За да го направите вашиот дом попривлечно и поромантично место, треба да ги задоволите вашите сетила. Одберете голем и удобен мебел, нежни ткаенини, привлечни мириси и придушени светла. Но, не претерувајте. Еве неколку совети како вашиот дом да се претвори во едно едноставно, но сензуално место за Денот на вљубените.rn
Црвен аларм
rnЦрвената боја има неверојатна енергија. Таа го забрзува пулсот и го разработува метаболизмот. Њујоршкиот декоратор Мили де Каброл ја препорачува црвената боја за акцентирање на одредени делови, како што се кадифен стол, голема слика или тепих. Црвената боја може да се комбинира со смарагдно зелена, портокалова или кралско сина боја.rnrn
rn
Вечерно светло
rnНајдобро е да се одлучите за столни ламби. Мол Андерсон, авторот на книгата „Заводлив дом“, сугерира да инвестирате во придушено светло. Според Андерсон, светлото е многу важно за секоја соба. Тоа може дури и да ја смени намената на собата и да ја направи многу попривлечна.rnrn
rn
Вечен пламен
rnВо прилог на ламбите и придушеното светло, треперењето на пламенот од свеќите е совршен додаток. Без разлика дали се мали или големи, тесни или широки, во чаша или во свеќник, свеќите секогаш го поттикнуваат романтичното расположение.rnrn
rn
Нежен допир
rn
Удобните и нежни ткаенини не само што го задоволуваат сетилото за допир, туку може да изгледаат и многу луксузно. Одберете перници од кашмир, свила, кадифе или вештачко крзно, во кафеава, сива или кремаста боја.
rn

rnrn
Островот на фантазијата
rnЕдно парче мебел во големи размери може да создаде романтична атмосфера во гостинската или во спалната соба. Можете да ја создадете сопствената фантазија во кревет со балдахин.rnrn
rn
Љубовна јама
rnУкрасете ја најважната соба со нежна постела, но не заборавајте го и удобниот душек. Андерсон советува да одберете постела во која ќе се чувствувате удобно, потоа додадете уште неколку перници, а наутро послужете го партнерот со топло кафе.rnrn
rn
Моќта на мирисот
rn
Романтиката, апетитот и мирисот се меѓусебно интимно поврзани. Мирисот на ванила, роза, иланг-иланг, бергам и јасмин се познати афродизијаци. И лавандата е, исто така, добар избор затоа што ја обожаваат и мажите и жените. Ако сте се одлучиле за неароматични свеќи, во тој случај може да употребите миризливи стапчиња.
rn

rnrn
Променете го местото
rnВечерата на невообичаено место дава чувство на леснотија и изненадување. За промена, послужете ја вечерата во дворот, на терасата или на некое друго невообичаено место.rnrn
rn
Здравица со црвено вино
rn
Секогаш во близина имајте добро црвено вино и вински чаши. Тоа е добар начин да се започне разговорот. Дури и ако сте преморени од работа, чаша црвено вино може да ја направи романтична дури и најобичната вечера. Уште подобро е ако сте инвентивни и кажете некоја креативна здравица.
rn

rnrn
Природен инстинкт
rnЗа романтична атмосфера на масата, заборавете на чаршафите. Не покривајте ја масата, туку декорирајте ја со стаклени вазни или поголеми чаши полни со цвеќе. Сензуалноста е природен инстинкт што ја нагласува природната убавина.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnКога женско ќе каже 
rnrnПовеќето мажи темелно ја разработуваат стратегијата на заведување, но има и такви на кои им е помила стратегијата на бегање, бидејќи не сакаат да се врзуваат. Според психологот Џорџ Вајнберг, причина за ваквото однесување на мажите е стравот дека ќе ја изгубат својата мажественост, доколку се заљубат и врзат за една жена. Тие се воспитувани да не ги покажуваат своите чувства и слабости, па поради тоа целиот свој живот докажуваат дека се олицетворение на моќ.rnrnАко сте во врска со некој кој не сака да се врзе, треба да му дадете на знаење дека и покрај вас може да биде и да остане вистински мачо фраер.rn
rn
rn
rnrnМажите сакаат да бидат потполно сигурни дека жената го сака искрено, дека со него не е само поради парите или поради намерата да си најде сопруг, бидејќи времето ѝ одминува. И покрај тоа што мажот сака да ја сочува својата слобода, тој уште од самиот почеток на врската од жената бара потполна посветеност. Мажите исто како и жените сакаат блискост, но во исто време стравуваат дека ќе ја изгубат својата слобода, дека жената ќе им ги троши парите и дека во очите на другите мажи ќе изгледаат како папучари.rn
rn
rn
rnrnДоколку во вашата врска има девет од овие десет фактори, потрудете се таа да успее, бидејќи има голема веројатност дека партнерот ќе ве направи среќни за целиот живот. Но, ако има помалку од тоа, тогаш треба уште еднаш да размислите за вашите критериуми или да се запрашате дали можеби сте во врска само за да не бидете сами.rn


rn
rnrnНекои партнери сметаат дека сексот во текот на подоцната бременост претставува непочитување спрема бебето. Но, тоа е сосема погрешно размислување. Хемикалиите кои се ослободуваат во текот на оргазмот кај жените, релаксираат и создаваат чувство на среќа, а кога мајката е среќна и бебето е. Својот внатрешен мир мајката го пренесува на бебенцето кое го носи во стомакот, а тоа сака да биде дете на родители кои имаат добра љубовна врска, која е „жива“ во секоја смисла на зборот.rnrn rnrn