КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • Кога жените најмногу сакаат секс?

    Кога жените најмногу сакаат секс?

    Најновото Британско истражување покажало дека женското либидо е најсилно во сабота околу 23:00 часот. Иако повеќето Британки се задоволни со својот сексуален живот, голем број од нив недостатокот на желба за секс го префрлаат на хаотичното работно време.Кога жените најмногу сакаат секс?Жените од Шкотска и жените од јужен Велс се најзадоволни од животот во спалната соба (82% се задоволни), додека оние од Ирска се најнезадоволни (30% се задоволни). Од друга страна пак, Ирците важат за народ кој обожава секс, бидејќи 42% од населението имаат односи повеќе од 3 пати неделно.rnrnМинатата година истражувањето на „London School of Economics“ откри дека најдобар ден за секс е сабота. Како што тврдат научниците, тогаш нивото на кортизол во телото се изедначува, со што се стимулираат хормоните задолжени за сексуалност. Исто така, според нивното истражување се покажало дека нивото на хормонот тестостерон кај машките и нивото на естрогени хормони кај жените е до пет пати повисок во утринските часови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сексот после кавга дејствува како кокаин

    Сексот после кавга дејствува како кокаин

    Општо познато е дека сексот после голема кавга е многу добар. Сепак, докторите тврдат дека помирувањето на партнерите во кревет има ист ефект како и кокаинот. Клиничкиот психолог Сит Мејерс верува дека паровите кои најчесто се смируваат преку секс, се караат многу почесто.rnrnСексот после кавга дејствува како кокаин
    rn

    „Ваквиот секс ја засилува кавгата и емоционалната драма. Размислите, ако после кавга имате неверојатен секс, зарем не е логично повторно да се скарате бидејќи наградата е феноменална.“ – вели тој.

    rnМногумина сепак веруваат дека сексот е здрав начин да се исфрлат негативните емоции и партнерите повторно да се зближат. Докторот објаснува зошто тоа не е вистина.rn
    rn

    „Паровите после кавга едвај чекаат да почнат со галење и нежности, бидејќи тоа е спротивно од гневот и нервозата при недоразбирањата. Искрено кажано тоа воопшто не се разликува од наркоманите на кои им треба нова црта кокаин.“ – вели Мејерс.

    rnПовеќето сексолози не се сложуваат со овој став, затоа што тврдат дека сексот за помирување е најнормална појава и дека ја зголемува блискоста помеѓу партнерите. Мејерс од друга страна тврди дека вистинската интимност доаѓа преку разбирање и дека би било попаметно паровите да ги расчистат недоразбирањата пред да си ја соблечат облеката.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчести грешки во врските

    Најчести грешки во врските

    Понекогаш несвесно, понесени од некаква заљубеност правиме грешки. Грешките во врските се случуваат во секакви околности, особено на почетокот на врската. Секој греши, но сите имаме и можност да избегнеме одредени погрешни постапки.rnrnНајчести грешки во врскитеrnrnКои се најчестите грешки во љубовните врски?rnrn1. Му посветувате премногу време на партнерот – многу брзо врската ќе ја донесете до стадиум на тотална здодевност и тој/таа ќе чувствува како некој да му/ù ја одзема слободата.rnrn2. Мислите дека ќе се промени – дефиниција за лудило е да правите исто нешто повторно и повторно очекувајќи различни резултати. Па не бидете луди, престанете да му/ù давате шанси да ја поправи работата! Само залудно го трошите вашето, а воедно и неговото/нејзиното време.rnrn3. Дозволувате некој да биде супериорен во врската – секако постојат работи за кои е подобро да одлучите вие, а за други, вашиот партнер. Но сосема различно е некој да биде постојано супериорен во врската, да се слушаат неговите желби и да се почитуваат само неговите приоритети. Никој не сака неговото его да биде згазено, имајте почит за туѓите потреби.rnrn4. Претерано сте љубоморни – дури и кога ќе почувствувате љубомора не мора да ја искажувате. Во врската ќе донесете притисок, кавги и неслога. Нели врските треба да носат спокој, задоволство и среќа? Никој не сака да биде во врска со личност која е болно љубоморна.rnrn5. Реагирате лошо на неговите/нејзините средби со бившите – имал/а живот и пред вас, исто како што сте имале и вие. Во ред е да се сретне и поздрави со бившите, но доколку реагирате избувливо ќе изгледате како плашлива личност која нема доволно самодоверба и се плаши од луѓето во неговото/нејзиното минато. Избегнете бурни реакции пред другата личност или насамо со партнерот, освен доколку некој навистина премине одредени граници.rnrn6. Дозволувате емоционално насилство или сте емоционално насилни – врската со емоционално насилство нема иднина, не дозволувајте некој да ве вознемирува, да ги крати вашите права или слободата.rnrn7. Се изолирате од надворешниот свет – се оддалечувате од вашите пријатели, го запоставувате своето семејство. Но размислете, ако направите тој/таа да биде сè во вашиот живот, што би се случило кога на таа врска би ù дошло крај?rnrn8. Го/ја правите главна точка на распоред 24/7 – оставете го/ја да дише! Имајте си пауза еден од друг, врската побрзо ќе ви здодее доколку заедно го поминувате речиси целото слободно време, а тогаш кога не сте заедно „висите“ на телефон. Тоа се веќе опсесивни врски кои не траат долго.rnrn9. Го/ја опсипувате со подароци – со трошењето пари не правите да ве сака повеќе, може само да постигнете спротивен ефект.rnrn10. Прерано се запознавате со неговото/нејзиното семејство – додека врската не стане сериозна, нема потреба од избрзани постапки како присуствување на важни семејни собири.rnrn11. Немате разрешено со вашето минато – еден од главните проблеми во врските е мешањето на минатото со сегашноста, а уште полошо доколку не сте „начисто“ со минатото или доколку премолчувате важни работи кои би требало да бидат кажани.rnrn12. Премногу рано ја изразувате вашата љубов – внимавајте, љубов се изразува со „ладна“ глава, и секако, бидете свесни за последиците. Но не изјавувајте љубов ни предоцна. Доколку не ја вреднувате личноста со која сте во врска, може да биде доцна кога ќе сфатите колку таа личност ви била важна.rnrn13. Кавгите ги решавате со секс – расправијата која е потисната од моментално задоволство не е решена, само е скриена, но кога-тогаш ќе исплива на површина.rnrn14. Не внесувате ништо ново во врската – не дозволувајте ù на монотонијата да царува. Внесете нешто ново, интригантно, врската треба да ви биде интересна и возбудлива.rnrn15. Дозволувате други да ви се мешаат во врската – ни вашето семејство ни пријателите не знаат точно како ви е вам и кои се околностите со кои се соочувате. Не дозволувајте блиските да ви се мешаат и да ви „солат“ памет. Разграничете добронамерен совет од мешање каде некому не му е местото.rnrnИ за крај, најголемата грешка е да заборавите да се цените себеси. Не заборавајте колку вредите и дека не е крај на светот доколку на врската ù дојде крајот. Никој не е поважен од самите вас, не заслужувате некој кој ќе ве третира лошо!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како татковците им даваат добар пример за врските на своите деца?

    Како татковците им даваат добар пример за врските на своите деца?

    Децата учат од татковците како еден маж треба да се однесува кон жената и какво однесување треба жената да очекува од својот маж. Кога таткото им дава лош пример на своите деца најчесто доаѓа до емоционална злоупотреба во нивните врски кога ќе пораснат, а во потешки случаи и до физичко насилство. Затоа е неопходно татковците да им дадат добар пример за врските на своите деца, а тоа ќе го постигнат преку следниве чекори.rnrnКако татковците им даваат добар пример за врските на своите децаrnrn1. Мора да ја ценат нивната мајка. Децата го впиваат односот помеѓу нивните родители, а својата вредност ја осознаваат преку начинот на којшто родителите ги почитуваат децата, и секако преку начинот на кој што родителите се ценат меѓу себе.rnrn2. Татковците треба да покажат дека можат да ги гледаат работите и од туѓа перспектива. Мора да ја покажат важноста на почитувањето на туѓото мислење, дури и кога не се сложуваат со тоа.rnrn3. Децата учат од родителите како активно да соработуваат во решавањето на проблемите и да помагаат во извршувањето на разни задачи.rnrn4. Татковците можат да им дадат добар пример на децата ако им покажат како да ги решаваат проблемите почитувајќи ги сопствените и потребите на другите.rnrn5. Кога кај татковците има мотив да се направат работите подобри, децата тоа веднаш ќе го прифатат и ќе ги прифаќаат предизвиците во врските и воопшто во животот со намера да ги подобруваат работите, а не за да се одмаздуваат да ги усложнуваат.rnrn6. Сочувствувањето со мајката е неопходно. Кога децата ќе видат дека таткото сочувствува со болката или вознемиреноста на нивната мајка, така што сака да помогне и да ја заштити, но не и да ја контролира, ќе сфатат дека мајката има своја личност со свој карактер, темперамент, чувства, мислење и вредности кои се заштитени од него.rnrn7. Добриот став кон другите луѓе ќе се преслика кај децата и ќе немаат проблем да засноваат здрави врски кога ќе пораснат.rnrn8. Покажувањето на приврзаност кон мајката ќе ги направи децата да се чувствуваат заштитени и многу посигурни.rnrn9. Татковците и мајките им даваат одличен пример на своите деца кога прават добри работи еден за друг, односно кога секојдневно се грижат за себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што најмногу ги возбудува мажите?

    Што најмногу ги возбудува мажите?

    Автор: Елена ТарчуговскаrnrnПрофесионалец на работното место, комуникативна во друштво, домаќинка во кујна, пријател во дневната соба и енергична во кревет е совршената жена во очите на секој маж. Ова последново особено ги заматува мислите кај многу припаднички на понежниот пол. Сепак, фантазиите во машката глава се бескрајни, па оттука жените стравуваат дека не можат соодветно да ги реализираат или запаѓаат во очај дека не се доволно добри во сексот.rnrnШто најмногу ги возбудува мажите?rnrnНо бидете спокојни, бидејќи не е сè толку комплицирано колку што вам ви изгледа. Мажите пред сè сакаат жена која ужива за време на сексот и јасно го дава тоа до знаење. Доколку мислите дека треба да бидете гимнастичарка за да ги задоволите неговите желби, ве уверуваме дека живеете во заблуда. Ви ги откриваме слатките „тајни“ на мажите и што е она што најмногу ги возбудува. Ќе заклучите дека нивната реализација не само што не е тешка, туку истовремено може да биде забавна, опуштена и секси.rn

    Секс наутро

    rnПо утрото се познава денот. Направете да започне весело и сплотено. Мажите го обожуваат сексот пред да заминат на работа, па затоа искористете го ваквиот податок. Изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе го разбудите расположени за фантастична игра под чаршафите и заедничко уживање.rn

    Масажа

    rnМасажата е една од омилените предигри на припадниците на посилниот пол. Купете масло за масирање и започнете со масажата. Обрнете внимание на вратот, рамената и грбот и бидете нежни и заводливи. Потоа легнете вие на грб и заменете си ги улогите. Ви ветуваме одлична забава.rn

    Орален секс

    rnОралниот секс е билетот кон рајот. Мажите го сакаат дотолку што лишувањето од него би можеле да го разберат и како мотив за измама. Не сакаме да ве заплашиме, но доколку сè уште не сте се обиделе, време е да го направите тоа и пријатно да го изненадите и вашиот партнер и себеси. Техниките лесно се совладуваат. Најважно е да бидете страсни и заводливи за време на чинот.rn

    Секси облека

    rnГолем дел од жените мислат дека мажите не обрнуваат големо внимание на долната облека, но факт е дека нив дополнително ги возбудуваат парчињата кои ги прекриваат „скокотливите“ делови на женското тело. Ви порачуваме секси и заводлива тантела, а во однос на бојата, црвената и црната би биле најсигурен избор. Дополнително, проверете што кажувате со изборот на бојата.rn

    Лошата учителка

    rnСексот е забава. Забавувајте се и бидете креативни. Бидете учителка, докторка, стјуардеса, готвачка… Ваквите игри ќе ве насмеат и ќе ве опуштат за време на сексот. Бидете иницијатор и започнете ја играта, ќе ве сака бесконечно.rn

    Негувана кожа и пријатен мирис

    rnКолку и да ви изгледа чудно, ова навистина дополнително го возбудува мажот. Кожата што е нежна и пријатна на допир ја истакнува женственоста, а нејзината пријатна миризба делува како афродизијак врз машките сетила за мирис и вкус. Не дозволувајте да се запуштите во текот на врската или брачниот живот. Купувајте креми за нега на кожата и дадете му до знаење дека секогаш ќе се трудите да бидете убава за неговите очи и нежна за неговиот допир.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • По раскинувањето на врска секој партнер губи по 8 пријатели

    По раскинувањето на врска секој партнер губи по 8 пријатели

    По раскинувањето на врска, особено долгогодишна, секој од партнерите покрај тоа што останува сам, губи во просек и по 8 пријатели. На некои им е преку глава да ги слушаат разните проблеми, други пак застанале на нечија страна и се придржуваат кон едниот од партнерите, трети наеднаш почнуваат да ве избегнуваат од некои нивни причини. По раскинувањето на врска секој партнер губи по 8 пријатели
    rn

    „Кога една врска се распаѓа, неизбежно е некои пријатели да се најдат во средина помеѓу два огна, особено ако раскинувањето било лошо. На тие луѓе може да им дојде преку глава, секогаш да се наоѓаат во средина на проблемите на нивните пријатели, особено ако едниот од нив, најчесто поблискиот, го притиска да застане на негова страна.“ – објаснува Чад Шофелд, човекот кој стои за истражувањето

    rnИако повеќето луѓе очекуваат да изгубат дел од пријателите што ги стекнале за време на врската, сепак малкумина очекуваат дека можат да останат со своите најблиски пријатели, што често се случува, објаснува тој.rnrnВо просек секој од партнерите губи по 8 пријатели. Тројца од нив се пријатели на другиот партнер, тројца се пријатели кои ги стекнале заеднички за време на врската, а двајца се пријатели кои ги знаеле одамна, но застанале на страната на другиот партнер или се заситиле од слушање за разните проблеми, па се повлекле.rnrnОд испитаните 2.000 луѓе, на 31% им е жал што ги изгубиле пријателите. Сепак 21% од испитаниците, признале дека активно работеле за да ги придобијат на своја страна. По раскинувањето, половина од нив се искажале дека одредени пријатели почнале да ги избегнуваат, без никакво објаснување.rnrnДури 48% одговориле дека не биле во можност да побараат од своите пријатели да бидат со нив во тешките времиња и дека биле осамени и тажни за време на периодот на привикнување.rn
    rn

    „На луѓето кои имаат раскинато врска, навистина им е потребна поддршка, но сепак многу често остануваат изолирани и сами додека не се навикнат на новиот статус.“ – додава Шофелд


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?

    10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЕден од најистражуваните „проблеми“ на денешницата е што сакаат мажите? Какви карактеристики треба да има една девојка за да го привлече и задржи нивното внимание, како и дали физичкиот изглед е пресуден? Многу прашања, многу одговори, многу дилеми и полемики се поврзани со оваа тема.rnrnВо оваа поделба накратко се опишани неколку типови девојки кои докажано го привлекуваат машкото внимание. Девојки, прочитајте ги внимателно, можеби ќе се пронајдете во некои карактеристики. А вие момци, слободно споделете го вашето мислење дали се согласувате со оваа класификација и кој е вашиот омилен тип девојка.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn1. Госпоѓица „слатка“ – Позитивна девојка со интересен живот, секогаш оптимистична, благослов е да ја имате во вашето опкружување. Таа е фина личност. Едноставно таа никогаш не се однесува како „кучка“. Ја радуваат средбите со вас и сето свое внимание ви го посветува вам. Ако пронајдете ваква девојка, чувајте ја внимателно и грижете се за неа бидејќи таа е вистинска скапоценост.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn2. Госпоѓица „еднаква“ – Станува збор за вистинска феминистка. Девојка која стои цврсто на своите ставови. Таа не ги мрази мажите, туку само сака еднаквост помеѓу партнерите. Сака одговорностите и обврските во врската да бидат еднакво поделени.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn3. Госпоѓица „сексуална“ – Треба да бидете навистина среќни за да ја запознаете неа. Оваа госпоѓица ги сака мажите и го сака сексот и нема речиси никакви ограничувања на оваа тема. Таа не продава секс и не го користи сексот како начин за да манипулира со мажите, туку едноставно копнее по него. Не треба да ја нарекувате нимфоманка, бидејќи таа не е тоа. Таа едноставно сака да ужива во својата сексуаланост. Жените најчесто ја мразат и ја сметаат за лесно достапна девојка. Но, мажите ја обожаваат, го обожаваат нејзиниот слободен дух и желбата за секс.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn4. Госпоѓица „најдобар пријател“ – Овој тип девојка е многу сличен на госпоѓица слатка. Таа е девојка која е во потполна согласност со вас, бидејќи сакате исти работи, гледате исти ТВ програми, идете на исти места. По само 5 минути поминати со неа, може да помислите дека ја знаете со години. Таа е секогаш на ваша страна, се смее на вашите шеги и ви се јавува само за да ви рече „Здраво“, бидејќи и недостигате. Најдобра е за дружба. Но, доколку навистина ви се допаѓа и сакате да бидете повеќе од пријатели, потрудете се и сексуално да ја заинтригирате и да ѝ дадете до знаење дека ве привлекува. Ако од почеток се поставите како нејзин пријател, подоцна тешко ќе ја промените таа мисла во нејзината глава. Доколку ја сакате како девојка, реагирајте на самиот почеток.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn5. Гопоѓица „јасна“ – Девојка која знае како да комуницира. Со неа нема да имате потреба да читате мисли и да решавате загатки, бидејќи таа отворено ги изнесува своите мисли и чувства. Ова не е тип девојка која кажува едно, а има потреба од нешто друго. Доколку таа сака нешто, тоа го бара директно и јасно.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn6. Госпоѓица „независна“ – Девојка која има сопствен живот и се движи во позитивна насока, кон остварување на своите цели. Доколку немате многу време за вложување во врска или пак сакате повеќе простор за себе, ова е идеален тип девојка за вас. Таа е девојка која сака да има машко во нејзиниот живот, но нема некои преголеми потреби од него. Таа не бара маж за да ги реши нејзините проблеми или пак да го обвинува кога работите нема да се одвиваат добро. Таа си е доволна сама на себе.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn7. Госпоѓица „без притисок“ – Додека другите девојки сонуваат и копнеат за да се омажат, таа воопшто и не се обидува да размислува за тоа. Таа едноставно е среќна да биде со вас. „Каде оди нашата врска“, „кога ќе ме запросиш“ и „каква ќе биде нашата венчавка“ се прашања кои никогаш нема да ги чуете од оваа девојка. Таа секако дека сака да се омажи, но не се брза за брак. За неа мажењето е спонтана работа, која доколку се случи би требало да биде природно. Девојка која ужива во сегашниот момент на љубов.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn8. Госпоѓица „сигурна“ – девојка која добро ги знае своите добри и лоши страни и е во добра согласност со самата себеси. Не пати да биде центар на внимание, има самодоверба и не бара постојано да ѝ бидете посветени за да ѝ го зголемувате егото. Сака да биде со вас и ве прифаќа такви какви што сте.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn9. Госпоѓица „шарм“ – Можеби нема убавина за мис на светот, но нејзината интелегенција, духовитост и искреност ја осветлуваат собата во која таа е присутна. Таа е како магнет за луѓето. Нејзиниот шарм и харизмата ги надополнуваат сите нејзини недостатоци.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?10. Госпоѓица „нематеријалистка“ – Ова е најнентипичен тип современа жена. Таа воопшто не се грижи дали и колку пари имате. Таа ве сака вас и вие сте ѝ доволен. Воопшто и не размислува за материјалните работи кои таа може да ги добие од вас. Исто така и оваа девојка е еден вид феминистка. Секогаш го плаќа својот дел од трошоците и сака работите во врската да бидат еднакво поделени.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rn

    Госпоѓица „вистинска“

    rnМногу момци избираат девојки кои претставуваат само трофеј, некој кој ќе им помогне да го зајакнат својот статус меѓу останатите мажи или ќе им помогнат во прикривање на својата несигурност. Но, во целата нивна игра на барање, докажување и ловење девојки, сигурно е дека ќе се појави некоја која ќе ги направи вистински среќни, која ќе одговара на нивните лични барања и на социјалниот статус. Во тој момент тие престануваат со својата потрага и ѝ се посветуваат неа. Госпоѓицата „вистинска“ е таа која на вистински начин ќе ги допре и ќе им го понуди најдоброто од себе, ќе ги сака и разбира, ќе биде една и единствена – нивната ВИСТИНСКА.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добри и лоши страни на врската со помладо момче

    Добри и лоши страни на врската со помладо момче

    Во љубовта нема правила, а тоа го покажува фактот дека годините на  партнерите воопшто не прават разлика. Додека порано важело правилото дека машкото треба да е повозрасно во врската, денеска може да се констатира дека многу девојки се впуштаат во врска со помлади момци. Старосната граница не е и не треба да биде пречка во ниедна врска, меѓутоа убаво е да се знаат добрите и лошите страни во односот кога девојката е постара од момчето.rnrnДобри и лоши страни на врската со помладо момчеrn

    Добри страни

    rnВрската со помладо момче ù создава чувство на девојката дека и таа е помлада. Овде игра улога и сексуалната компатибилност. Машките и женските го доживуваат својот сексуален максимум во различно време, па според таа логика најсовршен спој би биле 25-годишно момче и 40-годишна жена. Тука станува збор за огромна количина на сексуална енергија.rnrnМладите момци се подиви и поголеми авантуристи, додека постарите девојки имаат повеќе животно искуство и се позрели. Секогаш е забавно да се впуштите во ваква авантура. Тука нормално влегуваат во комбинација и моќта и финансиите на постариот партнер.rnrn

    Лоши страни

    rnНедостатокот на искуство може да биде благослов, но и проклетство. Од една страна, помладиот партнер е слободен кога станува збор за бивша сопруга и деца од претходен брак, што не мора да значи дека е исто и со постарата сопатничка.rnrnИсто така, може да завршите и со „детиште“ на кое сè уште му се лумпува и му се играат видеоигри по цел ден. Неретко се случува на девојката во ваков случај да ù биде преку глава да изигрува улога на родител и постојано да биде мудра и одличен советник. Кога ќе сфати дека е ставена во улога на мајка, страста веднаш ќе исчезне.rnrnНајголем проблем се провокациите и коментарите од пријателите и семејството на девојката, кои иако можат да бидат на шала, сепак лошо влијаат врз помладиот партнер. Секако мора да се додаде и дека можат да настанат компликации кога едниот партнер сака да има деца, а на другиот или му е прерано или прекасно.rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

    Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

    Автор: Елена ТарчуговскаrnrnНе можеме без нив и не можат без нас. Факт е дека мажите знаат да направат да се чувствуваме прекрасно, но и да нè извадат од такт дотолку што очајно посакуваме барем една минута да бидеме во нивната глава за да ги разбереме. Но да се соочиме со реалноста: Разлики меѓу двата пола отсекогаш постојат, па секој обид да го промените однесувањето на вашиот партнер и да го поттикнете да размислува како вас би завршил неславно. Поради тоа во продолжение ви нудиме неколку примери и совети како да ги надминете комуникациските бариери и да изградите стабилен однос.rnrnМенувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солунrn

    „Не знае да ме сослуша“

    rnОва е проблем кој го посочуваат голем број жени. Но, тука постои една генерална разлика меѓу двата пола. Мажите нудат решенија, а жените умеат да слушаат. Да речеме дека започнувате да му го раскажувате лошиот ден на работa и притоа се жалите од шефот и вработените. Додека го правите тоа, тој ве прекинува со разговорот „Па започни да бараш друга работа“. Ваквиот пристап, логично ве иритира бидејќи очекувате да ве ислуша и разбере, а не да ве пресече, наметнувајќи го неговото мислење. Колку и да се лутите, имајте на ум дека за мажите е карактеристично да бидат кратки и јасни, односно да понудат најдобронамерно решение, а за жените да ве тешат. Ако очекувате да слушнете „Срцка, кутрата ти, те разбирам, колешката ти е љубоморна“, направете кафе и уживајте во разговорот со вашата најдобра пријателка.rnrn

    „Имаме редовен секс, а сè уште гледа порно филмови“

    rnПорнографијата ја активира машката фантазија. Секој маж во компјутерот има филмови со порнографска содржина и вие не можете да му ги забраните. Едно истражување во Америка покажало дека 80% од мажите кои гледаат порно филмови се задоволни од сексот со нивната партнерка. Ако вашиот партнер е љубител на оваа сфера, не значи дека ве изневерува или пак повеќе не го задоволувате. Искористете го тој податок во ваша полза. Обидете се да извлечете од него кои актери, филмови и категории го возбудуваат. Пречекајте го во неговата соба, вклучете некоја од неговите омилени сцени и шепнете му на уво „Ајде да го пробаме ова“ – верувајте ќе ве обожува!rnrn

    „Реагира на лајк на ФБ, а се лути кога правам љубоморни сцени“

    rnНиту мажите, ниту пак вие не сакате љубоморни сцени. Тука секогаш важи она правило – интересно е кога ќе увидиш дека не му е сеедно да те замисли со некој друг, но не и моментот кога таа замисла ќе ги премине границите. Ова е проблем кој подеднакво ги засегнува и двете страни. Нема доказ за тоа кој е пољубоморен, мажите или жените. Зависи единствено од тоа каква е личноста од другата страна и како вие ќе ги поставите работите во врската. Доколку без повод се сомнева во вас дадете му до знаење зошто греши и зошто токму тој вам ви посебен. Но, доколку ваквите напади се случуваат постојано, без основа – соочете се со вистината. Вашата врска не е стабилна, потребна ви е промена.rnrn

    „Ме критикува дека премногу трошам“

    rnЕден од најголемите брачни проблеми. Навистина жените трошат многу повеќе, а тука спаѓа не само гардеробата, туку и козметиката, накитот, украсите за домот и што ли уште не. Во секој случај имајте усул и договорете ја распределбата на семејниот буџет. Доколку сè уште не му е јасно, зошто ви е потребна толку многу гардероба, обидете се да му објасните дека во неговиот речник свечена прилика е одело, а во вашиот постојат повеќе прашања „Кој, каде и каква прилика“?  Уште едно познато правило е дека тој нема да ја напушти просторијата доколку момчето од соседната маса носи иста кравата, но ако вие се погодите во иста просторија со жена која носи ист фустан како вашиот, два пати ќе размислите каде да побегнете.rnrn

    „Фудбалот му е поважен од мене“

    rnЗапочнува кошмарот! Купивте карти за концертот на Каролина и едвај чекате да го проследите настанот, но тој во последен момент ви откажува за да се собере со другарите за да гледаат заедно фудбал. Издишете длабоко и не паничете веднаш. Договорете ги жените од друштвото, меѓу кои и девојките на неговите другари и отидете заедно на концертот, а мажите нека пијат пиво и нека уживаат во натпреварот. Овие собири кои и онака не се случуваат толку често, ќе го направат среќен и задоволен. Притоа и вие несомнено одлично ќе се забавувате таа вечер и ќе му докажете дека сте либерална и разумна личност, која е зрела и подготвена за врска во која постојат меѓусебна доверба и почит.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За и против на првиот состанок

    За и против на првиот состанок

    Без разлика какви сте, колку години имате, дали сте срамежливи или не, првиот состанок е секогаш предизвик. Во пролет чувствата се будат, расположени сме за излегување, разговарање, запознавање… па разбудете ја романсата во вас! Сте знаеле дека најмногу први состаноци и најмногу вљубувања се случуваат во пролет? На вас останува да бидете прекрасни и достапни за нови познанства. Еве на што треба да внимавате на првиот состанок.rnrnЗа и против на првиот состанокrnrn1. ПРОТИВ – доцнење – глупаво е, неодговорно и секогаш остава лош впечаток. Доколку тоа се случува вон ваша контрола, навреме најавете го вашето доцнење. Девојките би можеле да задоцнат, но не повеќе од 5 минути, за момците поволно е да се појават малку порано.rnrn2. ЗА – лична хигиена – исчеткајте си ги забите, никој не би сакал да ги види остатоците од вашиот ручек во вашата усна шуплина.rnrn3. ПРОТИВ – носење цвеќе – ова важи за мажите, навистина е старомодно, а може да оставите впечаток дека сте очајни. Да, девојката секогаш заслужува да биде изненадена со цвет, но кога сте во врска, не на првиот состанок.rnrn4. ПРОТИВ – несоодветна облека – не бидете ни премногу ни премалку облечени. Облечете се соодветно на вашите години и согласно со местото и времето. На ова еднакво би требало да внимаваат и девојките и момците, но посебно девојките. Вашата убавина и сексапилност се видливи и преку облеката. Вашата шминка нека не биде премногу јака, на првиот состанок практикувајте лесна шминка и природен изглед.rnrn5. ЗА – плански состанок – Момци, бидете подготвени, имајте план за вашиот состанок, но планот нека ви биде флексибилен. Така би можеле лесно да се снајдете доколку заврне, или на пример, доколку на вашата партнерка не ѝ се допаѓа италијанската кујна. Девојки, бидете подготвени за повеќе пригоди, нека не ве ограничува облеката или времето.rnrn6. ПРОТИВ – претерано конзумирање алкохол – во ред е да пиете нешто алкохолно, всушност така би биле поопуштени, но во никој случај тоа не смее да заврши со пијанство. Доколку пиете премногу, дефинитивно партнерот/ката ќе помисли дека сте алкохоличар, или сте премногу нервозни.rnrn7. ПРОТИВ – нарцисоидност – целта ви е да се запознаете, па во ред е да зборувате за себе. Но не светот да се врти околу вас, не дозволувајте да звучи како фалење. Секогаш внимавајте вашите одговори да се во контекст на поставените прашања. Ако премногу се фалите би изгледале како личност која или нема доволно самодоверба, или ја има премногу.rnrn8. ЗА – блага таинственост – бидете по малку таинствени, разбудете ја интригантноста и љубопитноста. Но, вашата таинственост да не се граничи со онаа на личност која ја прикрива својата склоност кон вршење кривични дела.rnrn9. ПРОТИВ – зборување за вашите бивши партнери – доколку ве праша, одговорете кратко без навлегување во детали. Зборувањето за вашите бивши дава до знаење дека не сте ги преболеле и дека не сте подготвени за влегување во нова врска.rnrn10. ПРОТИВ – дебатирање за политика и религија – ова се осетливи теми, доколку не можете да ги одбегнете, без осудување, ненаметливо кажете го вашиот став.rnrn11. ЗА – внимателно слушање – слушајте што другиот ви зборува, но не изгледајте како пасивни слушатели. Давајте фидбек за да не звучите како да ви е здодевно или како да не сте доволно информирани. Користете насмевки, климање со глава или кратки коментари.rnrn12. ПРОТИВ – гледање во телефон или часовник – некои грешки се прават несвесно. Не враќајте на пораки и не воспоставувајте телефонски повици. Доколку гледате во телефонот или рачниот часовник, би изгледале како да не може да дочекате сето тоа да заврши.rnrn13. ПРОТИВ – флертување со други – дури би било глупаво да објаснуваме зошто, нели?rnrnЗа и против на првиот состанокrnrn14. ЗА – џентлменски став – бидете џентлмени, но не претерувајте. Во ред е таа да нарача прва или да ѝ ја отворите вратата од колата за да влезе, вака дури добивате плус поени. Но внимавајте, девојките секогаш би препознале дека се преправате.rnrn15. ЗА – давање комплименти – момци, делете комплименти, но само кога тоа навистина го мислите. Најбезбеден комплимент е насмевка и пофалба за нејзиниот убав изглед веднаш штом ќе се сретнете.rnrn16. ПРОТИВ – целосно природно однесување – ќе ви речат „бидете свои“. Во ред, но бидете внимателни. Ако сите треба да бидат свои на првиот состанок, зошто тогаш постојат еден куп совети за првите состаноци? Да бидеме искрени, никој не е целосно „свој“ на првиот состанок. Некои ваши навики можеби би изгледале неприфатливи сè додека другиот добро не ве запознае. Сепак, не преправајте се дека сте нешто што ни од далеку не сте.rnrn17. ЗА – внимание што порачувате – не порачувајте премногу храна, ниту храна која е „тешка“ за вашиот желудник. Исто така, одбегнувајте храна која прави неред.rnrn18. ПРОТИВ – дозволување на девојката да ја плати сметката – учтиво е девојката да понуди да плати макар дел од сметката, но логично е момчето да го одбие овој предлог. Колку и да сме рамноправни, првиот состанок носи други правила, тоа е време и место каде треба да внимавате и да бидете џентлмени, со сите ситници кои одат во „пакет“.rnrn19. ПРОТИВ – филозофирање за вашата заедничка иднина – всушност, против какво било филозофирање. Ова е ваш прв состанок, забавувајте се и запознавајте се. Дури и потајно да размислувате за иднина со него/неа, не кажувајте го тоа гласно.rnrn20. ПРОТИВ – оставање впечаток на нестабилна личност – човекот наспроти вас не е психијатар, туку ваш партнер за состанокот. Првиот состанок не е пригода да го спомнете вашиот однос со родителите или кавгата со вашата сестра.rnrn21. ЗА – внимателен крај на состанокот – крајот на состанокот, особено за мажите е критичен момент. Првиот состанок не мора да заврши со бакнеж или со нешто повеќе. Дури е пожелно да ја поздравите со бакнеж во образ и прегратка, но задолжително дајте ѝ до знаење дека е прекрасна личност и би сакале да ја видите повторно. Немојте ни да го одолговлекувате овој чекор зашто по неколку состаноци останувате во фазата пријатели. Девојки, вие не бидете пасивни, доколку сакате да ве бакне поттикнете иницијатива, охрабрете го!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.