КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска

    8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска

    Која е вашата дефиниција за здрава љубовна врска? Најверојатно секој од вас има различна, бидејќи истата ја креирате врз основа на вашите лични желби и потреби, но доколку сакате вашата врска да потрае и да биде исполнета со страст, љубов, нежност и позитивна енергија, најверојатно треба да прoверите дали ги почитувате осумте знаци на водење здрава љубовна врска.rnrn8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врскаrn

    1. Помеѓу вас постои обострана почит

    rnНаједноставен начин за да се уверите дали вашата врска е добра или не, е степенот на почит кој постои помеѓу вас и вашиот партнер. Ако ги почитувате желбите, интересите, потребите и ставовите на вашиот партнер и тој ви возвраќа со иста мера, тогаш вашата врска е на добар пат. Но, доколку постојано се напаѓате, критикувате и не го разбирате јазикот на кој зборува вашиот партнер, вашата врска најверојатно нема здрав корен.rnrn

    2. Возбудени сте пред да го видите вашиот партнер

    rnОние партнери кои се во добра љубовна врска, едвај чекаат да се видат следен пат. Без разлика колку време сте заедно, секогаш треба да постои малку страст и возбуда во вашето срце пред да се видите. Можеби убаво сте си го поминале времето додека сте биле одвоени на различни места, со различни луѓе, но битно е двајцата да чувствувате потреба да поминете време заедно.rnrn

    3. Тежнеете меѓусебно да се инспирирате, а не да се навредувате

    rnКога сте дел од една здрава љубовна врска, треба природно да ви доаѓа да го поддржите вашиот партнер, да ги истакнете неговите/нејзините јаки страни и квалитети, како и да ги надополните сите карактерни недостатоци кои ги има. Вашиот љубен/а треба ви да возврати со иста мера. За да се чувствувате среќни, треба со партнерот меѓусебно да се надградувате, да ги проширите вашите хоризонти и да сакате да ги откриете тајните кои ги крие животот. Среќни врски не се оние кои се исполнети со драма и емоционално растројство на партнерите.rnrn

    4. Помеѓу вас постои вистинска хемија

    rnМожеби оваа фраза ви звучи малку „плитка“ но она што вистински ја одржува една љубовна врска е искрата, хемијата која постои помеѓу вас. Тоа не значи дека добриот секс е најважната работа во една врска, но да се соочиме со реалноста – сексот е важна работа. Ако помеѓу вас нема телесна привлечност и потреба за размена на љубовни страсти, тогаш постои голема шанса дека вашиот партнер ви претставува нешто повеќе од пријател, но помалку од љубовник, а таквиот однос не ветува добра брачна заедница во иднина.rnrn

    5. Искрени сте еден со друг

    rnДобра љубовна врска не може да биде заснована на лаги и манипулации, така што ако имате навика да криете работи од вашиот партнер или тој од вас, тогаш вашата врска не е изградена на здрава основа. Ако ви е битно да ја задржите вашата врска, почнете да ја кажувате вистината. Веднаш!rnrn

    6. Сакате да избегнувате драматични ситуации

    rnРечиси е невозможно да имате добра љубовна врска, ако еден од вас внесува драма во вашата врска или што е уште полошо, некој од вас се однесува како „куче пуштено од ланец“ кога не сте заедно. Пред да помислите дека сакате да имате убава љубовна врска, имајте на ум дека треба прво да си го средите вашиот сопствен живот, за да чувствувате доволно простор да запознаете нечиј друг. Ретко на кој од нас би му текнало на овој факт, но вистина е – партнерот не може да ви го подобри вашиот живот, ако не умеете самите да се погрижите добро за него.rnrn

    7. Љубовната врска која ја имате не е креатор на вашата среќа, туку само ја надополнува

    rnДа повториме уште еднаш: ако не сте задоволни од животот кој го живеете, започнувањето врска со личност која е прекрасна со вас, се труди да ве направи среќни и вашите карактери се поклопуваат, сепак нема да ви биде доволна. Морате прво да бидете среќни со животот кој го живеете и вашиот партнер да биде среќен со својот, за да бидете способни меѓусебно да се усреќите во вашата врска.rnrn

    8. Уживате во моментот, но размислувате и за иднината

    rnЖивотот е најубав кога ќе научите да живеете за моментот, а не во минатото или иднината. Но, ако се уловите себеси како размислувате за развитокот на вашата врска во иднина, тогаш тоа е добар знак. Желбата да бидете со некој во иднина е доволен показател дека вашата врска нема потенцијал да биде лоша или краткотрајна.

  • 10 видови бакнежи и нивните значења

    10 видови бакнежи и нивните значења

    Бакнежите откриваат многу за намерите на вашиот партнер, особено на првиот состанок и на почетокот на врската воопшто. Сигналите кои тој ви ги пренесува преку бакнежот понекогаш можат да бидат збунувачки, па овие совети можеби ќе ви помогнат да ги одредите неговите чувства и намери.rnrn10 видови бакнежи и нивните значењаrnrn1. Бакнеж во образ – Ова е учтив бакнеж. Може да значи неколку работи, зависно од личноста и од тоа колку долго се гледате со неа. На првиот состанок може да значи дека партнерот ја тестира ситуацијата за да не делува преагресивно. Во ваков случај може да значи дека вие треба да иницирате вистински бакнеж во уста.rnrn2. Брз бакнеж – Ваков бакнеж во текот на нова врска обично значи „ми се допаѓаш“ или „ми беше забавно“. Ова особено го практикуваат луѓето кои не се изразуваат многу вербално за своите чувства.rnrn3. Бакнеж со отворени очи – Ако забележите дека другиот не ги затвора очите кога ќе го бакнете, тоа значи дека тој е повеќе набљудувач отколку учесник во ситуацијата. Не трудете се многу околу него.rnrn4. Бакнеж со затворени очи – Ваквиот бакнеж е рецептивен. Кога ги затворате очите, вашите сетила за допир се засилуваат и поради тоа можете поцелосно да уживате во бакнежот.rnrn5. Неангажиран бакнеж –Ви се чини како другата личност да е помалку посветена на бакнувањето од вас? Ова може да е знак дека таа е преокупирана со други работи, па затоа овој бакнеж не води никаде.rnrn6. Целосен бакнеж во уста – очите се затворени, а бакнувањето е бавно. Ова покажува дека двајцата уживаат во нивната физичка интеракција. Доколку некој ве бакнува на овој начин, продолжете понатаму.rnrn7. Француски бакнеж – бакнување со отворена уста, при кое јазиците се целосно ангажирани. Ова е сигурен знак дека личноста се чувствува страсно и невоздржано во однос на физичката врска што ја има со вас.rnrn8. Патувачки бакнеж – Ова е тип бакнеж кој почнува од устата, но продолжува да патува до разни делови од лицето и вратот, па и надолу. Овој бакнеж „има намера“ да ве возбуди и обично води до нешто многу повеќе од бакнување. Ако не сте подготвени за секс, подобро прекинете го партнерот.rnrn9. Нерешителен бакнеж – Овој бакнеж може да сугерира дека личноста е срамежлива во физичката интеракција или пак не е сигурна како вие ќе реагирате. Во секој случај, од вашата реакција ќе зависи дали бакнежот ќе продолжи и ќе биде повторен повеќе пати.rnrn10. Смачкан бакнеж – Неговото лице е прилично притиснато врз вашето, така што чувствувате повеќе болка одошто задоволство? Ова е знак дека личноста нема поим што прави. Затоа, треба да се обидете да бидете фини и да ѝ дадете до знаење дека треба да го намалат интензитетот.rnrnПа, следниот пат кога ќе појдете на состанок, проценете ги чувствата и намерите на вашиот партнер, врз основа на бакнежот кој ќе го сподели со вас. Којзнае, можеби тоа ќе биде клучно за вашата иднина на љубовен план.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Создадете романтични моменти со вашиот партнер

    Создадете романтични моменти со вашиот партнер

    Создавањето магични моменти во врската е нешто за кое секој партнер размислува, но ретко кој нешто презема околу тоа. Можеби причина плус за ваквиот развој на настаните, претставува проблемот со осмислување на интересен гест за покажување љубов. Еве една мала листа на предлози со работи кои може да ги направите за да внесете повеќе романтика во вашата врска.rnrnСоздадете романтични моменти со вашиот партнерrnrn1. Наутро на својот партнер донесете му убаво кафе, додека сè уште спие. Доколку сте во можност, можете да му приготвите и појадок во кревет, а тој/таа ќе биде пријатно изненаден/а. Вие ќе му го направите почетокот од денот фантастичен и исполнет со љубов и грижа.rnrn2. Испланирајте романтично бегство за викенд. Дури тоа да е и во близина на градот во кој живеете, интимноста и блискоста ќе ја разгорат страста помеѓу вас.rnrn3. Гледајте секогаш да имате време да разговарате со партнерот кога сте му потребни. Понекогаш заборавете на сè што сте правеле до тој момент и посветете му се максимално. Ништо не може да спои две души како пријатен разговор.rnrn4. Потсетувајте го вашиот партнер дека изгледа прекрасно, секси или дадете му некој друг комплимент. Нема ништо подобро од убавите зборови упатени кон вашиот љубен партнер, со кој го величите неговиот/нејзиниот изглед.rnrn5. Следниот пат кога ќе појдете на пазарење или шопинг, купете неколку ситни подарочиња. Овие подароци тотално ќе го/ја израдуваат во дадени моменти кога ќе се чувствува тажно или доколку е под некаков стрес.rnrn6. Доколку вашиот партнер има лош ден, однесете го на вечера. На овој начин ќе му ги оттргнете мислите од проблемите, а вкусното јадење секогаш расположува. Па така, во добар муабет и некое фино вино, вечерта ќе добие сосема нов романтичен тек.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Конечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го подолу. :)rn

    Облечете црвен фустан

    rnАко имате црвен фустан длабоко збутан во вашиот плакар, кој одамна го имате заборавено, најверојатно ќе сакате да го извадите откако ќе го прочитате ова. Едно истражување спроведено на универзитетот Рочестер, покажало дека мажите ги означиле жените облечени во црвено како сексуално поатрактивни, во однос на оние кои не носеле црвено. Но, црвената облека сепак не може да направи чуда. Врз мажите не влијае бојата која ја носите на себе, кога тие го рангираат вашиот карактер и интелигенција.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Немате црвен фустан? Зацрвенете ги вашите усни!

    rn

    Обојте ги вашите усни со црвен светкав сјај за усни и ќе имате поголеми шанси да го привлечете погледот на мажите кон вас. Научници од универзитетот Манчестер откриле дека мажите поминуваат многу време зјапајќи во вашите совршени усни, особено ако имате ставено црвен кармин. Црвената боја ги држи мажите хипнотизирани околу 7.3 секунди, додека розовите усни 6.7 секунди. Хипотезата е дека црвените усни го имитираат проширувањето на крвните садови, кое се случува за време на сексуалната возбуда. Не можете да се карате со биологијата, нели? 🙂

    rn

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    rnrn

    Подарете му ја вашата насмевка

    rnМанекенките кои чекорат по модната писта со „ледена“ фаца всушност грешат многу. Недамнешно истражување објавено од страна на Американската психолошка асоцијација, покажало дека смеењето ве прави поатрактивни, бидејќи го стимулира центарот за емоции во мозокот на мажите. Едноставно кажано, вие ќе изгледате многу попристапна, ако на себе носите блескава насмевка. Така што, наредниот пат кога ќе излезете со некое момче на кафе и си „фрлите око“, знаете што треба да направите. Насмевката е вашиот најдобар моден додаток.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Наградете го со смеење од срце

    rnДолгото, искрено смеење е навистина најдобриот лек за сè, вклучувајќи го и вашиот љубовен живот. Истражување спроведено од Канадскиот универзитет, покажало дека мажите ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Тоа прави логика, бидејќи сите сме нарциси во срце и ни се допаѓаат луѓето на кои ние им се допаѓаме. Ако тој едноставно не е интересен (ако сите негови шеги започнуваат со: си беше еднаш еден мој другар…) тогаш поштедете го од срамот, но ако сте шармирани од неговата добра смисла за хумор, женското кикотење нема воопшто да му пречи. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Суптилно имитирајте го

    rnМожеби ова звучи како да треба да го копирате, но едно недамнешно истражување има покажано дека жените кои суптилно ги имитирале мажите со кои излегле, добиле повисока оценка на крајот од состанокот. Пренагласеното имитирање нема да ви даде плус поени, но кога тој ќе се почеша по лицето и вие почешајте се неколку секунди подоцна. Тој ќе смета дека покрај вас може да се чувствува удобно и дека сте компатибилен пар.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Фаќајте високи ноти

    rnИ покрај тоа што е општо познато дека сензуалниот глас е синоним за сексапилност, истражувања откриваат дека мажите всушност ги привлекуваат жени кои фаќаат повисоки ноти, како Мерлин Монро. Се сеќавате на нејзината секси изведба на песната „Happy Birthday“ пред бившиот претседател на САД Џон Кенеди? Ајде ќе почекаме додека го погледнете видеото. 🙂 Се разбира, нејзиниот долг, блескав фустан кој ù ги истакнува облините, воопшто не му смета на овој секси перформанс.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Замавнете со колковите

    rnДостоинствено и женствено чекорете низ супермаркетот и гледајте како погледите на мажите се вперуваат во вас. Жените кои малку замавнуваат со колковите додека чекорат, имаат поголеми шанси да го „боцнат“ машкото око, велат истражувачите од тексашкиот универзитет „A&M“. Галопирањето на манекенките по модната писта никој не ви го препорачува, доколку сакате да бидете забележани. Наместо тоа, правете долги чекори ставајќи ја едната пред другата нога, како да се движите по греда, за да изгледате суптилно и секси. Не заборавајте да замолите некое симпатично момче да ви симне некој производ од маркетот, што е качен на повисока полица. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Сведете ги вашите солзи на минимум

    rnВашето момче не е пожелно честопати да ве гледа со марамчиња и солзи на лицето. На едно истражување кое неодамна беше објавено во магазинот за наука „Science express “, било откриено дека мажите помалку ги привлекуваат жени кои мирисаат на солзи. Се разбира, тешко е да не се расплачете на некоја тажна, емотивна сцена од филм, но доколку е возможно, сочувајте ги солзливите водопади за филмската вечер со другарките или гледајте го акциониот филм кој тој „умира“ да го гледа.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Покажете ги вашите раце

    rnОтсекогаш си мислевте дека мажите уживаат да гледаат во долги женски нозе, но истражување направено од универзитетот во Нов Јужен Велс, покажало дека мажите кои сметаат дека високите девојки се поатрактивни, се всушност привлечени од нејзините раце, а не нозе. Затоа, наредниот пат кога ќе правите вежби во салата за вежбање, направете повеќе вежби за мускулите на рацете и се разбира, додека го правите тоа, носете краток горен дел.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Користете сличен стил на изразување

    rnКомуникацијата и понатаму е најдобриот рецепт за долга и успешна љубовна врска. Истражувачите од тексашкиот универзитет во Остин, откриле дека паровите кои слично јазично се изразуваат, подолго истрајуваат. Во истражувањето биле спроведени онлајн разговори помеѓу повеќе љубовни парови и притоа 80% од оние кои се служеле со слични стилови на пишување и изразување, биле сè уште во врска три месеци после четот, наспроти 54% од паровите кои користеле различни стилови на пишување. Така, ако тој наместо „поздрав“ ви пишува „позз“, „здр“ наместо „здраво“ или „чек“ наместо „чекај“ и вие користете слични кратенки и јазични стилови, за да имате долготрајна и успешна врска.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Истакнете ја вашата силуета

    rnТој навистина не ги забележува тие неколку килца кои ги качивте во текот на изминативе месеци, а сега за тоа тврдење постои и доказ. Истражувачи од Шкотска забележале дека мажите повеќе ги посакуваат оние жени кои имаат нормална телесна тежина, во однос на оние кои се екстра слабички. Затоа, престанете да зјапате во наслвната страница од модното списание и самоуверено носете ги вашите секси бикини наредниот пат кога ќе отидете на плажа или базен и безгрижно гризнете една-две вафли кога ќе огладнете. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

    7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

    Можете да направите многу грешки на почетокот од вашата љубовна врска, кои ќе ве одведат до несакани резултати. Повеќето од нив ги правите несвесно, не знаејќи што тие можат да предизвикаат. За да не доживее вашата нова врска неславен крај обидете се да сфатите каде грешите и што можете да смените. Прочитајте дали се пронаоѓате во некоја од следниве лоши навики.rnrn7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врскаrn

    1. Нападен и наметлив љубовен партнер

    rnДа се биде нападен кон партнерот, во смисла постојано да го гушкате и бакнувате и практично да не го оставате да дише, може дефинитивно да ја уништи вашата „тазе“ љубовна врска. Секако дека треба да м/ù покажете на момчето/девојката дека сте заинтересирани за него/неа, но тоа не значи дека постојано треба да му/ù се нафрлате во прегратки. Во повеќето случаи тоа може да делува премногу несекси за вашиот партнер, кој најверојатно ќе си помисли дека премногу сакате да ги избрзате почетните фази низ кои треба да помине секоја врска.rnrn7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врскаrn

    2. Онлајн–прогонување

    rnСекој од вас некогаш „прогонувал“ на Интернет, некој што му се допаѓа, бидејќи сте сакале да дознаете нешто повеќе за неговиот/нејзиниот живот. Но, има голема разлика помеѓу впишување на неговото/нејзиното име во Гугл за да проверите дали потенцијалниот партнер е или не е сериски убиец, пред да излезете на состанок, но веднаш да го додавате на Фејсбук, да следите сè што прави и да стискате „ми се допаѓа“на сè што ќе објави, е навистина лоша идеја. Од таквото онлајн – прогонување, потенцијалниот партнер може да се исплаши и да почне да ве избегнува.rnrn7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врскаrn

    3. Крал/кралица на негирање

    rnДа се живее во свет на одрекување е дефинитивно лоша особина кога станува збор за вашата љубовна врска. Многу момци и девојки, остануваат во љубовни врски кои се „заглавени“ во некоја мртва точка, која не раѓа никаков напредок на повисоко ниво. Наместо да не си го признавате себеси лошиот развој на вашата врска, размислете дали можеби вие правите нешто погрешно и имате некои лоши навики кои така влијаат на неа.rnrn7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врскаrn

    4. Чекање да се „појави“ некој/а совршен/а

    rnДа се чека и да не се прави ништо околу љубовниот живот, е дефинитивно многу лоша особина, која ќе направи да се чувствувате осамено и несакано. Доколку сметате дека има „хемија“ помеѓу вас и некој од спротивниот пол, зошто да чекате со денови тој/таа прв/а да ви се јави? Исто така, не смеете да си чекате и да не правите ништо на љубовен план, чекајќи совршениот партнер да ви затропа на врата. Бидете комуникативни, ведри, флертувајте, но сепак не бидете премногу нападни, бидејќи ќе го уништите впечатокот. Запомнете: сè е во балансот!rnrn7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врскаrn

    5. Превисоки стандарди за хипотетичкиот љубовен партнер

    rnНекои луѓе имаат превисоки стандарди за тоа како треба да изгледа и кои карактерни и интелектуални способности треба да ги поседува некое момче или девојка за да може да постане нивен партнер. Некои девојки сакаат да си пронајдат момче кое ќе биде совршено шармантно, финансиски стабилно, слатко како бонбонче, да има одлични манири на однесување и одлична смисла за хумор. Некои момци пак, одбиваат да излезат на кафе со девојка која не е висока, слаба како манекенка, русокоса, паметна и преубава. Момци и девојки: совршенство не постои. Не губете си го времето живеејќи во илузија дека во светов постојат принцови и принцези какви што има само во бајките. Ако долго време се прашувате зошто сè уште сте сингл, можеби треба да се запрашате каков партнер очекувате да стане дел од вашиот живот и дали таква личност реално можете да сретнете.rn

    6. Емоционална слепост

    rnДа се биде „емоционално слеп“ значи да се чувствувате премногу возбудено што сте започнале врска со некој и притоа заборавате на работите кои вистински ги очекувате од љубовта. Сексуалната привлечност кон партнерот толку ве заслепила, што вие почнувате да размислувате дека е сосема во ред да бидете во врска со некој кој никогаш не сака да стапи во брак, ниту да има деца, а оформувањето ваше семејство отсекогаш ви било сон. Исто така, сигурно реално не би сакале да бидете со некој кој очекува од вас да седите дома и да се грижите за домашните обврски, кога вие ја обожавате вашата кариера. Освестете се навремено, бидејќи во спротивно некој ден во иднината ќе се почувствувате многу несреќно.rnrn7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врскаrn

    7. Преголема зависност од партнерот

    rnДоколку не можете да одлучите ништо без да чуете што мисли вашиот партнер или доколку не правите ништо во вашиот живот додека тој/таа има други обврски и не е со вас, тогаш дефинитивно сте изградиле лоша навика. Кога толку многу сте „прилепени“ за вашиот партнер, нему му оставате впечаток дека сте независни, несигурни и не можете да застанете цврсто на земја. Тоа најчесто не е точно, па за да му/ù го докажете спротивното, обидете се да го прилагодите вашето однесување кое првенствено ве натерало да се однесувате така. Запомнете дека ниедна личност не сака љубовен партнер кој нема самодоверба и не верува во своите способности и квалитети. Бидете решителни и докажете му на вашиот партнер дека карактерна личност.rnrn7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врскаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    За да можат да функционираат љубовните врски, пред сè е потребна меѓусебна љубов помеѓу партнерите. Но, понекогаш љубовта не е доволна, за да ги победи сите недоразбирања, расправии, повредени чувства и нарушена самодоверба. За да не дозволите вашата врска неславно да заврши, имајте на ум дека сите односи помеѓу луѓето треба непрестајно да се негуваат за да можат добро да се развиваат.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите rnrnСледуваат 10 интересни нешта кои можете да му ги приредите на вашиот партнер за да се чувствува љубено.rn

    1. Пофалете го/ја пред вашите пријатели

    rnАко вашиот/та љубен/а неодамна постигнал/а некој успех на некое поле од животот, раскажете им на вашите пријатели за таа добра вест. Тоа ќе му/ѝ ја покрене самодовербата и ќе направи да ве сака уште повеќе.rn

    2. Оставете му/ѝ тајни пораки во знак на внимание

    rnСледниот пат кога вашата душичка ќе го напушти градот или ќе замине на работа/факултет, оставете ѝ љубовна порака во џебот од јакната или во книгата која што во моментот ја чита. Не заборавајте да оставите отпечатоци од вашите усни обоени со црвен кармин доколку сте женско или да прснете секси машки парфем ако сте машко.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    3. Заедно прославете ги неговите/нејзините успеси

    rnДоколку вашето злато конечно го добило покачувањето на платата кое го очекувало долго време или „фатило“ некоја „фриленс“ тезга или го положило најтешкиот испит во неговото студирање, приредете му некое пријатно специјално изненадување. Дури и ако сè што имате на ум е отворање шише шампањско по повод прославување на убавата вест, самиот чин дека го вреднувате успехот на вашиот партнер, нему ќе му причини огромно задоволство.rn

    4. Понудете му/ѝ ја вашата помош кога се чувствува под стрес

    rnСледниот пат кога вашиот партнер ќе се почувствува пренатрупан со многу обврски или со некакви лични грижи, понудете му масажа од половина час, перење на неговите алишта или вкусни јадења за цела недела кои ќе може да ги одржува во фрижидер. Ваквите едноставни постапки ќе му покажат на вашето најмило дека се грижите за него и истовремено ќе му помогне да ја тргне од мислите тежината која ја чувствува.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    5. Постојано полнете го неговото/нејзиното его

    rnДали вашиот партнер има некој посебен талент? Без разлика дали тој/таа има фантастична ориентација во простор, одличен вкус за облекување, убаво пее, одлично вози или секогаш победува во карти, секогаш дајте му/ѝ до знаење колку сметате дека е фантастичен/а. Без разлика дали тој негов/нејзин талент има или нема некое посуштинско значење во животот, секогаш кажувајте ги на глас тие работи кои ви се допаѓаат кај него/нејзе.rn

    6. Флертувај со него/нејзе на јавни места

    rnСе наоѓате на забава со вашиот/та партнер/ка? Обидете се да не го поминете целото време заедно еден до друг. Остварувајте контакт со очи од другиот крај на просторот и кога ќе се разминете, како да сте странци, тоа со сигурност ќе ги врати старите романтични чувства. Не заборавајте и да поднамигнувате, секако со стил и незабележително.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    7. Изненадете го/ја со специјално рандеву

    rnДали вашиот партнер спомнал дека многу сака да присуствува на некој концерт, настан или спортски натпревар? Запомнете го датумот и изненадете го со влезници. Планирање на нешто што е важно за другиот секогаш ја подобрува врската.rn

    8. Покажете интерес за неговото/нејзиното хоби

    rnДури и да не сте обожаватели на следење спорт или ТВ новели, обидете се да издржите и одвреме-навреме учествувајте во интересите на вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    9. Прашувајте за неговиот/нејзиниот тек на денот

    rnМожеби изгледа едноставно, но сепак ова може да биде многу важно. Доколку на партнерот не му оставите простор да каже за неговиот тек на денот, тој ќе се чувствува како да не ви е важно неговото време. Секогаш имајте на ум дека не треба да зборувате само за себе и вашите чувства.rn

    10. Прикачете ја вашата омилена музика на неговиот/нејзиниот плеер или изрежете цеде

    rnКога вашиот партнер треба да заминува на некое патување, изненадете го со плејлиста од вашите омилени песни. Секоја од нив ќе го потсетува на вас.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ги возбудува момците?

    Што ги возбудува момците?

    За девојките не е едноставно да ги знаат сите оние мали нешта што ги возбудуваат момците. Секое момче има свои мечти и фантазии, кои по подолго време може да се откријат, па да се направи нешто во врска со тоа. Постојат работи кои, очекувано или сосема изненадувачки, делуваат возбудливо за многу мажи. Космополитен ги повика момците да кажат по една работа која ги возбудува. Од многуте пораки кои ги добија преку Твитер, селекцијата паднала на овие изјави. Ако не знаете од каде да почнете, еве неколку идеи:rnrnШто ги возбудува момците?rn

      rn011

    • Дама на улица, откачена во спална
    • rn011

    • Гласот преку телефон, рано наутро или доцна навечер кога е изморена
    • rn011

    • Девојки што пливаат
    • rn011

    • Знае како да оди на нејзините високи потпетици
    • rn011

    • Амбициозна девојка
    • rn011

    • Жена која е 70% ангел, 30% ѓавол
    • rn011

    • Жена со многу самодоверба и самоувереност
    • rn011

    • Девојка што си ја плаќа сопствената вечера
    • rn011

    • Постара богата жена која сака да троши пари на млади дечки
    • rn011

    • Ако можете да се завртите додека „го јавате“
    • rn011

    • Девојка на која не ѝ треба шминка, која изгледа едноставно
    • rn011

    • Девојка што ќе игра со мене на PS3
    • rn011

    • Ако мириса убаво
    • rn011

    • Кога се шета со некоја моја маица
    • rn011

    • Кога ја гризе мојата долна усна додека се бакнуваме
    • rn011

    • Девојка која излегува освежена од туширање, со крпа на неа
    • rn011

    • Добар углед
    • rn011

    • Слатки ножни прсти
    • rn011

    • Девојка која е независна и не заборава дека не сум ù татко
    • rn011

    • Девојка која кулира во дуксер и тренерки
    • rn011

    • Девојка која цело време носи машки шорцеви
    • rn011

    • Девојка која игра видеоигри
    • rn011

    • Кога девојка си ја гризе нејзината уста додека ве гледа во очи
    • rn011

    • Секс за време на туширање
    • rn011

    • Кога девојката го знае моето минато, но ме цени заради тоа што сум сега
    • rn

    rnМомци, што би додале во листава?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 мали нешта за покажување голема љубов

    7 мали нешта за покажување голема љубов

    Малите нешта секогаш оставаат голем впечаток. Ова особено важи за врските, во кои најмалите гестови можат да покажат големо внимание и искрена љубов. Ова е листа на неколку мали, но значајни нешта кои можете да ѝ ги „подарите“ на партнерката правејќи таа да се чувствува посебно.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Помагајте ѝ со товарот

    rnСекогаш помагајте и на вашата сакана со нејзиниот товар, бидејќи ретко која девојка „обожава“ да се килави. Таа ќе ви биде многу благодарна, а вие ќе испаднете прав џентлмен.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Делете ѝ комплименти без разлика на нејзиното моментално издание

    rnПокажете и дека ја сакате во секакво светло или расположение. Без разлика дали таа е облечена во тренерки и обична маичка, укажете и дека сè уште ви е атрактивна и секси, а таа со сигурност нема да остане рамнодушна.rn

    Пазарете самоволно, без таа да ве тера

    rnКога ќе забележите дека сте го испиле млекото или пак нема ни зрно кафе, појдете и набавете ги намирниците кои ви недостасуваат. Кога самоиницијативно го правите ова, таа ве сака уште повеќе.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Сослушувајте ги нејзините проблеми

    rnПо стресниот ден разговорот со партнерот е секогаш вентилот за опуштање и растеретување од нервозата. Оставете ја да ги искаже своите маки и проблеми, а вие сослушајте ја и доколку можете дадете ѝ совет. Жените го сакаат тоа.rn

    Превезувајте ја доколку сте во можност

    rnОд јавниот превоз, на сите им доаѓа да збеснат и да викаат на цел глас. Понудете ѝ да ја превезете или земете од негде. Нејзиното чувството на олеснување како резултат на избегнувањето на градскиот метеж и гужвата во автобусите ќе биде голем благодет за вас.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrn

    Правете ѝ кафе

    rnМожеби е премал и незначаен потег, но кога ќе го помириса моќниот вкус подготвен од нејзината најголема љубов, таа ќе биде пријатно изненадена и ќе ве пречека насмеана. Самиот факт што сте го направиле, без таа да го побара тоа од вас е сосема доволен, дури и доколку не го погодите. Но, еве неколку добри рецепти за кафе со кои нема да згрешите.rn

    Згответе вечера, без некој повод

    rnНишто не кажува подобро „Те сакам“ од маж во престилка, готвејќи нешто вкусно за неговата сакана и тоа без некој посебен повод.rnrn7 мали нешта за покажување голема љубовrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар секс

    18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар секс

    Направивте романтична атмосфера. Ја заклучивте вратата од спалната соба. Му пративте на партнерот неколку флертувачки погледи. Бадемите, јагодите и морските плодови беа дел од вашата романтична вечера. Секоја жена треба да ги знае тајните за подобар секс. Еве кои се тие:rn

    1. Секоја жена има омилена секс позиција. Најдете ја вашата.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексПронајдете ја онаа секс позиција која секој пат гарантирано ќе ве одведе до оргазам.rn

    2. Таа позиција може да се менува.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексПрофесор Мери Џејн Минкин вели: „Она кон што се стремите и двајцата, физички и емоционално, честопати се менува“. Обрнете внимание на она што вас ви се допаѓа и прилагодете го на некој нов и нормален начин.rn

    3. Додека имате секс, тој не ги забележува маните на вашето тело.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексСекс терапевтот Ијан Кернер вели: „Мажот за време на сексуалниот акт доживува ментална експлозија од емоции, во која не ни размислува дали партнерката има целулит или е полничка“.rn

    4. Сексот на чист, мек и удобен кревет е потценет.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексrn

    5. Свеќите можеби се клише, но навистина дејствуваат романтично.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексrn

    6. Другите немаат повеќе и подобар секс од вас.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексНе споредувајте се со пријателките за тоа колку тие имаат секс во текот на неделата. Прецизна бројка по која треба да се водите, нема. Најважно е колку ви е вам доволно.rn

    7. Побарајте го она што сакате да го добиете. Вреди да се пресрамите.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексrn

    8. Потребен е преоден момент за да имате секс.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексСекој во вашето семејство сака да му посветите внимание – родителите, партнерот, децата. Да претпоставиме дека сте имале напорен и тежок ден на работа. Не очекувајте дека веднаш ќе ви дојде моментот за секс. Ви треба опуштање и релаксација.rn

    9. Колку повеќе секс, толку поголема желба за секс.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексЗа жал, и спротивното е точно. Колку подолго сте без секс, толку повеќе заборавате колку е добро да се има.rn

    10. Не грижете се премногу дали ќе доживеете оргазам.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексКога ќе го фатите мозокот како размислува: „Ова не е тоа. Што не е во ред со мене?“, веднаш оттргнете ги тие мисли. Запомнете, треба да чувствувате, а не да размислувате во кревет.rn

    11. Планираниот секс може да биде подобар од спонтаниот.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексИсчекувањето може да биде како предигра. Размислете за тоа.rn

    12. Тој не очекува од вас да знаете интересни, секси техники.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексИма многу начини како партерот може да постигне оргазам. Кога партнерката ќе обрне внимание на неговите реакции за време на сексуалниот чин, тој нема да има никакви поплаки.rn

    13. Понекогаш, телото навистина сака одмор и добар сон.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексrn

    14. Но, понекогаш едноставно треба да решите да го направите „тоа“.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексrn

    15. Болката за време на сексуалниот однос не е нешто нормално.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексАко почувствувате напор и нелагодност за време на сексот, тоа значи дека сте напнати, не сте опуштени и дека предиграта не била доволно добра.rn

    16. Прифатете ги секс-играчките.

    rn

    18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексСекс-играчките може да го направат чинот поинтересен и забавен. Ако ништо друго, барем пробајте.

    rnrn

    17. По сексот се познава неговата љубов спрема вас.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексЖените сакаат да чувствуваат емоции пред да имаат секс, додека за мажите сексот е начин да ги почувствуваат и покажат таквите емоции. Па, следниот пат кога вашиот партнер ќе сака да имате секс откако претходно сте се карале, тоа значи дека тој ви дава понуда за смирување и е негов начин да ви покаже дека ве сака.rn

    18. Сексот станува подобар како што одминуваат годините.

    rn18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар сексrnrn…или со пракса, со текот на времето, со друг партнер или со сè од ова. Иднината изгледа весело.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?

    Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?

    Автор: МајаrnrnФакт е дека девојките се пребирливи, но и машките не ни даваат подобар избор – реченица која често може да се слушне на утринското кафе. Откако поминала „важната“ вечер, девојките најчесто коментираат „Како може да ти се допаѓа баш тој дечко?“ Треба да сфатиме дека девојките не секогаш знаат што треба да се цени кај еден дечко. Затоа, оваа листа може да им помогне да донесат правилна одлука:Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?1. Доколку ви се доближи некој тип, тој треба внимателно да ве оттргне од него, но не да го направи тоа како да ве „поседува“.rnrn2. Внатре во дискотеката се наоѓаат неговите другари. Тој треба културно да ве претстави пред нив.rnrn3. Доколку тој ви ја отвори вратата од автомобилот, тоа е добар гест. Покажува почитување кон вас и вашата женственост.Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?4. Вашиот разговор е само ваш. Секое негово прекажување, може да биде разбрано на погрешен начин и да придонесе кон донесување лош впечаток.rnrn5. Дечкото треба да знае дека не смее да ја споредува девојката со неговите бивши.rnrn6. Доколку вашите другарки ве придружуваат вечерта, дечкото не треба да ги игнорира и да ве одделува од нив. Напротив, тој треба да се потруди да остави добар впечаток кај нив бидејќи на утрешниот разговор ќе се анализира секоја негова постапка.Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?7. Тој треба да биде отворен за нови идеи и да прифаќа авантури. Во спротивно, во брзо време со него би ви станало монотоно.rnrn8. Треба да дава комплименти, но не да претера со нив бидејќи девојката ќе помисли дека тој ја лаже.rnrn9. На првиот состанок е доволен само бакнеж. Избрзувањето на работите, според девојките е сосема негативно.Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?10. Порака за добра ноќ или известување дека убаво си поминал вечерта со вас е голем плус за освојување на срцето.rnrnСе надевам дека им помогнав на машките, полесно да ги освојуваат девојките. Исто така, овие 10 точки ќе им бидат од корист на девојките за да не ги пропуштаат добрите момци, кои можеби се пред нивните очи, како и правилно да ги вреднуваат нивните постапки.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.