КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • 10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

    10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЗапозна интересен тип. Можеби подолго време ти се допаѓа некое момче од соседството или во мислите ти е оној кој седи пред тебе на предавањата или пак се интересираш за некој твој познаник/пријател со кој се познавате и дружите одамна. Се среќавате случајно, излегувате и се дружите со исти личности, идете на исти места, дури и бевте излезени насамо. Но сепак, не знаеш на што си и дали тој навистина е заинтересиран за тебе. Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа:rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn1. Навален е кон тебе – Дали машкото е заинтересирано за тебе, тоа може да се забележи по начинот на кој тој застанува или седи кога си во негова близина. Ако неговото тело е благо навално кон тебе, тоа е знак дека сака да ти се приближи.rnrn2. Неговите очи светат – Една стара поговорка вели „очите се огледало на душата“. Доколку тој е навистина заинтересиран за тебе, неговиот поглед ќе биде фокусиран на тебе, а очите ќе му добијат некаков посебен сјај кога ќе бидеш во неговиот видокруг. Доколку и ти си заинтересирана за него, возврати му на погледот и прати му нежна насмевка.rnrn3. Допир – Доколку тој е заинтересиран, ќе стори сè за да биде во твојата непосредна близина. Ќе ги сака и ќе ужива во оние нежни и „случајни допири“. Допирите по раката, косата, коленото се знак дека му допаѓаш.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn4. Станува дел од твоето опкружување – Доколку многу често почнете да налетувате еден на друг, тоа е или игра на судбината или пак тој се обидува да се поврзе со тебе. Почнуваш да го гледаш на места на кои дотогаш воопшто не се појавувал, на пример почнува често да доаѓа во твоето омилено кафуле, читалната. Доколку и ти си заинтересирана за него, искористи ги овие средби и договорете го вашиот следен заеднички „судир“.rnrn5. Добар слушател – Целото негово внимание додека сте излезни заедно ти го посветува тебе, внимателно те слуша и ги запаметува дури и деталите од вашите меѓусебни разговори. Заинтересиран е за тебе и сака да ги дознае сите работи кои ги кажуваш, ситниците кои ти се допаѓаат и работите кои ти пречат.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn6. Се согласува со твоите избори – Не му пречи да гледа филм кој ти си го избрала, не му пречи ако заглави со тебе во шопинг, не се жали за изборот на местото каде ќе ручате заедно. Едноставно ги прифаќа работите кои тебе ти се допаѓаат. Ова се многу позитивни реакции кои покажуваат за неговите искрени намери кон тебе.rnrn7. Се смее на твоите шеги – Не си добра во кажувањето вицеви, правењето шеги, а тој сепак се смее на нив. Тоа значи дека го почитува твојот труд и ти дава на знаење дека и покрај овој мал недостаток, сепак му се допаѓаш и си кандидатка за која тој има посериозни намери.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn8. Нервозен е – Ако тој е заинтересиран за тебе, ќе забележиш дека одеднаш станува нервозен, возбуден, почнува забрзано да дише, почнуваат рацете или гласот да му треперат. Возрасните личности, а особено машките сакаат своите емоции да ги држат под контрола, не сакаат неочекувани емоционални испади. Па затоа, доколку тој почне да станува нервозен или возбуден во твоја близина, во одреден момент за да го сокрие тоа, може и неочекувано да замине од местото. Биди фина и потруди се да го опуштиш и верувај ќе ти биде благодарен за тоа.rnrn9. Почнува да се отвора – Мажите и жените се различни. Таа е вербална, тој не. Таа е водена од длабоки емоции, додека пак тој е визуелно суштество. Жените сакаат јасно да ги изразуваат своите емоции, тие се рационални суштества и не се срамат да заплачат, додека пак мажите се постегнати и не така лесно ги искажуваат своите чувства. Па, доколку тој почне да се отвора и да ги покажува своите емоции, да раскажува за одредени емотивни моменти од неговиот живот, сфати го тоа како многу позитивен знак и голем напредок во вашиот однос.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn10. Те држи блиску до себе – Можноста да се случи романса е збир од меѓусебната физичка и емоционална привлечност. Доколку тој почувствува емоционална поврзаност со тебе и забележи дека имате заеднички желби и интереси, ќе сака и ќе се труди да биде со тебе. Ќе те чува близу до себе, ќе се грижи и ќе ја користи секоја прилика да те види, да седне блиску до тебе, да те допре… Ќе стори сè што е потребно за што подолго да бидеш блиску до него. Искористи го ова и возврати му на истиот начин.

  • Дали врска на далечина може да успее?

    Дали врска на далечина може да успее?

    За некои луѓе врската на далечина може да биде многу тешка, па така многу парови кои пробале да ја одржат љубовта на овој начин не успеале во тоа. Истражувачите пак тврдат дека врската на далечина не е невозможна мисија. Клучот за опстанокот на ваквата врска лежи во начинот на кој размислувате. Наместо далечината да ја гледате како проблем, треба да ја гледате како предност. Еве неколку причини за тоа.rnrnДали врска на далечина може да успее?rnrnВаквата врска може да ве направи среќни. Во ваквата врска ќе имате многу повеќе време за да посветите на себе, во што спаѓа и здравиот начин на размислување и живеење. Ви се отвораат и портите за надградување на образованието и напредок во кариерата, што во иднина сигурно добро ќе ù дојде на вашата врска. Со други зборови, можете истовремено да се чувствувате среќно и исполнето, но истовремено и сакано, иако од далечина.rnrnВрската може да ви биде совршена. Оние луѓе кои се сингл често се плашат од љубовта бидејќи им е страв да се врзат и да чувствуваат одговорност, додека на оние кои веќе се во врска им недостасува слобода. Вие можете да ги имате и двете работи.rnrnДали врска на далечина може да успее?rnrnНикој не ве спречува во ништо. Често може да се чуе како некој кажува „Планирав да продолжам со образованието, но мојот партнер сакаше да основаме семејство“. За вашата врска ова нема да биде проблем, бидејќи можете слободно да продолжите да си го живеете сонот, без страв дека тој не е по плановите на партнерот.rnrnВрската може да ви стане посилна и поздрава. Незадоволството на еден партнер од која било причина, може да ја уништи врската.  Вие имате шанса сето ова да го избегнете, бидејќи вашата врска нема да го има притисокот од секојдневните стресови и проблеми, од кои често можат да произлезат кавгите.rnrnДвајцата ќе станете поинвентивни и пооригинални на љубовен план. Врската на далечина бара од двата партнери оригиналност во пронаоѓањето начин за искажување на љубовта. Токму затоа овие врски се посебни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што сакаат девојките во врската?

    Што сакаат девојките во врската?

    Признаваме дека сме многу комплицирани и нашиот начин на дејствување не е ни најмалку едноставен. Она што го сакаат девојките, за мажите може да биде вистинска мистерија. Но, доколку се грижите за вашата девојка, ќе се потрудите да ѝ го обезбедите следново во вашата врска:rnrnСигурност и заштита – Девојките сакаат да се чувствуваат сигурно и безбедно. Нема девојка која не сака силен човек покрај неа, кој ќе ја штити од секој кој може да ѝ нанесе болка. Штом девојката ќе ја најде својата заштита во вашата прегратка, бидете сигурни дека ќе ја добиете нејзината љубов.rnrnРазбирање – Дури и да не можете да го разберете нејзиното однесување, трудете се да сфатите како се чувствува. Секогаш нека знае дека ја разбирате и ги почитувате нејзините одлуки. Начинот на кој размислуваат мажите и жените е сосема различен, но луѓето во врска наместо да избувнуваат за секоја ситница, треба да имаат разбирање.rnrnШто сакаат девојките во врскатаrnrnТелесна поврзаност – Можеби најважно е да се разбирате и да имате заеднички ставови и многу теми на разговор, но важноста на телесната поврзаност не треба да се потцени. Дел од секоја здрава и успешна врска е добриот секс. Можеби девојките не размислуваат на оваа тема онолку колку што тоа го прават мажите, но не можат да одречат дека им е потребен добар сексуален живот.rnrnОдговорност – Незрел и неодговорен дечко кој сè сфаќа на шега, може да е интересен само на почетокот. Девојките сакаат одговорни личности кои се грижливи, вложуваат во иднината и ги исполнуваат своите обврски. Тоа им влева чувство на сигурност и безбедност. Никој не сака покрај себе нестабилен човек на кој не може да се потпре кога има проблем.rnrnПоддршка – И кога навидум нешто изгледа како навистина луда идеја, поддржете ја! Верувајте, таа секогаш би ве поддржала вас, па вратете ѝ со иста мера. Поддржете ја во остварување на своите соништа, не ја враќајте назад и не ѝ ја одземајте надежта за успех. Па нели и вие сакате вашата девојка да биде успешна и силна личност?rnrnРамо за плачење – Не сме толку големи плачки колку што вие мислите, но кога ќе се разнежниме сакаме да бидете покрај нас. Бидете ѝ рамо за плачење на вашата љубена, нека осети дека колку и да е лош денот, на крајот од бурното попладне може да се врати кај вас и да најде мир и нега.rnrnМажественост – Бидете џентлмени, со секој ваш гест истакнете ја машкоста. Верувајте, тоа може да направи девојката да полуди по вас. Обрнете внимание на ситниците како: отворање врата, дозволување да седне прва, злобен поглед упатен кон момчето од спротивната страна кој чудно ја гледа…rnrnВнимание за важните датуми – Никогаш не го заборавајте денот кога сте ја запознале, кога сте ја бакнале за првпат, вашата годишнина и слични важни датуми. Сте слушнале за начинот на кој може жената да ве натера никогаш да не ја заборавите вашата годишнина? Само пробајте да ја заборавите еднаш. :)rnrnСмисла за хумор – Човек кој знае да ја насмее и во најтмурните мигови е она што секоја девојка го посакува. Оној кој ѝ носи насмевка на лицето има голема шанса да биде човекот на нејзиниот живот.rnrnПочит – Почит кон нејзините желби и кон нејзините права како жена. Почит кон нејзините соништа и благодарност за она што го вложува во врската. Исто така, бидете свесни дека колку и да ве сака, ќе се откаже од вас доколку немате почит кон нејзиното семејство и најблиските.rnrnДоверба и слобода – Добри се оние знаци дека се грижите за неа и ја сакате за себе, но претераната љубомора нема да ве однесе никаде. Со обид да ѝ ја скратите слободата ќе направите само лошо за вашата врска. Довербата треба да е обострана. Влевајте ѝ доверба и почувствувајте ја истата и од нејзина страна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Женски vs. машки лаги и нивното значење

    Женски vs. машки лаги и нивното значење

    Не дека сите сме лажливци, но секој знае да каже по некоја лага. Ќе го излажете вашиот шеф на работа дека доцните бидејќи сте спасувале животно на патот, а тој вас ќе ве излаже дека нема да добиете бонус поради финансиската криза…rnrnПовеќето од нас се „повремени“ лажливци, лажеме кога имаме потреба да се извадиме од некаква „каша“, да добиеме нешто, да се спасиме од непријатна ситуација и слично. Како и да е, најинтересни се лагите кои ги кажуваат мажите и жените кои се во брак, љубовна врска или во почетна фаза на заљубување и заведување.rnАјде малку да ги анализираме и двете страни. Не мора да значи дека следниве реченици секогаш кога се кажани се лага, но најчесто нивното значење е сосема поинакво.rnrnЖенски vs. машки лаги и нивното значењеrn

    Женски лаги:

    rn

      rn011

    • Ништо не ми е, добро сум – Сите бродови ми се потонати, но не можам да ти објаснувам и онака нема да ме разбереш.
    • rn011

    • На попуст беше – Не беше на попуст, но навистина ми беше потребно.
    • rn011

    • Имам главоболка – Не ми се оди нигде, не ми се разговара, не сакам да имаме секс.
    • rn011

    • За 5 минути сум таму – За еден час со сигурност ќе бидам на договореното место.
    • rn011

    • Твоите пријатели се супер – Убаво ми е со тебе и не сакам да го уништам тоа што го имаме објаснувајќи ти зошто твојот пријател ми оди по нерви.
    • rn011

    • Се разбира дека немам ништо против вечерва да гледаш фудбал со другарите – И тоа како сум против, но ќе го чувам како бонус карта кога мене ќе ми треба нешто.
    • rn011

    • Не сум гладна – Не сакам да видиш како дрчно го јадам хамбургерот во оваа почетна фаза, во твоите очи сакам да бидам вистинска дама.
    • rn011

    • Го купив на распродажба – Всушност имаше редовна цена и ме чинеше цело богатство, но тоа беше навистина добра инвестиција… секако дека твојот машки мозок тоа не би го разбрал.
    • rn011

    • Не сум ти лута – Премногу сум ти лута, толку многу што ова има да ти го извадам низ нос при првата прилика што ќе ја имам.
    • rn011

    • Ова не ми е ново, го имам со години – Го купив вчера, но не можам повторно да ти се правдам зошто трошам толку пари.
    • rn011

    • Не знам каде е, не сум го ни допрела – Го преместив негде додека се трудев да ставам крај на твојата неуредност, но не знам ниту сакам да размислувам каде сум го ставила.
    • rn011

    • Извини, заборавив да ти се јавам – Здодевен си, олабави.
    • rn011

    • Не го слушнав телефонот – Не му обрнав внимание на телефонот кога ѕвонеше.
    • rn011

    • Те сакам – Убаво ми е со тебе, имам пеперутки во стомакот, со тебе го имам она што ми е потребно во моментов.
    • rn

    rn

    Машки лаги:

    rn

      rn011

    • Не испив толку – Испив дупло повеќе отколку што тебе може да ти падне на памет.
    • rn011

    • Заглавив во сообраќајот – Имав поважна работа и не ми се брзаше.
    • rn011

    • Не, не си здебелена – Си накачила некое килце, но ако ти го кажам тоа ќе биде Трета светска војна и никогаш нема да сфатиш дека мене и така си ми убава.
    • rn011

    • Немав мрежа на телефонот – Не бев расположен да правам муабет со тебе.
    • rn011

    • Не можам да преноќам кај тебе, имам состанок рано наутро – Се плашам дека преноќувањето би нè одвело на ново ниво во нашата врска.
    • rn011

    • Многу си убава – Ме привлекуваш и сакам да имам секс со тебе.
    • rn011

    • Сакам да се средам – Смачено ми е постојано да бркам девојки за да имам секс, едноставно сакам да знам дека секогаш можам да го имам тоа со тебе.
    • rn011

    • Ќе ти се јавам – Ќе ти се јавам кога повторно ќе те посакувам.
    • rn011

    • Ти си вистинската за мене – Во овој период ти си ми на прво место.
    • rn011

    • Не сакам само секс, сакам да сум блиску до тебе – Сакам да сум блиску до тебе, за да можам да добијам секс кога ќе посакам.
    • rn011

    • Во целибат сум веќе неколку месеци – Никако не успевам да „легнам“ некоја.
    • rn011

    • Те сакам – Слатка си и многу си ми мила, убаво ми е со тебе и го добивам она што го сакам.
    • rn

    rnНе го сфаќајте ова премногу буквално, некогаш лагите се кажуваат за да ја направат реалноста послатка. Секој лаже и не е ништо страшно ако зад тоа „Те сакам“ стои и по некое скриено значење. Добро е сè додека знаеме да разликуваме мала лага од целосно блефирање.rnrnМожеби би сакале да споделите и вие со нас некоја од најчестите лаги кои ги кажуваат мажите и жените, или можеби ваше толкување на горенаведените?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Логиката по која се толкуваат соништата е исто толку чудна колку и самите тие. Доколку некогаш сте сонувале некој од овие сексуални соништа, тогаш сами проценете дали толкувачите имале право при нивното толкување.rnrnЧудни сексуални соништа и нивното значењеrnrn1. Доминација во сексот – сакате да се поврзете со бога или да се издигнете спиритуалноrnrn2. Некој се соблекува гол пред вас – сочувствувате со таа личност. Всушност сакате подобро да ја запознаете и разберете таа личност и сакате да ви биде пријатно со неа.rnrn3. Кастрација – ви фали креативност.rnrn4. Оргија – премногу сте оптоварени. Расчистете го вашиот календар.rnrn5. Ерекција – се чувствувате моќни и енергични. Искористете го тоа чувство и започнете некој нов проект.rnrn6. Носите појас на невиност – премногу сте заштитнички настроени. Опуштете се малку…rnrn7. Презервативи – има неколку можни варијанти:rn

      rn011

    • запакуван – треба да почнете да ги оставате луѓето да си го искажат сопственото мислење
    • rn011

    • (за жени) машко носи кондом – се чувствувате емотивно заштитени
    • rn011

    • отворен – сексуално сте фрустрирани
    • rn

    rn8. Инцест – не значи дека ве привлекува некој член од фамилијата, туку дека му простувате за некоја кавгаrnrn9. Мастурбација – себични стеrnrnrn10. Имате односи со личност од истиот пол – не значи дека сте геј, туку дека се прифаќате самите себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за подобар заеднички живот

    Совети за подобар заеднички живот

    Започнувањето заеднички живот со партнерот е голем чекор за секоја врска. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ги надминете најчестите несогласувања кои се јавуваат на почетокот на заедничкото живеење. Совети за подобар заеднички животПроблем: Нечистите садови остануваат во мијалникот сè додека некој не стане пасивно агресивен.rnrnРешение: Кога се работи за задолженијата, сите ние мора да завршиме по некоја валкана работа. На таквата работа најдобро е да се гледа како на добар гест кој го правиме за партнерот. Доколку вашиот избраник ја заврши оваа работа за вас, покажете му дека го цените тоа.rnrnПроблем: Спортскиот натпревар и серискиот филм се емитуваат во ист термин.rnrnРешение: Најидеално решение за овој проблем би било едниот да се откаже и да ја гледа репризата за сметка на другиот. Многу жени во вакви случаи се одлучуваат омилената серија да ја гледаат кај пријателките. Истото важи и за мажите кои можат да го следат натпреварот кај некој пријател. Денес од голема помош е и технологијата која овозможува снимање на програмата. Совети за подобар заеднички животПроблем: Неговиот другар повторно престојува во вашиот дом.rnrnРешение: На почетокот многу парови преговараат за заедничкиот простор во домот и просторот во кој би ги сместиле гостите. Затоа потребно е да постават основни правила со кои секој член во домот ќе се чувствува удобно. Доколку најавениот гостин не му се допаѓа на партнерот, најдобро е да го сместите во хотел. На тој начин ќе го сочувате мирот во врската.rnrnПроблем: Подот од купатилото е постојано влажен, а огледалото е испрскано со дамки од паста за заби.rnrnРешение: Оставањето мали вирчиња вода зад себе е нешто што жените не можат да го поднесат. За овој проблем има само едно решение, а тоа е секој да внимава зад себе и да ги остави работите такви какви што ги нашол. Ако партнерот „заборави“ на ова правило, предложете му следниот пат да облече чорапи и да згазне во вирчето што го направил.rnrnПроблем: Дали секој да ги подмирува своите трошоци или да отвориме заедничка сметка во банка?rnrnРешение: Парите се многу чест проблем за секој пар кој започнува заеднички живот. Финансискиот стрес е нормален и може да предизвика долгорочни ефекти доколку не функционирате како тим. За да се реши ваков проблем потребно е да ги „отворите картите“. Што ако се случи еден од вас двајца да ја загуби работата? Зошто сте „за“, а зошто „против“ заедничка сметка? Запишете ги одговорите и анализирајте ги. Така ќе го добиете одговорот на вашата дилема. Совети за подобар заеднички животПроблем: Сами, а заедно.rnrnРешение: Нормално е после напорен ден да дојдете дома и веднаш да сакате да се изолирате од партнерот. Наместо тоа, одвојте неколку минути за прегратка и накратко објаснете му на партнерот колку тежок ден сте имале. Така партнерот ќе ја сфати вашата потреба за изолација, а вие ќе можете да се повлечете без тој да мисли дека го игнорирате.rnrnПроблем: Тој сака целовечерна забава во дискотека, додека таа сака да ја преспие ноќта.rnrnРешение: Колку повеќе време сте заедно, толку помалку ќе ви значи индивидуалноста на партнерот. Со текот на времето настанува еден вид на постепена смрт на индивидуализмот. На почетокот може да биде многу тешко да се издржат различните идентитети. Доколку имате голем проблем со усогласувањето на социјалните навики, ни вие, а ни партнерот не треба да заборави дека треба да е благодарен што има некој кој го чека да се врати дома. Совети за подобар заеднички живот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Едно е сигурно, вистинските пријатели се тука едни за други и во добри и во лоши времиња. Па така, без разлика дали треба да се помине цел еден ден слушајќи за бившиот/та и да се повторува по стоти пат колку правилна одлука е тоа што раскинале, никогаш не се буниме за посветеното време, па и нерви. Но, можеби може да се направи нешто повеќе од само едно кафе посветено на неговите/нејзините маани и тешење дека наредниот/та ќе биде вистинскиот/та. Еве неколку начини како најдобро да им помогнеме на пријателите во вакви ситуации.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    1. Прилагодете се на расположението

    rnРаскинувањето со себе носи и промени на расположението, но обично сите одиме во една или во друга крајност – екстремно плачливи или нервозни во стилот „тргни ми се од пред очи“. Без разлика на вентилот кој го избрал вашиот пријател/ка, прилагодете се на секоја ситуација. Сака да гледа срцепарателни драми цела недела? Не заборавајте сладолед. Секое споменување на бившата љубов е проследено со изливи на нервоза? Одете во теретана и цврсто држете ја боксерската вреќа.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    2. Негативни коментари се добредојдени, секако наменети за другата страна

    rnДа бидеме реални, никој не сака да слушне од своите пријатели, и тоа веднаш после раскинувањето, за тоа колку згоден дечко ù бил бившиот или колку паметна девојка му била поранешната. Ако некогаш сте имале нешто негативно да кажете или имало нешто што ве вадело од такт, сега е вистинското време за тоа. Можеби звучи детски и незрело, но токму некој таков коментар можеби ќе измами насмевка.rnrnДевојките можеби ќе се сетат на сцената од „Сексот и градот“, кога Кери се труди да ги убеди сите дека добро се справува со новата врска на Биг и Наташа, и токму среде непријатната тишина Саманта вели „Наташа, какво име е тоа?“. Некој ваков коментар сигурно ќе успее да го/ја насмее. Ако сака да биде малку злобен/на, бидете злобни заедно.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    3. Не дозволувајте да направи нешто за што подоцна ќе се покае

    rnАлкохол и телефон во рака никогаш не се добра комбинација. А сите знаеме колку е лошо чувството кога утредента ќе се разбудиш со мислата дека си испратил некоја не толку пријатна порака кај последниот човек со кој би требало да комуницираш. Направете им услуга на вашите пријатели и не дозволувајте да западнат во слични ситуации. Затоа што дефинитивно е тешко кога подоцна уште и треба да се извиниш со изговор дека алкохолот си го направил своето. Уф!rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    4. Испланирајте нешто на што ќе се радува

    rnБило да е излегување на некое ново место, викенд некаде на страна или пак одење на кино, што и да е што ќе направи да се чувствува подобро. Секогаш е добра идеја да се биде активен, а токму поради тоа што ќе мора да мисли на вашето следно патување нема да има време да размислува за ништо друго, а особено не на бившиот/та. Патем, шопингот е секогаш добра опција.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    5. Или пак, не правете ништо

    rnДоколку почувствувате дека на вашиот пријател/ка му/ù е потребно само повеќе време да биде сам/а, тогаш најдобро што можете да направите е да оставите простор и време за тоа. Секој човек различно се соочува со животните кризи, а вие најдобро ги познавате вашите пријатели и знаете што им треба во моментот. Некогаш, доволно е да знае дека сте тука во кое било време.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    6. Помогнете да се фокусира на другите аспекти од својот живот

    rnОна што можеби најтешко им паѓа на сите после раскинување, особено кога станува збор за долга врска, е како да се прилагодат на фактот дека сè она што претходно го правеле во пар сега мора да го прават сами. Не дозволувајте да се откаже само затоа што сега ќе треба нештата да ги врши сам/сама. Особено важно е да помогнете да си ја поврати самодовербата, поттикнувајќи го/ја на нови предизвици, без разлика дали е тоа ново хоби, нова работа или пак можеби да повика некого на состанок.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

  • Грешки кои мажите ги прават во заведувањето

    Грешки кои мажите ги прават во заведувањето

    Некогаш освојувањето на срцето на саканата може да биде тешка задача. Кога мажите ќе се „затрескаат“ во некоја девојка, можат да го загубат разумот и да направат работи кои се навистина погрешни и кои ќе им донесат неуспех.rnrnГрешки кои мажите ги прават во заведувањетоrnrnМомци, слушнете женско мислење на оваа тема, би ви било од корист. :)rnrn1. Не бидете напорни – Доколку сакате да ја повикате на состанок, одберете го вистинскиот начин, време и место. Не бидете здодевни и напорни, не качувајте ѝ се на глава. Едно е да си упорен, но сосема друго е да си жива досада! Не оптоварувајте ја со безброј повици и пораки.rnrn2. Не глумете недостижни – Откако ќе го преземете првиот чекор, не повлекувајте се веднаш. Доколку сосема „оладите“ и таа ќе изгуби секаков интерес за вас. Давајте ѝ до знаење дека сте заинтересирани за неа, без да бидете здодевни.rnrn3. Гледајте ја во очи – Кога ќе излезете на вашиот прв состанок, гледајте ја во очи. Нека не ви „шара“ погледот по нејзиното тело, тоа е некултурно и глупаво. Таа ќе има впечаток дека не ја слушате и не обрнувате внимание на она што го зборува. Но не претерувајте, тоа не значи дека не треба да го двоите погледот од неа.rnrn4. Зборувајте – Доколку со девојката сакате нешто сериозно, постојано отворајте теми за разговор, запознавајте се, зборувајте, но оставете ја и неа да зборува. Девојките знаат да ги ценат добрите долги разговори и способноста на мажите да зборуваат отворено и паметно.rnrn5. Слушајте – Слушајте внимателно што ви зборува, бидете заинтересирани за нејзините проблеми, случувања, мислења и сл.rnrn6. Не избрзувајте – Нема потреба да ѝ се додворувате кажувајќи ѝ дека ја сакате, бидете сигурни, таа знае дека тоа не е вистина. Не избрзувајте и не плашете ја со најави за сериозна врска и врзување, и жените се плашат од обврски. Оставете ги работите да си течат по природен тек.rnrn7. Не фалете се – Каква кола возите, каде работите и кои се вашите примања, не се соодветна тема на разговор. Ако постојано зборувате за овие работи, тогаш очигледно тоа е единственото нешто за што може да разговарате и само со тоа би можеле да освоите нечие срце. Не заборавајте, ако најдете девојка која ќе биде со вас само поради вашата кола, таа секогаш може да најде некој со подобра кола од вашата. Не покажувајте се кој сте и што сте и не пробувајте да ја поткупите со подароци, тоа е навредливо.rnrn8. Не употребувајте излитени фрази – Паметните девојки не „паѓаат“ на стари фрази кои се наоѓаат на секој чекор. Многу е подобро да ѝ кажете дека е слатка, отколку дека е „жешка“.rnrn9. Не додворувајте ѝ се во пијана состојба – Жените сакаат зрели и стабилни мажи кои стојат зад секој збор што го рекле, а ваквата постапка ќе направи да личите на недозреан тинејџер. Однесувајте се културно кон дамата која сакате да ја освоите и бидете свесни што правите.rnrn10. Ставете ја во центар на внимание – Нели девојките сакаат светот да се врти околу нив? Нормално без претерување, не давајте ѝ причина да си замислува дека е недостижна божица, но пружете ѝ го потребното внимание. Не е во ред додека сте излезени гласно да искоменtирате дека девојката на соседната маса е слатка.rnrn11. Давајте им значење на нештата – Дајте ѝ до знаење дека обрнувате внимание на малите нешта. Изненадете ја подарувајќи ѝ ружа на некоја од вашите средби и објаснете ѝ зошто сте одбрале цвет баш во таква боја, или зошто сте ја однеле баш во тој ресторан. Едноставно давајте им значење на работите.rnrn12. Бидете оригинални – Правете го она што таа не го очекува, вашите состаноци нека бидат невообичаени. Доколку очекува стандарден состанок, вие одведете ја на куглање или нешто слично. Бидете оригинални, девојките го сакаат тоа!rnrnНо најважно од сè, не променувајте се откако ќе ја освоите. Не постои нешто што е трајно, не значи дека никогаш нема да ја изгубите.

  • Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

    Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

    Автор: Бојана МандевскаrnrnСексуалната привлечност кон предмети или делови од телото кои не се конвенционално познати како сексуални се смета за секс-фетитш. Вообичаено кога ќе се спомене секс-фетиш се мисли на работите кои ни предизвикуваат сексуално возбудување. Фетишот всушност претставува одреден предмет или дел од телото кој го обожаваме и кој ни предизвикува сексуално задоволство.rnrnСекс-фетиши и практики кои возбудуваатrnrnКако едни од најпознатите делови од телото кои предизвикуваат особено сексуално задоволство и се добро познати секс-фетиши се: градите, задникот, ушите и стапалата. Додека од предметите како најпознати може да се споменат камшикот, мрежестите чорапи, кожата, латексот, гумата, црвениот кармин и слично.rnrnБалони – дувањето балони и аранжирањето на просториите со балони нè асоцираат на подготовки за родендени и други видови веселби, но кај некои личности, дувањето балони, самиот нивни мирис и лебдењето во воздух, се предизвикувачи на сексуално задоволство. Балонот кај нив буди и создава сексуална возбуда.rnrnСекс-фетиши и практики кои возбудуваатrnrnСкокоткање нежниот и скокотлив допир на партнерот е добар начин за да се зачини предиграта и да се предизвика големо сексуално задоволство. Кај некои лица ненадејното скокоткање предизвикува голема сексуална возбуда.rnrnХрана сексуалната игра во спалната соба зачинета со малку шлаг секако е забавана и возбудувачка. Но, одредени лица имаат потреба да бидат засладени од глава до петици, целосно намачкани со шлаг, мед или друг вид храна. Воедно тоа подразбира и играње со храна во креветот или пак имање директен сексуален однос со неа.rnrnСекс-фетиши и практики кои возбудуваатrnrnКукли – спиењето покрај кукла за некои претставува секс-фетиш. Тие со куклата воспоставуваат врска, имаат секс со неа и уживаат во нејзиното присуство. Овој фетиш е познат под името агалматофилија, кога лицата сакаат да имаат сексуални односи со статуи, статични кукли-манекени или пак со кукли на дување. Може е малку чудно и невообичаено, но има луѓе кои ова го сакаат.rnrnМаскоти и униформи – малите крзнени мечиња изгледаат симпатично и слатко и се добар подарок. Но, кај некои личности тие предизвикуваат возбуда. Ваквите луѓе се облекуваат како маскоти само за да имаат секс, бидејќи самата помисла на крзнени костими и кукли кај нив предизвикува сексуална возбуда. Додека некои се облекуваат како маскоти, други пак облекуваат различни униформи, како на пример униформа на полицаец, пожарникар, медицинска сестра и слично, бидејќи тоа е начинот на кој тие сексуално се возбудуваат.rnrnСекс-фетиши и практики кои возбудуваатrnrnПостојат многу различни начини на кои луѓето се возбудуваат и го задоволуваат својот сексуален апетит. Не би смеело да се заборави да се спомене галењето на косата, допирите и самиот поглед на стапалата на партнерот, пирсингот на одредени делови од телото, врзувањето на рацете или нозете, практикувањето на тантричкиот секс.rnrnСекс-фетиши и практики кои возбудуваатrnrnКај машката популација дополнителна сексуална возбуда предизвикуваат и моментите на женска доминација, кога жената е таа која иницира на секс и е водич во сексуалната игра. Додека пак кај жените, дополнителна возбуда предизвикува носењето високи потпетици за време на сексуалниот чин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разбудете ја неговата фантазија

    Разбудете ја неговата фантазија

    Моќта е во ваши раце, со женската привлечност и сензуалност, многу лесно ќе го доведете до лудило. Со примена на неколку лесни совети, ќе му го „свртите“ паметот и ќе ја разбудите неговата фантазија…  Па после не било вистина дека девојките знаат како да управуваат со мажите. :)rnrnРазбудете ја неговата фантазијаrn

    Жешка најава

    rnДодека е на работа или излезен со другарите, испратете му кратка порака која јасно ќе му даде до знаење што имате на себе и ќе му ја поттикне фантазијата. Ќе посака да може да летне за што побрзо да дојде до вас.rn

    Неговите омилени работи

    rnСè она што го сака имајте го на себе. Било да е љубител на тесни хеланки, секси долна облека, тенко фустанче и слично. Ставете се во позиција како да сте подготвени да му ги исполните сите желби и да бидете неговата омилена.rn

    Замена на улогите

    rnАко ве знае како тивка, мирна и повлечена девојка, пречекајте го дома како палава, непослушна и темпераментна дива. Или обратно, доколку сте слободна и темпераментна, станете слатка и заводлива. Истакнете го вашето алтер его и започнете ја играта!rn

    Опоен мирис

    rnНанесете лосион за тело кој ќе направи да посака никогаш да не се одлепи од вас. Искористете го парфемот кој нему му е омилен, истакнувајќи ја вашата женствена и заводлива страна.rn

    Подарете му го вашето внимание

    rnБез разлика колку долго се заедно, партнерите секогаш треба да си посветуваат време. Резервирајте време само за него и посветете му се, но не како роб, туку како вљубена жена. Направете му го омилениот оброк (нели љубовта доаѓа преку стомакот 🙂 ), кажете му ги работите кои сака да ги чуе, направете да се чувствува удобно и сакано.rnrnРазбудете ја неговата фантазијаrn

    Храна за подигнување на либидото

    rnОдредена храна влијае на машкото либидо, бидејќи содржи состојки кои придонесуваат за лачење на машки хормони. Некогаш станува збор за храна за која ни на крај памет не ви е дека би можела да биде поврзана со либидото. Храна која го поттикнува неговото либидо: авокадо, морска храна (лосос и школки), чоколадо, јајца, банани, ананас, ореви…rn

    Бидете самоуверена

    rnСамоуверената жена е привлечна и посакувана зашто самодовербата е убавина. Играјте смело, движете се хипнотизирачки, секој ваш потег нека ја истакнува вашата сензуалност и самоувереност.rn

    Заведете го со очите

    rnНе е сè во секси облеката и вашите облини. Колку и да ги дефинираме мажите како плитки, тие сепак се хипнотизирани од женскиот поглед. Нанесете ја вашата омилена маскара и упатувајте смели и заводнички погледи.rn

    Кажете му ги вашите желби

    rnЖената која знае што сака, кога сака и не се плаши да му го каже тоа в лице, е вистински хипнотизирачки магнет. Мажите се визуелисти, зборовите лесно им ја поттикнуваат фантазијата, па затоа заведувањето е лесна задача за жената.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.