Љубовното партнерство сочинето од риби и бик, во главно е среќно и хармонично. Нивната врска има тенденција да биде базирана на добра карма и меѓусебна поддршка и разбирање. Додека рибата е импресионист, кој сака да идеализира и мечтае, бикот и поприземен и практичен. И двата знака умеат да ја негуваат нивната врска и да ја одржуваат стабилна и балансирана.
Бикот и рибите имаат многу нешта да си понудат еден на друг. Бикот благодарение на својот приземен пристап кон работите, може да и укаже на рибата на кој начин да ги претвори нејзините соништа во реалност, а таа за возврат ќе му понуди на бикот разбирање, нежност, љубезност и сочувственост– карактеристики кои бикот ги обожава и сака да бидат дел од неговиот љубовник. Одвреме-навреме бикот најверојатно нема да може да го разбере навидум едноставниот поглед кон животот на рибата. Во реалноста се разбира, рибите не се воопшто едноставен знак. Тој спаѓа во категоријата водни знаци, а водата симболизира длабоки емоции.rnrnБикот е предводен од Венера, планетата на љубовта, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Кога влијанијата на Венера и Нептун се соединуваат, создаваат една фантастична спиритуална конекција. И бикот и рибите, зрачат со нежна, женствена енергија, а во комбинација, тие формираат една идеалистичка врска која се граничи со божественоста. Јупитер додава мажествена енергија на оваа комбинација. Оваа планета репрезентира филозофија, развиток и неумереност.rnrnОвие два знака заеднички можат да ја креираат љубовта од бајките за која и двајцата отсекогаш сонувале. Тие во оваа врска може да се чувствуваат како Рајот да дошол на Земјата. Недостатокот на ова романтично љубовно гнездо се состои во тоа што, оваа опојна, фантазерска конекција може да се состои само од тоа – соништа, илузии, фантазии. Во секој случај, бикот и рибата се високо компатибилни знаци.rnrnБикот може да и помогне на рибата да ја стабилизира нејзината чувствителност, додека таа може да внесе малку „магија“ во практичниот начин на решавање на работите кој го има бикот. Но, партнерите сепак треба да бидат внимателни, бидејќи и премногу добро, не е добро. Бикот е секогаш подготвен, упорен, тврдоглав, практичен и фокусиран на една работа во еден момент, додека рибата го сака чувството на преминување од една на друга мисла, зависно од расположението. Бикот може да се умори од емоционалната нестабилност на рибата, а таа може да се почувствува како бикот да не е доволно емотивен кога станува збор за нејзините потреби. Крутоста на бикот, може да ја „убие“ флексибилноста која ја има рибата.rnrnДобрата работа е тоа што, генерално на овие два хороскопски знака им е лесно да пронајдат начин да ги надминат нивните разлики. Рибата може да го поучи бикот дека заедничкото размислување понекогаш може да донесе подобри резултати (две глави мислат подобро од една), отколку едностраното, фиксно решавање на работите на неговиот еден и единствен начин.rnrnНајдобриот аспект на љубовната комбинација риби – бик е комплементарноста и хармоничноста на нивните различни емоционални природи. Тоа што и двата знака сметаат дека поддршката и посветеноста помеѓу партнерите треба да ги има секоја љубовна врска, е она што ќе ги одржи нив двајца на долг рок, во цврсто заедница.
Category: Риби
-

Риби и бик – љубовна комбинација
-

Риби и овен – љубовна комбинација
Љубовната врска составена од партнери со хороскопски знаци овен и риби, може да биде многу здрава за двајцата партнери. Овенот е силен знак, кој речиси секогаш се потпира на своите инстинкти и ги следи без два пати да размисли за евентуалните последици од сопствените постапки. Мечтателната риба е помирна и интерна личност, па не е изненадувачки што таа е нарекувана „поетот во зодијакот“.
Однадвор овенот и рибата може да изгледаат како неинтересен пар, но ако меѓу нив постои вистинска љубов, овие партнери можат меѓусебно да си ги остварат сите нивни соништа. Рибата е генерално многу интуитивна личност, дури и на љубовен план може да ги предосети емоциите и моменталното расположение на својот партнер, благодарение на што честопати умее да воспостави баланс и хармонија во нивниот однос. Овенот пак е независен лидер, кој постојано покрева иницијатива за остварување на неговите планови и желби, но треба да внимава да не изгледа себично и скржаво во очите на рибите.rnrnКога овенот ќе констатира дека некоја особа му е многу атрактивна, тој инстантно „трга во акција“ на освојување на истата, без грам двоумење. Кога „жртвата“ е нежната личност со хороскопски знак риба, овенот се става себеси во улога на нејзин заштитник. Интересната работа е тоа што вистинскиот заштитник во оваа врска е токму рибата, бидејќи е интуитивна личност, која умее да го разбере нејзиниот „бурен“ овен на едно длабоко ниво и да му обезбеди релаксирачко засолниште во нејзините прегратки.rnrnДарежливата риба знае толку да се соживее, да сочувствува со емоциите на другите луѓе, што понекогаш може да почне да се чувствува како черга за бришење чевли. Таа тотално се предава на нејзиниот партнер и ако тој не го направи истото, може да настанат проблеми во нивната врска. Но, способноста на рибата да го разбира овенот подлабоко, во однос на повеќето хороскопски знаци, може да го ублажи ваквиот проблем. Рибата меѓу другото знае како да го спречи овенот да постане премногу наметлив и непромислен. Кога се испреплетуваат директниот пристап на овенот и интуитивното разбирање на емоциите на другите луѓе од страна на рибата, овие партнери, со заеднички сили формираат динамичен тим.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс која ја симболизира неговата страст, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузија). Марс внесува страсна активност во „сонливиот“ Нептун. Тоа значи дека овенот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините фантазии во реалност. Јупитер од своја страна и овозможува на рибата да биде способна да ја ублажи преголемата искреност и отвореност на овенот.rnrnВо ова љубовно партнерство можни се недоразбирања одвреме-навреме, но во секој случај овенот и рибите може да бидат одличен тим. Рибата може да му помогне на овенот да се опушти малце и да му покаже како да научи да ги „слуша“ емоциите на другите луѓе. Овенот од своја страна, пак, може да и покаже на рибата како да излезе надвор во реалниот свет и да презема ризици кои навистина би и се исплатиле и би и донеле успеси. Ова е навистина корисна лекција за рибата, која дефинитивно е доволно мудра да процени кои ризици е добро да ги преземе, а кои е најдобро да ги избегне. За да успее нивната љубовна врска, овенот и рибата треба да научат добро да преговараат и така да ја потврдат и одржат нивната хармонија.rnrnЗа разлика од овенот, рибата не чувствува потреба да биде лидер во врската. Таа сака да ја „подаде нејзината рака“ секаде каде што е тоа потребно, но не сака да биде главен координатор на проекти, што е добро бидејќи овенот ја сака таа позиција за себе. Благодарение на нивните различни потреби и очекувања во хиерархијата на нештата, овие два знака заеднички можат да успеат да создадат хепиенд на секоја задача на која ќе решат да работат.rnrnНајдобриот аспект од љубовното дуо риби-овен, е тоа што овие двајца партнери имаат да научат многу еден од друг. Рибата го учи овенот како да се грижи и да сочувствува со другите луѓе. Овенот ја учи рибата како да си ги оствари нејзините соништа, а не само да мечтае за нив. Нивната љубов е дефинитивно базирана на меѓусебно давање. -

Астролошки профил на родените во знакот риби
(19 февруари – 20 март)rnrn
Интуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат. Повеќето луѓе родени во знакот на риби, имаат вроден креативен набој. Тие имаат уметничка душа и нивната потреба да создадат нешто убаво е многу силна.rnГолеми сонувачи
rnРибите го гледаат светот низ „розови очила“ и оваа нивна перспектива се одразува на сите нивни зборови и дела. Тие живеат во некој свој совршен свет, дури и кога се целосно свесни за лошата страна на човештвото. Во нивниот свет сè е добро и прекрасно. Тие имаат јака меморија и тенденција да ги запаметат најситните детали. Позитивниот пристап кои тие го имаат кон животот, делува оптимистички на сите во нивна близина.
Рибите не ги интересираат материјални работи и немаат тенденција да „трчаат“ по пари. Не дека тие имаат нешто против богатството, но едноставно се свесни дека тоа е променлива состојба. Рибите не се плашат од тоа што им го носи иднината. Како што е прикажано на нивниот хороскопски симбол, две риби кои пливаат во спротивен правец, тие или се движат каде што ги води патот или се борат против она што не им се допаѓа. Само доколку ја изберат втората опција, рибите ќе бидат вистински среќни и комплетно исполнети. Ако успеат да го сфатат тоа, тие ќе го достигнат највисокото скалило на успехот.rn.rnСпокојни и стабилни
rnЕдна од основните карактеристики на овој хороскопски знак е неговата успокојувачка стабилност. Дури и во најлошите бурни ситуации, рибата никогаш не паничи и воспоставува баланс и мир кај сите околу неа. Рибите се последниот знак во зодијакот благодарение на што во нив има мешавина од квалитетите на останатите знаци. Поради оваа нивна сложеност, навистина е тешко целосно да го разберете овој знак.
Рибите имаат одлични организациски способности и обрнуваат внимание на детали како девицата, имаат здрав и рационален суд како вагата, сочувствуваат со другите луѓе и имаат променливо расположение како ракот, искрени се и љубезни како стрелецот, ги сакаат луѓето и вниманието свртено кон нив како лавот и се аналитични како водолијата. Истовремено се многу комуникативни како близнаците, пасивни и тврдоглави како бикот, можат да ги дознаат вашите најдлабоки тајни како скорпијата, одговорни се и принципиелни како јарците и се оптимистични, невини и големи ентузијасти како овенот.rn.rnМногу дарежливи
rnРибите се големи алтруисти кои сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Тие се дарежливи и сакаат да помогнат секаде каде што можат. Ако побарате од нив, тие буквално би ја соблекле маицата од нивниот грб за да ви ја дадат вам. Рибите умеат да допрат до срцата на другите луѓе и уживаат помагајќи им да го остварат нивниот потенцијал во целост. Вродената сензибилност која ја имаат рибите, ги прави личности кои имаат огромно разбирање за чувствата на другите. Како и да е, рибите мораат да внимаваат нивната добродушност и дарежливост да не биде злоупотребена.rn.rn
Спиритуални и интуитивни
rnРибите се духовно богати личности, но тоа не мора да значи дека тие се приврзаници на некоја религија, иако и тоа може да биде случај. Поконкретно кажано, тие едноставно „чувствуваат“ дека постои некаков ред во универзумот и дека имаат длабока конекција со семоќниот.
Рибите имаат одлична интуиција, па ако некој припадник на овој хороскопски знак ви каже да не излегувате некој ден од дома, подобро послушајте ги. Нивното „шесто сетило“ им овозможува да имаат јасна визија за чувствата на другите луѓе.rn.rnХуморот како маска
rnРибите имаат тенденција кон расправање, кога знаат да даваат многу саркастични коментари и да „боцкаат со нивното остро јазиче“. Најдобриот момент е што и покрај тоа што нивната лутина трае долго, кога ќе им помине повторно стануваат свои, како ништо да не се случило. Рибата ја обожава природата, уметноста од секаков вид и е многу амбициозна. Таа сака да им помага на луѓето кои имаат некаков проблем, притоа трошејќи голем дел од својата енергија. Наспроти тоа, другите луѓе никогаш не можат да „прочитаат“ кога на рибата и се повредени чувствата. Таа ги крие нејзините најдлабоки емоции зад нејзината смисла за хумор. Хуморот може да биде нежен и невин или ладен и безмилосен. Како и да е, хуморот на рибата најчесто претставува маска зад која се крие некоја друга нејзина емоција.
rnИнтроспективни
rnОвој знак е екстремно интроспективен, односно ја испитува и ја набљудува сопствената внатрешност. Таа нивна моќна карактеристика, кога се користи во позитивна смисла може да создаде една страсна и артистична индивидуа, со голема интуиција и сочувственост за другите, благодарение на што можат да бидат големи хуманитарци. За жал оваа страна на рибите е честопати негативно засенета од нивните депресивни чувства. Овој нивни песимистички аспект е резултат на нивната променлива природа, која ги прави нестабилни личности.
Кога не користат самоанализа за запознавање на себеси од интелектуален аспект, може да доведе до некои негативни опсесии кај нив. Како нестабилна индивидуа, ваквото однесување може да предизвика разни зависности и невротичност. Во позитивна смисла, рибите најчесто имаат тенденција интроспективноста да ја насочат кон продлабочување на нивните уметнички способности кои ги поседуваат од самото раѓање. Гледано пошироко, потребата да бидат зависни од нешто, кај рибите може да биде и здрава, како на пример потребата за често смеење или спортување. Во секој случај, на рибите им е потребна умереност и баланс за да се чувствуваат стабилно.rn.rnАртистични
rnФактори кои создаваат непријатно опкружување за рибата, можат негативно да се одразат на нејзината личност, особено ако тие се присутни од најмала возраст. Но, ако рибата е израсната во пријатна и стабилна околина, таа ќе може да ја развива нејзината креативност и да има пообјективна визија благодарение на која ќе може да создава уметност со голема тежина.rn.rn
Сексуалноста на рибите
rnДлабоката спиритуална енергија на рибите, во голем дел е изразена во нивната сексуалност. Овој знак има желба да го идеализира својот љубовен партнер. Припадниците на овој хороскопски знак сакаат да се пожртвуваат себеси со цел да го усреќат својот партнер. Но, оние кои се во љубовна врска со риби мораат да бидат внимателно со овој дел од нивниот карактер. Дури и ако сте авантуристи во сексот и не ви смета да бидете „доминирани“, потсетете се дека една здрава сексуална врска треба да биде базирана на меѓусебна почит.
Рибите ја обожаваат музиката, уметноста, глумата и сè што вклучува креативност. Ова е една од причините зошто рибите се и сексуално креативни битија, кои сакаат акција во креветот. Овој аспект на нивната сексуалност лесно може да биде изразен преку „одигрување улоги“ и други сексуални игри. За да го одржи овој аспект позитивен, рибата треба да се обиде да се поврзе со партнер кој има уметничка душа, но истовремено е и здрав за неа.rn.rn- rn011
- Идеални професии за риби: актери, сликари, скулптори, танчери, доктори, поети, писатели, фотографи, психијатари, пејачи, ветеринари
- Рибите најмногу си одговараат со: бик, рак, скорпија, јарец.
- Омилени бои: сина, зелена, виолетова, бела
- Животно мото: „Можам да замислам како се чувствуваш“.
rn011
rn011
rn011
rn
-

Водолија и Риби – љубовна комбинација
Љубовните партнери со хороскопски знаци Водолија и Риби умеат да создадат убава заедничка иднина, бидејќи нивната врска е базирана на почит и разбирање. Рибите постојано „пловат“ во нивните фантазии, а Водолијата константно смислува некоја нова инвентивна идеја и креативен начин за успешно извршување на работите.rnrn
rnrnВодолијата и Рибите навлегуваат длабоко во коренот на актуелните проблеми во нивниот живот и заеднички се обидуваат да пронајдат некакво решение. И двата знака се интроспективни, односно ја анализираат нивната внатрешност.rnrnВодолијата веднаш ги осудува оние луѓе кои не ја делат нејзината визија, додека Рибите се полни со разбирање, дури и за оние кои не го заслужуваат тоа. Овие два знака се одлични пријатели и љубовници. Конфликтите помеѓу нив двајца се ретка појава, но Водолијата понекогаш може да изгледа премногу интелектуално и „студено“ во очите на Рибите. Различната реакција на партнерите во дадена ситуација, може да предизвика „процеп“ во нивната инаку стабилна љубовна врска. Водолијата ги брка од себе оние луѓе кои не се согласуваат со нејзиното мислење, додека Рибите лесно ги прифаќаат туѓите маани. Во некои ситуации овие партнери може да имаат недоразбирања, но генерално тие лесно си опростуваат и брзо забораваат.rnrnВодолијата е управувана од планетите Уран и Сатурн, а Рибите од Јупитер и Нептун. Уран се фокусира на радикалните и иновативни идеи кои ги има Водолијата. Влијанието на Сатурн и дава на оваа врска енергија за спроведување на овие идеи, како и способност за организација на сите детали кои ќе одведат до постигнување на целта. Јупитер се однесува на филозофскиот дух, сочувството и способноста за подучување други која ја имаат Рибите. Нептун се фокусира на спиритуалноста што ја поседуваат Рибите, благодарение на која тие секогаш имаат волја комплетно да ги разберат генијалните и возбудливи идеи на нивната Водолија.rnrnСекогаш кога Водолијата доаѓа до нова идеја, нешто кое често се случува, Рибите се желни да ја разберат на едно интуитивно ниво. Водолијата и Рибите се надополнуваат на интелектуално и емоционално ниво. Врската ја придвижуваат чувства и ставови, во зависност од ситуацијата. Оваа врска претставува флексибилна и прогресивна заедница во која секогаш се случуваат многу нешта. Рибите секогаш своето внимание го вперуваат во интересите на Водолијата, која од смирениот партнер учи како да биде толерантна и „топла“.rnrnОвој пар одлично соработува. Иако некогаш знаат да не се согласуваат, сепак разликите во мислењата помеѓу Рибите и Водолијата не траат долго. Конфликти можат да настанат бидејќи Рибите имаат потреба од емотивна поддршка и нежност, а Водолијата преферира да изнесува нови идеи пред романтиката.rnrnВодолијата секогаш иницира некакви промени, а Рибите ги прифаќаат доколку тие им помагаат и ја подобруваат врската. Кога овие двајца партнери се заедно, тие никогаш не се караат околу тоа кој ќе биде награден за нивните остварувања.rnrnДвата знака подобро се снаоѓаат во отпочнување на нештата, отколку во нивно завршување. Доколку на Водолијата ѝ стане досадно во врската, Рибите многу лесно го согледуваат тоа и продолжуваат понатаму со животот.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата Водолија – Риби е заедничкиот интерес на партнерите за култивирање на знаење и прифаќање на модерните и космополитски идеи. Тие се усогласени во нивниот ентузијазам, енергија и во желбата за вистинска, отворена и искрена врска. Нивните заеднички интереси и карактери ја прават оваа врска компатибилна. -

Јарец и риби – љубовна комбинација
Љубовната врска помеѓу јарец и риби е пример за она што го нарекуваме „спротивностите се привлекуваат“. Јарецот е приземен и сериозен, со многу голема работна дисциплина, а рибата е емотивна мечтателка, која се грижи за потребите на другите луѓе. Во рибата, јарецот гледа нежна и креативна личност, која може да и даде добри совети околу неговата кариера, додека пак рибата во јарецот гледа трудољубива, стабилна и иницијативна особа, која секогаш е подготвена да ги реализира нејзините планови. Врската помеѓу јарец и риби е базирана на искреност, лојалност и приврзаност, па ако овие два знака се сретнат во вистинско време и на вистинско место, ќе креираат едно љубовно гнездо, во кое и двајцата ќе се чувствуваат исполнето и задоволно.
Овие два знака се восхитуваат еден на друг. Јарецот ја цени добродушната и нежна природа на рибата, а таа е воодушевена од остроумноста, снаодливоста и истрајноста на јарецот. Нивната врска може бавно да се развива, но со тек на време таа ќе стане поцврста.rnrnФактот дека овие два знака се привлекуваат како резултат на нивните спротивни карактери, истовремено преставува дар, но и предизвик за нивната врска. Проблеми може да настанат ако јарецот се однесува премногу доминантно кон чувствителната риба, која за да успее нивната врска, мора да сфати дека таа особина на јарецот не треба да ја сфати како личен напад и навреда, туку како дел од неговиот стил на живот. Рибата можеби нема да може лесно да ја прифати тврдоглавоста и упорноста на јарецот за постигнување успеси по секоја цена, но со тек на време таа ќе стане потрпелива и ќе почне да го прифаќа јарецот таков каков што е. Во оваа врска јарецот сака да ја има главната улога, а рибата со задоволство ќе му дава добри психолошки совети, кои ќе му помогнат на јарецот во патот кон реализација на целите.rnrnЈарецот е управуван од планетата Сатурн, а рибата од Јупитер и Нептун. Сатурн е планета која симболизира авторитет, одговорност, посветеност. Јупитер симболизира потреба за учење нови работи, како и придржување кон одредени стандарди на етичко однесување. Влијанието пак на Нептун во рибата се однесува на нејзината илузорна страна. Овие три планети се комплементарни една на друга, бидејќи креираат една емотивно длабока и правична унија, во која партнерите се посветени еден на друг.rnrnДодека јарецот има тенденција да се фокусира на една работа во еден момент, рибата „плива“ од една кон друга ствар, во согласност со бранувањето на нејзините емоции. Поради нејзината флексибилност, рибата може да ја интересираат проектите на кои работи нејзиниот јарец и активно да партиципира во нив. За возврат, јарецот треба да и допушти на рибата да ужива во повеќе работи истовремено и да не си сфаќа премногу лично, кога на рибата ќе и стане здодевно поради неговата посветеност и фокусираност кон некоја работа. Јарецот треба да ги почитува желбите и потребите на рибата, дури и ако таа за кратко време го сменила својот фокус кон нешто друго. Рибата може да му покаже на јарецот дека флексибилноста и позитивниот поглед кон нештата, понекогаш е подобар начин да се реализираат работите на вистинскиот начин, отколку строгата посветеност кон нив.rnrnОвие два знака ја сакаат естетиката, убавината и луксузот, но во однос на нивниот став кон уредувањето на домот, јарецот сака сè да му е под ред, додека рибата е похаотична и несредена. Јарецот е душевно исполнет ако изгради стабилна финансиска империја, а рибата се мотивира почесто но пократкорочно, секогаш кога ќе почувствува креативен набој и ентузијазам.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е уникатниот микс од нивните различни темпераменти. Двајцата партнери сакаат да го делат својот живот со личност покрај себе и сакаат меѓусебно да си помагаат во реализација на нивните цели. Токму нивните разлики се причина зошто овие два знака се високо компатибилни.rnrn -

Стрелец и риби – љубовна комбинација
Кога стрелец и риби стапуваат во врска, нивните љубовни соништа постануваат реалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој постојано нешто размислува, филозофира и без тешкотија преминува од една на друга работа, со ист интензитет на енергија. Рибата е позатворена и духовна личност, која преминува од една на друга работа во нејзиниот мозок. Во некои сегменти тие се многу различни и на луѓето кои не ги познаваат би им било чудно како тие воопшто се „споиле“. Но нивната љубов, со тек на време може сè повеќе да расте и стрелецот и рибите ќе умеат сè подобро да ги остваруваат желбите и мечтите на својот партнер.
Стрелецот е дружељубив, снаодлив и енергичен, а кога е во врска со риби, тој се јавува во улога на заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат му дава тотална поддршка и разбирање и умее на еден суптилен начин да го релаксира незапирливиот стрелец. Таа е лесно прилагодлива личност и нејзината енергија во врската ја насочува кон разбирање, поддршка и сочувствување со нејзиниот стрелец. Рибата е всушност хороскопски знак кој е најтрпелив во однос на резервираноста и дистанцираноста на стрелецот во љубовните врски.rnrnСтрелецот и рибите се предводени од иста планета – Јупитер, а рибата и од Нептун. Јупитер симболизира истражувачка работа, која е на различен начин манифестирана кај двата знака. Влијанието на Јупитер во рибите се јавува на еден апстрактен начин; тие честопати имаат желба да го спасат светот (најчесто во форма на заштита од загадување, преку рециклирање и екологија). Стрелецот од друга страна преферира да ги прошири своите хоризонти преку академско образование. Нептун во рибата внесува илузија, способност за смислување добри идеи, како и гледање на работите од поширок аспект, но во одредени ситуации и разочарување и живеење во фантазии.rnrnСтрелецот може да и помогне на рибата да застане цврсто на земја. Јупитер преку своето влијание врз рибата може да воведе нежност во повремените тврдоглави и непромислени испади на стрелецот. Стрелецот е огнен знак, а рибата воден. Овие два елемента можат да создадат одличен љубовен пар, доколку вложат малку од себе во врската. Тие умеат на еден природен начин да ги доживуваат ситуациите и постапките на луѓето, што пак им го олеснува решавањето на проблемите.rnrnРибите на стрелците можат да им дадат насоки и да ги научат како да бидат понежни, додека стрелците можат да им возвратат учејќи ги како да бидат авантуристи и да го истражуваат светот. Оваа двојка ќе ужива патувајќи заедно.rnrnПонекогаш рибите можат емоционално да го гушат стрелецот, а премногу „вода“ е лошо за неговиот огнен дух. Спротивно на тоа и премногу „оган“ може да ја загрее водата, па рибата да почне да „зоврива“.rnrnСтрелците и рибите мораат да ги употребуваат нивните перспективни вештини за да ја подобрат врската, посветувајќи се секогаш на тоа што му е потребно на партнерот. Ниеден од партнерите не сака да доминира во врската. Тие уживаат еднакво и сакаат нивните идеи да се остваруваат. Рибите се многу среќни кога им помагаат на стрелците. Никој од нив не се преокупира со конечните резултати од направеното, за нив важна е забавата. Бидејќи стрелецот и рибите немаат проблем околу тоа кој која улога ја зазема во врската, тие можат без проблем заеднички да работат кон остварување на нивните цели и да постигнат големи успеси.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата стрелец и риби, е тоа што тие можат да извлечат корист од нивната мудрост и истовремено да се сложуваат совршено. Рибите им покажуваат на стрелците како да се соживуваат и да се грижат, а тие ќе ги научат како да ја претворат фантазијата во реалност. Способноста овие два знака да си ги надополнуваат недостатоците ја прави оваа врска исклучителна. -

Скорпија и риби – љубовна комбинација
Љубовната унија сочинета од партнери родени во хороскопските знаци скорпија и риби, е базирана на огромна почит и разбирање. Двата знака поседуваат голема интуиција и можат да ги почувствуваат мислите и емоциите на својот партнер. Скорпијата е многу темелна, длабока и мистериозна личност, која секогаш постапува на овој или оној начин, во зависност од целта која сака да ја постигне, а рибата е идеалист и мечтател и умее да ги види нијансите на ситуациите. Рибите имаат тенденција одвреме-навреме да се повлекуваат во нивните мисли и токму поради тоа, ќе и простат на скорпијата што понекогаш е мистериозна и затворена. И скорпијата и рибите располагаат со голема способност за забележување на она што се крие под површината на работите и умеат добро да претпостават кои се скриените намери и мисли на луѓето околу нив.
Скорпијата може да и помогне на рибата да ги оствари своите соништа и амбиции, односно да ги претвори нејзините идеи во реалност. Скорпијата ќе ја гради нивната врска на цврст темел, безрезервна почит и верност, со цел емоционално да се приврзе со својот партнер, а непостојаната, интуитивна риба цврсто ќе се „заплетка“ во оваа нејзина љубовна мрежа. За возврат, рибата ќе и понуди на скорпијата нежност, внимание, солидарност, добрина и разбирање. Таа се восхитува, ги обожава и цени тие карактеристики на нејзината риба.rnrnСкорпијата сака да поседува финансиска стабилност и удобност, а често создава и интензивни емоционални драми, па на моменти не може да ја разбере едноставната, дарежлива и милосрдна риба. На почетокот на врската скорпијата и рибите изгледаат како да се многу слични по карактер, но на подолг рок тие постепено ќе ги увидат нивните различности. Ако успеат да ги надминат нивните различни погледи кон одредени работи, нивната врска навистина ќе вреди.rnrnМарс и Плутон управуваат со скорпијата, а Јупитер и Нептун со рибите. Марс го симболизира античкиот бог на војната, а луѓето родени во хороскопскиот знак скорпија се жив доказ за храброст, дрскост, агресивност и упорност. Во комбинација со Марс, Плутон симболизира нови почетоци. Влијанието на Јупитер ги прави рибите паметни личности кои имаат филозофски начин на размислување, благодарение на кое можат интелектуално да се развиваат. Влијанието пак на Нептун, ги прави рибите големи фантазери и „сонувачи“ кои имаат тенденција да се занимаваат со нешто од областа на културата и медиумите. Со својот спиритуален дух и едноставен начин на размислување, рибите ја „омекнуваат“ и разнежнуваат нивната скорпија. Композитната моќ на овие четири планети, ја прават оваа врска стабилна и урамнотежена, со одредена доза на драматичност и емоционални интриги. Спојот од нивните карактери, ја прави оваа комбинација божествена.rnrnЗа да биде оваа врска долготрајна, скорпијата ќе мора да и допушти на рибата по малку да „лета“ и фантазира, бидејќи во спротивно рибата ќе се почувствува придушено од остварување на сите нејзини барања. Скорпијата и рибите се водни знаци и тоа ги прави високо компатибилни. Животна мисија на рибата е да ги здружува и зближува луѓето, а кога таа нејзина енергија доаѓа во комбинација со упорната, енергична и страсна скорпија, тие заеднички создаваат една нераскинлива конекција. Скорпијата има апсолутистички поглед кон животот. Светот околу неа е или црн или бел. Ако и оставите добар впечаток и не сторите ништо кое ќе го наруши добриот углед кој сте го создале кај неа, таа безрезервно ќе ве почитува и вреднува. Во спротивно, таа нема да сака да сте дел од нејзиниот живот. Трпеливата риба успева да го продлабочи погледот кон светот на својата љубена скорпија, на начин што и овозможува да ја погледне „поголемата слика“ на ситуациите, а не само моменталните детали кои го уништуваат добриот впечаток.rnrnКако и во секоја друга врска и во оваа постојат карактерни особини кај секој од партнерите, кои не му се допаѓаат на другиот. Скорпијата може да се измори од непостојаноста и несигурноста на рибата, а таа пак може да ја доживее скорпијата како егоцентрична личност, преокупирана сама со себе и нечувствителна во поглед на задоволување на нејзините емоционални потреби. Секако, не постои сомнеж во тоа дека овие партнери, ако сакаат нивната врска да успее, ќе најдат начин да постигнат компромис на секоја тема. Упорната скорпија кога ќе зацрта одредена цел, ја фокусира целата своја енергија кон остварување на истата, а рибите се префрлаат од една кон друга работа, во зависност од тоа кон што ќе ги одведе нивната интуиција.rnrnРибите лесно се прилагодуваат кон начинот на живот на нивната љубена скорпија и нејзината потреба за добра забава и разонода. За возврат, скорпијата и дава слобода на рибата да ужива во остварување на нејзините лични интереси. Рибата умее да и покаже на скорпијата дека флексибилноста како карактерна особина, може да биде многу корисна, забавна и возбудлива, односно дека компромис може да биде постигнат и без борба или голема кавга. Енергиите на скорпијата и рибите хармонично се преплетуваат една со друга, и ја прават нивната унија моќна и емотивно задоволувачка за двајцата партнери.rnrnНајдобриот аспект од нивната љубовна врска, е нивната слична интензивна емоционална природа, нивното заедничко „шесто сетило“ за вовлекување под површината на нештата и нивниот спиритуален начин на доживување на љубовта како нешто магично. Во ова љубовно гнездо постои слога, единство и хармонија, а во него двајцата партнери се чувствуваат исполнето. Скорпијата и рибите се упорни личности, кои се во потрага по вистината и обезбедување цврста и длабока конекција со својот партнер. Таа нивна тенденција, ќе ги зацврсти нивните односи, а ќе ја направи нивната врска долготрајна и издржлива. -

Вага и риби – љубовна комбинација
Кога вага и риби се во љубовна врска, тие имаат урамнотежена романса во која партнерите одлично си одговараат. Овие два знака се многу компатибилни и градат навистина „мазна“ љубовна врска. Двата знака живеат во склад со естетиката, но исто така имаат и доста да си понудат еден на друг.
Кога рибите ќе се загубат во фантазии, вагата со својата склоност да балансира може да му помогне на партнерот да се врати на правата патека, додека тој ќе возврати со тоа што ќе ѝ помогне на вагата да ја види убавината во љубовта и соживотот. Ова е искрена врска која ги вреднува хармонијата и вистината во љубовните односи и во светот воопшто.rnrnОвие два знака покрај тоа што се одлични љубовни партнери, се и многу добри другари. Тие меѓусебно се разбираат. И двајцата можат да бидат неодлучни и да имаат тенденција да се насочуваат кон повеќе работи одеднаш.rnrnПроблеми помеѓу нив ретко се јавуваат, но вагата некогаш може да биде премногу манипулативна со рибата. Понекогаш може да се случи тие дури и да престанат на сред некоја работа поради својата неодлучност. Ако работат заедно на проект, без разлика дали станува збор за подобрување на нивната љубовна врска или нешто друго, може да биде тешко да тргне работата напред. Доколку вагата и рибите имаат некаква кавга, тие гледаат што побрзо да си простат и да заборават на тоа. Вагата не поднесува кавги и ќе направи скоро сѐ за да ги избегне, а рибите поседуваат голема емпатија и се во состојба да простуваат, разбирајќи ја позицијата во која се наоѓа нивниот партнер.rnrnВагата е водена од Венера (љубов), а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Овие два знака се доста компатибилни поради тоа што женските енергии на Венера и Нептун функционираат како тандем. Под влијание на Јупитер и Нептун, рибите се многу замислени. Влијанието пак на Венера на вагата, ја прави заљубена во љубовта. Вагата е знак на партнерството и се чувствува поудобно кога се наоѓа во интимна љубовна врска. Двата знака ги користат двете глави за да ги решаваат проблемите, што е добитна комбинација. Најдобрите одлуки ги донесуваат и со помош на емоциите и со помош на разумот, заради што оваа врска е флексибилна и може да се подобрува.rnrnСепак, кога ќе им се случи некаков проблем, тие ја губат способноста за комуникација. Вагата која знае да биде манипулативна, може да го игнорира партнерот со молчење. Во оваа врска, секогаш има скриени струења на неслога, но ниеден од партнерите никогаш нема да се осмели да почне дискусија за нешто вакво. Иако може често да имаат несогласувања, нивните разлики во размислувањата не траат долго.rnrnЕдинствен реален проблем кој можат да го имаат, може да произлезе од нивната тенденција да го забавуваат случувањето на работите, до степен сосема да ги игнорираат кога ќе се видат на наредниот состанок.rnrnВагата добива нови идеи и почнува со работа на нови проекти, додека знакот риби се сложува да ја следи вагата во ова и прифаќа каква било улога која ќе му биде доделена. Ако двајцата почнат да работат на проект кој не се однесува на нивната љубовна врска, тие добро ќе функционираат заедно. Тие се однадвор скромни, но вагата сака да добива признание, а на рибите тоа не им пречи. Исто така, ако на вагата ѝ се случи да се загрее за некоја идеја и потоа наеднаш да се премисли (што често се случува), на рибите нема да им пречи и тие да ја променат насоката.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е нивниот заеднички интерес за помагање на други луѓе во светот. Тие се одличен пар заради ентузијазмот, енергијата и желбата за искрена врска.