Интересни истражувања потврдени од научниците, за кои не би помислиле дека се вистинити и кои ќе ве натераат повторно да размислите за вашата врска…rnrn
rn
1. Изневерувањето може да биде смртоносно
rnАферата може да биде убиствена за партнерот кој изневерува. Според едно истражување спроведено во јануари оваа година, потврдено е дека 1% од луѓето кои починале од ненадеен срцев удар, истиот го доживеале додека воделе љубов. Дури 93% биле мажи, а 75% од нив имале афера.rn
2. Мажите внимаваат на однесувањето ако околу себе забележат привлечни девојки
rnОна во што жените се сомневаа, сега е веќе и научно потврдено. Мажите најмногу внимаваат на своето однесување ако забележат дека во нивна близина има атрактивна девојка. Спротивно на нив, однесувањето на жените не зависи од близината на некој привлечен маж. Со убавото однесување, мажот потсвесно се обидува да ја победи конкуренцијата и да ја придобие жената.rnrn
rn
3. Вистинската љубов не е само во бајките
rnЉубовта е поинтензивна кај паровите кои се подолго време заедно. Токму таквата љубов е причината поради која опстануваат врските. Постои мислење дека интензитетот на љубовта се намалува со текот на времето, но научниците го потврдија спротивното. Доказ за тоа се многуте парови кои се заедно повеќе од 20 години и сè уште тврдат дека се навистина заљубени.rn
4. Жртвувањето за партнерот ја зацврстува врската
rnАко се понудите да завршите некоја заедничка подзаборавена обврска, со тоа не само што добивате поени кај партнерот, туку и се жртвувате за него. Иако љубовта се темели на повеќе принципи, вистинскиот тест доаѓа кога партнерите ќе мора да се жртвуваат еден за друг, за да го задржат меѓусебниот однос. Под „жртвување“ се подразбира извршување на задачата, без разлика на цената која треба да ја платите за неа.rn
5. Постои точен број на партнери кои треба да ги имате пред да стапите во брак
rnНаучниците и официјално потврдија дека потребно е да имате дузина врски зад вас пред да се решите за брак. Питер Тод, професор по информатика и когнитивни науки, ја одредил точната бројка на предбрачни партнери. Според него, потребно е да смените 12 партнери за да сфатите што навистина барате во партнерот и да поставите одредени стандарди во врската.rnrn
rn
6. Жените ја зголемуваат телесната тежина за време на бракот, а мажите за време на разводот
rnИстражувањето на Универзитетот во Охајо, направено во август, 2011 година, потврди дека жените имаат тенденција да ја покачат телесната тежина откако ќе стапат во брак, додека на мажите тоа им се случува за време на разводот. Улогата на мажените жени е поголема и поодговорна од улогата на женетите мажи и заради тоа жените сè помалку имаат време за себеси и за одржувањето на телесната тежина. Затоа пак, мажите имаат повеќе здравствени придобивки од бракот кои лесно можат да ги изгубат со разводот, а за сметка на тоа ја зголемуваат телесната тежина.rn
7. Фејсбук е виновен за една третина од разводите
rnЗаборавете на непомирливите разлики. Според едно британско истражување спроведено во декември, 2011 година, причините за развод на 33% од браковите го содржеле зборот „Фејсбук“, за разлика од 2009 година, кога Фејсбук беше причина за развод на 20% од браковите. Како најголема причина за ова се наведуваат „непристојните пораки што партнерот ги испраќа на членовите од спротивниот пол“.rn
8. Заедничкото живеење ги прави партнерите посреќни отколку бракот
rnНајновата студија објавена во февруари, оваа година, покажува дека заедничкото живеење може да биде поголемо емотивно исполнување отколку бракот. Разликите помеѓу заедничкиот живот и бракот се мали, но сепак, паровите кои живеат заедно, а не се во брак, тврдат дека доживеале поголема среќа и имаат поголема самодоверба, во споредба со брачните парови.rnrn
rn
9. Жените го сметаат сексот како обврска
rnЕдна анкета спроведена меѓу жени во ноември, 2011 година, покажала дека 63% од жените сметаат дека сексот е неопходен за да се поврзат со партнерот, но помалку од половината се задоволни од нивниот сексуален живот. Се зголемува трендот кај жените кои сексот го сметаат како обврска, а не како уживање. Ова се поврзува со фактот дека сè уште голем дел од жените го занемаруваат своето сексуално здравје, како дел од нивната севкупна благосостојба.rn
10. Чувањето куче може да го придуши вашиот љубовен живот
rnМожеби кучето е најверниот пријател на човекот, но ако го чувате како милениче, кучето може да ги брка од вас потенцијалните партнери. Според едно истражување во декември, 2011 година, 28% од самците одговориле дека не би излегле на состанок со некој кој чува куче, додека 25% ги избегнуваат сопствениците на мачки. Хрчакот, пак, е милениче кое се нашло на дното од листата.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.