КАФЕ ПАУЗА

Tag: архитектура

  • 7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

    7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

    Сите знаеме за познатите светски атракции како Колосеумот во Рим, Кинескиот Ѕид или Таџ Махал. Но постојат и други, грандиозни, антички градби за кои не слушнале ниту најстрасните авантуристи. Во продолжение погледнете ги резултатите од истражувањето на веб-сајтот „Quora“ во кое тие побарале од читателите да наведат некое помалку познато архитектонско чудо во светот.rn

    Големата џамија во Џене, Мали

    rnrnrnГолемата џамија во Џене е стара повеќе од 100 години и претставува најголемата градба во светот изработена од глинени тули. Во 1988 година беше вклучена на листата на Светски наследства на УНЕСКО, како дел од стариот град Џене. Во моментов џамијата е затворена за туристи. Се претпоставува дека вакви мерки се преземени во 1996 година, откако во џамијата имало фотосесија за модното списание Вог.rn

    Чанд Баори, Индија

    rnrnrnЧанд Баори, лоциран во малото индиско село Абанери, претставува едно од најстари и најдлабоки простории со скалила во светот. Џиновската структура претставува превртена пирамида, која под земја се спушта 30 метри. Има 3 ѕидови на кои има 3.500 тесни скали, наместени во совршена симетрија, кои водат до мало, зеленикаво езеро. Научниците сѐ уште не можат точно да откријат дали оваа градба била изградена помеѓу деветтиот и единаесеттиот век или 600 години пред нашата ера.rn

    Палатата на Парламентот, Романија

    rnrnrnЕдно од најпознатите обележја во Букурешт било изградено во времето на Социјалистичка Романија. Оваа палата се смета за најголемата и најскапата административна зграда во светот. Ова неокласично чудо има 12 ката (и 8 дополнителни ката под земја) и 3.100 соби, со вкупна површина од 330.000 метри квадратни.rn

    Стариот мост, Босна и Херцеговина

    rnrnrnПешачкиот мост над реката Неретва во Мостар, е модерна копија на стариот мост кој бил уништен во воениот конфликт во 1993 година. Стариот мост станал дел од листата на Светски наследства на УНЕСКО во 2005. Скоковите од мостот во ладните води на Неретва претставуваат традиционална забава за туристи.rn

    Тврдината Кумбалгар, Индија

    rnrnrnТврдината Кумбалгар е опкружена со ѕид, кој во старите времиња бил познат како „Чувар на Смртта“ или „Окото на Мевар“. Ѕидот се протега на 36 километри, а на некои места достигнува висина и до 8 метри. За изградба на оваа тврдина биле потребни сто години, од петнаесеттиот до шеснаесеттиот век. И покрај многуте војни, Големиот Ѕид од Индија никогаш не бил значително оштетен или предаден на непријателите.rn

    Џамијата Шеик Лутфула, Иран

    rnrnrnОва архитектонското ремек-дело на сафавидската иранска архитектура, било изградено помеѓу 1602 и 1619 година. Џамијата е елегантна, но крајно невообичаена градба од неколку причини. Оваа џамија нема минариња ниту двор, веројатно поради фактот што не била наменета да биде отворена за јавноста, туку да служи како место за молење на жените од харемот.rn

    Тврдината Деравар, Пакистан

    rnrnrnМонументалната, квадратна структура во Деравар била изградена во 1733 година. Тврдината се состои од 40 бедеми, кои никнуваат од пакистанската пустина. Вкупниот обем на ѕидовите изнесува 1.500 метри, а високи се 30 метри. Дури и многу од локалните жители не знаат за нејзиното постоење.rnrnВо продолжение погледнете повеќе фотографии од овие неверојатни места ширум светот…rnrn

  • 12 архитектонски дела кои ја почитуваат природата

    12 архитектонски дела кои ја почитуваат природата

    Со човечкиот напредок и зголемувањето на потребата од освојување поголеми површини од земјата, за изградба на патишта, згради и нови технологии, природата и дивината често се запоставуваат и уништуваат. Дрвата, шумите и природните пејзажи неодговорно се отстрануваат од лицето на земјата, за да се направи простор за нови фабрики, домови, бизнис центри и патишта.rnrnПриватна куќа, Западна Вирџинија, САДrnrnСвесни сме дека насекаде околу нас се уништуваат големи површини зеленило, со цел да се направи простор за новите проекти кои некогаш се одложуваат, па дури и откажуваат целосно, но откако штетата е веќе направена.rnrnМожеби е време сите да научиме нешто од овие архитекти кои нашле начин како да ги исполнат своите планови, додека истовремено ја почитуваат природата. Веројатно потребно е да се вложи малку повеќе труд, но идните генерации ќе ни бидат благодарни што сме се грижеле за светот во кој живееме.rnrnЗаштитата на Земјата и почитувањето на природата станува архитектонски тренд и верувале или не веднаш се забележува разликата. Погледнете ги следниве 12 градби кои човекот ги изградил во согласност со природните законитости.rnrn

  • 7 мистериозни структури од најмалите светски архитекти

    7 мистериозни структури од најмалите светски архитекти

    Дождовните шуми се џиновска ризница од мистерии. Кога ќе доближиме во тамошниот микро светот, брзо ќе забележиме природни креации кои изгледаат како да се направени од луѓето. Токму затоа и можат да се сметаат за најмалите архитектонски дела, креирани од најмалите архитекти на природата. Фотографот Ники Беј патува низ светот и ги истражува џунглите, фотографирајќи ги малите, минијатурни архитектонски мистерии. Погледнете какви чуда кријат големите дождовни шуми.rnrn

    Дрвена колиба - гасеница на молец собира и крши мали стапчиња за да направи детално изработена, спирална дрвена колиба за живеење
    Дрвена колиба – гасеница на молец собира и крши мали стапчиња за да направи детално изработена, спирална дрвена колиба за живеење
    rnrn

  • Рачно изработени прстени кои ја покажуваат архитектонската убавина на светските метрополи

    Рачно изработени прстени кои ја покажуваат архитектонската убавина на светските метрополи

    Златарката Ола Шектмен создава деликатен и импресивен накит инспириран од омилените светски пејзажи на големите градови. Секои 2 до 3 години, Ола се сели во различни метрополи и дозволува околината што ја опкружува да прерасне во нејзините креативни идеи. Таа рачно ги топи, кова, превиткува и полира металите за да создаде прстени кои ја рефлектираат архитектонската убавина на светот, нагласувајќи ги најголемите монументи и знаменитости кои им се познати на скоро сите.rnrnРачно изработени прстени кои ја покажуваат архитектонската убавина на светските метрополиrnrnТокму овие препознатливи детали кои се дел од дизајните на Ола се и најпривлечниот и највпечатливиот аспект на нејзината уметност и вештина, бидејќи им дозволуваат на потрошувачите да ги носат со себе популарните знаменитости од нивните омилени градови, како Лондон, Париз, Њујорк, Берлин, Хонгконг, Вашингтон, Чарлстон, Бостон, Сан Франциско, Амстердам, Стокхолм и Единбург.rnrn

  • Најубавите градби изградени околу дрвја

    Најубавите градби изградени околу дрвја

    Во свет во кој сѐ почесто сведочиме на уништување на природата, навистина е реткост да се види како некои луѓе, не само што решиле да ја зачуваат, туку и декоративно ја искористиле при градење на своите домови.rnrn(22)-najubavite-gradbi-izgradeni-okolu-drvja-kafepauza.mkrnrnСопствениците и архитектите на овие градби нашле креативно решение за проблемот со постоење на дрво на местото каде сакале да градат. Иако многу други на нивно место би решиле да ги исечат дрвјата, тие избрале да градат околу нив, а резултатите се неверојатни. Спојот на природа и генијална архитектура кој ќе го видите на следните фотографии сигурно ќе ви го одземе здивот.rnrn

  • Неверојатни фотографии кои ни покажуваат дека Норвешка има бајковита архитектура

    Неверојатни фотографии кои ни покажуваат дека Норвешка има бајковита архитектура

    Кога ќе помислите на Норвешка, сигурно првото нешто што ќе ви падне на ум се фјордови, русокоси и Викинзи. Сигурни сме дека воопшто не би ни помислиле дека оваа земја има неверојатно бајковита архитектура. Овој стил кој се протегал од средновековната ера, па сè до 19-от век е една од најголемите карактеристики на оваа магична земја. Погледнете…rnrn

    Црква во Боргунд
    Црква во Боргунд
    rnrn

  • Мошна: Еден од најубавите дворци во светот

    Мошна: Еден од најубавите дворци во светот

    Дворецот Мошна е еден од најпознатите и најубавите дворци во Полска, a сместен e во близина на истоимениот град. Неговиот спој на неоготска, барокна и неоренесансна архитектура, огромната градина и 99-те кули, се заслужни за овој дворец да изгледа како од бајка.rnrn6.moshna-eden-od-najubavite-dvorci-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnДворецот датира од 17 век, и иако се пронајдени многу постари подруми за кои истражувачите тврдат дека им припаѓале на Темпларите, сепак нема конкретни докази кои можат да ги потврдат овие тврдења. Средниот дел од дворецот е делумно уништен од пожар во 1896 година, а во истата година е обновен во својот оригинален изглед. Во 1900 година дворецот добил и источно крило кое е изградено во неоготски стил, додека западното крило е изградено во неоренесанса.rnrnЦелиот дворец има точно 99 кули. Содржи 365 соби сместени на 7.000 метри квадратни.rnrnПосле Втората светска војна, дворецот немал постојан сопственик и бил дом на различни институции, а денес му припаѓа на Центарот за јавно здравство. Иако во него се лечат болни луѓе, посетата на туристи е дозволена. Дворецот исто така има и капела која се користи за концерти, а од 1998 година во него е сместена галерија во која редовно се прикажуваат изложби на разни уметници.rnrn

  • Артист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежи

    Артист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежи

    Францускиот графити артист и карикатурист Томас Ламади наоѓа необична инспирација во чистите неба кои се издигнуваат помеѓу структурите на модерната архитектура. Откако ќе ги фотографира, празните сини простори ги претвора во платно на кое паметно ги вклопува своите забавни илустрации.rnrnАртист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежиrnrnНа оваа идеја дошол во 2010 година кога погледнал кон небото и електричните жици го потсетиле на зајак. Оттогаш својата уметност почнал да ја „пополнува“ врз фотографиите од неговиот роден град Авињон, но подоцна ја открил и архитектурата на Њујорк, Хонгконг и други градови.rnrnНеговата „небесна уметност“ е навистина уникатна, бидејќи претставува спој на фотографијата, архитектурата и илустрирањето, и тоа на паметен и многу забавен начин.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Двор со базен кој е совршен за собиранки со другарите

    Двор со базен кој е совршен за собиранки со другарите

    Овој прекрасен двор се наоѓа во градот Тепозтлан во Мексико. Дизајниран е од страна на градежна компанија која има за цел да изгради повеќе вакви простори и да ги уреди на начин што ќе бидат совршени за собиранки со другарите. Освен што изгледа луксузно, сè друго делува многу едноставно. На широката тревна површина има еден базен и еден покриен дел на кој се поставени висечки лежалки. Ова навистина е простор кој ве повикува да го соберете друштвото и да безделничите таму.rnrnrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 29 ситуации кога архитектите воопшто не се ни потрудиле

    29 ситуации кога архитектите воопшто не се ни потрудиле

    Нивото на грижа и труд кое е вложено во овие ремек-дела на архитектурата е бесценето! Тие дури и ќе ве натераат да се запрашате како некој би можел да се сети на овие дизајни и доколку добро размислите, ќе сфатите дека не секој има толку висока дарба за вакви постигнувања. Погледнете…rnrn

    29 пати кога архитектите воопшто не се ни потрудиле
    Во ред, ќе поминам со мојот автомобил и потоа со инвалидската количка преку работ.
    rnrn
    Дали тоа е некој нов вид 3Д часовник?
    Дали тоа е некој нов вид 3Д часовник?
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.