КАФЕ ПАУЗА

Tag: артисти

  • Огледала со необичен дизајн

    Огледала со необичен дизајн

    Автор: Симона РистоскаrnrnВи треба идеја за освежување на вашиот простор? Можеби сè што треба да направите за да внесете малку креативност се огледала со интересен дизајн. Француската компанија „Доместик“ претстави колекција од огледала дизајнирани од повеќе артисти со иновативен концепт. Колекцијата е наречен Нарцис, а секое од огледалата ја рефлектира различноста на стиловите на секој дизајнер. Идејата е конечно да се воведат форми различни од традиционалната и тие да внесат малку различност во нашето секојдневие. Се надеваме овие необични форми ќе ве инспирираат да внесете нешто храбро и несекојдневно во вашите домови.Огледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајнОгледала со необичен дизајн
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Фотографот Сем Гелман, кој по потекло е од Висконсин, во последниве пет години живее и работи во Хонг Конг. Пред извесен период тој беше на четиридневно патување во  Демократска Народна Република Кореја или позната како Северна Кореја. Тој имал можност да биде сведок и да го овековечи настанот „Игри на масата“ во Пјонгјанг.rnПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии„Игри на масата“ се дисциплинирани, строги и максимално прецизно одиграни точки од гимнастичарки и други изведувачи, кои се одржуваат во чест на државниот празник за осамостојување на Северна Кореја. Во точките учествуваат повеќе од 100.000 луѓе, а низ приказните се проткаени државни пропагандни пораки.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииМожеби најимпресивен дел од целата глетка е шарената позадина која е составена од илјадници прецизно поставени деца, кои секвенцијално превртуваат  шарени листови, притоа креирајќи неверојатни слики, од знамиња, коњи, слогани, државни симболи и слично.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииСето ова се одржува на стадионот „Први Мај“ во Пјонгјанг, кој воедно е и најголемиот стадион во светот, со капацитет од 150.000 седишта.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииrn

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BD%D0%B3_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B3

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!

    Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!

    Автор: АнаrnrnОна што сакам да го споделам со вас денес е поставено под секторот „Уметност“; ликовна уметност, театар, кино, опера и балет… Пред некоја вечер почнав да размислувам: Зошто изложбите, претставите и културните случувања се многу ретко посетувани од народов? Сосема легитимно си го поставив прашањево. Знам од лично искуство дека на ваквите случувања се појавуваат само одредени луѓе, една група на љубители на уметноста. Да постојат, но се малку! Па оттука се запрашав, зошто само тие? Зошто да не дојдат и оние кои немаат големо познавање за уметноста? Зарем ќе им пречи да погледнат парче уметност?Многу прашања, малку одговори, создадете решенија!Од друга страна пак, ми текна… Можеби и не се доволно информирани за ваквите случувања низ градот… Можеби треба да постои поголем ангажман за рекламирање на истите… Како и да е, тажно ми е што иако можеме самите да си помогнеме за подигање на културното ниво во земјава, ние си одмагаме. Тажно е што нашите уметници прават повеќе изложби надвор од Македонија и таму им се попосетувани од тука, тажно е што нашите театарски претстави се повеќе гледани и ценети од странската публика, отколку од  домашната. Искрено, се сомневам во тоа  дека луѓево и ги знаат воопшто овие работи…rnrnСвесна сум дека нашава музичка естрада не е нешто посебно, но сепак имаме неколку кои вредат за нашето внимание и поддршка, а сепак се појавуваат еднаш во пет години, со концерт или нов албум кој и така нема да биде нешто посебно баран. На крајот на краиштата, па и самите артисти губат желба да креираат и создаваат, кога на крај нивното дело не е доволно ценето. На прашањето „Зошто не ги посетувате театрите?“ , скоро секогаш истиот одговор „Нема услови, театарот е пред распаѓање “. Да пред распаѓање е, но поради ваквите размислувања! Па вие не одите таму да ги гледате столиците и да видите дали избришале прашина! Одите да погледнете и уживате во она што актерите го спремиле за вас…rnrnИсто така се запрашав што се случува со младите уметници, глумци, артисти…? Што се случува со нивната иднина…? Како реагираат тие, кога гледаат каков одзив дава народот на она што тие го љубат и почнуваат да го создаваат…? Тажно е. Воопшто не ме радува фактот дека не постојат многу луѓе кои ќе им посветат внимание какво што всушност заслужуваат.rnrnМногу прашања, многу размислувања, а малку одговори. Сепак има решенија. Не треба да се откажуваме. Уметноста е секаде околу нас. Треба да ја цениме и почитуваме. За нас младите уметници и покрај сè, не постои место за грижа, ако некој не сака да дојде и да го испочитува вашето дело, вие однесете го кај него. :)rnrnДраги мои, ви дадов тема за размислување… Можеби токму некој од вас некогаш ќе ја има можноста да ги промени овие работи, ако се случи тоа не се двоумете да преземете нешто… Дотогаш, посетувајте ги театрите, изложбите, претставите! Сите тие луѓе кои работеле на нив, дале дел од себе за да ви го направат вам денот поинтересен, дале дел од себе за да ви пренесат нешто, не го одбивајте!rnrnНедела е прекрасен ден за да ја посетите уметноста во вашиот град. Направете си кафе и пиејќи го размислувајте што ќе посетите. Има многу настани кои чекаат на вас!rn.rn

    Пабло Пикасо рекол:rn„Уметноста ја брише прашината од секојдневниот живот.“

    rnДајте му свежина на вашиот!rnrnДо следното читање,rnrnВи посакувам убав ден,rnrnСо љубов насликана од сè срце,rnrnАна