КАФЕ ПАУЗА

Category: Риби

  • Јарец и риби – пријателска комбинација

    Јарец и риби – пријателска комбинација

    Рибата покрај јарецот се чувствува безбедно и сигурно, а на јарецот тоа му претставува задоволство, бидејќи знае дека секогаш кога ќе му треба совет и утеха, таа ќе биде тука за него. И покрај тоа што јарецот не плаче пред многу луѓе, може да се случи да се „сруши“ пред пријателот со хороскопски знак риба.rnrnЈарец и риби – пријателска комбинацијаrnrnРибите се познати по својата љубезност и сочувство за другите луѓе, а тоа се особини кои јарецот ги обожава кај нив. На ист начин, рибата кога е во близина на смирениот и стабилен јарец, се чувствува како сите нешта во светот да се во ред. Таа им се восхитува на моќта, авторитетот и интелигентната смисла за хумор кои ги поседува овој негов пријател. Воедно  јарецот ја обожава нежноста, сочувственоста и имагинацијата на рибата.rnrnЈарецот може да ѝ помогне на рибата во организацијата на нејзиниот живот, а таа може да му даде некои чудни идеи кои ќе го натераат да размислува пошироко од вообичаено. Сепак помеѓу овие пријатели постојат и некои карактерни разлики. Јарецот знае да биде многу непопустлив, дури и при договарањето за избор на филм или ресторан, што може да ја вознемирува лекомислената риба. Од друга страна неодговорноста на рибата и нејзината неспособност да стигне некаде на време, му оди на нерви на јарецот.rnrnКако и да е, во поголемиот дел од времето овие пријатели би требало одлично да се согласуваат, а тоа најдобро би се реализирало доколку рибата го научи јарецот како да се олабави, а тој ја научи неа на одговорно однесување.rnrnНивните несогласувања најбрзо ќе исчезнат доколку ги прават заеднички нивните омилени активности. Така тие можеби би уживале забавувајќи се на часови по валцер, декорирање цвеќиња, плетење, разговарање на историски теми и друго.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и риби – пријателска комбинација

    Стрелец и риби – пријателска комбинација

    Одржувањето пријателство помеѓу стрелец и риби, може да претставува предизвик за секој од нив. На рибите им се потребни луѓе на кои можат да се потпрат за што и да треба, а стрелецот си ја цени неговата независност. Рибата сака да мирува и да „сонува“ во големи размери, а стрелецот сака да биде во движење. Стрелецот е полн со ентузијазам и енергија, кои може понекогаш да ја изморуваат спокојната и опуштена риба. Стрелец и риби - пријателска комбинацијаРибите стануваат емотивни и се вознемируваат кога ќе се случи некоја непријатност или недоразбирање, а стрелецот е брутално искрен тип човек. Ако рибата качила неколку килограми, стрелецот ќе биде првиот кој ќе ѝ го потенцира тоа, со што може да ги повреди нејзините чувства. Но, оваа фрустрација не е еднострана. Променливото расположение на рибата може понекогаш да ја уништува позитивната енергија кај стрелецот. Исто така нејасноста и двосмисленоста кои се дел од карактерот на рибата, може да го вознемируваат стрелецот. Од друга страна, непостојаноста на стрелецот, може да ја отуѓи рибата.rnrnНо, овие пријатели сепак можат да најдат заедничка подлога, бидејќи двајцата се спиритуални луѓе. Дискутирање на теми како филозофија, психологија и религија може да создаде цврста врска помеѓу нив двајца. Воедно, стрелецот и рибата се екстремно искрени луѓе и секој од нив ја почитува подготвеноста на нивниот пријател да се воздржи од замерување, со цел да остави простор да научи нешто ново од разговорот.rnrnЗа среќа, и стрелецот и рибите се многу лекомислени личности, кои умеат веднаш да го сменат расположението и да ја развеселат атмосферата кога ситуацијата ќе стане напната.rnrnОва пријателство ќе се одржи на цврста основа доколку рибата и стрелецот ги прават оние активности, кои и двајцата ги обожаваат како: пливање, пишување/читање поезија, танцување и шетање низ религиозни градови како Ерусалим или културни градови како Париз. Исто така може да уживаат во хобија како возење ролери, колекционирање поштенски марки и одгледување домашни животни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и риби – пријателска комбинација

    Скорпија и риби – пријателска комбинација

    Рибата на скорпијата ù е повеќе сродна душа отколку пријател. Таа е еден редок другар, кој ја прифаќа скорпијата онаква каква што е. Во суштина, токму несовршеностите на скорпијата ја привлекле рибата кон неа кога се запознале. Претставниците на знакот риби ги обожаваат маните на луѓето, бидејќи сметаат дека тие ја покажуваат човечноста во односите помеѓу луѓето.Скорпија и риби - пријателска комбинацијаОва другарство ветува дека ќе биде едно од најдобрите во животот на овие два знака. Рибата не треба да се грижи дека ќе ја покаже својата пречувствителност пред скорпијата, која има јака моќ на перцепција. Напротив, скорпијата смета дека чувствителноста на рибите е една од нивните најјаки карактерни особини. На ист начин, скорпијата не треба да се грижи дека ќе ù ги довери сите свои тајни на рибата, бидејќи таа има многу длабока почит за приватноста на својот пријател.rnrnОвие пријатели си се потпираат еден на друг во тешките мигови, но и заедно слават кога имаат повод за тоа. Љубомората на скорпијата може да ја вознемирува рибата, на ист начин како што стравот од спротивставување на луѓето кој го има рибата, ја фрустрира скорпијата. Во секој случај, овие двајца пријатели веруваат во безусловно и искрено другарство и поради тоа нивната врска е навистина тешко раскинлива.rnrnРибите и скорпијата имаат интерес за спиритуалните теми, па може да обожаваат дискутирајќи за религија, филозофија, психологија и животот во модерната ера. И покрај тоа што променливото размислување на рибата може да ја иритира скорпијата, сепак тоа е една минорна работа, во споредба со сите други работи кои таа ги сака кај овој другар. Скорпијата може исто така да ја нервира рибата, со нејзиното опседнување за некоја личност во која е вљубена.rnrnОвие безначајни иритации исчезнуваат во воздухот, кога рибата и скорпијата се вклучени во активности како одење в кино, прошетка покрај море или развивање фотографии. Овие двајца многу ја сакаат водата, поради што може да уживаат во спортови како пливање, пловење, нуркање и риболов.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и риби – пријателска комбинација

    Вага и риби – пријателска комбинација

    Уметничка душа каква што е вагата, не може да остане рамнодушна на креативната риба. Вагата и рибата можат да бидат одлични пријатели, под услов да не мораат да носат многу заеднички одлуки. Дури и кога треба да одберат кој филм да го гледаат в кино или во кој ресторан да одат на вечера, тие подобро да фрлаат паричка, бидејќи во спротивно ќе им биде проблем брзо да се одлучат. Проблемот се состои во тоа што и вагата и рибите се лекомислени и безгрижни луѓе, кои се секогаш сложни на сè. Никој од вас не може ниту да каже кој ви е омилен вкус на сладолед – сите ви се добри.Вага и риби - пријателска комбинацијаИ покрај тоа што двајцата обожаваат да си фантазираат и целат високо, вагата и рибата имаат проблем со меѓусебниот пристап. Така, кога рибата бара помош или совет за нешто, на вагата ù е непријатно да ù го даде, бидејќи не сака да ù го наметнува својот стил и начин на решавање на работите. Од друга страна, рибата се однесува порезервирано и повлечено кога е во присуство на вагата, бидејќи таа е секогаш позборлеста, шармантна и досетлива, па на рибата ù е потешко да дојде до израз.rnrnСе прашувате дали вагата и рибата можат да ги надминат нивните разлики и да уживаат целосно во нивното другарство? Секако дека можат. Доколку вагата се обиде да ја охрабри рибата да си го следи својот инстинкт, секогаш кога ќе почувствува несигурност и ќе побара совет од неа. Рибата секогаш се разведрува и си доаѓа на себе, кога некој ќе ù покаже дека верува во нејзиното интуитивно чувство.rnrnРибите им дозволуваат на нивните емоции да ги водат низ животот, додека вагата се потпира на сопствената логика. Вагата најмногу го почитува чувството за фер-плеј кое го има рибата. Воедно, вагата ја почитува способноста на рибата да сочувствува со другите луѓе.rnrnОвие двајца пријатели најверојатно имаат неколку заеднички интереси како цртање, музика, фотографија и разни спортови како возење ролери, скијање, играње тенис, пинг-понг и друго.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Риби и риби – љубовна комбинација

    Риби и риби – љубовна комбинација

    Оваа љубовна врска претставува унија на две сензитивни и емоционални личности. Рибите се искрени, умеат добро да комуницираат, а помеѓу нив постои цврста и длабока емоционална и спиритуална конекција. Двајцата партнери сметаат дека нивната скапоцена врска е најпрекрасното нешто на светот и дека не би можела да биде подобра одошто е. Тие ја сакаат убавината и мирот како ниеден друг знак во зодијакот и се подеднакво посветени на одржување на нивната љубов најидеална што е можно.Риби и риби – љубовна комбинацијаПасивната природа на рибите е она што им овозможува на овие партнери да поминат многу спокојни моменти заедно. Но, рибите знаат да бидат премногу лежерни и безгрижни, дури и наивни, а се и екстремно чувствителни на негативна енергија. Две риби во љубовна врска можат да станат мрзливи, индиферентни и да го извлечат најдоброто или најлошото еден од друг. Тие се најчесто неспособни да си постават граници, ниту на себеси ниту на другите и имаат тенденција премногу да заталкуваат во нивниот свет на фантазии.rnrnРибите најчесто ги избегнуваат конфликтите, на начин што нема да реагираат никако, ќе се затворат во некој нивен илузорен свет или ќе постанат нереалистично оптимистични во врска со проблемите. Флексибилноста која ја поседува овој хороскопски знак, е карактеристика која им овозможува на овие љубовни партнери лесно да комуницираат, да се прилагодат на секоја ситуација и да бидат одлични пријатели и љубовници.rnrnРибите се предводени од планетите Јупитер и Нептун. Овие партнери ставаат огромен акцент на вредностите и на етиката и кон животот гледаат низ една филозофска призма, која е резултат на влијанието на планетата Јупитер. Нептун во оваа љубовна врска внесува имагинација, мистерија, апстрактно размислување и љубов на партнерите кон поп културата. Рибите се знакот на услужувањето. Секој од партнерите го облева другиот со безусловна љубов, еден куп нежности и внимание. Типично во оваа љубовна врска, е партнерите меѓусебно да си купуваат „фенси“ подароци, да практикуваат појадок во кревет и да одат честопати надвор од градот на викенд.rnrnРибите се чувствуваат среќно кога ги исполнуваат желбите и потребите на оние кои ги сакаат. Тие се познати по нивната адаптибилност на дадената ситуација. Меѓутоа оваа нивна карактеристика понекогаш може да биде опасна за рибата, бидејќи нивните лични потреби, интереси и желби може да си ги засенат и занемарат.rnrnРибите мораат навистина да се фокусираат и да се посветат себеси кон остварување на нивните лични планови и цели. Во прилог на нивната врска ќе биде доколку секој од партнерите успее да го охрабри другиот да се бори доволно за да успее.rnrnЧестопати отсутни во мислите и индиректни по природа, рибите добро функционираат кога се инспирирани од некоја цврста иницијативна сила. Кавги се ретка појава овде. Во оваа врска ќе има малку или речиси ич недоразбирања, сè додека партнерите размислуваат заеднички со нивните глави и срца. Во оваа врска постои голема привлечност и обожување меѓу партнерите и тие обострано уживаат во нивниот безгрижен и опуштен пристап кон животот.rnrnНајдобриот аспект на љубовната врска риби-риби е неверојатната леснотија со која тие ги решаваат работите и нивната голема слога и разбирање. Тие се мајстори во зодијакот кога станува збор за создавање една мирна и едноставна љубовна врска, на која секој би позавидел. Рибите се многу лојални, верни и добродушни партнери полни со љубов. Во ваквата љубовна комбинација секој од партнерите, ќе биде тука за својот љубен кога најмногу ќе му биде потребен. Конекцијата која овие партнери ја имаат, се чини како да е нераскинлива.

  • Надворешен изглед на рибите

    Надворешен изглед на рибите

    Општи карактеристики

    rnПрипадниците на хороскопскиот знак риби се најчесто слаби, но имаат тенденција да ги зголемат килограмите во текот на животот. Тие имаат овален облик на лицето, убави обравчиња, мал нос, густи веѓи и полни, сензуални усни, а нивниот поглед е длабок, мечтателски и истовремено детски. Овие личности најчесто имаат крупни, убави, забележителни очи, со „воден изглед“, кои претставуваат огледало на нивните силни емоции. Рибите имаат „топла“, шармантна насмевка, нежна кожа, тркалезни или мускулести рамена и најчесто ниски, а дури и оние високите припадници на овој хороскопски знак, делуваат како да се малечки. Движењата на рибите се брзи, но грациозни.rn

    Карактеристични стапала

    rnНајкарактеристичен и најчувствителен дел од телото кај рибите се стапалата. Некои припадници на овој хороскопски знак имаат убави, малечки стапала, кои одлично се вклопуваат на телото, а други имаат необични, специфични или големи стапала, кои отскокнуваат од контурите на другите делови на телото. Како и да е, кај рибите можат да се јават проблеми со овој дел од телото, па затоа треба да ги негуваат со разни креми и секогаш да носат удобни обувки. Овие луѓе најчесто имаат потреба од почеста масажа на стапала во однос на другите знаци.rnrnНадворешен изглед на рибитеrn

    Влажни дланки

    rnНежноста и интуитивноста на рибите се забележува во нивните очи, но и во нивните меки, влажни дланки. Прстите им се тенки и конусни на врвовите кај ноктите, а дланката им е подебела и цврста. Токму дланките ги симболизираат двете планети кои управуваат со рибите, Јупитер (огнен елемент) и Нептун (воден елемент).rnrnНадворешен изглед на рибитеrn

    Очи кои сонуваат

    rnПрипадниците на хороскопскиот знак риби имаат длабок, далечен поглед во нивните очи, па делуваат како да сонуваат некој убав сон, а отсликуваат слобода, мистерија и спиритуална длабочина. Нивниот поглед е „вкочанет“ во далечина и изгледа како да живеат во утопија, која одеднаш постанала реалност. Поради овие причини, очите на рибите се најверојатно најубавите очи во зодијакот.rnrnАко се заљубите во некоја риба, најверојатно ќе се прашувате себеси, „Како може да имаш толку убави очи?“rnrnНадворешен изглед на рибитеrnrnВсушност, сите водени знаци имаат карактеристични очи. Скорпијата има продорен поглед, кај ракот очите изгледаат како тој штотуку да се разбудил од спиење, а на рибите се искрени, длабоки и нежни и особено ако се сини или зелени, изгледаат како едно бескрајно море. Затоа, на секој би му било тешко да го тргне погледот настрана од очите на рибите.rn

    Нежни, благи кадрици

    rnКосата на рибите е најчесто нежна и брановидна, а варира од руса до темно кафена боја.rnrnМашките претставници на овој знак најчесто имаат благи кадрици, поради што личи како да носат венец на главата. Поради тоа, тие најчесто ја потстрижуваат нивната коса многу кратко или ја пуштаат да им порасне долга.rnrnЖенските риби го прават токму истото како и машките, ја носат косата долга или кратка, а не со средна должина. Таа е нежна и мека на допир и им дава една грациозност и женственост.rnrnНадворешен изглед на рибите
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и девица – љубовна комбинација

    Риби и девица – љубовна комбинација

    Партнери со хороскопски знаци риби и девица можат да изградат една навистина здрава љубовна врска. Тие се спротивни знаци во зодијакот, кои заеднички создаваат рамнотежа, на начин што едниот ги надоместува недостатоците на другиот. Тие се едно лекомислено, добродушно и хуманитарно дуо, кое честопати има тенденција да го посветува своето време, помагајќи им на другите луѓе.Риби и девица - љубовна комбинацијаОбожавањето кај овие партнери е обострано и тие сакаат да си се разгалуваат. Двајцата тежнеат кон хармонична љубовна врска, која е навистина реално да ја имаат бидејќи се сложни и сочувствени по природа. Девицата може да и помогне на рибата да ги оствари нејзините соништа и амбиции, така што ќе и ги покаже соодветните начини потребни за да ги претвори нејзините идеи во реалност. Девицата претставува стабилна и спремна личност за емоционалната и интуитивна риба. Од друга страна, рибата може да и понуди нежност, љубезност и емоционална длабочина на девицата, а таа со сигурност ќе ги почитува овие особини.rnrnДевицата ја интересира материјалниот свет и удобното живеење, поради што на моменти не може да го разбере едноставниот став кон работите кој го има рибата. Погледите кон животот на овие два знака можат да бидат многу спротивставени. Доколку еднаш успеат да ги прифатат и надминат нивните разлики и научат да ги комбинираат нивните различни енергии, нивната врска ќе биде задоволувачка за двајцата партнери.rnrnДевицата е предводена од планетата Меркур, а рибата од Јупитер и Нептун. Кога влијанијата на Меркур и Нептун се комбинираат, може да се создаде фантастична духовна конекција. Миксот од овие три планети, го прави ова партнерство идеалистичко. Влијанието на Јупитер во рибите, пак, додава една позитивна енергија, филозофски пристап, раст и развој во оваа врска. Ова трио од планети репрезентира добра комуникација меѓу партнерите, емпатија, имагинација и креативност.rnrnРибата е родена за да оствари добри односи со човечкиот род, благодарение на нејзиниот поетски дух и добродушност. Девицата има стабилен поглед кон животот и може да внесе поголема рамнотежа во карактерот на рибата.rnrnНо, премногу добро може да постане лошо, доколку партнерите не се доволно внимателни. Непостојаноста на рибата може да ја нервира девицата, а на рибата, пак, може да и засмета претераната педантност и научен пристап на девицата. Но, и покрај нивните разлики, на овие двајца партнери ќе им биде лесно да ги надминат недоразбирањата.rnrnРибите и девицата имаат тенденција постојано да го менуваат нивниот интерес од една кон друга работа, како што ги водат чувствата. Партнерите меѓусебно се инспирираат и си помагаат и притоа формираат врска во која постојано извираат нови идеи и струење на возбуда во нивната крв. Конфликтите помеѓу нив се ретка појава и во принцип се решаваат сами по себе, бидејќи двајцата партнери ја разбираат уметноста на компромисот.rnrnНајдобриот аспект од љубовта помеѓу риби и девица е нивниот комплементарен и меѓусебно хармоничен однос. Она што ќе ја одржи нивната врска долготрајна и цврста, е нивната приврзаност и способноста на секој од партнерите да ги разбере чувствата на другиот. Сите нивни пријатели ќе им завидуваат на нивната посветеност во врската.

  • Риби и лав – љубовна комбинација

    Риби и лав – љубовна комбинација

    Во љубовната врска помеѓу риби и лав, двајцата уживаат во поинаквата перспектива што ја има нивниот партнер кон животот генерално. Лавот е силен и самоуверен знак, кој секогаш чувствува слобода да го прави она што го сака и ја има заповедничката улога во своето опкружување. Рибите пак се потивки, резервирани интроспективни. Во главно овие два знака се тотално спротивни, но она што е заедничко за двајцата е тоа што се „сонувачи во душа“. Кога помеѓу нив постои љубов, тие умеат меѓусебно да ги пополнат „празнините“ на својот партнер и да оформат нежна љубовна врска, во која двајцата можат да бидат вистински среќни.Риби и лав – љубовна комбинацијаЛавот е лидер во душа и кога тој е во врска со риба, најчесто постанува заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат, му ја дава целосната поддршка која му е потребна за остварување на неговите амбиции и секогаш ги поддржува неговите „перформанси“ во социјалните збиднувања, односно таа е неговата „верна публика“, која му е толку потребна на лавот.rnrnРибата е многу флексибилна личност, која умее да се прилагоди на речиси секоја ситуација. Таа има тенденција комплетно да се предаде на својот љубовен партнер. Нејзиното добро срце и овозможува да го запознае лавот на начин, на кој повеќето други хороскопски знаци не умеат. Рибата со нејзината трпеливост и попустливост умее да ги „убие“ дрскоста, наметливоста и вообразеноста на лавот, кои му доаѓаат до израз кога тој е сингл. Лавот воопшто не е срамежлив кога не е во врска, за разлика од рибата која кога е сама, најчесто е прилично повлечена.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, а рибите од Јупитер и Нептун. Сонцето внесува живот, свежина, топлина и самодоверба во лавот. Нептун се однесува на идеите, илузиите и гледањето на работите од пошироката перспектива, но и на неисполнетите соништа и нереалните фантазии на рибите. Лавот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините илузии во реалност. Нептун и овозможува на рибата да ја „омекне“ крутоста и насоченоста кон сам себе на лавот, притоа канализирајќи ја неговата енергија кон покреативни и плодотворни нешта.rnrnЛавот и рибата можат да бидат многу среќни и успешни заедно, доколку успеат да ги сфатат потребите на својот партнер, преку анализа на неговите емоции и преку заедничка работа на креативни проекти, кои би ги работеле со душа.rnrnРибата може да му помогне на лавот да стане поскромен и да ги зема во предвид потребите и на другите луѓе, додека лавот пак може да ја научи рибата да се релаксира малце, да излезе во надворешниот свет и да се бори за она што и припаѓа.rnrnКонфликт помеѓу овие двајца партнери може да настане ако рибата стане премногу емотивна, со што би го „убила“ ентузијазмот на лавот. Во таквите ситуации на лавот може да му дојде „преку глава“ и ги повреди чувствата на рибата. Овие партнери мораат ефективно да комуницираат, за да го обезбедат потребниот баланс во нивната врска.rnrnРибата не се чувствува убаво во улога на „шеф во врската“. Нејзина најголема сатисфакција преставува подобрување на целиот универзум, притоа почнувајќи од подобрување на животот на нејзиниот партнер. Лавот, од друга страна, често има некоја идеја на ум за тоа какви промени од помал размер би можело да се направат во нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација риби – лав е отвореноста на партнерите кон учење нови нешта од својот љубен/а. Рибата му покажува на лавот како да биде погрижлив и чувствителен, а тој ја учи како да ги претвори нејзините соништа во реалност, преку делување а не со фантазирање. Нивните спротивставени карактери им овозможуваат меѓусебно да си ги надополнуваат недостатоците на својот партнер, на начин на кој и двајцата се задоволни, исполнети и среќни.

  • Риби и рак – љубовна комбинација

    Риби и рак – љубовна комбинација

    Љубовната комбинација помеѓу риби и рак претставува позитивно соединување на две големи души. Двата знака се во основа толерантни и сочувствени, а рибата добива бран на енергија од идеите кои ги има ракот. Таа може да му ги отвори очите на нејзиниот рак, кон светот на креативноста и духовноста. Практичноста која ја има ракот, пак може да биде водич за рибата, кој ќе и помогне да ги реализира нејзините соништа и утописки идеи. Она што го прави овој пар „небесен“, е нивната неверојатно цврста и повеќеаспектна емоционална конекција.Риби и рак - љубовна комбинацијаРакот ги цени материјалните работи, удобниот живот и богатиот дом, па понекогаш може да не умее да го сфати едноставниот, минималистички животен стил на рибата. И покрај тоа што овие двајца партнери може да имаат различен животен стил и да тежнеат кон остварување на различни цели, сепак она што секогаш ќе ги поврзува и ќе додава вредност на нивната врска, е нивната емоционална длабочина и поврзаност.rnrnРакот е управуван од Месечината (емотивност), а рибите од Јупитер (филозофија) и Нептун (илузија и соништа). Кога Месечината и Нептун се поврзуваат, создаваат една духовна конекција. Двата знака зрачат со нежна, женствена енергија. Заеднички, тие создаваат една идеалистичка, речиси божествена унија, во која акцентот е ставен на заедничките соништа и илузии на партнерите. Рибата е воедно предводена и од Јупитер, планетата на среќата, која додава мажествена енергија на оваа комбинација и репрезентира филозофија, развој и неумереност. Природата на оваа љубовна комбинација е утопистичка и е облеана со емоционална интригантност. Емоција, длабочина, топлина и развиток – сето ова звучи премногу добро за да биде вистинито нели? Но, не и за овој пар.rnrnОвие два хороскопски знака очекуваат многу од нивните љубовни врски. Ракот треба да внимава да не ја попречува рибата во нејзиното мечтаење, бидејќи таа ќе почне да се задушува од премногу барања. Рибата живее за да креира добра конекција со луѓето во нејзиниот живот и кога таа нејзина карактеристика доаѓа во комбинација со интуицијата и нежноста на ракот, нема поцврста врска од оваа.rnrnЗа да не се претопи нивната врска во еден нереален романтичен идеализам, помага стабилниот поглед кон животот кој го има ракот. Тука не станува збор за тоа дека ракот некако успева да се справи со мечтателската природа на рибата. Ракот искрено ја разбира емоционалната двосмисленост на рибата и може да и помогне да ја стабилизира нејзината фантазерска природа. Недоразбирања во оваа љубовна врска може да настанат доколку рибата се умори од отсутноста и расеаноста на ракот, а на ракот пак може да му здодее од нарцисоидноста на рибата. Во секој случај, на овој пар му е прилично едноставно да постигне компромис.rnrnИнтуитивен во љубовта и во животот воопшто, ракот сака да ги реализира целите со добро осмислена идеја на ум и цврст план запишан на лист хартија, за да може ги следи неговите етапи. Рибата од друга страна, најчесто во реализирањето на своите цели се потпира на инстинктот. Дури и ако ракот, како нејзин љубовен партнер, и го состави планот на хартија и ѝ го даде готов, таа, метафорично кажано, најверојатно ќе го изгуби. Тоа значи дека ракот треба да и даде на рибата слобода да си ги следи нејзините сопствени интереси и да и овозможи да си го прави ќефот без да биде уплашена од неговите побарувања и очекувања од неа. Рибата може да му покаже на ракот дека успешното завршување на работите, може да биде многу поважно од самата иницијатива за истите и дека компромисот без борба, понекогаш може многу да се исплати.rnrnРибата и ракот меѓусебно се „хранат“ од енергијата на својот љубовен партнер и се многу комплементарни љубовници. Најдобриот аспект од нивната врска е нивната слична емоционална природа. Тие одлично се разбираат, меѓусебно се поддржуваат и негуваат и двајцата умеат да се стават и во улога на ученици и во улога на наставници. Хармонијата, приврзаноста и соживувањето со ставовите и чувствата на својот љубен, е она што го одржува ова партнерство многу цврсто.rnrn

  • Риби и близнаци – љубовна комбинација

    Риби и близнаци – љубовна комбинација

    Во љубовната врска помеѓу риби и близнаци постои меѓусебна симпатија и задоволство. Близнакот е интелигентен, слаткоречив и мозокот му работи брзо, па благодарение на овие негови карактеристики може да внесе еден хумористичен бран во животот на рибата, како и да и даде интелектуална насока, која може да и помогне да го фокусира нејзиниот фантазерски поглед кон светот.Риби и близнаци - љубовна комбинацијаРибите имаат интуитивна дарба. Тие лесно остваруваат конекција со другите луѓе на едно суптилно емоционално ниво, а нивната мечтателска природа ги прави многу отворени и дружељубиви личности. Накратко кажано, рибите очекуваат да го „извлечат“ од луѓето дури и она што некои би го нарекле невозможно и доста вешто го прават тоа. Близнаците се исто така слободоумни, многу пргави и флексибилни луѓе, а нивна најголема дарба е способноста да ги погледнат сите аспекти на ситуациите. Оваа врска е базирана токму на флексибилност и поврзаност. Близнаците и рибите не само што можат да бидат одлични љубовници, туку и добри другари.rnrnНа рибата може да и бидат повредени чувствата доколку близнакот честопати кажува премногу непотребни зборови пред да размисли. Но, дури и кога имаат проблеми овие партнери знаат да заборават и простат брзо. Никој од нив нема тенденција да „држи лутина“, рибата бидејќи знаат дека нивниот партнер има искрени намери, а близнакот бидејќи не сака да си го троши времето размислувајќи на „старите рани“.rnrnБлизнаците се управувани од Меркур, планетата на комуникациите, а рибите од Јупитер, кој е симбол на среќа и Нептун (илузија). Јупитер кој се однесува на филозофијата, среќата и учењето, ја води рибата да посака да дознае што се крие длабоко под површината на работите, а Нептун му ја дава таа „мечтателска нота“. Меркур пак се однесува на бистриот инвентивен ум кој го има близнакот.rnrnРибата умее да ги сфати непресушните идеи на близнакот, на едно длабоко интуитивно ниво. Интересно во оваа љубовна комбинација, е тоа што постои микс од интелектуален, емоционален и интуитивен поглед кон животот, што му овозможува на овој пар да донесува многу стабилни одлуки. Ако рибата и близнаците заеднички работат на нешто, тие можат да достигнат многу голем успех.rnrnЕдинствен нивни проблем се комуникациските недоразбирања, кои можат да настанат ако рибата се чувствува како близнакот да не ја разбира, или ако близнакот се почувствува задушен од чувствителноста на рибата. Добрата работа е тоа што двајцата партнери се трудат да ги преболат нивните сопствени повредени чувства. Овие два знака се многу компатибилни. Тие се многу прилагодливи, попустливи и лесно се справуваат со промени. Тие исто така имаат тенденција многу често да се предомислуваат, па олеснителна околност е тоа што се многу отворени и искрени. Ниеден од партнерите во оваа врска не чувствува потреба да биде „главен“ и тие меѓусебно си даваат доволно простор и слобода.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација близнаци-риби, е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и исползувањето корист од нивниот различен вид интелигенција. Тие имаат слични интереси, флексибилни се еден спрема друг и дефинитивно може да си каже дека многу си одговараат како пар.