КАФЕ ПАУЗА

Category: Стрелец

  • Стрелец и лав – љубовна комбинација

    Стрелец и лав – љубовна комбинација

    Врската помеѓу лав и стрелец е многу страсна како резултат на нивните екстремно динамични карактери. Овие два знака се полни со живот, уживаат во секој момент од него и се многу интересни за луѓето кои се во нивна близина. Секој од партнерите го охрабрува другиот секогаш да цели кон високи достигнувања. Тие меѓусебно се обожаваат и почитуваат. Комбинацијата од нивните карактери создава искрена, харизматична и шармантна атмосфера, поради што останатите луѓе уживаат да бидат во друштво на овој пар кој ја шири таа енергија.Стрелец и лав – љубовна комбинацијаДвата знака знаат да бидат прилично нетрпеливи, а лавот може да го иритира флертувачката тенденција на стрелецот, но во ниеден момент нивната врска не е досадна. Стрелецот животот го гледа како еден учебник кој мора да го научи, додека лавот се обидува секогаш да ја задржи својата грациозност и се стреми кон стекнување богатство.rnrnДвата знака се екстремно друштвени луѓе, со тоа што на лавот му е крајно важно да се чувствува дека има контрола врз секој разговор. Во оваа врска лавот е лидер кој ги држи работите под контрола, а стрелецот полека ги анализира плановите за остварување на неговите цели. Стрелецот и лавот најчесто се почитувани од страна на другите луѓе, но многу е битно тие да запомнат дека треба и меѓусебно да се однесуваат со голема почит.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а стрелецот од Јупитер. Сонцето во лавот ја симболизира неговата гордост, его и сопственото „јас“, додека Јупитер во стрелецот, ја означува потребата за постојан развој на неговата личност и учење нови работи. Тие се фокусираат на нивните животи и се обидуваат да ја пронајдат нивната местоположба во светот, а понекогаш и се преоптоваруваат со ваквите размислувања. Кај двата знака циркулира силна, мажествена енергија и тие создаваат еден одличен пар, бидејќи меѓусебно се разбираат, токму поради нивните слични карактери.rnrnСтрелецот и лавот се огнени значи, што значи дека и двајцата се многу страсни и треба да внимаваат нивните глави да не се „вжештат“ премногу. Стрелецот може да го „гуши“ лавот со длабоката поддршка и разбирање, кои тој му ги нуди, а на лавот не му се потребни. Од друга страна, лавот може минимално да се прилагодува на веселото однесување на шармантниот стрелец во социјалните збиднувања. Стрелецот може да се умори од површната самобендисаност и муртењето на лавот, но разликата во нивното размислување нема да трае долго, бидејќи тие не сакаат да си го губат своето време. Стрелецот ќе тргне во потрага кон освојување нова цел, а оптимистичниот лав ќе организира кафе со неговите пријатели кои знае дека го обожаваат и нивната ситна кавга набргу ќе стане минато завршено време. Во секој случај, двајцата партнери се лојални, приврзани и посветени на врската и убавината на унијата која тие ја создаваат. Ова ги победува ситните препреки помеѓу нив.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е волјата на партнерите да функционираат како тим и прекрасната конекција која тие ја манифестираат секогаш кога ги гледаат работите низ иста призма. Тие меѓусебно си ги надополнуваат нивните карактери и обрнуваат особено внимание на нивниот развој, на лично и на професионално ниво. Стрелецот и лавот ја знаат нивната улога во врската. Нивните слични енергии и експлозивната страст, постојано ја зачинуваат оваа врска со нови разновидни искуства.

  • Како да го освоите Стрелецот по кој копнеете?

    Како да го освоите Стрелецот по кој копнеете?

    Мажите родени во хороскопскиот знак Стрелец се весели, палави, забавни и паметни личности. Некои од нив се големи „филозофи“, други се шегаџии, трети се комбинација од претходните две, но во секој случај стрелците поседуваат еден куп интересни карактеристики поради кои не можете, а да не ги сакате. Тие не можат да останат на едно исто место долго време и се секогаш во потрага по некоја нова авантура која ќе им го забрза пулсот на срцето. Во продолжение следуваат карактеристики кои ги одбележуваат машките стрелци.rn

    Вешти и брзи

    rnОвие мажи се агилни и во телото и во умот. Секогаш се подготвени да научат нови работи, да се усовршат во спортовите и снаодливо да се извлекуваат од напнати и „затегнати“ ситуации. Тие се вешти и паметни личности, кои сакаат добро да се запознаени со одредена тема, пред да се вклучат во дискусија за истата.rnrnКако да го освоите стрелецот по кој копнеете?rn

    Филозофи

    rnСтрелците се познати по тоа што за себе мислат дека се непогрешливи и сакаат да го споделуваат нивниот филозофски поглед кон животот на секој што ќе им „влета“ на патот. Ако сакате да освоите некој Стрелец, остварете контакт со очи и за кратко тој ќе почне да ве распрашува од каде сте, кои сте, што правите таму и сл. Откако ќе ги прецизира податоците кои му се потребни за вас, тој ќе побара ваше мислење за одредена тема и кога ќе се обидете да го лансирате вашиот став, тој шармантно но вешто ќе ве пресече додека зборувате и ќе ви го побие вашиот став со сопствениот. Вие дури нема ни да го забележите тоа, бидејќи ќе бидете обземени од неговиот добар изглед, шармантна насмевка и вулканска пасија за стекнување знаење и вештини.rnrnКако да го освоите стрелецот по кој копнеете?rn

    Забавни личности

    rnНекоја привлечна енергија секогаш кружи околу Стрелецот. Тој не само што успева да пронајде забава во сè, туку обожава да ги развеселува и расположува другите луѓе.rnrnНишто не го депримира Стрелецот повеќе од намуртени луѓе. Тој веднаш ќе почне да се однесува будалесто и ќе проба да ве насмее за да ви го подобри расположението, но ако не му успее, тој ќе се повлече. Стрелецот не гледа поента во залудно потрошеното време со вас, ако вие го влечете со вас во меланхолично расположение. Тоа е последното нешто кое тој го сака.rn

    Стрелецот на љубовен план

    rn

    Многу арно не е на арно

    rnАко вашето момче е Стрелец, по извесно време може да почнете да чувствувате дека оние работи кои најмногу ви се допаѓале кај него на почетокот, се истите кои сега „ве вадат од кожа“.rn

      rn011

    • Неговата темпераментност може да почне да ве нервира: „Зошто никогаш не можеш да седиш мирно?“
    • rn011

    • Од неговите филозофски реченици може да посакате да врискате: „Зошто не можам да добијам конкретен одговор?“
    • rn011

    • А неговата авантуристичка страна, може да се претвори во прашања од ваша страна од типот: „Зошто никогаш не знаеш да бидеш сериозен?“
    • rn

    rnКако да го освоите стрелецот по кој копнеете?rn

    Тајминг

    rnПромената во однесувањето на Стрелецот настанува кога врската се задлабочува и односите стануваат посериозни. Ништо нема да направи Стрелецот побрзо да избега од својот партнер, од сериозното приврзување. Последно нешто кое сака да му се случи на љубовен план, е од брз тигар да го претворите во куќен мачор. :)rn

    Неговото срце може да се освои

    rnЗа да го освоите овој човек, потребно е да го примамите со ветување дека никогаш ништо нема да се смени, дека вие двајца секогаш ќе се забавувате, ќе бидете безгрижни и подготвени за секој предизвик кој ќе ви застане на патот. Доколку успеете да направите тој да се почувствува дека врската со вас ќе биде најзабавното и највесело животно патување, Стрелецот ќе има волја да се „врзе“. Патот до освојување на неговото срце не е лесна задача, но ако се потрудите често да ја одржувате насмевката на вашето лице кога сте со него, тој ќе почне да се фаќа на мамката. Верувајте, ова момче е вредно за да се потрудите околу него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и рак – љубовна комбинација

    Стрелец и рак – љубовна комбинација

    Кога рак и стрелец стапуваат во љубовна врска, тие мораат да бидат многу трпеливи и да ѝ дадат време на нивната врска да се развие и да созрее. Со тек на време, двајцата партнери ќе сфатат дека тие имаат многу работи да си понудат еден на друг. На почетокот може да изгледа дека стрелецот е во потрага по нешто кое ќе го возбуди и ќе му го покачи адреналинот, а  ракот е поскромен и е задоволен сé додека врската му ја обезбедува емоционалната сигурност.Стрелец и рак – љубовна комбинацијаНивните карактерни разлики може да доведат до различни потреби и очекувања на партнерите на почетокот од врската. Така, на ракот може да му е потребна поголема приврзаност и блискост, отколку што стрелецот е спремен да даде. Но, доколку цврсто се борат за нивната врска и ја надминат оваа почетна фаза, стрелецот ќе научи како да ја почитува силната емоционална поддршка која неговиот рак му ја дава.rnrnСтрелецот и ракот имаат спротивставени погледи кон животот. Луѓето родени во хороскопскиот знак рак се емотивни, нежни и имаат традиционални сфаќања, додека стрелецот е еден неуморен „скитник“. Преголемата емотивност на ракот, може да биде неиздржлива за авантуристичкиот стрелец. Истовремено, ракот може да ја негира неуморноста и потребата на стрелецот за разни активности надвор од врската.rnrnИ покрај нивните разлики, овие партнери можат да бидат среќни заедно. Ракот може да му понуди на стрелецот безбеден дом, место во кое тој ќе може да продолжи да „сонува“ за реализација на неговите амбиции во иднина. Слободоумниот и оптимистички настроен стрелец, за возврат може да му понуди на својот партнер разновидност и возбуда во секојдневниот живот.rnrnРакот е управуван од Месечината (емотивност), а стрелецот од Јупитер (филозофија). Месечината ја симболизира љубовта, нежноста и семејниот инстинкт. Јупитер пак го фокусира стрелецот кон развој на интелигенцијата, оптимизмот, успехот и нескротливата желба за патувања.rnrnЉубовната врска сочинета од партнери родени во знаците стрелец и рак, е успешна комбинација во која циркулира прекрасен баланс од мажествена и женствена енергија. Кога заеднички работат кон остварување на некаква цел, миксот од нивните различни карактери може да резултира со голем ефект во постигнувањето успеси.rnrnОвие партнери можеби понекогаш нема да ги сфаќаат постапките и потребите на својот љубен/а, но ако успеат да застанат на иста бранова должина, страстите помеѓу нив ќе се разгорат и тие ќе бидат незапирлива сила. Ако научат да ги вреднуваат нивната интимна конекција, пријателскиот однос и ги почитуваат нивните различни гледишта кон работите, недоразбирањата помеѓу нив можат да исчезнат.rnrnВо оваа врска, стрелецот е партнер кој постојано се префрла од една на друга работа, од една на друга авантура, во согласност со неговиот моментален инстинкт, додека ракот пак е иницијаторот на нови планови. Во секој случај, за да успеат да се одржат заедно на долг рок, ракот ќе мора да му ја даде на стрелецот потребната слобода и простор за реализација на неговите индивидуални интереси, кои не се во склоп на врската. Ракот може да му даде на стрелецот одлични предлози и совети за некоја работа, дури и ако тој веќе решил да се откаже од истата и продолжил понатаму. Стрелецот пак го учи својот рак, како да го „отвори“ својот ум и да ја пронајде убавината во флексибилноста.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата стрелец-рак, е сигурноста и безбедноста која тие можат да си ја понудат еден на друг, сé додека ракот му ја даде слободата која му е неопходна на стрелецот. Тие ќе бидат компатибилен пар ако се искрени и отворени еден кон друг и доколку успеат да ги прифатат нивните различни филозофии за животот. Ако нивната комуникација остане јасна и отворена, ракот и стрелецот ќе сочинуваат една стабилна и среќна заедница.

  • Стрелец и близнаци – љубовна комбинација

    Стрелец и близнаци – љубовна комбинација

    Близнаците и стрелецот во љубовна комбинација, можат да бидат навистина спектакуларен пар. Тие се екстремно компатибилни знаци и какви било „нерамнини“ кои би се појавиле во текот на градењето на нивната врска, можат да се „израмнат“ со минимум вложен напор од двете страни.Стрелец и близнаци - љубовна комбинацијаБлизнакот е прилично спремен во секој момент да експериментира и да се впушта во искусување нови работи и да му ја даде на стрелецот потребната слобода во врската која нему му е потребна, бидејќи и самиот тој ја има истата потреба. На стрелецот му е потребна физичка слобода, што значи дека тој сака да е независен од својот партнер во одлуките кога и зошто сака да излезе за да се види со некоја личност, додека на близнакот му е потребна умствена, психичка независност, но во основа нивната потреба е иста. И близнакот и стрелецот обожуваат да доживуваат нови искуства, да запознаваат нови луѓе; сакаат изненадувања, сензации и е повеќе од сигурно дека ќе го поминат заедничкото време во разни авантури.rnrnОвие два знака постојано се префрлаат од една на друга работа, со цел да апсорбираат што е можно повеќе искуства. Покрај тоа што се одлични љубовници, стрелецот и близнаците се и одлични пријатели. Помеѓу нив постои меѓусебно длабоко разбирање и имаат многу сличен поглед кон животот, кој е во главно базиран на освежувачки оптимизам и ентузијазам.rnrnСтрелецот понекогаш знае да биде премногу остар и да кажува работи без претходно да размисли дека тие можат да повредат нечии чувства. Среќна околност е што близнакот е жилава, издржлива личност, која исто како и стрелецот лесно опростува и брзо заборава. Овие два знака немаат време, ниту интерес да бидат нерасположени или непријателски настроени.rnrnБлизнаците се управувани од планетата Меркур (комуникативност), а стрелецот – од Јупитер (среќа). Меркур ги прави близнаците зборлести и високо интелигентни луѓе. Јупитер внесува среќа и филозофија во животот на стрелците и им создава жед за постојано учење и пронаоѓање на вистината.rnrnДруга причина зошто овие двајца се одличен љубовен пар, е што близнакот е креаторот на идеите во врската, а стрелецот веднаш ги прифаќа и се впушта во акција на нивно реализирање. Стрелецот ја зголемува моќта на близнакот, и обратно. Ова е навистина врела, страствена и активна врска, во која секогаш нешто се случува, па затоа не може да им здодее на партнерите еден од  друг. Но, понекогаш таа енергија и активност во нивната врска, може да ескалира во сериозна расправија помеѓу стрелецот и близнакот, во која некој ќе заврши повреден. Тие се спротивни знаци во зодијакот, што значи дека нивниот однос е многу длабок и комплексен. Со други зборови, кога на партнерите им е убаво заедно, ним им е прекрасно, а кога им е лошо, може да биде ужасно.rnrnЧеста причина за нивното несогласување, може да биде за тоа кој е главен во врската, бидејќи и двајцата имаат многу компетитивна природа, која може да избие на површина во сосема погрешен момент. Добрата вест е и покрај тоа што помеѓу нив може често да има несогласувања, разликата во ставовите не трае долго. Близнакот е премногу зафатен да се заморува со кавги бидејќи психички се подготвува за следниот предизвик, а стрелецот може да опрости сè освен непочитување од страна на неговиот партнер.rnrnДвата знака се екстремно флексибилни, способни се и имаат волја да се прилагодат на секаква промена. Тоа е добро, бидејќи кога близнакот ќе се предомисли на сред реченица, стрелецот нема проблем да се „заврти“ за 180 степени, и да заземе чекор со својот партнер кој сака „високо да лета“. Кога пак стрелецот, ќе добие ненадејна желба да патува некаде, близнакот срдечно ќе „рипне“ во автомобилот и ќе го придружи својот партнер.rnrnНајдобриот аспект од оваа врска е нивниот заеднички интерес за стекнување знаење, интелектуално унапредување и негово претворување во акција. Тие се одличен пар, заснован на ентузијазам, енергија и движење. Сличните интереси и карактери, ги прават стрелецот и близнаците високо компатибилен пар.

  • Стрелец и бик – љубовна комбинација

    Стрелец и бик – љубовна комбинација

    Љубовта помеѓу стрелец и бик може да биде неверојатно страсна и „жешка“, но овие партнери ќе мораат да си дадат себеси време за да ја разберат посебната енергија која се создава во нивната врска. Двајцата партнери можат да научат многу од нивната врска. Додека стрелецот „цвета“ во оние периоди од животот кога постојано запознава нови луѓе, посетува нови места, пробува различен тип храна и слично, бикот може да биде прилично задоволен и со рутинско секојдневие, сè додека истото му дава чувство на стабилност и сигурност.Стрелец и бик – љубовна комбинацијаНа почетокот на нивната врска, бикот може да бара повеќе приврзување и дефиниран однос отколку што стрелецот е спремен да даде, но ако бикот научи да биде трпелив, стрелецот дефинитивно ќе почне да го цени комфорот и стабилноста која неговиот партнер му ја пружа.rnrnОвие два знака имаат различни погледи кон животот. Бикот е сталожен, сериозен и практичен, кои карактеристики го неутрализираат неуморното однесување на стрелецот. На стрелецот може да не му се допаѓа честото млитаво, безживотно однесување на бикот и ќе се обидува да му ја забрза крвта во вените, што е негов доста паметен начин да го предизвика бавниот и непроменлив бик да се активира.rnrnБикот во суштина, има многу работи да му понуди на стрелецот во врската, кој можеби ќе има проблем да си ја признае себеси потребата за безбедна и стабилна љубов. Стрелецот за возврат, ќе внесе многу забава и авантуристички дух во секојдневието на бикот.rnrnБикот е управуван од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а стрелецот е предводен од планетата Јупитер која внесува среќа во стрелецот. Влијанието од Венера создава кај бикот љубов кон убавината, луксузот и сладострасни телесни задоволства. Јупитер пак создава оптимистички дух, филозофски начин на размислување и голема желба за патување кај стрелецот, кој е секогаш подготвен за учење нови работи со кои ќе го развие својот ум и интелигенција. Комбинацијата од убавина, развој, мажествена и женствена енергија е причината зошто овие два знака меѓусебно се обожаваат и почитуваат.rnrnНа стрелецот му е потребен простор за да може да живее во својот полн сјај, а бикот од друга страна е во потрага по стабилност. Стрелецот се потпира на своите чувства и инстинкти, кои го водат низ животот, додека бикот е практичар кој е загрижен за ефикасноста на работите. Овие нивни различни погледи кон животот можат да одат или во прилог на нивната врска, или да претставуваат причина за стресни расправии, доколку двата знака не успеат меѓусебно да се разберат и прифатат онакви какви што се. Сè додека и двајцта партнери се обидуваат да го уверат својот љубовник дека нивната врска е специјална и важна (на бикот особено му е потребен тој доказ), работите помеѓу нив ќе бидат „мазни“.rnrnБикот е тврдоглав. Кога тој еднаш ќе донесе некаква одлука или заклучок, потребен е многу голем напор за да го промените неговото мислење. Стрелецот има потреба од  разновидност во животот. Ако тој негов нагон за искусување нови работи, се претвори во желба за експериментирање со нови партнери, ќе мора да биде внимателен. Бикот не толерира неверство и доколку такво нешто се случи, тој ќе биде длабоко повреден и нивната врска најверојатно нема да успее. За да не се случи такво нешто, бикот пак од своја страна ќе мора да му ја даде неопходната слобода на стрелецот, да ужива во различните искуства и запознавањето нови луѓе, се разбира само на едно платонско ниво.rnrnБикот може да му ја покаже на стрелецот убавината во удобната и стабилна љубов, а стрелецот може да го научи бикот дека флексибилноста понекогаш е подобар избор отколку следењето крут, однапред определен правец на однесување. Најдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец – бик, е можноста на партнерите за откривање нови начини на доживување на светот околу нив, како резултат на нивните сосема различни карактери. Тие ќе имаат среќна и стабилна љубовна врска, ако научат да го прифатат својот партнер онаков каков што природата го создала.

  • Стрелец и овен – љубовна комбинација

    Стрелец и овен – љубовна комбинација

    Љубовната врска сочинета од партнери родени во хороскопските знаци стрелец и овен може да постане љубов од соништата, бидејќи овие два знака имаат многу заеднички работи. Како резултат на нивните слични енергии, интереси и ниво на моќ, овие партнери се високо компатибилни. И стрелецот и овенот се пионери и истражувачи, а тие нивни карактери ја прават оваа врска страсна и возбудлива, во која тие се секогаш подготвени заеднички да се впуштат во некоја нова авантура.Стрелец и овен – љубовна комбинацијаДвата знака копнеат за животно искуство кое ќе го осетат на сопствена кожа и не сакаат да си го трошат времето читајќи или слушајќи други луѓе кои ги прераскажуваат нивните животни приказни. Во секој случај, овие партнери мораат да бидат и внимателни, со оглед на тоа дека овенот секогаш избрзува, а стрелецот има тенденција да забележи сè освен очигледното. Воедно, без разлика што овие партнери имаат многу заеднички работи, одржувањето на нивната врска на долг рок може да им претставува проблем, бидејќи обајцата имаат огромна енергија да започнуваат нови работи, но немаат голема волја да ги истераат до крај. Како и да е, тие имаат потенцијал да бидат не само одлични љубовни партнери, туку и најдобри другари, бидејќи го разбираат нивниот заеднички оптимистички поглед кон животот.rnrnПроблеми помеѓу нив се појавуваат ретко – кога стрелецот ќе почувствува потреба за слобода и независност, а овенот ќе го „задуши“ со својата посесивност. Овенот исто така е многу почувствителен од забавниот и кокетен стрелец, на кој пак често му се случува „јазикот да му биде побрз од умот“. Добрата работа во сето ова, е дека и двата знака се способни многу брзо да заборават и простат. Тие немаат време да се заморуваат со непријателски однос и чувства на омраза.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс (страст), а стрелецот од Јупитер (филозофија и среќа). И двете планети симболизираат силна, мажествена енергија, која им овозможува на обата знака да имаат исто гледиште кон животот. Стрелецот сака да презема ризици, а овенот сака да презема иницијативи, а понекогаш тоа го први дури и на агресивен начин. И стрелецот и овенот се огнени знаци, а нивната врска може да се базира на бесконечна „огнена“ љубов, доколку партнерите го сакаат тоа.rnrnКога овенот ќе „настапи“ со нова, возбудлива идеја за состанок, патување или друг вид авантура, стрелецот е секогаш спремен да се согласи и да ја прифати истата. И двата знака се секогаш активни и имаат неограничен извор на енергија, која ретко кога би штетела на нивната врска. Помеѓу нив никогаш не би се случила борба за моќ, во смисла кој е главен во врската. Овенот сака да ги добие целото признание и слава, а стрелецот е задоволен ако може да ги „контролира конците“ од заднина.rnrnИ овенот и стрелецот се подобри во започнување, отколку во завршување на работите, а тоа може да претставува проблем доколку еден од нив почне да чувствува дека врската станува неинтересна и без свежина. Среќа што таква околност е тешко веројатно да се случи во оваа возбудлива љубовна врска. На овенот лесно му досадуваат работите, но стрелецот секогаш живее со брз и динамичен ритам и успева да ја одржи забавата во нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец–овен е нивниот огромен ентузијазам, непресушна енергија и нагон за авантуристички потфати. Сличните карактери и интереси на овие два знака, се одличен потенцијал за едно прекрасно љубовно гнездо.

  • Астролошки профил на родените во знакот стрелец

    Астролошки профил на родените во знакот стрелец

    (22 ноември – 21 декември)rnrnАстролошки профил на родените во знакот стрелецЛуѓето родени во хороскопскиот знак стрелец се отворени и весели луѓе, кои шират позитивна енергија на луѓето околу нив. Тие имаат религиозна и духовна природа и висок морал. Стрелците се големи оптимисти и за нив чашата е секогаш половина полна. Повеќето стрелци имаат срце полно со љубов и добрина. Не е во нивната природа да бидат злонамерни, пакосни или намќори. Тие не се ниту арогантни, ниту нарцисоидни, туку токму спротивното од тоа – позитивни и отворени личности, секогаш спремни да го живеат животот со полна пареа и да искусат нови животни авантури.rn
    rn

    Стрелците однадвор и однатре

    rnСтрелците се големи дипломати, кои не се плашат да ги прекршат правилата на игра, ако таа одлука ги направи сите среќни. Тие се искрени и учтиви луѓе, но ако се однесувате нефер кон нив, ќе го изгубат трпението. Како и на сите други луѓе, така и на позитивните стрелци може да им се случат депресивни расположенија, а таа нивна страна од карактерот ја кријат од светот. Стрелците секогаш оставаат впечаток на отворени и позитивни личности, па дури и кога не се чувствуваат расположено, тие умеат да се замаскираат пред останатиот свет, криејќи ја песимистичката страна од нивниот карактер.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Отворен ум

    rnСтрелецот е најавантуристичкиот знак во зодијакот. Неговиот ум е секогаш активен и жеден за учење нови работи. Тој ќе ја испроба секоја идеја која ќе му падне на ум, за да види каде таа ќе го одведе, а доколку спроведувањето на истата направи да се чувствува ограничено и затворено, веднаш ќе ја отфрли. Стрелецот сака да има слобода во реализацијата на неговата идеологија.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Ентузијасти

    rnСтрелецот обожава да се социјализира и дружењето со разни луѓе му е навистина потребно за да се чувствува урамнотежено. Во одредени ситуации може да се случи да се чувствува осамено и да нема луѓе покрај него со кои ќе ја исполни таа празнина, но во секој случај тоа нема да трае долго. Стрелецот е дружељубива личност, која знае како да се спријатели со вистинските луѓе кои ќе бидат покрај него цел живот. Сите сакаат да бидат во близина на стрелец, бидејќи тој изразува посебен интерес за животите на другите луѓе.rn
    rn

    Жед за учење нови работи

    rnМозокот на стрелците е како сунѓер кој вечно впива информации, знаење и вистина. Овие луѓе секогаш се желни за учење нешто ново и никогаш не се задоволуваат со она што го знаат. Стрелецот чита сè што ќе му падне на рака, а неговиот изострен и бистар ум му помага да го запомни сето она во кое вложува напор и енергија.rn
    rn

    Негативната страна на нивниот карактер

    rnСтрелците се нетрпеливи, тешко ги контролираат своите емоции, честопати избувнуваат и сакаат да доминираат во сите ситуации. Тие имаат „луто и остро јазиче“ и знаат да бидат невнимателни, па дури и безобразни, кога ќе ја изгубат контролата врз ситуацијата.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Одлични пријатели

    rnКон своите пријатели тие се многу услужливи и им помагаат секогаш кога можат. Нивната вродена моќ за перцепција на светот околу нив, во комбинација со нивната инспиративна енергија, ги прави стрелците одлични комуникатори, кои умеат да ги „уловат“ мислите на луѓето околу нив. Повеќето стрелци имаат и вродена смисла за хумор, благодарение на која може да ја насмеат речиси секоја особа која се наоѓа во нивна близина.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Стрелците на работа

    rnНа работното место стрелците се секогаш почитувани од страна на останатите колеги, бидејќи во најстресните ситуации, кога брзото и ефикасно работење е најважно, тие создаваат  атмосфера за работа, како и чувство на стабилност и рамнотежа во работната средина. Со самата нивна појава и однесување, тие умеат тешката комуникација помеѓу други луѓе да ја коригираат и направат поднослива, па дури и пријатна.rnrnСтрелците имаат свои правила од кои не отстапуваат, па токму затоа не сакаат да гледаат како некои луѓе на работното место користат ситуации кои одат во нивна корист, а на штета на друг. Тие ќе ви помогнат секогаш кога ќе ви биде потребна потпора и поддршка и ќе го пронајдат најдоброто можно решение на конкретниот проблем. Тие се трудољубиви и брзи и стојат цврсто на нозе благодарение на тие карактеристики.Астролошки профил на родените во знакот стрелецrn

    Стрелците во љубовта

    rnКога стрелецот ќе ја пронајде љубовта на својот живот, тој ќе направи буквално сè што е во негова моќ за да ја одржи нивната љубов засекогаш цврста.Астролошки профил на родените во знакот стрелецТие се лојални и искрени љубовници кои ќе ја подарат сета своја љубов на оној партнер на кого ќе можат безрезервно да му веруваат. Тие бараат сродна душа со која ќе одат заедно на патувања низ светот, заеднички ќе развиваат нови идеи и ќе се смеат до солзи. Смеата, според стрелците, е решение на сите проблеми. По природа стрелците се многу страсни, меѓутоа тие додека се помлади преферираат да бидат во површни љубовни врски, сè додека не созреат и ја откријат нивната подлабока емотивна страна.rn
    rn

    Идеални професии за стрелците

    rnСтрелецот како високо интелигентна личност, со одлична смисла за хумор и голема волја за едукација и надградување може да изгради добра кариера во повеќе различни области, како на пример: во департманот за продажба на патни аранжмани во туристичка агенција, професори, фотографи, комедијанти, писатели, брокери, свештеници, пилоти, писатели…Астролошки профил на родените во знакот стрелецОмилени бои на стрелците: сина, пурпурна, индиго боја, жолта и портокалова.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Скорпија и стрелец – љубовна комбинација

    Скорпија и стрелец – љубовна комбинација

    Ако скорпија и стрелец решат да бидат заедно во љубовна врска, тие треба да забават малку и да си дадат време подобро да се запознаат на едно подлабоко ниво, бидејќи во спротивно тие ќе ризикуваат да избрзаат со нивните заклучоци и постапки. Оваа врска може да биде завршена уште пред кој било од партнерите да знае дека таа воопшто започнала, ако тие не се доволно внимателни. Од друга страна, ако скорпијата и стрелецот се трпеливи и истрајни, нивниот труд ќе биде богато награден.Скорпија и стрелец - љубовна комбинацијаСтрелецот сака промени, нови, возбудливи и непредвидливи случувања и располага со моќна оптимистичка енергија. Скорпијата пак, едноставно сака да се зближи со својот партнер и да ја зацврсти нивната емоционална поврзаност. На почетокот на нивната врска, стрелецот може да се чувствува малку задушено од занесеното однесување на скорпијата и нејзините големи очекувања за љубовта. Ако скорпијата ги контролира своите емоции, во оваа врска и двајцата ќе се чувствуваат задоволно и возбудливо. И скорпијата и стрелецот секој ден го доживуваат како нова авантура и бескрајна можност за истражување, испробување и учење нови работи. Скорпијата има потреба постојано да одгатнува некои нејзини нерешени мистерии, а стрелецот постојано бара нова авантура и нивното споделување на искуства и идеи може многу да ги зближи како пар.rnrnПомеѓу нив може да се појават и недоразбирања како резултат на нивните темпераментни карактери. На стрелецот може да му досади од тврдоглавоста и нефлексибилноста на скорпијата, а таа пак може да мисли дека нејзиниот партнер е многу импулсивен и непромислен. Љубовните партнери родени во овие хороскопски знаци ќе треба да поминат едно долго возбудливо патување учејќи многу еден за друг, а резултат за нивната врска ќе биде од голема полза.rnrnВо оваа врска партнерите се секогаш спремни за акција. Плутон и Марс управуваат со скорпијата, а со стрелецот владее Јупитер. Марс го симболизира богот на војната, кој и дава решителност и борбеност на скорпијата. Во комбинација со Плутон, овие две планети ја симболизираат способноста на скорпијата за обновување и закрепнување после тешките моменти во нејзиниот живот. Јупитер го насочува фокусот на стрелецот кон филозофија, академско учење, развој на меморијата, оптимизам, среќа и патувања. Комбинацијата на карактерните особини на овие два знака, како што се нивната умствена зрелост и мажествена енергија, создаваат витална врска во која постои заемна почит и восхит.rnrnСтрелецот е спонтан по природа и кога донесува одлуки се насочува во оној правец во кој му е најкомотно да биде. Од друга страна, скорпијата е порезервирана и нејзините мотиви се прикриени и тешки за „читање“. Поради тоа може да се случи овие двајца погрешно да ги интерпретираат зборовите и постапките на партнерот и да настанат недоразбирања, меѓутоа кризите можат да ги надминат. Ако овие партнери се согласат дека нивната врска е значајна, тогаш нивната меѓусебна преданост, приврзаност и нежност, ќе извојуваат победа.rnrnИ двата знака умеат да прават повеќе работи во исто време, т.н. мултитаскинг. Немојте никогаш да се посомневате во способностите на овој пар, бидејќи тие умеат убаво да ги прослават родендените, празниците, специјалните датуми и притоа да ги завршат на време секојдневните семејни и работни обврски. Сепак, за комплетното завршување на работите во оваа врска е задолжена скорпијата, бидејќи стрелецот често лута од една работа на друга, без претходно да го заврши веќе започнатото. За среќа на скорпијата, стрелецот ја забележува сета работа која таа ја сработува и тој дефинитивно ќе најде начин да ја изрази својата почит, секогаш кога тоа ќе биде потребно.rnrnСкорпијата знае да биде тврдоглава, строга и да бара многу одеднаш, па таа ќе мора да му го даде на стрелецот потребниот простор и време за реализација на неговите интереси. Интересно е тоа што скорпијата има моќ да го мотивира стрелецот да ги реализира оние идеи од кои веќе се откажал, а тој за возврат има способност за адаптација и флексибилност, што е позитивна карактеристика кога настануваат нивните несогласувања.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна врска е чувството на безбедност во врската и обостраната прилагодливост на партнерите кон нивните заеднички желби и преференции. Кога еднаш ќе научат како да ги отворат нивните чувства еден кон друг и ќе успеат да ги сфатат нивните различни животни филозофии за љубовта, овие двајца имаат потенцијал за една „жешка“ врска, во која ќе бидат поврзани на длабоко емоционално ниво и меѓу нив ќе постои искрена почит.

  • Вага и стрелец – љубовна комбинација

    Вага и стрелец – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу вага и стрелец претставува рај за двата знака. Тие се на некој посебен начин длабоко поврзани и имаат огромно разбирање еден за друг. Стрелецот има авантуристичка природа, поради која постојано е во потрага по некаков облик на слобода. Вагата пак има вродена дарба за уметност и естетска убавина. Таа е стимулирачко друштво на стрелецот во нивните заеднички патувања и го збогатува неговото искуство. Оваа врска секогаш е свежа бидејќи и двата знака знаат како да ја задржат возбудата. Нивното меѓусебно разбирање си доаѓа по природен пат и прави партнерите да се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа. Заеднички тие ги прошируваат своите хоризонти во љубовта и во животот воопшто.Вага и стрелец – љубовна комбинацијаПокрај тоа што се одлични љубовници, овие два знака добро се согласуваат и како пријатели. Меѓу другото, вагата и стрелецот се високо компатибилни и како резултат на нивниот здрав, оптимистички и младешки поглед кон светот. Двајцата се големи ентузијасти кои трагаат по вистината и убавината во искуствата кои ги собираат.rnrnНесогласувања помеѓу овие два знака се навистина реткост. Тоа е можно, доколку стрелецот каже нешто пред да размисли и со тоа ги повреди чувствата на вагата. Вагата пак од своја страна, може понекогаш да биде премногу затворена и да не му кажува на стрелецот како се чувствува. Благодарение на вродената дипломатија кај вагата, која навистина мрази да се расправа, таа ќе успее да ги „измазни“ недоразбирањата со стрелецот. Надминување на несогласувањата е навистина лесна задача за овие два знака, бидејќи тие имаат дарба за брзо опростување и заборавање.rnrnВагата е предводена од Венера која е симбол на љубовта, а стрелецот од Јупитер, кој ги претставува среќата и филозофијата. Женственоста која Венера ѝ ја дава на вагата и мажественоста која Јупитер му ја дава на стрелецот, го прави овој љубовен пар многу компатибилен и хармоничен. Стрелецот е секогаш во потрага по крупни одговори – вистината, значењето на животот и смртта. Во тој контекст, секогаш кога на вагата ќе ѝ надојде нова идеја, тој е спремен да ја поддржи и да тргнат заедно во потрага по нови доживувања. Ова е навистина страсна и возбудлива врска, во која авантуристичките походи немаат крај.rnrnСтрелецот е лидерот кој ги контролира конците во врската, но вагата на посуптилен начин ги одржува во рамнотежа ситуациите, во моментот додека се случуваат. И двата знака се екстремно енергични и активни личности, кои можат да постигнат многу успеси заедно. Оваа врска е во својата најсовршена фаза кога стрелецот се чувствува независно и слободно во неа. Вагата е иницијаторот на нови идеи и места кои треба да се посетат, но таа има тенденција да се предомислува во последен момент, како резултат на нејзиниот неодлучен карактер. Како и да е, стрелецот е многу флексибилен и се прилагодува и ги прифаќа сите измени кои вагата сака да ги направи во нивните планови.rnrnНајдобриот аспект од оваа уникатна љубовна врска е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и проширување на интелектуалните капацитети. Тие добро се согласуваат на емотивен и на географски план.rnrn