Тестот на д-р Сузан Делингер ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе и за работата со која (ќе) се занимавате. Методот на облици на кој се темели тестот е идеален за препознавање на сопствените квалитети, но и мааните кои нè спречуваат да чувствуваме задоволство во работата и да ги постигнуваме целите.rnrn
rnrnЗа да откриете дали го имате пронајдено вистинското животно занимање или она кое е најидеално ве чека во иднина, потребно е внимателно да ги разгледате облиците и да го изберете оној кој мислите дека најдобро ве претставува како личност. Потоа организирајте ги останатите форми од најпривлечната до најмалку привлечната.rn
1. Круг
rnВам најважни ви се добрите меѓучовечки односи, односно важно ви е оние кои се во вашата околина да бидат среќни. Вие сте лепило кое ги држи сите соработници заедно. Во состојба сте да ја стабилизирате групата и поседувате висок капацитет за емпатија и радост, а болката на другите ја чувствувате како своја. Вашите маани како склоноста да зборувате за другите, неодлучноста, мрзеливоста и самопожртвуваноста често ве „јадат “и не ви дозволуваат да го пронајдете сопствениот мир, како ни да добиете признание за успех.rnrnИдеални професии: глума, маркетинг, историчар, домаќинка, менаџер за човечки ресурси, учител, угостител, писател.rn
2. Квадрат
rnСакате напорно да работите, борбени сте и секогаш сакате да го завршувате она што ќе го започнете. Некои од поголемите ваши квалитети во сите животни ситуации се вашата трпеливост и методичност. Но, со оглед на тоа дека сте во состојба секој детаљ во работата детално да го проверите, што ја успорува вашата одлучност, тешко ќе дотуркате до шефовска позиција. Заради доминантното користење на левата страна на мозокот, која ја карактеризира логичко размислување, никогаш не го слушате својот внатрешен глас туку сте во состојба попрво со часови да анализирате како да дојдете до решение отколку да си ја послушате интуицијата.rnrnИдеални професии: сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, доктор, инженер, секретар, трговец, возач.rn
3. Триаголник
rnВие сте роден менаџер, лесно можете да се фокусирате на одредена цел и промислено и брзо да ги анализирате ситуациите, a новите информации ги впивате како сунѓер. Многу сте самоуверени и сакате во сè да бидете во право, затоа не е чудно што ви е толку тешко да признаете грешка. Вашите предности се контрола, критичност, иновативност, прецизност, визија, амбиција, компетитивност, одлучност, фокусираност, склоност за почитување на хиерархијата. На патот кон остварување на високо поставените цели ви пречат нетрпеливоста и самоориентираноста.rnrnИдеални професии: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, синдикалист.rn
4. Правоаголник
rnИсто каква што е формата на правоаголникот која наставува од еден облик а преминува во друг, така и вие постојано се обидувате да седите на две столици. Никако не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Другите би ве окарактеризирале како збунети и луѓе со недостаток на самодоверба, додека пак од друга страна ве одликуваат љубопитност и храброст. Вие ќе се обидете да направите нешто што никој дотогаш го нема направено и прашувате сè што другите немаат храброст да прашаат.rnrnИдеални професии: претприемач, аниматор, раководител на оддел, јавен изведувач.rn
5. Цик-цак
rnМногу сте креативни, исто како што симболизира знакот. Се потпирате на имагинацијата, имате способност да создадете избалансиран поглед на светот и да ја видите неговата внатрешна убавина. Но, од друга страна многу сте немирни и не можете долго да работите на едно место. Ви станува здодевно, посебно бидејќи верувате дека ништо не е конечно и запишано во правилата. Лесно смислувате идеи, но проблем е што тешко ги реализирате бидејќи едноставно гледате за три чекори нанапред и повеќе ве интересира можноста за остварување отколку самата реалност.rnrnИдеални професии: уметник, дизајнер на ентериер, изумител, музичар, професор, промотор, истражувач, столар.








rn
rnrn rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rn
rnrnПополнете ги со број од 1 до 4 карактеристиките подолу во зависност од тоа колку се однесуваат на вашата личност:rn
Оваа личност сака да раководи. Лавот е добар во донесување одлуки и е силно ориентиран кон постигнување на целите. Тој ужива во предизвици, тешки задачи и можности за напредување. Може да згази преку луѓе за да ги постигне целите. Лавовите можат да бидат многу агресивни и компетитивни. Тие мораат да научат да не шефуваат премногу и да не преземаат контрола кога се работи за туѓа работа.rnrn
Видрите се многу дружељубиви. Тие сакаат луѓе. Уживаат во популарнoоста и сакаат да влијаат и да ги мотивираат другите. Може да бидат повредени ако луѓето не ги сакаат. Обично имаат многу пријатели, но немаат длабоки врски. Тие сакаат да си бидат мрзеливи и да сработат помалку отколку што им е работа. Озлогласени се заради неуредните соби. Сакаат да брзаат и да ги завршуваат работите, но не премногу добро. Видрата е како тигарот од Вини Пу.rnrn
Добар во склопувањето пријателства. Многу лојален. Личноста на ретриверот не сака големи промени. Тие трагаат по сигурност. Можат да бидат многу сензитивни. Имаат длабоки врски, но обично само неколку навистина блиски пријатели. Сакаат да бидат сакани од сите. Бараат признанија. Најдобро работаат во ограничени ситуации со прецизен шаблон на работа.rnrn
Организиран, дабарот мисли дека постои вистинскиот начин за да се направи сѐ и тој сака да ги прави работите токму на тој начин. Личноста на дабарот е многу креативна. Тие сакаат да решат сѐ. Сакаат да си дадат време и да го направат она што го прават како што треба. Дабарите не сакаат ненадејни промени. Нив им треба сигурност и спокој.rnrn
rn
rn
rnrnЗбирот од поените на секое прашање од одредена група ја дава бојата. Прочитајте што таа боја отркива за вас.rn


rnrnМонро-Ајнштајн е хибридна, двојна слика, која е дело на д-р Ауд Олив од американскиот универзитет МИТ. На фотографијата би требало јасно да го видите Алберт Ајнштајн, но бидејќи се работи за оптичка илузија, кратковидните лица ќе ја видат и Мерлин Монро.rnrnАко го гледате Ајнштајн од нормална оддалеченост – имате нормален вид.rnrnАко при нормална оддалеченост ја гледате холивудската дива – вие сте кратковиди и веројатно ви требало да го коригирате видот со очила или со контактни леќи.rnrnАко пак сте кратковиди и веќе носите очила, можете да се забавувате со овој тест – тргнете ги очилата и ќе ја видите Мерлин, вратете ги назад, ќе го видите научникот.rnrn
rn rnrn