КАФЕ ПАУЗА

Category: Занимливости

  • Креативни реклами за автомобили

    Креативни реклами за автомобили

    Производителите на автомобили годишно даваат милиони евра за промоција. Ова не е воопшто чудно, бидејќи добриот маркетинг оди во комбинација со успешниот бизнис, па затоа не треба да се штедат средства при искачувањето кон врвот.rnrnРекламите за автомобили, во последно време станаа филтри за искажување на креативноста на нивните производители, а воедно отворија и ново поле за натпреварување помеѓу нив.Креативни реклами за автомобили - Volkswagen Jetta Модерните реклами се навистина наелектризирани со фантазија и претставуваат уживање, некогаш поголемо и од самиот автомобил. Уживајте…

  • Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

    Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

    Ако досега ви се случило да ви биде напорно читањето, па во потрага по олеснување сте наишле на конвертор кој текстот го претвора во аудио, денес е веќе возможно и спротивното. Бејблфиск е уред во вид на очила кој ги претвора изговорените зборови во текст и тоа директно пред очите на оној кој ги носи.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиrn

    Видете го она што го зборувате.

    rnОчила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиТоа е всушност софтвер за препознавање на говор кој се базира на алгоритми за помагање на слушањето кои овозможуваат препознавање на говор дури и во бучни средини. Штом зборовите се чуени, тие веднаш се преобразуваат во текст. Оваа функција ја овозможуваат вградените конторлори, додека двата микрофони детектираат од каде доаѓа звукот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиОвој иновативен уред може да најде различна примена. Мрзеливите ученици можат да го применат за да се покажат при презентирање на училишните проекти, додека студентите би можеле полесно да си поминат при полагање испити. Бејблфиск може практично да се примени и во работни услови, како на пример за време на состаноци или предавања. Сепак, најкорисен е за луѓето кои имаат оштетување на слухот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиСлушнатото со Бејблфиск веднаш се зачувува на флеш меморија во аудио и во текст формат, заради што е достапно и за понатамошна употреба. Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиАко вам ви паднат пар Бејблфиск очила во рака, сами одлучете дали ќе ги употребите или злоупотребите. Не ја обвинувајте иновативноста и креативноста за сè што може да произлезе од неа.

  • Седум необични професии од кои можете да живеете #1

    Седум необични професии од кои можете да живеете #1

    1. Испитувач на квалитет на дезодоранси

    rnОва навистина ќе звучи чудно, но некои хемичари мораат да се уверат дека сите произведени дезодоранси и анти-перспиранти го даваат посакуваниот ефект, односно спречување на потењето на мишките на корисниците.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    2. Обработувач на животинско влакно

    rnОвој среќник вари различни видови крзно од животни, со цел тоа да се накадри за понатамошна употреба. Сите знаеме дека мирисот предизвикан од изгорено влакно е ужасен. Епа сега вие замислете си како ли му е на оној, кој треба цел ден да ја мириса аромата на супа од животинско влакно.Седум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    3. Бојар  на цитрони

    rnСигурно некогаш сте застанале покрај свежите лимони, цитрони или портокали во супермаркет и заслепени од нивната совршена боја, сте си помислиле дека би било жалосно да не купите барем  1кг. Неодоливата желба за консумирање на таквото овошје, најверојатно е резултат на постоењето на посебен вид трговски фармери, кои го бојат овошјето со динамични бои, за да ја сокријат зрелоста.Седум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    4. Необично новинарство

    rn

    Има  таков вид новинари кои всушност се платени за да пишуваат статии за други необични професии коишто  постојат. Којзнае, еден ден можеби ќе успеат да си најдат вистинска новинарска работа.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1

    rnrn

    5. Пронаоѓач на бори на чевли

    rnНа никој не му се допаѓа оној набор кој се прави на кожните чевли, после само еден месец носење. Затоа постои таков работник кој се осигурува дека ниеден кожен чевел нема да ја напушти фабриката со бора. Проблемот е само како да најдеме некој кој ќе измисли нешто за чевлите да останат мазни и после кратко време носење.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    6. Амбасадор на виски

    rnОва е дефинитивно работа од соништата на сите полнолетни луѓе. Вие треба да бидете одговорни да го изберете најпрефинетото првокласно виски и да ги научите вашите клиенти, како на соодветен начин да го вкусат. Меѓу другото, ќе уживате восхитувајќи се на различните состојки, кои се идеално измешани во овој извонреден ликер.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1rn

    7. Испитувач на облик на зарови

    rnСо само едно погрешено фрлање на заровите, човек може да изгуби огромна сума пари. За да не постојат нерегуларности во квалитетот на заровите, постои личност која се грижи за пропорционалноста, специфичните агли или за евентуалните мани. Претпоставуваме дека несовршеноста на коцките не може да биде причина за да останете шворц во казино.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #1

  • Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

    Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

    Боите на чудесен начин комуницираат со нашите чувства. Тие инспирираат, стимулираат, ублажуваат и внесуваат живот во вашиот дом. Експертите велат дека луѓето не ги гледаат боите, туку ги „чувствуваат“. Со изборот на соодветна боја за вашата соба можете да ги балансирате чувствата, да ги намалите вашите стравови и да го „загреете“ вашиот љубовен живот.rnrnДоколку ви се допаѓаат топли бои…rnrnСончевите нијанси на црвена, жолта и портокалова боја се топли, нежни и весели. Создаваат позитивни чувства и креираат фамилијарна атмосфера. Топлите бои прават малите соби да изгледаат уште помали, а големите соби поудобни и попријатни.rn

    Црвената боја го стимулира телото и умот, што значи дека не е препорачлива за соба во која се одморате. Во комбинација со неутрални бои, таа е одличен избор за вашата трпезарија, бидејќи го зголемува апетитот, енергијата и возбудата. Моќта на црвената боја ќе направи вашите гости да уживаат во храната и пријатна атмосфера, а доброто расположение во друштвото ќе можете да го пренесете во дневната соба, каде што ќе го проследите фудбалскиот натпревар или некој добар филм.Боите во домот го менуваат вашето расположение #2Доколку сакате да оставите впечаток на љубезна и дружељубива личност и сакате вашите роднини и пријатели да се чувствуваат добредојдени во вашиот дом, со портокалова дневна соба – го постигнувате ефектот. Портокаловата е боја на конкуренција, енергија, активност и баланс, така што нежна нијанса од истата е идеална избор и за вашата канцеларија.rnБоите во домот го менуваат вашето расположение #2Жолтата боја пак му дава ведрина, живост и чистота на просторот. Поради свежината која ја носи во себе, жолтата боја е пријатна за во ходниците, каде што ќе ви го поткрева расположението секогаш кога ќе си дојдете дома. Таа боја е и фин избор за спална соба.rnБоите во домот го менуваат вашето расположение #2

  • Мекдоналс, 10 недели подоцна…

    Мекдоналс, 10 недели подоцна…

    Светски познатиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналс“ ја базира својата успешност врз уникатноста и шмекот кои ги имаат нивните продукти, едноставно терајќи ве да се заљубите во нивниот вкус. Не е тајна дека скоро се што можете да купите во Мекдоналс содржи одредена количина на шеќер, па така иако на око оброкот е мал, сепак може да ве засити.rnМекдоналс, 10 недели подоцнаМорган Спарлок, режисерот и актерот во документарецот „Super Size Me“ кој е снимен за “придобивките“ од редовното конзумирање на производите на Мекдоналс, направил еден интересен експеримент. Тој во големи тегли поклопува неколку од најпопуларните и најпродаваните бургери во Мекдноналс и нормално незаменливиот помфрит. Погледнете што се случува со сите продукти, во рок од 10 недели ретроспективно и потоа размислете каде би јаделе денеска.rnrn

  • Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со некое од овие навистина елегантни парчиња мебел.rn

    Гитара  која ќе ви го „причува“ кафето

    rnМожеби никогаш не сте имале музичка кариера, но отсекогаш сте биле вистински љубители на добра рок музика. Доколку вистински уживате во енергичниот звук кој го произведува електричната гитара, ова е најверојатно совршениот избор на кафе масичка за вас.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    Кафе масичка и аквариум во едно

    rnОтсекогаш сте сонувале да поседувате еден уникатен аквариум, кој ќе говори за вашиот одличен вкус и ќе внесува свежина и раскош во домот. Желбата ви се чини неостварлива, бидејќи никогаш не успеавте да пронајдете аквариум, кој добро ќе се вклопува со останатиот мебел во дневната соба. Потрагата може да заврши! Ова е вистинското парче уметност за вас!rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    iPhone т.е. iCoffeetable

    rnВие сте просто заљубени во вашиот iPhone. Тоа е најдоброто парче технологија, кое ви нуди толку многу можности, а го собира во една дланка. За да биде задоволството уште поголемо, сега имате можност и да го пиете вашето утринско кафе на масичка, која изгледа идентично како вашиот омилен телефон. На неа можете дури и да додавате нови „апликации“.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    Дел од природата во вашиот дом

    rn

    Вистински знаете да уживате во убавините на природата. Уживате во свежината која ја носи утринската роса, мирисот на свежо искосената  трева и лулкањето на лисјата… Посакувате, просто да можевте да живеете во градина. Сега можете да „откинете“ дел од зеленилото кое никогаш не венее и да го сместите во вашата дневна соба. Дома ќе ви биде пролет, во текот на целата година.Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    rnrn

    Мултимедијална масичка

    rn

    Никогаш не се разделувате од вашиот компјутер, така?  Не би ви замериле, затоа што ни е јасно дека ви е потребен за вашата работа, за да контактирате со пријателите или едноставно за да се релаксирате читајќи на Кафе пауза. Она што е ново, е дека сега за да го правите сето ова, не ви е потребен компјутер, туку маса. Да, да, добро прочитавте – маса на која ќе можете да проверувате имејл, да зачувувате фајлови, да користите блутут, да слушате музика, да играте видео игри и да јадете сладолед.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    rnrn

    Невидлива масичка

    rnДенес во продавница видовте одличен чаршав, но за жал тој не одговара со бојата на ногарките на вашата кафе масичка. А што ќе ви е масичка, кога можете да си купите чаршав над кој ќе „лебди“ вашата шолја со кафе? Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со ова навистина елегантно парче мебел.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот

  • Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

    Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

    Луѓето се различни. Некои повеќе се интересираат за наука и учење нови работи со кои ќе ја развиваат својата логика и ќе ги прошируваат своите умствени капацитети, додека други преферираат филозофски начин на живот, потпирајќи се на своите инстинкти, емоции и интуиција. Двете половини од мозокот имаат различни функции, па во зависност од тоа кој дел повеќе го користите, таков ќе биде вашиот карактер.rn
    rn

    Дали девојката се врти во насока на стрелките на часовникот или обратно?

    rnrnТест: која половина од мозокот повеќе ја користите?rnrn

      rn011

    • Доколку сметате дека танчарката се врти во насока на стрелките на часовникот, тогаш вие повеќе ја користите десната страна од мозокот, и обратно.
    • rn

    rn

      rn011

    • Повеќето луѓе движењето на девојката го гледаат во насока обратно од движењето на стрелките на часовникот, што значи дека повеќе ја користат левата страна од мозокот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Доколку се концентрирате и се задлабочите во анимацијата, можете да го промените правецот на движење. Ако успеете да го смените правецот, значи дека умеете да промените и дел од себеси. Обидете се!
    • rn

    rn

    Тест: која половина од мозокот повеќе ја користите?

    rnrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Функции на левата страна од мозокот Функции на десната страна од мозокот
    Употреба на логика Базирање на чувства
    Забележување детали Широк спектар на гледишта
    Потпирање на факти Водење според имагинацијата
    Меморирање голем фонд на зборови Меморирање симболи и слики
    Живеење во сегашноста и минатото Живеење во сегашноста и иднината
    Математика и наука Филозофија и религија
    Интелигенција Логично разбирање
    Вештина Верување
    Свест Почит
    Меморирање според редослед и перцепција Ориентација во простор
    Паметење имиња на објекти Разбирање на функциите на уредите
    Базирање на реалност Базирање на фантазија
    Стратешко размислување Простор за нови можности
    Практичност Импулсивност
    Безбедност Преземање ризици

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ли звучат 36 хитови во 5 и пол минути?

    Како ли звучат 36 хитови во 5 и пол минути?

    Станува збор за австралиски бенд, наречен „Axis of Awesome“ кои изведуваат мало шоу, пеејќи големи хитови кои се вртеле по радио станиците последниве 40 години.Како ли звучат 36 хитови во 5 и пол минути?Интересното е тоа што сите песни кои се искористени се напишани во четири акорди, па така тие всушност цело време го свират истото, само го менуваат текстот.rnrnЌе бидете изненадени кога ќе наидете на песни од Боб Марли, Елтон Џон, Бијонсе, Ред Хот Чили Пеперс, Битлси и многу други славни изведувачи. Верувајте, вреди да се погледне и тоа неколкупати.rn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Изедете ја вашата облека за десерт

    Изедете ја вашата облека за десерт

    Исклучете се за момент од реалноста и замислете си свет во кој чекорите во чевли од авокадо, носите чанта од боровинки (или од броколи ако сакате да водите здрав живот), се дотерувате со алка од тестенини и ѓердан од сирење.rnrnИзедете ја вашата облека за десертrnrnПонекогаш кога сите спијат, а вие сте сè уште будни и без друштво, сакате да се релаксирате слушајќи добра музика. Тогаш ги ставате јаболковите слушалки на уши и уживате во „сочните“ мелодии.rnrnИзедете ја вашата облека за десертrnrnЗа оние моменти пак кога ќе се чувствувате сексапилно, можете да ја облечете вашата провокативна долна облека од зелена салата како предјадење, а да ги оставите чоколадните обетки за десерт. Звучи примамливо нели?!rnrnИзедете ја вашата облека за десертrnrnПрофесионалниот фотограф Фулвио Бонавија е креатор на оваа „вкусна“ фото галерија, која ја употребил во неговата книга насловена „Прашање на вкус“, за да ја долови поврзаноста помеѓу графичкиот дизајн, уметноста и илустрацијата.rnrnИзедете ја вашата облека за десертrnrnНавистина е штета што неговите генијални модни додатоци никогаш нема да се најдат на полиците во бутиците, бидејќи би било тешко да се одржат овошјето и зеленчукот свежи, а млечните производи да не мувлосаат. Како и да е, неговата креативност навистина заслужува признание, а идејата може да се преобликува и да се пренесе во некој елитен ресторан, каде за десерт ќе можете да нарачате шешир од малини.rnrn

  • Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1

    Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1

    Фудбалската игра се сфаќа како најважната споредна работа на светот без која животот би бил сосема поинаков. Оваа реченица е лесно сфатлива и многу реална доколку би бил прашан некој од посилниот пол, но доколку запрашате жена таа би ви се изнасмеала.rnrnrnrnНормално, додека мажот длабоко е навлезен во екранот обидувајќи се да ја разбере филозофската поставеност на новата тактика на тренерот, притоа возбудувајќи се и воздивнувајќи на секое ново волшепство на виртуозите кои се излезени на зелениот тепих, жената гледа само 22 будали кои се обидуваат да го земат малото бело топче притоа несфатливо и дивјачки убивајќи се самите себеси. Но не е се така црно-бело.rnrnИако се малку, има припаднички од понежниот пол кои длабоко се вљубени во магијата на фудбалот, но сепак мнозинството гледаат фудбал само кога мораат, како на пример кога е во тек Светско Првенство, па треба да се вклопат во амбиентот и еуфоријата, или пак им се допаѓа некој фудбалер. Без разлика дали вашата цел е навистина да ја засакате оваа игра или пак сакате да научите нешто повеќе за да го импресионирате вашето момче или друштвото со кое излегувате, тука ќе можете да ја добиете основата за правилата, историјата и актуелностите поврзани со фудбалот.rnrnОсновни правилаrnrn rn

      rn011

    • Секогаш се натпреваруваат два тима кои се составени од по 11 играчи (1 голман и 10 играчи)
    • rn011

    • Топката со која се игра е бела, а во снежни услови портокалова
    • rn011

    • Натпреварот трае 90 минути (две полувремиња по 45 мин., со пауза од 15 мин. помеѓу нив)
    • rn011

    • За регуларноста на натпреварот се грижат 4 судии, од кои 1 е главен (трча по теренот заедно со играчите), 2 се линиски (се движат по страничните бели линии) и 1 е помошен (се грижи за замените на играчите и покажува колку минути се надополнува на регуларното време)
    • rn011

    • Секој тим има право да направи 3 замени во составот во текот на целиот натпревар (освен ако се игра пријателски натпревар, па тоа да е поинаку регулирано)
    • rn011

    • Теренот на кој се игра е поделен на две половини, а пред двата гола е исцртано поле од 16 метри во кое само голманот има право да игра со рака – тоа е шеснаесетникот
    • rn

    rnЗа почеток овие правила би биле сосема доволни, но со редовно читање на оваа рубрика сите коцки од мозаикот ќе дојдат на своето место. Време е да почнете да ги сфаќате мажите малку повеќе, па дури и да ги импресионирате со она што тие не очекуваат да го знаете.