КАФЕ ПАУЗА

Tag: архитектура

  • 12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете

    12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете

    Поголемиот дел од нас живеат во едноставни апартмани или куќи. Но, некои луѓе сакаат да се издвојат, па си прават навистина интересни живеалишта. Погледнете некои од најинтересните куќи во кои сигурно ќе посакате да живеете.rn

    1. Хелиодом, Франција

    rn(1)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mkrnrnХелиодомот во Франција е куќа која ќе ви го направи животот многу удобен но и ќе ви помогне да заштедите енергија. Соларните колектори на куќата ја одржуваат студена во лето, и топла во зима. Куќата е отворена за посетители.rn

    2. Живеалиште 67, Монтреал, Канада

    rn(2)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mkrnrnОваа неверојатна структура е дело на Моше Сафди. На почетокот таа била само дел од неговата теза, но денес овде живеат луѓе.rn

    3. Футуро, Шведска

    rn(3)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mkrnrnФутуро е куќа која наликува на вселенски брод и е дело на Мати Суронен. Вакви куќи има низ целиот свет, а повеќето се лоцирани во Финска, родното место на архитектот.rn

    4. Куќа огледало, Италија

    rn(4)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mkrnrnНавистина е тешко да ја забележите оваа куќа бидејќи огледалата прават да „исчезне“. Дури кога ќе се доближите до неа ќе можете убаво да ја видите. И најважно од сè, можете да ја изнајмите за разни прослави.rn

    5. Механичка хобитска куќа, Чешка

    rn(5)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mkrnrnОваа механичка куќа изгледа како од „Господар на прстените“. Куќата има добиено неколку награди за еколошко живеалиште. Потребни биле речиси 3 децении за нејзината изградба, но сигурно ќе трае подолго од тоа.rn

    6. Куќата Наутилус, Мексико

    rn(6)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mkrnrnОва уметничко дело е направено од Хавиер Сеносиан. Куќата е отворена за туристи и можете да ја посетите кога било.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Неверојатни фотографии на пар што патува низ светот за да си игра со архитектурата

    Неверојатни фотографии на пар што патува низ светот за да си игра со архитектурата

    Даниел Руеда и Ана Дејвис се креативна двојка од Шпанија. Тие патуваат низ светот и си играат со перспективата, геометријата и нивната камера. Тие ги фотографираат најинтересните страни на архитектурата, а нивните фотографии изгледаат како да се извлечени од некоја бајка.rnrn(1)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrnДаниел и Ана секогаш ги наоѓаат најинтересните начини на „комуницирање“ со архитектурата. Тие се ликови во нивниот минималистички свет, а ова само додава забавен ефект на веќе прекрасните фотографии.rnrn(2)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrn(3)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrn(4)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrn(5)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrn(6)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrn(7)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrn(8)neverojatni-fotografii-na-par-koi-patuva-niz-svetot-za-da-si-igra-so-arhitekturata-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Фантастични десерти кои потсетуваат на архитектонски дела

    Фантастични десерти кои потсетуваат на архитектонски дела

    Што ќе се случи кога архитектот ќе одлучи да ја промени својата професија, односно да заплива во немирните води на слаткарството? Ние не знаеме, но 27-годишната Динара Каско знае. Украинската слаткарка од Харков е господарка во комбинирањето на слатки со геометриски фигури и архитектонски проекти. Од моментот кога таа се впуштила во слаткарските води, одлучила на овој занает да му даде нешто ново и досега невидено. Сфатила дека изгледот е подеднакво важен како и вкусот, па секој ден за неа претставува нова прилика за експеримент, бидејќи слатките и станале најголем интерес и страст.rnrncatsrnrnСо искуството во архитектонски дизајн, Динара предизвикала голем интерес во слаткарската заедница поради своите неверојатно уникатни и иновативни геометриски торти, за кои користи силиконски калапи кои самата ги дизајнирала и креирала. Таа кон десертите се однесува како тие да се згради, па така создава уникатни структури кои се јадат со тешко срце.rn

    „Имам многу нереализирани идеи и голема желба да експериментирам. Не сакам да ги имитирам другите – сакам да создадам нешто ново“ – изјавила Каско за So Good Magazine.

    rnНас нè интересира само едно – како воопшто некогаш би можеле да го загриземе ова слатко ремек-дело?rnrn1-fantastichni-deserti-koi-potsetuvaat-na-arhitektonski-dela-www.kafepauza.mk_2-fantastichni-deserti-koi-potsetuvaat-na-arhitektonski-dela-www.kafepauza.mk_3-fantastichni-deserti-koi-potsetuvaat-na-arhitektonski-dela-www.kafepauza.mk_rnrnНа следната страна ќе можете да ги погледнете останатите слатки ремек-дела…rn

  • Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: 9-те најубави тврдини во Русија

    Архитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: 9-те најубави тврдини во Русија

    Московскиот Кремљ е најпопуларната туристичка атракција во Русија, но, таа не е и единствената. Во Русија постојат десетина тврдини, а единствената разлика помеѓу нив и московската (освен во архитектурата), е тоа што не се пишуваат со голема буква. Имено, зборот „кремљ“ на руски јазик означува средновековна тврдина во центарот на градот. Во текот на 18 и 19 век, повеќето од овие тврдини изгубиле стратешко значење, поради што нивните ѕидови биле разрушени, со цел да се искористи градежниот материјал, а она што останало, било претворено во музеј.rnrnПогледнете кои се најубавите тврдини во Русија.rn

    1. Ростовски кремљ

    rnИзграден помеѓу 1670 и 1683 година, Ростовскиот кремљ е еден од ретките кој не бил изграден за одбранбени цели, туку како седиште на хиерархиската православна црква.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    2. Казански кремљ

    rnКазанската тврдина, под заштита на УНЕСКО, доминира во овој интересен град. Таа е изградена помеѓу 1554 и 1562 година, а специфична е затоа што во рамките на нејзините ѕидови се наоѓа и црква и џамија.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    3. Кремљ во Коломна

    rn„Црвената тврдина“, како што ја нарекуваат, е изградена во 1521 година, кога била една од највисоките на светот. Благодарејќи на царот Николај први, таа останала во нејзината оригинална состојба со сите 17 кули.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    4. Псковски кремљ

    rnПсковската тврдина е една од најстарите во Русија и е изградена на темелите на дрвени тврдини од 8 век. Оваа импресивна градба ја нарекуваат и руска Помпеја, поради големиот број археолошки остатоци кои научниците постојано ги откриваат во нејзината околина.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    5. Кремљ Нижни Новгород

    rnКамената тврдина во Нижни Новгород е изградена во 16 век кога служела како една од клучните одбранбени тврдини на Големото Московско Кнежество против Златните Орди.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    6. Астрахански кремљ

    rnИсторискиот центар на Астрахан растел околу тврдени изградени помеѓу 1562 и 1589 година. Темелите биле поставени во времето на Иван Грозни, а поради големиот број уметнички богатства и музеи, тој е ставен на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    7. Кремљ во Тула

    rnГрадот Тула одиграл голема улога во руската историја. Тој е изграден помеѓу 1515 и 1520 година, а бил проектиран од страна на италијански архитекти коишто го направиле и московскиот кремљ.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    8. Кремљ во Тоболск

    rnВо Тоболск се наоѓа единствената камена тврдина во Сибир. Таа е изградена помеѓу 1683 и 1799 година.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русијаrn

    9. Новгородски кремљ

    rnТврдината Велики Новгород е можеби најстарата во Русија. Таа исто така се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно богатство, а според легендата, таа настанала кога после големи масакр, врз дрвената црква на Света Софија слетал галеб и ја претворил во камен.rnrnАрхитектура на која ѝ се восхитува целиот свет: Ова се 9-те најубави тврдини во Русија

  • Што се случува кога архитект ќе се обиде да подготви десерт?

    Што се случува кога архитект ќе се обиде да подготви десерт?

    Динара Каско е готвачка која го комбинира печењето со геометриски фигури и архитектски дизајни. Таа им пристапува на десерти како да се згради и создава уникатни структури што можат да се јадат.rnrnrn

    „Имам многу нереализирани идеи и огромна желба за експериментирање. Не сакам да ги имитирам другите, сакам да создадам нешто ново“, вели таа.

    rnИ без сомнение успева. Единственото прашање што останува е како да јадете нешто олку совршено дизајнирано?rnrn

  • 10 неверојатни архитектонски ремек-дела инспирирани од природата

    10 неверојатни архитектонски ремек-дела инспирирани од природата

    Различните архитектонските стилови, како проекции на креативните идеи на смелите уметници, отсекогаш изненадувале, но додека се восхитувате на иновативните и креативните фасади на зградите, веројатно не се фокусирате на инспирацијата и визијата на најталентираните архитекти во светот. Во тој контекст, погледнете ги 10-те најфасцинантни и естетски најинтересните архитектонски дизајни инспирирани од природата.rnrn

    10 неверојатни архитектонски ремек-дела инспирирани од природата
    Храмот Лотос во Њу Делхи
    rnrn

  • 13-те најнеобични и највоодушевувачки фонтани во светот

    13-те најнеобични и највоодушевувачки фонтани во светот

    Архитектурата е навистина фасцинантен жанр на уметноста. Вистинските љубители можат со часови да разговараат за необичните згради, неверојатните мостови, восхитувачките скулптури, за стиловите кои тие ги претставуваат и историските периоди од кои потекнуваат. Покрај сите тие архитектонски чуда, едни од најинтересните и најпривлечните градби се и грандиозните фонтани. Во продолжение погледнете ги највоодушевувачките фонтани во светот кои сигурно нема да ве остават рамнодушни и ќе ве натераат да посакате да ги видите и со свои очи.rnrn

    Фонтаната Металморфозно огледало во С.А.Д.
    Фонтаната Металморфозно огледало во С.А.Д.
    rnrn

  • Неверојатните неофутуристички градби на Заха Хадид, најпознатата жена во светот на архитектурата

    Неверојатните неофутуристички градби на Заха Хадид, најпознатата жена во светот на архитектурата

    Работата на најпознатата жена во светот на архитектурата е навистина генијална. Заха Хадид е еден од најистакнатите архитекти на нашето време. Во 2004 година, таа станала првата жена добитник на наградата за архитектура „Прицкер“ за која се вели дека е Нобелова награда за архитектите.rnrn

    Зака Хадид
    Заха Хадид
    rnrnПрофесорката Хадид секогаш е зафатена со претворањето на нејзините брилијантни идеи и дизајни во реалност. Сигурно нема да ги помешате нејзините дела со нечии други, благодарение на нејзиниот различен неофутуристички пристап. Повеќекратните остри агли и геометријата на фрагменти даваат импресија дека нејзините дизајни доаѓаат од вселената. Во продолжение погледнете неколку од најдобрите дела на Заха Хадид. Некои од проектите се веќе завршени, додека други сè уште се во изработка.rnrn

  • 8 архитектонски ремек-дела во светот за тие кои не се плашат од височина

    8 архитектонски ремек-дела во светот за тие кои не се плашат од височина

    Модерните градови се градат во висина, наместо во ширина. Како што облакодерите и останатите маестрални архитектонски достигнувања продолжуваат да се појавуваат и да нè зачудуваат со својата техничка иновативност и уникатност, ние имаме сѐ повеќе и повеќе места кои мора да ги посетиме. Во продолжение ви претставуваме шанса да ги погледнете најдобрите проекти кои ја воздигнаа архитектурата во нови височини, фигуративно и буквално.rnrn

    Патеката на троловите, Норвешка
    rnrn

  • 20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

    20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

    Сопствениците на модерните хотели имаат многу потешкотии да ги изненадат своите посетители, но за среќа постојат неколку хотели низ светот кои го предизвикуваат интересот дури и на најпребирливите туристи. Некои од нив изненадуваат со својот надворешен изглед, додека други нудат луксузни ентериери и неверојатни погледи од собите, а има и такви кои ги зачудуваат гостите со уникатната атмосфера. Погледнете ги 20-те најневообичаени хотели од сите краеви на светот.rn

    1. Маркес де Рискал – Елсиего, Шпанија

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnОвој футуристички хотел, кој е и винарница, е изграден во Елсиего, врз основа на проектот на легендарниот Френк Гери. Зградата ја сочинуваат бројни призматични блокови, кои се чини пловат над земјата, благодарение на нивните лежишта. Комплексот се состои од самиот хотел, неколку ресторани, спа центар, но најважно од сè – нуди „винска терапија“.rn

    2. Комплексот Шератон – Хаузау, Кина

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnОвој хотелски комплекс е изграден во форма на прстен и е сместен на брегот на прекрасното езеро Таиху. Комплексот ги привлекува посетителите со својата грандиозност и станал еден од главните симболи на модерната кинеска архитектура.rn

    3. Какслаутанен – Саариселка, Финска

    rn(3)-20-neobichni-hoteli-vo-svetot-koi-sekoj-treba-da-gi-poseti-kafepauza.mkrnrnКомплексот за одмор и рекреација Какслаутанен е лоциран во Лапoнија, домот на Дедо Мраз, и на гостите им нуди шанса да престојуваат во едно од дваесетте стаклени иглу, секое со транспарентен покрив кој ќе ви овозможи да гледате во прекрасното, ѕвездено небо без да го напуштите комфорот од вашата соба.rn

    4. Комплексот Ла Манта – Занзибар, Танзанија

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnЕдна од можностите за сместување во комплексот Ла Манта се пловечките куќи со подводни соби. Палубата на посетителите им овозможува преку ден да се сончаат, а навечер да уживаат во ѕвезденото небо, а огромните прозорци во спалната соба нудат магична панорама од подводниот живот. Ова е вистински рај за нуркачите и тие кои сакаат необични занимливости.rn

    5. Еко-хотел Липрус – Кабардино-Балкарија, Русија

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnЕден од хотелите на највисоката надморска височина во светот (3.900 метри), Липрус се наоѓа на јужните падини на планината Елбрус. Неговите соби личат на капсули од вселенски брод. Хотелот има соби кои можат да примат 12-18 луѓе, а има и заедничка просторија. Уште една особеност на овој хотел е тоа што целосно функционира на сончева енергија. Тој е одлично место за вљубениците во зимските одмори.rn

    6. Конрад Малдиви – Островот Рангали, Малдиви

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnОвој хотел е лоциран во јужниот дел од Ари Атоли и е опкружен со бујни тропски шуми, широки плажи со бела песок и кристално чисти води со корални гребени и богат подводен живот. Главната атракција во овој хотел е подводниот ресторан со стаклен покрив, кој на гостите им овозможува да ги гледаат рибите додека уживаат во својата храна.rn

    7. Висечки градини – Убуд, Индонезија

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnХотелот од висечки градини се состои од одвоени традиционални вили од Бали, со приватни тераси и базени во кои можете да пливате и да уживате во прекрасните пејсажи кои ве опкружуваат. Местото е толку мирно и тивко, што никогаш нема да погодите дека се работи за хотел.rn

    8. Хотел Катикиес – Островот Санторини, Грција

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnКатикиес е мал и шармантен хотел, изграден на карпите од островот Санторини во Егејското море. Посетителите имаат единствена можност да се восхитуваат во прекрасните погледи од терасите од вилите и приватните базени.rn

    9. Екокамп Патагонија – Торес дел Пеин, Чиле

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnОвој хотел е неверојатна комбинација од луксуз и хармонија со природна средина. Секоја соба е полукружен шатор со сите луксузи на цивилизацијата, додека хотелот е изграден од еколошки материјали и користи обновливи извори на енергија.rn

    10. Квинта Aктуал – Закатекас, Мексико

    rn20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посетиrnrnКвинта Актуал бил изграден во реставрираната зграда околу арената за бикови од 19-от век во Мексико. Апартманите се сместени под дрвените и камени сводови од плоштадот Сан Педро.rnrn