 200 километри од Арктичкиот Круг. Градбата опфаќа 5.500 метри квадратни и е изградена од околу 2.000 тони лед од реката Торн и околу 30.000 тони мешавина од снег и лед кои ја зацврстуваат структурата. Околу 100 луѓе годишно учествуваат во конструкцијата на овој неверојатен леден хотел, од кои дури половина се артисти специјално поканети за дизајнирање на одредени делови на хотелот.rnrnНајголемиот леден хотел во светотrnrnГрадењето на ледениот хотел е процес кој трае во текот на цела година. Во март и април, 4.000 тони лед се вади од реката Торн, кој потоа за време на летото се чува во ладни складишта. Изградбата се повторува секој ноември и декември, бидејќи некаде околу месецот април структурата полека се топи и се враќа во реката Торн. Доколку сакате да го посетите, хотелот е целосно отворен од декември до средината на април.rnrnНајголемиот леден хотел во светотrnrnПогледнете ги и останатите фотографии кои покажуваат дел од дизајните и креациите на артисти од целиот свет за оваа сезона на овој леден хотел…rnrnНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светотНајголемиот леден хотел во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.