Веќе знаете дека трендовите кружат и она што е старо повторно станува ново. Ова важи за модата, музиката и уметноста. Кога станува збор за архитектурата, најдобар пример за ова е брутализмот.rnrn
rnrnОд средината на 20-тиот век, овој стил станал навистина популарен, а својот врв го достигнал во средината на 1970-тите. Потоа популарноста почнала да се намалува бидејќи стилот се гледал како модел за лош вкус. Но денес ова се променува и се појавува нов интерес за овој неверојатен архитектонски стил.rnrnПознат по бетонот и челикот, брутализмот најмногу бил користен за институционални објекти. Името не потекнува од градбите кои наликуваат на тврдини, туку од името на бетонот што најчесто се користи – „béton brut“.rnrnБрутализмот често е поврзуван и со урбаната теорија од 20-тиот век која следела социјалистички идеали. Со потребата за изградба по Втората светска војна, брутализмот земал замав ширум светот, но најмногу во Велика Британија и источноевропските комунистички држави.rn
Потекло на брутализмот
rn
rnrnШвајцарско-францускиот архитект Ле Корбузие навистина го сакал бетонот и таа љубов ја пренел во градба која се смета дека е раѓањето на брутализмот. Зградата Unité d’Habutation во Марсеј, Франција, била првиот негов проект во 10 години. Поради војната не бил во можност да твори. Градбата била завршена во 1952-ра година и била дом за работничката класа. Дизајнот на архитектот вклучувал огромна бетонска рамка во која биле вметнати апартманите. Комплексот во кој собира и до 1.600 луѓе немал никакви декоративни елементи и ги поставил основите за идните градби во овој стил.rn
Падот на брутализмот
rn
rnrnВо 1980-тите популарноста на брутализмот почнала да опаѓа. Дел од причините биле студот и строгата природа на стилот која често била поврзувана со тоталитаризмот. Друг проблем бил бетонот кој се користел во изградбата – не стареел добро и често се познавале дамки од вода и распаѓање.rnrnБрутализмот станал симбол на урбаното распаѓање и економските проблеми. Бетонот станал совршено место за графити, кои само помогнале во распаѓањето на структурите. Во текот на 1980-тите стилот им го отстапил местото на високотехнолошката архитектура и деконструктивизмот. Ова пак, ѝ го отворил патот на постмодерната архитектура.rn
Нов интерес за брутализмот
rn
rnrnИзминативе 5 години се појавиле нови интереси за овој стил. Сè повеќе и повеќе луѓе се интересираат за брутализмот и го сакаат неговиот графички квалитет. Дури и на Инстаграм постојат над половина милион фотографии со хаштаг #brutalism, а луѓето се обидуваат да ги зачуваат примерите од стилот.rnrnНикој не знае зошто повторно се враќа овој стил. Бред Данинг од GQ има интересна теорија.rn
„Брутализмот е техно музика на архитектурата, тој е остар и заканувачки. Овие градби се скапи за одржување и тешки за уништување. Не можат лесно да се менуваат и моделираат, па остануваат онакви какви што ги замислил архитектот. Можеби движењето се враќа во мода бидејќи постојаноста е навистина атрактивна во нашиот хаотичен свет што се распаѓа.“
rnПогледнете и некои од најдобрите примери за бруталимозт.rn
Библиотеката Гејзел, Сан Диего, Калифорнија (1970)
rn
rn
Националната библиотека во Аргентина, Буенос Аирес (1961)
rn
rn
Живеалиште 67, Монтреал (1967)
rn
rn
Собранието во Бостон, Бостон, Масачусетс (1968)
rn
rn
Барбикан, Лондон (1968-1979)
rn
rn
Македонска пошта, Скопје (1989)
rn
rn
Кралскиот национален театар, Лондон (1976)
rn
rn
Трговскиот TripleOne Somerset, Сингапур (1971)
rn
rnrnПогледнете ги и овие надреални фотографии од постсоветската архитектура.

rnrnПознатиот музеј во Париз е еден од најпознатите примери каде што се сретнуваат старата и новата архитектура. Колекцијата на Лувр содржи уметнички дела и предмети од праисторијата до 19-тиот век и е сместена во поранешна француска ренесансна палата, чии крила се наоѓаат околу два огромни дворишта. Во еден од овие дворишта се наоѓа и познатата Пирамида на Лувр, модерна структура од стакло и челик.rnrnВо 1983-та година, претседателот Франсоа Митеран го задолжил архитектот И. М. Пеи да дизајнира нов влез за музејот. Пеи ја смислил пирамидата која ги носи посетителите во осветленото подземно лоби на музејот. Неговиот концепт бил одобрен и изградбата завршила во 1989-та година. Оттогаш пирамидата е универзален симбол за популарниот музеј.rn
rnrnПокрај неверојатната колекција на модерна и современа уметност, музејот во Њујорк е познат и по неговиот архитект – Френк Лојд Рајт.rnrnКако и другите дела на Рајт, и Гугенхајм го прикажува интересот на архитектот во органските форми. За разлика од острите рабови на околните градби, музејот има кружна силуета поделена на делови. Атриумот на музејот е врамен во спирална рампа инспирирана од школка, а на врвот се наоѓа прозорец што наликува на пајакова мрежа. Рајт започнал со проектот во 1943-та година. 15 години и 200 нацрти подоцна, музејот конечно бил отворен за јавноста.rn
rnrnОвој музеј не е изграден од нула. Градбата од тули и челик била станица за електрична енергија сè до 2000-та година. Станицата била изградена во 20-тиот век на јужниот брег од Темза. Откако затворила во 1981-ва година, постоел ризик од рушење. Но во 1994-та година, Галеријата Тејт изјавила дека овде ќе ги чува уметничките дела, а архитектите Херзог и де Меурон биле задолжени за реновирањето.rnrnЗградата задржала голем дел од оригиналната архитектура, вклучувајќи го оџакот во средината. Во 2016-та година била додадена кула од 11 ката наречена Блаватник. Овој додаток нуди панорамски поглед кон Лондон.rn
rnrnНитерои е една од најпознатите туристички дестинации во Рио. Во лебдечката структура во форма на летачка чинија се влегува преку надворешна рампа и е едно од најпознатите дела на Оскар Нимајер.rnrnПознат како „Пикасо за бетон“, Оскар е пионер во модерната архитектура и експерт за апстракција. Тој најчесто е фасциниран од природните форми. Оваа неверојатна структура од бел бетон била завршена во 1996-та година, а изградбата траела 5 години.rn
rnrnОвој музеј има неверојатна колекција која се протега низ многу векови и култури. Но архитектурата на главната зграда, градбата Фредерик К. Хамилтон, е современа.rnrnГрадбата била дизајнирана од Даниел Либескајнд и била завршена во 2006-та година. Структурата има 20 плочи од титаниум и челик кои се поврзани на тој начин што создаваат апстрактна форма. Даниел изјавил дека природната естетика е со намера, а една од музите била „веселата“ заедница на музејот.rn
rnrnЦентарот Помпиду во Париз е дестинација за уметност од 20-тиот век. Во музејот се наоѓа најголемата колекција на модерна уметност, па неговата архитектура совршено се совпаѓа.rnrnМузејот бил дизајниран од Рензо Пиано, кој добил и наградата за дизајн во 1971-ва година. Неговиот дизајн вклучува „изложен“ екстериер што ја открива шарената инсталација – цевките за вентилација се со сина боја, струјата е со жолта, цевките за вода се зелени, а ескалаторите и лифтовите црвени. Со овој концепт, музејот е буквално превртен наопаку.rn
rnrnДомот од 236 метри квадратни има поглед кон Атлантскиот Океан и е исполнет со линиите препознатливи за Заха. Футуристичкиот апартман има 3 бањи, 4 спални соби и е вистинско ремек-дело достојно за еден архитект.rnrn
rnrnПо смртта на Заха во 2016-та година, домот бил ставен на продажба по цена од околу 8,5 милиони евра пред да биде спуштен на 5,5 милиони евра. Неодамна домот е продаден за нешто помалку од 5 милиони евра.rnrn
rnrnЗа да го создаде луксузниот простор, Заха купила два одделни апартмани и ги споила. Прозорците од подот до таванот го исполнуваат просторот со природна светлина и нудат неверојатен поглед кон океанот. Дали би сакале да живеете овде?rnrn
rnrn
rnrnДоколку сакате нешто необично, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој 
rnrnМоже да смести до 8 луѓе во подземен лавиринт од сталагмити и сталактити. Има свој водопад, па дури и хелидром за оние кои се брзаат. Цената за една вечер е околу 1.000 евра.rnrn
rnrnСопственикот решил да го продаде ова ремек-дело и оној што ќе го купи може да прави со него што сака. Суперхероите и негативците од Џејмс Бонд сигурно ќе бидат заинтересирани. Но ако сакате малку оддалеченост, природа и цела мрежа пештери за истражување, можете да почнете со наддавање од 2,5 милиони евра.rnrn
rn
rnrnДали би сакале да живеете во ваква пештера?rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на 
rnrnЕве како започнала оваа интересна и нетипична приказна. Лора е архитектка од Англија, специјализирана за станбени конверзии, проширувања и новоградби. Таа воедно е и дизајнерка на мебел и ентериер, во соработка со разни други дизајнери и уметници. Има освоено неколку
rnrnЛора првпат ги има забележано напуштените јавни тоалети во 2005 година, кога таа се доселила во Лондон.rn
rnrnКога им кажала на нејзиното семејство и пријателите, дека планира да пренамени напуштен јавен тоалет во апартман со една спална соба, како одговор добила сосема различни реакции, што е и очекувано кога ќе ги погледнеме фотографиите. Некои ја критикувале, други сметале дека тоа е хорор идеја, а трети се смееле, но ништо од сето тоа не влијаело таа да се посомнева во себе, ниту во еден момент.rnrn
rnrnКако и да е, патот до преобразбата на тоалетите во апартман од соништата, не бил воопшто едноставен. Тие биле изградени во далечната 1929 година, а последен пат биле користени во 80-тите. Не е ни за чудење што требало да се направат многу подготвителни работи како што се демолирање и чистење, за да се претвори оваа одамна напуштена градба во пристојно градилиште.rnrn
rnrnМестото на почетокот изгледало многу морничаво, бидејќи било преполно со ѓубре, но со заеднички вложен труд од страна на градежниците и работниците, Лора успеала да го стартува нејзиното долго патување, кон создавање на удобен дом за којшто сите сонуваме.rnrn
rnrnПродолжува на 

rnrnВикторијанските домови биле изградени со сите најмодерни елементи за тоа време. Нивен заштитен знак се тесните ходници и пастелните бои кои воодушевуваат. Главната идеја била да имаат изглед на свадбена торта, па поради тоа им се давале нежни бои. Некои од нив, иако тесни, имале и импровизирани паркинг места. Куќите шармирале со својот луксуз и уникатност. Како што времето изминувало, полека но сигурно, викторијанскиот стил станувал заштитен знак и урнек за изградба на секоја нова куќа во Сан Франциско.rnrn
rnrnДенес, постојат над 13.000 вакви куќи во самиот град, кои се одржуваат со љубов и минимално и претпазливо реновирање од страна на нивните сопственици. Најпознати од нив се „Обоените дами“ (Painted Ladies) кои се наоѓаат во близина на паркот Аламо Сквер и се вистинска атракција за туристите. Ниедна посета на Сан Франциско не е заокружена без посетата на овие најпознати Викторијанки на сите времиња, каде што покрај нивната убавина туристите уживаат и во прекрасниот поглед на градот кој се крие зад нив. Тие се доживување за секој љубител на архитектурата и викторијанскиот стил.rnrn
rnrnРазликуваме неколку видови на викторијански куќи, а „Обоените дами“ спаѓаат во групата Queen Anne (1880-1910) и би можеле да се наречат прабаби на викторијанската архитектура во Сан Франциско. Од овој стил најпознати кои подоцна еволуирале се Flat Front Italianate и Bay-Window Italianate, чија главна разлика е формата на прозорите односно градбите од првиот имаат рамни прозори, а оние од вториот, испакнати прозори во форма на шестаголник.rnrn
rnrnСан Франциско е еден од најубавите градови во Америка и светот. Почнувајќи од прекрасниот мост Голден Гејт, па сѐ до специфичната архитектура, градот има уникатен стил и убавина која го прави една од најпосакуваните дестинации. Иако градот го красат најразлични стилови, едно е сигурно, ниеден друг стил на архитектура не е ни блиску до викторијанскиот, чија историја и убавина се длабоко вгнездени во срцето на Сан Франциско.rn




rnrnСепак, можеби ќе биде навистина тешко да се учи во оваа библиотека бидејќи неверојатната архитектура постојано ќе ви го одвлекува вниманието.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на 
rnrnОригинално, пирамидите во Египет биле покриени со блескав рефлектирачки слој направен од полиран варовник. Ова би ги направило навистина неверојатен и достоен симбол за големината на фараоните. Замислата била да се гледаат од планините на Израел, па дури и од небото. За жал, овој горен слој бил уништен од земјотрес во 1301 година. Можно е паднатиот материјал да бил искористен за реновирање на зградите во Каиро откако градот бил уништен од Арапите во 12-тиот век.rn
rnrnИзградбата на оваа позната црква започнала во 1882 година. Според пресметките на нејзиниот креатор, Антони Гауди, градењето би траело 3-4 векови со користење на технологијата која била достапна во 19-тиот век. Со согласност од луѓето кои го менаџирале проектот, изградбата била финансирана исклучиво од донации, а ова е уште една причина зошто би било потребно толку долго време за изградба. Но, благодарение на денешната технологија, конструкцијата би требало да заврши до 2026 година, речиси 100 години од смртта на познатиот архитект.rn
rnrnКулата Индија е неверојатно висок облакодер кој треба да се изгради во Мумбај. Замислена е како втора највисока градба во светот, после Бурџ Калифа во Дубаи. Дури и Џорџо Армани работел на ентериерот. Но, во 2011 година изградбата е сопрена.rn
rnrnПартенонот е најпознатиот споменик кој останал од древниот свет. Овој храм е изграден од Грците во чест на божицата Атина и е дел од атинскиот Акропол. Зданието многу пати страдало од тирани, обиди за реконструкција, воени напади, пожари, па дури доживеало и трансформација во црква и џамија За жал, поголемиот дел од ова чудо денес е во урнатини.rn
rnrnОва е уште еден многу висок облакодер од околу 510 метри и има форма на кристален цвет. Изградбата требало да заврши во 2009 година, но поради глобалната економска криза крајниот рок бил продолжен. Во 2013 година проектот е целосно напуштен.rn
rnrnОваа градба била замислена како регионална канцеларија за Полското здружение на инженери. Изградбата започнала во 1975 година, но поради економски проблеми работата била во застој 6 години. Денес е одлучено целосно реновирање на објектот со цел да се претвори во елитна станбена зграда.rnrnПогледнете и кои се 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжува на