КАФЕ ПАУЗА

Category: Тестови, загатки и игри

  • Загатка: Пронајдете ги четирите разлики

    Загатка: Пронајдете ги четирите разлики

    Добра, релаксирачка и забавна игра е одличен начин да се почне уживањето во овој топол јулски викенд. Досега можевте да ги играте загатките со пет и со шест разлики, а овој пат ќе ја играте оваа со четири разлики на секое ниво.rnЗагатка: Пронајдете ги четирите разликиКако и на претходните две загатки, играте само со глувчето и треба да кликате на разликите кои ќе ги забележите. На одреден дел од сликите ќе следите уште колку грешки ви се преостанати за наоѓање. Кликајте и уживајте.rn

    rn——————————————————————————————————————————————————————— rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

    Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

    Незадоволството кое го чувствуваме најчесто не потекнува од нашите животни околности, туку од начинот на кој ние реагираме на нив. Затоа одберете ги одговорите кои најдобро ве опишуваат, потоа соберете ги и дознајте што вие правите за да бидете (не)среќни.rnrnТест: Дали сте задоволни од вашиот живот?rn

    1. Во главно, вие сметате дека вашиот живот е:

    rnа) мешавина од добро и лошоrnrnб) возбудлива авантураrnrnв) непрекината борбаrn

    2. Колку сте задоволни од вашите пријателства?

    rnа) Многу. Благодарен/а сум што познавам такви луѓе.rnrnб) Делумно. Добро се забавувам со нив, но честопати копнеам да имаме поблизок однос.rnrnв) Прилично сум разочаран/а. Ми изгледа како пријателите воопшто да не ме разбираат.rn

    3. Кога последен пат сте го јаделе вашиот омилен оброк?

    rnа) Толку е одамна, што не се сеќавам кога беше.rnrnб) Пред месец дена.rnrnв) Неодамна.rnrnТест: Дали сте задоволни од вашиот живот?rn

    4. Доколку некој колега ве фотографира додека седите на вашето работно место, вие најверојатно би изгледале:

    rnа) како да сте под благ стресrnrnб) потполно исцрпеноrnrnв) зафатени со работата, но полни со елан и животrn

    5. Како би се чувствувале доколку некој побара од вас да ги запишете на лист сите ваши достигнувања во животот?

    rnа) Изненадено. Би ми ласкало доколку некој пројави интерес за тоа.rnrnб) Задоволно. Горд/а сум на своите достигнувања.rnrnв) Несигурно. Немам толку многу успеси кои би ги запишал/а.rn

    6. Вашата мантра отприлика би гласела вака:

    rnа) „Уморен/а сум и потребен ми е сон“.rnrnб) „Потребен ми е само уште еден ден во седмицата за да постигнам сè што сакам.“rnrnв) „Спремен/а сум на сè!“rn

    7. Како се чувствувате кога се запознавате со нова група луѓе?

    rnа) Опуштено. Сакам да стекнувам нови познанства.rnrnб) Нервозно. Се грижам дали ќе им оставам добар впечаток.rnrnв) Срамежливо. Потребни ми се неколку минути за да се снајдам во таква ситуација.rnrnТест: Дали сте задоволни од вашиот живот?rn

    8. Кога се соочувате со некаква препрека, вие:

    rnа) сигурни сте дека нема да успеете да ја постигнете вашата целrnrnб) не сте сигурни дали ќе успеете да ја постигнете вашата целrnrnв) сигурни сте дека ќе успеете да ја постигнете вашата целrn

    9. Колку сте задоволни со вашиот изглед?

    rnа) Ми се допаѓа како изглеам.rnrnб) Сметам дека изгледам ОК.rnrnв) Не ми се допаѓа како изгледам.rn

    10. Како сметате дека другите луѓе ве доживуваат во нивните очи, додека вие ги правите вашите омилени активности?

    rnа) Мислам дека изгледам задоволно, ама не успевам да го покажам тоа секогаш.rnrnб) На почеток сум полн/а со ентузијазам, а потоа сум фокусиран/а.rnrnв) Немам време за да ги извршувам моите омилени активности.rn

    11. Каква е вашата моментална животна ситуација?

    rnа) Имам постигнато некои мои цели, но сè уште имам уште многу да работам.rnrnб) Не сум ни блиску до она што планирав да го остварам до мојата моментална возраст.rnrnв) Имам многу постигнато во животот и задоволен/а сум со себеси.rn

    12. За вас, смеењето е:

    rnа) нешто во кое секогаш уживатеrnrnб) нешто кое би сакале поредовно да го правитеrnrnв) нешто кое вам навистина ви недостасуваrnrnТест: Дали сте задоволни од вашиот живот?rn

    13. Кога треба нешто важно да одлучите, вие:

    rnа) се измачувате обидувајќи се да донесете вистинска одлукаrnrnб) ги „мерите“ предностите и слабостите на опциите кои ви стојат на располагање, па потоа носите одлукаrnrnв) го слушате она што ви го вели вашиот инстинкт и повеќе не се враќате назад на истата работаrn

    14. Кога се чувствувате лошо, првата мисла која ви паѓа на памет е:

    rnа) „Животот не е едноставен, али и ова ќе пројде како и сè друго.“rnrnб) „Зошто баш мене ова мораше да ми се случи?“rnrnв) „Сè ќе се заврши добро.“rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Соберете ги вашите бодови:” active=”false”]rnrn1. a-2 б-3 в-1                  8. a-1 б-2 в-3rn2. a-3 б-2 в-1                  9. a-3 б-2 в-1rn3. a-1 б-2 в-3                  10. a-2 б-3 в-1rn4. a-2 б-1 в-3                  11. a-2 б-1 в-3rn5. a-2 б-3 в-1                  12. a-3 б-2 в-1rn6. a-1 б-2 в-3                  13. a-1 б-2 в-3rn7. a-3 б-1 в-2                  14. a-2 б-1 в-3[/toggle_item]rn[toggle_item title=”Резултати” active=”false”]rn

    Од 14 до 22 бода: На дното сте, но сè уште не сте прегазени

    rnРадоста вам не ве напуштила засекогаш. Тоа што премногу строго се осудувате себеси и песимистички гледате на животот, ви ги намалува шансите да бидете среќни. Можеби за тоа не се криви работите кои ви се случуваат во животот, туку начинот на кој вие ги доживувате. Дури и доколку сметате дека вашиот живот ви тргна во погрешен правец, сè уште само вие ја имате моќта да ги промените работите. Што ви е потребно за да бидете среќни? Фокусирајте се на позитивните работи кои ви се случуваат (секогаш има и такви) и размислете како можете да ги вклопите вашите потреби, во секојдневниот живот.rn

    Од 23 до 32 бода: Вие сте на вистинскиот пат кон среќата

    rnДолго не сте размислувале за среќата, па затоа и не се чувствувате баш најдобро. Кога би биле среќни, би требало во секој момент да знаете кои работи ве прават среќни и ќе се трудевте да ги правите што е можно почесто. Се препуштивте на рутински начин на живот и не размислувате нешто многу на вашите пријатели или на вашата работа. Треба повеќе да се фокусирате на она што навистина го сакате и да почнете повеќе да се забавувате. Можеби ги оценувате вашите постапки и го планирате вашиот живот, врз база на мислењето на другите луѓе. Ако е тоа така, редно време е да се посветите на себеси.rn

    Од 33 до 42 бода: Вие сте на седмо небо

    rnВие ги реализирате вашите соништа и вистински уживате во животот. Без разлика дали станува збор за уживање во вкусна храна или во смеењето со вашите блиски, вие точно знаете кои работи ве усреќуваат. Покрај тоа, вие имате одлично изградени односи со другите луѓе. Накратко кажано, вие го живеете животот „со полна пареа“. Најдоброто од сè е што вашето добро расположение е „заразно“. Вие се чувствувате толку добро во вашата кожа, што луѓето околу вас ве доживуваат како многу позитивна личност, која ја љубат и почитуваат.[/toggle_item] [/toggle_box]

  • Загатка: Пронајдете ги шесте разлики

    Загатка: Пронајдете ги шесте разлики

    Повторно празници! Уште не сме се измориле од Велигденските празници па навака и оп – дојде 1 мај. Денешниов празник сигурно го поминувате некаде на пикник, со скара и пиво, а ние ви пожелуваме да имате одличен помин со вашето друштво. Кога ќе се вратите истоштени од многу јадење, одморање и забавување и не знаете како да ги потрошите вишокот калории кои сте ги внеле, занимавајте се барајќи ги шесте разлики на двете навидум идентични сцени, се разбира доколку прво добро се истрениравте со претходната загатка која ја објавивме.rnrnЗагатка: Пронајдете ги шесте разликиrnrnПронајдете ги шесте разлики помеѓу двете навидум идентични сцени и кликнете (на левата или десната страна) кога ќе воочите нешто нееднакво. За да преминете на следното ниво, морате прво да ги обележите сите пет разлики. Сцените изгледаат многу реално, а музиката и по малку хорор ефектите, ја покренуваат возбудата во текот на играта. Со среќа! :)rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Загатка: Пронајдете ги петте разлики

    Загатка: Пронајдете ги петте разлики

    Мммм, конечно празници! Тоа значи повеќе време за одмор, забава и еден куп кафе паузи. Но и премногу безделничење не е интересно, па доколку денес се чувствувате многу мрзеливо и не знаете како да се расоните, еве нешто што ќе ви го „размрда“ мозокот.rnrnЗагатка: Пронајдете ги петте разликиrnrnПронајдете ги петте разлики помеѓу двете навидум идентични сцени и кликнете (на левата или десната страна) кога ќе воочите нешто нееднакво. Секој нареден пат кога ќе ја пуштите играва, ќе се променат и разликите на сцените кои претходно сте ги пронашле. За да преминете на следното ниво, морате прво да ги обележите сите пет разлики.rnrnВаквите загатки се одлични за зголемување на вашата концентрација, така што не само што се многу забавни, тие се и одлична подготовка на вашиот ум пред да почнете да учите за испит или да работите нешто што бара повеќе размислување. Грабнете шолја кафе и со среќа барање. :)rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

    Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

    Сексуалниот нагон кај мажите е доминантен над другите желби, па поради тоа поголемиот дел од времето кога се будни, тие го поминуваат мислејќи на секс. Ова го тврди професорот Шеридан Симов, чија книга со наслов „На што мисли секој маж освен на секс“, веднаш станала бестселер во Велика Британија, иако помеѓу кориците немало ниедна буква. Заклучокот од неговата 30-годишна работа е дека повеќето мажи примарно се мотивирани исклучиво од сексуалниот нагон.rnrnЗа да дознаете дали вашиот партнер поголемиот дел од времето мисли на секс, решете го овој тест.rnrnТест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?rn

    1. Планирате излет со шатор за викенд во природа. Што мисли вашиот партнер за тоа?

    rnа) Возбуден е поради авантуристичкиот секс на отворено.rnrnб) Не му се допаѓа викенд во вреќи за спиење и би сакал да останете дома и заедно да уживате во кревет.rnrnв) Се радува што ќе може да се одмори од градската врева за време на викендот.rn

    2. Во кино гледате секси филм:

    rnа) Неговиот поглед е фиксиран на згодните жени на екранот, но рацете му се движат по целото ваше тело.rnrnб) Постојано го врти погледот кон вас.rnrnв) Цело време гледа во часовникот, бидејќи не му се верува дека пропуштил спортски натпревар поради таков филм.rn

    3. Двајцата се враќате порано од работа:

    rnа) Ќе прославите со маратонски секс.rnrnб) После брзиот секс ќе се галите гледајќи телевизија.rnrnв) Ќе започнете заедничко чистење на станот.rn

    4. Дали вашиот партнер некогаш одглумил главоболка или ненадејно кажал дека не е расположен?

    rnа) Не никогаш, секогаш е за акција.rnrnб) Ретко, но се случува.rnrnв) Често, сексот не му е приоритет.rn

    5. Колку често би сакал вашиот партнер да водите љубов?

    rnа) Секој ден.rnrnб) Два до три пати неделно.rnrnв) Кога и двајцата сте расположени за тоа.rnrnТест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?rn

    Резултати:

    rn

    Најмногу одговори под а):

    rnВашиот партнер е жив доказ дека мажите засекогаш остануваат деца. Сексот многу често му е поважен од што било друго.rn

    Најмногу одговори под б):

    rnВашиот партнер го сака сексот, но е способен да размислува и за други нешта и да ужива во нив.rn

    Најмногу одговори под в):

    rnОва е тип на мажи со ниско либидо, што е ретка појава.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Дали сте чувствителни?

    Тест: Дали сте чувствителни?

    Дали сте секогаш свесни за своето однесување и како тоа влијае врз туѓите чувства? Дали лесно губите контрола или сè сфаќате лично, па дури и ситниците? Чувствителноста ја поттикнува креативноста, но може да претставува и кочница за личен напредок и развој.rnrnРешете го тестот и проверете колку сте чувствителни.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    1. Кога некој ќе ве обвини за нешто:

    rnа) Директно и отворено се соочувате со него, се карате и се обидувате по секоја цена да го решите проблемот.rnrnб) Се трудите да разберете во што е проблемот и го решавате на мирен начин без да се возбудувате околу тоа.rnrnв) Ќе се повлечете во себе со надеж дека сето тоа наскоро ќе престане.rn

    2. Шефот ви вели дека сака да направи некои промени во вашиот оддел:

    rnа) Ќе почнете да се браните и правдате дека работите сè што ќе ви се каже.rnrnб) Бележите сè што ви зборува и проценувате како тоа ќе влијае на вашиот статус во иднина.rnrnв) Со нетрпение чекате да заврши состанокот и да побегнете во тоалет за да се исплачете. Верувате дека сигурно некаде сте погрешиле.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    3. Додека гледате филм, партнерот ви вели дека актерката е секси

    rnа) Веднаш го менувате расположението, притоа мислејќи дека мажите треба да си ги задржат таквите коментари за себе.rnrnб) Од срце ќе се насмеете на неговиот коментар, бидејќи знаете дека нема ништо лошо во мала симпатија кон некоја филмска ѕвезда. Дали тоа навистина го мислите, е сосема нешто друго.rnrnв) Веднаш претпоставувате дека вашиот партнер, а и другите мажи сигурно ги сакаат сите други жени освен вас.rn

    4. Во трговскиот центар ви нудат бесплатно разубавување. Како ќе реагирате:

    rnа) Налутено ќе ги прашате што и фали на вашата шминка и фризура, а и кои се тие да ви кажуваат дека ви е потребна промена.rnrnб) Прифаќате, велејќи дека би сакале да пробате нешто ново и да научите подобро да се шминкате.rnrnв) Мислите дека веројатно изгледате лошо и неуредно штом ви го нудат тоа, а и сигурно сите мислат дека не водите многу грижа за својот изглед.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    5. Некој пријател почнува да се расправа со вас и ви вели дека сте го повредиле. Вие:

    rnа) Бурно ќе му се спротивставите и ќе почнете да набројувате сè што некогаш кажал или направил, а вас ве повредило.rnrnб) Ќе се потрудите да останете мирни и внимателно да го ислушате, обидувајќи се да разберете што го вознемирило, а потоа ќе му објасните зошто сте постапиле така.rnrnв) Ќе се расплачете додека се обидувате да се одбраните од обвинувањата, или едноставно ќе ја наведнете главата и молчејќи ќе го ислушате.Тест: Дали сте чувствителни?rn

    6. Кога луѓето не се согласуваат со вашиот став или мислење вие:

    rnа) Повторно им објаснувате што сте сакале да кажете, а потоа ќе заклучите дека веројатно се глупави штом не се согласуваат со вас, а очигледно е дека сте во право.rnrnб) Не се вознемирувате, ниту ви е грижа, бидејќи знаете дека секој има право на свое мислење.rnrnв) Нивното несогласување го сфаќате како навреда, а исто така и мразите кога ве осудуваат.rn

    7. Ако некој добронамерно ве задева и се шегува со вас:

    rnа) Ќе се изнервирате и налутите и веднаш ќе почнете да враќате со иста мерка, дури малку и ќе го навредите.rnrnб) Ќе се насмеете, а можеби и ќе се пошегувате на своја сметка, иако нешто може и ве навредило, но нема да го покажете тоа.rnrnв) Ќе станете уште понесигурни во себе и во својот изглед, ќе се засрамите, а можеби и ќе се расплачете, бидејќи сè сфаќате лично и не можете да поднесете кога некој ве задева или се шегува со вас.rn

    Резултати

    rnrn

    Најмногу одговори под а)

    rnНе сте чувствителни или сакате другите да мислат така. Се плашите да не ве повредат, па поради тоа реагирате и непотребно се спротивставувате, кога мислите дека сте загрозени. Иако под цврстиот оклоп, всушност сте чувствителни, луѓето по малку се плашат од вас, бидејќи сте остри и понекогаш сакате да „боцнете“. Дозволете си и добри и лоши искуства бидејќи ќе ви помогнат да станете појаки. Понекогаш треба да признаете дека грешите и да ја прифатите критиката. Од тоа нешто ќе научите, а ќе почнете да ги разбирате и чувствата на другите.rn

    Најмногу одговори под б)

    rnДоволно сте самоуверени и свесни сте дека сите лоши работи не се насочени против вас. Одлично ги решавате проблемите и добро прифаќате критика. Пријатни сте за друштво, умеете да покажете страст, а при тоа да не делувате преосетливо. Проблем се појавува кога другите не се сложуваат со вашето мислење. За да не ве доживуваат како некој кој го наметнува своето мислење, потребно е да ги земете предвид и туѓите чувства и размислувања.rn

    Најмногу одговори под в)

    rnСвесни сте дека сте пречувствителни, но не знаете колку непотребна болка ви предизвикува таа чувствителност. Проблемот не е во другите, туку во вашите реакции. Треба да престанете сè да сфаќате лично, но тоа нема да се случи преку ноќ. Следниот пат кога нешто ќе ве налути, повреди или уплаши, добро размислете зошто се чувствувате така и можеби ќе сфатите дека проблемот е во вас. Не мора секогаш да бидете совршени, ниту да внимавате дали ќе изневерите нечии очекувања. Првиот чекор во надминување на чувствителноста, е да се разбере што ја предизвикува.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

    Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

    Кога првпат излегуваме со некого на состанок, најчесто не знаеме што ќе произлезе од тоа, долга врска или забава за една ноќ. Но, доколку сакате да дознаете дали исто размислувате со вашиот актуелен партнер, има 3 едноставни прашања кои доколку ги одговорите исто, постои голема веројатност дека ќе опстанете како пар.rnrnТест: Дали си одговарате со вашиот партнер?rnrn1. Сакаш хорор филмови?rn2. Имаш патувано некогаш сам/а надвор од земјата?rn3. Нели би било забавно да баталиш сè и да одиш да живееш на брод?rnrnПрашањата на прв поглед делуваат прости и нереални, но анализата направена од страна на блогот OkCupid опфатила 34.260 успешни љубовни двојки од кои 32% се согласиле на сите прашања.rnrnРазмислете малку наназад, можеби ќе си ги најдете причините за неуспехот на минатите врски, како и повод да ги расчистите овие прашања уште на следниот прв состанок. Секако, никогаш не е доцна да му направите минитест и на вашиот сегашен партнер. Пишете ни го резултатот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Каков е вашиот стил на облекување

    Тест: Каков е вашиот стил на облекување

    Во модата не постојат правила. Важно е тоа што го носите да биде удобно, да ви се допаѓа, да одговара на обликот на вашето тело и карактер. Секој од нас би требало да има и негува свој единствен и препознатлив стил на облекување.rnrnТест: Каков е вашиот стил на облекувањеrnrnТестот кој следува ќе ви помогне да го одредите вашиот стил, се разбира, доколку одговорите објективно. Отворете нов текстуален документ на вашиот компјутер или земете лист и пенкало и запишувајте настрана.rnrn

    1. Најдобро се чувствувате облечени во:

    rnа) долг провиден фустанrnrnб) кошула и плетени џемпериrnrnв) облека која е во трендrnrnг) фармерки и обична маицаrnrnд) тренеркаrnrn

    2. За викенд најмногу би сакале:

    rnа) да одите со партнерот на романтичен викендrnrnб) да играте тенис во клуботrnrnв) да пиете кафе во некоја кафетеријаrnrnг) да направите вечера за пријателитеrnrnд) да отпатувате некаде со целото семејствоrnrnТест: Каков е вашиот стил на облекувањеrn

    3. Кој моден додаток најчесто го носите:

    rnа) шнола за косаrnrnб) бисерен ѓерданrnrnв) модерна чантаrnrnг) големи очила за сонцеrnrnд) класична чантаrnrnТест: Каков е вашиот стил на облекувањеrn

    4. Која боја е најзастапена во вашата гардероба:

    rnа) белаrnrnб) сина и интензивни боиrnrnв) црнаrnrnг) неутрални и неупадливи боиrnrnд) повеќе бои, но повеќето се неутралниrnrn

    5. Кои чевли би ги носеле секој ден:

    rnа) балетанкиrnrnб) мокасиниrnrnв) со високи потпетициrnrnг) со рамни потпетициrnrnд) патикиrnrnТест: Каков е вашиот стил на облекувањеrn

    Резултати:

    rn

    Најмногу одговори под а):

    rnВие сте боемски тип кој сака да се облекува во удобна и поромантична облека, како што се топ, здолниште или фустан. Сакате да сте убави, но и да ви биде удобно. Голем дел од облеката што ја носите преку ден ја облекувате и за вечерно излегување. Белата облека ви е омилена, како и облеката во есенски  бои, а тиркизните додатоци ги користите за освежување на комбинациите.rn

    Најмногу одговори под б):

    rnНегувате младешки стил на облекување, поради што луѓето мислат дека сте помлади одошто сте. Сакате да носите поло маици, кои ги комбинирате со елегантни пантолони или хеланки. Ваши омилени бои се морнарско сина, нежно зелена и розова. Понекогаш во зависност од расположението одбирате облека со впечатливи мотиви.rn

    Најмногу одговори под в):

    rnСледбеник сте на модата, сакате да се облекувате убаво и да шетате со пријателките за да бидете видени. Обожавате чевли со високи потпетици и облека од познат бренд. Знаете како да ја комбинирате облеката и секогаш да изгледате совршено дотерани. Најзастапена боја во вашиот плакар е црната, бидејќи најлесно се комбинира.rn

    Најмногу одговори под г):

    rnОблекувањето не ви е важен фактор во животот, но сепак сте секогаш дотерани. Се облекувате во проверени комбинации, како фармерки, кошули и сако, а за вечерно излегување го имате омилениот црн фустан. Поголемиот дел од облеката ви е во неутрални бои.rn

    Најмногу одговори под д):

    rnВие сте практична личност на која стилот на облекување и е подреден на обврските. Немате многу време да размислувате за стилот, па затоа и за вечерното излегување нема да вложите многу труд. Едноставни пантолони и темна маица ќе биде вашиот избор за таа пригода. Вашата облека е во темни бои.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што кажува за вас пијалакот кој го пиете?

    Што кажува за вас пијалакот кој го пиете?

    Сте помислиле ли некогаш дека пијалакот што го пиете можеби го покажува вашиот карактер? Погледнете како пијалакот го открива вашиот карактер и карактерот на луѓето околу вас.rn

    Црвено вино

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте личност која сака да се дружи, но преферирате да одите на забави каде ќе можете да зборувате со партнерот до вас. Избегнувате барови со премногу луѓе и хаотични домашни забави. Имате стил или барем сакате така другите да мислат за вас. Во виното уживате дури и ако го пиете од пластична чаша. Не сте претенциозни, но сонувате за денот кога ќе ги гледате луѓето од високо. Остроумност, организираност, професионалност и одличен стилски изглед се особини кои ве красат.rn

    Пиво

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКреативни сте и сакате да експериментирате. Имате многу идеи и не се разочарувате ако не се земат веднаш предвид. Уживате во џезот, уметноста и во медиумите. Најчесто сакате да одите во пабови. Се дружите со различни луѓе и малку сте ексцентрични во однесувањето.rn

    Ликер

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnОбожавате домашни забави и најчесто сте веќе напиени пред да стигнете на забавата. Махери сте за опивање. Луѓето ве знаат, но никогаш не се сигурни за вашето име. Исто и вие. Не сте секогаш сигурни за имињата на луѓето кои се во вашето друштво. Добредојдени сте и пожелни на секоја забава. Вие сте од оние кои знаат добро да се забавуваат.rn

    Бело вино/Вотка

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте сестрана личност и пиете во зависност од вашето расположение. Имате претприемачки дух и сакате одговорни функции. Модата ви е важна и секогаш сакате да изгледате беспрекорно. Независни сте и сакате да оценувате. Џорџо Армани е еден од многуте кој ужива во овие пијалаци.rn

    Блади Мери

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnЕгзотични сте, а вотката ја обожавате. Имате хипи дух. Секогаш барате начин да го споите здравото со забавното.rn

    Космополитен

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте најголем фан на серијата „Сексот и градот“. Овој сладок коктел ве прави да се чувствувате најсофистицирано.rn

    Текила

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКога пиете текила исто како да имате голем знак кој вели: „САКАМ ЗАБАВА!“ Вие сте диви, забавни, секси и сите очи се вперени во вас. Сакате долги, луди и незаборавни ноќи. Екстравертни сте и ослободени од секакви предрасуди.rn

    Маргарита

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКога го пиете овој пијалак, единствено нешто за што размислувате се големи палми и песочни плажи. Сакате забави на плажа и сите коктели кои одат со неа.rn

    Виски

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте борец, но не во онаа лоша смисла на зборот. Едноставно, за секое прашање имате одговор. Темпераментни сте и избувливи. Луѓето не ве прашуваат што пиете, бидејќи и така ги гледаат проблемите на вашето лице.rn

    Џин

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnНе го сакате алкохолот, па затоа џинот ви е безбедна опција. Жедни сте за удобност и безбедност. Ја прифаќате реалноста, се фокусирате кон домот, семејството и пријателите. Сакате среќен крај на филмовите, сапунски серии. Модата вешто ве одминува.rn

    Рум

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnСе претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.rn

    Шампањ

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnРомантични сте и не се грижите за тоа што мислат другите околу вас. Сакате да флертувате и сигурни сте дека со чаша шампањ, тоа одлично ви оди.rn

    Мартини

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие имате одличен вкус и доволно пари за да нарачате минимум уште две мартини. Можеби Џејмс Бонд ви е идол.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

    Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

    Луѓето се различни. Некои повеќе се интересираат за наука и учење нови работи со кои ќе ја развиваат својата логика и ќе ги прошируваат своите умствени капацитети, додека други преферираат филозофски начин на живот, потпирајќи се на своите инстинкти, емоции и интуиција. Двете половини од мозокот имаат различни функции, па во зависност од тоа кој дел повеќе го користите, таков ќе биде вашиот карактер.rn
    rn

    Дали девојката се врти во насока на стрелките на часовникот или обратно?

    rnrnТест: која половина од мозокот повеќе ја користите?rnrn

      rn011

    • Доколку сметате дека танчарката се врти во насока на стрелките на часовникот, тогаш вие повеќе ја користите десната страна од мозокот, и обратно.
    • rn

    rn

      rn011

    • Повеќето луѓе движењето на девојката го гледаат во насока обратно од движењето на стрелките на часовникот, што значи дека повеќе ја користат левата страна од мозокот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Доколку се концентрирате и се задлабочите во анимацијата, можете да го промените правецот на движење. Ако успеете да го смените правецот, значи дека умеете да промените и дел од себеси. Обидете се!
    • rn

    rn

    Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

    rnrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Функции на левата страна од мозокот Функции на десната страна од мозокот
    Употреба на логика Базирање на чувства
    Забележување детали Широк спектар на гледишта
    Потпирање на факти Водење според имагинацијата
    Меморирање голем фонд на зборови Меморирање симболи и слики
    Живеење во сегашноста и минатото Живеење во сегашноста и иднината
    Математика и наука Филозофија и религија
    Интелигенција Логично разбирање
    Вештина Верување
    Свест Почит
    Меморирање според редослед и перцепција Ориентација во простор
    Паметење имиња на објекти Разбирање на функциите на уредите
    Базирање на реалност Базирање на фантазија
    Стратешко размислување Простор за нови можности
    Практичност Импулсивност
    Безбедност Преземање ризици

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.