КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • Зошто ги сакаме лошите момци?

    Зошто ги сакаме лошите момци?

    Секоја девојка си има свој тип момци кои ја привлекуваат и за вкусови не се расправа. Но, никоја од нас не може да одрече дека барем еднаш во животот била привлечена од некое лошо момче. Зошто ги сакаме лошите момци?rnrnТие го имаат оној шмек на лош фраер, остар поглед на заводник, оставаат впечаток со своите движења и преовладуваат во друштвото, со други зборови, го освојуваат просторот околу себе.rnrnКолку и да не признаваме, лошите момци шармираат, дури и истражувањата покажале дека се предизвик за девојките. Можеби во филмовите и приказните, девојките се вљубуваат во шармантните принцеви и добрите грижливи момци, но реалноста е поинаква. Девојките најчесто ги преферираат лошите и дрските момци. Кои се причините?rnrnЗошто ги сакаме лошите момци?rnrnОпасноста – Ваквите момци се опасни и зрачат со адреналин. Да се биде со лошо момче е предизвик за девојката и на некој начин значи зголемување на нејзиното его знаејќи дека може да се носи со опасноста и ризикот.rnrnЖелбата да го промени – Девојката верува дека би можела да го промени и да го зачува за себе. Всушност огромен дел од девојките сонуваат за момче кое ќе биде лошо кон сите останати, а неа ќе ја третира како принцеза… да, можеби, но само во првите неколку месеци. Не залажувајте се, ако човекот е темпераментен, таков е секогаш и со секого! Најголема грешка е помислата дека би можеле да го промените.rnrnУпорноста – Ваквите момци се навикнати да добиваат сè што сакаат. Можеби друго момче би се откажало откако еднаш ќе го одбиете или со денови ќе се мисли како да ви пријде, но за разлика од ваквите, лошите момци дејствуваат, ги користат сите свои тактики за освојување, самоуверено тргнуваат кон својата цел и не се откажуваат. Го хранат вашето его со нивната упорност да ве освојат сè додека не омекнете и станете кршливи.rnrnЗабранетоста – Најчесто врската со вакво момче спаѓа во оние забранети врски, тоа се оние момчиња кои не се прифатени од страна на родителите, особено од таткото на девојката. Тоа што врската не е одобрена, ја претвора во забрането овошје кое секогаш е послатко од дозволеното.rnrnЗаштитата – Девојките се чувствуваат сигурни и заштитени покрај вакво момче. Тој ѝ влева сигурност на девојката, па таа покрај него е безгрижна и безбедна.rnrnВпечатокот кој таа го остава – Девојката покрај него, има поинаква слика за себе. Има перцепција за тоа како другите ја гледаат кога се заедно. Тоа е нешто како: „Да, јас го освоив!“rnrnАвантури – Нивниот однос нема да е секојдневен и тој ќе ѝ пружи многу авантури. Дури и обичните работи со него ќе ги доживува поинаку, бидејќи тој е „фраер со диплома“, па ги знае сите трикови за тоа како да направи девојката да се чувствува посебно.rnrnЦврстиот став и самоувереноста – Девојките сакаат момците да им ги исполнуваат желбите, но сакаат и момци со цврст став. Лошите момци нема да имаат став на „папучар“, тие се самоуверени и секогаш ќе знаат одлучно да речат „не“. Така девојките се слатко изманипулирани и привлечени од цврстината и начинот на кој тие го кажуваат своето мислење.rnrnОд друга страна пак, лошото момче најчесто одбира покревки девојки на кои им е потребна заштитата која тој ја нуди. Така се чувствува помажествено и си го храни егото како мачо тип.rnrnИнтересно е тоа што најчесто, кога станува збор за сериозна врска или брак, најголем дел од девојките ги одбираат спротивните од тие лоши момци. Сакаат грижливи и верни сопрузи и добри татковци. Тогаш не им е примарност авантурата и опасноста, туку животната сигурност. Така што, колку и лошите момци да ги сметаат девојките за свои авантури, секоја девојка потајно во себе не го гледа лошото момче како потенцијален кандидат за сериозна врска или брак. Можеби она што секоја девојка го бара е некаков баланс помеѓу лошо и добро момче. Тој баланс не е тежок за постигнување, но не секој ќе се потруди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Старомодни правила за љубовните состаноци кои треба да ги следите

    Старомодни правила за љубовните состаноци кои треба да ги следите

    Во последните 50 години феминизмот, контрацепцијата и Интернетот поставија нови стандарди за љубовните состаноци. И додека многу работи се менуваат, некои правила сепак, остануваат непроменети.rnrnСо напредокот на технологијата, љубовните состаноци станаа позбунувачки, но вистината е дека колку повеќе ги применуваме старомодните правила, толку сме поуспешни. Ова се неколку правила кои никогаш не излегуваат од мода.rnrnСтаромодни правила кои треба да ги следитеrn

    Додека се подготвувате за состанок…

    rn

      rn 011

    • Изгледајте најдобро што можете – Атрактивноста е основна работа. Сите нè привлекува добриот изглед. Ако личноста е онаа вистинската, добриот изглед ќе ви овозможи полесно да закажете уште еден состанок.
    • rn 011

    • Самодовербата е секси – Мажите не можат да им одолеат на жени полни со самодоверба. Бидете насмеани, седете исправено, слушајте внимателно и зборувајте полека. Ваквото однесување ќе ја прикрие нервозата и ќе ја зголеми самодовербата.
    • rn 011

    • Лошиот здив е неприфатлив – Ништо не ги уништува шансите за бакнеж како лошиот здив. Одете редовно на забар, мијте ги забите правилно и секогаш носете со себе ментол бонбони.
    • rn

    rnСтаромодни правила кои треба да ги следитеrn

    За време на состанокот…

    rn

      rn 011

    • Почитувајте го времето – Постои можност тој да доцни само за да остави подраматичен впечаток кога ќе пристигне. Доцнењето повеќе од 10 минути без никакво оправдување е крајно нељубезно. Според тоа колку го почитува времето, лесно може да одредите колку тој ве цени.
    • rn 011

    • Џентлменот ја плаќа сметката – Колку и да се дискутира на оваа тема, одговорот секогаш ќе биде ист. Ако тој е џентлмен, ќе ја плати сметката, без разлика кој го договорил состанокот. Ако тој не се понуди да ја плати сметката, не значи дека е лошо момче, туку му недостасува повеќе искуство.
    • rn 011

    • Добрите манири се задолжителни – Не заборавајте ги зборовите „те молам“ и „благодарам“. Добрите манири никогаш не излегуваат од мода, посебно кога се работи за љубовен состанок.
    • rn 011

    • Внимавајте на говорот на телото – Не играјте си со косата или со облеката. Тоа е знак за нервоза и несигурност. Само една третина од комуникацијата е вербална, додека две третини отпаѓаат на говорот на телото.
    • rn 011

    • Не откривајте премногу информации – Не е интересно ако дознаете сè еден за друг уште на првиот состанок. Не пласирајте премногу информации или направете состанокот да трае пократко. Токму пократкиот состанок ќе направи тој да копнее по вас.
    • rn 011

    • Не лажете – Поштедете се од драматични ситуации. Немојте да лажете.
    • rn 011

    • Без семејни разговори – Не критикувајте ги членовите на семејството. Така тој ќе заземе одбранбен став, посебно ако ја искритикувате мајка му. Освен тоа, тој може да помисли дека вашата цел е што побрзо да формирате семејство.
    • rn

    rnСтаромодни правила кои треба да ги следитеrn

    Ако сакате да останете во контакт…

    rn

      rn 011

    • „Да“ за телефонскиот повик – Модерната технологија овозможува најразлични начини за комуникација. Но, колкави и да се придобивките од Фејсбук и Твитер, најдобар начин за да останете во контакт сепак е телефонот. Нема подиректен, похрабар и појасен начин за комуникација од телефонскиот повик.
    • rn 011

    • Не прифаќајте покани доцна навечер – Ваквите покани се несоодветни ако се работи за некој со кој сè уште се запознавате. Тоа покажува дека тој е заинтересиран само за секс и ништо повеќе.
    • rn 011

    • Не фантазирајте – Не измислувајте оправдувања ако тој не се јави после првиот состанок. Едноставно, тој не е заинтересиран. Продолжете понатаму без да си го трошите времето на илузии.
    • rn

    rnСтаромодни правила кои треба да ги следитеrn

    За крај не заборавајте…

    rn

      rn 011

    • Ако тој нема никаков план, значи дека не е подготвен – Ако неколку состаноци по ред се соочувате со прашањето „Што ќе правиме вечер?“, тоа значи дека тој или не е заинтересиран или не е подготвен да продолжи со вас.
    • rn 011

    • Не избрзувајте – Не форсирајте го сексот уште на самиот почеток. Дајте му време прво да ја покаже неговата љубов.
    • rn 011

    • Дали е така како што кажува? – Како и секогаш, делата зборуваат погласно од зборовите. Ако тој покаже дека е ранлив, тоа всушност значи дека е вљубен. Го тргнал штитот и ви дозволил да допрете до него.
    • rn 011

    • Ќе бакнете неколку жаби пред да го пронајдете принцот – Не разочарувајте се ако вашите состаноци не водат кон нешто посериозно. Затоа и се нарекуваат „состаноци“. Нивната цел е да излезете со нови луѓе, да се запознаете и да ги подобрите социјалните вештини. Принцот е таму некаде, но додека да го пронајдете, ќе треба да бакнете неколку жаби.
    • rn

    rnСтаромодни правила кои треба да ги следите

  • Најдобрата секс-поза за под туш

    Најдобрата секс-поза за под туш

    Сексот под туш е неверојатен, но доколку никогаш не сте го пробале, можеби немате ни храброст да го сторите тоа. Пробајте ја оваа палава секс-поза која веднаш ќе ви ја покрене самодовербата и ќе станете толку зависни од неа, што ќе посакате да ја правите одново и одново… Поради уникатниот агол на водење љубов, постојат многу големи шанси девојката да доживее оргазам.rnrnНајдобрата секс-поза за под тушrn

    Упатство:

    rnrnТаа: застанете со грб свртени кон вашиот партнер и потоа пополека наведнете се нанапред и ставете ги дланките на подот. Доколку флексибилноста не е вашата јака страна, едноставно поднаведнете ги колената малку за да се наместите правилно.rnrnТој: пенетрирајте во својата партнерка одзади, притоа држејќи ја цврсто за половината со рацете, за ниеден од вас да не изгуби рамнотежа.rnrnБонус: за да биде атмосферата уште „пожешка“ добро би било да влезете под туш со облека. Девојката може да облече само фустанче, а момчето маица и куси памучни шорцеви. Забавата може да започне така што ќе почнете да се бакнувате облечени, под млазот вода. Со среќа!  :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Внесете летна возбуда во вашата врска

    Внесете летна возбуда во вашата врска

    Чувствувате дека вашата врска губи стабилност? Или можеби се јавува по некој знак на здодевност и монотонија? Не дозволувајте да спласне возбудата во вашата љубовна врска, искористете ги благодетите кои ги носи летото.rn

    Секс на отворено

    rnВо лето сме порелаксирани, опуштени, а секако и топлото време е дополнителен плус. Се разбира внимавајте каде го правите, но задолжително направете го тоа ова лето. Летото е совршено за секс на отворено.rnrnВнесете летна возбуда во вашата врскаrn

    Викенд-бегство

    rnНема нешто што може повеќе да ги зацврсти вашите односи од едно кратко романтично бегство. Одберете викенд кога вие и вашиот сакан/а ќе избегате од градскиот метеж и ќе се стопите во прегратка цел еден викенд, само вие двајца. Нема проблеми, обврски и трчање, има само многу љубов и летна романса. Посветете се еден на друг!rn

    Секс на невообичаени места

    rnИ хормоните во лето лудуваат, шансите да ви светне некоја луда идеја се уште поголеми. Страстите разменете ги далеку од спалната соба и удобниот кревет. Kлуч за внесување возбуда во врска е несекојдневното.rn

    Жежок состанок

    rnДури и да сте во врска со години, вратете го она чувство кое сте го имале на првиот состанок. Испланирајте го добро, и нека биде незаборавен. Нека наликува на оној прв состанок на кој толку многу се внимава, испланирајте го во етапи, вечера, кино, можеби куглање или нешто слично…rn

    Латино звуци

    rnДоколку знаете да танцувате супер, доколку одговорот е негативен, научете, или играјте онака како што знаете, кому му е грижа? Заедно посетете латино забава или забава со кубанска музика и оставете звуците да ве понесат. Едноставно има звуци на кои е прикладно да се игра во лето, па искористете го ова лето и танцувајте… и тоа многу!rnrnЛето е, конзумирајте добри коктели, уживајте и лудувајте максимално. Искористете го тоа за да си ја подобрите врската доколку имате партнер. Но, притоа не заборавајте да бидете внимателни и одговорни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Митови и вистини за неверството

    Митови и вистини за неверството

    Еднаш неверен – секогаш неверен? Размислете подобро. Една студија спроведена од „YourTango“ која ја воделе 1.200 психотерапевти, советници и други експерти во таа област, покажала некои изненадувачки резултати кои ги побиваат добро познатите митови за неверството.rnrnМитови и вистини за неверствотоrn

    Мит #1 – Мажите се поневерни од жените

    rn49% од испитувањата потврдуваат дека мажите изневеруваат повеќе од жените, но дури 47% од нив покажале дека и жените се исто толку неверни колку и нивните партнери – мажите.rn

    Мит #2 – Мажите изневеруваат поради сексуално незадоволство

    rnВсушност, 34% (мнозинството) се согласиле дека мажите изневеруваат кога се емоционално незадоволни во врската. Лин Р. Закери вели:rn
    rn

    „Можеби ќе ви звучи изненадувачки, но голем број од мажите бараат личност со која ќе можат да се поврзат, која ќе биде нивна најдобра пријателка и интимна партнерка и кога го губат тој однос во врската, големи се шансите дека ќе го побараат на друго место.“

    rnМитови и вистини за неверствотоrn

    Мит #3 – Порнографијата и неверството не се поврзани

    rnНе баш… Всушност, 59% од испитувањата покажале дека порнографијата на некој начин го поттикнува неверството.rn

    Мит #4 – Кога станува збор за неверство, искреноста е најдобрата одлука

    rn57% сметаат дека кога некој во врската бил неверен, не секогаш е добра идеја да му кажат на партнерот. Една од повеќето причини била и оваа:rn
    rn

    „Ако личноста сфати дека тоа што го направила било погрешно и неоправдано и не планира да го повтори и сака понатаму да се посвети целосно на партнерот, признавањето нема воопшто да помогне.“

    rnДоколку пред неверството комуникацијата помеѓу партнерите не била доволно искрена за длабок разговор поврзан со нивните проблеми во врската, тогаш признанието ќе предизвика само чувство на емоционална празнина, предавство, болка и бес и во никој случај нема да ги реши веќе постоечките проблеми. Но, ако неверството настанало од сосема друга причина, а комуникацијата со вашиот партнер ви е отворена и искрена и сте сигурни дека ќе можете зрело да разговарате за причините кои довеле до негова појава – тогаш искреноста дефинитивно е најдобра одлука…rnrnМитови и вистини за неверствотоrn

    Мит #5 – Политичарите и славните личности изневеруваат повеќе од останатите

    rnСкоро 47% од резултатите покажуваат дека славните личности не изневеруваат повеќе и почесто од сите нас. Но, неверството во тие кругови влијае на неговата перцепција кај останатите.rn

    Мит #6 – Еднаш изневерил/а, секогаш ќе изневерува

    rn81% од испитувањата укажуваат сосема на спротивното. Всушност не може ни да се генерализира бидејќи луѓето изневеруваат од различни причини. Доколку изневериле зашто не биле среќни со партнерот и подоцна ја поправат врската или пак, си отидат и започнат сосема нова врска од која ќе бидат позадоволни, големи се шансите тие веќе никогаш да не бидат неверни.rnrnМитови и вистини за неверствотоrn

    Најдобрите начини за спречување појава на неверство се:

    rn

      rn011

    • Двајцата партнери да се чувствуваат ценето и важно помеѓу себе – Ако вашиот партнер се чувствува пријатно, сигурно и посакувано од вас, нема да има потреба да бара друга врска надвор од вашата…
    • rn011

    • Добра комуникација – Без разлика дали станува збор за негативни или позитивни работи, отвореноста и искреноста во врската може да придонесат само за нејзино подобрување и зацврстување.
    • rn011

    • Задоволување на сексуалните потреби – Бидете отворени со вашиот партнер за вашите сексуални желби и фантазии. На тој начин и ќе го подобрите вашиот сексуален живот и ќе се чувствувате поблиски.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дефинирајте го односот со партнерот

    Дефинирајте го односот со партнерот

    Сакате да го дефинирате вашиот однос со партнерот? Пред да започнете таков разговор, прочитајте го следниве совети и осигурајте се дека нема да бидете погрешно сфатени.rnrnДефинирајте го односот со партнеротrn

    Нема потреба да разговарате ако сте среќни со сегашната ситуација

    rnВремето за започнување ваков разговор е индивидуално кај секого. Логично е после месец или два да се запрашате „Што сме ние?“ Но, во ваков случај можно е да сте дел од однос кој е корисен за вас и вашите емоции, иако не сте свесни за тоа. Размислете малку дали сегашната ситуација ви одговара и дали сте среќни со моменталните случувања. Така ќе дознаете дали е време за дефинирање на односот.rn

    Следете ги неговите знаци

    rnМажите генерално комуницираат повеќе преку активностите, отколку преку зборовите. За да дознаете колку е тој заинтересиран, едноставно следете ги неговите постапки. Внимавајте за што е заинтересиран, а за што не е. Дали ги планира сите работи? Дали ве запознава со луѓето кои му се важни нему? Од друга страна, на заборавајте дека воопшто не е важно ако сака заедно да одите на одмор, но нема намера да ве побара викендов.rn

    Не дозволувајте алкохолот да влијае на разговорот

    rnЕдноставно, ако не разговарате на оваа тема додека сте трезни, не надевајте се дека ќе разговарате кога ќе се напиете. Ако сте под дејство на алкохол, поголеми се шансите наредното утро да бидете позбунети, отколку претходната вечер.rnrnДефинирајте го односот со партнеротrn

    Разговор во четири очи

    rnБез разлика колку е полесно овој разговор да се одвива преку телефон, одолејте му на искушението и разговарајте лице в лице. СМС-пораките може да бидат премногу нејасни за овој тип разговор, а и со телефонскиот разговор е слично. Ако не сте заинтересирани за врска, тогаш зрелиот разговор во четири очи е најдобар начин да се разјаснат работите.rn

    Најдобро време за разговор е попладне

    rnВерувале или не, мажите имаат идеално време за разговарање, а тоа е попладне. Нивото на тестостерон кај мажите опаѓа во периодот помеѓу 16 и 18 часот, а тоа е причина тој повеќе да ве слуша додека зборувате. Но, доколку тој доживеал некаква непријатна случка или некакво разочарување, прескокнете го овој дел од денот и разговарајте подоцна.rn

    Седнете покрај него

    rnМажите слушаат и разбираат многу полесно кога физички сте покрај нив. Затоа пред да го започнете разговорот, обезбедете си место до него. Никако не застанувајте пред него, затоа што таквиот став означува соочување и конфронтирање.rnrnДефинирајте го односот со партнеротrn

    Не плашете го со темата

    rnНикогаш никому не кажувајте му: „Мораме да разговараме“. Ако сакате да започнете разговор со овие зборови, без оглед на тоа колку е сериозна темата, може да се случи соговорникот да го фати паника, да се исплаши и да почне да ве одбегнува.rn

    Не покажувајте дека сте нервозни

    rnДозволено е и кај двајцата да има малку трема пред и за време на разговорот. Тоа е сосема нормално и нему ќе му биде полесно ако знае дека и вие се чувствувате исто како и тој. Мажите повеќе се плашат од врска со погрешна личност, отколку од самата врска. Затоа нека дознаат дека и вие сте по малку несигурни, но не дозволувајте им да дознаат колку нервозни всушност можете да бидете.rn

    Потсетете го на сè што сте поминале заедно

    rnНајдобар начин да ги дознаете неговите интереси за во иднина и истовремено да ги искажете вашите очекувања, е да дефинирате што се случува помеѓу вас двајца. Потсетете го на сите заеднички моменти и следете ја неговата реакција. Продолжете го разговорот со реченица како „Чувствувам како да сме поблиски во последно време“ и видете како ќе се одвиваат понатаму работите.rnrnДефинирајте го односот со партнеротrn

    Ако темата е сериозна, разговорот не мора да биде исто толку сериозен

    rnКога веќе сте решиле да разговарате на оваа тема, ослободете се од секаков притисок. Ако сакате нешто посериозно, кажете го тоа на интересен и забавен начин. И секако, притоа не заборавајте да се насмевнете. Така ќе биде многу полесно да продолжи разговорот, а и двајцата ќе се чувствувате послободни.rn

    Не драматизирајте

    rnСигурно не сакате да се најдете во ситуација во која емоциите ќе ве совладаат и едноставно ќе излегуваат од вас, без да можете да ги контролирате. Ако чувствата ви бегаат надвор од контрола, значи сè уште не е време за ваков разговор. Не започнувајте го разговорот и не избрзувајте само поради фактот дека поминал одреден период откако сте почнале да излегувате.rn

    Задржете се на сегашноста

    rnСо овој разговор треба да утврдите што се случува сега, а не што ќе се случува во иднина. Целта е да дознаете дали вашиот однос станува посериозен или се работи само за нешто привремено. Задржете се на сегашноста, а разговорите каде што се споменува „брак“ или „селење“ задржете ги за понатаму.rnrnДефинирајте го односот со партнеротrn

    Кратко и јасно

    rnАко сакате да ги искажете вашите чувства, нема потреба од долги и исцрпувачки разговори. Според истражувањата, жените зборуваат три пати повеќе отколку мажите, во текот на еден просечен ден. Од друга страна, долгиот разговор често знае да застрани од темата. Затоа заборавете на претераното зборување и бидете кратки и јасни.rn

    Дајте му време да размисли

    rnШтом ќе го започнете овој разговор, не очекувајте тој веднаш да ви одговори. Никој не е обврзан веднаш да реши како ќе се одвиваат работите понатаму и тоа е во ред. Но, ако извесно време не добивате никаков одговор од негова страна, прашајте го дали размислил во врска со разговорот што сте го воделе за вас двајца.rn

    Не разочарувајте се

    rnШто и да испадне на крајот, најважно е да бидете среќни и задоволни од себе. Ако сакате нешто посериозно, а тој не сака ништо повеќе од обична авантура, не правете компромис. Не задоволувајте се со тоа што го сака тој. Продолжете понатаму и ќе ја пронајдете вистинската личност.rnrnДефинирајте го односот со партнеротrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

    Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

    Нема љубовна врска која е совршена, поради фактот што никој не е совршен. Но постојат компромиси кои можат да ги избалансираат работите и да ги смират несогласувањата. Проблемот е во тоа што, најчесто за погрешни работи си трошиме време и се трудиме да направиме компромис, а некогаш и за најмала ситница знаеме да избувнеме.rnrnРаботи за кои (не)вреди да направите компромис во врскатаrnrnНајдобро би било да знаете за кои работи вреди да направите компромис, а за кои навистина не вреди да се трудите и да трошите нерви. Вреди да направите компромис за одредени навики на партнерот кои ви пречат, некои кои можеби не можат да се сменат и искоренат целосно, но не се толку опасни за да си ја расипете врската. Направете компромис ако вашиот партнер/ка, ја остава вратата од соба отворена, заборава да ја заклучи вратата од кола, ја остава валканата облека во дневна… Тоа се навики и постапки кои навистина се иритирачки и знаат да ве извадат од такт, но вреди да премолчите понекогаш или да направите некаков договор. Дали е во ред да ја прекинете врската со некој кој навистина ви одговара, само затоа што не го спушта капакот од ВЦ-шолјата?rnrnОд друга страна, треба да си бидеме големи непријатели самите на себе за да толерираме работи кои нè задушуваат, ни ја одземаат слободата и психички нè уништуваат. Не трудете се да направите компромис за:rn

      rn011

    • љубоморното однесување на партнерот и претераната љубомора
    • rn011

    • недостатокот на почит и омаловажувањето
    • rn011

    • насилството
    • rn011

    • ставање акцент само на нејзините/неговите потреби
    • rn011

    • имањето целосно различни цели во животот
    • rn011

    • честите несогласувања и расправии кои се повторуваат сè почесто и почесто, а ви носат и солзи
    • rn011

    • работи кои бараат од вас целосно да се смените како личност и да ги занемарите вашите критериуми и гордост.
    • rn

    rnЛуѓето не се менуваат, ќе бидат такви какви што се скроени од самиот почеток. Некогаш си мислиме дека се промениле зашто си го покажале вистинското лице, но тоа не е промена, туку откривање на вистинскиот карактер. Внимавајте какви работи сте подготвени да поднесете и издржите со цел да ви успее врската и секогаш добро размислете дали вреди да направите компромис. Но пред сè запомнете дека дури и доколку станува збор навидум за ситница, тој/таа никогаш нема да се промени!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Највозбудливите места за секс на отворено

    Највозбудливите места за секс на отворено

    Кога станува збор за сексот, нема ништо повозбудливо од пробување на нешто ново, а летниот период е совршено време да уживате во посебни моменти на страст и возбуда на отворено. Следниве неколку предлози според многу анкети се убедливо највозбудливи.rnrnНајвозбудливите места за секс на отвореноrn

    Секс во автомобил

    rnВлезете во автомобилот со партнерот и упатете се на некое „недозволено место“. Препорачливо е да облечете облека која полесно се соблекува, бидејќи времето и просторот малку ќе ве ограничуваат. Пуштете го радиото, затворете ги прозорите и препуштете се на атмосферата. Покасно отворете ги прозорите за свежиот воздух, да ја олади вжештената атмосфера.rn

    Секс на плажа

    rnОва лето, не шетајте по главната трговска улица на местото каде што сте сместени, туку впуштете се во авантура барајќи интимна плажа, за нова авантура. Понесете си некоја прекривка.rnrnНајвозбудливите места за секс на отвореноrn

    Секс во шатор

    rnДоколку ова лето, кампувањето е на вашиот список со задолжителни активности, не заборавајте во патната торба да го спакувате и чувството на спонтаност. Додека се препуштате на страста опкружени со чиста природа, внимавајте да не ги разбудите останатите кампери или некое диво животно.rn

    Секс на балкон

    rnОва е веќе поекстремно. За ова не треба да заминете никаде, но треба да бидете внимателни, бидејќи може да настане незгодна ситуација, доколку некој сосед ве забележи. Чекајте сите да заспијат, а чувството дека правите нешто забрането и дека некој може да ве види, ќе ја крене температурата до максимум.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Законот на привлекувањето

    Законот на привлекувањето

    Постојано се случува да нè привлекуваат одредени луѓе. Сте се запрашале ли некогаш што е тоа што нè привлекува нас или пак, што е тоа што другите сметаат дека е привлечно кај вас?rnrnКога ќе размислите подобро, меѓу илјадниците луѓе со кои секојдневно се разминувате, нели би требало да биде многу лесно да ја пронајдете „совршената“ личност? Но, медиумите, социјалниот притисок и човековата природа на некој начин оваа потрага ја претворија во огромна мистерија. Поради тоа науката преку неколку теории пробала да објасни што точно е привлекувањето, како и кога настанува и што може да влијае на него…rnrnЗаконот на привлекувањетоrn

    Ефектот на ореол

    rnВо првиот момент кога се запознаваме со одредена личност, ние веќе имаме основна замисла за него/неа. Донесуваме инстантен заклучок со кој ù го определуваме карактерот и можеби потсвесно веднаш одлучуваме дали ни се допаѓа или не. Но, дали е можно само една одредена карактерна црта или размислување да придонесе за нашата проценка? Дали може да „осудиме“ личност која генерално е добра, како лоша само зашто не ни се допаднале неговите/нејзините ставови и размислувања во одредени области? Науката вели – ДА!rnrnЗаконот на привлекувањетоrnrnЕфектот на ореол настанува така што кога една личност говори со поголем ентузијазам, се смее и е поотворена – таа е поприфатена од „публиката.“ Ние сме „заслепени“ од нејзините/неговите движења и позитивна енергија и не обрнуваме многу внимание на разговорот. Доколку истата личност го кажува истиот текст со помалку ентузијазам, понегативен став и се однесува позатворено – таа ќе биде полошо прифатена и повеќето критики ќе се однесуваат на работите кои биле кажани од нејзина/негова страна… Доколку ве интересира нешто повеќе за овој ефект погледнете го ова видео.rn

    Звукот на привлекувањето

    rnГласот, говорот, смеењето, плачењето, викањето и пеењето – сè тоа е дел од комуникацијата кај луѓето. Многу често се случува да се создаде ментална слика за одредена личност само од звукот на нејзиниот глас. Ви се случило ли некогаш да разговарате со некој по телефон, според неговиот/нејзиниот глас да си претпоставите како би изгледале и потоа кога ќе се сретнете да сфатите дека тој/таа не изгледа ни приближно како во вашите замисли? Сте се запрашале ли како ве отсликува вас гласот? Дали го „рефлектира“ вашиот карактер или пак, го контролира? Дали мислите дека гласот сам по себе би можел да биде привлечен? Науката вели – ДА!rnrnЗаконот на привлекувањетоrnrnГласот има тенденција да оддаде некои физички карактеристики. На пример, бидејќи мажите се физички поголеми од жените тие имаат подлабок глас. Но, истражувањата покажале дека не е сè толку едноставно. Некои слушатели имаат способност преку гласот на соговорникот да ги откријат неговиот социо-економски статус, карактер и емоционалната состојба.rnrnШто се однесува до привлечноста – повисокиот тон на глас кај жените и подлабокиот тон на глас кај мажите се сметаат за попривлечни. Се покажало и дека жените поточно го поврзуваат гласот со ликот на личноста, тие создаваат поточна ментална слика за мажите бидејќи се многу повнимателни во однос на деталите при изборот на добар партнер… Доколку ве интересира нешто повеќе за звукот на привлекувањето, погледнете го ова видео.rn

    Миризбата на привлекувањето

    rnНие се навикнуваме секојдневно на работите кои ни се познати и со кои се чувствуваме удобно. Миризбата има голема улога во тоа. Сите ние имаме научено одредени миризби кои се карактеристични за одредени луѓе преку кои дури и можеме да ги препознаеме. Се верува дека нашиот мозок поврзува миризби со различни емоции. Ви се случило ли некогаш да поминете покрај личност која има парфем како вашиот партнер и во тој момент веднаш да се сетите на него/неа? Но, дали миризбата може да има улога во привлекувањето? Науката вели – ДА!rnrnЗаконот на привлекувањетоrnrnИстражувањата покажале дека сите ние имаме „генетски“ мирис по кој се разликуваме од останатите. Но, жените имаат поголема способност при препознавањето на тој специфичен мирис, посебно кога се во фаза на овулација. Секако жените употребуваат многу повеќе парфем отколку мажите, и тоа може да е причината зашто мажите не успеваат да ја препознаат нивната природна миризба толку успешно.rnrnИсто така миризбата многу често зависи и од имуниот систем. Колку е вашиот имун систем поразличен од имуниот систем на одредена личност – толку попривлечно таа личност ќе ви мириса… Доколку сакате да видите нешто повеќе за како миризбата влијае на привлекувањето, погледнете го ова видео.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се крие зад лошите навики на мажите?

    Што се крие зад лошите навики на мажите?

    Познато е дека никој не е совршен, но некои навики кај мажите може да бидат навистина вознемирувачки. Сепак, експертите успеаја да ги откријат и да ги дешифрираат најчестите лоши навики кај посилниот пол.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rn

    Пишува СМС-пораки за време на состанокот

    rnПишувањето пораки за време на состанок често го поврзуваме со покажувањето незаинтересираност, но експертите го тврдат спротивното. Според нив, оваа навика не значи нељубезност и незаинтересираност. Ова значи дека тој се чувствува удобно кога е со вас и дека има целосна слобода при изразувањето. За мажите оваа навика не е голема работа и можат да престанат со праќањето пораки, доколку вие го побарате тоа од нив. Едноставно, кажете му дека неговото однесување прави да се чувствувате како да не сте му важни и замолете го да го користи телефонот само кога е навистина потребно.rn

    Секогаш кога ќе побарате негово мислење, тој е неутрален

    rnЕкспертите велат дека кога мажот не знае што сака жената, тогаш тој попрво ќе молчи отколку да каже нешто погрешно. Затоа, ако побарате негово мислење околу нешто за што тој не знае многу, бидете сигурни дека нема да добиете никаков одговор. Колку повеќе тој знае за вас и вашите интереси, толку помалку ќе се соочувате со оваа ситуација. Ако оваа навика се повторува подолго време, кажете му дека очекувате тој да биде поодлучен наредниот пат кога ќе побарате негово мислење.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rn

    Не зборува многу кога ќе се врати од работа

    rnДокажано е дека мажите се подобри од жените во одвојувањето на работните обврски од приватниот живот. Потребно им е малку повеќе време за да се преориентираат од работа на некој друг аспект од животот. Исто така, потребно им е време за да си ја обноват потрошената енергијата. За да ја спречите оваа навика, изберете некоја активност која ќе ја правите заедно, но која нема да бара многу енергија.rn

    Се подготвува во последен момент

    rnМажите не признаваат дека во просек им е потребно исто толку време за подготовка, колку што им е потребно и на жените. Ако постојано го потсетувате на овој факт, постои можност да станете здодевни. Наместо тоа, половина час пред излегување потсетете го колку ви се допаѓа неговиот изглед, стилот на облекување и неговата фризура. На тој начин потсвесно ќе го натерате да сфати дека е потребно да вложи повеќе време и труд за да го привлече вашето внимание.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.