Стрелецот може да се спријатели речиси со секаков тип на човек, но дружењето со бик, претставува предизвик за него. Овие двајца пријатели имаат многу различни потреби и желби. Стрелецот е личност која сака да го истражува светот околу себе, а бикот сака да излегува само на места на кои веќе бил претходно. Стрелецот воопшто не се оптоварува со материјални работи, додека бикот е многу страстен за работите кои ги поседува. Стрелецот е екстремно флексибилен, а бикот е непоправливо тврдоглав.rn
За бикот, стрелецот претставува нерешлива сложувалка. Тој не може да сфати како овој негов пријател може да биде секогаш толку ентузијастички настроен, особено наутро. Оваа конфузија не е еднострана. Стрелецот не може да сфати како бикот може да ужива да ги прави истите работи цело време. Изразот на задоволство на лицето на бикот, секојпат кога го јаде сендвичот удавен во доматен сос, е тотално нелогичен за стрелецот, особено бидејќи го гледа како го јаде истиот сендвич последниве 16 години.rnrnИ покрај тоа што овие два знака имаат тотално различни карактери, сепак секој од нив има причина зошто да му се восхитува на другиот. Бикот го обожува лежерниот пристап кон животот кој го има стрелецот, а овој се восхитува на интересната смисла за хумор која ја поседува бикот.rnrnЗаедничка особина на овие пријатели е нивната потреба да излегуваат надвор во природа. Шетањето во расцутени шарени ливади, снежни паркови и секое друго место, кое природата го наградила, ќе ги избрише сите карактерни разлики помеѓу овие два знака. Никој не обожава да оди на пикник повеќе од нив двајца. Исто така, може да наоѓаат обострано задоволство во гледањето смешни филмови, слушање рок музика и џогирање.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Category: Стрелец
-

Стрелец и бик – пријателска комбинација
-

Стрелец и овен – пријателска комбинација
Овенот и стрелецот имаат потенцијал да станат одлични другари. Двајцата обожаваат да се забавуваат до раните утрински часови, располагаат со непресушен извор на енергија и кога се заедно, задоволството е обострано. Плус, никој не може да организира побучна и пооткачена забава од овенот, па стрелецот има причина плус зошто да го обожава. Тој ù се восхитува на спонтаноста која ја поседува овенот, а овој ја обожава смислата за хумор која ја има стрелецот. На стрелецот му се допаѓа искреноста, отворениот ум и пријателското однесување на овенот, а тој пак ја обожува директноста, ентузијазмот и храброста на стрелецот.
Овенот и стрелецот се атлетски типови луѓе, кои може да уживаат согорувајќи ја вишокот енергија во салата за вежбање или на спортските терени. Тие имаат многу заеднички интереси, кои може да вклучуваат стрелаштво, кошарка и акциони филмови. Исто така, може да поминуваат прекрасно време заедно, особено кога се некаде на кампување, на пат во странство или додека танцуваат и се веселат во ноќен клуб или на некоја приватна журка.rnrnСе прашувате дали постојат некакви „нерамнини“ во ова пријателство? Па, стрелецот не му се восхитува баш на шефовското однесување кое го има овенот. Од друга страна, овенот не ја обожава навиката на стрелецот вечно да доцни и да не го почитува договореното време. Исто така, на стрелецот не му се допаѓа тоа што овенот сака секогаш да биде по негово, а овенот не се чувствува во ред, кога стрелецот ќе му откаже дружба поради некој друг, кој бил на ред според неговиот дневен план. Како и да е, доколку овие другарчиња успеат да ги надминат ваквите разлики, нивната конекција ќе биде нераскинлива.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Скорпија и стрелец – пријателска комбинација
Пријателството помеѓу скорпија и стрелец, е во најмала рака, интригантно. Животот на стрелецот е како отворена книга, а на скорпијата како заклучен дневник. Стрелецот секогаш тежнее да се движи кон светлата страна на животот, а скорпијата не се плаши да се соочи со мракот. Се прашувате дали овие луѓе можат да бидат пријатели? Одговорот е да.rn
Нивното пријателство се заснова на силна обострана почит. Стрелецот ја цени интуицијата на скорпијата и нејзината способност добро да ги процени задните намери на луѓето. Затоа, секогаш кога стрелецот не забележува некои работи, скорпијата е тука за да му ги отвори очите. Скорпијата пак ги почитува идеите на стрелецот и обожува кога тој ќе ја однесе во некој прекрасен и уникатен ресторан на ручек. Љубомората на скорпијата му оди на нерви на стрелецот, а таа пак не може да ја поднесе неговата краткотрајна меморија на стрелецот.rnrnНа скорпијата ù годи веселата природа на стрелецот, а тој може да научи многу од приземниот пристап кон животот кој го има таа. Стрелецот може да ù помогне на скорпијата да го отвори нејзиниот ум кон нови идеи, искуства и луѓе, а таа може да му ја покаже опасноста од нејасниот начин на изразување кој стрелецот го има. Нетактичноста на стрелецот ќе ја нервира скорпијата, а нејзиното таинствено однесување ќе го полудува љубопитниот стрелец.rnrnРазликите помеѓу овие два знака речиси и да не се забележуваат кога тие ги извршуваат нивните омилени заеднички активности. Тие најверојатно ќе уживаат да си помагаат во преуредувањето на нивните домови. Најверојатно би биле одлични соученици на курс по странски јазици. Од спортовите може да уживаат во пливање и картинг. Исто така, може да сакаат заедно да гледаат детективски филмови. Кога сè друго ќе стане досадно, караокето секогаш ќе добра биде опција за овие пријатели.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и стрелец – пријателска комбинација
Луѓето кои ги набљудуваат овие пријатели отстрана можеби си викаат: „Што бара толку цивилизирана личност каква што е вагата, со палјачо каков што е стрелецот?“ Она што критичарите не можат да го сфатат, е дека вагата ја обожава несмасноста на стрелецот. Ако таа се прашува, животот е прекраток за да се сфаќа пресериозно, поради што таа му се восхитува на стрелецот и на неговите чудни грешки и бесрамни шеги. Стрелецот од своја страна, го обожава фактот дека префинета личност како вагата, може да заборави на грациозноста за една секунда и да премине во едно подмолно громогласно смеење.
Вагата и стрелецот си се во суштина одлично друштво еден на друг. Тие обострано уживаат во слични работи: свечени забави, разговори кои го стимулираат мозокот и најмногу од сè – во правдина. Овие пријатели никогаш не се изморуваат од озборување за најсвежите драматични ситуации кои им се случиле на нивните заеднички пријатели. Стрелецот може да смета дека вагата секогаш прво ќе ја ислуша неговата страна на приказната, пред да донесува свои заклучоци. Исто така, вагата знае дека стрелецот никогаш нема да ù забие нож в грб, бидејќи нејќе да ù ги повреди чувствата. Стрелецот попрво би бил поштар на лоши вести, отколку да биде дел од некаква измама или предавство на пријател.rnrnКако и помеѓу сите други пријатели, така и помеѓу вагата и стрелецот може да се појават разни недоразбирања. Така, на стрелецот може малку да му се смачи слушајќи ја вагата како дискутира за секој сегмент од неговите ставови, додека тој мора да се покорува на нејзините нетактични забелешки. Од друга страна, недостатокот на осет за некои работи кај стрелецот, може да направи вагата да се чувствува засрамено. Од неодлучноста пак на вагата, на стрелецот му доаѓа да вриска на цел глас.rnrnНаспроти нивните разлики, овие пријателчиња можат во секое време да ги „израмнат“ работите со помош на нивните омилени активности како играње тенис, одење на заеднички патувања и забави или вечерање во отворени ресторани, под ведро небо.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Стрелец и риби – љубовна комбинација
Кога стрелец и риби стапуваат во врска, нивните љубовни соништа постануваат реалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој постојано нешто размислува, филозофира и без тешкотија преминува од една на друга работа, со ист интензитет на енергија. Рибата е позатворена и духовна личност, која преминува од една на друга работа во нејзиниот мозок. Во некои сегменти тие се многу различни и на луѓето кои не ги познаваат би им било чудно како тие воопшто се „споиле“. Но нивната љубов, со тек на време може сè повеќе да расте и стрелецот и рибите ќе умеат сè подобро да ги остваруваат желбите и мечтите на својот партнер.
Стрелецот е дружељубив, снаодлив и енергичен, а кога е во врска со риби, тој се јавува во улога на заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат му дава тотална поддршка и разбирање и умее на еден суптилен начин да го релаксира незапирливиот стрелец. Таа е лесно прилагодлива личност и нејзината енергија во врската ја насочува кон разбирање, поддршка и сочувствување со нејзиниот стрелец. Рибата е всушност хороскопски знак кој е најтрпелив во однос на резервираноста и дистанцираноста на стрелецот во љубовните врски.rnrnСтрелецот и рибите се предводени од иста планета – Јупитер, а рибата и од Нептун. Јупитер симболизира истражувачка работа, која е на различен начин манифестирана кај двата знака. Влијанието на Јупитер во рибите се јавува на еден апстрактен начин; тие честопати имаат желба да го спасат светот (најчесто во форма на заштита од загадување, преку рециклирање и екологија). Стрелецот од друга страна преферира да ги прошири своите хоризонти преку академско образование. Нептун во рибата внесува илузија, способност за смислување добри идеи, како и гледање на работите од поширок аспект, но во одредени ситуации и разочарување и живеење во фантазии.rnrnСтрелецот може да и помогне на рибата да застане цврсто на земја. Јупитер преку своето влијание врз рибата може да воведе нежност во повремените тврдоглави и непромислени испади на стрелецот. Стрелецот е огнен знак, а рибата воден. Овие два елемента можат да создадат одличен љубовен пар, доколку вложат малку од себе во врската. Тие умеат на еден природен начин да ги доживуваат ситуациите и постапките на луѓето, што пак им го олеснува решавањето на проблемите.rnrnРибите на стрелците можат да им дадат насоки и да ги научат како да бидат понежни, додека стрелците можат да им возвратат учејќи ги како да бидат авантуристи и да го истражуваат светот. Оваа двојка ќе ужива патувајќи заедно.rnrnПонекогаш рибите можат емоционално да го гушат стрелецот, а премногу „вода“ е лошо за неговиот огнен дух. Спротивно на тоа и премногу „оган“ може да ја загрее водата, па рибата да почне да „зоврива“.rnrnСтрелците и рибите мораат да ги употребуваат нивните перспективни вештини за да ја подобрат врската, посветувајќи се секогаш на тоа што му е потребно на партнерот. Ниеден од партнерите не сака да доминира во врската. Тие уживаат еднакво и сакаат нивните идеи да се остваруваат. Рибите се многу среќни кога им помагаат на стрелците. Никој од нив не се преокупира со конечните резултати од направеното, за нив важна е забавата. Бидејќи стрелецот и рибите немаат проблем околу тоа кој која улога ја зазема во врската, тие можат без проблем заеднички да работат кон остварување на нивните цели и да постигнат големи успеси.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата стрелец и риби, е тоа што тие можат да извлечат корист од нивната мудрост и истовремено да се сложуваат совршено. Рибите им покажуваат на стрелците како да се соживуваат и да се грижат, а тие ќе ги научат како да ја претворат фантазијата во реалност. Способноста овие два знака да си ги надополнуваат недостатоците ја прави оваа врска исклучителна. -

Како да освоите девојка со хороскопски знак Стрелец?
Жените родени во хороскопскиот знак Стрелец се иницијативни, остроумни, снаодливи и досетливи личности, кои постојано се во потрага по нешто ново, кое ќе им го покачува адреналинот. Стекнувањето нови возбудливи искуства е клучот на жените Стрелци за остварување на нивните соништа. Оваа девојка прво бара цел која сака да ја оствари, цели кон нејзина реализација и потоа веднаш трга во потрага по некоја нова цел. За нив не постојат премногу амбициозни планови кои не можат да постанат реалност. Таа, едноставно кажано, е многу енергична девојка која не може да седи во едно место.rnrn
rnВесели и забавни личности
rnЖените Стрелци се најчесто многу позитивни и ентузијастични личности, кои се пријателски настроени и секогаш со задоволство сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие се најчесто „центарот на забавата“ како резултат на нивната непресушна енергичност и ведрина која создава чувство на задоволство на оние кои се во нејзина близина.rn
Тотално искрени
rnВедрината и темпераментноста кои ги поседуваат овие дами, во голема мера помагаат за ублажување на нивното премногу искрено, често грубо, па дури и безобѕирно однесување кон луѓето околу нив. Жените Стрелци со задоволство ќе ви кажат доколку фустанот не ви стои, дека треба да дадете отказ или отворено ќе ви кажат ако вашиот пријател ви работи зад грб. Доколку сте премногу чувствителни или пак не сакате да ја знаете вистината, не прашувајте жена Стрелец за нејзиното мислење. Зачувајте си ги чувствата за себе и обратете се кај некој помалку директен знак.rnrn
rnПотреба за авантура
rnКај жените родени во знакот Стрелец секогаш постои потребата за авантура и страст за патување. Без разлика дали се наоѓаат во некоја комплицирана ситуација или во премногу обврзувачка љубовна врска, тие не сакаат да се чувствуваат задушено.rnrn
rnrnВсушност, чувствувајќи се затворено тие можат да се здобијат со исцрпувачки ефекти врз нивната психа, а несакани последици можат да се појават и на нивното тело (разни заболувања, особено на нозете и бутовите). Доколку патувањето до подалечни дестинации не е возможно, женските Стрелци треба да се потрудат да останат физички активни, бидејќи тоа ќе им биде од огромна помош за ментална релаксација.rnЖената Стрелец во љубовта
rnБракот и сериозните врски се многу голем чекор за жените родени во овој знак, па така многумина од нив се обидуваат да чекаат што е можно подолго, пред да се „врзат во јазолот“. Ова е така, дури и доколку некоја од нив е длабоко заљубена во својот свршеник или момче. Тоа е добра работа бидејќи и овозможува добро да се запознае себеси. Запознавањето на сопствениот идентитет и определувањето на нејзините вредности, се два многу важни процеси за жените Стрелци.rnrnЧесто, овие жени се атрактивни за луѓе од различно потекло и од различна етничка припадност. Тие на овие разлики не гледаат воопшто негативно, туку напротив сметаат дека кога постои вистинска љубов, ништо друго не е важно, па така и ја заработуваат титулата „светски граѓани“.rnrnДури и евентуалните партнери да се од исто потекло, тие ќе мораат да манифестираат висок степен на морал и да имаат личен интегритет. Овие две карактеристики жената Стрелец навистина ги цени. На нив им се привлечни партери кои имаат софистициран вкус и религиозна толеранција.rn
Преголема самодоверба во однос на науката
rnНајголемиот проблем на жените Стрелци, најверојатно е нивната неспособност да ја разграничат реалноста од фантазијата и да ја прифатат нивната моментална состојба, тежнеејќи кон исполнување на секојдневните обврски, со цел да изградат стабилна иднина. Стрелците се најголемите филозофи во зодијакот и нивниот основен интерес во животот е да учат нови работи и нивното знаење потоа да го пренесуваат на други. Затоа, Стрелецот во астрологијата е опишуван како вечен студент. Меѓутоа женските Стрелци имаат тенденција да веруваат дека се стручњаци во некоја област, која сè уште не ја познаваат доволно добро. Поради таа нивна карактеристика можат да настанат непријатни ситуации, во кои таа се обидува да му објасни на некој нешто „стручно“, за кое има недоволни познавања.rnrn
rnНедостаток на трпение
rnЖената родена во хороскопскиот знак Стрелец е голем визионер, кој умее да ги погледне работите од поширока перспектива, но таа има тенденција пребрзо да го губи трпението, па од таа причина може никогаш доволно да не се усоврши себеси во некоја област.rn
Среќни личности
rnБез разлика на се, Стрелецот е најсреќниот знак во зодијакот, а жената со овој хороскопски знак, не само што успешно ќе се снаоѓа во текот на животот, туку најверојатно и ќе биде многу успешна во она што го работи.rn
Со кого најмногу си одговара жената Стрелец?
rnЖените родени во овој знак најмногу си одговараат со огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) и со воздушните знаци (водолија,близнаци и вага). Сепак ова не е строго правило, па така треба да се земат предвид и индивидуалните квалитети кај двата партнери, за да се определи дали романтичното соединување ќе биде успешно.rnrnВе интересира да прочитате и за мажи Стрелци?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Стрелец и водолија – љубовна комбинација
Комбинацијата од идеализмот на водолијата и знаењето на стрелецот, го прават овој пар многу креативен и уникатен. Во нивната љубовна врска владеат искреноста и отвореноста и без разлика што помеѓу партнерите може да се појави натпреварувачи дух, ним не може да им здодее еден од друг. Покрај тоа што меѓу нив постои прекрасна романтична енергија, стрелецот и водолијата се и големи другари, како резултат на нивниот индивидуализам. Двајцата имаат идеалистички размислувања, го живеат животот со страст и верба, па не е ни изненадување што уживаат во заедничките мигови. Кога се заедно, тие „ можат да летаат, без да стравуваат дека ќе паднат“.
Повеќето љубовни врски сочинети од партнери кои се стрелец и водолија во хороскоп, најмногу од сè уживаат во неа поради нивното меѓусебно безрезервно обожување и почит. Стрелецот е привлечен од индивидуалноста, визијата и креативниот капацитет на водолијата. Од друга страна, водолијата се восхитува на иницијативноста и извонредните способности кои стрелецот ги поседува. Тој секогаш има нови идеи на ум, но честопати не е доволно вешт за да ги спроведе на дело, како што тоа го може водолијата.rnrnСтрелецот и водолијата наоѓаат задоволство во извесен степен на независност во врската и помеѓу нив ретко настануваат недоразбирања, бидејќи двајцата ја разбираат таа потреба. На моменти, стрелецот може да изгледа премногу себичен во очите на водолијата, а таа пак може да е премногу ексцентрична за негов вкус. Но, сè додека комуницираат за она што ги прави среќни во врската, тие без проблем ќе ги надминат сите помали и поголеми препреки на патот.rnrnСтрелецот е предводен од планетата Јупитер, а водолијата од планетите Сатурн и Уран. Овие три планети формираат еден круг кој е типичен за врската помеѓу стрелецот и водолијата – нивната неверојатна способност за добра комуникација, меѓусебно разбирање и поддршка. Уран е симбол на креативниот ум и способноста за смислување уникатни идеи, кои се типични карактеристики на водолијата. Потоа се приклучува влијанието на Јупитер, кој во стрелецот внесува желба за непрекината едукација, информираност и интелектуален раст. Кругот го комплетира Сатурн, чие што влијание помага целиот процес да се заврши, откако ќе секне инспирацијата на Уран и кога енергијата на Јупитер ќе премине кон некоја нова работа.rnrnСтрелецот е огнен знак, а водолијата е воден. Воздухот го разгорува огинот, на ист начин како што водолијата може да го инспирира стрелецот да ги реализира своите соништа. Истовремено стрелецот може да ја одржува тенденцијата на водолијата да презема експериментални потфати базирани на футуристички замисли. Овие два знака во комбинација се еден навистина иновативен и инветивен тим. Водолијата и стрелецот ја користат нивната интелигенција и чувство за авантура за да стекнат нови животни искуства, притоа меѓусебно потхранувајќи си ја нивната креативност. Двата знака имаат неограничен дијапазон на интереси. Водолијата е креаторот на оригинални идеи, кои енергичниот стрелец со нетрпение чека да ги спроведе во акција.rnrnСтрелецот е личност која има тенденција да го следи своето внатрешно чувство за авантура и вечно да е во потрага по нешто ново, кое ќе и го покачува адреналинот и ќе ја потсетува дека е жива, но таа исто така е и секогаш спремна да престане да го прави тоа што го прави, за да се прилагоди на потребите на својот партнер. За разлика од него, водолијата е помалку прилагодлива кон туѓите потреби и целосно се предава на работата која што ја работи, сè додека во неа постои страст за реализација на истата. Додека стрелецот е среќен и задоволен „летајќи“ од една на друга работа во зависност од моменталното расположение, водолијата умее да ги стабилизира нештата и да помогне да се решат проблемите. Двата партнери се лојални и посветени на нивната врска и имаат моќ заеднички да успеат на многу животни полиња.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо водолија-стрелец е нивната способност да ги решат и најголемите проблеми кои би можеле да настанат во нивната врска, ако одлучуваат според желбите на нивните срца. Овие партнери можат да се држат до еден конкретен план, од оној момент кога тој ќе биде цврсто „вгнезден“, по пат на добра комуникација. Овој извонреден љубовен пар е базиран на надворешно видлива иницијатива, енергичност и акција, но истовремено и на емоционална длабочина. -

Стрелец и јарец – љубовна комбинација
На почетокот, љубовната врската помеѓу стрелец и јарец може воопшто да не напредува и партнерите да се чувствуваат како да немаат ништо заедничко. На некој начин, овие два знака се спротивни типови на личности. Стрелецот е енергичен, лекомислен, има чудни идеи, прилично е нетрпелив, постојано сака да учи нешто ново и секогаш импулсивно се впушта во нови работи. Јарецот пак е пасивен, срамежлив, се фокусира на деталите и секогаш бара некој проект, на кој ќе ја употреби целата негова енергија. Токму нивните разлики се причината зошто оваа врска може да успее на долг рок, бидејќи тие можат многу работи да научат еден од друг.
Кога сè уште не се познаваат доволно, стрелецот и јарецот можеби нема да гледаат никаква поента во нивната врска, ниту ќе имаат волја да поминат преку маaните на својот партнер. Стрелецот понекогаш знае да биде нескротлив, а јарецот арогантен и „надуен“. Но, кога еднаш ќе одлучат да престанат да се фокусираат на маaните на својот партнер, стрелецот и јарецот ќе ги увидат нивните поединечни квалитети. Стрелецот може да го научи јарецот да живее „од денес за утре“, радувајќи се на секое ново искуство кое го стекнува во животот и ќе му ја даде на јарецот потребната слобода. Јарецот пак ќе го научи стрелецот да обрнува повеќе внимание на деталите, ќе му помогне да сфати дека малите нешта можат да бидат многу значајни и ќе му даде совети како да ја контролира неговата импулсивност и темпераментност. Стрелецот може да го доживува јарецот како премногу сериозна и одговорна личност, па ќе му помогне да најде начин да се релаксира, разведри и забавува. Јарецот може да го обвини стрелецот дека се однесува премногу бунтовнички и неодговорно. Кога ќе застанат на иста бранова должина, овие партнери всушност можат да научат еден од друг многу убави манири.rnrnСтрелецот е управуван од планетата Јупитер, а јарецот од Сатурн. Јупитер во јарецот внесува потреба за постојано едуцирање и интелектуален развој, како и „среќна ѕвезда“ која може да му донесе успех во животот. Сатурн пак е симбол на амбициозност, одговорност, трудољубивост, посветеност и неуморност – карактеристики кои го одбележуваат јарецот. Нивното меѓусебно влијание може да биде многу позитивно и да ги истакне најдобрите квалитети на двајцата партнери. За да се случи тоа, стрелецот и јарецот треба да научат да се почитуваат и да се повлечат еден чекор назад кога не се согласуваат со мислењето на партнерот, за да се избегнат недоразбирањата.rnrnСтрелецот ќе го научи јарецот како да биде поспонтан, додека истовремено од него ќе „ црпи“ стабилност, одговорност и рационалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој прави филозофско истражување и кога ќе дојде до одреден заклучок предлага идеи и нови работни проекти. Јарецот пак се потпира на реалната и фактичка состојба и преферира практично да ја остварува работата.rnrnОвие партнери имаат навистина различна емоционална структура. Додека јарецот размислува за последиците од неговите постапки, стрелецот обожава да истражува, да ја пронаоѓа вистината и да собира искуства, а тоа го прави за свое лично задоволство. И покрај тоа што овие партнери може да имаат проблем да се разберат поради нивните спротивни дефиниции за морал, ако успеат да ги тргнат нивните разлики настрана, тие можат да бидат навистина прекрасен пар, како резултат на нивните комплементарни карактери.rnrnСтрелецот не е секогаш лидер во оваа врска или поттикнувач на мотивација и ентузијазам. Тој едноставно кога има добра идеја на ум и смета дека може да даде свој придонес во реализацијата на истата, ужива да ја зазема таа улога. Стрелецот и јарецот можат успешно да работат кон реализација на заеднички цели и да немаат никаков проблем околу тоа, кој каква улога зазема.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е ефективноста која може да произлезе ако заеднички работат на надминување на малите пречки кои се јавуваат на почетокот на нивното запознавање. Нивните карактери, кои се различни во многу нешта, ја прават нивната љубов вредна, успешна и моќна. -

Стрелец и стрелец – љубовна комбинација
Кога двајцата партнери се родени во хороскопскиот знак стрелец, нивните темпераментни личности, секогаш жедни за нова авантура и пронаоѓање на вистината, креираат една речиси совршена љубовна целина. Овие личности светот го гледаат низ „интелектуално око“ и секогаш се гладни за повеќе и повеќе учење.
Кога стрелец и стрелец се во љубовна комбинација, тие уживаат поминувајќи долги часови во пријатни разговори на многу различни теми. Ним им е забавно меѓусебно да се подбуцнуваат да ги прифаќаат предизвиците кои им се појавуваат во животот, бидејќи на тој начин си го „скокоткаат умот“ за да им биде постојано активен.rnrnПовремено, помеѓу овие партнери може да настане жестока расправија, кога еден од стрелците ќе ги премине границите на рационалноста, базирајќи се на некакви факти. Сепак безгрижните, релаксирани и независни стрелци, се високо компатибилни кога станува збор за балансот помеѓу нивните индивидуални интереси. Тие никогаш не чувствуваат љубомора во оваа врска, а кога времето не го поминуваат заедно, тие се зафатени со некои работни обврски. Заедничките моменти двајцата стрелци ги поминуваат негувајќи и задоволувајќи го својот партнер и емотивно насладувајќи се на нивните слични интереси.rnrnИ покрај тоа што овие личности се многу модерни и приспособливи, тие понекогаш знаат да изгубат контрола над емоциите и да претераат во реакциите кон својот партнер. Добрата вест е дека не е во природата на стрелецот да останува долго време непријателски настроен, ниту пак ќе дозволи несогласувањата со партнерот да се продлабочуваат и да траат долго.rnrnСтрелецот е предводен од планетата Јупитер, која симболизира интелектуален развој на неговата личност. Бидејќи во случајов и двајцата партнери уживаат во стекнувањето знаења, тие ќе вметнуваат интересни досетливи идеи во нивната врска.rnrnКога двајца стрелци се во љубовна комбинација, тие мораат да бидат внимателни, во смисла да не ја концентрираат целата своја енергија во задоволства, бидејќи дозволувањето емоциите и страста да ги совладаат, само ќе ги дефокусира од битните работи. Шармот и харизмата кои ги поседуваат стрелците, ја прават нивната врска многу пријатна и симпатична, не само за нив самите, туку и за сите кои се во нивно друштво.rnrnСтрелците навистина сакаат да го изживеат својот живот. Тие не само што се забавуваат разгледувајќи брошури од туристички агенции, туку нема да помине ниту многу време додека да одлучат каде сакаат да патуваат, да се спакуваат и да тргнат.rnrnТие исто така сакаат да испробуваат да работат на нови проекти, но не знаат добро да се справат со непредвидливите негативни ефекти од истите. Тие се нетрпеливи, импулсивни и енергични, па секогаш ќе изберат да работат на нешто ново во нивниот живот, наместо да се трудат да го поправат тоа старото.rnrnЧудна карактеристика на стрелците е тоа што наспроти нивната дружељубива и ведра природа, тие имаат тенденција да зборуваат пред да размислат и таа особина често ги доведува во чудни социјални ситуации.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е нивната голема компатибилност и желбата за постојано учење нови работи. Овој пар го има пронајдено совршениот баланс помеѓу интензивната страст и оставањето доволен простор на партнерот за „да може да дише“. Тие заеднички ќе го истражуваат надворешниот свет кој нуди бескрајни можности и искуства, а истовремено ќе ги продлабочат и нивните внатрешни интелектуални светови. -

Стрелец и девица – љубовна комбинација
Љубовната врска помеѓу стрелец и девица е хармонична, оформена на цврста основа и задоволувачка за двајцата партнери во многу аспекти. Стрелецот е дружељубива и авантуристичка личност, која постојано нешто истражува, додека девицата сака да ги анализира резултатите од неговото истражување. Очигледно е дека двајцата обожаваат долги разговори.
На почетокот девицата можеби ќе има големи очекувања од стрелецот и ќе очекува совршена врска, која не е „по вкус“ на стрелецот, но тој со тек на време ќе почне да ги цени истрајноста, упорноста и сталоженоста кои го карактеризираат неговиот партнер и чија глава не е во облаците.rnrnДевицата и стрелецот имаат уникатен поглед кон животот. Девицата е практична, посветена и концентрирана, а стрелецот е енергичен и секогаш наоѓа задоволство во новите животни искуства. На стрелецот може да му биде проблем да се справи со „разумната реалност“ на девицата, додека на неа може да и биде проблем големата темпераментност на стрелецот. Но, во секој случај, девицата може да му понуди на стрелецот сигурност во врската и да му помогне да ги оствари неговите желби, соништа и амбиции. Стрелецот може да додаде разновидност и возбуда во секојдневието на девицата.rnrnВодечка планета на стрелецот е Јупитер, која е симбол на филозофија, образование и патувања. Девицата е управувана од планетата Меркур, која симболизира комуникативност и анализа. Овие партнери уживаат во интерперсоналната комуникација, поради која нивната врска може добро да се одржува на долг рок. Овие партнери можат да се забавуваат ако длабински дискутираат за некој филм или книга, девицата задржувајќи се на сите детали, а стрелецот заокружувајќи ја пораката која содржината и ја пренесува на публиката.rnrnОвие партнери имаат различни приоритети во животот. Стрелецот сака слобода, а на девицата и е потребна финансиска стабилност и хармонија во семејството. Стрелецот го мотивираат чистите мисли и јасните емоции, а девицата преферира долго да ги обмислува работите. Се додека партнерите меѓусебно си ја докажуваат цврстината и постоењето на нивната љубов, нивната неслога може да биде победена.rnrnОвие партнери уживаат зборувајќи на еден куп различни теми, а за секој од нив е многу едноставно да се заинтересира за оние работи кои другиот ги прави или сака. Исто така, овие знаци немаат проблем да му ја допуштат на својот љубен/а слободата да ужива во индивидуални активности кои не се дел од врската. Нивниот прекрасен стил на меѓусебна соработка и поддршка е навистина за пофалба. Благодарение на овој аспект од нивната врска тие можат да бидат успешни соработници и на професионален план.rnrnНајдобрата работа во нивната врска е емоционалната сигурност која тие можат да си ја овозможат доколку сфатат дека имаат многу сличен животен стил. Тие формираат еден прекрасен љубовен пар, во оној момент кога меѓусебно ќе се научат да го погледнат светот од една поинаква перспектива. Сè додека нивната комуникација е добра и го ценат она кое можат да го научат еден од друг, оваа врска ќе биде стабилна и среќна.