Ова се вистински ремек дела од италијанскиот дизајнер Marco Calcinaro. Ги препознавате, нели?rnrn
rnrn
Category: Занимливости
-

Интересни карикатури
-

Петте нешта кои најчесто ги сонуваме
1. Летање, пливање или весело танцување
rnОпис: Повеќето од вас најверојатно сте искусиле како летате во сон и се чувствувате слободно. Летањето може да се појави како резултат на вашето успешно справување со некоја непријатна ситуација во сонот. Како алтернативна верзија на овој симбол, може да се случи да сонувате како безгрижно пливате во вода или релаксирано танцувате.
Значење: Овој сон, најчесто е одраз на вашата среќа, емотивна исполнетост, самоувереност и моќ. Верувате дека вашите можности за успех во некоја работа се неограничени и дека секаква евентуална препрека можете да ја надминете. Летање в сон исто така може да означува силна желба или стремеж кон некој или нешто. Пливањето може да означува дека ја запознавате длабочината на вашиот ум, а танцот ја искажува вашата сексапилност и задоволство од изгледот на сопственото тело.rn.rn2. Тотално голи или несоодветно облечени во јавност
rnОпис: Сигурно вам или на некој ваш близок му се случило да искуси вакво срамно чувство на сон. Вие сте голи или полуголи и многу очи се вперени токму во вас. Алтернативна верзија на овој сон е да сте несоодветно облечени за пригодата, како на пример да носите пижами на работа. Чувствата кои се јавуваат како разлутат на ваквиот сон, се срам, индиферентност, а во некои случаи гордост и слобода.
Значење: Ако сонувате ваков сон, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате ранливо, несигурно, ви е непријатно во сопствената кожа или сметате дека некому сте му откриле премногу детали за себе. Пореткото значење на овој сон е дека во реалниот живот се чувствувате слободни и неоптоварени. Често, ваквите соништа се појавуваат кај оние кои во будниот живот се вклучени во свадбена прослава.rn. rn3. Паѓање од височина или давење во вода
rn
Опис: Во овој сон, вие паѓате надолу од височина и сте преплашени. Друга варијанта би била да сонувате како тонете во вода, при што постои голема опасност да се удавите.
Значење: Овој сон ја изразува вашата несигурност или сметате дека не добивате поддршка од некоја личност во вашиот живот. Давењето пак најчесто го сонуваат оние кои се презафатени со некоја работа и се подготвени да се откажат од истата.rn. rnrn
4. Бегање од некој или нешто
rnОпис: Во ваквиот сон вие брзо трчате, бегајќи од некоја страшна особа, диво животно или чудовиште, кое се обидува да ве фати, повреди или убие.
Значење: Ако сонувате како бегате од некој или нешто, тоа најверојатно значи дека во реалниот живот се чувствувате загрозени од некоја личност или дека ве мачи некое ваше чувство. Чувствувате страв и опасност, а во некои случаи овој сон може да биде и рефлексија на некој реален настан од животот.rn.rn5. Паѓање заби
rnОпис: Често се случува да сонуваме како ни паѓа заб, или пак гледаме како на некој друг тоа му се случува. Чувството е многу непријатно и застрашувачко. Како алтернативна верзија на овој симбол, би биле соништа во кои гледаме блескави или расипани заби или пак, четкање на заби.
Значење: Ако во сонот вие сте тие на кои им недостасува заб, значи дека нема да успеете да си ги остварите зацртаните цели и да ги задоволите вашите интереси, како резултат на некои лоши вести или болест. Ако на некој друг во сонот му паднале заби, значи дека некои ваши противници сакаат да ви го извалкаат името, но обидот ќе им биде безуспешен.rnrnАко сонувате дека ви се расипал заб, значи дека ќе доживеете неуспех во штотуку започната работа или ќе имате проблеми со здравјето.rnrnАко ги четкате забите значи дека сакате да се заштитите и одбраните од потенцијални опасности. Блескавата насмевка од друга страна, означува среќа и исполнување на вашите желби.rnrn -

Какви се женските девици под површината?
Припадничките на понежниот пол кои се родени во знакот девица се трудољубиви, исклучително вредни и услужливи личности. Тие се секогаш желни да им прават услуги и да им помагаат на членовите на семејството, пријателите, соседите.rnrnИнтересен податок за женските девици е дека тие сакаат мали животинчиња, па немојте да се изненадите доколку тие чуваат две малечки мачиња или кучиња мали по раст.rn

rnДобра линија rnrnОвие мили девојки внимаваат каква храна консумираат, бидејќи девиците обично многу пазат на своето здравје. Тие често се изложуваат на здрави режими на исхрана, нискокалорична органска храна и зеленчуци.rn

rnИнтерес за медицина rnrnМожеби некои од вас би се изненадиле од овој податок, но типично за женските девици е да имаат огромен интерес за медицината. Како резултат на нивната перфекционистичка природа, тие умеат да научат како со примена на медицината може да се спасуваат човечки животи, па затоа не е необично нивната професионална определба да биде токму во некое поле од медицината.rn

rnТалентирани за пишување rnrnДевиците имаат одлично око за фаќање детали. Кај многу девици, токму таа нивна особина им овозможува да станат фантастични писателки. Тоа не значи дека сите родени во овој знак ќе станат мега популарни новелисти, но повеќето од нив се талентирани за да бидат добри новинари, да создаваат јаки проекти или да водат убав личен дневник.rn

rnЉубители на читањето rnrnЗаедно со талентот за добро пишување, девиците обожуваат и да читаат. Затоа, немојте да се изненадите ако ја видите вашата љубена девојка, како зјапа со саати во некоја дебела книга.rn

rnТивки и замислени rnrnЖенските девици постојано размислуваат. Си ги повторуваат во глава разговорите кои ги воделе со другите луѓе и на тој начин одлучуваат што да прават понатаму. Поради таа нивна карактеристика, тие често делуваат „отсутно“ и замислено.rn

rnПостојано во акција rnrnКако резултат на влијанието на Меркур, жените девици се постојано активни, зафатени со некоја работа. Нив не можете да ги начекате како седат и не прават ништо. Напротив, овие девојки постојано трчаат од едно на друго место..rn

rnВредни rnrnНе е невообичаено да видите женска девица како порано пристигнува на работа или останува после работното време за да доработи сé што не успеала. Тие обожуваат да работат и наоѓаат големо задоволство во продуктивно поминатите денови.rn

rn
-

Уметнички фигури од храна
Некои луѓе наоѓаат вистинско задоволство во храната. Други уживаат во мистичноста и симболиката на уметничките дела. Трети пак, умеат да ја претворат храната во вистинско парче уметност. Еве како последните ја претвораат својата имагинација и креативност во ремек дела.rnrn
rnrn rnrn -

Интересни Гинисови рекорди
Најголем број родени деца – Најголем број на деца родени од една мајка, е рекорд поставен во периодот од 1725 до 1765 година, а него го држи жената на еден руски земјоделец, Фјодор Васиљев. Во тој период таа родила дури 69 деца, од кои 16 пати близнаци, 7 пати тројка, 4 пати четворка и 4 единци.
Најдолг врат – Жените од Мианмар (Бурма) од племето Падаунг, според нивната традиција треба да го издолжуваат вратот со метални прстени. Најдолгиот врат измерен во нивното племе достигнал 40 сантиметри.rnrn
Најмал струк – Етл Греинџер од Кембриџ, Велика Британија во 1939 година го поседувала најтесниот струк, кој изнесувал само 33 см во обем.rnНајдолга брада, но на жена – Овој рекорд го држи Џенис Давери од Кентаки, САД која во 1884 година имала брада долга запрепастувачки 36 см.
rnНајголемо јаболко – Најголемото јаболко во светот е најдено во Јапонија и тежело 1,849 килограми. rn
Најголем лимон – Најголемиот лимон во светот е најден во Израел и тежел 5,265 килограми.
rn
Најмногу кивања – Дона Грифитс од Велика Британија почнала да кива на 13 јануари, 1981 година. Во наредните 365 дена кивнала повеќе од 1 милион пати, што во просек би му дошло дека кивала 2.740 пати дневно. Нејзиното кивање непрекинато продолжило и во наредните 614 дена.rnrnНајмногу облечени маици – Џеф ван Дaјк од Белгија облекол 227 маици во исто време.rnrnНајголема пица – Најголемата пица во светот е направена во Краков, Полска. Ја направиле повеќе од 200 готвачи, а била долга неверојатни 1.000 метри. rnrnНајголема Покемон колекција – Лиса Кортни ја поседува најголемата колекција со Покемон предмети. Според Гинисовата книга, таа има 12.113 предмети и не планира да престане да ги собира.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 случајни факти кои ни случајно не ги знаете
1. Симболот што го означува доларот ($), всушност произлегол од вклопување на буквите U и S (United States).rnrn
rnrn2. Мадрид е единствениот главен град во Европа кој не се наоѓа покрај река.rnrn
rnrn3. Во последните 4000 години, нема ново животно кое е припитомено.rnrn
rnrn4. Во секоја епизода на серијата „Саинфилд“ се појавува знакот на супермен.rnrn
rnrn5. Февруари 1865 година е единствениот месец во кој не се појавила полна месечина.rnrn
rnrn6. Првиот хард диск произведен од Епл имал капацитет од 5 мегабајти.rnrn
rnrn7. Најчесто име во светот е Мухамед.rnrn
rnrn8. Во Италија, Мики Маус е наречен Тополино.rnrn
rnrn9. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.rnrn
rnrn10. Прашумата околу Амазон произведува една половина од кислородот на Земјата.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Ултра забавни апликации за Ајфон
Имате 5 годинки? 20? 40? Не е битна вашата возраст. Со овие мега популарни апликации се забавуваат сите генерации.rn.rn
„Talking Harry“
rnХери е еден уморен еж, на кој му е многу досадно, но ако му дадете син енергетски пијалак, тој ќе постане карате мајстор и ќе повторува сѐ што ќе му кажете, само со многу побрзо темпо. Доколку пак се напие црвен енергетски пијалак, Хери станува фраерче облечено како Нио од Матрикс, кое успешно умее да избегнува куршуми и повторува сѐ што ќе кажете со ехо ефект. Хери буквално го имитира вашиот глас.rnrn
rnrnЗа да ви биде уште поинтересно дружењето со Хери, можете да снимите и видео клип во склоп на самата апликација и да го споделите на Јутјуб, по имејл или со вашите пријатели на Фејсбук.rnrnАпликацијата работи на Ајфон (на 2G и 3G работи малку поспоро поради послабиот процесор), на Ајпед, а за Ајпод Тач потребно е да ви се ставени слушалки со микрофон, преку кој тој ќе може да ве чуе што му зборите.rnrnХери ќе ви го прави денот многу поинтересен, а чини само 1.99 долари.rnrnrnrn„Talking Tom Cat“
rnМачорот Том повторува сѐ што ќе му кажете и има многу смешен глас. Ако го погалите тој ќе почне да преде, сака да му давате млекце, го нервира ако го фаќате за опаш и го боли ако го удрите по нога, стомак или по глава. Ако не му обрнувате внимание тој ќе почне да зева и да кива.rnrn
rnrnЗа да ви биде уште посмешно можете и да испеете некоја песна, а Том веднаш ќе ја научи и ќе ја препее со неговото лудо гласче. Од вашето играње со мачорот можете да направите снимка и да ја споделите на Јутјуб, Фејсбук или преку имејл.rnrnrnrnМачорот Том е достапен за Ајфон (побавно работи на 2G и 3G), Ајпед и Ајпод Тач (потребни се слушалки со микрофон).rnrnОваа апликација ќе ве разведри и расположи, а најдоброто од сѐ е што е бесплатна. Можете да ја надградите со 3 дополнителни опции за 0,99 долари.rnrn„Talking Carl“
rnКарл е поштенско сандаче кое повторува сѐ што ќе му кажете со неговиот смешен глас. Тој е најзабавниот лик кој што некогаш живеел во вашиот џеб. Ако го скокоткате, тој ќе се смее на цел глас. Ако го боцнете во око тој ќе почне да вика, ако го штипнете ќе почне да испушта чудни крици, а ако го игнорирате ќе почне да мрмори.rnrn
rnrnСо Карл ќе се смеете со часови, без разлика на вашата возраст. На родителите им се допаѓа бидејќи децата се мирни додека си играат со него. Родители бидете внимателни! Ако еднаш се заиграте со Карл, нема да сакате да им го вратите на вашите деца.rnrnСо Карл можете да си играте на вашиот Ајфон, Ајпед или Ајпод Тач, за кој ви се неопходни слушалки со микрофон.rnrnОваа апликација е ултра популарна, а ќе ве чини само 0,99 долари.rnrnСлични апликации од овој вид:rnrnTalking Baby Hippo; Talking Larry The Birdrnrn.rn.
rn rn
rnrn rnѐ
rnrn
-

Петте највисоки облакодери во светот
Облакодери кои се издигнуваат над нивото на градот…rnrn
1. Бурџ Халифа
rn
- rn011
- Локација: Дубаи, Обединети Арапски Емирати
- Архитект: Адриан Смит
- Година на отворање: 2010
- Височина: 828 метри
- Катови: 169
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
„Бурџ Халифа“ што во превод би значело „Кулата на калифот“ со своите 828 метри височина неприкосновено се наоѓа на врвот на оваа листа. Започна да се гради во 2004 година, а нејзиното официјално отворање се одржа на 4 јануари 2010 година. Објектот има 169 ката (1044 стана) а може да се пофали и со два огромни базени кои се наоѓаат под отворено небо, џамија која се наоѓа на врвот на зградата и хотел кој го носи името на светски познатиот бренд „Армани“. За изградбата на овој објект беа потрошени 1,6 милијарди американски долари, а во неговата изградба учествуваа повеќе од 7.500 работника.rnrn2. Тајпеј 101
rn
- rn011
- Локација: Тајпеј, Тајван
- Архитект: Чанг Јонг Ли
- Година на отворање: 2004
- Височина: 509 метри
- Катови: 101
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
„Тајпеј 101“ своето име го добива според бројот на катови и местото каде што се наоѓа. Конструирана е да издржи земјотрес посилен од 7 степени според Рихтеровата скала а архитектите велат дека би издржала и терористички напад сличен на оној од 2001 година во Њујорк над кулите „Близначки“. Започна да се гради во 1999 година а за нејзината изградба беа потрошени 1,8 милијарди американски долари. Зградата е предвидена како огромен деловен простор кој собира околу 13.000 луѓе и голем трговски центар. Интересно е тоа што во објектот се инсталирани 34 лифтови кои се движат со неверојатна брзина од 60 километри на час, што претставува апсолутен рекорд.rnrn3. Шангајскиот светски финансиски центар
rn
- rn011
- Локација: Шангај, Кина
- Архитект: Минору Мори
- Година на отворање: 2008
- Височина: 492 метри
- Катови: 101
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Шангајскиот светски финансиски центар започна да се гради во 1997 година, но поради финансиската криза која го зафати Азискиот континент кон крајот на минатиот век проектот беше неколку години во застој, при што претрпе и неколку измени на дизајнот на зградата. Првично било замислено на врвот да има голем кружен отвор кој би го намалувал притисокот од ветерот врз зградата а истовремено би асоцирал на кинескиот симбол за месечината. На ова голем број од населението протестирало, бидејќи симболиката била многу слична со сонцето на знамето на Јапонија, па кружниот отвор бил заменет со отвор во трапезоидна форма. Деловниот простор е доминантен дел од оваа зграда во која исто така има шопинг центар и хотел кој се наоѓа на последните 18 ката. За изградбата биле вложени 1,2 милијарди американски долари.rnrn4. Меѓународниот комерцијален центар
rn
- rn011
- Локација: Западен Коулун, Хонг Конг
- Архитект: Коан Педерсен Фох
- Година на отворање: 2010
- Височина: 484 метри
- Катови: 118
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Меѓународниот комерцијален центар започна со изградба во 2002 година. Првичната замисла била зградата да биде 102 ката и да биде висока 574 метри, со што би била втората највисока зграда во светот, но градењето било забрането поради кршење на законот според кој зградите не смеат да бидат повисоки од планините кои ја опкружуваат. На последните 17 ката отворен е луксузен хотел дел од синџирот „Риц-Карлто“ кој воедно е и највисокиот хотел во светот. За изградбата на овој облакодер биле потрошени 1,4 милијарди американски долари.rnrn5. Кулите Петронас
rn
- rn011
- Локација: Куала Лумпур, Малезија
- Архитект: Цезар Пели
- Година на отворање: 1998
- Кула 1rn
- rn011
- Височина: 452 метри
- Катови: 88
rn011
rn
rn
- Кула 2rn
- rn011
- Височина: 452 метри
- Катови: 88
rn011
rn
rn
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Кулите Петронас иако се наоѓаат на 5-тото место на оваа листа, сепак мора да се напомене дека претставуваат највисоките кули близначки во светот. Двете кули започнале да се градат во 1992 година и според замислениот план тие се поврзани со мост, а целите згради се определени да претставуваат само деловен и канцелариски простор. Интересен факт за овие кули е тоа што се составени од 32.000 прозори, а на вработените им е потребен еден месец за да ги избришат сите барем еднаш. За изградбата на овие прекрасни кули близначки биле употребени 1,6 милијарди американски долари.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1
Луѓето кои пијат кафе повеќе уживаат во сексот и почесто го имаат од оние кои не пијат.rnrn
rnrnЛуѓето кои пишуваат со десна рака најчесто ја џвакаат храната на десна страна, а леваците џвакаат на лева.rnrn
rnrnВозможно е да не плачете додека лупите кромид, доколку истовремено џвакате и мастика.rnrn
rnrnСокот од боровинки ја зајакнува меморијата.rnrn
rnrnЗеницата на окото се проширува за 45% кога гледаме во нешто кое ни се допаѓа.rnrn
rnrnДецата на шест годишна возраст се смеат просечно по 300 пати на ден, а возрасните само 13 пати.rnrn
rnrnЛуѓето и делфините се единствени суштества кои имаат секс за задоволство.rnrn
rnrnМорските ѕвезди немаат мозокrnrn
rnrnПовеќе калории се убиваат во текот на спиењето, одошто при гледањето телевизија.rnrn
rnrnПрв производ кој имал бар код се мастиките Вриглис.rnrn
rnrnВенера е единствената планета која ротира во насока на стрелките на часовникот.rnrn
rnrnКонсумирањето јаболко наутро има поголем ефект во освестувањето од кафето.rnrn
rnrnПрашината во вашиот дом во најголем дел се создава од мртвите ткива на кожата.rnrn
rnrnСите досегашни американски претседатели носеле очила за гледање, само некои од нив не сакале да бидат видени со нив во јавност.rnrn
rnrnВолт Дизни се плашел од глувци.rnrn
rnrnПрочитајте го и вториот дел.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да пушите?
Веројатно многумина ги знаат опасностите од пушењето, но свесно не се откажуваат од оваа своја навика, бидејќи повеќе уживаат во цигарата, одошто се загрижени за своето здравје. А можеби почесто и не сакаат да ја знаат реалната вистина за пушењето како предизвикувач на сериозни болести. Ако не се грижите на долгорочен план, погрижете се барем за својата најблиска иднина. Видете какви позитивни промени ќе ви се случат, доколку престанете да пушите. Потоа, престанете и уверете се.rnrn
rnrn- rn011
- За 20 минути вашиот крвен притисок ќе се спушти до нормален.
- За 8 часа нивото на јаглеродниот моноксид (отровен гас) во вашиот крвен систем ќе се намали за половина, а нивото на кислород ќе се врати во нормала.
- За 48 часа шансите да добиете срцев удар ќе се намалат. Целиот никотин ќе го има напуштено вашето тело и чувствата за мирис и вкус ќе се вратат на нормално ниво.
- За 72 часа, вашите дишни патишта ќе се опуштат и ќе ви се зголеми енергијата.
rn011
rn011
rn011
rn
rnrn
rnrn- rn011
- За 2 недели ќе ви се зголеми циркулацијата и ќе продолжи да се подобрува во следните 10 недели.
- За 3-9 месеци, кашлањето, тешкото дишење и воопшто проблемите со дишењето ќе се намалат како резултат на зголемувањето на капацитетот на вашите бели дробови за 10%.
- За 1 година ризикот да доживеете срцев удар двојно ќе се намали.
rn011
rn011
rn
rnrn
rnrn- rn011
- За 5 години ризикот да добиете мозочен удар ќе стане ист како за непушачите.
- За 10 години шансата да заболите од рак на белите дробови станува иста како кај непушачите.
- За 15 години ќе имате подеднаков ризик да доживеете срцев удар како и кој било непушач.
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
































